Во оваа статија читателот најпрвин со еден белетристичко-поетски пролог ce подготвува за тешките вистини на „вистинскиот социјализам". Прологот започнува со тоа што ce констатира дека „среќата" е „крајната цел на секој стремеж, на сите движења, на тешките и неуморни напори на минатите илјада години"... Во неколку куси потези ja добиваме, така да ce рече, историјата на стремежот за среќа:
„Кога ce урна градбата на стариот свет, човечкото срце со своите желби си побара пристан на другата страна на светот; таму ja пренесе својата среќа." Стр. 136.
Оттаму е и сета несреќа на овоземниот свет. Во најновото време човекот ce прости со оностраниот свет, и сега нашиот „вистински социјалист" прашува:
„Може ли човекот пак да ja поздрави земјата како татковина на својата среќа? Дали во неа тој пак го созна одискона роден крај? Зошто тогаш и натаму го дели животот од среќата, зошто не ja отстрани последната преграда која уште го дели овоземниот живот на две непријателски половини?"' (Истото).
„Земјо на моите блажени чувства'" итн.
Сега тој го поканува „Човекот" на прошетка, — покана што „Човекот ja прифаќа со задоволство". „Човекот" влегува во слободната природа" и, меѓу другото, ги доживува следниве изливи на срцето на ,.вистинскиот социјалист":
„. !. шарено цвеќе . .. високи и горди дабови ... нивното растење и цутење, нивниот живот — тоа е нивното задоволување, нивната среќа... бескрајно голема сурија од мали животни по ливадите . . . шумски птици ... разиграно стадо ждребиња . .. гледам" (вели „Човекот") „дека овие животни не знаат и не сакаат друга среќа освен таа што за нив ce наоѓа во пројавувањето и уживањето на нивниот живот. Кога ќе падне ноќта, мојот поглед ce запира на многуброен рој светови кои според вечните закони се вртат во круг во бескрајниов простор. Во ова кружење го гледам единството на животот, на движењето и на среќата" Стр. 157.
„Човекот" можеше да види во природата уште бескрајно многу други работи, на пример, најголемата конкуренција меѓу растенијата и животните, да види, на пример, во царството на растенијата, во неговата „шума од високи и горди дабови", тие високи и горди капиталисти како му ги одземаат средствата за живот на ситниот честак, кој би можел да извика: terra, aqua, aère et igni interdicti sumus (забранети ни ce земјата, водата, воздухот и огнот.): можеше да ги види паразитските растенија, идеолозите на вегетацијата, потоа, отворената војна меѓу „шумските птици", и „бескрајно големата сурија од мали животни", меѓу тревата на неговите „ливади" и „разиграното стадо ждребиња". Во „многубројниот рој светови" тој можеше да види цела небеска феудална монархија со различни видови потчинети; некои од овие последните, на пр. месечината, сиромашно живуркаат, аеге et aqua interdicti (бидејќи им ce забранети воздухот и водата); феудалниот систем во кој дури и скитниците без татковина, кометите, имаат сталешка поделба, и во кој, на пр. раздробените астероиди сведочат за повремените непријатни појави, додека метеорските камења, тие паднати ангели, засрамено ce поткраднуваат во „бескрајниот простор" cè додека не најдат некаде некое скромно засолниште. Уште подалеку оттаму би дошол до реакционерните неподвижни ѕвезди.
„Сиве овие суштества ja наоѓаат во практикувањето и пројавувањето на сите свои животни способности со кои ce природно надарени, истовремено и својата среќа, задоволувањето и уживањето во животот."
Тоа, значи, во заемното дејствие на природните тела, во пројавувањето на нивните сили „Човекот" открива дека овие природни тела во тоа ja наоѓаат својата среќа итн.
Сега „Човекот" добива од нашиот „вистински социјалист" укор поради својата неслога:
„Зар човекот исто така не излегол од прасветот, зар тој не е дело на природата како и сите други? Зар не е составен од истата материја, надарен со истите општи сили и својства кои ги оживуваат сите нешта? Зошто тој cè уште ja бара својата среќа на земјата во овоземната оностраност?" стр. 158.
„Истите општи сили и својства" кои човекот ги има заеднички со „сите нешта", ce: кохезијата, непробивноста, обемот, тежината итн., кои можат да ce најдат, опширно наброени, на првата страница на секој учебник по физика. Воопшто не може да ce види како оттаму може да ce извлече причината за тоа зошто човекот не би требало „да ja бара својата среќа во овоземната оностраност." Но, тој го предупредува човекот:
„Погледнете ги полските лилјани".
Да, погледнете ги полските лилјани, гледајте како ги јадат козите, како „Човекот" ги пресадува во дупчето од петлицата, како ги гмечат со своите невини милувања овчарката и говедарот!
„Погледнете ги полските лилјани, тие не работат, тие не предат, a нивниот небесен татко сепак ги храни".
Одете и правете го истото!
Откако на тој начин дознавме за единството на „Човекот" со „сите нешта", сега дознаваме за разликата меѓу него и „сите нешта".
,,Но човекот ce сознава себе, тој има свест за самиот себе. Додека во другите суштества ce појавуваат поединечно и несвесно нагоните и силите на природата, во човекот тие ce обединуваат и во него ja, достигнуваат свеста... неговата природа е огледало на целата природа која во него ce сознава. И така — ако природата ce сознава во мене, тогаш јас ce сознавам самиот себе во природата, во нејзиниот живот го сознавам својот сопствен живот [. . .] Така и ние го изживуваме она што природата го вложила во нас." Стр. 158.
Целиот овој пролог е пример на наивна филозофска мистификација. „Вистинскиот социјалист" тргнува од идејата дека мора да престане да постои раздвоеноста меѓу животот и среќата. За да го докаже ова становиште, тој ja повикува на помош природата и претпоставува дека во неа не постои оваа раздвоеност, па оттаму извлекува заклучок дека, бидејќи човекот е исто така природно тело и ги има општите својства на телото, за него оваа раздвоеност исто така не треба да постои. Со многу поголемо право Хобс можеше, повикувајќи ce на природата, да ja докаже својата bellum omnium contra omnes, како што и Хегел врз чија конструкција ce потпира нашиов „вистински социјалист", можеше во природата да види расцеп, несредениот период на апсолутната идеја, и можеше дури животното да го нарече конкретен израз на божјиот страв. Откако на тој начин ja мистифицира природата, нашиот „вистински социјалист" ja мистифицира и човековата свест, правејќи ja „огледало" на така мистифицираната природа. Ce разбира, штом ќе и' ce припише на природата пројавување свест, мисловен израз на полезната желба за човечките односи, самото од себе ce разбира дека свеста е само огледало во кое ce огледува самата природа. Како што погоре со квалитетот на човекот како чисто природно тело, така и тука со неговиот квалитет како чисто пасивно огледало, во кое природата доаѓа до свест, ce докажува дека „Човекот" мора и во својата сфера да ja укине раздвоеноста за која ce претпоставува дека не постои во природата. Но, да го разгледаме поподробно тоа последно становиште во кое е собрана сета бесмислица.
Човекот има самосвест, тоа е првиот факт што ce искажува. Нагоните и силите на поединечните природни суштини ce преобразуваат во нагони и сили на „Природата", кои потоа, ce разбира, ce „појавуваат" поединечно во овие одделни суштини. Оваа мистификација беше неопходна за потоа да ce изврши соединувањето на овие нагони и сили на „Природата" во човековата самосвест.
Со ова, потем, ce разбира, и самосвеста на човекот ce преобразува во самосвест на природата во него Оваа мистификација привидно одново ce укинува со тоа што сега човекот бара реванш од природата, и како надоместок за тоа што природата во него ja наоѓа својата самосвест, сега тој во неа ja бара својата, — во оваа процедура тој ce разбира, не наога ништо освен тоа што, со погоре опишаната мистификација, самиот го внесе во неа.
Сега тој пак среќно стаса таму од каде што во почетокот тргна, и ова вртење на топукот ce наречува во Германија во поново време. . . развиток.
По овој пролог доаѓа стварниот развиток на „вистинскиот социјализам".