Стр. 160. „Сен-Симон на смртното легло им рече на своите ученици: „Целиот мој живот може да ce збие во една мисла: на сите луѓе да им ce обезбеди најслободен развиток на нивните природни наклоности“. Сен-Симон беше предвесник на социјализмот."
Оваа реченица ce преработува со погоре опишаниот метод на „вистинските социјалисти" и во врска со мистификацијата на природата изнесена во прологот.
„Природата како основа на сиот живот е единство што произлегува од самото себе и ce враќа кон самото себе, кое ги опфаќа сите многубројни разнообразности на своите појави и надвор од кое нема ништо." Стр. 158.
Ние веќе видовме како ce почнува со тоа, различните природни тела и нивните заемни односи да ce преобразуваат во различни „појави" на таинствената суштина на ова мистериозно „единство". Во оваа реченица е ново само тоа што природата најпрвин ce наречува „основа на сиот живот", a веднаш потоа ce вели дека „надвор од неа нема ништо", што значи дека таа го опфаќа „животот", па не може да биде само негова гола основа.
По овие громогласни зборови следува основната теза на целата статија:
„Секоја од овие појави, секој поединечен живот постои и се развива само благодарение на својата спротивност на својата борба со надворешниот свет, ce засновува само врз своето взаемно дејство со севкупниот живот, со кој, пак, е врзан со својата природа во целост, во органско единство на универзумот." Стр. 158, 159.
Оваа централна реченица подробно ce oбjacнува на следниов начин:
„Поединечниот живот ja наоѓа, од една страна. својата основа, својот извор и храна во севкупниот живот, а од друга страна, севкупниот живот ce обидува во непрекинатата борба да го голтне и во себе да го раствори поединечниот живот." Стр. 159.
Бидејќи реченицава е искажана така што ce однесува на секој поединечен живот, таа, „според тоа" може да ce примени и на човекот, како што тоа и стварно ce прави:
„Човекот, според тоа, може да се развива само во севкупниот живот и благодарение на него." (Бр. I) истото.
Сега на несвесниот поединечен живот му се спротивставува свесниот, на општиот природен живот му ce спротивставува човечкото општество, a потем последната цитирана реченица ce повторува во следнава форма:
„Јас можам својата природа само во заедница со другите луѓе и благодарение на неа да ja развијам, да стасам до самосвесното задоволство на мојот живот, да ja остварам својата среќа." (Бр. II) Истото.
За овој развиток на поединечниот човек во општеството ce зборува понатаму, како и погоре во случајот на „поединечниот живот" воопшто:
„Спротивноста меѓу поединечниот и општиот живот и во општеството станува услов за свесниот развиток на човекот. Јас ce развивам во постојана борба, во постојано противдејство спрема општеството кое стои наспроти мене како сила што ме ограничува, јас ce развивам кон самоопределба, кон слобода без која нема среќа. Мојот живот е непрекинато ослободување, непрекинат судир и победа над свесниот и несвесниот надворешен свет, за да го потчинам на себеси и да го употребам за задоволство на својот живот. Нагонот за самоодржување, стремежот за сопствена среќа, за слобода, нивното исполнување е значи, природно, т.е. разумно изразување на животот." (Истото).
Натаму:
„Јас, според тоа, барам од општеството да ми овозможи да го извојувам од него моето задоволување, мојата среќа, да и отвори поприште на мојата жед за борба. — Како што секое растение бара почва, топлина, сонце, воздух и дожд да може да расте, да разлистува, да цвета и да дава плодови, така и човекот сака во општеството да добие услови за сестран развиток и за задоволување на сите свои потреби, наклоности и дарби. Тоа треба да му овозможи да ja извојува својата среќа. Како тој ќе ja искористи неа, што ќе стори од себе, од својот живот, — тоа зависи од него, од неговата индивидуалност. За мојата среќа не може да решава никој освен јас самиот." Стр. 159, 160.
Сега следува реченицата на Сен-Симон што ja цитиравме во почетокот на „оваа тула" како завршен резултат на целата расправа. Француската досетка, на таков начин, ce засновува врз германската наука. Во што ce состои ова засновување? Како што веќе видовме погоре, на природата ѝ ce припишуваат некои идеи кои „вистинскиот социјалист" сака да ги види реализирани во човечкото општество. Како што порано поединечниот човек беше огледало на природата, така сега целото општество е тоа огледало. Од претставите припишани на природата може сега да ce извлече уште еден заклучок за човечкото општество. Бидејќи авторот не навлегува во историскиот заклучок на општеството и ce задоволува со оваа сува аналогија, не може да ce види зошто општеството не било во сите времиња верен одраз на природата. Фразите за општеството, кои како сила што ограничува, истапува наспроти единката итн., можат, според тоа, да ce применат на сите форми на општеството. Природно е што при ваквата конструкција на општеството ce вовлекуваат и некои недоследности. Така, мора тука да ce признае дека наспроти хармонијата изнесена во прологот, постои борба во природата. Општеството, „севкупниот живот", нашиот автор не го сфаќа како заемно дејство на „поединечните животи" што него го сочинуваат, туку како одделна егзистенција, која стапува уште и во одделно заемно дејство со овие „поединечни животи". Ако тука има некаква врска со вистинските односи; тогаш е тоа илузијата за самостојноста на државата во однос на приватниот живот и верата во оваа привидна самостојност како во нешто апсолутно. Впрочем, тука, како и во целата статија, не станува збор за природата и општеството, туку само за двете категории — за поединечноста и за општоста на кои им ce даваат различни имиња и за кои ce вели дека претставуваат спротивност чие помирување е мошне пожелно.
Од давањето право на „поединечниот живот" во однос на „сеопштиот живот" следува дека задоволувањето на потребите, развивањето на наклоностите, љубовта спрема себе итн. ce „природни, разумни пројави на животот". Од сфаќањето на општеството како одраз на природата следува дека во сите досегашни форми на општеството, вклучувајќи ja и сегашната, овие пројави на животот го достигнале својот целосен развиток и го постигнале признавањето на своите права.
Ненадејно дознаваме на стр. 159 дека „во нашето денешно општество" овие разумни, природни пројави на животот, сепак, „мошне често ce задушуваат" и дека „обично само поради тоа ce изопачуваат во неприродност, обезличеност, егоизам, порок итн."
Значи, бидејќи општеството сепак не ѝ соодветствува на природата, на својата преобразба, „вистинскиот социјалист" „бара" од него да ce opганизира себеси во согласност со природата, и своето право на тој постулат го докажува со несреќниот пример со растението. Прво, растението не ги „бара" од природата сите горе набројани услови на егзистенција, туку тоа воопшто не станува растение, тоа останува семе ако нив не ги најде. Потоа, квалитетот на „листовите, цветот и плодовите" мошне многу зависи од „почвата", „топлината" итн., од климатските и геолошките услови во кои растението расте. Додека, значи, „барањето" на растението ce сведува на неговата најцелосна зависност од постојните услови за егзистенција, тоа исто барање треба да му даде право нашиот „вистински социјалист" да. изискува уредувања на општеството во согласност со својата индивидуална „особеност". Постулатот на „вистинското социјалистичко" општество ce засновува врз замислениот постулат кој кокосовата палма го поставува на „севкупниот живот" на северниот пол да и обезбеди „почва, топлина, сонце, воздух и дожд".
Од наведениот однос меѓу метафизичките лица — поединечноста и општоста, a не од реалниот однос ce изведува горниот постулат на единката во општеството. За ова е нужно одделните индивидуи да ce толкуваат само како претставници, отелотворувања на поединечноста, општеството како отелотворување на општоста, па сета работа да биде готова. Патем и реченицата на Сен-Симон за слободниот развиток на природните наклоности ce сведува на својот вистински израз и на својата вистинска заснованост. Овој точен израз ce состои во бесмислицата дека индивидуите што го образуваат општеството, ja зачувуваат својата „особеност", дека сакаат да останат такви какви што си ce, додека од општеството бараат промена што може да произлезе само од нивната сопствена промена.
„Кој на песната не го знае крајот нека почне од почеток (неа да ja пee." 47
„Бескрајната разновидност
на сите индивидуи земени во нивното единство е организмот на светот." (Стр. 160)
Значи, отфрлени сме наназад на почетокот на статијата и по вторпат ja доживуваме сета комедија за поединечниот живот и севкупниот живот. Повторно ни ce отвора длабоката тајна на заемното дејство меѓу два живота, restauré à neuf (одново воспоставено. — Прев.) co помошта на новиот израз „поларен однос" и на претворањето на поединечниот живот во чист симбол, „одраз" на севкупниот живот. Оваа статија калеидоскопски ce одразува во самата себеси, што претставува манир на излагање заеднички на сите „вистински социјалисти". Тие ce владеат според своите реченици како онаа жена што своите цреши ги продавала под куповната цена според правилниот економски принцип: квантитетот ќе го постигне своето. На „вистинскиот социјализам" му е тоа до толку понужно што неговите цреши изгниле уште пред да зреат.
Еве неколку примери за ова самоодразување:
Тула бр. I, стр. 158, 159 | Тула бр. II, стр. 160, 161 |
„Секој поединечен живот постои и ce развива само благодарение на својата спротивност ... ce засновува само на заемното дејство со севкупниот живот, | „Секој поединечен живот постои и ce развива во севкупниот живот и благодарение на него, a севкупниот живот само во поединечниот живот и благодарение на него". (Заемно дејство) |
Со кој е, заедно со тоа, со својата природа поврзан во една целина | „Поединечниот живот се развива како дел на општиот живот. |
Органско единство на универзумот. | Единството проникнато претставува организам во светот. |
Поединечниот живот ja наоѓа, од една страна, својата основа, извор и храна во севкупниот живот, | „Тој (целокупниот живот) „станува почва и храна на неговиот поединечен живо т„ развиток што и обата заемно ce засновуваат... |
Од друга страна, севкупниот живот ce обидува во постојана борба да го голтне поединечниот живот. | Што и обата меѓусебно се борат и како непријател стојат еден наспроти друг.
|
Според тоа (стр. 159): Она што за несвесниот поединечен живот е несвесниот општ светски живот, тоа е за свесниот ... живот човечкото општество. | Оттаму следува (стр. 161,) Дека и свесниот поединечен живот... е обусловен... со свесниот севкупен живот и ... (обратно). |
Јас можам да постигнам развиток само во заедницата со другите луѓе и благодарение на неа... Спротивноста меѓу поединечниот и општиот живот настанува и во општеството" итн. | „Одделниот човек ce paзвива само во општеството благодарение на него, општеството" vice versa итн. |
„Природата... е едно... единство кое ги опфаќа сите безбројни разнообразности на своите појави." | Општеството е единство кое во себе ги содржи и ги збива разнообразностите на одделните развитоци на човековиот живот." |
Незадоволен од овој калеидоскоп, нашиот автор ги повторува и на друг начин своите прости реченици за поединечноста и општоста. Прво, тој ги поставува овие неколку суви апстракции како апсолутни принципи и отаде заклучува дека во реалноста мора да ce повтори тој ист однос. Веќе ова овозможува, во вид на дедукција да ce каже cè пo двапати, во апстрактна, и, како заклучок од тоа, во привидно конкретна форма. A потоа ги менува конкретните имиња кои им ги дава на своите две категории. Така општоста ce јавува по ред како природа, несвесен севкупен живот, свесен севкупен живот, општ живот, организам на светот, сеопфатно единство, човечко општество, заедница, органско единство на универзумот, општа среќа, општо добро итн., a поединечноста ce jaвува со соодветни имиња — несвесен и свесен поединечен живот, среќа на поединецот, сопствено добро итн. При спомнувањето на сиве овие имиња ние мораме повторно да ги ислушаме оние исти фрази што ce веќе мошне често искажувани за поединечноста и општоста.
Втората тула не содржи, значи, ништо повеќе освен она што првата веќе го содржеше. Но бидејќи кај нашите социјалисти можат да ce најдат зборовите égalité, solidarité, unité des intérêts (еднаквост, солидарност, единство на интересите. — Прев.), нашиот автор ce обидува, преведувајќи ги, од нив да ги изделка германските „тули" на „вистинскиот социјализам".
„Како свесен член на општеството јас во секој друг негов член сознавам суштина различна од мене, противпоставена мене, но која наедно ce засновува врз заедничкиот пра-образец на битието и тргнува од него, a еднаква е за мене. Јас го сознавам секој близок — благодарение на неговата поединечна природа — како мене противпоставен и — благодарение на неговата општа природа — како еднаков на мене. Признавањето на човечката еднаквост, правото на секого на живот, ce засновува, според тоа, врз свеста за општата, на сите заедничка човечка природа; љубовта пријателството, правдата и сите општествени добродетели ce засновуваат исто така врз чувството на природната човечка поврзаност и единство. Ако досега ce наречувани должности и како такви наметнувани, тие во општеството кое не е засновано врз надворешна принуда, туку врз свеста за внатрешната човекова природа, т.е. на разумот, ќе станат слободни, природни пројавувања на животот. Во природното, т.е. разумното општество мораат, поради тоа, условите на животот да бидат еднакви за сите членови! т.е. општи." Стр. 161, 162.
Авторот покажува голем талент во тоа некоја реченица прво асерторично да ja постави, a потоа со помош на Затоа, Сепак итн. да ja оправдува како последица која произлегува од самата себеси. Тој ce разбира исто така добро во тоа, сред овој чуден начин на дедукција, да прошверцува, патем со помошта на конструкциите „ако ce", „ако е" — „тоа мораат", „тоа ќе" итн., веќе традиционални социјални становишта.
Во првата тула ja имавме на едната страна индивидуата, a на другата општото, наспроти индивидуите, како општество. Тука оваа спротивност повторно ce враќа во таква форма што овде индивидуата во самата себеси ce распаѓа на една поединечна и една општа природа. Од општата природа потоа ce извлекува заклучок за „човечката еднаквост" и заедништвото. Односите заеднички на луѓето, значи, ce јавуваат тука, како производ на „суштината на човекот", на природата, додека тие, како и свеста за еднаквоста, ce, всушност историски производ. Незадоволен и од ова, авторот ja засновува еднаквоста со нејзината целосна заснованост „врз заедничкиот праобразец на битието". Во прологот на стр. 158 дознавме дека човекот е „составен од истите оние материи и е надарен со истите оние општи сили и својства што ги оживуваат сите нешта". Во првата тула дознавме дека природата е „основа на сиот живот", значи, „заеднички праобразец на битието". На тој начин, авторот далеку ги надмина Французите докажувајќи ja, „како свесен член на општеството", не само меѓусебната еднаквост на луѓето, туку и нивната еднаквост со секоја болва, со секоја метла, со секој камен.
Ние на драго срце сакаме да веруваме дека „сите општествени добродетели" на нашиот „вистински социјалист" ce засновуваат „врз чувството на природната човечка поврзаност и единство", иако врз оваа „природна поврзаност" ce засновуваат и феудалната потчинетост, ропството и сите општествени нееднаквости на сите епохи. Патем забележано, оваа „природна човечка поврзаност" е историски производ, што луѓето секојдневно го преобразуваат и кој секогаш беше мошне природен, колку и нечовечен и противприроден да ce чинеше тој не само пред судот на „Човекот", туку и на секоја следна револуционерна генерација.
Случајно го дознавме уште и тоа дека сегашното општество ce засновува „врз надворешната принуда". „Вистинските социјалисти" под „надворешна принуда" ги подразбираат не ограничувачките материјални животни услови на дадените индивидуи, туку само државната принуда, бајонетите, полицијата, топовите, кои — далеку од тоа да претставуваат основа на општеството — ce само последица на неговата сопствена расчленетост. Затоа е расправано веќе во „Свето семејство", a и сега во првиот том на оваа публикација.
Наспроти сегашното општество „кое ce засновува врз надворешната принуда" овој „социјалист" го поставува идеалот на вистинското општество кое" ce засновува врз „свеста за внатрешната човечка природа, т.е. врз разумот". Значи, врз свеста за свеста, врз мислењето на мислењето. „Вистинскиот социјалист" повеќе дури ниту по своето изразување не ce разликува од филозофите. Тој заборава дека како „внатрешната природа" на луѓето, така и нивната „свест" за неа, „т.е." нивниот „разум", беше во сите времиња историски производ, и дека, дури и ако нивното општество, според неговото мислење, ce засновувало „врз надворешната принуда", нивната „внатрешна природа" соодветствуваше на оваа „надворешна принуда".
На стр. 163 ce појавуваат поединечноста и општоста со вообичаената придружба во вид на поединечно добро и општо добро. Слични објаснувања за нивниот меѓусебен однос можат да ce најдат во секој прирачник по политичка економија онаму каде што ce зборува за конкуренцијата, и, меѓу другото, само подобро формулирана, и кај Хегел.
На пример, „Rheinische Jahrbücher", стр. 163.
„Помагајќи го општото добро, јас го помагам своето сопствено добро, a помагајќи го своето сопствено добро, јас го помагам општото добро."
Хегеловата „филозофија на правото", стр. 248 (1833):
„Забрзувајќи го остварувањето на својата цел, јас го помагам општото, a тоа, пак, го забрзува остварувањето на мојата цел."
Спореди и „Филозофијата на правото" стр. 323 и следните во однос на припадникот на државата спрема државата.
„Поради тоа како свесен резултат ce јавува свесното единство на поединечниот живот со севкупниот живот, хармонијата" Стр. 163, „Rheinische Jahrbücher".
Ова ce добива како последен резултат на тоа што
„овој поларен однос меѓу поединечниот и општиот живот ce состои во тоа што, прво, и двата меѓусебно ce борат и како непријатели стојат еден наспроти друг и, второ, што и двата заемно ce условуваат и претставуваат основа еден на друг".
„Како последен резултат" следува оттука, во најдобриот случај, хармонијата на дисхармонијата со хармонијата, a од целата таа нова репетиција на познати фрази следува само вербата на авторот дека неговото бесцелно повторување на категориите на поединечноста и општоста е вистинска форма во која можат да ce решат општествените прашања.
Авторот завршува со следниов туш:
„Органското општество ja има за основа општата еднаквост и, благодарение на спротивностите меѓу индивидуите и општото, ce развива во слободна хармонија, во единство на поединечната со општата среќа, во социјална," (!) „општествена" (II) „хармонија, во одраз на универзалната хармонија." Стр. 164.
Само скромноста може оваа реченица да ja нарече „тула". Таа е цела исконска карпа на „вистинскиот социјализам".
„Борбата на човекот со природата ce базира врз поларната спротивност, врз заемното дејство на мојот поединечен живот и општиот живот на природата. Кога оваа борба ќе ce појави како свесна дејност, тогаш таа ce наречува труд." Стр. 164.
A зар не би било поточно да ce каже обратното, дека претставата за „поларната спротивност" ce базира врз набљудувањето на борбата на луѓето со природата? Првин од едниот факт ce извлекува апстракција; потоа ce објаснува дека тој факт ce базира врз оваа апстракција. Мошне евтин начин на прикажување себе си како германско-длабок и спекулативен дух.
На пример: факт: Мачката го изедува глушецот.
Рефлексија: Мачката е природа, глушецот е природа, изедувањето на глушецот од мачката = изедување на природата од природата == самоизедување на природата.
Филозофско прикажување на фактот: На самоизедувањето на природата ce засновува околноста, што глушецот е изеден од мачката.
Значи, откако на овој начин е мистифицирана борбата на човекот со природата, ce мистифицира свесната дејност на човекот во однос на природата, со тоа што таа ce сфаќа како појава на оваа гола апстракција на вистинските борби. Најпосле тајно ce вовлекува и обичниот збор труд како резултат на оваа мистификација, збор што нашиот „вистински социјалист" уште од почетокот го имаше на јазикот, но ce осмели да го изговори дури откако добро ja легитимира. Трудот ce конструира од голата, апстрактна претстава за Човекот и природата и поради тоа и ce определува на начин што еднакво добро може и не може да ce примени на сите степени од развитокот на трудот.
„Труд е, според тоа, секоја свесна дејност на човекот, со која тој ce стреми да ja потчини природата на своето владеење во духовен и материјален однос, за да ja претвори во предмет на свесно уживање на неговиот живот и за да ja употреби за своето духовно или телесно задоволување". (Истото)
Ние ќе oбpнеме внимание на блескавиот заклучок:
„Кога оваа борба ce јавува како свесна дејност, тогаш таа ce наречува труд — трудот е, според тоа, секоја свесна дејност на човекот" итн.
За ова длабоко проникнување можеме да и благодариме на „поларната спротивност".
Треба само да ce присетиме на горе наведената реченица на Сен-Симон за libre développement de toutes les facultés (слободен развиток на сите склоности.). Треба исто така да ce присетиме за Фурие кој сакаше на местото од денешното travail répugnant (одбивен труд. — Прев.) да го стави travail attrayant (привлечен труд. — Прев.). Ha „поларната спротивност" треба да и заблагодариме за следното филозофско засновање и објаснение на следниве реченици:
„Но" (ова Но треба да означи дека тука нема поврзаност) „бидејќи животот во секоја своја манифестација, во секое увежбување и разоткривање на своите сили и способности требa да постигне свое задоволство, свое задоволување, тоа оттука следува дека самиот труд треба да биде разоткривање и усовршување на човековите склоности и треба да дава наслада, задоволство и среќа. Самиот труд нужно треба да стане слободно пројавување на животот, a со тоа и задоволство". (Истото).
Тука ce покажува она што е ветено во предговорот кон „Rheinische Jahrbücher", a имено „колку германската општествена наука во својот досегашен развиток ce разликува од француската и англиската" и што значи „научно да ce прикаже учењето на комунизмот".
Тешко е да ce открие секоја логичка грешка во овие неколку редови, a тоа на читателот да не му здодее. Најпрвин грешките во формалната логика.
За да ce докаже дека трудот, како пројавување на животот, треба да донесе задоволство, ce претпоставува дека животот во секое пројавување треба да донесе задоволство, a оттука ce заклучува дека животот треба да го донесе тоа и во своето пројавување како труд. Не задоволувајќи ce co тоа што со помош на парафраза го преобрази постулатот во заклучок, авторот го изведува погрешно и заклучокот. Од становиштето дека „животот во секоја своја манифестација треба да постигне задоволство" тој заклучува дека трудот, кој е една од овие манифестации на животот, ,.и самиот треба да биде манифестирање и развивање на човековите склоности", значи пак на животот. Тој, значи, треба да биде она што веќе е. A како трудот воопшто би можел некогаш да не биде „манифестирање на човековите склоности"? Но тоа cè уште не е cè. Затоа што трудот треба да биде токму тоа, „поради тоа" тој „нужно треба да стане" таков, или уште подобро: затоа што трудот „треба да биде манифестирање и усовршување на човековите склоности", тоа, поради тоа тој нужно станува нешто сосема друго, a имено „слободна пројава на животот за што досега сосема не стануваше збор. И додека погоре нашиот автор извлекуваше заклучок за постулатот на трудот како задоволство, сега тука овој постулат ce прикажува како последица на новиот постулат „на слободното пројавување на животот во трудот".
Што ce однесува до содржината на оваа реченица, не е јасно зошто трудот не бил секогаш она што требало да биде, и зошто тој сега мора да стане тоа, или зошто треба да стане нешто што досега не морал. Но досега, ce разбира, не беше развиена суштината на човекот и поларната спротивност меѓу човекот и природата.
Потем следува „научното засновање" на комунистичкото становиште за заедничката сопственост над производите на трудот:
„Но" (ова повторно „Но" има иста смисла како и она погорното) „производот на трудот мора истовремено да и служи на среќата на единката, на трудбеникот и на општата среќа. Тоа ce остварува со заемноста, со заемното дополнување на сите општествени дејности." (Истото)
Ова становиште не е ништо друго, туку, со вметнувањето на зборот „среќа", ослабена копија на она што во секоја економија ce зборува во слава на конкуренцијата и поделбата на трудот.
Најпосле, филозофско засновање на француската организација на трудот:
„Трудот како слободна дејност, која е полна со задоволство, која ни дава задоволување и која истовремено му служи на општото добро, претставува основа на организацијата на трудот". Стр. 165.
Бидејќи трудот треба и мора да стане „слободна дејност која е полна со задоволство" итн., значи дека тој cѐ уште не е тоа, понапред би требало да ce очекува да е, обратно, организацијата на трудот основа на „трудот како дејност која ни дава задоволство". Но самиот поим на трудот како таква дејност е за нашиов автор наполно достатен.
На крајот од својата статија авторот го изразува уверувањето дека стасал до „резултатот".
„Овие „тули" и „резултати", заедно со другите гранитни блокови кои ce наоѓаат во „Дваесет и еден табак", во „Burgerbuch" и во „Neue Anekdota" 48 гo образуваат темелот врз кој „вистинскиот социјализам", наречен германска социјална филозофија, ќе ja изгради својата црква.
Ќе имаме уште можности да слушнеме некои химни, некои фрагменти од cantique allégorique hébraique et mystique што ce пеат во оваа црква.