Карл Маркс Фридрих Енгелс
Германска идеологија
1 „Тези за Фојербах" Маркс ги напиша во пролетта на 1845 г. за време на својот престој во Брисел. Тие ce за чувани во неговиот бележник од 1844—1847 под наслов „1. ad. Feurbach". За првпат ce објавени од страна на Ф. Енгелс во 1888 г. како прилог на неговото дело „Лудвиг Фојербах и крајот на класичната германска филозофија". При нивното издание Енгелс, наведувајќи го местото и времето на нивното настанување, извршил и некои ситни редакциски измени за да ги направи, како што ќе рече самиот, овие белешки „што ce набрзина забележани, апсолутно не наменети за издавање", поразбирливи за читателот. Веќе при нивниот прв прочит и редакција Енгелс ja сфатил нивната „непроценлива вредност како прв документ во кој е забележан генијалниот зародиш на новиот поглед на светот".
Во ова издание тие ce објавуваат во видот како што ги издаде Енгелс во 1888 г. со тоа што ce додаваат курзивните подвлекувања и наводниците кои недостигаат во изданието од 1888 г.
2 Почнувајќи од Предговорот и Одделот 1 посветен на Л. Фојербах, Маркс и Енгелс, подготвувајќи го ракописот за печат вршеле определени корекции во него со тоа што на некои места цели пасуси, a во повеќето случаи одделни делови од реченицата крателе, прецртувајќи ги нив. Таквите прецртани места или кратки додавки на маргините на ракописот во сите досегашни изданија на „Германска идеологија" ce издавани како редакциски белешки под основниот текст во вид на фусноти и ce печатени со поситен слог. Во ова македонско издание, со оглед на неговата намена, сите тие важни места ги враќаме и интегрираме во основниот текст и ce печатат со единствен слог со тоа што ги затвораме со голема аглеста заграда. Местата, значи, кои ce затворени во големи аглести загради ce во ова издание делови од одделни реченици што Маркс и Енгелс ги прецртале, кратејќи го ракописот.
3 Дијадохи — војсководци на Александар Македонски кои по неговата смрт воделе жестока борба за власт. Во текот на оваа борба од крајот на IV до почетокот на III век пред н.е., монархијата на Александар ce распаднала на редица одделни државички.
4 Овој термин потекнува од Макс Штирнер чие главно дело е насловено со „Der Einzige und sein Eigentum" (Единствениот и неговата сопственост). Бидејќи einzig во германскиот јазик значи и едниот и единствениот, во својата полемика Маркс ce користи со двозначноста на овој термин.
5 Терминот „општење" (Verkehr) има во „Германска идеологија" мошне широко значење. Тој ги опфаќа материјалното и духовното општење (Verkehr) на одделни индивидуи, на социјални групи и на цели земји. Во ова свое дело Маркс и Енгелс покажуваат дека материјалното општење, и пред cè општењето на луѓето во процесот на производството, е основа на секое друго општење. Во термините „Verkehrsform", „Verkehrsweise", „Verkehrshalînisse" / „форма на општење", „начин на општење", „односи на општењето" кои ce јавуваат во „Германска идеологија" е изразен поимот „производствени односи" како еден од базичните поими на марксизмот до кои Маркс и Енгелс дојдоа во своите подоцнежни дела.
6 Терминот племе (Stamm) во времето на „Германска идеологија", односно во 40-те години на XIX век во историската наука означувал заедница на луѓе кои водат потекло од ист предок.
7 Аграрниот закон на римските народни трибуни Лициниј и Секстиј, усвоен во 367 пред н. е. како резултат на борбата на плебејците против патрициите. Според тој закон, римскиот граѓанин не можел да има повеќе земја од 500 југери (околу 125 х.). По 367 год. пред н. е. стремежите на плебејците за поседување земја ce задоволувани со освојувањата во текот на воените походи.
8 Емпиричар — приврзаник на емпиризмот, филозофско учење кое, потпирајќи ce врз експериментот и искуството, сетилните „искуства" ги смета за единствен извор на сознанието.
10 во овој дел од ракописот постојат неколку фрагменти во кои Маркс и Енгелс ce пресметуваат со погледите на Бруно Бауер. Овој текст е прецртан и делумно буквално, a делумно преработено е внесен во II глава „Свети Бруно". По прецртувањето Маркс ги обележал страниците од 1 до 29, недостасуваат страниците од 3 до 24.
11 Изменет цитат од „Фауст" на Гете (Пролог на небото).
12 Натамошниот текст од овој пасус го напишал Енгелс, обележувајќи го со еден знак, на десната половина од 9 и 10 страница.
13 Маркс и Енгелс ce повикуваат на статијата на Бруно Бауер „Charakteristik Ludwig Feurbachs" во Wigands Vierteljahrsschrift", 1845.
14 „Deutsch-Französische Jahrbücher" ce издавани на германски јазик во Париз во редакција на Карл Маркс и Арнолд Руге. Излезе само првиот двоброј во февруари 1844.
15 Континентална блокада, континентален систем континентална економска блокада на Англија која ja завел Наполеон I. Кога англиските бродови кај Трафелгер ja уништиле француската флота, Наполеон ce обидел да ja уништи Англија во економски поглед. Во декретот што го издал во Берлин, меѓу другото, стои: „Британските острови ce наоѓаат во состојба на блокада... забранета е трговијата со Британските острови и секоја врска со нив". Континенталната блокада е укината по поразот на Наполеон во Русија.
16 М. Stirner, „Der Einzige und sein Eigentum", Leipzig 1845.
17 ce однесува на статијата на Лудвиг Фојербах „Über das 'Wesen des Christentums' in Beziehung auf den 'Einzigen und sein Eigentum', inr'Wigand's Vierteliahrs schrift', 1845.
18 L. Feurbach, „Über das 'Wesen des
Christentums' in Beziehung auf den 'Einzigen und sein Eigentum'. Bo
оваа своја статија Фојербах на самиот нејзин крај пишува:
„Значи, ниту материјалист, ниту идеалист, ниту филозоф
на еднаквоста не е Ф(ојербах). Па што е тогаш тој? Тој
е во мислите она што и на дело, во духот она што е во
месото, во суштината она што е во сетилата — човек; или
подобро речено, затоа што Ф. ja сместува суштината на
човекот само во заедницата — тој е заеднички човек, комунист.
19 G. W. F. Hegel, „Vorlesungen über die Philosophie der Geschichte".
20 Недостасуваат страници од ракописот кои Маркс ги пагинирал и тоа: 36, 37, 38, 39.
21 A. Smith, „An inquiry into the nature and causes of the wealth of nations“, London, 1776.
22 J. J. Rousseau, „Du contrat social; ou, principes du droit politique“, Amsterdam 1762.
23 Амалфи во X и XI век бил мошне развиен трговски град. Поморското право (Tabula Amalphitana) важеше во цела Италија и беше мошне ценето кај сите нации што пловеле низ Средоземното Море.
24 „Хунска битка" — позната слика на Вилхелм фон Каулбах. Сликата ja прикажува борбата меѓу духовите на паднатите војувачи која ce води во воздухот над бојното поле.
25 „Das Westphallsche Dampfboot" — месечно списание што го издаваше „вистинскиот социјалист" Ото Лининг; излегувало од јануари 1845 до декември 1846 во Билефелд и од јануари 1847 до март 1848 во Падерборн. Во првата година од излегувањето на ова списание ce појави анонимната статија „Свето семејство или критика на критичката критика. Против Бр. Бауер и другарите" од Ф. Енгелс и К. Маркс.
26 Santa Casa (Света куќа) — така ce нарекувала занданата на инквизицијата во Мадрид.
27 Dottore Graziano — личност од италијанската комедија со маски, тип на псевдонаучник. Маркс и Енгелс повеќепати го наречуваат Арнолд Руге „Dottore Graziano".
28 Co вториот том на Бауеровата книга „Die gute Sache der Freiheit und meine eigene Angelegenheit", овде иронично ce наречува неговата статија „Charakteristik Ludwig Feurbachs" во „Wigand's Vierteljahrsschrift", 1845.
29 Списанието „Norddeutsche Blätter" излегло во два броја, првиот во 1844, вториот во 1845 под наслов „Beitrage zum Feldzuge der kritik".
30 Овде ce зборува за делата на Л. Фојербах „Geschichte der neuern Philosophie", „Piere Bayle", „Das Wesen des Christenthums“, како и за неговата статија „Zur Kritik der positiven Philosophie", која е анонимно печатена во „Hallische Jahrbücher".
31 Прашањето на Орегон — на областа Орегон на американскиот брег на Пацификот претендираа и САД и Велика Британија. Борбата за Орегон ce завршила во 1846 со тоа што оваа област ja поделија меѓу себе САД и Англија. Како гранична линија е утврден 49 степен од географската ширина.
32 Bruno Bauer, „Kritik der evangelischen Geschichte der Synoptiker". — Синоптичари ce наречуваат во литературата за историјата на религијата авторите на трите први евангелија, Матеј, Марко и Лука.
33 Харон — личност од грчката митологија; старец салџија кој сенките на мртвите ги превезува преку реката Ахерон во подземниот свет барајќи за тоа да му ce додели милостина.
34 Во втората слика од третиот чин на германскиот превод на комедијата на Шекспир „Како што милувате" стои зборот „Kunst" (вештина) наместо „Gunst" (милост).
35 израз од весникот „Literatur-Zeitung", Heft VI„ стр. 38 е наведен во „Свето семејство". „Literatur-Zeitung" — кратенка за „Allgemeine Literatur-Zeitung", месечно списание кое го издаваше младогеловецот Бруно Бауер.
36 „Rheinische Zeitung für Politik, Handel und Gewerbe" — дневен весник кој излегуваше во Келн од 1 јануари 1842 до 31 декември 1843. Од април 1842 Карл Маркс бил соработник на овој весник, a од октомври истата година негов главен уредник. Весникот објави и редица статии од Фридрих Енгелс. На чело со Маркс овој весник добиваше cè поголем револуционерно-демократски карактер, здобивајќи ce co голема популарност. Но тоа предизвика загриженост и незадоволство на владините кругови, поради што над него е заведена строга цензура. Од 1 април 1843 е забрането неговото натамошно излегување.
37 Види белешка 25.
38 Види: Oelcker, „Die Bewegnung des Socialismus und Communismus".
39 Младогермански белетристи — литературно движење „Млада Германија", група либерално настроени писатели и критичари која е формирана во триесеттите години на XIX век во Германија. Извесно време била под влијание на Хајне A Берне. Писателите на „Млада Германија" (Гуцков, Лаубе, Винбарг, Мунт и др.) ce залагаа за слобода на совеста и печатот. Нивните погледи ги карактеризираше незрелост и политичка неопределеност. Групата ce распадна по 1848.
40 „Die Rheinische Jahrbücher zur gesellschaftlichen Reform" „Рајнски годишници по прашањето на социјалната реформа" — списание издавано од Г. Потман од кое излегле само два броја, првиот во Дармштат во август 1845, вториот во гратчето Бел-Ви на германско-швајцарската граница кон крајот на 1846. Општата концепција на списанието беше определена од учеството на претставителите на „вистинскиот социјализам".
41 Станува збор за една статија на Херман Земиг.
42 Изменет цитат од збирката песни на Хајне „Lyrisches Intermezzo".
43 Од песната на Хајне, „Vertierte Welt" од циклусот „Zeitgedichte".
44 Humaniora — општо име за сите училишни дисциплини низ кои ce изучува класичната античка култура; хуманистите на ренесансата ги сметале овие дисциплини за основа на хуманистичкото образование и воспитание.
45 Од поемата на Хајне „Déutchland. Ein Wintermärchen", глава VII.
46 Зборот е за една статија на Рудолф Матеј.
47 Рефрен од една германска песна за деца.
48 Овде станува збор за зборникот „Neue Anekdota" кој излезе кон крајот на 1845 во Дармштат. Овој зборник ти содржеше новинските статии на Мозес Хес, Карл Грин, Ото Лининг и др. кои цензурата ги забрани. Маркс и Енгелс, веднаш по излегувањето на овој зборник, изнесоа редица мошне критички забелешки на неговата содржина.
49 Радамантис — тип на неумолив судија од грчката митологија.
50 Изменет цитат од операта на Моцарт „Волшебна флејта", чин II, Сарастровата арија.
51 Види: Moses Hess, „Socialismus und Kommunismus".
52 Lerminier, „Philosophie du droit".
53 Hôtel du Ville — овде градска општина во Париз. Palais Bourbon, зграда на францускиот Пратенички дом. Палатата ce наоѓала во поседување на Бурбоните, во 1790 е прогласена за национална сопственост.
54 Reybaud, „Etudes sur les réformateurs ou socialistes modernes".
55 Види ja статијата „A un catholique. Sur la vie et la caractèr de Saint-Simon", во споменатиот број на весникот „L'Organisateure", инаку дневен весник на сенсимонистичката школа кој излегувал во Париз од 1829 до 1831.
56 Ова дело Сен-Симон го напишал во 1802, a во 1803 излегло анонимно во Париз.
57 Saint-Simon, „Nouveau Christianisme", Paris, 1825.
58 „Le Producteure", списание кое претставува прв орган на сенсимонистичката школа. Излегувало во Париз во 1825/1826.
59 „Le Globe", дневен весник, орган на сенсимонистичката школа кој излегувал во Париз од 1824 до 1832.
60 Види ja статијата на Карл Розенкранц „Ludwig Tieck und die romantische Schule", во „Hallische Jahrbücher", 1838.
61 Ménilmontant — тогаш предградие на Париз. Таму Анфантен, „врховниот татко" на сенсимонистите имал имот на кој заедно со околу 40 свои верни придружници ce повлекол по кавгата со Базар во 1832 и тука ce обидел со нив да образува работна комуна.
62 Станува збор за делото на B. P. Enfantin „Economie politique et politique", што во 1831 e објавено во Париз во вид на книга, додека првобитно излегувало во серија статии во весникот „Le Globe".
63 „Le livre nouveau" (Нова книга) претставува ракопис во кој е изложено учењето на сенсимонистите и што неговите автори имаа намера да го направат „нова Библија" на сенсимонистичката религија. Составен е во 1832 на состаноците на групата на водачите на сенсимонистичката школа на чело со Анфантен.
64 Првото издание на делото на Фурие „Théories de "quatre mouvements et des destinées générales" излегло анонимно во Лион во 1808. За да ce избегнеле тешкотиите со француската полиција како место на излегување е наведен Лајпциг.
65 Види: Fourier, „Théorie de l'unité universelle". Овој труд излегол во 2—5. том од „Oeuvres complètes de Ch. Fourier" и претставува подоцнежна нова обработка на „Traité de l'association domestique-agricole".