Од легендите за основањето на Рим излегува дека првите населеници биле извесен број латински генсови (според легендата, стотина) обединети во племе, на кои наскоро им се приклучило едно сабелиско племе, кое исто така броело сто генсови, и, најпосле, трето племе составено од различни елементи, пак божем од сто генсови. Сиот расказ покажува на прв поглед дека овдека ништо не било речиси стихијно настанато освен генсот, а овој самиот во некои случаи е само гранка на стариот мајчински генс што понатаму постои во стариот роден крај. Племињата носат видлив печат на вештачко составување, иако повеќето од сродни елементи и според образецот на старото племе што растело природно, а не било вештачки правено; притоа не било исклучено јатката на секое од трите племиња да била вистинското, старо племе. Средниот член, фратријата, се состоел од десет генсови и се викал курија; нив ги имало, значи, триесет.
Прифатено е гледиштето дека римскиот генс бил иста институција како грчкиот; ако грчкиот генс претставува понатамошно развивање на онаа општествена единица чија праформа е најдена кај американските црвенокошци, тогаш тоа истото важи исцело и за римскиот генс. Поради тоа можеме да бидеме пократки.
Римскиот генс, барем во најстаро време на градот, го имал следново уредување:
1. Меѓусебно наследно право на гентилните другари; имотот останувал во генсот. Но бидејќи во римскиот генс, како и во грчкиот генс, веќе владеело татковското право, потомците по женска линија биле исклучени од наследувањето. Според Законот на дванаесетте таблици, најстариот познат пишуван споменик на римското право, најнапред наследувале децата како физички наследници; ако немало такви, тогаш агнатите (роднините по машка линија); а ако не постојат такви -- гентилните другари. Во сите случаи имотот останувал во генсот. Овдека гледаме постепен пробив во гентилниот обичај на нови правни одредби причинети од наголемувањето на богатството и моногамијата: првобитното еднакво наследување на гентилните друтари било отирво -- секако мошне рано, како што се наспомна горе -- ограничено од практиката на агнатите, најпосле на децата и нивните потомци по машка линија; во Законот на дванаесетте таблици тоа, се разбира, се јавува во обратен ред.
2. Располагање со заедничко место за погребување. На патрицискиот генс на Клаудиевците при нивното доселување од Религија во Рим му бил доделен дел земја, и покрај тоа, заедничко место за погребување во градот. Уште во времето на Август, главата на Вар, што загинал во Тевтобуршката шума била донесена во Рим и погребена во gentilitius tumulus [гентилна надгробна могила]; генсот (Quinctilia) имал, значи, уште своја одделна могила.
3. Заеднички религиски празненства. Овие sacra gentilitia се познати.
4. Обврска да не склучува брак во генсот. Ова, се чини, никогаш не се претворило во пишан закон во Рим, но останало како обичај. Од огромниот број римски брачни парови, чии имиња ни се зачувани, нема ниту еден единствен пар каде што мажот и жената имаат исто гентилно име. Жената со мажењето ги губи своите агнатски права, излегува од својот генс, ниту таа ниту нејзините деца не можат да по наследат нејзиниот татко или неговите браќа, зашто во противен случај татковскиот генс би изгубил дел од наследството. Ова има смисла само под претпоставка жената да не може да се мажи за ниеден од гентилните другари.
5. Заедничка земја. Во прастаро време генсот секогаш имал заедничка земја штом почнала да се дели племенската земја. Меѓу латинските племиња ја наоѓаме земјата делум во посед на племето, делум на генсот, делум на домаќинствата, кои тогаш тешко да биле единични семејства. Ромул веројатно ја беше направил првата делба на земјата, горе-долу еден хектар (два југера) секому. Сепак уште и подоцна наоѓаме земја во рацете на генсовите, а и да не зборуваме за државната земја околу која се врти сета внатрешна историја на републиката.
6. Обврска на гентилните другари на заемна заштита и помош. Пишуваната историја ни дава само уште одломки за тоа; римската држава од самиот почеток се појавила со таква надмоќност што правото на заштита од неправда преминало на неа. Кога бил затворен Апиј Клаудиј, сиот негов генс облекол црнина, дури и оние што му биле лични непријатели. За време на Втората пунска војна генсовите се беа здружиле за откуп на своите пленети гентилни другари; сенатот тоа им го забранил.
7. Правото на носење на гентилно име ое задржало се до времето на царевите; на ослободениците им се дозволувало да го земаат гентилното име на своите блиски господари, но без гентилните права.
8. Право на адоптација на туѓинците во генсот. Тоа станувало со адоптација во едно семејство (како кај Индијанците) што со себе повлекувало примање во генсот.
9. Правото на избор и сменување на старешините не се споменува никаде. Но бидејќи во првиот период на Рим со избор или со наименување се заземале сите должносни места, од изборниот крал па надолу, па дури и свештениците на куриите биле избирани од нив, тоа можеме да го претпоставиме истото и за старешините (principes) на генсовите -- колку, можеби, инаку изборот од едно исто семејство во генсот веќе да станало правило.
Тоа биле правата на римскиот генс. Со исклучок на веќе извршениот преод кон татковското право, тие се верна слика на правата и обврските на ирокескиот генс; и овдека „очигледно зирка Ирокезот“.
Каква збрка владее уште и денес за римското гентилно уредување дури и кај нашите најпризнати историчари, Ќе покажеме на еден пример. Во Момзеновиот труд за римските сопствени имиња во републиканската и августовската епоха („Romische Forschungen", Berlin, 1864, I Band) се зборува следново:
„Покрај сите машки гентилни другари, со исклучок, се разбира на робовите, но вклучувајќи ги адоптираните лица и штитениците, и жените имале право на гентилното име... Племето“ (како што овдека Момзен го преведува генс) „е... колектив што настанал од едно заедничко -- фактичко или претпоставено, или и фингирано -- потекло, обединет со заедништвото на празненствата, гробниците и наследството, колектив во кој мораат да се вбројат сите лично слободни поединци, значи и жените. Но тешкотија претставува само определувањето на гентилното име на мажените жени. Тешкотија немало, се разбира, додека жената смеела да се мажи само за гентилниот другар; а како што е докажано, жените долго време имале поголеми тешкотии да се мажат надвор од генсот отколку во него, како што покажува примерот на правото на gentis enuptio, кое уште во VI век се давало во својство на привилегија како награда... Но таму каде што имало такви бракови надвор од племето жената морала со тоа, во најстаро време, да премине во мажевото племе. Нема никакво сомнение дека со стариот религиски брак жената наполно стапува во правната и сакрална заедница на мажот, а истапува од својата. Кому не му е познато дека жената го губи активното и пасивното наследно право спрема своите гентилни другари, а стапува во наследна врска со својот маж, своите деца и нивните гентилни другари воопшто? Ако пак е таа посвоена од својот маж и влегла во неговото семејство, како тогаш можела да остане надвор од неговиот род?“ (стр. 8-11)
Момзен, според тоа, тврди дека римските жени, кои му припаѓале на некој генс, првобитно смееле да се мажат во рамките на својот гецс, дека, според тоа, римскиот генс бил ендогамски, а не егзогамски. Ова гледиште, кое му противречи на сето она што се знае за другите народи, се засновува главно, ако не исклучиво, врз едно единствено, многу расправано место кај Ливиј (книга XXXIX, гл. 19), според кое сенатот во 568 година по основањето на градот, во 185 година пред нашата ера, донесол одлука: “Uti Feceniae Hispallae datio, deminutio, gentis enuptio, tutoris optio item esset quasi ei vir testamento dedisset; utique ei ingenuo nubere liceret, neu quid ei qui eam duxisset ob id fraudi ignominiaeve esset” -- дека Феценија Хиспала има право да располага со својот имот, да го намалува, да се мажи надвор од тенсот и да си избере тутор, наполно како нејзиниот (умрен) маж ова право да ѝ го предал со тестамент; дека смее да се омажи за ослободеник и дека на оној кој неа Ќе ја земе за жена, ова не ќе му се смета како лоша постапка или срамота.
Несомнено е, значи, овде дека на Фенеција, некоја ослободеничка, и се доделува правото да се омажи надвор од генсот. А исто така е несомнено, според тоа, дека мажот имал право со тестамент да го пренесе правото на својата жена по неговата смрт да се мажи надвор од генсот. Но надвор од кој генс?
Ако жената морала да се мажи во рамките на генсот, како што претпоставува Момзен, тогаш таа останува и по мажачката во овој генс. Меѓутоа, прво, оваа ендогамија на генсот, за која се тврди дека постои, е токму она што треба да се докаже. А второ, ако жената морала да се мажи во генсот, тогаш, се разбира, и мажот морал да се ожени во генсот, зашто инаку не ќе добиел жена. Тогаш доаѓаме до такво нешто што мажот да можел на својата жена да и го остави со тестамент правото кое и самиот го немал за себе; доаѓаме до една вистинска бесмислица. И Момзен тоа го чувствува и поради тоа претпоставува:
„За мажење надвор од родот, секако, правно се барало не само согласност на овластените, туку и на сите гентилни друтари.“ (стр. 10, забелешката.)
Тоа е, прво, мошне смела претпоставка, а, второ, тоа му противречи на јасниот текст на приведеното место; сенатот ѝ го дава нејзе ова право место мажот, тој нагласено и дава ни повеќе ни помалку отколку што можел да и даде мажот, но она што ѝ го дава е апсолутно право независно од какво и да е друго ограничување; така што ни нејзиниот нов маж од тоа нема да пострада, ако таа го користи ова право; сенатот дури им налага на сегашните и на идните конзули и претори да се грижат за неа да не произлезе никаква незгода од тоа. Се чини, значи, дека Момзеновата претпоставка е наполно недопустлива.
Или пак: жената се омажила за човек од друг тенс, но самата останала во својот роден генс. Тогаш, според гореприведеното место нејзиниот маж ќе има право да ѝ дозволи на жената да се мажи надвор од нејзиниот сопствен генс. Тоа значи дека тој има право да решава за работи на генсот на кој воопшто ни самиот не му припаѓа. Работата е толку бесмислена што на неа не треба понатаму да ое троши ниту збор.
Така останува само претпоставката дека жената во првиот брак се омажила за маж од еден друг генс и дека со мажачката неодложно преминала во генсот на мажот, како што и Момзен допушта за таквите случаи. Тогаш сета работа веднаш се изјаснува. Жената, откината од својот стар генс со мажачката и примена во новата гпентилна заедница на мажот, има овде оосема посебна положба. Таа, вистива, е гентилна другарка, но не крвно сродна; начинот на нејзиното примање однапред исклучува каква и да е забрана на брак во рамките на генсот во кој штотуку влегла со мажачката; таа, понатаму, примена е во брачната заедница на генсот, го наследува, во случај на смрт својот маж, неговиот имот, Значи, имотот на својот гентилен другар. Што е поприродно отколку овој имот да остане во генсот и таа така да биде обврзана да се мажи за гентилен другар на нејзиниот прв маж и за ниеден друг? А ако треба да се направи исклучок, кој е покомпетентен неа да ја овласти од нејзиниот прв маж кој и го завештал нејзе овој имот? Во моментот кога тој и завештал еден дел од имотот и истовремено и дозволил овој дел од имот со мажачката или следствие на мажачката да се пренесе на еден туѓ генс, нему уште му припаѓа овој имот, тој, значи, буквално располага само со својата сопственост. Што се однесува до самата жена и до нејзиниот однос спрема генсот на нејзиниот маж, тоа мажот е тој кој ја вовел неа во овој генс со актот на слободната волја -- мажачката; се чини, според тоа, исто така природно дека е тој цоподно лице коешто Ќе ја овласти за истапување од овој генс со втората мажачка. Накусо, работата се чини едноставна и саморазбирлива штом ја отфрлиме чудната претстава за ендогамскиот римски генс и го сфатиме, како и Морган, за првобитно егзогамски.
Останува само последната претпоставка, која исто така нашла свои приврзаници, и тоа можеби најмногубројни: цитатот божем зборува само
„дека ослободените слугинки (libertae) не смееле без посебно одобрение e gente enubere (да се мажат надвор од генсот) „или да преземаат каков и да е акт кој, во врска со capitis deminutio minima [со губењето на семејните права], би повлекувал по себе излегување на ослободеницата од гентилната заедница“. (Lange, „Römische Altertumer“, Berlin 1856, I, стр. 195, каде што во врска со нашиот цитат од Ливиј се повикува на Хушке.)
Ако е оваа претпоставка правилна, дури тогаш цитатот ништо не докажува за односите на наполно слободните Римјанки и не може да станува ни збор за нивната обврска за мажење во рамките на генсот.
Изразот enuptio gentis доаѓа само во овој цитат, а инаку никаде повеќе во целата римска литература; зборот enubere, да се мажи надвор од, се јавува само трипати, пак кај Ливиј, а и тогаш не во врска со генсот. Фантастичната идеја дека Римјанките смееле да се мажат единствено во рамките на генсот за своето постоење му должи само на овој цитат. Но таа воопшто не може да издржи критика. Зашто или цитатот се однесува до посебни ограничувања за ослободениците, и тогаш ништо не докажува во однос на жените родени во слобода (ingenuae); или пак тој важи и за жените што се родени во слобода, и тогаш поскоро докажува дека жените по правило се мажеле надвор од својот генс, но дека со мажењето минувале во мажовиот генс; значи, против Момзен, а за Морган.
Речиси уште триста години по основањето на Рим гентилните врски биле уште толку силни што еден патрициски генс, генсот на Фавиевците, бил во состојба, со согласноста на сенатот, да преземе оо сопствени сили поход против соседниот град Веји. Божем 306 Фабиевци пошле во поход и сите биле убиени од заседа, и дека едно дете што останало во живот го продолжило генсот.
Десет генсови формирале, како што се рече, една фратрија, која овдека се викала курија и имала поважни јавни функции од грчката фратрија. Секоја курија си имала свои сопствени религиски обреди, светињи и свештеници; последниве во овојата целост чинеле една од римските свештенички колегии. Десет курии формирале племе, кое веројатно како и останатите латински племиња, првобитно имало избран старешина -- војсководач и врховен свештеник. Сите три племиња заедно го сочинувале римскиот народ, populus romanus.
На римскиот народ, според тоа, можел да му припаѓа само оној што бил член на еден генс, а преку него член на една курија и на едно племе. Првото уредување на овој народ било вакво. Јавните работи ги водел отпрво сенатот кој, како што Нибур правилно видел, се состоел од старешините на тристотините генсови; токму затоа како најстари во генсот, тие се викале татковци, patres, а нивната целост -- сенат (совет на најстарите, од senex, стар). Вообичаениот избор постојано од едно исто семејство го создало и овдека првото благородништво; овие семејства се викале патриции и претендирале на исклучително право на влегување во сенатот и на другите должносни места. Фактот дека народот со време се помирил со оваа претензија и дека таа се претворила во вистинско право го изразува легендата дека Ромул на првите сенатори и на нивните потомци им доделил патрицијат со неговите привилетии. Сенатот, како атинското boulè решавал за многу работи и претходно ги разгледувал најважните од нив, а особено новите закони. Последниве се решавале од народното собрание, наречено comitia curiata (ообрание на куриите). Народот се собирал групиран во курии, а во секоја курија, веројатно, по генсови; при одлучувањето секоја курија имала еден глас. Собранието на куриите ги примало или ги отфрлало законите, ги избирало сите виши чиновници, вклучувајќи го rex-от (таканаречен крал), објавувало војна (но сенатот склучувал мир) и решавало како највиш суд, на повик од заинтересираните, во сите случаи, кога била во прашање смртна казна за римски граѓанин. -- Најпосле, покрај сенатот и народното собрание постоел и rex кој сосема му соодветствувал на грчкиот базилевс и никако не бил речиси апсолутен крал, како што него[1] го претставува Момзен. И тој бил војсководец, врховен свештеник и претседател на некои судови. Тој немал никаква граѓанска власт ниту власт над животите, слободата и сопственоста на своите граѓани, доколку таа не произлегувала од дисциплинската власт на војсководецот или на пратседателот на судот во однос на извршувањето на пресудата. Должноста rex не била наследна; напротив, тој, веројатно на предлог на својот претходник, бил отпрво избиран од собранието на куриите, а потоа на второто собрание стечено роведен во должноста. Дека и тој можел да се смени, покажува судбината на Тарквиниј Горделивиот.
Како Грците во херојското време, така и Римјаните во времето на таканаречените кралеви живееле во воена демократија која се засновувала врз генсовите, фратриите и племињата од кои се развила. При сѐ што куриите и племињата, вистина, биле делум вештачки творби, тие биле формирани според вистински, стихијно изникнати обрасци на општеството од кое произлегле и кое сѐ уште ги окружувало од сите страни. При сѐ што стихијно изникнатото благородништво веќе се здобило со цврста почва, при сѐ што reges настојувале да си ја прошират власта -- сето тоа не го менува првобитниот основен карактер на уредувањето, а работата токму е во тоа.
Во меѓувреме, населението на градот Рим и на римската област, проширена со завојувањата, се наголемувало делум со доселување а делум од жителите на покорените народи, повеќето латински. Сите овис нови државјани (прашањето за клиентите го оставаме настрана) биле надвор од старите генсови, курии и племиња, значи, не претставувале дел од populus romanus, вистинскиот римски народ. Тие биле лично слободни луѓе, можеле да имаат земјишна сопственост, морале да плаќаат данок и да вршат воена служба. Но тие не можеле да заземаат никакво должносно место, ниту да учествуваат во народното собрание, ниту во поделбата на освоените државни земји. Тие го сочинувале плебсот, кој бил лишен од сите јавни права. Благодарение на својот се поголем број, на својата воена обука и вооружување, тие станале придружна сила на стариот populus сега наполно затворен од секој прираст однадвор. Покрај тоа, замјишната сопственост била прилично рамномерно распоредена меѓу populus-от и плебсот, додека трговското и индустриското богатство, при се што уште недоволно развиено предимно. било бездруго во рацете на плебсот.
Поради густиот мрак со кој е обвиткана сета летендарна предисторија на Рим -- мрак засилен од рационалистичко-прагматистичките обиди на толкувањето и известијата на подоцнежните правнички образовани писатели, чии дела ни служат како извори --- невозможно е да ое каже нешто определено било за времето, било за текот, било за поводот на револуцијата што му турила крај на стариот гентилен строј. Извесно е само дека нејзината причина лежела во борбите меѓу плебсот и populus-от.
Новиот устав, кој му се припишува на rex-от Сервиј Тулиј, потпирајќи се на грчкиот образец, особено на Солон, создал ново народно собрание, во кое влегувале и рори!и5-от и плебсот, без разлика и биле исклучувани од него според тоа дали извршувале воена служба или не. Сето машко население способно да носи оружје било поделено според имотот на шест класи. Најмалиот имот во секоја од петте класи бил: I. 100.000 аса; II. 75.000; III. 50.000; IV. 25.000; V. 11.000, што, според Диро де ла Мал, е соодветно горе-долу на 14.000, 10.500, 7.000, 3.600 и 1570 марки. Шестата класа, пролетерите се состоела од најнеимотните, ослободени од служба и даноци. Во новото народно собрание на центуриите сопшјЦа сепкинјаќа граѓаните стапувале војнички, по чети, поделени на своите центурии од цо 100 души, а секоја центурија имала по еден глас. Но првата класа давала 80 центурии, втората 22, третата 20, четвртата 22, петтата 30, шестата, колку да не е без ништо, давала една. Покрај нив влегувале коњаниците, формирани од најбогатите со 18 центурии; вкупно 193; мнозинството гласови -- 97. Меѓутоа, само коњаниците и првата класа имале 98 гласа, значи мнозинство; ако биле единствени, тие не ги ни прашувале останатите, се донесувала полноважна одлука.
На ова ново собрание на центуриите сега преминале сите политички права од поранешното собрание на куриите (освен некои номинални); куриите и генсовите, што ги сочинувале, биле сведени со тоа, како во Атина, на прости приватни религиозни заедници, и живуркале така уште долго време, додека собранието на куриите наскоро сосема згаснало. За да се истиснат од државата и старите три родовски племиња, биле воведени, со низа политички права, четири територијални племиња, од кои секое живеело во една четврт од градот.
Со тоа во Рим, веќе пред укинувањето на таканареченото кралство, било скршено старото општествено уредување кое се засновувало врз личните крвни врски, и заменето со ново вистинско државно уредување, кое се засновувало врз територијалната поделба и имотната нееднаквост. Јавната власт овдека се состоела од граѓанството обврзано на воена служба, наспроти не само на робовите тужу и на таканаречените пролетери, исклучени од воената служба и лишени од оружје.
Во рамките на новото уредување, кое самото понатаму се изградувало со протерувањето на последниот тех Тарквиниј Горделивиот, кој ја узурпирал фактичката кралска власт, и со доведување на местото на rex-от двајца војсководци (consules) со еднаква власт (како кај Ирокезите) -- во рамките на ова ново уредување се движи сета историја на римската република со сите свои борби на патрициите и плебејците околу достапноста на должносните места и учеството во државните земји, со разложувањето на крајот од краиштата на патрициското благородништво во новата класа на крупни земјовладелци и сопственици на пари, кои постецено ја приграбиле сета земја на селаните, урнисани од воената служба, и употребувале робови за обработка на така настанатите огромни земјишни поседи и ја оставиле Италија без население, а со тоа му отвориле пат не само на царството, туку и на неговите наследници, германските варвари.
Фусноти
[1] Латинскиот збор rex е исто што и келтско-ирскиот righ (племенски старешина) и готскиот reiks; дека тој исто така значел како и нашиот Fürst (кнез, те. како англискиот first, данскиот förste, прв), гентилниот или племенски старешина, се гледа од тоа што Готите веќе во IV век имале посебен збор за подоцнежниот крал, војсководач на севкупниот народ: thiudans. Во преводот на „Свето писмо“ на Улфил, Артаксеркс и Ирод никогаш не се нарекуваат reiks туку thiudans, и државата на Тибериј не reiki туку thiudinassus. Во името на готскиот thiodans или, како што ние неточно го преводиме, кралот Thiudareik, Theodorich, т.е. Dietrich се слеваат обата назива.