Фридрих Енгелс
Потеклото на семејството, приватната сопственост и државата


VII
Генсот кај Келтите и Германците

Просторот не ни дозволува подробно да пи разгледаме гентилните институции кои се уште и сега постојат во повеќе или помалку чиста форма кај најразлични диви и варварски народи, ниту трагите на овие институции во постарата историја на азиските културни народи! Доволни ќе бидат само неколку примери. Пред да биде сфатен генсот, човекот кој вложил најмногу напори тој погрешно да се разбере, Макленан, го докажа неговото постоење и го опиша главно правилно кај Калмиците, Черкезите, Самоедите и кај три индиски народи: Варалите, Магарите и Манипурите. Неодамна М. Ковалевски откри и опиша генсови кај Пшавите, Хевсурите, Ованетите и другите кавкаски племиња. Овдека ќе се ограничиме само на неколку куси белешки за постоењето на генсот кај Келтите и Германите.

Најстарите запазени келтски закони ни го покажуваат генсот уште во полн живот; во Ирска тој живее барем инстинктивно во народната свест уште ден-денеска, откако Англичаните сосила го урнисале; во Шкотска генсот бил во поли процут уште во средината на минатиот век и му подлегнал исто и овдека само на оружјето, на законодавството и на судовите на Англичаните.

Старите велшки закони, кои биле запишани повеќе столетија пред англиското освојување, најдоцна во XI век, покажуваат уште како цели села заеднички ја 0бработуваат земјата, иако тоа е само ретка останка на порано општораширениот обичај: секое семејство имало пет акри земја за сопствена обработка; покрај тоа, заеднички се обработувало едно парче земја, а приносот се делел. Дека овие селски заедници претставуваат генсови или подразделувања на генсови, по аналогија со Ирска и Шкотска, не треба да има сомнение, дури и кога повторното проверување на велшките закони за што немам време (моите извадоци се од 1869 година), не би го потврдиле ова директно. Но она што велшките извори, а со нив и ирските, директно го потврдуваат е тоа што во XI век кај Келтите моногамијата никако не го имала истиснато синдијазмичкиот брак. Во Велс бракот по седум години не можел повеќе да се разведе или, поточно, да се откаже. Ако недостасувале само три ноќи од седум години, во тој случај сопрузите можеле да се разведат. Тогаш имотот се делел вака: жената делела, а мажот го избирал својот дел. Мебелот се делел според извесни, мошне хумористични правила. Ако мажот го раскинувал бракот, тогаш тој морал на жената да ѝ го врати миразот и некои други работи, ако тоа го правела жената таа добивала помалку. Од децата мажот добивал две, а жената едно, и тоа средното. Ако жената по разводот се омажи за некој друг маж, а мажот ја викнел повторно кај себе, таа морала да појде по него, при сѐ што со едната нога била во новата брачна постела. Но ако обајцата биле заедно седум години, тогаш тие биле маж и жена и без претходно формално склучување на брак. Невиноста на девојката пред бракот воопшто не се чувала строго ниту се барала, прописите во овој однос се од сосема фриволна природа и никако не се адекватни на буржоаскиот морал. Ако жената сторила прењуб, тогаш мажот можел да ја истепа (еден од трите случаи кога тоа му било дозволено, инаку тој бил казнуван), но тогаш не можел да бара никакво друго задоволување, зашто

„За истиот престап нека има или страдање или одмазда, но не и обете истовремено.“

Причините поради кои жената смеела да бара развод, не губејќи ништо од своите права при раздвојувањето, биле мошне разновидни: доволен бил лошиот здив на мажот. Во законикот игра голема улога откупнината која му се плаќа на племенскиот главатар или на ние. Ако згора на тоа додадеме дека било докажано постоењето на слични односи во Ирска, дека и таму се сосема вообичаени привремените бракови и дека на жената и биле при разводот обезбедени точно пропишани, големи предимства, дури и отштета на нејзиниот труд в куќи; дека таму се јавува „прва жена“ покрај другите жени и дека при делбата на наследството не ое прави никаква разлика меѓу брачните и вонбрачните деца -- тогаш тоа пред нас е слика на синдијазмичниот брак, спроти која формата на бракот што важи во Северна Америка се чини строга, на што, впрочем, не смееме да се чудиме во XI век кај еден народ кој уште во Цезаровото време живеел во групен брак.

Постоењето на ирскиот генс (sept, племето се вика clainne) е потврдено и опишано не само во старите зборници од закони, туку и од англиските правници на XVII век, испратени во Ирска кланската земја да ја претворат во домен на англискиот крал. Сѐ дотогаш земјата била заедничка сопственост на кланот или генсот доколку главатарите веќе ја немале претворено во свои приватни домени. Кога ќе умрел некој гентилен другар, кога, значи, едно домаќинство ќе згаснело, тогаш старешината (англиските правници го викале caput cognationis) преземал нова делба на земјата меѓу останатите домаќинства во целата област. Оваа делба секако се вршела главно според прописите што важеле во Германија. Уште во денешно време може да се најде по некое од селските полиња во таканаречените rundale а пред четириесет или педесет години ги имало мошне многу. Селаните, поединечните закупци на земјата која порано била заедничка сопственост, додека не ја приграбиле англиските освојувачи, плаќале закупнина секој за својот дел, но ги спојувале ораниците и ливадите ОД сите делови заедно, ги делеле според положбата и квалитетот во „Gewanne“, како што се вели кај Мозел, и секому му го давале неговиот дел во секој Gewanne; мочурливите земјишта и пасиштата ги користеле заеднички. Уште пред педесет години земјата одвреме навреме се делела одново, понекогаш секоја година. Меѓната карта на таквото село од типот на гипдате изгледа сосема како и меѓната карта на една германска заедница на полските имоти (Gehöferschaft) кај Мозел или кај Хохвалд. Генсот продолжува да живее цпонатаму во „factions“. Ирските селани често се делат на партии што се засновуваат врз привидно оосема бесмислени или налудничави разлики; тие им се наполно неразбирливи на Англичаните и ним им се чинат дека немаат поинаква цел освен популарните свечени тепачки на една партија со друга. Тие се вештачко оживување, дополнителна замена за растурените генсови, кои на свој начин го покажуваат одржувањето на наследениот гентилен инстинкт. Впрочем, во некои краишта гентилните другари уште прилично се присобрани во старата област; така уште триесеттите години големо мнозинство од жители на грофовијата Монехен имало само четири семејни имиња, т.е. потекнувале од четири генса или клана.[1]

Во Шкотска пропаѓањето на гентилниот строј датира од задушувањето на востанието од 1745 година. Останува уште да се иследи каква алка од овој строј специјално претставува шкотскиот клан, но дека тој е таква алка, нема сомнение. Во романите на Валтер Скот го гледаме овој клан на шкотските горјани. Тој е, вели Морган,

„извонреден образец на генс според својата организација и својот дух, убедлив пример на владеењето на гентилниот живот над членовите на родот... Во нивните расправии и нивните крвни одмазди, во поделбата на областа по кланови, во нивното заедничко користење на земјата, во верноста на членовите на кланот кон главатарот и еден кон друг ги наоѓаме одликите на гентилното друштво што идат на показ насекаде... Потеклото се сметало според татковското право, така што децата на мажите останувале во кланот, додека децата на жените преоѓале во клановите на своите татковци“.

Но дека во Шкотска порано владеело мајчинското право го докажува фактот дека во кралското семејство на Пиктите, според Беда важело наследувањето по женска линија. Дури е зачувана останка од семејството на пуналуите, како кај Велшаните така и кај Шкотите сѐ до средниот век, и тоа во правото на првата ноќ со кое можел да се користи кланскиот главатар или кралот како последен претставник на поранешната заедница на мажите, доколку тоа не било откупено.[1*]

***

Несомнено е дека Германците биле организирани во генсови до времето на преселбата на народите. Тие, се чини, дури неколку векови пред нашата ера ја зазеле областа меѓу Дунав, Рајна, Висла и северните мориња; Кимбрите и Тевтоните уште биле во разгорот на преселбата, а Свевите дури во времето на Цезар се населиле во постојани живеалишта. За последните Цезар јасно вели дека се населиле во генсови и роднинства (gentibus cognationtbusque), а во устата на еден Римјанин од генсот на Јулиите овој збор има определено и беспорно значење. Ова важело во однос на сите Германци, дури и населувањето во завојуваните римски провинции,[2*] се чини, се вршело уште по генсови. Во аламанското народно право се потврдува дека народот го населувал освоеното земјиште јужно од Дунав според родови (genealogiae); genealogia се употребува сосема во истата смисла како подоцна марка или селска заедница. Ковалевски неодамна искажа гледиште дека овие genealogiae биле големи куќни заедници меѓу кои била разделена земјата и од кои дури подоцна се развила селската заедница. Исто веројатно важи и за Тага со кој израз кај Бургундиите и Лонгобардите -- значи кај едно готско и едно херминонско или високотерманско племе -- се означувало речиси, ако не и сосема истото како она што во аламанскиот зборник закони се означува со genealogia. Што е всушност овдека пред нас: генс или куќна заедница, мора уште поблиску да се истражи.

Јазичните споменици нѐ оставаат во недоумица за тоа дали кај сите Германци постоел заеднички израз за генс и кој бил. На грчкиот genos, на латинскиот gens етимолошки му соодветствува готското kuni, средновисокогерманското künne, а и се употребува во истата смисла. На времето на мајчинското право укажува тоа што името на жена потекнува од истиот корен: грчкиот gyne, словенското жена, готското qvino, старонордиското kona, kuna. Кај Лонгобардите и Бургундците наоѓаме, како што се рече, fara, што Грим го изведува од хипотичкиот корен, fisan, да раѓам. Јас поскоро би се вратил на поопипливото изведување од зборот faran, да патувам, да се селам, да се враќам, како ознака за постојан одред во време на оелењето, кој речиси само по себе се разбира, се состоел од роднини, ознака, која во текот на повеќевековното селење, прво на Исток, потоа на Запад, се пренела постепено на родовската заедница. -- Понатаму, готскиот sibia, англосаксонскиот sib, старовисокогерманскиот sippia, sippa -- род. Во старонордискиот постои само множина sifiar, роднини; еднината само како име на некоја божица: Sif. -- И најпосле, постои уште еден друг израз во „Песната за Хилдебранд“ каде што Хилдебранд го прашува Хадубранда:

„кој ли ќе ти е татко меѓу мажите во народот... Или од кој ли род си ти“ (eddo huêlîhes cnuosles du sîs).

Доколку постоело заедничко германско име за генс, тој ќе гласел готски kuni; за тоа зборува не само идентитетот со соодветниот израз на сродните јазици, туку и околноста дека од него се изведува зборот kuning -- крал -- кој првобитно означувал старешина на генс или племе. Sibja -- род се чини не доаѓа предвид, барем sifiar означува во старонордискиот не само крвни роднини, туку и сватовштини, значи опфаќа припадници барем од два генса; значи sif не можел да биде израз за генс.

Како кај Мексиканците и Грците, и кај Германците бојниот ред, како на ескадронот на коњицата така и на клинестите колони на пешадијата, бил распределен по гентилски групи; кога Тацит вели: по семејства и роднинства“, овој неопределен израз се објаснува со тоа што во негово време генсот во Рим веќе одамна бил жива заедница.

Решавачко е едно место кај Тацит: мајчинскиот брат го смета својот внук од сестра како свој син, некој дури мислат дека крвната врска меѓу вујкото и внукот од сестра е уште посвета од онаа меѓу таткото и синот; така, кога се бараат заложници, сестриниот син важи како поголема гаранција од сопствениот син на оној што сакаат да го обврзат. Овдека имаме жив остаток од организиран според мајчинското право, значи првобитен генс, и тоа како нешто што особено ги карактеризира Германците.[2] Ако некој член на таквиот генс би го дал сопствениот син во залог за свечено ветување, па синот би станал жртва за татковото прекршување на договорот, тогаш тоа било работа на самиот татко. Но ако жртва станал синот на сестра, тогаш се нарушувало најсветото гентилно право; најблискиот гентилен роднина, кој пред сите е должен да го штити момчето или младичот, виновен е за неговата смрт; или не смеел да го даде во залог, или морал да го почитува договорот. Ако немавме никава друга трага на гентилскиот строј кај Германците, доволно ќе беше ова единствено место.

Уште е поважно, зашто се јавува околу 800 години подоцна, едно место од „Völuspà“, старонордиската песна за самракот на боговите и пропаѓањето на светот. Во ова „видение на пророчицата“, во кое, како што сега докажаа Банг и Буге, се вткаени христијански елементи, опишувајќи ја епохата на општата изопаченост и расипаност која и претходи на општата катастрофа, се вели:

Broedhr munu berjask ok at bonum verdask,
munu systrungar sifjum spilla.

„Браќата меѓусебе ќе војуваат и ќе станат еден на друг убијци, децата на сестрите ќе ги испокинат врските на роднинството.“

Systrungar значи син на мајкината сестра, а тоа што тие, децата на сестрите, го одрекуваат меѓусебното крвно роднинство поетот го смета за уште поголемо злосторство од братоубиството. Ова засилување на злосторството лежи во зборот systrungar, кој го нагласува роднинството од мајчината страна; кога место тоа би стоело syskina-börn, деца на браќата и сестрите syskina-synir, синови на браќата и сестрите, тогаш вториот стих спроти првиот не би претставувал никакво подзасилување, туку ослабување. Значи, дури ни во времето на Викинзите, кога настанала „Völuspà“, во Скандинавија уште не се изгубил споменот на мајчинското право.

Впрочем, во времето на Тацит, барем кај Германците, кои му се поблиску познати, мајчинското право веќе му го отстапува местото на татковското право; децата го наследувале татко си; каде што немало деца -- браќата и стриковците, односно вујковците. Допуштањето на вујковците да учествуваат во наследството се сврзано со одржувањето токму на споменатиот обичај, а исто така потврдува колку уште тогаш кај Германците татковското право било младо. Траги на мајчинското право има се до доцнежниот среден век. Тогаш, се чини, уште наполно не му се верувало на татковството, особено кај закрепостените; затоа, кога некој феудален господар би го барал назад побегнатиот закрепостен од некој град, морало закрепостеноста на обвинетиот, на пример во Аугзбург, во Базел или во Кајзерслаутерн, да се потврди со заклетва од шестмина негови најблиски крвни роднини, и тоа исклучително од мајкината страна (Maurer, Städteverfassung, I, стр. 381).

Уште еден остаток од мајчинското право, кое штотуку изумирало, наоѓаме во почитувањето на Германците спрема женскиот пол, кај Римјаните речиси несфатливо. Девојките од благородничките семејства биле најсигурни заложници при договорите со Германци-. те; помислата за тоа дека нивните жени и Керки можат да паднат в плен им е ужасна и ја поттикнува повеќе од се друго нивната храброст во борбата; тие гледаат во жената нешто свето и пророчко, тие го слушаат нејзиниот совет и во најважните работи; така Велда, свештеничка на Бруктерите на Липа, била душата на целото востание на Батавите во кое Цивилис на чело на Германците и Белгите го разнишал сето римско владеење во Галија. Дома жената, се чини, има беспорна власт; се разбира, таа, старците и децата треба да ги свршат сите работи, мажот лови, пие и безделничи. Така говори Тацит, но бидејќи тој ништо не кажува кој ја обработува нивата, а определено вели дека робовите давале само данок но не кулучеле, тоа, сепак, масата возрасни мажи морала да ја врши онаа мала работа што ја барало земјоделството.

Формата на бракот, како што веќе се рече горе, била синдијазмички брак, кој постепено се приближувал кон моногамијата. Тоа уште не била строга моногамија, зашто на видните луѓе им се дозволувала политамија. Главно строго се внимавало на невиноста (наспроти кај Келтите), а Тацит исто така говори со особена топлина за нераскинливоста на брачната врска кај Германците. Тој приведува само прењуб на жената како разлог за развод. Но неговото известие овдека има многу празнини, а освен тоа тој премногу јавно и служи како огледало на добродетелта на развратните Римјани. Несомнено е само следново: ако Германците во своите шуми и биле исклучителни рицари на добродетелта, тоа било доволно само жајмал допир со надворешниот свет па да се спуштат на нивото на останатите европски просечни луѓе; сред римскиот свет последната трага на моралната строгост исчезнала уште многу побрзо отколку германскиот јазик. Треба само да се чита Грегор Турски. По себе е разбирливо дека во германските прашуми не можела да владее, како кај Римјаните, рафинираната разбујатеност ша оетилната наслада, па според тоа на Германците и во овој однос им останува доволно предимство над римскиот свети нема потреба од измислување на некаква си нивна воздржливост во сетилните работи која никогаш и никаде не владеела кај еден цел народ.

Од гентилниот строј е изникната обврската на наследување како на непријателството така и на пријателството; исто така и крвнината, паричната казна за убиство или повреда наместо крвната одмазда. За оваа ата крвнина, што се сметала уште пред една генерација за специфично германска институција, сега е утврдено дека постоела кај стотина народи како форма за ублажување на крвната одмазда која потекнува од гентилниот строј. Неа ја наоѓаме, како и обврската на гостоприемството, меѓу другите, и кај американските Индијанци; Тацитовиот опис („Германија“, гл. 21) ма давањето гостоприемство речиси до подробност е ист како оној што го дава Морган за своите Индијанци.

Жолчниот и бескраен спор за тоа дали Тацитовите Германци веќе ги поделиле ораниците или не, и како да ое објаснат соодветните места, сега му принпаѓа на минатото. Откако е потврдено дека речиси кај сите народи постоела заедничка обработка на земјата од страна на родот, а подоцна од страна на комунистички семејни задруги, кои ги нашол Цезар кај Свевитеѓ!! и дека по нив следи доделување на земјата на одделни семејства со периодична повторна поделба, и откако е утврдено дека оваа прерасподелба на ораниците се одржала дури до денешни дни, одвај ли си чини маката да се каже дури и збор. Ако Германците од заедничката обработка на земјата, која Цезар недвосмислено им ја припишува на Свевите (поделени или приватни ниви кај нив воопшто нема, вели тој), преминале, во текот на 150 години до Тацит, на одделно обработување со нова поделба на земјата секоја година, тогаш тоа навистина е голем напредок; за толку кусо време и без какво и да е мешање отстрана наполно е невозможен преминот од тоа стапало кон целосна приватна сопственост на земјата. Затоа јас кај Тацит го читам само она што тој со скудни зборови го вели: тие ја менуваат (или одново ја делат) обработената земја секоја година, а при тоа останува доста слободна заедничка земја. Тоа е стапало на земјоделството и присвојувањето на земјата што му соодветствува на тогашниот гентилен строј на Германците.

Претходниов последен пасус го оставам неизменет, како што си е кај поранешните изданија. Во меѓувреме прашањето доби поинаков обрт. Откако Ковалевски (си. стр. 44) го докажа мошне раширеното, но не и општо постоење на патријархалната куќна заедница како преоден степен меѓу комунистичкото семејство со мајчинско право и современото изолирано семејство -- повеќе не се поставува прашањето дали е сопственоста заедничка или приватна како што тоа уште го чинат Маурер и Вајц, туку се поставува прашањето за формата на заедничката сопственост. Нема никакво сомнение дека во времето на Цезар кај Свевите постоела не само заедничка сопственост, туку и заедничко обработување за заедничка сметка. Уште долго ќе може да се води спор за тоа дали стопанска единица бил генсот или тоа била куќната заедница или некоја комунистичка роднинска група која била меѓу нив; или, според условите на земјата, постоеле сите три групи. Меѓутоа Ковалевски тврди дека состојбата што ја опишал Тацит не претставува марка или селска заедница, туку куќна заедница. Дури многу подоцна од оваа последнава се развила, поради растежот на населението, селската заедница.

Според тоа, населбите на Германците на територијата која ја зазеле во времето на Римјаните, како и на онаа што им ја одзеле попосле на Римјаните, не се состоеле од села, туку од големи семејни заедници кои

аафиаја е5 ои и и кои обработувале соодже ТЕ Х Н К аракца А бе„с пКлоординсот ејзќеим ј „ и пгоош , т ез акеадкноо зсао ) едснвиочик те а с Нно а се; т атото кај Тацит за менувањето на обработената ЗавА. Па еј се сфати, всушност, во агрономска Ма а ца З : ај а секоја година разорувала руго опиицици, од претходната година ња н е ув та ае б Ја и л о о с т р а е в т а к л о е , с о осе н ма а а да с з е а тр а е н в а и околу зем н ј е а о т б а р а и б з о л т и е ш н ен а . зе Д м ја што то ои РА ј а зО т а це ран,: пуќ н1 иутреи пзоа ендинзиац ив епкоорваис накЈолг аа обровање под тогашните д у е с ло м в о жно заедничкото с о топан а ису д р р е а а л с з п е д а н е д о л н е а н в л р и е е ; м н ; е а , д о п а т о о з п г н о а а д ш т о и ц о з н т а а е о д н е в н а д и и ч н ч и а н н к , ш а и т п е з в а р о о н с и и п е з о в к в ч и о о е г д т а и с о ш т к , в л о и о т в д т а о д о н и д Н а а е к а о а б п е н н ре а - то. Ваш, Нана и водите останале заеднички Кара: н е ј а, н а се п о ч л и н н о и , Ед о д к е а к ж а а н о . во и ј Ш т те о к ВнаЕ раНз ; в А, Х ко з ј В и а и н . и, во втор ред, до останатите германски зем- АНА еа дека оваа претпоставка во р н о о ги р е Н ш Е аваат д т о е б ш р к о о т ја и и о т б е о с т н к у о в л аа к т у и д з о во с , е п г а а р ш и н т а е абе - који нај заедница постоела уште во ој ето Ви ацале документи, на пример, „Содех пе к т а а : р о со е п п ! о мош се н а о к бј у а ќ с н н а у т в а а а з т а е о д п н ш иц т а о о з д е о м ш е т н о о " с м о н д о р. К т ск е ат ш а а ко т т м и а и а р к и а . н м о в д и т р р у д а д ш а а д њ а с т а р а о н и а р , е д ш т а а р и в е п а а с к т а р м о т б в о р а а и се и ре- Са дув: ша ои не можам да порекнам дека меѓустапаа н б а е да к анд а и т н а а в з и а ј е а д н и и А ц н а г л е и ј с а о . сема веројатно и за ГерИ ЦА е МеВ кај Цезар Германците делум штотуку наш- маат Јани живеалишта, а делум се уште ги барале

т1 ие во времето на Тацит веќе имале цел век на заоеднатост зад себе; соодветно на тоа е несомнен напредокот во производството на средствата за живот. Тие живееле во куќи од дрво; нивната облека е уште мошне примитивна, облека на шумски жители: труба волнена наметка, крзна од дивеч, за жените и видните луѓе ленена долна облека. Храната им се бостои од млеко, месо, диви плодови, и, како што Плиниј придодава, овесна каша“! (уште и сега келтско национално јадење во Ирска и Шкотска). Нивното богатство се состои во добитокот; но тоа е од лоша раса, говедата ситни, несвидни, без рогови; коњите мали пони и никакви тркачи. Парите биле ретки и ретко се употребувале, и тоа само римски. Не ги обработувале златото и среброто и не ги ценеле. Железото било ретко и, се чини, дека барем племињата крај Рајна и Дунав речиси само го увезувале, а самите не го добивале. Рунското писмо (подражавање на грчките и латинските букви) било познато само како тајно писмо и се употребувало за религиско маѓесништво. Човечките жртви уште биле вообичаени. Накусо, пред нас е народ кој штотуку се имал издигнато од средното стапало на варварството на вишото. Но додека племињата што непосредно се траничеле со Римјаните оо олеонетиот увоз на римските индустриски производи биле спречени во развитокот на своја сопствена метална и текстилна индустрија, таква индустрија, несомнено, се развила на североисток, на Источно Море. Деловите на воената опрема што се најдени во шлезвишките мочуришта -- долг железен меч, верижен оклоп, сребрена каска и др., со римски пари од крајот на вториот век -- и германските металтип, мошне развиен дури и кота првобитно се потџирал на римските обрасци. Иселувањето во цивилизираната римска империја и ставило крај на оваа домашна

индустрија насекаде, освен во Англија. Колку еднообразно никнела и се развивала понатаму оваа индустриЈа покажуваат, на пример, бронзаните копци; копците пронајдени во Бургундија, Романија и на Азовско Мор д е а м и н зл о е г г у л е п р о и д л ег и а с а т т а н р а а бо а т н и гл л и н с и к ц и а т , е и и т ш и в е е дс се к ит н е е , с омн к е а н к о о исто така од германско потекло. ствув Н а а ор в г и а ш н о и т з о а ци с ј т а а т п а а ло н а на уп в р а а р ва в т а а р . с тв а о р то ен Тарт а секаде постоел совет на старешините (рутстрег), кој одлучувал за понезначителните работи, додека поважните предмети ги подготвувал за решавање во народното собрание; на ниското стапало на варварството, барем таму каде што го познаваме, како кај Американците, народно собрание најнапред постои само во рамките на генсот, уште не во рамките на племето или соЈузот на племиња. Старешините (ргтејре5) се уште ост- рооладначрки ро се разликуваат од војсководците (дисе5), сосема како и кај Ирокезите. Старешините вејќе делум се издррика, повеќето од исти семејства; преминувањето кон татковското право, како во Грција и Рим, му оди на а на постепеното претворање на изборот во наследст и со тоа се создава благородничко семејство во секој генс. Ова старо, таканаречено племенеко благородништво во поголемиот број случаи пропаднало во преселбата на народите или пак набргу потоа. Војсководците ги избираат без оглед на нивното потекло единствено според опособноста. Тие имале малку власт и морале да влијаат оо пример; вистинска дисциплинска власт Тацит им припишува на овештениците. Фактичкр ка а т л а о т вл а и с л т и ја п л и е м м а ен л с о к и н о а т р о с д т н а о р т е о ш и с н о а б , р а н н а ие р . о до П т р етс о е д д л а у в ч а у л вал: „не -- оо мрморење, „да“ -- со акламација или со 5вечкање на оружјето. Народното собрание е истото“ и ракот вон о амКожунатоот Станот чет.

времено и суд; тука се изнесуваат и пресудуваат тужбите, тука се изрекуваат смртните пресуди, при што смрт се предвидувало за страшливост, за предавство на народот и за неприроден блуд. И во генсовите и во другите нижи единици суди заедницата под претоедателство на старешината кој, како и во сите германски првобитни судови, можел само да раководи со судоти да поставува прашања; кај Германците заедницата ги донесувала пресудите секогаш и насекаде. Од времето на Цезар се формирале сојузи на племиња; некои од нив веќе имале кралеви; врховниот војсководец, како кај Грците и Римјаните, веќе се стремел кон тиранска власт и понекогаш ја достигал. Таквите среќни узурпатори воопшто не биле неограничени владетели; но сепак веќе почнале да ги раскинуваат оковите на родовскиот строј. Додека ослободените робови општо земено заземале подредена положба, бидејќи не можеле да му припаѓаат на ниеден генс, оние од нив коишто биле јубимци на новите кралеви доаѓале често до висока положба, богатство и почит. Истото тоа се случило и по освојувањето на Римската империја од страна на војсководците, кои сега станувале кралеви ча пространи земји. Кај Франците робовите и кралските ослободеници играле голема улога, отпрво на дворот, а потоа во државата; новото благородништво потекнува во најголемиот дел Од нив. Една установа содејствувала да се појави кралството -- дружините. Видовме веќе кај американските црвенокошци како, покрај гентилниот строј, се формирале приватни дружини за самостојно водење војна. Овие приватни дружини кај Германците веќе се постојани здруженија. Воениот главатар кој се здобил со глас околу себе си присобрал чета млади луѓе желни за плен, коишто му должеле лична верност, како и тој ним. Главатарот ги снабдувал и ги дарувал, а и хисрархиски ги организирал; телесна гарда и чета подгот-

вена за борба -- за помалите походи, готов офицерски кадар -- за поголемите походи. Колку и да морале да бидат слаби овие дружини, што подоцнаи се покажало, на пример, под Одоакар во Италија, сепак тие веќе го формирале никулецот на пропаѓањето на старата народна слобода и се покажале како такви -- за време на преселбата на народите и по неа. Зашто тие, прво, поволно дејствувале врз појавата на кралската власт, а, второ -- можеле да се држат здружени, како што забележа веќе Тацит, само со едностојни војни и разбојнички походи. Грабежот станал цел. Кога водачот на дружината немал работа наблизу, заминувал со своите луѓе кај други народи кај кои имало војна и можело да се смета на плен; германските помошни војски кои во голем број се бореле под римското знаме, дури и против Германците, делум биле присобрани од таквите дружини. Тие веќе претставуваат први никулци на хистемот на наемните војници, таа срамотија и проклетство на Германците. По освојувањето на Римската империја, овие луѓе од кралските дружини, покрај неслободните и римските дворски слуги, го сочинувале вториот составен дел на подоцнежното благородништво. На тој начин, општо земено, кај оние германски племиња што се обединиле во народи, постоело истото уредување какво што се развило кај Грците од херојското време и кај Римјаните од таканареченото кралско време: народно собрание, совет на гентилните старешини, војсководец кој се стреми кон вистинска кралска власт. Тоа било најсовршено уредување што воопшто можело да се развие во гентилниот строј; тоа било примерно уредување на вишото стапало на варварството. Ако општеството ги пречекорило границите во рамките на кои ова уредување задоволувало, тогаш тоа бил крај на гентилниот строј; тој се распаднал, додека на негово место дошла државата.



Фусноти

[1] Кон четвртото издание. За време престојот од неколку дена во Ирска повторно видов колку тамошниот селски народ уште живее со претставите на гентилното време. Земјосопственикот чиј закупец е селанец, претставува за овега сѐ уште еден вид старешина на кланот, чија должност е да ја управува земјата во интерес на сите, на кого селанецот има да му плаќа данок во форма на закупнина, но од кого треба да добие помош во случај на нужда. Исто така секој што е поимашлив е должен да им помогне на своите сиромашни соседи штом тие попаднат во неволја. Ваквата помош не е милостина, таа претставува она што по правдина му припаѓа на посиромашниот од побогатиот член или старешина на кланот. Сфатливи се поплаките на политичките економисти и на правниците за невозможноста ирскиот селанец да се научи на поимот на модерната буржоаска сопственост: сопственоста што има само права а никакви должности на Ирецот просто напросто не му влегува вв глава. А исто така е сфатливо како Ирците кои со таквите наивни гентилни претстави одеднаш се најдат во големите англиски и американски градови меѓу население со наполно поинакви морални и правни погледи, како таквите Ирци лесно и наполно тргаат по лоши патишта, губат секаква потпора и често масовно неминовно стануваат жртва на деморализација.

[2] Особено цврстата природна врска на вујкото и сестриниот син, која произлегува од времето на мајчинското право, а која ја наоѓаме кај многу народи, позната им е на Грците единствено во митологијата на херојското време. Според Диодор (IV, 34), Мелеагер ги убива синовите на Тестиј, браќата на својата мајка Алтеја. Таа во тоа гледа толку неопростиво злосторство што то проколнува убиецот, својот роден син, и му сака смрт. „Боговите ги услишале“, како што се раскажува, „нејзините желби и му туриле крај на животот на Мелеагер“. Според истиот Диодор (IV, 44), Аргонаутите се истоваруваат под водство на Херкулес во Тракија и таму наоѓаат дека Финиј, по наговорот на својата нова сопруга, срамно ги малтретира обата свои сина што ги имал со својата изгонета сопруга Бореада Клеопатра. Но меѓу Аргонаутите има и Бореадовци, Клеопатрини браќа, според тоа, вујчевци на малтретираните. Тие веднаш се заземаат за своите деца од сестра, ги ослободуваат и ги убиваат чуварите.



Забелешки на уредувачот

[1*] Во 1884 следи: Тоа исто право -- во Северна Америка тоа е мошне често на крајниот северозапад -- важело и кај Русите, каде што го укинала големата кнегиња Олга во десеттиот век. Комунистичките домаќинства на крепосничките семејства, кои постојат сѐ до револуцијата во Франција, особено во Ниверне и Франш-Конте, слични на словенските семејни задруги во српскохрватските области, исто така се останки од некогашната гентилна организација. Тие уште сосема не изумреле, на пример, кај Луаните (Сона и Лоара) може да се види уште множество на големи, необично градени селски куќи со заедничка централна просторија и спални соби околу неа, во кои живеат повеќе генерации на истото семејство.

[2*] Понатамошниот текст до пасусот: Како кај Мексиканците и Грците... (стр. 156) е искажување кое го проширил Енгелс во 1891 година. Тоа во 1884 година гласело вака: се вршело уште во генсови. Во аламанското народно право од осмиот век генеалогија се изедначува токму со марка; така што овдека гледаме еден германски народ, и тоа џак Суарите, населени во родови, тенсови, а на секој генс му е доделена една определена област. Кај Бургундците и Лонгобардите генсот се викал fara, а називот за гентилните другари (faramanni) се употребува во бургундското народно право наполно во истата смисла како и кај Бургундците, наспроти романското население, кое, се разбира, не било вклучено во бургундските генсови. Значи, и во Бургундија доаѓало до делба на земјата по генсови. Така се решава прашањето за фараманите околу кое германските правници стотина години си ја чукале главата. Тој назив за генс тешко важел како општ кај Германците, при се што овдека го наоѓаме кај еден народ од готско така и кај друг народ од херминонско (високогерманско) потекло. Во германскиот јазик има мошне голем број јазички корени што се употребуваат за роднинство и тие се користат подеднакво и за изрази кои, како што можеме да претпоставиме, имаат врска со генсот.