Како се развивала државата, делум преобразувајќи ги органите на гентилното уредување, делум истиснувајќи ги по пат на воведување нови органи и, најпосле, наполно заменувајќи ги со вистински државни установи, додека на местото на вистинскиот „народ под оружје“, кој самиот себеси си се заштитувал во своите генсови, фратрии и племиња, дошла вооружената „јавна власт“ која им била потчинета на овие државни установи, та можела, значи, да се употреби и против волјата на народот -- сето тоа ние не можеме, барем во почетниот стадиум, да го следиме нигде подобро одошто во стара Атина. Преобразувањата на формите ги опишал главно Морган, а економската содржина која ги раѓа овие промени морам самиот во шоголем дел да ја придодадам.
Во херојското време четирите племиња на Атињани населувале сѐ уште одделни области од Атика; дури и дванаесетте фратрии што ги составувале, се чини, имале уште одделни седишта во дванаесетте градови на Кекропс. Управувањето им било истото како во херојското време: народно собрание, народен совет, базилевс. До каде што досега пишуваната историја, земјата веќе била разделена и претворена во приватна сопственост, во сообразност со веќе сразмерно развиеното: стоковно производство и на него соодветната стоковна трговија, кон крајот на вишото стапало на варварството. Покрај жито се произведувало вино и масло; морската трговија на Егејското Море сѐ повеќе им се одземала на Феничаните и во поголем дел минувала во рацете на Атињаните. Со купувањето и продавањето на земјишните поседи, со понатамошното одвивање на поделбата на трудот меѓу земјоделството и занаетчиството, трговијата и поморството, членовите на генсовите, на фратриите и племињата морале наскоро да се испомешаат, дистриктот на фратријата и на племето морал да се здобие со жители, кои, иако оонародници, сепак не им припаѓале на овие тела, кои, значи, биле туѓи во сопственото место на живеењето. Зашто во мирно време секоја фратрија и секое племе сами ои управувале со своите работи, без да се обраќаат во Атина до народното собрание. Но, оној што живеел во областа на фратријата или на племето на кои не им припаѓал не можел, се разбира, да земе учество во таа управа.
Со тоа уредното функционирање на органите на гентилното уредување било нарушено така што веќе во херојското време морало да се бара помош. Бил воведен уставот што му се припишувал на Тезеј. Промената пред се се состоела во тоа што во Атина била установена централна управа, т.е. дел од работите, кои дотогаш племињата ги воделе самостојно, бил прогласен за заеднички и пренесен на заедничкиот совет што имал седиште во Атина. Со тоа Атињаните отишле еден чекор понатаму отколку што го изминал кој и да е домороден народ во Америка; на местото на простиот сојуз на племиња што живеат едно покрај друго, ее дошло до претопување во еден народ. Со тоа изникнало општото атинско народно право, кое стоело над правните обичаи на племињата и генсовите; атинскиот траѓанин, како таков, се здобил со определени права и со нова правна заштита и во областа каде што бил племенски туѓ. Но со тоа бил сторен прв чекор за поткопување на гентилниот строј; зашто тоа бил првиот чекор кон подоцнежното примање на граѓаните, кои во цела Атика биле племенски туѓи, кои биле и останале наполно надвор од гентилниот строј. Втората установа што му се припишувала на Тезеј била поделбата на сиот народ, без обзир на генсот, фратријата или племето, на три класи: евпатриди или благородници, геомери или земјоделци и демијурзи или занаетчии, и предоставувањето исклучително право на заземање службени должности на благородниците. Оваа поделба, вистина, останала без дејство, со исклучок на заземањето на должности од страна на благородништвото, зашто инаку не е установена никаква правна разлика меѓу класите. Но таа е важна зашто ни ги открива новите општествени елементи што незабележливо се развиле. Таа покажува дека влезеното во обичај заземање гентилни должности од извесни семејства веќе се изтрадило во едно малку оспорувано право на тие семејства на должностите, дека тие семејства, и така моќни поради богатството, почнале да се собираат, надвор од своите генсови, во посебна привилегирана класа и дека државата, која штотуку изникнувала, ги посветила овие претензии. Таа покажува, понатаму, дека поделбата на трудот меѓу земјоделците и занаетчиите веќе толку зајакнала што го направила спорно општественото значење на старото разделување на генсови и племиња. Таа, најпосле, прокламира непомирлива спротивност меѓу гентилното општество и државата; првиот обид за изградување на државата се состои во тоа генсовите да се раскинат, делејќи ги нивните членови на привилетирани и непривилегирани, а последниве пак на две класи според занимањето противставувајќи ги така една на друга.
Понатамошната историја на Атина до Солон е само непотполно позната. Должноста на базилевсот почнала да запаѓа; на врвот на државата застанале арконти избрани од благородништвото. Власта на благородмиштвото се повеќе се засилувала додека околу 600 година пред нашето сметање на времето не станала неподнослива. А так главно средство за задушување на отштата слобода биле парите и лихварството. Главното престојувалиште на благородништвото било во и околу Атина, каде што поморската трговија, покрај гусарството, кое се практикувало се уште во некои случаи, го богатела благородништвото и го концентрирала паричното богатство во негови раце. Оттука паричното стопанство што се развивало, проникнувало како разјадувачка киселина, во од старо време дојдениот начин на живот на селските општини што се засновувал врз натуралното стопанство. Гентилниот строј е апсолутно неповрзлив со паричното стопанство; руинирањето на атичките ситни селани се совпаѓало со слабеењето на старите гентилни врски што нив ги штителе. Обврзниците и заложувањето на имотите (зашто и хипотеката Атињаните веќе ја имаа измислено) не ти почитувале ниту генсот ниту фратријата. А стариот гентилен строј не знаел ни за пари ни за аванс, ни за аконтација, ни за паричен долг. Затоа паричното владеење на благородништвото што сѐ побујно се ширело, изградило и едно ново обичајно право за да го осигура доверителот од должникот, за да се освети експлоатацијата на ситниот селанец од сопствениците на пари. Атичките полиња вриеле од заложни столбови на кои пишувало дека имотот, на кој се наоѓал овој столб, му е даден во залог на тој и тој за толку и толку пари. Нивите што не биле така обележени биле во поголемиот дел веќе продадени заради хипотеки и интереси на кои им минал рокот и минале во сопственост на блатородните лихвари; селанецот можел да биде задоволен, ако му дозволеле да остане на парцелата, како закупец, и да живее од една шестина од приходот на својот труд, додека пет шестини морал да му плаќа на новиот сопственик како закуп. Нешто повеќе. Ако износот од продаденото парче земја не стасуваше за покритие на долгот или ако овој долг не бил обезбеден со залог, тогаш должникот морал да ги продава своите деца во странство во ропство за да го исплати долгот. Продажба на децата од татковците -- тоа бил првиот плод на татковското право и на моногамијата! А ако крвопиецот и со тоа не бил задоволен, тогаш тој можел да го продаде како роб самиот должник. Тоа е светлата мугра на цивилизацијата кај атинскиот народ.
Порано, кога условите на народот уште му соодветствувале на родовскиот строј, таквиот преврат не бил можен; а сега беше сторен, но без да се знае како. Да им се вратиме за момент на нашите Ирокези. Таму не можело ни да се замисли состојба што сега им се наложувала на Атињаните, така да се каже, без нивното учество и сигурно против нивната волја. Нивниот начин на производство на средствата за живот, кој од година на година останувал ист, не можел да произведува такви, како однадвор наложени, конфликти, на спротивност меѓу богатиот и сиромавиот, експлоататорот и експлоатираниот. Ирокезите биле уште далеку од тоа да загосподарат со природата, но во рамките на природните граници што важеле за нив тие господареле со своето сопствено производство. Не земајќи ги предвид лошите жетви во нивните градинки, исцрпувањето на рибите во нивните езера и реки или на дивечот во нивните шуми, тие знаеле до што ќе дојдат со својот начин на здобивање со средства за живот. Она до што морало да се дојде -- биле средствата за живот, поскудни или поизобилни; но она до што никогаш не можело да се дојде тоа биле непредвидените општествени преврати, раскинувањето на гентилните врски, разделувањето на гентилните и племенските другари на спротивни класи што меѓусебно се борат. Производството се движело во најтесни рамки, но производителите владееле со својот сошствен производ. Тоа било огромното предимство на варварското производство, а задача на следните поколенија е повторно да го освојат врз основа на сега постигнатото силно владеење над природата од страна на човекот и на слободната асоцијација што сега стана можна.
Поинаква била работата кај Грците. Настанатата приватна сопственост на стадата и луксузните артикли довела до размена меѓу поединци, до претворање на производите во стока. А во тоа е никулецот на сиот послежен преврат. Штом производителите непосредно сами не го трошеле повеќе својот производ, туку почнале да го даваат од рака во рака во размена, тие ја изгубиле власта над него. Тие повеќе не знаеле што Ќе биде со него, та постоела можност производот еднаш да се употреби против производителите за нивна експлоатација и угнетување. Затоа ниедно општество кое не ја укинало размената не може долго да ја задржи власта над своето сопствено производство и контролата над општествените последици на својот процес на производството.
Но колку брзо по настанувањето на размената меѓу поединци и оо претворањето на производите во стоки, производот ја пројавува својата власт над производителите -- тоа Атињаните морале да го искусат на својата кожа. Со стоковното производство се појавило обработувањето на земјата од поединци за своја сметка, а со тоа набргу и земјишната сопственост на поединци. Се појавиле, понатаму, парите, општата стока со која можеле да се разменуваат сите други; но кога луѓето ги изнашле парите, тие не мислеле дека со тоа создале пак нова општествена сила, онаа една општа сила пред која сето општество ќе мора да се свитка. И владеењето на оваа нова сила, кое ненадејно изникнало без знаењето и волјата на своите творци го почувствувале Атињаните, во сета бруталност на неговата младост.
Што требало да се стори? Стариот гентилен строј не само што се покажал немоќен против победничкиот поход на парите, туку бил неспособен во своите рамки дури и да најде место за такво нешто како пари, доверители и должници. Но нова општествена сила веЌе постои, и благочестивите желби, копнежот за да се вратат старите добри времиња не можеа да ги изгонат од светот ни парите ни лихварството. А, згора на тоа, беа сторени низа други, второстепени пробиви во гентилниот строј. Гентилните другари и фратори по целата атичка област, особено во самиот град Атина, беа од поколение до поколение се поизмешани, при сѐ што и сега Атињанинот смеел да си го продава имотот надвор од својот генс, но не и својата куќа за живеење. Со напредокот на индустријата и трговските врски се попотполно се развивала поделбата на трудот меѓу различните производствени гранки: земјоделството, занаетите, а во самиот занает пак меѓу безбројните подвидови, трговијата, поморството итн.; населението ое делеше сега по своите занимања на прилично цврсти групи, од кои секоја имала низа нови заеднички интереси кои не го засегале генсот и фратријата, та беа неопходни нови установи за водење грижа за нив. Бројот на робовите значително ое наголемил и Ќе морал уште тогаш каде-каде да го надмине бројот на слободните Атињани; гентилниот строј првобитно не знаел за ропство, та, значи, ни за средство за зауздување на оваа маса неслободни. И, најпосле, трговијата довела во Атина множество туѓинци кои таму заради полесно здобивање со пари се населиле и кои, според старото уредување, биле лишени од права и заштита и, без оглед на старата трпеливост, останале во народот туѓ елемент што пречи.
Накусо, на гентилниот строј му се ближел крајот. Општеството секојдневно го надраснувало; дури и најлошите зла, што настанале пред негови очи, не можел тој ни да ги спречи ни да ги отстрани. Но државата во меѓувреме незабележливо се развила. Нови групи изникнати со поделбата на трудот најнапред меѓу градот и селото, потоа меѓу различните гранки на градскиот труд, создале нови органи за заштита на своите интереси; биле установени должности од сите видови. А потоа на младата држава и била потребна, пред се, сопствена сила која кај Атињаните, како поморци, можела да биде пред се само поморска сила за одделни мали војни и за заштита на трговските бродови. Во непознато време пред Солона се установиле наукарии, мали територијални околии, дванаесет во секое племе; секоја наукарија морала да набави опреми и да снабди со посада еден воен брод и, освен тоа, да даде уште два коњаника. Оваа установа двојно го поткопувала гентилниот строј. Прво, со тоа што создала јавна власт која веќе не совпаѓала со целоста на вооружениот народ; второ, со тоа што првпат за јавни цели го делела народот, не по роднински групи, туку по заедничките места на престојувањето. Ќе се види какво значење имало тоа.
Бидејќи гентилниот строј не можел да му укаже никаква помош на експлоатираниот народ, тоа останала само државата што се создавала. И таа му укажала помош со Солоновиот устав, со кој таа истовремено зајакнала за сметка на стариот строј. Солон -- овдека нас не нѐ интересира начинот на кој е спроведена реформата негова, која се паѓа во 594 година пред нашата ера -- отвори низа таканаречени политички револуции, и тоа со зафат во односите на сопственоста. Оите досегашни револуции беа револуции за заштита на еден вид сопственост наспроти друг вид сопственост. Во големата француска револуција беше жртвувана феудалната сопственост за да се спаси буржоаската; во Солоновата револуција сопственоста на доверителите морала да отстапи во корист на сопственоста на должниците. Долговите биле просто прогласени за неважечки. Подробностите не ни се точно познати, но Солон во своите стихотворби ни се фали дека ги отстранил заложните столбови од задолжените имоти и дека пи вратил оние што поради долговите биле продадени или побегнале во странство. Ова било можно единствено со отворена повреда на сопственоста. И, навистина, сите таканаречени политички револуции, од првата до последната, биле извршени за заштита на сопственоста од еден вид и се спроведени со конфискација, наречувана и кражба, на сопственост од друг вид. Така излегува дека е вистина, оти во текот на две и пол илјади години приватната сопственост можела да ое одржи само со повредување на сопственоста.
Меѓутоа, сега беше неопходно да се спречи повторување на таквото поробување на слободните Атињани. Тоа се постигнало најнапред со општи мерки, на пример, оо забрана на договори за заем со кои се дава во залог личноста на должникот. Понатаму, била утврдена максимална големина на земјата што поединец може да ја има, за на алчноста на благородниците по земјата на селаните да и се тури некоја граница. А потоа дојдоа уставните промени. За нас се најважни овие:
Советот се зголемил на 400 членови, по сто од секое племе; овдека, значи, племето уште било основа. Но тоа било и она единственото што од стариот строј влегло во новото државно тело. Зашто, колку за она другото, Солон ги раздели граѓаните во четири класи според нивниот земјишен посед и приходот од него; 500, 300 и 150 медимни жито (1 медимн = околу 41 литар) биле минималните приходи на првите три класи; оној што имал помалку или што немал никаков имот ѝ припаѓал на четвртата класа. На сите должносни места можеле да доаѓаат само припадниците на највишите три класи, а на највишите должности само припадниците на првата класа; четвртата класа имала само право на збор и глас во народното собрание, но тука биле избирани сите должносни лица, тука тие полагале сметка, тука биле донесувани сите закони, и тука четвртата класа имала мнозинство. Аристократските привилегии биле делум обновувани во формата на привилегии на богатството, но народот ја задржал решавачката сила. Понатаму, четвртата класа ја чинела основата на новата организација на војската. Првите две класи ја давале коњицата; третата служела како тешка пешадија; четвртата како лесна, неоклопена пешадија, или во морнарицата, и во тој случај, била, веројатно и платена.
Овдека, значи, во уставот бил внесен еден нов елемент: приватната сопственост. Правата и обврските на граѓаните се одмерувале според големината на нивната земјишна сопственост, и доколку имотните класи се здобиваат со влијание, дотолку се потиснати старите тела на крвното роднинство; гентилниот строј претрпе нов пораз.
Одмерувањето на политичките права според имотот не било, меѓутоа, никаква установа без која државата не може да постои. При се што тоа имало голема улога во уставната историја на државите, сепак имало многу држави, и тоа најпотполно развиени, на кои тоа не им било потребно. Тоа и во Атина имало само преодна улога; од времето на Аристид на секој граѓанин му биле достапни сите должности. За време на следните осумдесет години атинското општество постепено земало правец по кој понатаму ќе се развива во текот на идните векови. На разбујатеното лихварство со земја од пред Солон му се ставило резе, а исто така и на безмерната концентрација на земјишната сопственост. Трговијата и занаетите, вклучувајќи ти и уметничките занаети, што се развивале во сѐ поголем обем со употребата на трудот на робовите, станувале владејачки стопански гранки. Луѓето станале попросветени. Наместо да ги експлоатираат на првобитниот брутален начин своите сограѓани, тие предимно ги експлоатирале робовите и муштериите надвор од Атина. Подвижната сопственост -- паричното богатство и богатството робови и бродови --- растела сѐ повеќе, но таа повеќе не била просто средство за здобивање на земјишна сопственост, како во првото, неразвиено време, туку станала цел сама себеси. Со тоа, од една страна, со новата класа на богати индустријалци и трговци растел победничкиот соперник на старата благородничка моќ, а, од друга страна, на остатоците на стариот гентилен строј му била одземена и последната почва. Генсовите, фратриите и племињата кои сега живееле расфрлени и наполно испомешани по сета Атика, станале, следствие на тоа, наполно негодни за политички тела; множеството атински граѓани не му припаѓале на ниеден генс, тие биле имигранти кои, навистина, добиле право на граѓанство, но не биле примени во ниедна од старите родовски заедници; покрај нив постојано растел бројот на странски имигранти кои имале само право на заштита.
Во меѓувреме продолжувале партиските борби: благородништвото настојувало да си ги врати своите поранешни привилегии и повторно се здобило со превласт за кусо време, додека дефинитивно не го урнала Клистеновата револуција (509 година пред нашата ера), а со него и последниот остаток од гентилниот строј.
Клистен во својот устав ги игнорира четирите стари племиња основани врз генсови и фратрии. На нивно место дошла сосема нова организација врз основа на поделбата на граѓаните според самото место на населеноста, поделба со која се направил обид во наукариите. Повеќе не решавала припадноста на родовските заедници, туку само местото на живеење; повеќе не бил делен народот, туку територијата, а жителите станале во политичка смисла само придатоци на територијата.
Сета Атика била разделена на сто општински околии, деми, кои имале самоуправа. Граѓаните (demotes), населени во одделен демос, избирале свој старешина (demarch) и благајник, како и триесетмина судии со право да судат помали спорови. Тие исто така добивале сопствен храм и бог заштитник или херој, чии свештеници ги избирале. Највисока власт во демата било собранието на демотите. Како што Морган правилно забележува, тоа бил прототип на американската самоуправна градска општина. Модерната држава во својот највисок развиток завршува со истата единица со која почнала државата при настанувањето во Атина.
Десет од овие единици, деми, формирале племе, кое, меѓутоа, сега е наречено територијално племе, за разлика од старото родовско племе. Територијалното племе не било само самоуправно политичко тело, туку и воено; тоа избирало филарх или племенски старешина кој ја командувал коњицата, таксиарх, кој ја командувал пешадијата и стратег, кој ја командувал севкупната војска регрутирана на подрачјето на племето. Тоа, понатаму, опремувало пет воени брода заедно со екипажот и заповедникот, и како светец-заштитник добивало еден атински херој, според кој се викало. Најпосле, тоа избирало педесет претставници во атинскиот совет.
Сето ова завршувало со атинската држава, со која владеел совет составен од петстотини избрани претставници на десетте племиња, а во последна инстанција -- народното собрание, каде што секој атински граѓанин имал пристап и право на глас; кон тоа архонтите и другите чиновници ја вршеле работата на разните управни гранки и судската власт. Во Атина немало врховен чиновник на извршната власт.
Со воведувањето на овој нов устав и со допуштањето на мошне голем број штитеници, делум доселници, делум ослободени робови, од јавните работи биле отстранети органите на гентилниот строј; тие се принижиле до приватни здруженија и верски заедници. Но моралното влијание, традиционалниот начин на мислење на старото гентилно време се наследувал уште долго и изумирал одвај постепено. Тоа се покажа на една подоцнежна државна установа.
Видовме дека суштествениот белег на државата се состои во јавната власт што не совпаѓа со народната маса. Во тоа време Атина имала само народна војска и морнарица која народот непосредно ја опремувал; тие ја заштитувале од надворешните непријатели и ги држеле во покорност робовите кои веќе тогаш претставувале големо мнозинство од населението. Јавната власт спрема граѓаните постоела отпрво како полиција, која е исто толку стара колку и државата, поради што наивните Французи од XVIII век не зборувале за цивилизирани народи туку за полуцивилизирани народи (nations policées). Значи, Атињаните истовремено со својата држава установиле и полиција, вистинска жандармерија составена од стрелци -- пешаци и коњаници -- Landjäger, како што се вели во јужна Германија и Швајцарија. Но оваа жандармерија била формирана од робови. На слабодниот Атињанин оваа пандурска служба му била толку понижувачка што тој поскоро допуштал да биде апсен од вооружен роб отколку самиот да се понижи до такво едно срамотно дело. Тоа се уште било старото гентилно разбирање. Државата не можела да постои без полиција, а таа била уште млада и немала доволно морален авторитет за да го стори морално вреден еден занает кој на старите гентилни другари им се чинел бездруго гнасен.
Колку многу државата, веќе оформена во своите главни црти, ѝ одговарала на општествената положба на Атињаните се гледа од брзиот процут на богатството, трговијата и индустријата. Класната спротивност врз која се засновувале општествените и политичките установи, не била повеќе спротивност меѓу благородништвото и простиот народ, туку меѓу робовите и слободните, меѓу штитениците и граѓаните. Во времето на најголемиот процут севкупното атинско слободно граѓанство, вклучувајќи ги жените и децата, изнесувало 90.000 души, покрај тоа 360.000 робови од обата пола и штитеници -- туѓинци и ослободеници. На секој возрасен граѓанин доаѓале, најмалку, 18 робови и повеќе од два штитеника. Бројот на робовите бил толку голем, бидејќи многумина од нив работеле заедно во мануфактури во големи простории под надзор на надгледници. Но со развитокот на трговијата и индустријата доаѓа до акумулација и концентрација на богатството во малку раце, до осиромашување на маса слободни граѓани на кои им претстоел изборот: или со својот сопствен занаетчиски труд да му конкурираат на трудот на робовите -- што ое сметало за срамно, ниско а и веќавало малку успех, или пак да се претворат во голтари. Тие врвеа -- при тогашните услови неизбежно -- по вториов пат, а бидејќи ја сочинувале масата од населението, тие со самото тоа ја вовлекле во пропаст целата атинска држава. Демократијата не ја упропасти Атина, како што тоа го тврдат европските даскали, владетелските вртиопашки, туку ропството кое го презирало трудот на слободните граѓани.
Настанувањето на државата кај Атињаните претставува особено типичен образец на создавањето на државата воопшто, зашто тоа се развива, од една страна во сосема чиста форма, без мешање на надворешно или на внатрешно изнасилување -- узурпацијата на Пизистрат не остави никаква трага од своето кратко постоење зад себе, а од друга страна, што покажува како со мошне високо развиена форма, демократска република, непосредно произлегла од гентилното општество, и, најпосле, што сме доволно запознати со сите суштински подробности.