Фридрих Енгелс
Потеклото на семејството, приватната сопственост и државата


IV
Грчкиот генс

Грците, како и Пелазгите и другите народи од исто потекло, веќе во предисториско време биле подредени по истиот органски ред како и Американците: генс, фратрија, племе, сојуз на племиња. Фратрија можело да нема, како кај Дораните, сојуз на племиња можело уште да не биде формиран насекаде, но во сите случаи генсот бил единицата. Во времето кога се јавуваат во историјата, Грците се на прагот на цивилизацијата; меѓу нив и американските племиња, за кои горе стана збор, лежеле речиси два цели развојни периоди за кои Грците од херојското време биле пред Ирокезите. Генсот на Грците, поради тоа, не е никако повеќе оној архаичен генс на Ирокезите, печатот на групниот брак почнува забележително да се брише; мајчинското право му го отстапи местото на татковското право; со тоа приватното богатство, кое е на показ, го направило својот прв пробив во гентилното уредување. Вториот пробив бил последица на првиот: бидејќи по воведувањето на татковското право имотот на богатата наследничка преминувал при нејзината мажачка на нејзиниот маж, значи во еден друг генс, тоа се уривала основата на целото гентилно право, и не само што се дозволувало, туку и се налагало во тој случај девојката да се мажи во рамките на својот генс за да остане имотот во него.

Според Историјата на Грција од Гроте, атинскиот генс посебно се крепел врз следниве основи:

1. Заедничките религиозни празненства и исклучителното право на свештенството да врши обреди во чест на еден определен бог, божем родоначалник на генсот, кој во тоа својство бил означен со посебен прекар.

2. Заедничкото место за погреб (Сп. Демостеновата „Eubulides“).

3. Правото на заемно наследување.

4. Заемната обврска на помош, заштита и поддршка во случај на насилство.

5. Заемното право и обврска во извесни случаи да се стапи во брак во рамките на генсот, тоа особено се однесува до девојка останата сираче или наследница.

6. Поседувањето, барем во некои случаи, заедничка сопственост со сопствен архонт (старешина) и ризничар.

Потоа, обединувањето во фратрија поврзувало повеќе генсови, но не толку цврсто; сепак и овдека наоѓаме заемни права и должности, особено заедничко вршење извесни религиозни обреди и право на одмазда во случај на убиство на член на фратријата. Сите фратрии од едно племе имале пак заеднички, регуларно повторувани свети празненства под претседателство на тиа избраниот меѓу благородниците (евпатриди) phylobasileus (племенски старешина). Толку Грот.

А Маркс додава: „И низ грчкиот генс очигледно ѕирка дивјакот (на пример, Ирокезот).“ Тој ќе се здогледа уште подобро, ако го продолжиме испитувањето.

Всушност, на грчкиот генс му се својствени и следниве црти:

7. Потеклото според татковското право.

8. Забраната на склучување брак во рамките на генсот освен во случај на наследничка.

Овој исклучок и неговото формулирање како наредба потврдуваат дека старото правило уште важело. Ова исто така произлегува од општоважечкото правило дека жената, мажејќи се, се откажувала од. релиписките обреди на својот генс и преминувала на обредите на својот маж, во чија фратрија таа и се запишувала. Според тоа, а исто така и по едно прочуено место кај Дикајарх, правило било склучување на брак надвор од генсот. И Бекер во „Харикле“ токму претпоставува дека никој не смеел да склучи брак во рамките на својот генс.

9. Правото на адопција во генсот; тоа станувала со адопција во семејството, но со јавни формалности и само како исклучок.

10. Правото да се избираат и сменуваат старешините. Знаеме дека секој генс имал свој архонт, но никаде не е речено дека таа должност во извесни семејства е наследна. До крајот на варварството, треба да се претпостави, немало строга наследност која е сосема некомпатибилна со состојбата во која богатите и сиромасите имаат наполно еднакви права.

Не само Грот, туку и Нибур, Момсен и сите други досегашни историчари на стариот век не излегле на крај со генсот. При сѐ што правилно забележале многу негови белези, тие постојано во него гледале група семејства и со тоа себеси си оневозможувале да ги сфатат природата и потеклото на генсот. Семејството во гентилниот строј никогаш не било и не можело да биде организациона единица, бидејќи мажот и жената припаѓале неизбежно на два различни генса. Генсот целосно влегувал во фратрија, а фратријата во племе; семејството влегувало наполу во генсот на мажот наполу во генсот на жената). Ни државата во јавното право не признава никакво семејство; тоа сѐ до ден-денеска постои само за приватното право. А сепак, сета наша досегашна историографија поаѓа од апсурдната претпоставка, која особено во XVIII век станала неприкосновена, дека моногамското, единично семејство, кое одвај ли е постаро од цивилизацијата, било онаа јатка околу која постепено се кристализирале општеството и државата.

„На господин Грот треба понатаму да му се забележи“, додава Маркс, „дека, при сѐ што Грците ги изведуваат од митологијата, генсовите се постари од митологијата која тие самите си ја создале заедно со нејзините богови и полубогови.“

Морган милува да го цитира Грот, зашто тој е угледен и покрај тоа сведок во кого не може да име обмневање. Тој понатаму раскажува дека секој атински генс имал име изведено од неговиот божемен родоначалник, дека пред Солон во сите случаи, а по Солон при отсуство на тестамент, умрениот го наследувале гентилните другари (gennetai), а при случај на убиство гонењето на престапникот пред судовите било право и должност прво на роднините, потоа на гентилните другари и најпосле на членовите на фратријата на убиениот:

„Сето она што го знаеме за најстарите атински закони се засновува вра поделбата на генсови и фратрии.“

Потеклото на генсовите од заеднички предци им задало многу главоболки на „школски учените филистри“ (Маркс). Бидејќи тие, се разбира, изјавуваат дека гаедничките предци се чисти митови, тие просто напросто никако не можат да си го објаснат настанувањето на генсот од еднододруги, првобитно сосема несрод"они семејства, а сепак мораат тоа да го сторат само за да го објаснат постоењето на генсот. "Така тие остануваат во вителот од зборови, не успевајќи да отидат подалеку од тврдењето: родословјето е навистина сказна, но генсот е стварност и на крајот кај Грот излегува следново (со уфрлувања на Маркс):

Ние мошне ретко слушаме за тоа родословје, зашто тоа се изнесува пред јавноста само во извесни, особено свечени случаи. Но незначителните родови имале свои заеднички обреди“ (чудна работа, господине Грот!) „и заеднички натчовечки радоначалник и родословје сосема како и познаменитите (навистина чудно, господине Грот, кај понезначителните генсови) „кај сите беа исти основниот план и идеалната основа (почитуван господине, не идеална, туку, карнална, просто речено -- плотска!).

Моргановиот одговор на ова Маркс го резимира вака:

„Системот на крвното роднинство соодветен на генсот во неговата првобитна форма -- а Грците, како и другите смртници, некогаш ја имале оваа форма -- осигурувал познавање на меѓусебните роднински врски на сите членови на генсот. Ова познавање што било за нив од решавачка важност, тие го учеле во практиката од детството. Со моногамското семејство тоа било заборавено. Генсовото име создавало родословје, покрај кое родословјето на единичните семејства изгледало безначајно. Тоа гентилно име требало сега да го зачува фактот на заедничкото потекло на сите оние што го носат; но родословјето на генсот одело толку далеку наназад што неговите членови не можеле повеќе да го докажат своето заемно вистинско роднинство, освен во ограничен број случаи кај подоцнежните општи предци. Самото име било доказ на заедничкото потекло, и тоа е беспорен доказ, со исклучок на случаите на адопција. Напротив, фактичкото негирање на секое роднинство меѓу гентилните другари, како што тоа го прават Грот и Нибур, кое го претвора генсот во измислена и испоетизирана творба, е достојно на „идеалните“, т.е. кабинетски искривоколчени учени луѓе. Бидејќи заверижувањето на поколенијата, особено со настанувањето на моногамијата, било потиснато во далечното минато и што изминатата стварност наоѓа одраз во фантастичните творби на митологијата, заклучувале и заклучуваат филистрите -- чесни мажје, дека фантастичкото родословје ги создало вистинските генсови!“

Фратријата, како и кај Американците, била матичен генс што се раскинал на повеќе генсови-подници кои ги обединувал и кој често уште ги изведувал сите нив од заедничкиот родоначалник. Така, според Грот:

„сите истовремени членови на фратријата на Хекатеј имале еден ист бог како родоначалник во шеснаесеттото колено“.

сите генсови на оваа фратрија, значи, биле буквално братски генсови. Фратријата кај Хомер се среќава како воена единица во прочуеното место каде што Нестор го советува Агамемнона: распредели ги луѓето по племиња и фратрии, за фратријата да ѝ помогне на фратрија, а племето на племе. -- Инаку фратријата имала право и должност да го гони сторителот на убиство врз член на фратријата, значи во порано време и обврска на крвна одмазда. Понатаму, заеднички оветињи и празници, како што е општо и изградбата на севкупната грчка митологија од традиционалниот ариевски култ на природата суштински условена од генсовите и фратриите во рамките на кои таа и се збиднувала. Понатаму таа имала свој старешина (phratriarchos) и, според де Куланж, заеднички собранија и право за донесување задолжителни решенија, судска власт и управа. Дури и подоцнежната држава, која го игнорирала генсот, ѝ оставила на фратријата некои јавни функции.

Повеќе фратрии сочинувале племе. Во Атика имало четири племиња, секое од по три фратрии од кои секоја имала триесет генса. Такво заокружување на груците претпоставува свесно, планско вмешување во стихијно настанатиот поредок. Како, кога и зошто се има случено ова, за тоа молчи грчката историја, за која самите Грци имале зачувано спомен само до херојското време.

Разликите во дијалектите кај Грците, тесно збиени на сразмерно мала област, биле помалку развиени отколку во пространите американски шуми; сепак и овдека наоѓаме само племиња од истото главно наречје. обединети во една поголема целост, и дури во малата Атика еден посебен дијалект кој подоцна станал владејачки, како општ јазик на прозата.

Во поемите на Хомер во повеќето случаи ги наоѓаме грчките племиња веќе обединети во мали народности, во рамките на кои, меѓутоа, фратриите м племињата ја зачувале наполно својата самостојност. Тие веќе живееле во градови затврдени со зидови; бројот на населението растел со проширувањето на стадата и полјоделството и со почетоците на занаетите; ко тоа растеле имотните разлики а со нив аристократскиот елемент во рамките на старата природно изникната демократија. Одделни народности воделе непрестајни војни за поседнување на најдобрите парчиња земја, а исто така заради пљачка; ропството на воените пленици веќе била призната установа.

Овие племиња и народности ја имале следнава ортанизација:

1. Постојан орган на власт бил совет (boulè) составен првобитно бездруго од старешините на генсовите, а подоцна, кога нивниот број премногу нараснал, од посебно избрани, што дало згода за формирање и јакнење на аристократскиот елемент, како што Дионисиј зборува дека токму во херојското време советот бил составен од угледни лица (kratistoi). Советот донесувал конечни решенија за важните прашања. "Така советот на Теба, кај Есхил, за дадената состојба на работите ја донесол решавачката одлука Етеокле да се закопа со почести, а телото на Полиник да им се фрли на кучињата. Кога била установена државата, овој совет се претворил во подоцнежниот сенат.

2. Народно собрание (agora). Кај Ирокезите видовме дека народот, мажите и жените, стојат околу собраниот совет, на установен начин земаат учество во расправите и така влијаат врз неговите решенија. Кај хомеровските Грци ова „сколустоење“ (umstand), да го употребиме старогерманскиот судски израз, веќе се развило во потполно народно собрание, како што беше случај и кај Германците од старо време. Советот го свикувал собранието за решавање на важни прашања; секој човек можел да земе збор. Решение се донесувало со дигање на рака (Есхил во „Прибегнички“) или со извици. Тоа било суверено во последната инстанција, зашто, вели Шеман („Griechische Alterthümer“):

„ако станува збор за работа, за чие исполнување се бара содејство на народот, Хомер не ни укажува на никакво средство со кое народот би можел да се принуди на тоа против своја волја.“

Зашто, во тоа време, кога секој член на племето бил воин, уште немало власт изделена од народот која да може да му се противстави. Стихијната демократија била во полн процут, и тоа мора да остане излезна точка за проценувањето на власта, како на народот така и на базилевсот.

3. Војсководач (basileus). Овдека Маркс забележува: „Европските научници, повеќето родени лакеи на владетелите, прават од базилевсот монарх во модерна смисла." Против тоа протестира јенки-републиканецот Морган. Тој зборува мошне иронично, но верно, за лигавиот Гледстон и неговиот 'Juventus Mundi':

Господин Гледстон ни ги презентира грчките водачи како кралеви и кнезови, додавајќи дека биле и џентлмени; но и самиот мора да признае: општо земено ние бе чини наоѓаме доволно, но не премногу остро определен обичај или закон за наследувањето по првородство.'“

И на самиот господин Гледстон бездруго ќе му се чини дека едно такво наследување по првородство кое не е доволно, но не и прекумногу реско ограничего со клаузули чини колку и никакво.

Видовме како стоеле работите со наследноста на „старешинството кај Ирокезите и кај другите Индијанци. Сите должносни места биле изборни во повеќето случаи во рамките на генсот и дотолку наследни во него. При упразнувањето, постепено, малку по малку, почнало да му се дава предимство на најблискиот гентилен роднина -- на братот или на сестрата, ако немало причина тој да се заобиколи. Ако, значи, кај Грците под владеењето на татковското право должноста на бакилевсеот била пренесувана по правило на синот или на еден од синовите, тогаш тоа само е доказ дека овдека било веројатно синовите да ја наследат должноста со народен избор, но никако не е доказ на правосилно наследување без народен избор. Во дадениов случај кај Ирокезите и Грците наоѓаме прв зачеток на посебни благороднички семејства во рамките на генсот, а кај Грците згора на тоа прв зачеток на идното наследно предводништво или монархија. Затоа треба да се претпостави дека кај Грците басилевсот морал да биде избран од народот или морал да биде потврден од признаениот орган -- совет или агора -- како што тоа важело за римскиот „крал“ (rex).

Во „Илијада“ повелникот на мажјето Агамемнон не се јавува како врховен крал на Грците, туку како врховен заповедник на една сојузна војска пред опседнатиот град. На тоа негово својство укажува на посоченото место Одисеј, кога меѓу Грците избувнал раздор: не е добро кога многумина заповедаат, еден нека биде заповедник итн. (при што саканиот стих со скиптарот е даден подоцна). „Одисеј овдека не држи предавање за формата на владеењето, туку бара послушност на врховниот војсководач во војната. На Грците, кои пред Троја се јавуваат само како војска, доволно демократска им е агората. Кога Ахил зборува за дарови, те. за поделбата на пленот, поделбата тој не ја доверува ни на Агамемнон ни на другите базилевси, туку на "синовите на Ахејците“, те. на народот. Предикатите: од Зевс роден, од Зевс одгледан, не докажуваат ништо, зашто секој генс потекнува од некој бог, а генсот на племенскиот старешина веќе од некој "поотмен бог" -- овдека Зевс. Дури и лично неслободните, како свињарот Евмеј и други се "божествени" (dioi и theioi) и тоа во "Одисеја" значи во многу подоцнежно време отколку Илијада; во истата таа "Одисеја" името херој му се дава дури на гласникот Мулиј и на слепиот певец Демодок. Накусо, зборот базилевс, кој Грците го употребуваат за божемното кралство (вашто главниот белег му е предводништво на војска), оо советот и народното собрание, значи само воена демократија.“ (Маркс)

Базилевсот покрај воената имал и свештеничка и судска надлежност; вторава не е поблиско определена, а првата нему му била доделена како претставник на племе или на сојуз од племиња. За граѓанска, управна власт никогаш не станува збор; тој, се чини, по службена должност бил член на советот. Затоа базилевс да се преведе со германското König е етимолошки сосема исправно, бидејќи König (Kunig) произлегува од Kuni, Künne и значи старешина на генс. Но денешното значење на никој начин не му одговара на старогрчкото базилевс. Тукидид јасно старата basileia ја наречува patrikê т.е. од генсовите изведена, и вели дека имала цврсто определени, значи ограничени овластувања. И Аристотел вели дека basileia од херојското време била предводништво над слободни луѓе и дека базилевсот бил војсководач, судија и врвен свештеник. Тој немал управувачка власт во подоцнежна смисла.

Значи, во грчкото уредување од херојското време ние ја гледаме старата организација уште како животна била, но исто така веќе и почетокот на нејзиното поткопување; татковското право за пренесување на имотот врз децата, што дејствува поволно на натрупување богатство во семејството со што семејството станува сижа наспроти генсот; повратно дејство на имотната нееднаквост врз уредувањето со формирање на првите зачетоци на наследно благородништво и кралство; ропство, отпрво само на воените пленици, но отворајќи изглед за заробување на сопствените племенски, па дури и гентилни другари; старата војна на племињата веќе се изродува во систематско разбојништво на копно и на море, за освојување на добиток, робови, сокровишта и во регуларен извор на приходи; накусо, богатството се славело и се почитувало како највишо добро, а старите гентилни уредувања се злоупотребуваат за да се оправда насилниот грабеж на богатствата. Недостасува само едно: установа која ќе ги обезбедува богатствата: на поединците не само против комунистичките традиции на гентилното уредување, која за светиња би ја прогласила не само порано толку малку ценетата приватна сопственост, и која ова посветување да го протласи за највиша цел на секоја заедница, туку која би го удирала печатот на општото општествено признание и во новите форми на стекнување на сопственост ШТО се развиваат едноподруго, значи, на се позабрзаното натолемување на богатството; установа која ќе ја овековечи не само општествената поделба на класи што започнуваше, туку и правото на имотната класа на експлоатација на сиромашната класа и владеењето на првата врз втората.

И таа установа се појави. Пронајдена е државата.