Морган, кој поголемиот дел од својот живот го мина меѓу Ирокезите, населени сѐ уште и сега во државата Њујорк, и кој бил посвоен во едно од нивните племиња (во племето ца Сенеките), нашол дека кај нив важи систем на роднинство, кој бил во противречност со нивните вистински семејни односи. Кај нив превладувала онаа лесно разрешлива од обете страни моногамија која Морган ја означува како „синдијазмичко семејство“.[1] Потомството на тој брачен пар, значи, пред целиот свет било општо познато и признато; немало никакво сомнение за тоа на кого треба да се применат називите татко, мајка, син, ќерка, брат, сестра. Но, на тоа му противречела вистинската употреба на овие изрази. Ирокезот ги нарекува свои синови и ќерки не само своите сопствени деца, туку и децата на своите браќа, а тие го нарекуваат татко. Децата на своите сестри, напротив, ги нарекува внуци и внучки, а тие него вујко. Обратно, покрај своите сопствени деца, Ирокезинката ги нарекува свои синови и ќерки и децата на своите сестри, а тие неа мајка. Децата на своите напротив, таа ги нарекува братови синови и ќерки, а тие неа своја тетка. Исто така децата на браќата се нарекуваат меѓу себе браќа и сестри, исто и децата на сестрите. Напротив, децата на една жена и децата на нејзиниот брат се нарекуваат меѓу себе братучетки. И тоа не се само празни називи, туку изрази на фактички важечките погледи на блискоста и оддалеченоста, еднаквоста и нееднаквоста на крвното роднинство; а овие погледи служат како основа за целосно изградениот систем на роднинство што бил во состојба да изрази повеќе стотици различни роднински односи на одделна индивидуа. Згора на тоа, овој систем е во полна сила не само кај сите американски Индијанци (досега се нема најдено никаков исклучок), туку исто така важи и, речиси неизменет, меѓу древните жители на Индија, кај дравидските племиња во Декан и кај племињата на Гаура во Хиндустан. Изразите на роднинството кај Тамилите и Сенека-Ирокезите во државата Њујорк се согласуваат уште и денес за повеќе од две стотици различни роднински односи. А и кај тие индиски племиња, како и кај сите американски Индијанци, роднинските односи, кои произлегуваат од постојните семејни форми, се во противречност со системот на роднинство.
А како да се објасни тоа? Со оглед на решавачката улога што ја има роднинството во општествениот строј кај сите дивјачки и варварски народи, не може значењето на овој толку распространет систем да се отстрани со фрази. Системот што е општо признат во Америка, што постои исто така во Азија кај народи од сосема различна раса, системот што се наоѓа во повеќе или помалку изменета форма насекаде во Африка и во Австралија, таквиот систем треба историски да се објасни, а не да се одрекува со фрази, како што се обиде, на пример, Макленан. Означувањата: татко, дете, брат, сестра не се никакви празни почесни титули, туку носат со себе наполно определени, мошне сериозни заемни обврски, чија целост го сочинува суштествениот дел од општествениот строј на овие народи. И објаснувањето се најде. На Сендвичките (Хавајските) Острови постоела уште во првата половина од ова столетие форма на семејство во која татковците и мајките, браќата и сестрите, синовите и ќерките, стриковците и стрините (односно вујчевците и вујните или тетките и тетините) биле точно такви какви што бара американскиот систем на роднинство. Но чудно! Системот на роднинство што важеше на Хаваите, пак, не се согласуваше со формата на семејството што фактички таму постоеше. Таму, имено, сите деца на браќата и на сестрите без исклучок се браќа и сестри и се сметаат како заеднички деца не само на својата мајка и на нејзините сестри, или на својот татко и на неговите браќа, туку и како деца на браќата и сестрите од сите родители без разлика. Ако, значи, американскиот систем на роднинство претпоставува попримитивна форма на семејството што повеќе не постои во Америка, а ја наоѓаме уште фактички на Хаваите, тоа, од друга страна, хавајскиот систем на роднинство ни укажува на уште попримитивна форма на семејство чие постоење, навистина никаде повеќе не можеме да го докажеме, но што морала да постои, зашто инаку не би можел да настане содветниот систем на роднинство.
„Семејството е, вели Морган, активен елемент; тоа никогаш не е стационарно, туку мине од една понижа кон повиша форма, во сразмер со општествениот развиток од пониско кон повисоко стапало. Системите на роднинство, напротив, се пасивни; тие само го регистрираат во долги временски интервали напредокот што семејството во текот на времето го сторило, а радикално се менуваат само тогаш кога семејството радикално се изменило.“
„Исто така”, додава Маркс, „е и со политичките, со правните, со религиските, со филозофските системи вопшто.” Додека семејството продолжува да живее, системот на роднинството се закостенува, и додека овој се одржува собразно со обичаите, него семејството го надминува. Но со истата сигурност со која Кивие можеше да заклучи врз основа на марсупијалните коски на животинскиот костур, пронајден близу Париз, дека овој костур му припаѓа на некој торбар и дека таму живееле некогаш изумрените торбари, со истата сигурност можеме да заклучиме, врз основа на историски наследениот систем на роднинство, дека постоела соодветна форма на семејство што изумрела.
Штотуку споменатите системи на роднинство и форми на семејство, се разликуваат од оние што сега владејат по тоа што секое дете има повеќе татковци и мајки. Според американскиот систем на роднинство, на кој му соодветствува хавајското семејство, братот и сестрата не можат да бидат татко и мајка на исто дете; а хавајскиот систем на роднинство претпоставува, напротив, семејство во кое тоа било правило. Овдека пред нас се низа форми на семејство што директно им противречат на оние форми што досега обично се сметани како единствено важечки. Традиционалната претстава познава само моногамија; покрај тоа за полигамија на еден маж, можеби уште за полиандрија на една жена -- но притоа премолчува, како што му прилета на филистер што морализира, дека практиката молкома но безобзирно преоѓа преку оние граници што ги поставило официјалното општество. Меѓутоа, изучувањето на предисторијата ни открива општествени состојби каде што луѓето живеат во полигамија, а нивните жени истовремено во полиандрија, и заедничките деца поради тоа и се сметани за заеднички деца на сите нив, состојби кои пак минат цела низа промени до својот конечен премин во моногамија. Овие промени се од таков вид што кругот кој ги опфаќа заедничките брачни врски и кој првобитно бил мошне широк, се повеќе и повеќе се стеснува, додека најпосле не остане само одделниот пар што преовладува во денешно време.
Реконструирајќи ја на тој начин историјата на семејството, Морган доаѓа, во согласност со повеќето од своите колеги, до заклучок дека постоела првобитна состојба кога во рамките на племињата владееле неограничени полови односи, така што секоја жена еднакво му припаѓала на секој маж, а исто така секој маж на секоја жена. За таквата првобитна состојба се зборуваше уште во минатиот век, но само со општи фрази; дури Бахофен, и тоа е една од неговите големи заслути, сериозно го сфатил тоа постоење и ги барал трагите на таа состојба во историските и религиските преданија. Денес знаеме дека тие траги што тој ги открил никако не не водат назад до општественото стапало на нерегулираните полови односи, туку до една многу подоцнежна форма, кон групниот брак. Тоа примитивно општественото стапало, ако навистина постоело, и припаѓа на една толку оддалечена епоха што одвај ли ќе можеме да очекуваме дека ќе најдеме директни докази во социјалните фосили. Заслугата на Бахофен се состои токму во тоа што ова прашање го поставил на предниот план на истражувањето.[2]
Од неодамна влезе во мода да се порекнува ова почетно стапало од човековиот полов живот. Се сака човештвото да се поштеди од таа „срамота“. И притоа се повикуваат не само на недостиг од каков и да е директен доказ, туку особено на примерот од останатиот животински свет; од овој последниов Летурно („L'évolution du mariage et de la famille“) присобра многубројни факти според кои наполно нерегулираните полови Односи и овдека би припаѓале кон некое ниско стапало. Од сите овие факти пак можам да го извлечам само заклучокот дека тие апсолутно ништо не докажуваат во однос на луѓето и нивните прастари животни Односи. Живеењето во парови на подолго време кај вртебниците доволно е објаснето со физиолошки причини, на пример, кај птиците со потребата од помош на женките за време на ведењето на пилчињата; примерите на строга моногамија што ги има кај птиците ништо не докажуваат за луѓето, бидејќи тие не произлегуваат од птици. Ако е пак строгата моногамија врв на сите добродетели, тогаш венецот и припаѓа на тенијата која во секој од своите 50--500 проглотиди или делчиња од телото има женски и машки полов апарат и сиот свој живот го минува во тоа што во секој од овие делчиња сама со себеси се пари. Но, штом се ограничиме на цицачите, тогаш овдека ги наоѓаме сите форми на полов живот, промискуитетот, зачетоците на груповиот брак, полигамијата, моногамијата; недостасува само полиандријата до која можеа да дојдат само луѓето. Дури и нашите најблиски роднини, квадруманите, ни откриваат севозможни различности во групирањето на мажјаците и на женките, а ако повлечеме уште потесни граници и ги разгледаме само четирите човеколики мајмуни, тогаш Летурно знае да ни го каже само тоа дека тие се час моногамски, час полигамски, додека Сосир тврди, според Жиро-Телон, дека тие биле моногамски“. Ни најновите тврдења што ги изнесува Вестермарк („The History of Human Marriage“ London 1891) не се вопшто уште никакви докази. Накратко, податоците се од таков вид, што чесниот Летурно признава:
„Впрочем, кај цицачите не постои никаков определен однос меѓу степенот на интелектуалниот развиток и формата на половите општења."
А. Епинас („Des sociétés animales“, 1877) отворено вели:
„Хордата е највиша социјална група што можеме да ја наблудуваме кај животните. Таа, се чини, се состои од семејства, но веќе од самиот почеток семејството и хордата се во судир, тие се развиваат во обратен однос.“
Како што веќе се гледа од гореспомнатото, за семејните и други општествени групи на човеколиките мајмуни ние, речиси, не знаеме ништо определено; податоците си противречат директно еден на друг. Тоа и не е чудно. Колку се противречни и колку се скудни во критичката проверка и селекција податоците што ти имаме за дивите човечки племиња! А општествата на мајмуните уште потешко е да се набљудуваат отколку човечките општества. Засега, значи, мораме да отфрлиме секакво изведување заклучоци од таквите апсолутно ненадежни извештаи.
Напротив, приведенава Епинасова реченица ни дава подобра потпорна точка. Хордата и семејството кај животните не се дополнуваат заемно, туку се спротивни една на друга. Епинас мошне убаво покажува како љубомората кај самјаците во времето на парењето ја ослабува општествената врска во хордата или привремено ја раскинува.
„Таму каде што семејството е тесно сплотено, хордите образуваат само во ретки исклучоци. Напротив, таму каде што се владејат слободни полови односи или полигамија хордата настанува речиси сама од себе... За да може да настане хордата, мораат да ослабнат семејните врски и индивидуата мора повторно да се ослободи. Затоа толку ретко наоѓаме меѓу птиците организирани јата... Напротив, кај цицачите наоѓаме донекаде организирани друштва токму зашто овде индивидуата не потекнува од семејството... Чувството на заедништво на хордата, значи, при своето настанување не може да има поголем непријател од чувството на заедништво на семејството. Ќе речеме отворено: ако се развила повисока општествена форма од семејството, тоа можело да се случи само благодарение на тоа што таа ги апсорбирала семејствата што претрпеле основна промена што не исклучува овие семејства, благодарение токму на тоа, подоцна повторно да се конституираат под бескрајно поблагопријатни услови.“ (Espinas, l.c. цитирано кај Жиро-Телон, „Origines du mariage et de la famille“, 1884, p. 518-520).
Оттука се гледа дека животинските друштва секако имаат извесна вредност за изведување на заклучоци за човечките општества -- но само негативна вредност. Кај вишите животни се познати, доколку знаеме, само две форми на семејство: полигамијата или живеење во одделни парови; обете форми допуштаат само еден пораснат самјак, само еден сопруг. Љубомората на самјакот, која истовремено го сврзува и го ограничува животинското семејство, го доведува животинското семејство во спротивност со хордата: љубомората на самјакот во едниот случај ја оневозможува хорда, вишата форма на друштвеност, а во другиот ја разнишува или ја разложува за време на парењето, во најдобар случај го сопира нејзиниот понатамошен развиток. Ова е веќе доволно за доказ на тоа дека животинското семејство и човечкото праопштество се меѓусебно неподносливи работи; дека пралуѓето, кои се издигнале со труд од животинската состојба, или не познавале воопшто семејство, или, пак, во најдобар случај, знаеле за такво семејство што не се среќава кај животните. Такво невооружено животно, какво што е човекот во процесот на настанувањето, можело да преживее во мошне мал број дури и во состојба на изолираност, чија највиша форма на друштвеност ја чини одделниот пар, како што тоа Вестермарк, според извештаите на ловците, им го припишува на горилото и шимпанзото. Во процесот на развитокот за да се излезе од животинската состојба, за да се изведе најголемиот напредок што го покажува природата, бил потребен уште еден елемент: замена на поединечната скудна одбранбена способност со соединетата сила и заедничкото дејствување на хордата. Од односите во кои денес живеат човеколиките мајмуни, преминот кон човечката состојба би бил просто необјаснив; овие мајмуни поскоро оставаат впечаток дека ја напуштаат оваа линија, дека одат кон постепено изумирање и дека, во секој случај, се во опаѓање. Тоа е веќе доволно за да се отфрли секој паралелен заклучок за формите на семејството кај нив и кај пралуѓето. Заемната трпеливост, пак, на возрасните самјаци, немањето љубомора, бил првиот услов за формирање на такви поголеми и потрајни групи сред кои единствено и можело да се изврши настанувањето на човекот од животно. И, навистина, што наоѓаме како најстара, најпримитивна форма на семејство чие постоење во историјата можеме неоспорно да го докажеме и која можеме уште и денес овде-онде да ја изучуваме? Групниот брак, формата во која цели групи мажи и цели групи жени заемно припаѓаат една на друга и која остава само малку место за љубомора. А понатаму, на подоцнежното стапало на развитокот наоѓаме исклучителна форма на полиандрија која дури посилно удира по сите чувства на љубомора и затоа им е непозната на животните. Но, бидејќи познатите форми на групниот брак се придружувани од толку своеобразни заплеткани услови што тие неопходно упатуваат на поранешни, попрости форми на полово општење, а со тоа, на крајот од краиштата, на периодот на нерегулираните полови односи соодветен на преминот од животинската состојба во човечка -- тоа укажувањата на браковите на животните нè враќаат имено на онаа точка од која тие требаше еднаш за секогаш да нè одведат.
А што значи тоа: нерегулирани полови односи? Тоа значи дека забранетите граници од нашево или некое поранешно време тогаш не важеле. Видовме како падна ограничувањето на љубомората. Ако е нешто сигурно, тогаш тоа е несомнено чувството на љубомора што се развило релативно доцна. Истото може да се рече за претставата за крвосмешувањето. Не само браќата и сестрите првобитно бидувале маж и жена, туку полови односи меѓу родителите и децата уште и денес кај многу народи се дозволени. Банкрофт („The Native Races of the Pacific States of North America" 1875, vol. 1) го потврдува ова кај Кавијатите на Меринговиот Проток, кај Кадијаците близу Алјаска, кај Тинеите во внатрешноста на британската Северна Америка; Летурно истиот факт го резимира кај Чипвеј-Индијанците, кај Кукусите во Чиле, кај Караибите, Карените во Индокина; а да не зборуваме за раскажувањата на старите Грци и Римјани за Парканите, Персијците, Скитите, Хуните итн. Пред да биде пронајдено крвосмешувањето (а тоа е пронајдок, и тоа многу вреден), половите односи меѓу родителите и децата не можеле да изгледаат пострашни од половите односи меѓу други лица што им припаѓаат на различни генерации, а тоа уште и денес се случува, дури и во најфилистерските земји, без да предизвикуваат големо ужасување; дури стари „девици" од над шеесет години се мажат, ако се доволно богати, за млади мажи од триесеттина години. Но ако од познатите најпримитивни форми на семејство ги отфрлиме претставите за крвосмешувањето што се сврзани со нив -- претстави што се наполно различни од нашите и што често директно им противречат -- тогаш доаѓаме до формата на половите односи која може да се означи единствено како нерегулирана. Нерегулирана дотолку доколку уште не постоеле ограничувања кои подоцна ги поставил обичајот. Но од тоа уште никако не следи неизбежно целосна збрканост на половите односи во секојдневната практика. Поединечни спарувања одвреме навреме никако не се исклучени, како што тие и денес ги чинат повеќето случаи во групниот брак. А кога Вестермарк, најновиот меѓу оние што одрекуваат една таква првобитна состојба, ја означува како брак секоја состојба во која обата пола остануваат да живеат во пар до раѓањето на потомците, тогаш треба да се каже дека бракот од овој вид може уште како да се јави во состојбата на нерегулираните полови односи, не противречејќи ѝ на нерегулираноста, т.е. на отсуството на ограничувања установени од обичајот. Навистина, Вестермарк поаѓа од гледиштето дека
„нерегулираноста вклучува потиснување на индивидуалните наклоности", така што „проституцијата е нејзината вистинска форма".
Мене, напротив, ми се чини дека останува невозможно какво и да е разбирање на примитивните услови сè додека на нив се гледа низ очилата на борделот. Ние ќе се вратиме на оваа точка кај групниот брак.
Според Морган, од оваа првобитна состојба на нерегулираните полови односи се развиле, веројатно, мошне рано:
1. Семејството на крвното роднинство, првото стапало на семејството. Овдека брачните групи се изделени по генерации: сите дедовци и баби во рамките на семејството едно со друго се мажи и жени, исто така нивните деца, значи татковците и мајките, како што нивните деца ќе го формираат третиот круг на заедничките сопрузи, а нивните деца, правнуците, четвртиот круг. Значи, во оваа форма на семејство само претците и потомците, родителите и децата се исклучени од заемните брачни права и обврски (како што би рекле ние). Браќата и сестрите, братучедите и братучетките од првиот, вториот и понатамошните степени сите се сметаат браќа и сестри меѓу себе и токму поради тоа се сите едно на друго маж и жена. Однооот на брат и сестра го вклучува на ова стапало заемното полово општење како по себе разбирливо“.[3] Типичниот облик на ваквото семејство би се состоел од потомството на еден пар во кој пак потомците на секој одделен степен се меѓу себе браќа и сестри и затоа меѓусебно се мажи и жени.
Семејството на крвното сродство с изумрено. Дури ни најдивите народи за кои историјата раскажува за тоа не даваат ниеден беспорен пример. Но дека тоа морало да постои, тоа не принудува да го признаеме хавајскиот систем на роднинство кој и сега важи во цела Полинезија и изразува такви степени на крвно сродство кои можат да настанат само во таквата форма на семејство; да го признаеме тоа не принудува сиот понатамошен развиток на семејството што таа форма ја условува како неопходно претходно стапало.
2. Семејство на пуналуите. Ако првиот чекор напред во организацијата на семејството се состоел во тоа родителите и децата да се исклучат од заемното полово општење, тогаш вториот се состоел во исклучувањето на сестрите и на браќата. Овој чекор, поради поголемата еднаквост во возраста на учесниците, бил бесконечно поважен но и потежок од првиот. Тој е извршен постепено, почнувајќи, веројатно, со исклучување на половото општење на браќата и сестрите (т.е. од мајчинска страна), отпрво, во одделни случаи, преминувајќи постепено во правило (на Хавајските Острови имало исклучоци уште во овој век), и завршувајќи со забрана на брак меѓу браќата и сестрите од бочните линии, те. како што ние би рекле, меѓу децата, внуците и правнуците на браќата и на сестрите; тој дава, според Морган,
„прекрасна илустрација на тоа како дејствува принципот на природното одбирање“.(56)
Нема сомнение дека племињата кај кои спарувањето на блиските роднини било ограничено од ова достигање, морале побрзо и пополно да се развиваат од оние кај кои бракот меѓу браќата и сестрите бил правило и повелба. А колку силно се прочувствувало дејството на ова достигање докажува установата на генсот, која произлегла непосредно од него и која далеку ја надминува целта, установа која ја чини основата на општественото уредување на повеќето, ако не и на сите варварски народи на земјата, и од која непосредно преминуваме, во Грција и Рим, во цивилизацијата.
Секое прасемејство морало да се распадне, најдоцна по неколку генерации. Првобитното комунистичко заедничко домаќинство, кое беисклучоци владес се до доцнежното средно варварство, ја условувало максималната големина на семејната заедница, која се менувала според условите, но на секое место е прилично определена. Штом се јавила претставата за недозволсноста на половото општење меѓу децата на една мајка, тоа морало да се одрази на расцепувањето на старите и основањето на нови куќни заедници (кои, меѓутоа, не се совпаѓале нужно со семејната група). Една или повеќе низи сестри станувале јатка на една куќна заедница, нивните браќа јатка на друга. Така или слично од семејството на крвно сродство произлегла формата на семејство која Морган ја нарече семејство ка пуналуите. Според хавајскиот обичај, еден број сестри, родени или поддалечени (ге. братучетки од прв, втор и поддалечен степен), биле заеднички жени на сите свои заеднички мажи, но со исклучок на своите браќа; овие мажи меѓусебе повеќе не се нарекувале браќа, тие тоа не морале повеќе да бидат, туку пуналуа, т.е. присен другар, така да се каже associe! [ортак, здруженик]. Исто така, една низа браќа, родени или поддалечени имале извесен број жени, но не и свои сестри, во заеднички брак, и овие жени се нарекувале меѓу себе пуналуа. Ова е класичен облик на една семејна формација, кој пододна допуштал низа варијации, а чија суштествена карактеристика била: заемна заедница на мажи и жени во рамките на определен семеен круг, од кој, меѓутоа, биле исклучени браќата на жените, отпрво родените, а подоцна и поддалечените, а исто така, обратното, сестрите на мажите.
Оваа форма на семејство ни ги дава со најпотполна точност степените на роднинството што се изразени во американскиот систем. Децата од сестрите на мојата мајка се сѐ уште нејзини деца, исто така децата на браќата на мојот татко се и негови деца, а сите тие мои браќа и сестри; но децата на браќата на мојата мајка се сега внуци и внуки од брат, децата на сестрите на мојот татко се негови внуци и внучки од сестра, а сите тие мои братучеди и братучетки од вујко, односно од тетка. Зашто додека мажите на сестрите на мојата мајка се се уште нејзини мажи, а исто така жените на браќата на мојот татко исто така уште и негови жени -- правно, ако не секогаш фактички -- општествената осуда на половото општење меѓу браќата и сестрите довело до поделба на децата на браќата и сестрите, кои дотогаш без разлика биле признавани за браќа и сестри, во две класи: едни остануваат како и порано (поддалечени) браќа и сестри, други, во едниот случај децата на браќата, во другиот децата на сестрите -- не можат повеќе да бидат браќа и сестри, тие не можат повеќе да имаат заеднички родители, ниту татко, ниту мајка, ниту обата, и затоа овдека првпат настанува класата на внуци и внучки од брат или од сестра, братучеди и братучетки, која во понапрежниот семеен строј би била бесмислена. Американскиот роднински систем, кој се чини чисто бесмислен кај секоја форма на семејство заснована врмоногамија од каков и да е вид, наоѓа, до најмали подробности, свое рационално објаснување и природно обосновување во семејството на пуналуите. Барем исто толку колку што бил раширен овој систем на роднинството, морало да постои и семејството на пуналуите или каква и да е слична форма нејзина.
За оваа форма на семејство, чие постоење на Хавајските Острови е навистина докажано, ние би добиле, веројатно, податоци, по побожните мисионери, како некогаш шпанските монаси во Америка, тие да не беа гледале во таквите противхристијански односи само обична „гнасотија“.[4] Кога Цезар ни раскажува за Вритите, кои тогаш биле на средното стапало од варварството, дека „тие имаат по десет или дваесет души заеднички жени, и тоа најчесто браќа со браќа и родители со деца“ -- тогаш ова најдобро се објаснува како групен брак. Варварските мајки немаат десет до дванаесет доволно возрасни синови што да можат да имаат заеднички жени, но американскиот систем на роднинство што му соодветствува на семејството на пуналуите, дава многумина браќа, бидејќи сите блиски и поддалсчени роднини се негови браќа. Она „родителите со децата“ можеби е погрешно сфаќање на Цезар; но во овој систем не била апсолутно исклучена можноста. да се најдат во една група татко и син или мајка и ќерка, но е бездруго исклучено за таткото и ќерката или за мајката и синот. Исто така оваа или слична форма групен брак! дава наједноставно објаснување на извештаите на Херодот и на другите стари писатели за заседницата на жени кај дивите и варварските народи. Ова важи и за тоа што ни го раскажуваат Ватсон и Кеј („The People of India“) за Тикарите во Ауду (северно од Ганг):
„Тие живеат заедно“ (т.е. полово) „речиси безразборно во големи заедници, и ако двајца се сметаат како маж и жена едно со друго, тоа сепак оваа врска е само номинална.“
Се чини дека институцијата генс во најголемиот број случаи произлегла непосредно од семејството на пуналуите. Вистина, и австралискиот систем на класи дава излезна точка за тоа; Австралијанците имаат генсови, но не семејство на пуналуите, туку една погруба форма на групов брак.
Кај сите форми на групното семејство е неизвесно, кој е татко на некое дете, но е извесно која му е мајка. И ако таа Сите деца на целото семејство ги нарекува свои деца и има мајчинска обврска кон нив, сепак таа ги познава своите родени деца меѓу другите. Значи, јасно е дека, додека постои групен брак, потеклото може да се установи само од мајчинската страна, значи, се признава само женската линија. Тоа е навистина случај кај сите диви и на нижото стапало на варварство; и втората заслуга на Бахофен се дека тоа прв го открил. Тој го означи ова исклучително признавање на потеклото по мајка и односите на наследувањето што со текот на времето отаде се развиле со изразот „мајчинско право“; ќе го задржам овој изразаради краткост. Но тој е погрешен, зашто на ова општествено стапало не може да стане збор за право во правничка смисла.
Ако сега ја земеме од семејството на пуналуите едната од обете нејзини типични групи, а имено групата на сестрите (те. на оние од првиот, вториот или чонатамошниот степен што водат потекло од родените сестри) заедно со нивните деца или нивните родени или поддалечени браќа од мајчинска страна (кои, според нашата претпоставка не се нивни мажи), тогаш ние го имаме точниот круг на лица што подоцна ќе се појават, во првобитната форма на генсот, како членови на оваа институција. Тие сите имаат заедничка прамајка, и врз основа на потекло женските потомци на секоја генерација се сестри. Но мажите на овие сестри не можат повеќе да бидат нивни браќа, значи ње произлегуваат од оваа прамајка, не спаѓаат, според тоа, ни во групата на крвните роднини, подоцнежниот генс; а пак нивните деца спаѓаат во оваа група, зашто само потеклото од мајчинската страна е решавачко, бидејќи единствено тоа е извесно. Штом еднаш е утврдена забрана на полово општење меѓу сите браќа и сестри, дури и на најоддалечените колатерални роднини од мајчинска страна, и горната група се претворила во генс, те. се конструирала како цврст круг од крвни роднини по женска линија, кои не смеат меѓусебно да се мажат и женат, а овој круг отсега се повеќе и повеќе се зацврстува од други установи од општествен и религиски карактер и се разликуваат од другите генсови на истото племе. За тоа опстојно подоцна. Но, ако наоѓаме, дека генот се развива не само неминовмо, туку дури и како нешто разбирливо само по себе, од семејството на пуналуите, тоа е близу до умот да се претпостави како речиси несомнено, поранешното постоење на оваа форма на семејство кај сите народи кај кои се докажани гентилните институции, т.е. речиси кај сите варварски и културни народи.
Кога Морган ја пишуваше својата книга, нашето знаење за групниот брак беше уште мошне ограничено. Се знаеше нешто малку за групните бракови на Австралијанците, организирани во класи, а покрај тоа Морган веќе во 1871 година ги објави известијата за хавајското семејство на пуналуите. Семејството на пуналуите, од една страна, даваше полно објаснување за системот на роднинството што владееше меѓу американските Индијанци, а кој на Морган му беше излезна точка на сите негови истражувања; тоа, од друга страна, ја чинеше готова излезна точка за изведувањето на генсот со мајчинското право; тоа, најпосле, претставуваше многу повисоко стапало на развитокот отколку австралиските класи. Беше, значи, разбирливо што Морган ро сметаше како развојно стапало кое неопходно му претходело на синдијазмичкиот брак, и што му припишуваше општа распространетост во поранешно време. Оттогаш имаме запознаено низа други форми на групниот брак, и сега знаеме дека Морган отишол премногу далеку. Но сепак имаше среќа, во своето семејство на пуналуите да се судри со класичната форма на групниот брак, на онаа форма од која наједноставно се објаснува преминот во повисоката форма.
За најсуштественото збогатување на нашето знаење за групниот брак ние му благодариме на англискиот мисионер Лоример Фисон, кој со години ја изучувал оваа форма на семејство на нејзината класична почва, во Австралија. Најниско стапало на развиток тој нашол кај австралијанските Црнци на Маунт Гембир, во Јужна Австралија. Овдека целото племе е поделено на две големи класи -- на Кроки и на Кумите. Половите општења во рамките на секоја од овие класи се строго забранети: напротив, секој маж од едната класа веќе од раѓањето е маж на секоја жена од друтата класа, а оваа од раѓањето е негова жена. Во брак не се индивидуи, туку цели групи, класа со класа. И добро ќе е да се забележи дека овдека никаде не се прави воздршка во возраста ни во специјалното крвно сродство, освен доколку е ова условено од разделувањето на две егзогамски класи. Еден Кроки ја има како законска жена секоја кумитска жена, но, бидејќи неговата ќерка, како ќерка на една кумитска жена им припаѓа по мајчинското право исто така на Кумите, тоа таа по раѓањето е жена на секој Кроки, значи и на својот татко. Во секој случај, организацијата на класите таква каква што ја познаваме тоа не го попречува. Или, значи, оваа организација настанала во времето кога, покрај овој нејасен стремеж да се ограничи инцесот, во половото општење меѓу родителите и децата не се гледало ништо ужасно -- и тогаш системот на класите би настанал директно од состојбата на нерегулирани односи. Или пак половото општење меѓу родителите и децата било веќе со обичај забрането кога настанале класите, и во тој случај сегашната состојба укажува на постоење на семејство од крвно роднинство пред тоа и претставува прв чекор ком нејзиното надминување. Последното е поверојатно. Колку што мене ми е познато, во Австралија нема примери на брачен живот меѓу родители и деца. А и подоцнежната форма на егзогамија, генсот од мајчинското право, по правило молкома претпоставува забрана на ова општење како нешто што веќе постоело при основањето на генсот.
Системот на две класи освен на Маунт Гембир во Јужна Австралија, исто така и на реката Дарлинг на исток, и во Квинслинд на североисток, значи, е широко распространет. Тој ги исклучува само браковите меѓу браќата и сестрите, меѓу децата на браќата и меѓу децата на сестрите од мајчинската страна, зашто овие припаѓаат на иста класа; напротив, децата на сестрите и браќата можат да склучат брак меѓу себе. Понатамошен чекор кон спречувањето на инцестот наоѓаме кај Камилароите на реката Дарлинг во Нов Јужен Велс, каде што двете првобитни класи се распаднале на четири, а секоја од овие иетири класи исто така е во брак со определена друга класа. Првите две класи од раѓањето се една на друга сопрузи; во зависност од тоа дали мајката и припаѓа на првата или на втората класа, децата влегуваат во третата или во четвртата класа; децата на обете овие класи кои се исто така во брак една со друга, спаѓаат пак во првата или во втората. На тој начин, една генерација секогаш ѝ припаѓа на првата или на втората класа, следната на третата и на четвртата, следната по оваа пак на првата и втората. Според тоа, децата на браќата и на сестрите (од мајчината страна) не можат да бидат маж и жена, но затоа можат да бидат внучињата на браќата и на сестрите. Овој своеобразно комплициран поредок уште товеќе се заплеткува со вовлекување -- секако подоцнежно во мајчинските генсови во него, но во тоа овдека не можеме да влегуваме. Всушност, гледаме како стремежот за спречување на инцестот постојано се повторува, но сосема инстиктивно, напосоки, без јасна свест за целта.
Групниот брак, кој овдека, во Австралија, е уште брак на класи, масовно сопружништво на цела класа мажи, често распрената ширум целиот континент, со исто така широко распространета класа на жени -- овој групен брак никако не изгледа, гледан подблиску толку ужасно како што си го замислува филистерската вобразба што свикнала на проституција. Напротив, минале многу години додека само се насетило неговото постоење, а и во последно време тој повторно се оспорува. Површниот набњудувач него си го претставува како лабава моногамија и во некои случаи полигамија со спорадично неверство. На ова мора да му се посветат години, како што тоа го сторија Фисон и Хауит за во тие брачни состојби, кои во својата практика обичниот Европесц го потсетуваат на нешто слично што го има кај него дома, да се открие закон кој ги регулира, закон според кој туѓиот австралиски Црнец, на илјадници километри од својот роден крај, меѓу луѓе чиј јазик не го разбира, сепак неретко од лотор до логор, од племе до племе наоѓа жени што му се подаваат бепротивење и бесрам, и според кој оној што има повеќе жени му отстапува една од нив на гостинот пред ноќта. Таму каде што Европеецот гледа неморалност и беззаконие, всушност владее строг закон. Жените и припаѓаат на брачната класа на туѓинецот и поради тоа се негови жени по раѓање; оној истиот морален закон, кој ги упатува едно на друго, забранува под закана на казна какво и да е полово општење вон брачните класи што припаѓаат една на друга. Дури и таму каде што жените ги грабаат, како што често се случува, а што е правило во некои месности, грижливо се почитува законот на класите.
Кај грабењето на жени се покажува, впрочем, веќе трага на преод кон моногамија, барем во форма на синдијазмичен брак: кога младичот со помош на своите пријатели ќе грабне девојка или ќе ја одведе, тогаш тие по ред имаат полов однос со неа, но потоа се смета за жена на младичот што го организирал грабнувањето. И обратно, ако грабнатата жена побегне од мажот и ја фати некој друг, тогаш таа станува негова жена, а првиот го изгубил своето право на првенство на неа. Покрај и во рамките на групниот брак, кој продолжува земено општо да постои, се создаваат значи, односи на исклучивост, живеење во парови на подолго или пократко време, покрај полигамијата, така што групниот брак и тука е зафатен од изумирање и е само прашање кој, под европското влијание, поскоро да исчезне од сцената: групниот брак или австралијските Црнци што му се приврзани.
Бракот меѓу цели класи, кој преовладува во Австралија, секако е мошне ниска и примитивна форма на групниот брак, додека семејството на пуналуите, колку што ни е познато, е нејзино највишо стапало. Првата форма соодветствува, се чини, на општествената состојба на скитачките "дивјаци, втората претпоставува веќе релативно цврсти комунистички заедници и непосредно води во следното, вишо развојно стапало. Меѓу обете форми сигурно ќе најдеме уште некои средни стапала; тука пред нас лежи засега само откриената. уште одвај засегната област на истражувањето.
3. Синдијазмичко семејство. Извесно живеење во парови на пократко или подолго време се случувало уште во групниот брак; мажот имал главна жена (одвај ќе може уште да се рече жена њубимица) меѓу многуте жени, а тој за неа бил најглавен маж меѓу другите. Овој опстој значително придонел за конфузијата на мисионерите, кои во групниот брак гледале ту нерегулирана заедница на жени, ту самоволна прељуба. Но таквото вобичаено живеење во парови морало се повеќе и повеќе да се затврдува доколку повеќе се развивал генсот и доколку биле помногубројни класите на „браќата“ и на „сестрите“, меѓу кои бракот сега бил невозможен. Поттикот што генсот го дал во попречувањето на бракот меѓу крвните роднини се движел понатаму. Така наоѓаме дека кај Ирокезите и повеќето други Индијанци што се наоѓаат на нижото стапало на варварството бракот да е забранет меѓу сите крвни роднини кои нивниот систем ги набројува а нив ги има повеќе од стотина вида. При оваа сѐ поголема заплетканост на брачните забрани групните бракови стануваа се повеќе и повеќе невозможни; нив ги потисна синдијазмичкото семејство. На ова стапало еден маж живее со една жена, но така што полигамијата и сторадичните неверности остануваат право на мажот, иако полигамијата ретко се случува од економски причини, додека од жените за време на траењето на заедничкиот живот се бара најстрога верност и нејзиното браколомство жестоко се казнува. Меѓутоа, брачната врска од двете страни често се раскинува и децата и припаѓаат, како и порано, само на мајката.
Природното одбирање исто така дејствува во таа забрана на брачната врска меѓу крвните роднини која и понатаму се проширува. Според Моргановите зборови:
„Браковите меѓу членовите на генсовите кои не се во крвно сродство раѓале како физички така и умствено посилна раса; две напредни племиња се смешале, и новите черепи и мозоци природно се наголемувале додека не ги опфатиле способностите на обете племиња.“
Племињата со гентилен строј морале на тој начин да се здобијат со предимство над заостанатите племиња, или со својот пример да ги повлечат со себе.
Развитокот на семејството во предисторијата се состои, следствено, во непрекинатото стеснување на кругот, кој првобитно го опфаќа целото племе во рамките на кое владее брачна заедница меѓу обата пола. Со последователно исклучување отпрво на поблиските, потоа на се поддалечените роднини, најпосле, дури само и на сватовштињето, станува, на крајот од краиштата, практички невозможен секој вид на групен брак; најпосле, останува за некое време уште лабаво сврзан цар, молекул, со чие распаѓање бракот вошшто престанува. Веќе од тоа се гледа колку малку нешто имала индивидуалната полова љубов во денешна смисла на зборот со настанувањето на моногамијата. Тоа уште повеќе го докажува практиката на народите на ова стапало. Додека во прежните семејни форми мажите немале недостиг од жени, туку, напротив, ги имале повеќе од доволно, сега жените станале ретки и барани. Поради тоа ео синдијазмичкиот брак почнува грабањето и купувањето на жени -- мошне распространети симптоми -- но сепак ништо повеќе од симптоми на подлабока промена што настапила; овие симптоми, кои се. само методи за прибавување на жени, педантниот Шкотланѓанец Макленан ги претворил, меѓутоа, како „брак со грабање“ и „брак со купување“ во посебни сласи семејства. И покрај тоа, склучувањето брак кај американските Индијанци и другите народи (на истото стапало) не е работа на учесниците, кои често не ги ни прашуваат, туку на нивните мајки. Често така се сершуваат две наполно непознати едно на друго лица, и за склучената Зделка им сопштуваат дури тогаш кога Ке наближи времето за склучувањето на бракот. Пред свадбата младоженецот им дава на гентилните роднини од невестата (значи на нејзините мајчински роднини, а не на таткото и на неговата рода) подароци, кои важат како куповни дарови за отстапената девојка. Бракот може да се раскине по желба на секој од сопрузите; но кај многу племиња -- на пример, кај Ирокезите постепено се развило јавно мислење што не било склоно кон таквите разводи; при раздорите меѓу сопрузите посредуваат роднините на обете страни, и дури кога тоа не ќе даде плод, бракот се раскинува, при што децата остануваат кај жената и на секоја страна и е дозволено да стапи во нов брак.
Синдијазмичкото семејство, кое и самото е премногу слабо и непостојано за да има потреба или желба за сопствено домаќинство, никако не го укинува комунистичкото домаќинство наследено од поранешниот период. Но комунистичкото домаќинство значи - владеење на жени во домот, како што исклучиво ја признава родената мајка, при невозможноста со сигурност да се знае таткото, значи високо уважување на жените, те. на мајките. Една од најапсурдните претстави наследена од просветеноста на XVIII век е дека жената била на почетокот на ошшитеството робинка на мажот. Жената има кај сите дивјаци и варвари на нижото и средното стапало, делум уште и на вишото стапало, ке само слободна, туку и мошне почитувана положба. Каква е таа уште во синдијазмичкиот брак може да посведочи Артур Рајт, долгогодишен мисионер меѓу Сенека -- Ирокезите:
„Што се однесува до нивните семејства, во времето кога ти ееле во стари долги куќи“ (комунистичко домакинство од повеќе семејства) „... таму секогаш преовладувал еден клан“ (сенс) „така што жените земале мажи од други кланови“ (генсови) „...Обично женскиот дел владеел во куќата; залихите биле заеднички; но тешко си му на несреќниот сопруг или губовник кој бил премногу мрзлив или неспособен да придонесе свој дел во заедничката залиха. Колку и да имало деца или кол-. кав и да бил личниот имот во куќата, тој во секој момент можел да очекува наредба да си го собере својот врзоп и да се мавне. И тој не смеел ни да се обиде на тоа да му се противстави; куќата нему му станувала премногу жешка, та нему ништо не му останувало друго освен да се врати во својот клан“ (генс) „или пак, што било најчест случај, да побара нов брак во некој друг клан. Жените биле голема сила во кланот“ (генсот) „а и насекаде општо земено. Се случувало тие да не се двоумат да го соборат главатарот и да го деградираат во редовите на простите воини.“
Комунистичкото домаќинство, во кое повеќето или сите жени му припаѓаат на еден генс, а мажите се делат на различни генсови, е реална подлога на онаа превласт на жените која во прастаро време била општо распространета, откритие кое претставува трета заслуга на Бахофен. -- Дополнително ќе забележам уште дека извештаите на патниците и мисионерите за обременувањето на жените на дивјаците и варварите со прекумерна работа никако не му противречат на реченото. Поделбата на трудот меѓу двата пола е условена од сосема други причини а не од положбата на жената во општеството. Народите во кои жените мора каде-каде повеќе да работат отколку што според нашите претстави им прилега, имаат кон жените често многу поголема вистинска почит отколку нашите Европејци. Дамата од цивилизацијата, опкружена со привидно почитување и отстранета од секоја вистинска работа, има бескрајно пониска општествена положба од жената на варварството која тешко работела, но која во својот народ се сметала за вистинска дама (lady, frowa, Frau -- господарка) и која била таква според карактерот на својата положба.
Дали синдијазмичкиот брак денес во Америка наполно го истиснал групниот брак, треба да го објасни погрижливото испитување на северозацадните и особено на јужноамериканските народи кои уште се наоѓаат на Еишото стапало на дивјаштвото. За овие последниве се сопштени толку разнобразни примери на половата слобода што овдека одвај може да се претпостави дека е надминат наполно стариот групен брак. Во секој случај, уште не исчезнале сите негови траги. Кај најмалку четириесет северноамерикански племиња мажот што ќе се ожени со најстарата сестра има право исто така да ги земе за жени сите нејзини сестри штом ја достигнат установената возраст -- остаток на заедништвото на мажи за цела низа сестри. А за жителите на Калифорнискиот Полуостров (вишо стапало на дивјаштвото) Банкрофт раскажува дека тие имаат извесни свечености каде што повеќе „племиња“ се состануваат со цел да вршат неограничено полово општење. Тоа се очевидно генсови кои во овие свечености сочувале нејасно сеќавање на времето кога жените од еден генс ги имале како свои мажи сите машки од другиот генс, и обратно. Истиот обичај денес владее уште во Австралија. Кај некои народи се случува постарите мажи, главатарите и постарите и врачите-свештеници да ја експлоатираат заедницата на жените и за себе да го монополизираат мнозинството од жените, но затоа, мораат на определени свечености и на големи народни собири да ја воспостават старата заедница и на своите жени да им допуштаат да се забавуваат со млади луѓе. Цела низа примери на такви периодични сатурналии кога повторно за кратко време стапува во сила старото слободно полово општење, приведува Вестермарк на стр. 28-29: кај племињата Хо, Сантал, Пенџа и Котар во Индија, кај некои африкански народи итн. Зачудува што Вестермарк од ова извлекува заклучок дека тоа било остаток не од групниот брак, кој тој го одрекува, туку од периодот на парењето што на прачовекот му било заедничко со другите животни.
Овдека доаѓаме до четвртото големо откритие на Бахофен, откритието на широко распространетата преодна форма од групниот брак кон живеењето во парови. Она што Бахофен го претставува како откупување за повредата на старите божествени заповеди -- откупување со кое жената си го прибавува правото на невиност, е всушност мистички израсамо за откулувањето со кое жената се откупува од старата заедница на мажи и се здобива со право да му се подаде само на еден маж. Овој откуп се состои во подавањето; вавилонските жени морале еднаш годишно да се подаваат во храмот на Милита; другите народи од Предна Азија ги испраќале своите девојки во храмот на Анаитис, каде што тие морале да водат слободна љубов со љубовници што сами си ги избрале, пред да смееле да се мажат; слични религиски преправени обичаи заеднички им се речиси на сите азиски народи меѓу Средоземното Море и Ганг. Искупителната жртва за откуп, со време станувала се полесна, како што веќе Бахофен забележува:
„Секоја година повторуваното жртвопринесување му отстапува место на еднократното извршување, по хетеризмот на матроните следи хетеризмот на девојките; наместо да се практикува за време на бракот тој се врши пред бракот, наместо подавање на сите беизбор -- подавање само на определени лица.“ („Mutterrecht“, p. XIX) Кај другите народи нема религиозно преправање; кај некои -- Трачаните, Келтите итн. во стариот век, кај многу пражители на Индија, кај малајските народи, кај жителите на Океанија и кај многу американски Индијанци уште и денес -- девојките уживаат до своето мажење најголема полова слобода. Така е особено речиси насекаде во Јужна Америка, за што секој оној што таму малку проникнал во внатрешноста може да посведочи. Така Агаси („A Journey in Brasil“, Boston and New York 1886, р. 266) раскажува за едно богато семејство од индијанско потекло. Кога тој се запознал со ќерката, прашал за нејзиниот татко, мислејќи дека е тоа мажот на мајката, кој бил офицер во војната против Парагвај; но мајката насмевнувајќи се одроворила: Nao tem pai, e filha da fortuna, таа нема татко, таа е дете на случајот.
„На тој начин зборуваат индијанските секогаш без срам и стеснување за своите вонбрачни деца и ова сосема не е исклучок, побргу се чини дека спротивното е исклучок. Децата често ја знаат само својата мајка, зашто сета грижа и одговорност се паѓа на неа; тие не знаат татко: а и на жената, се чини, не и паѓа наум дека таа или нејзините деца можат да имаат кон него некое барање.”
Она што овде на цивилизираниот човек му се чини необично, просто напросто е правило според мајчинското право и груцниот брак. А пак кај други народи пријателите и роднините на младоженецот или свадбените гости, го бараат на самата свадба традиционалното право над невестата, а младоженецот дури најпосле доаѓа на ред; така било на Балеарските Острови и кај африканските Аугили, а кај Бареите во Абисинија така е уште и сега. Кај други, пак, заедницата ја застапува службено лице, водачот на племето или на генот, кацикот, шшаманот, свештеникот, кнезот или како и да се нарекувал, та кај невестата го извршува правото на првата ноќ. Наспроти сите романтичарски претерувања уште ден-денес постои ова ius primae noctis [правото на првата ноќ], како остаток од групниот брак кај мнозинството на Алјаска (Bancroft, „Native Races“, I, 81), кај Таху во северно Мексико (ib., стр. 584) и кај други народи; а тоа постоело пред целиот среден век барем во првобитно келтските земји каде што е непосредно наследено од групниот брак -- на пример, во Арагонија. Додека во Кастилија селанецот никогаш не бил закрепостен, во Арагонија владеела најсрамна закрепостеност сѐ до декретот на Фердинанд Католичкиот од 1486.
„Ние пресудуваме и објавуваме дека напред споменатите господа“ (senyors, барони) „... исто така не можат првата ноќ, кога селанецот зема жена, со неа да спијат, ниту, во знак на господство, во свадбената ноќ, откако жената легнала во постела, да пречекорат преку неа и преку жената; ниту можат порано споменатите господа, со плаќање или без плаќање, да се послужат со ќерката или синот на селанец против нивната волја.” (Цитирано во каталонскиот оригинал кај Зигенхајм, “Крепосништво”, Петроград, 1861, стр. 35).
Бахофен е, понатаму, безусловно прав кога настојчиво тврди дека преминот од она што се наречува „хетеризам“ или „раѓање во разврат“ кон моногамијата се извршил, главно, благодарение на жените. Колку што повеќе традиционалните полови односи повеќе го губеле својот примитивно-наивен карактер со развитокот на економските животни услови, значи, со поткопувањето на стариот комунизам и растежот на густината на населението, толку повеќе тие односи морале да им се чинат на жените понижувачки и потиснувачки; толку поналожително тие морале да го посакуваат, како спасување, правото на непорочност, на привремен или траен брак само со еден маж. Овој чекор напред бездруго не можел да произлезе од мажите веќе и поради тоа, зашто ним никогаш, ни ден-денес не би им паднала на ум да се откажат од пријатностите на фактички трупниот брак. Дури кога жените извршиле премин кон синдијазмичкиот брак, мажите можеле да воведат строта моногамија -- се равбира, само за жените.
Синдијазмичкото семејство настанало на границата меѓу дивјаштвото и варварството, најчесто веќе на вишото стапало на дивјаштвото, а негде-годе само на нижото стапало на варварството. Тоа е карактеристична форма на семејство за периодот на варварството, како што е групниот брак за дивјаштвото и моногамијата за цивилизацијата. За да се развие тоа во цврста моногамија, потребни биле подруги причини од оние што досега ги наоѓавме на дело. Групата во пар била веќе сведена на својата последна единица, на својот двоатомски молекул: на еден маж и на една жена. Природното одбирање својата задача ја извршило со сѐ понатамошното проведување на исклучувањето од брачната заедница; за него во оваа насока не останувало ништо што да стори повеќе. Ако, значи, не стапеле во дејство нови, општествени движечки сили, тогаш ќе немаше причина поради која од парното живеење можело да изникне нова форма на семејство. Но овие движечки сили стапиле во дејство.
Сега ја оставаме Америка, класичната почва на синдијазмичкото семејство. Никаков знак не ни допушта да заклучиме дека таму се развила повисока форма на семејство, дека таму пред откритието и завојувањето постоела кога-годе и каде-годе моногамија. Друга е работата во Стариот свет.
Овде припитомувањето на домашните животни и одгледувањето стада развило дотогаш ненасетуван извор на богатство и создало сосема нови општествени односи. Се до нижото стапало на варварството трајното богатство се состоело речиси само од куќа, облека груб накит и орудија за прибавување и приготвување храна: чамец, оружје, куќни пригоди од најпрост вид. Храната морало да се добавува од ден на ден одново. Сега, со стадата коњи, камили, магариња, говеда, овци, кози и свињи пастирските народи што се движеле напред -- Ариевците во Пенџаб и во областа на Ганг како и во степите на Окс и Јаксарт, кои тогаш биле многу побогати со вода, Семитите кон Еуфрат и Тигар -- бе здобиле со имот кој барал само надзор и најпримитивна нега за да се размножува во поголем број и да дава најизобилна млечна и месна храна. Сите поранешни средства за прибавување храна сега отстапиле во заднина; ловот, порано неопходен, сега станува луксуз.
Но кому му припаѓало ова богатство? Несомнено првобитно на генот. Но веќе рано морала да се развива приватната сопственост. Тешко е да се каже дали авторот на таканаречената Мојсеева книга го сметал Аврама за сопственик на неговите стада врз силата на сопственото право на главатар на семејната заедница или врз силата на неговото својство на фактички наследен старешина на генсот. И сигурно е само дека не смееме да си го претставуваме како сопственик во согремената смисла на овој збор. И сигурно е, понатаму, дека на прагот на проверената историја ги наоѓаме стадата веќе насекаде како одделна сопствен на старешината на семејството, како што е тоа со уметничките творби на варварството, со металните орудија, со луксузните артикли и најпосле со човечкиот добиток -- робовите.
Зашто сега било изнајдено и ропството. На варварите од нижото стапало робовите им биле базвредни. Затоа американските Индијанци сосема поинаку постапувале со победените непријатели од она што се случувало на вишото стапало. Мажите биле убивани или пак прифаќани како браќа во племето на победителите; со жените се женеле или заедно со нивните преживеани деца ги адоптирале. Човечката работна сила на тоа стапало уште не дава никаков забележлив вишок над трошоците на своето издржување. Со воведувањето на одгледување на добиток, обработка на метали, ткаење и, најпосле, земјоделство станало поинаку. Како што сопругите, кои порано мошне лесно се добивале, сега добиле разменска вредност и биле купувани, така се случило и со работната сила, особено тогаш кога стадата конечно преминале во семеен посед“. Семејството не се размножувало така брзо како добитокот. Се барале повеќе луѓе за надзор над него; за таа цел можел да сс користи заробениот непријател кој можел исто така добро да се расплоди како добитокот.
Штом таквите богатства еднаш преминале во приватен посед на одделни семејства и кај нив брзо се умножувале, тие му нанесле силен удар на општеството што се засновувало врсиндијазмичкиот брак и генсот од мајчинското право. Синдијазмичкиот брак внесол нов елемент во семејството. Покрај родената мајка тој го ставил потврдливиот роден татко, кој, згора на тоа, веројатно бил подобро проверлив дури од мнотумина „татковци“ денес. Според тогашната поделба на трудот во семејството, на мажот му паднала должноста да добавува храна и потребните орудија за работа, па му припаднала и сопственоста на овие последниве; при случај на развод, тој си ги земал со себе, како што жената си ја задржувала својата покуќнина. Според обичајот на тогашното општество, значи, мажот исто така бил сопственик на новиот извор на храна, на добиток, а подоцна и на новото орудие за работа, робовите. Но, според обичајот на истото општество, него не можеле да го наследат неговите деца, зашто во поглед на наследувањето работата стоела вака:
Според мајчинското право, значи, додека потеклото се сметало само по женска линија, а по првобитниот обичај на наследување во генсот, гентилните родниНи во почетокот го наследувале својот умрен гентилен другар. Имотот морал да остане во генсот. Со оглед на незначителноста на предметите, тој во практика веројатно отсекогаш преоѓал на најблиските роднини, значи на крвните сродници од мајчина страна. Децата на умрениот маж пак не му припаѓале на неговиот генс, туку на генсот на својата мајка; тие ја наследувале мајка си, првин заедно со нејзините крвни роднини, подоцна, можеби, во прв ред; но својот татко не можеле да го наследат, зашто не му припаѓале на неговиот генс, а неговиот имот морал да остане во генсот. Значи, по смртта на сопственикот на стадата, неговите стада би преминувале најнапред на неговите браќа и сестри и на децата на неговите сестри или на потомството на сестрите на неговата мајка. Но неговите сопствени деца биле исклучени од наследството.
Значи, колку што растеле богатствата, од една страна, на мажот му давале поважна положба во семејството отколку на жената, а, од друга страна, раѓале стремеж да се искористи оваа зајакната положба за да се измени традиционалниот ред на наследувањето во корист на децата. Но тоа не било можно сѐ додека важело потеклото по мајчинското право. Значи тоа требало да се поништи, и тоа било поништено. Тоа не ни било толку тешко, како што нам денес ни се чини. Зашто оваа револуција -- една од најрадикалните што ја доживеале луѓето не засегала ниеден од живите членови на генсот. Сите негови припадници можеле да останат и понатаму она што си биле и порано. Доволно било простото решение дека во иднина потомците на машките членови ќе останат во генсот, а пак потомците на женските членови ќе бидат исклучени од него со преминувањето во генсот на својот татко. Со тоа се укинувало потеклото по женска линија и наследувањето по мајчинското право и се воведувала машка линија на потеклото и татковско наследно право. Ништо не знаеме за тоа како и кога се вршела оваа револуција кај културните народи. Таа исцело паѓа во предисториското време. Но дека таква револуција се случила, е докажано повеќе отколку што треба, особено со оние обилни траги на мајчинското право собрани од Бахофен; како лесно таа се изведува гледаме на примерот на цела низа индијански племиња, каде што е извршена одвај неодамна и уште се врши под влијание делум на растежот на богатството и изменетиот начин на животот (преселување од шумите во прериите), делум под моралното воздејство на цивилизацијата и на мисионерите. Од осумте племиња околу Мисури, шест имаат машка линија на потекло и наследен ред, а две уште женски. Кај племињата Шони, Мијами и Делавар вкоренет е обичајот децата да се наречуваат со едно од гентилните имиња на татковскиот тенс за да прејдат во него и така да можат да го наследат татко си... „Казуистиката вродена на човекот -да ги менува стварите менувајќи ги имињата! И да се најде начин во рамките на традицијата да ја скрши традицијата кога некој непосреден интерес дал за тоа доволно поттик.“ (Маркс). Со тоа настанала беспомотна бркотница, која можела да се отстрани, а делум и се отстранувала, само со преминувањето на татковското право. „Тоа е, се чини, вопшто најприроден премин“ (Маркс). За тоа што можат да ни кажат сцецијалистите по споредбено право во однос на начинот како овој премин се извршил кај културните народи на Стариот свет --- секако, речиси постојат само хипотези -- сп. М. Ковалевски, „Tableau des origines et de l'evolution de la famille et de la propriete“. Stockholm, 1890.
Соборувањето на мајчинското право бил светско историски пораз на женскиот пол. Мажот ги приграбил уздите и в куќи, а жената била лишена од своето достоинство, претворена во слугинка, во робинка на неговата похота, во просто орудие за раѓање деца. Оваа цонижувачка положба на жената, која особено отворено се покажува кај Грците од херојското време и уште повеќе од класичното, постепено е разубавена и лицемерно прикриена, а наместа и завиткана во помека форма, но никако не е отстранета.
Прв резултат на сега установеното севластие на мажите се пројавува во преодната форма на патријархалното семејство која сега изнуркува. Она што него го карактеризира пред се не е полигамијата, за што подоцна ќе стане збор, туку
„организирањето на извесен број слободни и неслободни лица во едно семејство под татковска власт како глава на семејството. Во семитската форма главата на семејството живее во полигамија, неслободните имаат жена и деца, а целта на целата ограничено подрачје“.
Она главното е вклучувањето на неслободните во семејството и татковската власт; затоа потполн тип на оваа форма на семејство е римското семејство. Зборот familia отпрво не го означува идеалот на современиот филистер, кој се состои од сентименталност и домашен раздор; тој кај Римјаните прво дури и не се однесува на брачниот пар и на нивните деца, туку единствено на робовите. Famulus значи домашен роб, а familia собир од робови што му припаѓаат на еден човек. Уште во времето на Гај familia, id est patrimonium (т.е. наследство), се завештавала со тестамент. Изразот го пронашле Римјаните за да одбележат еден нов општествен организам, чија глава ги држела под римската татковска власт жената и децата и еден број робови, со право над нивниот живот и смрт.
„Зборот, значи, не е постар од со железо оклопениот систем од латински племиња, изникнат по воведувањето на молјоделството и озаконетото ропство и по одвојувањето на ариските Италци од Грците.“
Маркс кон ова додава: „Модерното семејство го содржи во никулец не само ропството (servitus), туку и крепосништвото, зашто тоа од почетокот се однесува на службите во земјоделството. Тоа во минијатура ги содржи во сесе сите оние спротивности што подоцна широко ќе се развијат во општеството и во државата.“
"Таквата форма на семејство го покажува преодот) на синдијазмичкиот брак во моногамија. За да се одитура верноста на жената, а според тоа, и потеклото на децата, жената се дава на безусловната власт на мажот; ако тој ја убие, тој само си го врши своето право.
Со патријархалното семејство ние стапуваме во 0бласта на пишаната историја и со тоа во областа каде што споредбената правна наука може да ни укаже значителна помош. И навистина, таа ни овозможи суштествен чекор напред. Ние му благодариме на Максим Ковалевски („Tableau etc. de la mine et de propriete“, Stockholm 1890, стр. 60-100) што докажал дека патријархалната куќна заедница, која уште и денес ја наоѓаме кај Србите и Бугарите под името задруга или братство, и во модификувана форма кај ориенталските народи, го направила преодното стапало од семејството, изникнато од групниот брак и основано врмајчинското право, кон одделното семејство на модерниот свет. Се чини дека ова е докажано барем за културните народи од Стариот свет, за Аријците и Семитите.
Јужнословенската задруга претставува најдобар сѐ уште постоен пример на таква семејна заедница. Таа опфаќа повеќе генерации од потомците на еден татко со нивните жени, кои сите живеат заедно на еден имот, заеднички ги обработуваат своите полиња, се хранат и се облекуваат од заедничката залиха и заеднички располагаат со вишокот од приходот. Заедницата е под врвна управа на домаќинот, кој е нејзин претставник во односите со надворешниот свет, има право да отугува ситни предмети, ја води благајната и одговара за неа како и за правилното одвивање на работите. Тој се избира, и не мора да е најстариот. Жените и нивните работи се под раководство на домаќинката, обично жената на домаќинот. Таа има важен, често решителен глас при изборот на маж за девојките. Но врховна власт има семејниот совет, собранието на сите возрасни членови, како жените така и мажите. Домаќинот му полага сметка на ова собрание, тоа ги донесува решавачките заклучоци, им суди на членовите, решава за позначителните купувачки и продажби, особено за земјишниот посед итн.
Дури пред десеттина години е докажано дека во Русија уште постојат такви големи семејни задруги!; сега општо се признава дека тие се толку длабоко вкоренети во руските народни обичаи колку и во „обшчината“ или селската заедница. Тие фигурираат во најстариот руски законик, „Правда“ на Јарослав, под истото име (вервљ) како во далматинските закони, а можат да се најдат исто така во полските и чешките историски извори.
„Според Хојслер („Institutionen des deutschen Rechts“) стопанска единица не е првобитно ни кај Германците одделното семејство во современа смисла, туку „куќната задруга“ која се состои од неколку генерации, односно одделни семејства, доволно и често, покрај нив, и неслободни. И римското семејство се сведува на овој тип, та доследно на тоа, во последно време билно се оспорува апсолутната власт на таткото на семејството, како и бесправноста на другите членови на семејството спроти него. Се чини дека слични семејни задруги постоеле и кај Келтите во Ирска; во Франција се одржале тие во Ниверне под името рагсоппете5 до француската револуција, а во Франш-Конт уште ни ден-денес не се изумрени сосема. Во областа Луар (Saone et Loire) се гледаат големи селански куќи со заедничка висока централна сала што достига до покривот и бколу-наоколу се спалните до кои се доаѓа по шест до осум стапала и во кои живеат неколку генерации од истото семејство.
Во Индија домашната задруга со заедничка обработка на земјата ја споменуваше уште Неарх во врсмето на Александар Велики и таа постои уште и денес во истата област, во Пенџаб и по сиот северозападен дел на земјата. На Кавкасамиот Ковалевски успеал да го докаже нејзиното постоење. Во Алжир таа уште постои кај Кабилите. Таа, се чини, се наоѓала дури и во Америка; неа се обиделе да ја откријат кај „калцулите“ кои Зурита ги опишува во старото Мексико; наспроти тоа, Кунов („Ausland“, 90, бр. 42-44) прилично јасно докажал дека во Перу во времето на завојувањето, постоел еден вид марка (при што е зачудувачко што марката се викала татгеа) со периодична поделба на обработливата земја, значи, со единична обработка.
Во секој случај патријархалната куќна заедница со заеднички имот и заедничко обработување сега добива сосема поинакво значење отколку досега. Не можеме. повеќе да се сомневаме во гажната преодна улога која таа ја играше кај културните и некои други народи на Стариот свет во семејството со мајчинско право и единичното семејство. Во понатамошното излагање Ке се вратиме на заклучокот што го извлече Ковалевски дека таа исто така била преодно стапало од која се развила селската општина или марка со единична обработка и со отцрво периодична, потоа конечна поделба на ораниците и ливадите.
Во однос на семејниот живот во рамките на овие куќни задруги треба да се забележи дека домаќинот, барем во Русија, го бие глас дека многу ја злоупотребува својата положба во однос на младите жени на задругата, посебно на снаите, и дека често од нив си прави харем за што руските народни песни говорат прилично речовито. Пред да преминеме на моногамијата која со паѓањето на мајчинското право брзо се развивала, уште збор-два за полигамијата и полиандријата. Обете форми на брак се само исклучоци, така да се каже, историски луксузни производи, дури и кога во една земја би постоеле една покрај друга што, како што е познато, ње е случај. Бидејќи пак мажите исклучени од полигамијата не можат да се тешат со жените преостанати од полиандријата, а бројот на мажите и на жените, без оглед на социјалните институции, досега бил прилично изедначен, тоа само од себе е исклучено едната или другата од овие форми на брак да биде издигната толку што да има општа важност. Всушност, полигамијата на еден маж често била производ на ропството и ограничена на одделни лица со исклучителни положби. Во семитското патријархално семејство само патријархот и, најмногу уште неколку негови синови, живее во полигамија, а другите мора да се задоволат со една жена. Така е уште и денес во целиот Ориент; полигамијата е привилегија на богатите и угледните и главно се регрутира со купување на робинки; масата народ живее во моногамија. Исто таков исклучок претставува полиандријата во Индија и во Тибет, чие небезинтересно потекло од групниот брак ќе треба да се изучи уште подблизу. Во својата практика, впрочем, полиандријата се чини поподнослива од убоморниот режим на мухамеданците. Кај Наирите од Индија, барем, тројца, четворица или повеќе мажи навистина имаат една заедничка жена но секој од нив, покрај тоа, може да има заедно со други тројца или повеќемина мажи втора жена, а така и трета, четврта итн. Чудно е што Макленан, во овие брачни клубови, чии членови можат истовремено да влезат во повеќе од нив, а кои самиот тој ги опишува, не открил нова класа на клупски брак. Овој обичај на брачни клубови, впрочем, никако не е вистинска полиандрија, таа е, како што забележува уште Жиро-Телон, специјализирана форма на групен брак; мажите живеат во полигамија, жените во полиандрија.
4. Моногамното семејство. Тоа настанува од „синдијазмичкото семејство, како што покажавме погоре, на границата меѓу средното и вишото стапало на варварството; неговата конечна победа е еден од белезите на почетокот на цивилизацијата. Таа се засновува врвладеењето на мажите, со нагласена цел за раѓање деца со беспорно татковство, а ова татковство се бара зашто овие деца, како родени наследници, еднаш треба да се здобијат со татковскиот имот. Моногамското семејство се разликува од синдијазмичкото со многу поцврста брачна врска, која сега не може да се раскине по желба на секоја страна. Сега по правило само мажот е тој што може да го раскине и да ја истера својата жена. Правото на брачно неверство уште и денес му е допуштено, барем врз основа на обичаите (Code Napoleon нагласено му го припишува ова право на мажот додека тој не донесе држанка во брачната куќа) и со се поголемиот развиток на општеството, се повеќе се практикува; ако жената си спомне за старата полова практика и посака да ја обнови, се казнува построго од кога и да е порано.
Оваа нова форма на семејство ја наоѓаме во сета нејзина суровост кај Грците. Додека, како што забележа Марке, положбата на божиците во митологијата ни го опишува поранешниот период, кога жените имале уште послободна и поугледна положба, во херојското време ја наоѓаме жената веќе понижена од превласта на мажите и од конкуренцијата на робинките. Треба само да се прочита во „Одисејата“ како Телемах ја прекинува и замолчува мајка си. Кај Хомер пленетите млади жени се жртва на сетилната наслада на победителите; заповедниците си ги избираат, со ред и според рантот, најубавите; сета „Илијада“ се врти околу кавгата меѓу Ахил и Агамемнон за една таква робинка. Покрај секој од Хомеровите значајни херои се споменува пленета девојка со која тој го дели шаторот и постелата. Тие ги водат овие девојки со себе во татковината и во брачниот дом, како Агамемнон Касандра кај Есхил; синовите родени со овие робинки добивале мал дел од татковското наследство и се сметале за слободни; Теукрос е таков вонбрачен син на Телемон и може да се нарекува според татко си. Од сопругата се очекува со сето тоа да се мири, а самата да ја сочува невиноста и сопружната верност. Грчката жена, вистина, е попочитуванња од жената во периодот на цивилизацијата, но таа е сепак на крајот од краиштата за мажот само мајка на неговите брачни деца -- наследници, негова главна управителка на куќата и надгледувачка на робинките кои тој по желба може да ги направи конкубини, што и го прави. Постоењето на ропство, покрај младите убави робинки што наполно му припаѓаат на мажот, на моногамијата од почетокот и дало свој специфичен белег, да биде моногамија само за жената, но не и за мажот. И овој белег таа го има уште и денес.
Кај доцнежните Грци мораме да правиме разлика меѓу Дораните и Јонците. Првите, чиј класичен пример е Спарта, имаат во многу погледи брачни односи уште постарински од оние што ги опишува Хомер. Во Спарта постои синдијазмичен брак што државата го изменила според тамошните сфаќања и уште во понешто потоетува на групен брак. Бездетниот брак сг разведува; кралот Анаксандрид (околу 560 до н.е.) си зел, цпокрај својата бездетна жена, уште една и водел две домаќинства; во истото време царот Аристон си зел покрај двете бесплодни жени, трета, но затоа седната од првите ја отпуштил. Од друга страна, неколкумина браќа можеле да имаат заедничка жена; пријателот на кого повеќе му се допаѓала пријателовата жена, можел да ја дели неа со него, и се сметало дека е прилично жената да се стави на располагање на јак „пастув“, како што би рекол Бизмарк, дури и ако не бил сограѓанин. Од едно место кај Плутарх, каде што една Спартанка го упатува кон својот маж дубовникот што ја прогонува со предлози, може -- според Шеман -- да се чини дека идела до израз уште поголема слобода на наравите. Вистинското браколомство, неверството на жената зад грбот на мажот, затоа било нешто нечуено. Од друга страна, барем во најдобрата епоха, домашните робови се непознати; неслободните Хелоти живееле одделно на имотите, затоа Спартијатите биле во помало искушение да ги задеваат нивните жени. Со оглед на сите овие услови, не можело да биде поинаку освен жените во Спарта да имаат многу попочитувана положба одошто кај другите Грци. Спартанските жени и елитата на атинските хетери се единствени грчки жени за кои старите говорат со почит и чии искажувања сметаат дека вредат да се забележат.
Сосема е поинаку кај Јонците за кои е карактеристична Атина. Девојките учеле само предење, ткаењеи шиење, во најдобар случај малку читање и пишување. Живееле речиси затворени, се дружеле само со други жени. Женската одаја била издвоена на горниот кат или во задниот дел на куќата. Во неа мажите, особено туѓинците, не доаѓале лесно, а тука жените се повлекувале при посета на мажи. Жените не излегувале надвор бепридружба на робинка; дома тие биле буквално под стража; Аристофан ги споменува молошките кучиња што ги држеле за застрашување на прељубниците, а во азиските градови за чување на жените држеле евнуси кои ги фабрикувале на Хиос уште во времето на Херодот за трговија, и тоа, според Ваксмут, не само за варварите. Кај Еврипид жената се означува со „oikurema“, како предмет (зборот е од среден род) за грижа околу куќа и за Атињаните таа, освен за раѓањето деца, била само најглавната слугинка. Мажот ги имал своите гимнастички вежби, своите јавни. работи, од кои жената била исклучена; освен тоа, тој имал често уште и робинки на располагање, а во времето на процутот на Атина распространетата и, бездруго, од државата повластена проституција. Токму вросновата на оваа проституција се развиле грчките женски карактери кои по дух и уметнички вкус исто толку бе издигале над општото ниво на античките жени, колку Спартанките со карактерот. Но фактот што таа морала прво да биде хетера за да стане жена, претставува најстрога осуда на атинското семејство.
Ова атинско семејство со време станало образец според кој ги усогласувале своите домашни односи не само другите Јонци туку сѐ повеќе и повеќе и сите Грци од метрополата и од колониите. Но и покрај сето затворање и чување, Гркинките често наоѓале згода да ги мамат своите мажи, а овие, срамејќи се да покажат каква и да е јубов спрема своите жени, се забавувале со какви ли не јубовничења со хетерите; но понижувањето на жените им се одмаздувало на мажите и ги понижувало и нив додека не се ничкосале во одвратната љубов кон момчињата и не ги обесчестиле своите богови како и себе самите со митот за Ганимед.
Такво било потеклото на моногамијата, доколку можеме да го проследиме кај најцивилизираниот и најразвиен народ на стариот век. Таа никако не била плод на индивидуалната полова Јубов, со која немала апсолутно ништо општо, зашто браковите, како и порано, биле бракови од сметка. Таа била првата форма на семејството која била заснована не врприродни, туку врз економски услови, имено врз победата на приватната сопственост над првобитната природно изникната заедничка сопственост. Владеењето на мажот во семејството и раѓањето деца, кои можеле да бидат само негови и кои биле одредени за наследници на неговото богатство -- тоа биле единствените и исклучиви цели на моногамијата што ги изразувале Грците безаобиколување. Инаку таа им била товар, должност кон боговите, кон државата и кон сопствените предци кои морало просто напросто да се исполнат. Во Атина законот принудувал не само на женидба, туку и на исполнување на таканаречените брачни обврски од страна на мажот.
На тој начин моногамијата во историјата никако не се појавува како помирување на мажот и жената и уште помалку како виша форма на бракот. Напротив. Моногамијата се јавува како подјармување на еден пол од друг, како прокламација на антагонизмот на половите непознат дотогаш во целата предисторија. Во еден стар ненапечатен ракопис што јас и Маркс го напишавме во 1846 година, го наоѓам ова: „Првата поделба на трудот била меѓу мажот и жената за производство деца.“ А денес можам да додадам: Првата класна спротивност што се јавува во историјата се совпаѓа со развитокот на антагонизмот меѓу мажот и жената во моногамијата, а првото класно угнетување -со угнетувањето на женскиот пол од машкиот. Моногамијата била голем историски напредок, но заедно со тоа таа ја отвора, покрај ропството и приватната сопственост, и епохата што трае и денес, во која секој напредок е истовремено релативен назадок, во која благосостојбата и развитокот на едни се остварува со страдањата и потиснувањето на други. Таа е клеточна форма на цивилизираното општество во која веќе можеме да ја изучуваме природата на спротивноста ми противречноста кои наполно се развиваат во тоа општество.
Старата релативна слобода на половото општење никако не исчезнала со победата на синдијазмичкиот, ниту моногамскиот брак.
„Стариот брачен систем, сведен на потесни граници со постепеното изумирање на групите на пуналуите, го опкружуваше се уште семејството кое понатаму се развиваше и му висеше над вратот се до мугрите на цивилизацијата... тој најпосле исчезна во новата форма на жетеризмот која ги следи луѓето и во периодот на цивилизацијата како мрачна сенка што лежи врсемејството.“
Под хетеризам Морган подразбира постоење покрај моногамијата вонбрачно полово општење на мажите со немажени жени, кој, како што е познато, цути во сиот период на цивилизацијата во различни форми и сѐ повеќе и повеќе станува отворена проституција. Овој хетеризам произлегува сосема директно од групниот брак, од податливата жртва на жените, со која тие си го откупувале правото на невиност. Подавањето за пари отпрво било религиозен акт, тоа се изведувало во храмот на божицата на љубовта, а парите првобитно се влевале во храмовата сокровишница. Хиеродулите на божицата Анаитис во Ерменија, на Афродита во Коринт, како и религиозните танчарки што им припаѓале на храмовите во Индија, таканаречените бајадери (изопачено португалското bailadera -- танчарка), биле првите проститутки. Подавањето, отпрво обврска на секоја жена, подоцна се вршело од оние свештенички што ги заменувале сите други жени. Кај другите народи хетеризмот произлегува од половата слобода, дозволувана на девојките пред бракот -- значи исто така останка од групниот брак кој само по друг пат дошол кај нас. Со појавата на имотните разлики значи уште на вишото стапало на варварството, иде спорадично наемниот труд покрај ропскиот труд, а истовремено, како неопходен корелат, професионалната проституција на слободните жени со принудното подавање на робинките. Така наследството што на цивилизацијата и го остави групниот брак, е двострано, како што и сето она што цивилизацијата го создава е двострано, двосмислено, во себе раздвоено, противречно: овде моногамија, таму хетеризам заедно со својата екстремна форма, проституцијата. Хетеризмот е општествена установа колку и другите; тој ја продолжува старата полова слобода во корист на мажите. На дело не само што го толерираат, но и весело го практикуваат, особено владејачките класи, додека на збор го осудуваат. Но оваа осуда фактички никако не ги засега мажите кои во него учествуваат, туку само жените. Тие се презираат и се отфрлаат од општеството, за така уште еднаш да се прокламира безусловното владеење на мажите над женскиот пол како основен општествен закон.
Но со ова се развива втората противречност во рамките на самата моногамија. Покрај мажот што си го разубавува животот со хетеризмот, стои запоставената сопруга. А невозможно е да се има едната страна на спротивноста без другата, како и што не може да се има цело јаболко откако е изедена едната половина. И покрај тоа, се чини, дека такво било мислењето на мажите, додека жените не ги освестиле. Со моногамијата се појавуваат две неизменливи општествени карактеристични фигури, порано непознати: постојаниот љубовник на жената и рогоносецот. Мажите одржале победа над жените, но крунисувањето великодушно го презеле победените. Покрај моногамијата и хетеризмот неизбежна општествена установа станал и прељубот -- забрануван, строго казнуван, но неискоренлив. Сигурноста на татковското потекло на децата, како и порано, се засновувала, во најдобар случај, врз моралната убеденост и за да ја реши нерешливата противречност Code Napoleon декретирал во чл. 312:
“L’enfant confu pendant le marriage a pour pere le mari,” детето зачнато за време на бракот за татко го има мажот.“
Тоа е последниот резултат на три илјади години од моногамијата.
Така единичното семејство во случаите кои му остануваат верни на неговото историско настанување и кои поради исклучителната власт на мажот јасно пројавуваат изразит антагонизам на мажот и на жената, дава слика во мало на истите спротивности и противречности низ кои минувало општеството, раскинато на класи во времето на настапувањето на цивилизацијата, неспособно да ги реши и да ги надвие. Јас овдека, се разбира, зборувам само за оние случаи на моногамија каде што брачниот живот тече сообразно со прописите на првобитниот карактер на целата установа, но каде што жената се бунтува против владеењето на мажот. Дека на сите бракови така не им оди, не знае никој подобро од германскиот филистер, кој своето владеење в куќи не умее да го чува, како ни во државата, и чија жена затоа со полно право му ги презеде уздите за кои не е достоен. Но тој си се мисли себеси далеку над својот француски сострадалец, на кого почесто отколку нему самиот му иде на глава многу полошо.
Впрочем, единичното семејство не се појавувало секаде и секогаш во класично-грчката форма која ја имало кај Грците. Кај Римјаните, кои како идни освојувачи на светот, имале пошироки иако понепрефинети погледи од Грците, жената била послободна и попочитувана. Римјанинот верувал дека брачната верност му е загарантирана доволно со власта над животот и смртта на својата жена. Освен тоа, жената можела овде, исто како и мажот, да го раскине бракот по желба. Но најголем чекор напред во развитокот на моногамијата настанал, несомнено, со стапувањето на Германците во историјата, и тоа бидејќи кај нив, веројатно поради нивното сиромаштво, моногамијата, се чини, уште наполно не се беше развила од синдијазмичкиот брак. Ова го заклучуваме врз основа на три околности што ги споменува Тацит. Прво, при сè што бракот се сметал за нешто свето -- „тие се задоволуваат со една жена, жените живеат оградени со непорочност” -- сепак полигамијата била раширена меѓу угледните членови и племенски водачи, состојба, значи, слична на онаа на Американците кај кои важел синдијазмичкиот брак. Второ, преодот од мајчинското право кон татковското кај нив можел да се изврши дури неодамна пред тоа, зашто уште мајчиниот брат -- најблискиот машки гентилен роднина според мајчинското право -важел речиси како поблизок роднина од сопствениот татко, кое исто така соодветствува на гледиштето на американските Индијанци, кај кои Маркс, како што често зборуваше, го нашол клучот за разбирање на нашата сопствена праепоха. И трето, жените кај Германците биле многу почитувани и влијателни и врз јавните работи, што е во директна спротивност со моногамската власт на мажите. Речиси во сето тоа Германците не се разликувале од Спартанците, кај кои, како што видовме, синдијазмичкиот брак исто така уште не бил наполно надминат. Со Германците, значи, и во овој однос дошол до светска превласт еден сосема нов елемент. Новата моногамија што се развивала врз урнатините на римскиот свет од смешувањето на народите, ѝ давала на власта на мажот многу поблаги форми и им допуштала на жените, барем однадвор, многу попочитувана и послободна положба отколку што ја имале кога и да е во класичниот стар век. Дури со тоа била создадена можност од моногамијата -- во неа, покрај неа, и против неа, како кога -- да може да се развие најголемиот етички напредок за што и благодариме: модерна индивидуална полова љубов, која на сиот поранешен свет му била непозната.
Меѓутоа, овој напредок, несомнено бил предизвикан од околностите што Германците живееле уште во синдијазмичкото семејство, па во моногамијата ја пренесле, доколку тоа било можно, положбата на жената што му соодветствува на тоа семејство, а никако не од чудесната наклоност на Германците кон етичката чистота, која се ограничувала на тоа што синдијазмичкиот брак всушност е без резки морални противречности што ја следат моногамијата. Напротив, Германците во своите преселби, особено кон југоисток, кон степите на номадите на Црно Море, морално длабоко паднале и ги примиле од нив, освен нивната јавачка вештина и одвратните противприродни пороци, кои, изрично ги потврдува Амијан за Тајфалците а Прокопиј за Херулите.
Но ако моногамијата од сите познати форми на семејството била онаа форма од која можела да се развие модерната полова љубов, тоа не значи дека таа се развила исклучително или само предимно во неа, како љубов на едниот сопруг кон другиот. Целата природа на цврстата моногамија под власта на мажот го исклучувала тоа. Кај сите историски активни, т.е. кај сите владејачки класи склучувањето брак остана она што си било од времето на синдијазмичкиот брак -- работа на конвенција што ја аранжирале родителите. А првата историска форма на половата љубов како страст, и тоа како страст која му припаѓа на секој човек (барем од владејачките класи), како највиша форма на половиот нагон -- што токму го чини нејзиниот специфичен карактер -- оваа нејзина прва форма, рицарската љубов на средниот век, во никој случај не била брачната љубов. Напротив. Во својата класична форма, кај Провансалците, таа направо се насочувала кон прељуб, и нивните поети го слават тоа. Цутот на провансалската љубовна поезија се албите, германските „Tagelieder“. Тие во усвитени бои опишуваат како рицарот лежи в постела крај својата убавица -- жена на друг маж -- додека надвор стои стража, која му довикнува штом првата мугра (alba) се јави, за тој незабележано да може да се измолкне; тогаш сцената на разделба го достига врвниот момент. Северните Французи, како и честитите Германци, исто така, го усвоија овој вид поезија заедно со соодветниот манир на витешката љубов, и нашиот стар Волфрам фон Ешенбах состави на оваа скокотлива тема три чудесни Tagelieder, кои ми се помили од неговите три долги јуначки песни.
Буржоаското склучување на брак во наше време бидува на два начина. Во католичките земји родителите како и порано му наоѓаат на младиот буржоаски син погодна жена, а последица од тоа е, се разбира, најцелосен развиток на противречноста што се содржи во моногамијата: буен хетеризам од страна на мажот, буен прељуб од страна на жената. Католичката црква, се чини, само затоа го укинала разводот на бракот, зашто се убедила дека против прељубот како и против смртта не вирее никакво лековито растение. Во протестантските земји, напротив, правило е на буржоаскиот син да му е дозволено од својата класа, со поголема или помала слобода, да си најде жена, со што склучувањето брак може да се засновува врз извесен степен љубов, што, заради пристојност секогаш и се претпоставува, што му прилега на протестантското лицемерство. Овдека хетеризмот послабо се практикува и прељубот е понеизразен. Но бидејќи во секој вид брак луѓето си остануваат онакви какви што си биле и пред бракот, а буржуите од протестантските земји се повеќето филистри, тоа оваа протестантска моногамија, просечно земајќи ги најдобрите случаи, води кон брачна заедница со неподнеслива здодевност, која ја нарекуваат семејна среќа. Најдобро огледало на овие два метода за склучување брак е романот; за католичките земји -- францускиот, за протестантските -- германскиот. Во обата „тој добива“: во германскиот --- младиот човек ја добива девојката, во францускиот -- сопругот рогови. Кој од двајцата притоа е во полоша положба, не е секогаш јасно. Затоа здодевноста на германскиот роман кај францускиот буржуј предизвикува морници, како „неморалноста“ на францускиот роман кај германскиот филистер. Впрочем, во наши дни, откако „Берлин станува светски град“, германскиот роман почнува помалку бојазливо да зборува за хетеризмот и за прељубот во него, кои таму мошне одамна биле познати.
Меѓутоа, и во двата случаи бракот е обусловен од класната положба на учесниците, и дотолку секогаш е -- брак на конвенција. Овој брак и во обата случаи мошне често се претвора во најгруба проституција -понекогаш кај обете страни, далеку почесто во проституција на жената, која од обичната куртизана се разликува само по тоа што таа своето тело не го дава во наем како наемната работничка на парче, туку еднаш за секогаш го продава во ропство. И за сите брачни конвенции важат зборовите на Фурие:
„Како што во граматиката две негации прават една афирмација, така во брачниот морал две проституции се сметаат за добродетел.“
Половата љубов станува и може да стане вистинско правило во однос на жената само меѓу угнетените класи, што значи денес кај пролетаријатот --- независно од тоа дали се официјално признати или не овие односи. Но овдека се отстранети сите основи на класичната моногамија. Овдека нема сопственост за чие зачувување и наследување токму е создадена моногамијата и власта на мажите; поради тоа овдека нема никаква побуда за установување на владеењето на мажите. Згора на тоа, овдека недостасуваат и средства; буржоаското право кое го штити ова владеење, постои само за имотните класи и за нивните односи со пролетаријатот; тоа чини пари и затоа, поради сиромаштвото на работниците нема никакво значење за односот на работникот кон својата жена. Тука решаваат сосема подруги лични и општествени односи. А, освен тоа, откако крупната индустрија ја премести жената од дома на пазарот на трудот и во фабрика и мошне често ја претвора во хранителка на семејството, на власта на мажите во пролетерското живеалиште и е одземена сета почва -- освен можеби некоја грубост во односот со жената, вкоренета од воведувањето на моногамијата. На тој начин, пролетерското семејство не е повеќе моногамско во строга смисла дури и при најстрасна љубов и најцврста верност на обете страни и без оглед на севозможни црковни и световни благослови. Поради тоа овде хетеризмот и проституцијата, вечните придружници на моногамијата, имаат сосема незначителна улога; жената фактички си го врати правото на развод на бракот, и ако страните не можат да се усогласат, тие на општо задоволство се разидуваат. Накусо, бракот на пролетерите е моногамен во етимолошката смисла на зборот, но воопшто не во неговата историска смисла.
Нашите правници, впрочем, сметаат дека напредокот на законодавството им ја одзема на жените во се поголема мера причината да се жалат. Модерните цивилизирани законски системи се повеќе признаваат: прво, дека бракот, за да биде полноважен, мора да претставува договор доброволно склучен од обете страни, и, второ, за време на бракот обете страни, една спрема другата, мораат да имаат исти права и должности. Кога овие две барања консеквентно би се спровеле, тогаш жените би имале се што можат да посакаат.
Оваа чисто правничка аргументација наполно се совпаѓа со онаа што ја употребува републиканскиот буржуј за пролетерот да го одбие и да го повика да мирува. Договорот за работа требало да биде доброволно склучен од обете страни. А тој се смета за доброволно склучен зашто законот на хартија двете страни ги става како еднакви. Моќта што различната класна положба и ја дава на едната страна, угнетувањето вршено од таа власт над другата страна -- сето тоа не го засега законот. И за време на траењето на договорот за работа би требало, пак, обете страни да бидат рамноправни додека едната или другата страна не се откажат. Законот пак не може ништо, ако економската положба го принудува работникот да се откаже дури и од последниот привид на рамноправност.
Во однос на бракот законот, и најнапредниот, наполно е задоволен штом учесниците формално во записник изјават за својата доброволна согласност. Она што, пак, се случува зад правничките кулиси каде што се одвива вистинскиот живот, како се добива оваа доброволност -- за тоа законот и правникот не можат да се грижат. А сепак овде најпростото споредување на правата би требало да му покаже на правникот што, всушност, значи оваа доброволност. Во земјите во кои на децата со закон им се определува задолжително наследување на дел од имотот на родителите, каде што тие, следствено, не можат да бидат лишени од наследство -- во Германија, во земјите на француското право итн. -- децата при склучувањето на брак мора да имаат согласност од родителите. Во земјите на англиското право, каде што законот не бара родителска согласност при склучувањето на бракот, родителите имаат и полна слобода на тестаментското располагање со својот имот, тие можат ако сакаат да ги лишат од наследство своите деца. Јасно е дека и покрај тоа, та дури и токму поради тоа, слободата на склучувањето брак во класите каде што има нешто да се наследи, всушност не е ни за влакно поголема, отколку во Франција и Германија.
Ништо подобро не е ни со правната рамноправност на мажот и на жената во бракот. Правната нееднаквост и на двајцата што сме ја наследиле од прежните општествени односи, не е причина, туку е последица на економската угнетеност на жената. Во старото комунистичко домаќинство, кое опфаќало многу брачни парови и нивните деца, водењето на ова домаќинство што им било доверено на жените било исто толку јавна, општествено неопходна производна дејност како и прибавувањето на средства за исхрана од мажите. Ова стана поинаку со патријархалното семејство, а уште повеќе со моногамното единично семејство. Водењето на домаќинството го изгуби својот јавен карактер. Тоа престана да го засега општеството. Тоа стана приватна служба; жената стана прва слугинка, отстранета од учеството во општественото производство. Дури крупната индустрија од нашево време -- и тоа само на пролетерката -- повторно и го отвори патот кон општественото производство. Но, притоа, кога таа ги исполнува своите должности во приватната служба на семејството, таа останува исклучена од јавното производство и не може ништо да заработува, а ако сака да учествува во општественото производство и самостојно да стопанисува, тогаш таа не е во состојба да ти исполнува семејните должности. А каква што и е положбата на жената во фабриката, таква и е и во сите други деловни гранки, се до медицината и адвокатурата. Модерното единично семејство е засновано врз отвореното или прикриено домашно ропство на жената, а модерното општество е една маса што се состои само од единечни семејства како свои молекули. Мажот мора во наши дни во големо мнозинство, барем кај имотните класи, да заработува, да биде хранител на семејството, и тоа му дава нему господаречка положба која нема никаква нужда од какви и да е правни привилегии. Тој во семејството е буржуј, а жената го претставува пролетаријатот. Во индустрискиот свет, меѓутоа, специфичниот карактер на економското угнетување што го трпи пролетаријатот избива со сета своја острина дури кога се отстранети сите посебни привилегии на капиталистичката класа засновани врз законот и кога е воспоставена полна рамноправност на обете класи; демократската република не ги укинува спротивностите на обете класи, таа, напротив, само создава почва во која ќе се извојува решението на спротивноста. А исто така специфичниот карактер на владеењето на мажот над жената во модерното семејство, и неопходноста, како и начинот на неговото вистинско општествено изедначување ќе излезе само тогаш на светлината на денот, кога обете страни ќе бидат правно наполно рамноправни. Тогаш ќе се покаже дека ослободувањето на жената како свој прв услов го има повторното воведување на сиот женски пол во јавната производна дејност, а тоа, пак, бара отстранување на својството на единичното семејство како стопанска единица на општеството.
Според тоа, имаме три главни форми на бракот, кои, главно, соодветствуваат на трите главни периоди од човечкиот развиток. За дивјаштвото групниот брак, за варварството синдијазмичкиот брак, за цивилизацијата моногамијата, дополнувана со прељуба и проституција. Меѓу синдијазмичкиот брак и моногамијата е вовлечено господарењето на мажите над робинките, и полигамијата.
Како што покажа сево наше излагање, напредокот, видлив во овој редослед, е сврзан за специфичноста на жената се повеќе да и се одзема половата слобода на групен брак, додека на мажот таа не му се одзема. И навистина, групен брак за мажите постои фактички и ден-денес. Она што е за жените злосторство и што по себе повлекува тешки законски последици, тоа за мажите се смета како чесно или па во најлошиот случај како лесна морална дамка што со задоволство се носи. Но колку што повеќе традиционалниот хетеризам во наше време се менува поради капиталистичкото стоковно производство и се приспособува спрема него, колку што повеќе тој се претвора во нескриена проституција, толку повеќе подеморализирачки дејствува. И тоа тој ги деморализира многу повеќе мажите отколку жените. Проституцијата ги деградираше меѓу жените само оние несреќнички кои и се препуштаат, а и нив не онолку колку што се мисли. Напротив, таа го понижува карактерот на сиот машки свет. Така, на пример, долготрајното свршеништво во девет од десет случаи е вистинска школа за брачно неверство.
Но, ние одиме во пресрет на општествениот преврат во кој сите досегашни основи на моногамијата исто така неминовно ќе исчезнат, како и основите на нејзиното дополнение, проституцијата. Моногамијата настана поради концентрацијата на поголеми богатства во една рака -- и тоа во раката на мажот -- и од потребата овие богатства да им се остават во наследство на децата на овој маж а не на некој друг. Поради тоа беше потребна моногамија на жената, а не на мажот, така што оваа моногамија на жената воопшто не ѝ застануваше на патот на откриената или скриената полигамија на мажот. Но претстојниот општествен преврат ќе ја редуцира на минимум таа грижа околу наследството со претворањето барем на бескрајно поголемиот дел од трајните, наследиви богатства -- во општествена сопственост. Бидејќи, пак, моногамијата произлегла од економски причини, ќе исчезне ли таа кога овие причини ќе исчезнат?
Би можело не без право да се одговори: таа не само што нема да исчезне, туку, напротив, дури тогаш наполно ќе се реализира. Зашто, со претворањето на средствата за производство во општествена сопственост ќе исчезне и наемниот труд, пролетаријатот, значи, и неопходноста за еден статистички пресметлив број жени да се продаваат за пари. Проституцијата исчезнува, наместо да пропадне, моногамијата најпосле станува реалност -- и за мажите.
Положбата на мажите ќе биде, според тоа, во секој случај многу изменета. Но и во положбата на жените, на сите жени, ќе стане значителна промена. Со преминот на средствата за производство во општествена сопственост единичното семејство ќе престане да биде единица на општеството. Приватното домаќинство се претвора во општествена индустрија. Одгледувањето и воспитанието на децата станува јавна работа; општеството се грижи еднакво за сите деца, без оглед дали се брачни или вонбрачни. Со тоа отпаѓа грижата за „последиците" што денес претставува најсуштествен општествен момент -- како морален така и економски -- кој и пречи на девојката, без каков и да е обзир да му се предаде на саканиот маж. Нема ли тоа да биде доволна причина за постепен развиток на слободно полово општење, а со тоа и поснисходливо општествено мислење во однос на девојчинската чест и женската срамота? И, најпосле, зарем не видовме дека во модерниот свет моногамијата и проституцијата се навистина спротивности, но нераскинливи спротивности, полови на една иста општествена состојба? Може ли да исчезне проституцијата, а со себе да не повлече пропаст на моногамијата?
Овдека стапува во дејство еден нов момент, кој во времето кога се развила моногамијата бил во најдобар случај во никулец: индивидуалната полова љубов.
До средниот век за полова љубов не може да стане збор. Само по себе се разбира дека физичката убавина, блиските обноски, изедначените склоности итн. буделе кај луѓето стремеж за полово општење, и дека не им било сосема безразлично ни на мажите ни на жените со кого ќе стапат во најинтимен однос. Но оттаму до нашата полова љубов се уште е бесконечно далеку. Во текот на сиот стар век родителите ги склучувале браковите за учесниците, а овие спокојно се миреле со тоа. Она малку брачна љубов што ја познава древноста не е некоја субјективна склоност, туку објективна должност, не е причина туку корелат на бракот. Љубовните односи во модерната смисла се јавуваат во древноста само надвор од официјалното општество. Пастирите, чии љубовни радости и страдања ги опеале Теокрит и Мосх, „Дафнис и Хлое“ на Лонг -- се то тоа исклучиво се робови кои немаат никаков удел во државата, во животната сфера на слободниот граѓанин. Но, освен меѓу робовите, љубовни потфати наоѓаме единствено како производи на залезот на Стариот свет, и тоа со жени кои исто така се надвор од официјалното општество, со хетерите, значи, со туѓинки и ослободени робинки: во Атина спроти нејзината пропаст, во Рим -- во времето на империјата. Ако кога и да е доаѓало до љубовни потфати меѓу слободните граѓани и граѓанки, тоа било во вид на прељуб. И на класичниот певец на љубовта, стариот Анакреон, му била половата љубов во наша смисла толку безразлична што дури и полот на љубимото суштество му бил безразличен.
Нашата полова љубов суштински се разликува од античкиот едноставен повтеж, еросот. Прво, таа претставува кај љубимото суштество возвратна љубов; дотолку жената е изедначена со мажот, додека кај античкиот ерос тоа возвраќање не се барало секогаш. Второ, половата љубов има таков степен на интензитет и траење што на обете страни непоседувањето и разделбата им се чинат голема, ако не и најголема несреќа; за да можат едно да си припаѓаат на друго тие ставаат се на карта, дури и својот живот, што во стариот век можело да се случи единствено при прељубот. И, најпосле, настанува нов морален критериум за оцена на половиот однос; не се прашува само: дали тој бил во бракот или надвор од бракот, туку исто така: дали тој произлегол од заемна љубов или не? Се разбира дека во феудалната или во буржоаската практика со тој нов критериум не стои работата подобро отколку со сите критериуми на моралот -- се минува преку него. Но работата со него не стои ни полошо. Тој се признава толку колку и другите -- во теоријата, на хартија. А сега засега тој повеќе не може ни да бара.
Средниот век почнува со она со што стариот век ги прекинал своите никулци на половата љубов -- со прељубот. Ние веќе ја опишавме рицарската љубов која ги создаде Tagelieder. Од оваа љубов која сака да го урива бракот, до онаа која сака да го основа, претстои уште долг пат, кој рицарството не можело никогаш докрај да го премине. Дури кога ќе прејдеме од фриволните Романи на доблесните Германци, наоѓаме во песната за Нибелунзите дека Кримхилда, вистина, не е потајно помалку вљубена во Зигфрид отколку тој во неа, сепак на Гунтеровото известие дека тој ја свршил за еден рицар кого не го именува, одговара просто:
„Нема нужда да ме молите; како што ќе ми заповедате така секогаш и ќе постапам; онега што вие, господаре, ќе ми го дадете за маж, за него од сѐ срце ќе се свршам.“
Нејзе не ѝ ни паѓа на ум дека овде може да дојде предвид нејзината љубов. Гунтер ја бара за жена Брунхилда, а Етцел -- Кримхилда, иако никогаш ги немаат видено; исто така во „Гутрун“ Зигебант од Ирска ја бара за жена Ута, Хетел од Хегелинген -- Хилда од Ирска, најпосле Зигфрид од Морланд, Хартмут од Орманија и Хервиг од Зеланд -- Гутруна, и дури овде се случува таа доброволно да се одлучи за последниот. По правило, на младиот кнез му избираат неговите родители невеста ако уште се живи, инаку тој самиот избира советувајќи се притоа со големите феудалци, при што нивниот збор имал пресудно значење. Поинаку не може ни да биде. За рицарот или баронот, како и за самиот кнез-владетел женидбата е политички акт, згода да се наголеми моќта со помош на нови сојузи; интересот на куќата има да реши, а не личната симпатија. Како ќе можела тука љубовта да го каже последниот збор при склучувањето на брак?
Не е поинаку ни со еснафскиот граѓанин на средновековните градови. Токму привилегиите што го штитат еснафскиот поредок со прекумерните ограничувања, вештачки направените граници што законски го издвоиле ваму од другите цехови, од неговите сопствени еснафски другари, од неговите помошници и ученици, веќе доволно го стесниле кругот од кој можел да бара погодна сопруга. А која од нив била најпогодна, во овој заплеткан систем, тоа не го решавала неговата индивидуална желба, туку интересот на семејството.
Така во бескрајното мноштво случаи, сѐ до крајот на средниот век, склучувањето брак си останало она што си било од почетокот: работа која не се решавала од самите учесници. Во почетокот човекот доаѓал на свет веќе оженет -- оженет со цела една група од другиот пол. Во подоцнежните форми на групниот брак веројатно се зачувал таквиот однос, само со се поголемо стеснување на групата. Во синдијазмичкиот брак е правило мајката да ги договара браковите за своите деца; и овде решаваат обзирите за новите роднински врски кои на младиот пар треба да му обезбедат поповолна положба во генсот и племето. И кога со претегнувањето на приватната сопственост над заедничката сопственост заедно со заинтересираноста за "наследувањето се здобиле со превласт татковското право и моногамијата, тогаш склучувањето брак станало наполно зависно од економските обзири. Формата на брак со купување исчезнува, но всушност тој во се поголема мера се спроведува, така што цена добива не само жената туку и мажот -- не според своите лични својства, туку според својот имот. Во практиката на владејачките класи од самиот почеток било нечуена работа како решавачка основа при склучувањето брак да биде заемната склоност на учесниците; такво нешто можело да се случи само во романтиката или меѓу угнетените класи, кои не се земале предвид.
Таква беше состојбата затекната од капиталистичкото производство кога почна да се подготвува, Од времето на географските откритија, да завладее со светот со помош на светската трговија и мануфактурата. Може да се претпостави дека овој начин на склучување бракови за него бил исклучително погоден, а така и било. А сепак -- иронијата на светската историја е неисцрпна -- капиталистичкото производство беше тоа кое мораше да направи решавачки пробив во него. Откако ги претвори сите нешта во стоки, тоа ги уништи сите традиционални, од старо наследени односи, па на местото на наследениот обичај, на историското право, на купувачката и продажбата дојде „слободниот“ договор. Англискиот правник Х. С. Мејн верувал дека направил огромно откритие кога забележал дека сиот наш напредок, во споредба со поранешните епохи, се состои во тоа што сме преминале from status to contract, од наследните односи на односи слободно договорени што, впрочем, доколку тоа е точно, веќе се наоѓаше во „Комунистичкиот манифест“.
Но за склучување договор се потребни луѓе што можат слободно да располагаат со своите личности, постапки и имоти, и кои се меѓу себе рамноправни. Создавањето на ваквите „слободни“ и „еднакви“ луѓе беше едно од главните дела на капиталистичкото производство. Иако тоа отпрво се случувало само на полусвесен а згора на тоа и на религиски маскиран начин, сепак од лутеровската и калвинистичката реформација беше затврден принципот дека е човекот наполно одговорен за своите постапки тогаш кога ги сторил при слободна волја, и дека морална должност претставува давањето отпор против секоја принуда на неморална постапка. Но како се согласувало тоа со досегашната практика на склучување брак? Според буржоаското сфаќање, бракот бил договор, правна зделка, и тоа најважна од сите, зашто таа за целиот живот донесувала решение за телото и духот на две човечки суштества. Вистина, тој се склучувал формално доброволно; без согласност на учесниците не можел да се склучи. Но мошне добро се знаело како се доаѓало до оваа согласност и кој всушност го склучувал бракот. Меѓутоа, ако за сите други договори се барала вистинска слобода на одлучувањето, зошто не се барала и за овој договор? Зарем двајца млади луѓе што требало да се соединат немале исто така и право слободно да располагаат сами со себеси, со своето тело и со неговите органи? Зарем благодарение на рицарството не била влезена во мода половата љубов, и зарем, наспроти на рицарската браколомна љубов, љубовта на сопрузите не била нејзина вистинска буржоаска форма? Но ако е должност на сопрузите еден друг да се сакаат, зарем не е должност на оние што се сакаат, едно со друго да се земаат и никако поинаку? Зар ова право на оние што се сакаат не е над правото на родителите, роднините и другите вообичаени брачни посредници и стројници? Ако правото на слободен личен избор се вовлекло во црквата и религијата, како можело тоа да застане пред неподносливата претензија на постарата генерација да располага со телото, со душата, со имотот, со среќата и несреќата на помладата генерација?
Овие прашања мораше да се стават на дневен ред во времето кое ги заслабна сите стари врски на општеството и ги расколеба сите наследени претстави. Светот одеднаш стана речиси десетпати поголем; наместо еден квадрант од полутопката, сега се покажа сета Земјина топка пред погледот на западните Европејци, кои побрзаа да завладеат со останатите седум квадранти. И како што паднаа старите тесни граници на родната земја, паднаа и илјадагодишните рамки на средновековното пропишано мислење. Како на надворешното така и на внатрешното око на човекот му се отвори бескрајно поширок хоризонт. Какво значење можеше да има репутацијата на чесност или наследената од поколенија уважувана еснафска привилегија, за млад човек кого го примамуваа богатствата на Индија, златните и сребрени рудници на Мексико и Потосија? Тоа беше време на скитечкото рицарство на буржоазијата; таа исто така имаше своја романтика и свои љубовни мечтаења, врз буржоаска подлога и, во крајна инстанција, со буржоаски цели.
Се случило така што буржоазијата, издигнувајќи се, особено во протестантските земји каде што бил најмногу поколебан постојниот поредок, се повеќе и повеќе да ја признава слободата на склучување договори и за бракот, и ја спроведувала на гореопишаниот начин. Бракот си останал класен брак, но во рамките на учесниците се допуштал извесен степен на слобода на изборот. И на хартија, во етичката теорија како и во поетското опишување, немало ништо што да е понепоколебливо утврдено од тоа дека секој брак е неморален ако не се засновува врз заемната полова љубов и вистински слободниот договор на сопрузите. Накусо, бракот од љубов бил прокламиран како право на човекот, и тоа не само droit de l'homme, туку и, како исклучок и како droit de la femme.
Но ова право на човекот се разликувало во една точка од сите останати таканаречени човечки права. Додека овие права останувале во практиката "ограничени на владејачката класа, на буржоазијата, а на угнетената класа, на пролетаријатот, едностојно му беа непосредно или посредно скусувани, тоа овде пак се потврдува иронијата на историјата. Владејачката класа останува завладеана од познатите економски влијанија, и затоа само во исклучителни случаи покажува навистина слободно склучени бракови, додека овие, како што видовме, кај угнетената класа се правило.
Полната слобода на склучувањето брак, значи, може да биде проведена дури тогаш кога со отстранувањето на капиталистичкото производство и од него создадените имотни односи ќе бидат отстранети сите обзири, кои и сега имаат толку силно влијание врз изборот на сопругот. Токму тогаш ќе нема никаков поинаков мотив освен заемната наклоност.
Но бидејќи половата љубов по својата природа е исклучителна -- иако оваа исклучителност во наши дни наполно се остварува само кога станува збор за жената -- тоа бракот, заснован врз полова љубов, по својата природа е единичен брак. Видовме колку е прав Бахофен кога напредокот од групниот брак кон единичниот брак го смета како дело на жените; само преодот од синдијазмичкиот брак кон моногамијата може да им се припише на мажите; историски, пак, тој се состоел суштествено во влошувањето на положбата на жените и во олеснувањето на неверството на мажите. Ако сега отпаднат уште и економските обзири поради кои жените се миреле со вообичаеното неверство на мажите -- грижата за својата сопствена егзистенција и уште повеќе грижата за иднината на децата -- тогаш со тоа достигнатата рамноправност на жената, според сето прежно искуство, ќе влијае во бесконечно поголема мера мажите навистина да станат моногамски, отколку жените да станат полиандриски.
Но она што ќе отпадне од моногамијата, тоа се сите белези кои и се втиснати со нејзиното настанување од имотните односи, а имено, прво, превласта на мажите и, второ -- нераскинливоста на бракот. Превласта на мажот во бракот е проста последица на неговата економска превласт и сама од себе исчезнува заедно со последната. Нераскинливоста на бракот делум е последица на економската положба во која настанала моногамијата, а делум на традициите од времето кога врската на оваа економска положба со моногамијата уште наполно не била сфатена и кога религиски била претерувана. Таа е веќе денес нарушена илјадници пати. Ако е морален само оној брак што е заснован врљубовта, тогаш е исто така морален само оној брак во кој љубовта продолжува да трае. Меѓутоа, траењето на занесната индивидуална полова љубов е мошне различно кај различните индивидуи, особено кај мажите, и ако наклоноста сосема престанала или биде истисната од една нова страсна љубов, тогаш разводот за обете страни како и за општеството е благодет. Само луѓето треба да се поштедат од залудното цапање во калта на бракоразводниот процес.
На тој начин, она што денес можеме да го насетуваме во уредувањето на половите односи по претстојното отстранување на капиталистичкото производство, има предимно негативен карактер, се ограничува најмногу на она што отпаѓа. Но што ќе дојде ново? Тоа ќе се реши кога ќе израсне едно ново поколение: поколение на мажи кои никогаш не дошле во ситуација, со пари или со други средства на социјалната моќ, да купуваат жени, и поколение на жени кои никогаш не дошле во ситуација да им се подаваат на мажите од какви и да е други обзири освен од вистинска љубов, ниту на њубениот да му откажат подавање поради страв од последиците. Кога ќе се појават овие луѓе, тие по ѓаволите ќе го пратат сето она што денес се мисли дека би требало да го прават; тие ќе си создадат своја сопствена практика и свое соодветно јавно мислење за практиката на секој поединец -- и точка.
Меѓутоа, да се вратиме на Морган, од кого прилично се оддалечивме. Историското истражување на општествените институции што се развиле за време на цивилизацијата излегува од рамките на неговата книта. Поради тоа судбината на моногамијата за време на оваа цивилизација го занима сосема малку. И тој гледа во понатамошниот развиток на моногамското семејство напредок, доближување до полната рамноправност на половите, не сметајќи дека оваа цел е достигната. Меѓутоа, тој вели,
„ако се признае фактот дека семејството има минато низ четири сукцесивни форми и дека е во петтата, тогаш се поставува прашањето дали оваа форма и во иднината ќе продолжува да трае. Единствено можен одговор е дека таа мора да оди напред, како што оди напред општеството, лека мора да се менува во онаа мера во која се менува општеството, сосема како и досега. Таа е рожба на општествениот систем и таа ќе го одразува степенот на неговиот културен развиток. Бидејќи моногамското семејство се има подобрено од почетокот на цивилизацијата, и тоа мошне забележливо во модерното време, во најдобар случај може да се претпостави дека тоа е способно за понатамошно усовршување, додека не се достигне еднаквоста на обата пола. Ако во далечната иднина моногамското семејство нема да биде во состојба да ги исполнува барањата на општеството, тогаш е невозможно да се претскаже каков карактер ќе има неговата наследничка“.
Фусноти
[1] Синдијазмичко од грчкиот збор syniasmos, здружување на парови. Според Маркс „синдијазмичкото семејство почива врз здружувањето на мажот и жената како еден пар, но без исклучива кохабитација“ (заедничко живеење).
[2] Означувајќи ја оваа прасостојба хетеризам, Бахофем покажал колку малку тој го разбрал она што го открил или, поточно, што го одгатнал. Хетеризмот на Грците им означувал, кога го вовеле овој збор, полов однос на мажи, неоженети или кои живеат во единичен брак, со немажени жени; тој секогаш претпоставува определена форма на брак надвор од која се случува ова општење и веќе ја вклучува проституцијата, барем како можност. Во некоја друга смисла зборот и не е употребуван, и во оваа смисла јас го употребувам заедно со Морган. Извонредно значајните откритија на Бахофен се мистифицираат насекаде до неверојатност со неговата вообразба дека историски настанатите односи меѓу мажот и жената имале секогаш свој извор во вообичаените религиски претстави на луѓето, а не во нивните реални животни услови.
[3] Во едно писмо од пролетта 1882 Маркс се изразува со најтешки зборови за тоталното фалсификување на првобитното време во Вагнеровиот текст за Нибелунзите: „Дали кога и да е се чуло дека братот си ја прегрнал сестра си како невеста?“ На овие „богови на похотата“ на Вагнер кои на сосема модерен начин им придаваат на своите љубовни дечкања пикантност со малку крвносмешување, Маркс им одговара: „Во прастарото време сестрата била жена, и тоа било морално.“ (Кон четвртото издание). Еден француски пријател и почитател на Вагнер не се согласува со оваа забелешка и одбележува дека веќе во постарата „Еда“, во која надоградувал Вагнер, во „Edda“, Локи ѝ префрла на Еда: „Пред боговите ти го прегрна сопствениот брат.“ Значи, бракот меѓу брат и сестра уште тогаш божем бил забранет. „Егзидрека“ е израз на едно време кога верата во старите митови била наполно уништена; таа е вистинска подбивна песна за боговите во стилот на Лукијан. Ако Локи, како Мефисто во неа на Фреја ѝ прави таков упрек, тогаш тоа поскоро зборува против Вагнер. Притоа, неколку стихови понатаму, Локи му вели на Нјердр: „Со својата сестра роди ти (таков) син“ (vidh systur thinni gaztu slikan mög). Нјердр вистина не е Аз, туку Ван, и во сагата за Инглинг тој вели дека браковите меѓу браќа и сестри биле вообичаени во земјата на Ваните, што не бил случај кај Азите. Тоа би укажувало дека Ваните се постари богови од АзитеП5. Секако Нјердр живее меѓу Азите како меѓу себе еднакви, а тогаш „Егзидрека“ е поскоро докадека во времето на настанувањето на норвешките саги за боговите бракот меѓу брат и сестра барем меѓу боговите не предизвикувал возмутување. Ако се сака Вагнер да се оправда, тогаш можеби подобро би сториле место на „Еда“ да се повикаме на Гете кој во баладата за богот и бајадерата прави слична грешка во поглед на религиското подавање на жените, прекумногу зближувајќи го овој обичај со модерната проституција.
[4] Трагите на нерегулираното полово општење, кои Бахофен мислел дека ги пронашол, тн. „раѓање во разврат“, се сведуваат -- и во тоа сега не може да има сомневање -- на групниот брак. „Ако Бахофен наоѓа дека овие бракови на пуналуите се "беззаконски, тогаш човек од тој период би нашол дека повеќето од денешните бракови меѓу блиските и далечни роднини од татковата или мајчинската страна се родооскврнување, имено дека се тоа бракови меѓу браќа и сестри "што во крвно роднинство.“ (Марко).