Карл Маркс
Капиталот (том 1)

Поговор кон француското издание до читателот


До читателот

Г. Ж. Роа си поставил задача да даде колку што е возможно поточен, та дури и што подословен превод; оваа задача тој ја изврши строго точно. Но точно оваа строга точност ме присили да ја изменам редакцијата за да му биде на читателот попристапна. Овие измени, кои се вршени од ден на ден, зашто книгата излегуваше во периодични книшки, не се изведени со еднакво внимание и мораат да предизвикаат стилски нееднаквости.

Кога веќе еднаш се зафатив со работата на ревизијата, јас почувствував нужда да ја применам и врз оригиналниот текст (второто германско издание), некои излагања да поупростам, други да дополнам, да дадам како дополнение нешто историски и статистички материјал, да додадам некои критички забелешки итн. Макар какви да биле литературните недостатоци на ова француско издание, тоа има своја научна вредност независно од оригиналот, па и читателите што знаат германски, би требало да гo консултираат.

Подолу ги давам и местата од поговорот кон второто германско издание во кои станува збор за развитокот на политичката економија во Германија и за методот применет во ова дело.

Лондон, 28 април 1875

Карл Маркс


Содржина

Маркс-Енгелсова интернет архива

марксистичка интернет архива