Содржина
1. — Зголемено барање на работна сила со акумулацијата, при неизменет состав на капиталот
2. — Релативно смалување на променливиот дел од капиталот во текот на акумулацијата и концентрацијата што ја следи
3. — Прогресивно производство на релативна пренаселеност или индустриска резервна армија
4. — Различни форми за суштествување на релативната пренаселеност, општиот закон на капиталистичката акумулација
5. — Илустрација на општиот закон на капиталистичката акумулација
a) Англија од 1846-1866
б) Лошо платените слоеви од британската индустриска работничка класа
в) Скитничкото население
г) Дејствување на кризата врз најдобро платениот дел од работничката класа
д) Британскиот земјоделски пролетаријат
ѓ) Ирска
Во оваа глава ние ќе го поразгледаме влијанието што го врши зголемувањето на капиталот врз судбината на работничката класа. Најважните фактори во ова иследување се составот на капиталот и измените што ги претрпува тој во текот на процесот на акумулацијата.
Составот на капиталот може да се разгледува од две гледни точки. Разгледуван од страна на вредноста, тој се определува од односот, во кој се дели тој на постојан капитал или на вредност на средствата за производство и на променлив капитал или на вредност на работната сила, целокупната вредност на наемнините. Разгледуван од страна на материјата, како што функционира тој во процесот на производството, секој капитал се дели на средства за производство и на жива работна сила; овој состав се определува од односот меѓу масата на применетите средства за производство од една страна и од количеството труд што е потребен за нивната примена од друга страна. Првиот јас го викам вредносен состав на капиталот, вториот технички состав на капиталот. Меѓу обата суштествува тесен заемен однос. За да се изрази овој заемен однос, јас вредносниот состав на капиталот, до колку се определува тој од неговиот технички состав и ги одразува неговите измени, го викам органски состав на капиталот. Каде што ќе се говори кратко за состав на капиталот, секојпат треба да се разбира неговиот органски состав.
Многубројните поединечни капитали вложени во некоја определена гранка на производството имаат еден од друг повеќе или помалку различни состави. Средноста на нивните поединечни состави ни го дава составот на целокупниот капитал на оваа гранка на производството. Најпосле вкупната средност на средните состави на сите гранки од производството ни го дава составот на општествениот капитал од една земја, и само за овој, во крајна инстанца, станува збор во натамошното излагање.
Зголемувањето на капиталот вклучува зголемување на неговиот променлив составен дел или делот претворен во работна сила. Еден дел од вишокот на вредноста што се претвора во придаден капитал мора постојано одново да се претвора во променлив капитал или во придаден фонд на трудот. Ако претпоставиме, покрај инаку неизменети околности, дека останува неизменет и составот на капиталот, т.е. дека една определена маса средства за производство или постојан капитал постојано бара иста маса работна сила за да ја стави неа во движење, тогаш е очигледно дека барањето на трудот и на фондот на средства за живот на работниците ќе расте сразмерно со порастот на капиталот и ќе се зголемува толку побргу колку што побргу расте капиталот. Бидејќи капиталот произведува годишно вишок на вредноста, од кај еден дел годишно се присоединува кон оригиналниот капитал, бидејќи и самиот овој прирасток расте секоја година со зголемувањето на опсегот на капиталот што веќе се најдува во функција, и бидејќи најпосле, под особениот поттик што го дава стремежот за збогатување, како на пр. при отворањето нови пазари, нови сфери за авансирање капитали, поради новоразвиени општествени потреби итн., размерот на акумулацијата може ненадејно да се рашири само со проста измена во расподелбата на вишокот на вредноста или на вишокот на производот во капитал и доход, тоа акумулационите потреби на капиталот можат да го надминат порастот на работната сила или бројот на работниците, барањето работници да го надмине нивното предлагање и поради тоа да се повиши наемнината. Најпосле дури тоа и мора да се случи ако потрае неизменето горната претпоставка. Бидејќи во секоја година се земаат повеќе работници на работа отколку во претходната, тогаш мора порано или подоцна да се дојде до точката каде што почнуваат потребите на акумулацијата да го прерастуваат обичното предлагање труд, значи каде што настапува повишување на наемнината. Жалби за ова се слушаат во Англија низ целиот петнаесетти и во првата половина на осумнаесетти век. Сепак, повеќе или помалку благопријатните услови во кои се одржуваат и се множат наемните работници, ништо не го изменуваат основниот карактер на капиталистичкото производство. Како што непрекинато го препроизведува простото препроизводство капиталистичкиот однос, капиталисти на една страна, наемни работници на друга, така и препроизводството врз проширена размера или акумулацијата го препроизведува капиталистичкиот однос врз раширена размера, повеќе капиталисти или покрупни капиталисти на овој пол, повеќе наемни работници на оној. Препроизводството на работната сила што мора незапирно да се приклучува кон капиталот како средство за оплодување на вредноста, што не може да се ослободи од него, и чија потчинетост под капиталот се прикрива само со менувањето на индивидуалните капиталисти на кои им се продава таа, всушност сочинува еден момент од препроизводството на самиот капитал. Значи, акумулацијата на капиталот е умножување на пролетаријатот.[70]
Класичната економија толку добро ја разбрала оваа положба што А. Смит, Рикардо итн., како што спомнавме порано, дури погрешно ја изедначија акумулацијата со трошењето на целиот капитализиран дел од вишокот на производот од страна на производните работници, или со неговото претворање во придадени наемни работници. Уште во 1695 Џон Белерс има речено:
„Ако има некој 100.000 акри земја и исто толку многу фунти пари и толку многу добиток, тогаш што ќе биде друго богатиот човек без работници освен и самиот тој работник. А бидејќи работниците прават богати луѓе, тогаш колку повеќе работници, толку повеќе богаташи ... Трудот од сиромасите е рудник за богаташите.“[71]
Така вели и Бернар де Мандевил во почетокот на 18 век.
„Таму каде што е сопственоста достатно заштитена, полесно би било да се живее без пари отколку без сиромаси, зашто кој би го вршел трудот? ... Како што е редно да се запазат работниците од гладување, така ним не треба да им се даде ништо што вреди да се заштеди. Ако се издигне овде-онде некој од најниската класа со необична трудољубивост и недојадување над положбата во која пораснал, тогаш никој него не смее да го спречува во тоа: обратно, неоспорно е дека најразумен план за секое приватно лице, за секое приватно семејство во општеството да бидат чуварни; но во интерес ѝ е на секоја богата нација, најголемиот дел од сирамасите никогаш да не бидат бездејствени и сепак тие постојано да трошат сѐ што примаат ... Оние што го одржуваат животот со својот дневен труд, нема ништо друго што да ги поттикне да бидат услужни освен нивните потреби, а кои е умно да се ублажуваат, но би било лудост да се излекуваат. Единственото нешто што може да го направи работниот човек трудољубив, е умерената наемнина. Премалата наемнина ќе го направи него, според неговиот темперамент или малодушен или очаен, а преголемата безобразен и мрзлив. Од досегашново излагање излегува дека во една слободна нација, каде што е забрането ропството, најсигурното богатство се состои од една маса работливи сиромаси. Надвор од тоа, тие се неисцрпен извор за пополнување на флотата и армијата, без нив не би имало никакви наслади и не би било возможно да се исползува вредноста на некоја земја за добивање доход. За да се направи општеството (што се состои, природно, од неработници) среќно, а народот задоволен дури и во бедна положба, потребно е да остане во незнаење и сиромаштија големо мнозинство. Знаењето ги проширува и ги умножува нашите желби, а колку помалку желби има еден човек, толку полесно можат да се задоволат неговите потреби.“[72]
Она што Мандевил, човек чесен и бистра глава, уште не го разбрал е, дека самиот механизам на процесот на акумулацијата ја умножува заедно со капиталот и масата на „работливите сиромаси“, т.е. на наемните работници, што се принудени да ја претвораат својата работна сила во сѐ поголема сила за оплодување сѐ поголем капитал, и баш со тоа тие мораа да го овековечат нивниот однос на зависност од нивниот сопствен производ олицетворен во капиталистот. По повод овој однос на зависност, сер Ф. М. Идн забележува во својата книга „Положбата на сиромасите или историја на работничката класа во Англија“:
„Нашата зона бара труд за задоволување на потребите и затоа мора барем еден дел од општеството да работи неуморно ... Сепак малцината, што не работат, ги имаат на свое располагање производите на трудољубивоста. Но овие сопственици треба да ѝ заблагодарат за тоа само на цивилизацијата и на редот, тие се чисти созданија на буржоаските институции.[73] Зашто, овие институции имаат признаено дека плодовите од трудот можат да се присвојуваат не само со труд туку и инаку. Луѓето со независен имот треба да му заблагодарат за својот имот речиси coceм на трудот од други, а не на своите сопствени способности, кои ништо не се подобри од способностите на другите; тоа што ги одделува богатите од сиромасите не е имотот над земјата и парите, туку командата над трудот („the command of labour“) ... Таа што му прилега на сиромавиот не е некоја понижена или ропска положба, туку угоден и либерален однос на зависност („a state of easy and liberal dependence“), а на луѓето што имаат сопственост им прилега авторитет и достатно влијание над оние што работат за нив... Еден таков однос на зависност е потребен, како што знае секој познавач на човечката природа, за доброто на самите работници.“[74]
Сер Ф. М. Идн е, патем да речеме, единствениот ученик на Адам Смит што во осумнаесеттиот век дал нешто позначајно.[75]
Под оние услови на акумулацијата, што ги претпоставувавме досега, а што се најблагопријатни за работниците, односот на зависноста на работникот од капиталот се облекува во сносливи, или како што вели Идн, во „угодни и либерални“ форми. Наместо да стане со зголемувањето на капиталот поинтензивен, тој станува само поекстензивен, т.е. сферата на експлоатацијата и господството на капиталот се раширува само заедно со неговата сопствена големина и со бројот на неговите поданици. Од нивниот сопствен вишок на производот што постојано расте и што се претвора во сѐ поголема мера во придаден капитал, им се враќа после назад еден поголем дел во форма на платежни средства, така што тие го рашируваат со него кругот на своите наслади, го снабдуваат подобро својот фонд за трошење облекло, мебели итн., и можат да образуваат мали парични резервни фондови. Но како што подоброто облекување, подоброто јадење, подоброто однесување и еден поголем Peculium [имот, што им се препушта за ползување на робовите] не го укинуваат односот на зависноста и експлоатацијата на робот, така исто нив не ги укинуваат ни за наемниот работник. Повишување на цената на трудот поради акумулацијата на капиталот всушност го покажува само тоа дека обемот и тежината на златниот синџир што си го исковал веќе сам за себеси наемниот работник дозволуваат тој малку да се поразлабави. Во споровите околу овој предмет најмногу се заборавала главната работа, имено differentia specifica [специфичниот белег] на капиталистичкото производство. Овде работната сила не се купува за да ги задоволи со нејзината служба или со нејзиниот производ личните потреби на купецот. Неговата цел е оплодување на неговиот капитал, производство на стоки, што содржат повеќе труд отколку што плаќа тој, значи што содржат еден дел од вредноста што него не го чини ништо, а сепак се реализира со продажбата на стоките. Производство на вишок на вредноста или правење профит е апсолутен закон на овој начин на производство. Работната сила може да се продава само до колку таа ги одржува средствата за производство како капитал, до колку ја препроизведува својата сопствена вредност како капитал и до колку дава во неплатениот труд еден извор за придаден капитал.76 Значи, условите за продажба на работната сила, било да се тие повеќе или помалку благопријатни за работникот, ја вклучуваат во себеси нужноста на нејзината постојана повторна продажба и на постојаното проширено препроизводство на богатството како капитал. Наемнината, по својата природа, како што видовме, има за претпоставка, работникот постојано да дава определено количество неплатен труд. Дури и сосем да го оставиме настрана повишувањето на наемнината со едновременото снижување на цената на трудот итн., нејзиното зголемување во најдобар случај значи само квантитативно намалување на неплатениот труд, што мора да го извршува работникот. Ова смалување никогаш не може да дојде до онаа точка што би го загрозила самиот систем. И да не ги земаме предвид конфликтите за нормата на наемнината што се решаваат со сила, а веќе уште Адам Смит покажа дека во тој конфликт главно господарот си останува господар — покачувањето на цената на трудот што произлегува од акумулацијата на капиталот ја дава следнава алтернатива:
Или цената на трудот продолжува да се крева, затоа што нејзиното повишување не му пречи на напредокот на акумулацијата; во тоа нема ништо чудно, бидејќи како вели Адам Смит:
„дури и при намален профит, капиталот сепак се умножува; дури тој расте побргу отколку порано... општо земено, еден крупен капитал дури и при помал профит расте побргу, отколку еден мал капитал при поголем профит.“ („Wealth of Nations“, II, стр, 189.)
Во овој случај е очевидно дека смалувањето на неплатениот труд никако не му пречи на ширењето на господството на капиталот. Или, ова е другата страна на алтернативата, акумулацијата ослабува поради повишената цена на трудот, со тоа се затапува поттикот за печалба. Акумулацијата спаднува. Но со нејзиното спаднување исчезнува и причината за нејзино спаднување, имено диспропорцијата меѓу капиталот и работната сила што може да се експлоатира. Механизмот на капиталистичкиот процес на производството значи сам ги отстранува пречките што ги создал тој претходно. Цената на трудот пак паѓа на едно ниво што им одговара на потребите за оплодување на капиталот, било што сега ова ниво е под, над или еднакво со нивото што важеше како нормално пред да настапи повишувањето на наемнината. Јасно е: во првиот случај не е опаѓањето на апсолутниот или пропорционалниот пораст на работната сила или работничкото население она што го прави капиталот прекумерен, но напротив, зголемувањето на капиталот ја прави недостатна работната сила што може да се експлоатира. Во вториот случај не е зголемувањето на апсолутниот или пропорционалниот пораст на работната сила или работничкото население она што го прави капиталот недостатен, туку напротив смалувањето на капиталот е она што ја прави прекувишна работната сила што може да се експлоатира, или дури и нејзината цена. Ете тие се оние апсолутни движења во акумулацијата на капиталот што се одразуваат како релативни движења во масата на работната сила што може да се експлоатира и поради тоа изгледа како да излегуваат тие од нејзините сопствени движења. Да употребиме математички израз: големината на акумулацијата е независна променлива, големината на наемнината е зависна, а не обратно. Така во фазата на криза на индустрискиот циклус општиот пад на стоковните цени се изразува како повишување на релативната вредност на парите, а во фазата на просперитет општото повишување на стоковните цени се изразува како пад на релативната вредност на парите. Таканаречената currency school [валутна школа] заклучува од тоа дека при високи цени во циркулацијата има премалку пари, а при ниски цени премногу.[1*] Нејзиното полно неразбирање на фактите,[77] најдува достојна на себеси паралела во економистите, коишто ги толкуваат оние појави од акумулацијата така што едниот пат да суштествуваат премалку наемни работници, а другиот пат премногу.
Законот на капиталистичкото производство, врз кој се засновува привидниот „природен закон на населението“ се сведува просто на следново: Односот меѓу капиталот, акумулацијата и нормата на наемнината не е ништо друго но однос меѓу неплатениот труд што е претворен во капитал и придадениот труд што е потребен за да се стави во движење придадениот капитал. Значи, тоа не е никако однос меѓу две една од друга независни големини, од една страна големината на капиталот, од друга страна бројот на работничкото население, тој е, напротив, во крајна инстанца само однос меѓу неплатениот и платениот труд од исто работничко население. Ако расте доста бргу количеството на неплатениот труд, што го дава работничката класа, а што го акумулира капиталистичката класа, за да може да се претвори во капитал само при еден извонреден придаток на платен труд, тогаш наемнината се крева и, ако сѐ друго остане еднакво, сразмерно се смалува неплатениот труд. Но штом ова смалување ќе дојде до точката, каде што вишокот на трудот, со кој се храни капиталот, не се предлага повеќе во нормално количество, тогаш настапува реакција: се капитализира помал дел од доходот, акумулацијата ослабнува, а движењето на наемнината нагоре добива противудар. Повишувањето на цената на трудот значи останува приклештено во границите, кои не само што ги оставаат негибнати основите на капиталистичкиот систем, туку и го осигуруваат неговото препроизводство во раширена размера. Според тоа, законот на капиталистичката акумулација, мистифициран во еден природен закон, всушност го изразува само тоа, дека природата на акумулацијата исклучува секакво онакво смалување во степенот на експлоатацијата на трудот или секое онакво повишување на цената на трудот, што би можело сериозно да го загрози постојаното препроизводство на капиталистичкиот однос и неговото препроизводство врз постојано раширена размера. Инаку и не може да биде во еден начин на производство, но кој работникот суштествува за потребите на оплодувањето на постојната вредност, наместо обратното, материјалното богатство да суштествува за потребите на развитокот на работникот. Како што во религијата господари над човекот производот на неговата сопствена глава, така во капиталистичкото производство господари над него производот на неговите сопствени раце.[77a]
Според самите економисти, ни постојниот обем на општественото богатство, ни големината на веќе придобиениот капитал не е она што доведува до покачување на наемнината, туку само незапирниот пораст на акумулацијата и степенот на брзината на нејзиниот пораст. (А. Смит: „Wealth of Nations”, книга I, гл. 8) Досега ние разгледувавме самo една посебна фаза од овој процес, онаа во која капиталот се зголемува при неизменет технички состав на капиталот. Но процесот ја преминува оваа фаза.
Кога се дадени еднаш општите основи на капиталистичкиот систем, во текот на акумулацијата настапува една точка, каде што развитокот на производноста на општествениот труд станува моќен лост за акумулацијата.
„Истата причина“ — вели А. Смит, „што ја покачува наемнината, имено зголемувањето на капиталот, тера кон подигнување на производните способности на трудот и ја доведува во состојба едно помало количество труд да произведува поголемо количество производ“.
Ако ги оставиме настрана природните услови, како плодноста на земјата итн. и вештината на независните производители што работат изолирано, што се пројавува сепак повеќе квалитативно во добрата изработка отколку квантитативно во масата на изработката, општествениот степен на производноста на трудот се изразува во релативниот обем на средствата за производството коишто еден работник за едно исто работно време, со исто напрегнување на работната сила ги претвора во производ. Масата од средствата за производство со која функционира тој, расте заедно со производноста на неговиот труд. Овие средства за производство овдека играат двојствена ролја. Растењето на едните е последица, растењето на другите е услов од поранешната производност на трудот. На пр. при мануфактурната поделба на трудот и примената на машинерија во исто време се изработуваат повеќе суровини, значи во процесот на трудот влегува поголема маса суровини и помошни материи. Тоа е последица од пораснатата производност на трудот. Од друга страна, масата на применетите машинерии, на работниот добиток, минералните гноеви, дренажните цевки итн. се услови за растење на производноста на трудот. Исто така, масата од средствата за производство што е концентрирана во зградите во грамадните печки, во транспортните средства итн. Но без разлика дали е причина или последица — нараснатиот обем на средствата за производство во споредба со работната сила што им се присоединува ним ја изразува порастената производност на трудот.[2*] Значи, зголемувањето на последнава се појавува во смалувањето на масата труд во однос на масата средства за производство што ги движи таа, или во смалувањето на големината на субјективниот фактор на процесот на трудот во споредба со неговиот објективен фактор.
Оваа измена во техничкиот состав на капиталот, зголемувањето на масата средства за производство во споредба со масата работна сила што ги оживува нив, се одразува во вредносниот состав на капиталот, во зголемувањето на постојаниот составен дел од капиталот за сметка на неговиот променлив составен дел. На пр. отпрво се вложува од еден капитал, сметано во процент, 50% на средствата за производство и 50% на работна сила, подоцна, со развитокот на степенот на производноста на трудот, се вложува 80% на средства за производство и 20% на работна сила итн. Овој закон за растечкото зголемување на постојаниот дел од капиталот во споредба со променливиот, се потврдува на секој чекор (како што изложивме погоре), со споредбената анализа на стоковните цени, без разлика дали ние споредуваме различни економски епохи само на една нација или на различни нации во една иста епоха. Релативната големина на оној елемент на цената, што ја претставува само вредноста на потрошените средства за производство или на постојаниот дел од капиталот, ќе стои во директен однос спроти напредокот на акумулацијата, а релативната големина на другиот елемент на цената, што се плаќа за трудот, или на променливиот дел од капиталот, ќе стои општо во обратен однос спроти напредокот на акумулацијата.
Сепак смалувањето на променливиот дел од капиталот спроти постојаниот или изменетиот состав на вредноста на капиталот ја покажува само приближната измена во составот на неговите материјални составни делови. Ако на пр. вложената вредност на капиталот во предење се состои денеска од 7/8 постојан и 1/8 променлив капитал, додека во почетокот на 18 век се состоела од 1/2 постојан и 1/2 променлив капитал, тогаш напротив масата на суровините, средствата на трудот итн. што денеска производна троши едно определено количество предачки труд, е за многу стотини пати поголема отколку во почетокот на 18 век. Причината е просто таа што со нараснувањето на производноста на трудот не само што се зголемува обемот на средствата за производство што ги троши тој, туку им ја снижува и нивната вредност во споредба со нивниот обем. Значи, нивната вредност апсолутно расте, но не и пропорционално со нивниот обем. Според тоа, порастот на разликата меѓу постојаниот и променливиот капитал е многу помал отколку разликата меѓу масата од средствата за производство во кој е преобратен постојаниот капитал и масата од работната сила во која е преобратен променливиот капитал. Првата разлика расте заедно со последнава само што во помал степен.
Освен тоа, ако напредокот на акумулацијата ја смалува релативната големина на променливиот дел од капиталот, тој со тоа никако не го исклучува зголемувањето на неговата апсолутна големина. Да претпоставиме дека една вредност на капиталот отпрво се дели на 50% постојан и 50% променлив капитал, попосле на 80% постојан и 20% променлив. Ако за тоа време првобитниот капитал пораснал да речеме од 6.000 ф. ст. на 18.000 ф. ст., тогаш пораснал и неговиот променлив составен дел за 1/5. Тој беше 3.000 ф. ст., а сега тој е 3.600 ф. ст. Но ако порано беше доста да нарасте капиталот за 20%, за да се покрене барањето за труд за 20%, сега за ова е потребно да се вутрои првобитниот капитал.
Во четвртиот оддел беше покажано дека развитокот на општествената производна сила на трудот има за претпоставка кооперација во поголема размера, дека само под ваква претпоставка може да се организира расподелба и комбинација на трудот, да се економисуваат средствата за производство со масовната концентрација, да се воведат во живот средства на трудот што се употребливи веќе по нивната материјална природа само во заедница, како на пр. систем на машинерии итн., да се потчинат огромните природни сили за да му служат на производството и да се изврши претворањето на процесот на производството во технолошка примена на науката. Врз основа на стоковното производство, каде што средствата за производство се сопственост на приватни лица, каде што поради тоа рачниот работник или произведува изолирано и самостојно стоки, или ја продава својата работна сила како стока, зашто тој нема средства за самостојно производство, оваа претпоставка се реализира само со нарастувањето на индивидуалните капитали, или во онаа мера во која општествените средства за производство и средства за живот се претвораат во приватна сопственост на капиталистите. Врз основа на стоковното производство може да се развие производство од голема размера само во капиталистичка форма. Поради тоа извесна акумулација на капиталот во рацете на индивидуалните производители на стоки е претпоставка за специфичниот капиталистички начин на производство. Поради тоа ние моравме да претпоставиме таква акумулација при преминот од занаетот кон капиталистичкото производство. Таа може да се нарече првобитна акумулација, зашто наместо да е историски резултат, таа е историска основа на специфичното капиталистичко производство. Како произлегла самата таа, ние овдека не треба уште да иследуваме. Доста е тоа, дека таа е излезната точка. Но сите методи за зголемување на општествената производна сила на трудот, што израстуваат врз оваа основа, едновремено се и методи за зголемувањето на производството на вишокот на вредноста или на вишокот на производот, кој од своја страна е создавачки елемент на акумулацијата. Значи, тие се едновремено методи за производството на капитал со капитал или методи на неговата забрзана акумулација. Непрекинатото обратно претворање на вишокот на вредноста во капитал се претставува како растечка големина на капиталот кој влегува во процесот на производството. Од своја страна, оваа станува основа за една проширена размера на производството, придружена од методите за повишување на производната сила на трудот и забрзаното производство на вишокот на вредноста. Значи, ако извесен степен од акумулацијата на капиталот се појавува како услов за специфично капиталистичкиот начин на производство, тоа последниов причинува со обратно дејство забрзана акумулација на капиталот. Со акумулацијата на капиталот, според тоа, се развива специфично капиталистичкиот начин на производство, а со специфично капиталистичкиот начин на производство се развива акумулацијата на капиталот. Обата овие економски фактора, по силата на сложениот заемен однос на поттици што ги вршат еден на друг, ја произведуваат онаа измена во техничкиот состав на капиталот, благодарение на која променливиот составен дел станува сѐ помал и помал во споредба со постојаниот.
Секој индивидуален капитал е поголема или помала концентрација на средства за производство со соодветна команда над една поголема или помала армија од работници. Секоја акумулација станува средство за нова акумулација. Заедно со зголемувањето на масата на богатството што функционира како капитал, таа ја проширува неговата концентрација во рацете на индивидуалните капиталисти, а со тоа ја проширува основата на производството врз голема размера и специфично капиталистичкиот метод на производство. Зголемувањето на општествениот капитал се врши со зголемување на многу индивидуални капитали. Под претпоставка да останат неизменети сите други услови, тогаш индивидуалните капитали, а со нив и концентрацијата на средствата за производство, растат во сразмера во која тие прават аликвотни делови од целокупниот општествен капитал. Едновремено се откинуваат од оригиналниот капитал подници и функционираат како нови самостојни капитали. Притоа голема ролја, меѓу другото, игра и расподелбата на имотот на капиталистичките фамилии. Според тоа, со акумулацијата на капиталот расте повеќе или помалку и бројот на капиталистите. Концентрацијата од овој род, што почива непосредно врз акумулацијата, или дури е идентична со неа, се окарактерисува од две точки. Прво: Растечката концентрација на општествените средства за производство во рацете на индивидуални капиталисти е, под инаку неизменети околности, ограничена со степенот на зголемувањето на општественото богатство. Второ: Делот на општествениот капитал што обитава во секоја одделна сфера на производството е разделен меѓу многу капиталисти, што стојат еден спроти друг како независни производители на стоки и се конкурираат еден со друг. Значи, се расцепуваат на многубројни точки не само акумулацијата и концентрацијата што ја следи, туку со образувањето на нови и со расцепувањето на стари капитали се препречува и порастот на капиталите што функционираат. Поради тоа акумулацијата се претставува од една страна како растечка концентрација на средствата за производство и команда над трудот, а од друга страна се претставува како одбивање на многу индивидуални капитали еден од друг.
Против ова раздробување на целокупниот општествен капитал на индивидуални капитали или против одбивањето еден од друг на неговите делови дејствува нивното привлекување. Тоа веќе не е проста концентрација на средствата за производство идентична со акумулацијата и со командата на трудот. Тоа е концентрација од веќе образувани капитали, уништување на нивната индивидуална самостојност, експропријација на капиталист од страна на капиталист, претворање на многу дробни во малку јадри капитали. Овој процес се разликува од првиот по тоа, што тој има за претпоставка само изменета расподелба на капитали што веќе суштествуваат и што функционираат, значи што неговото поле за дејство не е ограничувано од апсолутниот пораст на општественото богатство или од апсолутните граници на акумулацијата. Капиталот овде нарастува во една рака во големи маси, оти таму исчезнува од многу раце. Тоа е централизација во вистинска смисла на зборот, за разлика од акумулацијата и концентрацијата.
Законите на оваа централизација на капиталите или привлекувањето на еден капитал од друг капитал не можат овдека да се развиваат понатака. Доста ќе биде да се укаже кратко на фактите. Конкурентската борба се води со поевтинувањето на стоките. Евтинијата на стоката зависи, caeteris paribus [при еднакви услови] од производноста на трудот, но оваа зависи од размерата на производството. Затоа, крупните капитали ги тепаат малите. Да се сетиме потака, дека со развивањето на капиталистичкиот начин на производство расте минималниот обем на индивидуалниот капитал, што се сака да се води претпријатието под неговите нормални услови. Поради тоа ситните капитали се стремат кон сферите на производството кои ги завладеала крупната индустрија спорадично или нецелосно. Конкуренцијата беснее овдека во директна сразмера со бројот и во обратна сразмера со големината на капиталите што се натпреваруваат. Тоа постојано завршува со пропаста на многу ситни капитали, чиишто капитали делум преминуваат во рацете на победниците, а делум пропаѓаат. Без оглед на ова, заедно со капиталистичкото производство се создава една сосем нова сила — кредитот, кој во својот почеток потајно се прикрива како скромен помошник на акумулацијата, ги привлекува со невидливите конци во рацете на индивидуалните или на здружените капиталисти паричните средства растурени во поголеми или помали маси по површината на општеството, но за бргу тој станува едно ново и страшно оружје во конкурентската борба, и најпосле се претвора во грамаден социјален механизам за централизација на капиталот.
Во онаа мера во која се развива капиталистичкото производство и акумулацијата, во истата мера се развива конкуренцијата и кредитот, тие два најмоќни лоста на централизацијата. Притоа напредокот на акумулацијата го зголемува материјалот што може да се централизира, т.е. поединечните капитали, додека раширувањето на капиталистичкото производство создава овдека општествена потреба, а таму техничко средство за оние моќни индустриски претпријатија, чие изведување е сврзано со претходна централизација на капиталот. Затоа заемната привлечна сила на одделните капитали и тенденцијата кон централизација е посилно од секогаш порано. Но иако релативното раширување и енергијата на движењето кон централизација во извесна мера е определено од веќе достигнатата големина на капиталистичкото богатство и од надмоќноста на економскиот механизам, сепак напредокот на централизацијата никако не зависи од позитивното зголемување на општествениот капитал. А ова особено ја разликува централизацијата од концентрацијата што е само еден друг израз за препроизводството врз проширена размера. Централизацијата може да дојде поради простата измена во расподелбата на веќе постојните капитали, поради простото изменување во квантитативната групација на составните делови на општествениот капитал. Капиталот може овде во неколку раце да нарасне во грамадни маси, зашто тој е таму извлечен од многу одделни раце. Во една дадена гранка на производство централизацијата ќе ја достигне својата крајна граница, кога ќе се слеат сите капитали што се вложени во неа во еден единствен капитал.[77б] Во едно дадено општество оваа граница ќе се постигне дури во оној момент, кога ќе се соедини целокупниот општествен капитал било во рацете на еден единствен капиталист, ило во рацете на едно единствено друштво од капиталисти.
Централизацијата го дополнува делото на акумулацијата, притоа таа им дава возможност на индустриските капиталисти да ја рашируваат размерата на нивните операции. Било да е сега последниов резултат последица на акумулацијата или централизација, било да се врши централизацијата со насилствени анексии — каде што извесни капитали стануваат толку силни гравитациони центри за другите, што го кршат нивното индивидуално единство и тогаш ги привлекуваат кон себе одделните делови — или стопување на многу веќе образувани капитали, односно на тие што фатиле да се образуваат, се врши на погладок начин со образувањето акционерски друштва — економското дејство во сите случаи си останува едно и исто. Нарастувањето на размерите на индустриските претпријатија насекаде ја сочинува излезната точка за една поширока организација на вкупниот труд на многу луѓе, за еден поширок развиток на неговите материјални движечки сили, т.е. за прогресивното претворање на одделните и традиционално водените процеси на производството и општествено комбинирани и научно раководени процеси на производство.
Но јасно е дека акумулацијата, постепеното зголемување на капиталот со препроизводството кое преминува од кружна форма на движењето во спирална, претставува сосем бавен процес во споредба со централизацијата на која ѝ треба само да ја измени квантитативната групација на составните делови на општествениот капитал. Светот ќе беше уште без железници ако мораше да чека додека акумулацијата не доведе неколку одделни капитали дотука што тие да се дораснати за градење железници. Централизацијата напротив, со акционерските друштва, за час го постигна тоа. И додека централизацијата така го зголемува и го забрзува дејството на акумулацијата, таа едновремено ги проширува и забрзува превратите во техничкиот состав на капиталот, превратите што го зголемуваат неговиот постојан дел за сметка на неговиот променлив дел, и со тоа го смалуваат релативното барање на труд.
Масите од капитали што ги слеа централизацијата за една ноќ во едно, се препроизведуваат и умножуваат како и другите, само што побргу и со тоа стануваат нов моќен лост на општествената акумулација. Значи, кога се говори за напредок на општествената акумулација, тогаш — во денешно време — под тоа се разбираат преќутно и дејствата на централизацијата.
Придадените капитали образувани во текот на нормалната акумулација (види гл. XXII, 1) служат претежно како средства за експлоатација на нови изнајдоци и откритија и општо на индустриските усовршувања. Но со време и стариот капитал достигнува до момент кога треба да се поднови од глава до нозе, кога тој си ја сменува кожата и се преродува во посовршен технички лик, во кој му е доста една помала маса труд за да стави во движење една поголема маса од машинерија и суровини. Само по себе се знае дека апсолутното смалување на барањето труд што неминовно произлегува оттука станува за толку поголемо, колку што повеќе капитали, што го преживуваат овој процес на обнова веќе се натрупале во големи маси со движењето кон централизација.
Од една страна, значи, придадениот капитал образуван во текот на акумулацијата привлекува сразмерно со својата големина сѐ помалку и помалку работници. Од друга страна, стариот капитал препроизведуван периодично во нов состав одбива сѐ повеќе и повеќе работници земани порано од него на работа.
Акумулацијата на капиталот што изгледаше отпрво само како негова квантитативно раширување, се врши како што видовме, во непрекинати квалитативни измени на неговиот состав, во постојано зголемување на неговиот постојан дел за сметка на неговиот променлив составен дел.[77в]
Специфично-капиталистичкиот начин на производство, развитокот на производната сила на трудот што му одговара нему, и со тоа предизвиканата измена во органскиот состав на капиталот, не само што одат рака за рака со напредокот на акумулацијата или со зголемувањето на општественото богатство, туку одат несразмерно побргу, бидејќи простата акумулација или апсолутното зголемување на вкупниот капитал го следи централизацијата на неговите индивидуални елементи, а техничкиот преврат на придадениот капитал го следи техничкиот преврат на оригиналниот капитал. Со продолжувањето, значи на акумулацијата се изменува односот на постојаниот дел од капиталот спроти променливиот дел од капиталот, така што ако бил првобитно 1:1, тоа попосле се изменува во 2:1, 3:1, 4:1, 5:1, 7:1 итн., така што, според тоа како што расте капиталот, така и прогресивно се превртува во работна сила само 1/3, 1/4, 1/5, 1/6 и 1/8 итн. од неговата целокупна вредност наместо 1/2 како порано, а напротив во средствата за производство 2/3, 3/4, 4/5, 5/6, 7/8 итн. Бидејќи барањето на трудот не е определено од обемот на целокупниот капитал, туку од неговиот променлив составен дел, значи тоа прогресивно се смалува со зголемувањето на целокупниот капитал, наместо сразмерно да расте заедно со него, како што претпоставивме порано. Тоа релативно се смалува во споредба со големината на целокупниот капитал и се смалува во забрзана прогресија со порастот на оваа големина. Вистина со порастот на целокупниот капитал расте и неговиот променлив составен дел, или работната сила што му е присоединета нему, но само што постојано во сѐ помала пропорција. Интервалите во кои дејствува акумулацијата како просто раширување на производството врз дадена техничка основа се скусуваат. Не само што станува неопходна една забрзана акумулација на целокупниот капитал во растечка прогресија, за да се апсорбираат еден придаден број работници за дадена големина или дури, поради постојаните преобразби на стариот капитал, да се задржат на работа оние работници што веќе функционираат. Самата оваа растечка акумулација и централизација од своја страна пак се претвара во извор за нова измена во составот на капиталот или за повторно забрзано смалување на неговиот променлив составен дел во споредба со постојаниот. Ова релативно смалување на променливиот составен дел на капиталот, што се забрзува со порастот на целокупниот капитал и што се забрзува побргу од неговиот сопствен пораст се претставува од друга страна обратно како апсолутниот пораст на работничкото население да се врши секој пат побргу отколку порастот на променливиот капитал или средствата за вработување на тоа население. Напротив, капиталистичката акумулација произведува постојано и тоа сразмерно со нејзината енергија и со нејзиниот обем, едно релативно, т.е. прекумерно работничко население во споредба со средните потреби за оплодувањето на капиталот, а поради тоа и излишно или придадено работничко население.
Ако го разгледаме целокупниот општествен капитал, ќе видиме дека движењето на неговата акумулација предизвикува де периодична измена, де моментите на тоа движење се разделуваат едновремено на различните сфери на производството. Во неколку сфери се врши измена во составот на капиталот, без зголемување на неговата апсолутна големина поради простата концентрација,[3*] во други апсолутното зголемување на капиталот е сврзано со апсолутното смалување на неговиот променлив составен дел или на работната сила што ја апсорбирал тој; во трети пак продолжува да расте капиталот де на својата дадена техничка основа и привлекува придадена работна сила сразмерно со неговиот пораст, де настапува органска измена и се смалува неговиот променлив составен дел; во сите сфери порастот на променливиот дел од капиталот, а со тоа и на бројот на вработените работници е сврзан постојано со силни колебања и создавање преодна пренаселеност, па било таа да ја земе поупадливата форма на одбивање на веќе вработените работници или помалку видливата но не помалку дејната форма, на отежнато апсорбирање на придаденото работничко население во неговите обични одводни канали.[78] Со големината на општествениот капитал што веќе функционира и со степенот на неговиот пораст, со раширувањето на размерата на производството и на масата работници ставени во движење, со развитокот на производната сила на нивниот труд, со поширокото и пополното избувнување на сите живи извори на богатството, се раширува и размерата во која посилното привлекување на работниците од страна на капиталот е сврзано со посилното нивно одбивање, расте брзината со која се изменува органскиот состав на капиталот и неговата техничка форма, и се зголемува кругот на сферите на производството, кои бидуваат зафатени де едновремено, де едноподруго од овие измени. Значи, работничкото население, со произведувањето на акумулацијата на капиталот, самото ги произведува во сѐ поголем обем средствата што го прават самото него прекубројно.[79] Тоа е законот за населението што му е својствен на капиталистичкиот начин на производство, како што навистина секој посебен историски начин на производството си има свој посебен закон за населението со историска важност. Апстрактен закон за населението суштествува само за растенијата и животните, до колку човекот не ја зафати историски и оваа област.
Но ако прекумерното работничко население е нужен производ на акумулацијата или на развитокот на богатството врз капиталистичка основа, тогаш оваа пренаселеност од своја страна станува лост за капиталистичката акумулација, па дури и еден услов за суштествување на капиталистичкиот начин на производството. Тоа образува една расположива резервна индустриска армија, која така апсолутно и наполно му припаѓа на капиталот, како да била одгледана на негов сопствен трошок. Тоа создава човечки материјал за неговите изменливи потреби на оплодувањето, секојпат готов за експлоатација, независна од границите на вистинскиот прираст на населението. Заедно со акумулацијата и со развитокот на производната сила на трудот што ја следи неа, расте и силата на капиталот за ненадејна експанзија, не само поради тоа што расте еластичноста на капиталот што функционира и апсолутното богатство од кое капиталот сочинува само еден еластичен дел, не само што кредитот на секој одделен поттик зачас му дава на располагање на производството значителен дел од тоа богатство како придаден капитал, туку и затоа што самите технички услови на процесот на производството, машинеријата, транспортот итн. го овозможуваат, во најголема размера, најбрзото претворање на вишокот од производот во придадени средства за производство. Масата на општественото богатство што пренарастува со напредокот на акумулацијата и која може да се претвори во придаден капитал, бесно навлегува во старите гранки на производството, чиј пазар ненадејно се раширува, или во новоотворените, како железниците итн., за кои изникнува потреба од развитокот на старите гранки. Во сиве овие случаи мора да биде можно да се фрлат ненадејно големи маси луѓе во решавачките точки, а без да се гибне во размерите на производството на другите сфери. Пренаселеноста ги дава овие маси. Карактеристичниот тек на животот на модерната индустрија, ја претпоставува формата на десетгодишен циклус со мали колебања на период на средно оживнување, на производство под висок напон, на криза и стагнација што почива врз постојаното образување, врз поголемо или помало апсорбирање и врз повторно образување на индустриската резервна армија, или на пренаселеноста. Сменувањето на индустрискиот циклус, од своја страна ја наголемува пренаселеноста и станува еден од факторите за нејзина најенергично препроизводство.
Овој особен животен тек на модерната индустрија, што не го најдуваме во ни една од понапрежните епохи на човештвото, бил невозможен и во детскиот период на капиталистичкото производство. Составот на капиталот се изменувал само сосем постепено. Значи, на неговата акумулација главно ѝ одговараше размерниот пораст на барањето труд. Колку и да бил бавен напредокот на неговата акумулација, во споредба со модернава епоха, тој се удираше на природните граници на расположивото за експлоатација работничко население, кои граници можеа да се отстранат само со насилствени средства што ќе бидат споменати подоцна. Ненадејната и конвулзивна експанзија на размерите на производството е претпоставка за ненадејно собирање на ова население; ова собирање пак ја предизвикува горнава експанзија, но оваа експанзија е невозможна без расположивиот човечки материјал, без умножување на работниците независно од апсолутниот пораст на населението. Ова зголемување се создава со простиот процес, што постојано „ослободува“ еден дел од работниците со помош на методи што постојано го смалуваат бројот на работниците што се на работа во споредба со зголеменото производство. Целата форма на движење на модерната индустрија израстува, значи, од постојаното претворање на еден дел од работничкото население во безработни или полубезработни раце. Површноста на политичката економија се покажува, меѓу другото, и во тоа што таа ширењето и собирањето на кредитот, кои се само симптоми на периодите на индустрискиот циклус што се сменува еден по друг, ги прави нивни причини. Исто онака како и небесните тела штом ќе се најдат еднаш во некое определено движење, го повторуваат него постојано, така и општественото производство штом е фрлено еднаш во движење на сукцесивно ширење и собирање, тоа го повторува него. Последиците од своја страна стануваат причини, а фазите на целиот процес што се сменуваат, кои постојано ги препроизведуваат своите сопствени услови, земаат форма на периодичност.[4*] Штом ќе се зацврсти еднаш периодичноста, тогаш дури и политичката економија го сфаќа како животен услов на модерната индустрија производството на едно релативно прекумерно население, т.е. прекумерно во однос на средните потреби за оплодување на капиталот.
„Да претпоставиме — вели К. Меривел, порано професор по политичка економија во Оксфорд, подоцна службеник на англиското министерство за колониите — дека нацијата во време на некоја криза ја напнува целата своја сила за да се ослободи со иселување од неколку стотини илјади излишни сиромаси, па какви ќе бидат последиците? При првото повторно барање труд ќе се појави скудност. Колку и да е брзо препроизводството на луѓе, во секој случај за тоа треба време од една генерација за да се заменат возрасните работници. Така сега профитот на нашите фабриканти главно зависи од можноста да се исползува благопријатниот момент на оживнато барање, за да си ја надоместат штетата во периодот на неговото ослабување. Оваа можност им е осигурена ним со командата над машинеријата и рачниот труд. Тие мораат да најдат расположиви раце, тие мораат да бидат способни, според нуждата, да ја напнуваат или олабавуваат активноста на своите операции, веќе според положбата на пазарот, или инаку тие просто нема да можат во оваа бесна конкуренција воопшто да ја одржат онаа надмоќност врз која се основува богатството на оваа земја.“[80]
Дури и Малтус ја признава пренаселеноста, што ја објаснува тој, на нему својствен ограничен начин, со апсолутниот претеран пораст на работничкото население, а не со тоа што е населението направено релативно прекубројно, како една нужност на модерната индустрија. Тој вели:
„Кога би се држеле на извесна висина благоразумните обичаи во однос на бракот, меѓу работничката класа од една земја, која главно зависи од мануфактурата и трговијата, тие би биле штетни за таа земја... Според природата на населението, не може да се достави на пазар еден прираст од работници поради некое особено барање, побргу од пред да изминат 16 до 18 години, а претворањето доход во капитал со штедење може да се врши многу побргу; една земја е изложена постојано на тоа, нејзиниот фонд на трудот да расте побргу отколку населението“.[81]
Откако политичката економија го беше прогласила така постојаното производство на релативната пренаселеност од работници за една нужност на капиталистичката акумулација, политичката економија, баш како некоја стара мома, му ги стави во устата на „beau ideal“ [убавиот идеал] на својот капиталист, следниве зборови упатени кон „прекубројните“, што се исфрлени на улица од нивното сопствено дело, од придадениот капитал:
„Ние фабрикантите правиме за вас сѐ што можеме со тоа што го зголемуваме капиталот, од кој вие морате да живеете; а другото треба вие да го правите, при што треба да го нагодите вашиот број според средствата за суштествување.“[82]
На капиталистичкото производство никако не му е достатно количеството на расположивата работна сила, што ја дава природниот прираст на населението. Нему му треба за неговата слободна игра една индустриска резервна армија, независна од овие природни граници.
Досега ние претпоставувавме дека на зголемувањето или смалувањето на променливиот капитал точно му одговара зголемувањето или смалувањето на бројот на работниците земени на работа.
Но и при неизменетиот или дури при намалениот број на работниците што се под негова команда, променливиот капитал расте, ако индивидуалниот работник дава повеќе труд, а со тоа расте и неговата наемнина, иако цената на трудот останува неизменета или дури и спаднува, само што побавно отколку што се зголемува масата на трудот. Во тој случај зголемувањето на променливиот капитал станува показател за повеќе труд, но не и за повеќе работници земени на работа. На секој капиталист апсолутно му е во интерес да исцеди определено количество труд од помал број, место од поголем број работници по иста цена, па дури и за поскапа. во последниов случај авансирањето на постојаниот капитал расте сразмерно со масата на трудот ставен во течна состојба, а во првиот случај многу побавно. Колку е поголема размерата на производството, толку е овој мотив од порешавачка важност. Неговата тежина расте со акумулацијата на капиталот.
Ние видовме дека развитокот на капиталистичкиот начин на производство и на производната сила на трудот — едновремено е причина и последица на акумулацијата — го оспособува капиталистот со исто вложување на променлив капитал и со поголема екстензивна или интензивна експлоатација над индивидуалната работна сила да направи повеќе труд во течна состојба. Ние потака видовме дека тој со иста вредност на капиталот купува повеќе работни сили, при што прогресивно ги истиснува квалифицираните работници со неквалифицирани, зрелите со незрели, мажите со жени, возрасната работна сила со младинска или детска итн.
И така, во натамошниот тек на акумулацијата, поголем променлив капитал од една страна прави повеќе труд во течна состојба без да зема повеќе работници; а од друга страна променлив капитал од иста големина со иста маса работна сила прави повеќе труд во течна состојба, и најпосле, со истиснување на работни сили од висок квалитет зема на работа повеќе работни сили од низок квалитет.
Затоа производството на една релативна пренаселеност или ослободувањето на работниците врви уште побргу, отколку што се врши техничкиот преврат во процесот на производството, кој е и инаку забрзуван со напредокот на акумулацијата, — уште побргу отколку што се врши соодветното сразмерно смалување на променливиот дел од капиталот спроти постојаниот. Ако средствата за производство, растејќи по обем и сила на дејство, стануваат во сѐ помал степен средства за ангажирање на работниците, самиот овој однос од своја страна пак се изменува со тоа што капиталот, во мерата во која расте производната сила на трудот, побргу го зголемува предлагањето на трудот отколку што го зголемува своето барање за работници. Претераниот труд на делот од вработената работничка класа ги зголемува редовите на нејзината резерва, додека обратно, зголемениот натиск што го врши оваа резерва со своја конкуренција врз вработените ги присилува овие кон претеран труд и кон потчинетост на диктатите од капиталот. Осудувањето на еден дел од работничката класа на присилена безработица со претеран труд на другиот дел, и обратно, станува средство за збогатување на поединечните капиталисти[83] и едновремено го забрзува производството на индустриската резервна армија во размера што му одговара на напредокот на општествената акумулација. Колку е важен овој момент во образувањето на релативната пренаселеност докажува, на пр. Англија. Нејзините технички средства за „штедење“ на трудот се колосални. Сепак, ако трудот утре биде ограничен насекаде на разумна мера, и ако биде за различните слоеви од работничката класа воведена градација соодветно со возраста и полот, тогаш постојното работничко население ќе биде апсолутно недостатно за да се продолжи националното производство во неговата сегашна размера, поголемиот број од сегашните „непроизводни“ работници ќе мораат да се претворат во „производни“.
Исцело земено, општите движења на наемнината се регулираат исклучиво од ширењето и собирањето на индустриската резервна армија, што им одговараат на периодичните измени на индустрискиот циклус. Значи, тие не се определени од движењето на апсолутниот број на работничкото население, туку од променливиот однос во кој се расцепува работничката класа на активна армија и резервна армија, од зголемувањето или смалувањето на релативниот обем на пренаселеноста, од степенот во кој таа де се апсорбира, де пак се ослободува. За модерната индустрија со нејзиниот десетгодишен циклус и нејзините периодични фази, кои освен тоа се крстосуваат во натамошниот тек на акумулацијата со неправилни колебања што постојано следат бргу едноподруго, тоа би бил навистина убав закон, што би го регулирал барањето и предлагањето на трудот не со ширењето и собирањето на капиталот, значи не според неговата секогашна потреба за оплодување на вредноста, така што пазарот на трудот изгледа релативно де недостатно полн, бидејќи капиталот се шири, де пак преполн, бидејќи капиталот се собира, туку обратно движењето на капиталот да зависи од апсолутното движење на масите од населението. А сепак таква е догмата на економистите. Според неа наемнината расте поради акумулацијата на капиталот. Зголемената наемнина го поттикнува побрзото умножување на работничкото население, и тоа трае сѐ додека не се преполни пазарот на трудот, т.е. сѐ додека не стане капиталот релативно недостатен во споредба со предлагањето на работници. Наемнината паѓа, и сега ни се свртува опачината на медалот. Поради паѓањето на наемнината работничкото население малку по малку се разредува, така што капиталот пак ќе стане прекумерен во однос на населението или пак, како што го објаснуваат други тоа, паѓањето на наемнината и соодветното наголемување на експлоатацијата над работниците пак ја забрзуваат акумулацијата, додека едновремено ниската наемнина го задржува порастот на работничката класа. Така пак настапува односот во кој предлагањето на трудот е пониско отколку барањето труд, наемнината се крева итн. Прекрасен метод на движењето за развиеното капиталистичко производство! Но пред да може да настапи, поради повишувањето на наемнината, каков и да е позитивен пораст на вистински работоспособното население, веќе би бил неколку пати преминат рокот во кој мора да се почне да се бие бој и да се реши индустриската битка.
Меѓу 1849 и 1859 едновремено со опаѓањето на цената на житото настапи во англиските земјоделски околии, практички земено, само номинално повишување на наемнините; на пр. во Вилтшир неделната наемнина се крена од 7 на 8 шил., во Дарсетшир од 7 или 8 на 9 шил. итн. Тоа беше поради извонредниот одлив на земјоделското прекубројно население, причинет со потребите на војната,[5*] со огромното раширување на железниците, фабриките, рудниците итн. Колку е пониска наемнината, толку во повисоки процентуални броеви се изразува секое нејзино покачување колку и да е незначително тоа. Ако е на пр. неделната наемнина 20 шил. и ако се крене таа на 22, тогаш имаме пораст од 10%, ако е таа напротив само 7 шил. и ако се крене на 9, тогаш имаме пораст од 28 4/7%, што звучи мошне импресивно. Секако, закупниците запискаа и дури „London Economist“ фати сосем сериозно да брбори за „а general and supstantial advanсе“ [општо и битно кревање на наемнините][84] во однос на овие гладни наемнини. Што направија сега закупниците? Дали чекаа така додека да се намножат земјоделските работници поради овие сјајни плати, па да мора тогаш нивната наемнина пак да падне, како што си го претставува тоа догматскиот мозок на економистот? Тие воведоа повеќе машинерија, и работниците за час станаа пак „прекубројни“ во еден таков однос што ги задоволи дури и закупниците. Сега во земјоделството беше вложено „повеќе капитал“ отколку понапред и во попроизводна форма. Заедно со тоа барањето труд не само што падна релативно туку и апсолутно.
Таа економска фикција ги смешува законите што го регулираат општото движење на наемнината или односот меѓу работничката класа, т.е. целокупната работна сила и целокупниот општествен капитал, со законите што го распределуваат работното население меѓу одделните сфери на производството. Ако на пример акумулацијата особено живне во една определена сфера на производството поради благопријатната конјуктура, тогаш профитот овдека станува поголем отколку средниот профит, придадените капитали тргнуваат натаму, и тогаш природно расте барањето за труд и наемнината. Повисоката наемнина привлекува поголем дел од работничкото население во благопријатната сфера, сѐ додека таа не се засити со работна сила, и додека наемнината пак не падне на нејзиното поранешно средно ниво или под него, ако приливот бил преголем. Тогаш не само што престанува приидувањето на работниците во речената гранка на производството, туку тие дури почнуваат да ја напуштаат неа. Овде политичкиот економист си вообразува дека гледа „каде и како“ произлегува со зголемувањето на наемнината едно апсолутно зголемување на работниците, а со апсолутното зголемување на работниците, едно намалување на наемнината; но навистина тој гледа само едно локално колебање на пазарот на трудот на една одделна сфера на производството, тој ги гледа само појавите на расподелувањето на работничкото население меѓу различните сфери за вложување на капиталот, а според изменливите потреби на последниов.
Индустриската резервна армија во периодите на застој и среден просперитет врши натиск врз активната работничка армија, а во време на периодите на хиперпродукција и на Paroxismus [трескаво производство] ги држи зауздани нејзините барања. Според тоа, релативната пренаселеност е оној фонд по кој се движи законот на барањето и предлагањето на трудот. Таа го присилува овој закон да се движи во границите што апсолутно му одговараат на стремежот за експлоатација и за властољубивост на капиталот. Овдека му е местото да се вратиме назад на едно голема дело од економската апологетика. Ние се сеќаваме, оти со воведувањето нова или со раширувањето на старата машинерија еден дел од променливиот капитал се претвора во постојан, а пак економистот апологет ја толкува оваа операција, што го „врзува“ капиталот, а со самото тоа го „ослободува“ работникот, токму обратно, како да го ослободува таа капиталот за работникот. Дури сега може наполно да се оцени бесрамноста на апологетот. Она што се ослободува не се само работниците што ги истиснуваат непосредно машините, туку и контингентите за нивното надоместување, како и придадениот контингент што би се апсорбирал редовно при обичното раширување на претпријатието врз неговата стара база. Сите тие сега се „ослободени“ и секој нов капитал што се стреми да функционира може сега да располага со нив. Дали тој ќе ги привлече нив или други, дејството врз општото барање за труд ќе биде еднакво со нула, сѐ додека овој капитал не стигне токму дотаму да го ослободи пазарот од исто толку работници, колку што фрлија на него машините. Ако земе капиталот на работа помал број, тогаш ќе порасне масата на прекубројните; ако земе на работа поголем број, тогаш ќе порасне општото барање труд само за вишокот од тие што се земаат на работа над „ослободените“. Според тоа, полетот што би можеле инаку да го дадат придадените капитали што бараат да се пласираат, во општото барање на трудот, во секој случај се неутрализира до толку, до колку достасуваат на улица работниците што се исфрлени од машините. Значи, механизмот на капиталистичкото производство се грижи за тоа да не биде апсолутниот прираст на капиталот придружен од никакво соодветно зголемување на општото барање труд. И тоа апологетот го вика компензација за бедата, за страдањата и за возможниот гибел на истиснатите работници во преодниот период, што се фрлени во индустриската резервна армија! Барањето за труд не е идентично со зголемувањето на капиталот, предлагањето труд не е идентично со зголемувањето на работничката класа, така што овде не дејствуваат една врз друга две сили независни една од друга. Les dés sont pipés [заровите се фалсификувани]. Капиталот едновременo дејствува на обете страни. Ако неговата акумулација го зголемува од една страна барањето на трудот, тогаш таа од друга страна го зголемува предлагањето на работниците со нивното „ослободување“, а пак едновремено натискот од безработните ги присилува оние што се на работа да даваат повеќе труд во течна состојба, значи прави во извесен степен да биде предлагањето на трудот независно од предлагањето на работниците. Движењето на законот за барањето и предлагањето труд врз оваа база ја дополнува деспотијата на капиталот. Поради тоа штом работниците ќе проникнат во тајната како се дојдува до тоа, зашто колку повеќе работат, колку повеќе произведуваат туѓо богатство, и колку повеќе расте производната сила на нивниот труд, толку повеќе станува за нив понесигурна дури и нивната функција како средства за оплодување на капиталот; штом ќе откријат дека степенот на интензивноста на конкуренцијата меѓу нив самите зависи наполно од натискот на релативната пренаселеност, штом ќе се обидат поради тоа да организираат со тредјунионите итн. едно планско заедничко дејство меѓу оние што се на работа и безработните за да ги скршат или да ги ослабат разрушувачките последици од тој природен закон на капиталистичкото производство за нивната класа, — тогаш капиталот и неговиот сикофант, политичкиот економист, спискуваат за помош поради нарушувањето на „вечниот“ и така да се каже „светиот“ закон за барањето и предлагањето. Имено, секоја врска меѓу оние што се на работа и безработните ја нарушува „чистата“ игра на овој закон. Но ако го спречат од друга страна, неблагопријатните околности во колониите создавањето на индустриската резервна армија, а заедно со тоа и апсолутната зависност на работничката класа од капиталистичката класа, тогаш капиталот, заедно со неговиот тривијален Санчо Панса се бунтуваат против „светиот“ закон на барањето и предлагањето и се обидуваат да го совладаат со присилни средства.
Релативната пренаселеност суштествува во сите можни нијанси. Секој работник ѝ припаѓа нејзе за времето додека е тој полубезработен или дури е сосем без работа. Ако ги оставиме настрана крупните форми, што се повторуваат периодично, а што ѝ го придава на пренаселеноста измената на фазите на индустрискиот циклус, така што таа се јавува де остра — во време на кризата — де хронична, во време на слаби работи — таа постојано има три форми: течна, латентна и стагнантна.
Во центрите на модерната индустрија — фабриките, мануфактурите, во топилниците и рудниците итн. — работниците де се привлекуваат, де пак се одбиваат во голем обем така што општо земено бројот на оние што се на работа расте, иако во сѐ помала сразмера во споредба со размерата на производството. Пренаселеноста суштествува овде во течна форма.
Како во вистинските фабрики, така и во сите големи работилници каде што машинеријата влегува како фактор или каде што е спроведена само модерната поделба на трудот, потребни се маси од машки работници сѐ додека тие не ја променат својата младешка возраст. Ако се достигне еднаш овој рок, останува само еден сосем мал број од нив да се употребува во истите гранки на производството, додека повеќето од нив редовно се отпуштаат. Тие прават еден елемент од течната пренаселеност кој расте со обемот на индустријата. Еден дел од нив се иселува, т.е. всушност само оди по капиталот што се иселува. Една од последиците на тоа е таа што женското население расте побргу од машкото, за што дава пример Англија. Фактот што природниот прираст на масата работници не ги заситува потребите на акумулацијата на капиталот, а што едновремено сепак ги надминува, е противречност на самото негово движење. Нему му требаат поголеми маси работници од помлада возраст, а помали од зрела возраст. Противречноста не е поупадлива од другата, а имено од поплаката за недостиг на раце во исто време кога многу илјадници од нив се фрлаат на улица, бидејќи поделбата на трудот ги приковала нив за една определена гранка на производството.[85] Трошењето на работната сила од страна на капиталот е толку брза, што работникот веќе во средната возраст повеќе или помалку главно е преживеан. Тој влегува во редовите на прекубројните, или слегува од една повисока скала на една пониска. Токму кај работниците од крупната индустрија го најдуваме најкусиот век. Д-р Ли, санитарен службеник од Манчестер, утврдил дека во овој град средното траење на животот на имотните класи е 38 години, а на работничката класа само 17 години. Во Ливерпул тој е 35 години за првите, 15 за вторите. Значи, од ова следува дека привилегираните класи добиле право на живот (have a lease of life) подолг повеќе од два пати отколку нивните сограѓани кои се во понеблагопријатни услови.[85а] Под овие околности апсолутниот пораст на овој дел од пролетаријатот бара една форма што го зголемува неговиот број, иако се трошат побргу неговите елементи. Значи, брзо сменување на работничките генерации. (Овој закон не важи за другите класи од населението). Оваа општествена потреба се задоволува со рани бракови, што се неопходна последица од односите во кои живеат работниците од крупната индустрија, и од премијата за производството на работничките деца што ја дава експлоатацијата над нив.
Штом капиталистичкото производство ќе го овладее земјоделството, или до колку тоа го завладува него апсолутно, опаѓа барањето за селското работничко население заедно со порастот на акумулацијата на капиталот што функционира овде без да биде, како во неземојделските индустрии, неговото одбивање дополнето со поголемо привлекување. Затоа еден дел од селското население секогаш се најдува на нога готов да скокне во градски или во мануфактурен пролетаријат, и само демне благопријатен услов за оваа преобразба. (Мануфактура овде се зема во смисла за сите неземјоделски индустрии).[86] Овој извор на релативното прекубројно население значи тече постојано. Но неговото постојано течење кон градовите има за претпоставка постојана латентна пренаселеност на самото село, чиј обем може да се види само тогаш штом ќе се отворат неговите одводни канали изнимно широко. Затоа платата на земјоделскиот работник се урива на минимум, и тој постојано стои со едната нога во блатото на пауперизмот.
Третата категорија на релативното прекубројно население, стагнантната, прави дел од активната работничка армија, но која има сосем нередовна работа. Така таа му дава на капиталот неисцрпен резервоар од расположива работна сила. Нејзината животна положба спаѓа под средното нормално ниво на работничката класа и токму тоа ја прави неа широка основа за посебни гранки на капиталистичката експлоатација. Неа ја карактеризира максималното работно време и минималната плата. Ние веќе се запознавме со нејзината главна форма под рубриката домашна работа. Таа постојано се регрутува од прекубројните во крупната индустрија и земјоделството, а особено од оние индустриски гранки што се распаѓаат, каде што занаетчиското производство подлегнува под мануфактурното производство, а последново подлегнува под машинското производство. Нејзиниот обем се шири во онаа мера во која заедно со обемот и енергијата на акумулацијата напредува и „создавањето на прекубројните“. Но едновремено таа образува еден елемент од работничката класа што сам себе се репродуцира и овековечува, елемент што во целокупниот пораст на работничката класа зема сразмерно поголем дел отколку другите елементи. Вистина не само што масата на раѓањата и смртните случаи, туку и апсолутната големина на семејствата стои во обратна сразмера спроти висината на наемнината, значи спроти масата на средствата за живот со кои располагаат различните категории работници. Овој закон на капиталистичкото општество би звучел бесмислено меѓу дивјаци, или дури меѓу цивилизираните колонисти. Тој потсетува на масовното препроизводство на индивидуално слаби и жестоко гонети животни.[87]
Најпосле, најнискиот слој на релативната пренаселеност се најдува во сферата на пауперизмот. Ако ги оставиме настрана скитниците, злосторниците, проститутките, со еден збор вистинскиот лумпенпролетаријат, тогаш овој општествен слој се состои од три категории: Прво: работоспособни. Треба само згора-згора да се прегледа статистиката на англискиот пауперизам, и ќе најдеме дека неговата маса расте со секоја криза, а спаднува со секое повторно живнување на работите. Второ: сирачиња и пауперски деца. Тие се кандидати за индустриската резервна армија, и во време на голем полет, како на пр. во 1860, тие бргу и масовно се внесуваат во активната работничка армија. Трето: пропаднати, загубени, работонеспособни. Тие се имено лица што пропаѓаат поради својата неподвижност што ја причинува поделбата на трудот, или такви што живеат над нормалниот век на работникот, најпосле жртвите на индустријата, чиишто број расте со раширувањето на опасните машинерии, рударството, хемиските фабрики итн., сакати, болни, вдовици итн. Пауперизмот претставува инвалидски дом на активната работничка армија и мртвиот баласт на индустриската резервна армија. Неговото производство е вклучено во производството на релативната пренаселеност, неопходноста од првото е вклучено во неопходноста од второто, и заедно со релативната пренаселеност тој претставува услов за суштествување на капиталистичкото производство и на развитокот на богатството. Пауперизмот припаѓа во faux frais [непроизводни трошоци] на капиталистичкото производство, кои капиталот сепак умее да ги сметне во поголемиот дел од себе и да ги натовари врз грбот на работничката класа и ситните средни класи.
Колку се поголеми општественото богатство, капиталот што функционира, обемот и енергијата на неговото растење, а според тоа и колку е поголема апсолутната големина на пролетаријатот и производната сила на неговиот труд, толку е поголема индустриската резервна армија. Расположивата работна сила се развива од истите причини од кои и експанзивната сила на капиталот. Според тоа, сразмерната големина на индустриската резервна армија расте заедно со растењето на потенциите на богатството. Но колку е поголема оваа резервна армија во споредба со активната работничка армија, толку помасовна станува консолидарноста на прекубројното население, чијашто беда стои во обратна[6*] сразмера спроти маките на неговиот труд. Најпосле, колку е поголем питачкиот слој на работничката класа и индустриската резервна армија, толку е поголем официјалниот пауперизам. Овој е апсолутниот, општиот закон на капиталистичката акумулација. Како и сите други закони во своето осуштествување и овој закон го модифицираат многубројни околности, чијашто анализа не спаѓа овдека.
Може да се разбере глупоста на економската мудрост што им проповеда на работниците да го натокмат својот број според потребите на оплодувањето на капиталот. Како механизмот на капиталистичкото производство и акумулацијата да не го дотерува постојано овој број според своите потреби за оплодување. Првиот збор на ова натокмување е создавањето една релативна пренаселеност или индустриска резервна армија, а последниот збор — беда за сѐ поголеми слоеви од активната работничка армија и мртвиот баласт на пауперизмот.
Законот според кој, благодарение на напредокот во производната сила на општествениот труд, можат да се пуштат во движење сѐ поголеми маси средства за производство со прогресивно сѐ помало трошење човечка сила — овој закон на капиталистичка основа, каде што работникот не ги применува средствата на трудот, туку средствата на трудот го применуваат работникот, се изразува во тоа што колку е повисока производната сила на трудот, толку е поголем натискот на работниците врз нивните средства за ангажирање на работа, а според тоа толку е побезнадежен условот за нивното суштествување: продажбата на сопствената сила за зголемување на туѓото богатство или за самооплодување на капиталот. Значи, побрзото растење на средствата за производство и производната сила на труд отколку производното население, гледано капиталистички, се изразува напротив во тоа што работничкото население постојано побргу расте отколку потребата за оплодување на капиталот.
При анализата на производството на релативниот вишок на вредноста во четвртиот оддел ние видовме: дека во рамките на капиталистичкиот систем сите методи за повишување на општествената производна сила на трудот се вршат за сметка на индивидуалниот работник; дека сите средства за напредок на производството се претвораат во средства за господарење и експлоатација над производителите, го осакатуваат работникот, го прават половина човек, го снижуваат него во придаток на машината, со зголемување на маките од трудот му ја уништуваат неговата содржина, ги отуѓуваат од работникот духовните сили на процесот на трудот во онаа мера во која науката му се присоединува на процесот на трудот како самостојна сила; дека тие ги нагрдуваат условите под кои работи работникот, го подложуваат него во време на процесот на трудот на најситни и одвратни деспотии, го претвораат неговото време за живот во работно време, ја фрлаат жена му и детето под Џагернатовото колце на капиталот. Но сите методи за производство на вишок на вредноста се едновремено и методи за акумулација, а секое раширување на акумулацијата станува, обратно, средство за развивање на овие методи. Оттука излегува дека во онаа мера во која се акумулира капиталот, мора да се влошува и положбата на работникот, па каква сакала била неговата плата, висока или ниска. Најпосле, законот, што ја држи постојано во рамнотежа релативната пренаселеност или индустриската резервна армија со обемот и енергијата на акумулацијата, го приковува работникот за капиталот поцврсто отколку клинците на Хефес што го приковаа Прометеј за карпата. Овој закон создава со акумулацијата на капиталоот соодветна акумулација на беда. Акумулацијата на богатствата на едниот пол е, значи, едновремено акумулација на беда, маки на трудот, ропство, незнаење, подивеност и морално деградирање на спротивниот пол, т.е. на страна на класата што го произведува својот сопствен производ како капитал.
Овој антагонистички карактер на капиталистичката акумулација[88] го изразија политичките економисти во различни форми, иако тие ги фрлаат на еден куп со него, навистина делум аналогичните, но сепак битно различните појави на преткапиталистичките начини на производството.
Венецијанскиот монах Ортес, еден од најголемите економски писатели од 18 век, го разгледува антагонизмот на капиталистичкото производство како општ природен закон на општественото богатство.
„Економското добро и економското зло во една нација се одржуваат постојано во рамнотежа („il bene ed il male economico in una nazione sempre all, istessa misura“), изобилството на добрата за едните секогаш е еднакво со нивниот недостиг за другите („la copia dei beni in alcuni sempre eguale alia mancanza di essi in altri“). Големо богатство за малцина постојано оди заедно со апсолутното ограбување на најнужното од многу поголем број други. Богатството на една нација одговара на нејзиното население, а нејзината беда му одговара на нејзиното богатство. работливоста на едните ги тера во безделништво другите. Сиромасите и безделниците се неопходен тглод на богатите и дејствените“ итн.[89]
Приближно 10 години по Ортеса англиканско-протестантскиот поп Таунзенд ја величал на сосем груб начин сиромаштијата како нужен услов за богатството.
„Законската принуда кон трудот е сврзана со премногу мака, насилство и врева, а пак гладот не само што предизвикува мирен, тивок и незапирен натиск, туку предизвикува и најсилно напрегнување, бидејќи тој е најприроден мотив кон индустрија и кон труд.“
Значи, сѐ оди кон тоа да се направи гладот меѓу работничката класа перманентен, а за тоа се грижи, според Таунзенд, принципот на населението, кој е особена деен кај сиромасите.
„Изгледа дека е тоа природен закон што се сиромасите во извесен степен непромислени (improvident) (имено така непромислени, што да идат на светов без златни лажички в уста), „така што постојано има такви („that there аlways may be some) „за исполнување на најсервилните, најгнасните и најпростите функции во заедницата. Фондот на човечката среќа („the fund of human happiness“) со тоа мошне се зголемува, поделикатните (the morе delicate) се ослободуваат од 'ргање и можат без пречка да се оддадат на повисок позив итн. Законот за сиромасите има тенденција да ја разори хармонијата и убавината, симетријата и редот на овој систем, што го создале во светот господ и природата.“[90]
Ако венецијанскиот монах гледаше во нареченото од наречниците да се овековечи бедата, оправдание за суштествувањето на христијанската благотворност, на целибатот [безбрачност на духовенството], на манастирите и на богоугодните задушнини, тогаш протестантскиот убаво нареден свештеник, напротив, во тоа гледаше изговор за да ги проколне закoните по чија сила сиромасите имаат некое право на бедна општествена поткрепа.
„Напредокот на општественото богатство“ — вели Шторх — „ја создава оваа полезна класа на општеството ... која ги исполнува најдосадните, најпростите и најгнасните работи, со еден збор, таа зема на својот грб сѐ што е во животот непријатно и ропско и имено со тоа им ги создава на другите класи времето, ведрината на духот и конвенционалното (c'est bon!) [ова е добро] достоинство на карактерот итн.“[91]
Шторх се праша во што е имено предноста на оваа капиталистичка цивилизација со нејзината беда и со нејзината деградација на масите пред варварството? Тој најдува само еден одговор — сигурноста!
„Поради напредокот на индустријата и науката — вели Сисмонди — „секој еден работник може секој ден да произведува многу повеќе отколку што му треба за неговото трошење. Но во истото време, додека неговиот труд произведува богатство, богатството би го направило него помалку способен за труд, кога би бил тој повикан сам да го троши него“. Според него „луѓето (т.е. неработниците) веројатно би се откажале од секакви усовршувања на искуството, како и од секакви уживања, што им ги дава ним индустријата, кога би морале да ги откупуваат нив со непрекинат труд, како што е тој од работникот... Напрегнувањата денеска се разделени од наградувањето за нив; не е еден ист човек што работи сега, а што ќе починува после; напротив токму дека едниот работи, може другиот да починува ... Според тоа, бескрајното размножување на производните сили на трудот не може да има никаков друг резултат освен зголемувањето на луксузот и на насладите на безделните богаташи.“[92]
Најпосле, Дестит де Траси, ладен буржоаски доктринер, брутално изјавува:
„Сиромашки нации се оние каде што му е на народот добро, а богати нации се оние, каде што обично народот е сиромав.“[93]
Ни еден период од модерното општество не е така благопријатен за изучување на капиталистичката акумулација, како периодот од последниве 20 години. Тој е таков како да ја пронашол вреќата од фортуна. Но пак од сите други земји Англија дава најкласичен пример, бидејќи таа го зафаќа првото место на светскиот пазар, бидејќи капиталистичкиот начин на производство е само овде сосем развиен, и најпосле бидејќи воведувањето овде од 1846 г. на илјадагодишното царство на слободната трговија ѝ го беше пресекло на вулгарната економија нејзиното последно прибежиште. Титанскиот напредок на производството, поради што последната половина на дваесетгодишниот период толку многу ја надмина првата, ние веќе достатно го спомнавме во четвртиот оддел.
Иако апсолутниот пораст на англиското население во последнава половина од овој век беше многу голем, сепак релативниот пораст или нормата на прирастот постојано паѓаше, како што покажува следнава табела земена од официјалниот попис:
Годишниот процентуален прираст на населението од Англија и Велс во децимални броеви:
1811-1821 | 1.533% |
1821-1831 | 1.446% |
1831-1841 | 1.326% |
1841-1851 | 1.216% |
1851-1861 | 1.141% |
Да го разгледаме сега порастот на богатството од друга страна. Најсигурната опирна точка ни ја дава овдека движењето на профитот, земјишната рента итн., кои подлежат на данокот на доход. Порастот на профитот што подлежи на облог (не се вклучени закупниците и неколку други рубрики) изнесува за Велика Британија од 1853 до 1864 г. 50,47% (или 4,58% средно годишно),[94] а порастот на населението во истиот период изнесува 12%. Зголемувањето на обложените ренти од земјата (вклучено и куќите, железниците, рудниците, ловиштата на риби итн.) изнесуваше од 1853 до 1864 38%, или годишно 3 5/12%, од кои најмногу се зголемени следниве рубрики:
Пораст на годишниот доход од 1853 до 1864 година |
Пораст за година |
|
Од куќи | 38.60% | 3.50% |
Од каменоломи | 84.76% | 7.70% |
Од рудници | 68.85% | 6.26% |
Од железарници | 39.92% | 3.63% |
Од ловишта на риби | 57.37% | 5.21% |
Од заводи за гас | 126.02% | 11.45% |
Од железници | 83.29% | 7.57% |
Ако споредиме по четири години, во периодот од 1853-1864 ќе видиме дека степенот на порастот на доходите се зголемува постојано.[95] На пр. за доходите што произлегуваат од профитот за 1853-1857 е 1,73% годишно, за 1857-1861 г. 2,74 годишно и 9,30% годишно за 1861-1864. Целокупната сума од доходот што подлежи на данок на доход е во Соединетото кралство во 1856 г. 307.068.898 ф. ст., во 1859 г. 328.127.416 ф. ст., во 1862 г. 351.745.241 ф. ст., во 1863 г. 359.142.897 ф. ст., во 1864 г. 362.462.279 ф. ст., во 1865 г. 385.530.020 ф. ст.[96]
Акумулацијата на капиталот беше следена едновремено од негова концентрација и централизација. Иако за Англија немаше никаква официјална статистика за земјоделството (но за Ирска има), сепак таа беше доброволно дадена од 10 грофовства. Таа го покажува овде резултатот, дека од 1851 до 1861 бројот на закупите од под 100 акри се смалил од 31.583 на 26.567, значи 5.016 закупи биле присоединети кон крупниот закуп.[97] Од 1815 до 1825 не паднал под данокот за наследство никаков подвижен имот над 1 милион ф. ст., од 1825 до 1835 имало напротив 8, а од 1851 до јуни 1859, т.е. за 4,5 години, 4.[98] Сепак централизацијата најдобро се гледа од кратката анализа на данокот на доход под рубриката D (профити со исклучок на закупнината итн.) во годините 1864 и 1865. Јас претходно забележувам дека доходот што се добива од овие извори почнува да се плаќа income tax [данок на доход] од 60 ф. ст. доход нагоре. Оние доходи обложени со данок изнесуваат во Англија, Велс и Шкотска — 1864 г. 95.844.222 ф. ст., а во 1865 г. 105.435.579 ф. ст.,[99] бројот на обложените во 1864: 308.416 лица на вкупно 23.891.009 население, во 1865 г. 332.431 лица на вкупно 24.127.003 население. За распределувањето на овие доходи во обете години дава претстава следнава табела:
Година завршена на 5 април 1864 |
Година завршена на 5 април 1865 |
|||
Доход од профит ф. ст. |
лица |
Доход од профит ф. ст. |
лица |
|
Вкупен доход | 95,844,222 | 308,416 | 105,435,738 | 332,431 |
од тоа | 57,028,289 | 23,334 | 64,554,297 | 24,265 |
од тоа | 36,415,225 | 3,619 | 42,535,576 | 4,021 |
од тоа | 22,809,781 | 832 | 27,555,313 | 973 |
од тоа | 8,744,762 | 91 | 11,077,238 | 107 |
Во 1855 беа произведени во Соединетото Кралство 61.453.079 тони јаглен во вредност од 16.113.167 ф. ст., во 1864: 92.787.373 тони во вредност од 23,197.968 ф. ст., во 1855 3.218.154 тони сурово железо во вредност од 8.045.385 ф. ст., во 1864: 4.767.951 тони во вредност од 11.919.877 ф. ст. Во 1854 должината на железничката линија во експлоатација беше во Соединетото Кралство 8.054 мили, со вложен капитал од 286.068.794 ф. ст., во 1864 должината во мили беше 12.788, со вложен капитал од 425.719.613 ф. ст. Во 1854 целокупниот извоз и увоз на Соединетото Кралство беше 269.210.145 ф. ст., во 1865: 489.923.285. Следнава табела го покажува движењето на износот:[100]
1846 | £58,842,377 |
1849 | 63,596,052 |
1856 | 115,826,948 |
1860 | 135,842,817 |
1865 | 165,862,402 |
1866 | 188,917,563 |
По овие малку податоци, може да се разбере триумфалниот вик на генералниот регистратор на британскиот народ:
„Колку бргу и да растеше населението, сепак тоа не можеше да оди со истите чекори како напредокот на индустријата и богатството.“[101]
Да се свртиме сега кон непосредните агенти на оваа индустрија или кон производителите на ова богатство, кон работничката класа.
„Една од најжалните карактерни црти во социјалната состојба на земјата“ — вели Гледстон — „се состои во тоа, што едновремено со смалувањето на потрошувачката сила на народот и со зголемувањето на немаштината и бедата на работничката класа се врши постојана акумулација на богатството во вишите класи и постојан прираст на капиталот.“[102]
Така зборуваше овој достоинствен министер во Долниот Дом на 13 февруари 1843. На 16 април 1863, дваесет години подоцна, во говорот, со кој го предлагаше својот буџет говореше: „Од 1842 до 1852 нараснаа обложивите доходи на оваа земја за 6%... За 8 години од 1853 до 1861 тие нараснаа, ако ја земеме за база 1853, за 20%. Фактот толку замајува, што е дури неверојатен...
„Ова зашеметувачко умножување на богатството и моќта... наполно е ограничено на сопственичките класи, но ... но тоа мора да биде индиректно и од полза за работничкото население, зашто тоа ги поевтинува артиклите за општата потрошувачка — и додека богатите станаа побогати, сиромасите секако станаа помалку сиромаси. Јас не се решавам да речам дека крајностите на сиромаштијата нешто се смалија“.[103] [7*]
Каков сакат антиклимакс! Ако останала работничката класа „сиромашка“, само „помалку сирамашка“ во однос во кој таа произвела едно „зашеметувачко умножување на богатството и моќта“ за класата на сопствениците, тогаш таа остана релативно еднакво сиромашка. Ако не се смалиле крајностите на сиромаштијата, тогаш тие се зголемиле, зашто се зголемиле крајностите на богатството. Што се однесува за поевтинувањето на средствата за живот, официјалната статистика покажува на пр. од London Orphan Asylum [Лондонскиот азил за бедни] поскапување од 20% средно за трите години од 1860 до 1862 во споредба со 1851-1853. А во следните 3 години 1863-1865 имавме прогресивно поскапување на месото, путерот, млекото, шеќерот, солта, јагленот и маса други неопходни средства за живот.[104] Следниот Гледстонов буџетски говор, од 7 април 1864, е пиндаровски дитирамб за напредокот во правењето вишоци и за среќата на народот што се мери со „сиромаштија“. Тој говори за маси што стојат „на работ на пауперството“, за гранки на производство „каде што наемнината не се поткренала, и најпосле ја резимира среќата на работничката класа во зборовите:
„Човечкиот живот во деветте од десет случаи е само борба за суштествување.“[105]
Професорот Фосет, кој не е сврзан како Гледстон со официјални обѕири, објавува без заобиколки:
„Се разбира, јас не одрекувам дека заедно со ова умножување на капиталот (во последниве децении) е повишена и паричната наемнина, но оваа привидна печалба во голема мера пак се губи, зашто многу неопходни средства за живот постојано стануваат сѐ поскапи (тој мисли поради паѓањето на вредноста на благородните метали)... Богатите бргу стануваат побогати („the rich grow rapidly richer“) додека не може да се забележи никакво подобрување во комфорот на работничката класа... Работниците им станаа тукуречи робови на трговчињата, чиишто се должници.“[106]
Во одделите за работниот ден и машинеријата се разоткрија пред нас околностите под кои британската работничка класа создаде едно „зашеметувачко зголемување на богатството и моќта“ за сопственичките класи. Сепак тогаш нас првенствено нѐ занимаваше работникот во време на неговата општествена функција. За да се расветлат наполно законите на акумулацијата, нужно е покрај тоа да се има предвид и неговата положба надвор од работилницата, состојбата на неговата исхрана и на неговото живеалиште. Границите на оваа книга нѐ тераат да се свртиме овдека пред сѐ кон најлошо платениот дел од индустрискиот пролетаријат и земјоделските работници т.е. кон мнозинството од работничката класа.
Но пред тоа да кажеме уште неколку збора за официјалниот пауперизам и за оној дел од работничката класа што ги изгубил своите услови за суштествување, можноста за продавање на својата работна сила, и проживува од општествена милостиња. Официјалниот список на пауперите во Англија имал[107] во 1855: 851.369 лица, во 1856: 877.767, во 1865: 971.433. Поради памучната глад овој број нарасна во годините 1863 и 1864 на 1.079.382 и 1.014.976. Кризата од 1866, што го погоди најтешко Лондон, предизвика во ова седиште на светскиот пазар, со поголем број население отколку кралството Шкотска, во 1866 едно зголемување на бројот на пауперите за 19,5% во споредба со 1865, а за 24,4% во споредба со 1864, а уште поголем прираст во првите месеци од 1867 во споредба со 1866. При анализа на статистиката на пауперизмот треба да се подвлечат два момента. Од една страна смалувањето и зголемувањето на масите паупери ги одразуваат периодичните смени на индустрискиот циклус. Од друга страна, во онаа мера во која се развива заедно со акумулацијата на капиталот и класната борба, а со таа и самосвеста на работниците, во таа мера официјалната статистика сѐ повеќе и повеќе лаже за вистинскиот обем на пауперизмот. На пр. варварството во обноските кон пауперите, за што во последниве две години толку гласно викаше англискиот печат (Times, Pall Mall Gazette итн.), е од стар датум. Ф. Енгелс ги констатира уште во 1844 сосем истите ужаси и сосем истата преодна, лицемерна врева, што спаѓа во „сензационална литература“. Но страшното зголемување на смртните случаи од глад („deaths by starvation”) во Лондон, во последнава деценија безусловно ја докажува одвратноста на работниците кон ропството од workhouse,[108] овој казнен завод на бедата.
Да се свртиме сега кон лошо платените слоеви од индустриската работничка класа. Во времето на памучната глад, во 1862 Privy Council [државниот таен совет] му порачал на Д-р Смит да спроведе иследување за состојбата на исхраната на измачените памучни работници во Ланкашир и Чешир. Долгогодишното понапрежно набљудување го довело до резултат, дека „за да се избегнат болестите од глад“ (starvation diseases“), дневното количество храна за една средна жена мора да содржи најмалку 3.900 грани јаглерод со 186 грани азот, дневното количество храна за еден среден маж мора да содржи најмалку 4.300 грани јаглерод со 200 грани азот; за една жена приближно толку хранливи материи колку што се содржи во две фунти добар пченичен леб, за маж 1/9 повеќе; за возрасна жена и маж средно неделно најмалку 28.600 грани јаглерод и 1.330 грани азот. Неговата сметка се потврди на практика на начин што изненадува; таа се совпаѓа со бедното количество храна, на која нуждата ја доведе потрошувачката на памучните работници. Тие добиле во декември 1862 г.: 29.211 грани јаглерод и 1.295 грани азот неделно.
Во 1863 година Privy Council спроведе една иследување за бедната состојба на најлошо хранетиот дел од англиската работничка класа. Д-р Сајмон, лекар на службата при Privy Council го одбра за оваа работа гореспоменатиот Д-р Смит. Неговото иследување се прошири од една страна на земјоделските работници, а од друга страна на ткајачите на коприна, шивачките, нараквичарите за кожни нараквици, плетачите на чорапи, плетачите на нараквици и чевларите. Последниве категории, со одземка на плетачките на чорапи, се исклучиво градски. При иследувањето е земено како правило да се одберат во секоја категорија најздравите и релативно најдобро поставените семејства.
Општиот резултат беше таков, што
„само во една од иследуваните класи на градските работници количеството на добиениот азот малку ја преминува апсолутната минимална мера, под која настапуваат болести од глад; во две класи имаше недостиг, а во едната дури сосем голем недостиг во храна што содржи азот и јаглерод; од иследуваните земјоделски фамилии повеќе од една петина добивале помалку од неопходното количество храна што содржи јаглерод, повеќе од 1/3 добивале помалку од неопходното количество храна што содржи азот, и дека во три грофовства (Беркшир, Оксфордшир и Сомерсетшир) владее средно недостиг во храна што содржи дури минимално количество азот.“[109]
Меѓу земјоделските работници најлошо биле хранети оние земјоделски работници од Англија, најбогатиот дел од Соединетото Кралство.[110] Недостатното исхранување меѓу земјоделските работници општо паѓа главно на жените и децата, зашто „мажот мора да јаде за да може да ја врши својата работа“. Уште поголема скудност беснее меѓу иследуваните градски категории работници. „Тие се хранат толку лошо, што во многу случаи мора да дојде до грозни и пакосни лишувања за здравјето.“[111] (Сево ова е „одрекување“ на капиталистот! Имено, одрекување да се платат најнеопходните средства за живот за голото проживување на неговите раце!)
Следнава табела го покажува односот во кој стои исхраната на гореспоменатите чисто градски категории работници кон минималната мера што ја има земено Д-р Смит и кон количеството храна на памучните работници во време на нивната најголема беда:[112]
Обата пола | Неделно средно јаглерод грани |
Неделно средно азот грани |
Пет градски производни гранки |
28,876 | 1,192 |
Безработни фабрички работници во Ланкашир |
28,211 | 1,295 |
Минимално количество, предложено за работниците во Ланкашир на еднаков број машки и женски |
28,600 | 1,330 |
Една половина, 60/125, од иследуваните категории индустриски работници апсолутно не употребуваат бира, 28% не употребуваат млеко. Средните неделни количества во течни прехранбени средства за една фамилија се движат од 7 унци кај шивачките до 24 3/4 унци кај плетачките на чорапи. Повеќето од оние што не добиваат млеко се лондонските шивачки. Количеството леб што се троши секоја недела се движи од 7 3/4 фунти кај шивачките до 11 1/4 фунти кај чевларите и дава вкупно средно 9,9 фунти неделна на секој возрасен. Шеќер, (сируп итн.) се движи од 4 унци неделно за изработувачите на кожни нараквици, до 11 унци за плетачите на чорапи; вкупно средно во неделата за сите категории изнесува 8 унци за секој возрасен. Општото средно неделно количество масло (маст итн.) изнесува 5 унци за секој возрасен. Средното неделно количество месо, (сланина итн.) варира за возрасен од 7 1/4 унци кај ткајачите на коприна, до 18 1/4 кај изработувачите на кожни нараквици. Општо, средно за различните категории изнесува 13,6 унци. Неделните трошоци за храна на секој возрасен ги даваат следниов општ среден број: ткајач на коприна 2 шил. и 2 1/2 пенси, шивачките 2 шил. и 7 пенси, изработувач на кожни нараквици 2 шил. и 9 1/2 пенси, чевлар 2 шил. 7 3/4 пенси, плетач на чорапи 2 шил. 6 1/2 пенси. За ткајачите на коприна од Меклесфилд средно неделно изнесува само 1 шил. и 8 1/2 пенси. Најлошо хранети категории беа шивачките, ткајачите на коприна и изработувачите на кожни нараквици.[113]
За оваа состојба на исхраната Д-р Сајмон вели во својот општ здравствен извештај:
„Секој што е запознат со медицинската практика кај сиромасите или со пациентите од болница, било да лежат во болниците или надвор од нив, ќе потврди дека се безбројни случаите во кои недостигот на храна ги причинува или ги заострува болестите... Сепак од здравна гледна точка овде треба да се земе предвид уште една друга coceм значајна околност... Мораше да се сетиме дека лишувањето од средства за исхрана се поднесува само од немајкаде и дека, по правило, големата скудност во храна иде само по други претходни лишувања. Многу порано пред да го покаже недостигот од храна своето дејство врз здравјето, многу понапред пред да помисли физиологот да ги брои грановите на азотот и јаглеродот, меѓу кои се колеба животот и гладната смрт, многу пред тоа домаќинството се лишува од сите материјални удопства, облеклото и огревот стануваат уште поскудни од храната. Нема достатна заштита од суровоста на времето; просторот за живеење се стеснува до таков степен, што ги причинува и ги заострува болестите; одвај има трага од покуќнина и мебел; дури одржувањето на чистотата станува скапо или се отежнува. Ако се направат обиди, од чувството за сопствено достоинство, уште да се одржува таа, тогаш секој таков обид претставува нови маки од глад. Живеалиштата ќе бидат таму каде што ќе може да се купи најевтин покрив над глава; во кварталите каде што здравната полиција дава најмалку резултат, каде што се браздите најмизерни, каде што има најмалку сообраќај, каде што има најмногу улично ѓубре, каде што е снабдувањето со вода најслабо или е водата најлоша, и, кога се работи за градовите, каде што е најголем недостигот во светлина и воздух. Овие се опасностите за здравјето на кои е изложена неизбежно сиромаштијата, кога оваа сиромаштија вклучува во себе и недостиг во исхраната. Ако е сумата на овие зла за животот страшно голема, тогаш недостигот на храна сам по себе е ужасен... Премачни се мислите за ова, а особено ако се сетиме дека сиромаштијата, за која се работи овде, не е сиромаштија причинета од самите луѓе поради мрзливост. Тоа е сиромаштијата на работници. Што се однесува за градските работници, трудот со кој го откупуваат скудното залаче храна, се продолжува најчесто над секаква мера. И сепак само во сосем условена смисла може да се каже дека е овој труд достатен за издршка на самиот работник... Ова номинално самоодржување може да биде во мошне голема мера само покус или подолг заобиколен пат кон пауперизмот.“[114]
Внатрешната врска меѓу гладот што ги мачи најтрудољубивите работнички слоеви и грубото или рафинираното растурничко трошење на богатите засновано врз капиталистичката акумулација може да се открие само со познавање на економските закони. Инаку е со живеалишните услови. Секој непристрасен набљудувач гледа дека колку е помасовна централизацијата на средствата за производство, толку поголемо е соодветното натрупување на работници на еден ист простор, а според тоа колку е побрза капиталистичката акумулација, толку се победни живеалишните услови на работниците. „Дотерувањето“ (improvements) на градовите, што иде по напредокот на богатството, со рушење на лошо изградените квартали, со градење палати за банки, стоковни магазини итн., со проширување на улиците за стопанско движење и за луксузни екипажи, со воведување коњски трамваи итн., очевидно ги гони сиромасите постојано во сѐ полоши и во сѐ попреполнети мудбаци. Од друга страна, секој знае дека скапотијата на живеалиштата е обратно пропорционална со нивниот квалитет и дека оние што шпекулираат со живеалиштата ги експлоатираат овие рудници на мизеријата со повеќе профит, а со помалку трошоци отколку кога и да биле експлоатирани рудниците во Потоси. Антагонистичкиот карактер на капиталистичката акумулација, а со тоа и капиталистичките односи на сопственоста општо,[115] стануваат овде толку очевидни, што дури и англиските официјални извештаи по овој предмет вријат од еретички испади против „сопственоста и нејзините права“. Злото така одело рака за рака со развитокот на индустријата, со акумулацијата на капиталот, со порастот и „украсувањето“ на градовите, што самиот страв од заразни болести, кои не ги чуваат ни „уважените господа“ предизвика од 1847 до 1864 не помалку од 10 здравно-полициски парламентарни актови, а преплашената буржоазија во неколку градови, како Ливерпул, Глазгов итн. се смеша во тоа со својата општинска власт. Сепак во својот извештај од 1865 Д-р Сајмон извикнува: „Општо кажано, овие зла во Англија се неконтролирани“. По заповед од Privy Council во 1864 се изврши иследување за живеалишните услови на селските работници, во 1865 за посиромашните класи во градовите. Мајсторските работи на Д-р Јулијан Хантер се најдуваат во седмиот и осмиот извештај за „Public Health“. Кон селските работници ќе се вратам попосле. За градската живеалишна состојба ќе изнесам една општа забелешка од Д-р Сајмон:
„Иако“ — вели тој — „мојата официјална гледна точка е исклучиво медицинска, сепак најобичната човечност не ми дозволува да ја игнорирам другата страна на ова зло. Ова зло што се развило до својот висок степен скоро неминовно условува едно такво уништување на сѐ што е нежно, едно таква гнасно мешање на тела и телесни функции, една такво откривање на половата голотија, што не личи на нешто човечко, туку на животинско. Да биде човек потчинет под ова влијание значи понижување што станува сѐ подлабоко колку што подолго трае. За децата што се родени под ова проклетство, тоа е крштевање во бесрамност („baptism into infamy“). И преку секоја мера е безнадежна желбата, луѓето поставени под вакви околности, да се стремат во други погледи кон онаква атмосфера на цивилизацијата чија сушност се состои во физичка и морална чистота.“[116]
Лондон стои на прво место по преполнетост на живеалишта или дури и по такви живеалишта што се апсолутно неможни за живеење на луѓе.
„Два момента“ — вели Д-р Хантер — се сигурни“: „во Лондон има приближно 20 големи колонии, секоја со приближно 10.000 лица, чија мизерна положба надминува сѐ што е видено каде и да било на друго место во Англија, а тоа скоро наполно е резултат на лошата пригоденост на куќите; второ, преполнетоста и раскапаната состојба на куќите од овие колонии е многу полоша отколку пред 20 години.“[117] „Не е претерано да се рече дека животот во многу делови на Лондон и Њукастел е пеколен.“[118]
Дури и подобро поставениот дел од работничката класа, заедно со дробните трговци и со другите елементи од ситната средна класа, сѐ повеќе и повеќе паѓа во Лондон под проклетството на овие недостојни живеалишни услови, и тоа според она како напредува „подобрувањето“, а со него и рушењето стари улици и куќи, како растат фабриките и приливот на луѓе во метрополата, и најпосле според тоа како се крева наемнината за куќите и градската земјишна рента.
„Наемнините за куќите се станати толку претерани, што има малку работници што можат да платат за повеќе од една соба.“[119]
Во Лондон речиси нема ни една куќа што не е натоварена со голем број „middlemen“ [посредници]. Цената на земјата во Лондон постојано стои сосем висока во споредба со нејзиниот годишен приход, имено поради тоа што секој купец шпекулира со тоа, порано или подоцна, да се раздели од неа co „jury price“ (такса што ја потврдуваат поротниците при експропријација) или пак да шпекулира на извонредно повишување на нејзината вредност поради близината на некое крупно претпријатие. Поради тоа имаме редовна трговија со купување закупни договори, на кои рокот им се приближува кон крајот.
„Од џентлемените што се занимаваат со оваа работа може да се очекува да работат тие така како што работат, да извлекуваат од кираџиите колку што е можно повеќе, а да им ја оставаат куќата на тие што ќе ги наследат во оваа работа во колку што се може помизерна состојба.“[120]
Киријата за куќите се плаќа неделно и господата не се изложуваат на никаков ризик. Поради изградувањето железници во самиот град,
„пред кусо време, во една саботна вечер, во источниот дел на Лондон можеше да се видат извесен број фамилии истерани од своите стари живеалишта, натоварени на плеќи со својата мала покуќнина, како скитаат горе-долу без да можат да најдат негде некое местенце, освен во workhouse [работничкиот дом].”[121]
Работничките домови се веќе преполнети, а „подобрувањата“ веќе одобрени од парламентот, дури сега започнаа да се изведуваат. Ако се истераат работниците поради разрушување на нивните стари куќи, тогаш тие не ја оставаат својата парохија, или пак се наместуваат, во краен случај, на нејзините граници, во најблиската парохија.
„Природно е дека тие се обидуваат да се поместат колку што се може поблиску до своите работилници. Резултатот од тоа е што сега фамилијата мора да земе наместо две саби само една. Дури и со повисока кирија живеалиштето е многу полошо од лошото, од кое тие беа изгонети. На половината работници од Странд веќе им треба две милји пат до работилницата“.
Овој Странд, чија што главна улица им прави на туѓинците импозантен впечаток за богатството на Лондон, може да послужи како пример за стегнатоста на луѓето во Лондон. Во една парохија на истиот Странд еден службеник од здравната служба изброил 581 лице на еден екер, иако тука била пресметана и половината од Темза. Само по себе се разбира дека секоја здравнополициска мерка, која, како што беше досега случај во Лондон со разрушувањето на непогодните куќи, ги тера работниците од еден квартал, служи само за тоа да ги натера нив уште постеснето во некој друг.
„Или — вели Д-р Хантер — целата процедура треба да се запре како бесмислена, или општествената симпатија (!) мора да се разбуди за она, што сега може без претерување да се нарече национална должност, имено да им се создаде стреа на луѓето, што сами не можат да си ја создадат поради недостиг на капитал, но кои сосем би можеле да му го отплатат на сопственикот со периодични отплати.“[122]
Да ѝ се чуди човек на капиталистичката правда! Ако се експроприра земјопоседникот, сопственикот на куќи и дејниот човек за „уредување“, како при градење железници, градење нови улици итн. тогаш не само што добива полна отплата, туку тој за своето присилно „одрекување“ мора, како што дал господ и како што прилега, да биде на тоа одозгора утешен и со еден значаен профит. Работниците со жената, детето и имотот се исфрлаат на улица, а ако масовно навлезат во градските квартали каде што општинската власт ја чува приличноста, тогаш здравната полиција ги изгонува нив!
Освен Лондон во почетокот на 19 век немаше ниеден град во Англија кој да има 100.000 жители. Само пет градови имаа над 50.000. Сега има 28 градови со повеќе од 50.000 жители.
„Резултатот од оваа измена не беше само огромниот пораст на градското население, туку и тоа што старите стеснети и мали градови сега станале центри, што се од сите страни обиколени со загради и од никаде не допира чист воздух. Бидејќи тие не се понатака пријатни за богаташите, овие ги оставаат нив и одат во повеселите предградија. Тие што идат по овие богаташи се населуваат во овие големи куќи, во секоја соба по една семејство и често уште со поткираџија. Така еден дел од населението беше натискано во куќи кои не беа определени за него и кои се за нега сосем непогодни, со околина што е навистина унижувачко за возрасните, а гибелна за децата.“[123]
Колку побргу се акумулира капиталот во некој индустриски или трговски град, толку е побрз приливот на човечкиот материјал за експлоатација, и толку се победни живеалиштата што се импровизирани за работниците. Њукасл на Тајн, центар на една околија што постојано дава јаглен и руди, покрај тоа во однос на пеколните живеалишта го зазема второто место по Лондон. Ништо помалку од 34.000 луѓе живеат таму во одделни соби. Поради апсолутна опасност за здравјето на општеството во Њукасл и Гетхед се разрушени по наредба на полицијата голем број куќи. Изградбата на нови куќи оди сосем бавно, а работите врват сосем бргу. Затоа во 1865 г. градат беше попреполнет отколку секогаш порано. Одвај можеше да се земе под кирија една единствена соба. Д-р Емблтон од Њукасл, лекар во болницата за треска, вели:
„Без секаква сомнение причината за траењето и раширувањето на тифусот лежи во прекумерната натрупаност на луѓето и во нечистотијата на нивните живеалишта. Куќите во кои обично живеат работниците се најдуваат во слепи улички и дворови. Тие во поглед на светлина, воздух, простор и чистота се вистински пример за немаштина и нездравост, срамота за секоја цивилизирана земја. Таму ноќе лежат заедно испреплеткани мажи, жени и деца. Што се однесува за мажите, тоа ноќната смена следува по дневната смена во непрекинат тек, така што постелата одвај најдува време да истине. Куќите се лошо снабдени со вода, а уште полошо со нужници, што се загадени, непроветрени, легла на зараза.“[124]
Неделната живеалишна цена за такви дупки се движи од 8 пенси до 3 шил.
„Њукасл на Тајн — вели Д-р Хантер — ни дава пример за тоа како едно од најличните племиња на нашите земјаци, чисто се потопува во една приближно варварска дегенерација поради надворешните околности како што се околностите на живеењето и на улицата.“[125]
Поради приливот и одливот на капиталот и трудот живеалишната состојба на еден индустриски град може да биде денеска снослива, а утре да стане одвратна. Или градската власт може најпосле да се реши да ги отстрани најстрашните зла. Но утре ќе се населат како рој скакулци испарталените Ирци или пропаднатите англиски земјоделски работници. Нив ги бутаат потака во избите и таваните, или ги претвораат понапрежните прилични работнички куќи во живеалишта чиишто седелци се изменуваат така бргу, како во војничките квартири во време на Триесетгодишната војна. Пример: Бредфорд. Таму општинските филистри исто така беа зафатени со градски реформи. Покрај тоа таму имаше во 1861 г. Уште 1.751 ненаселена куќа. Туку сега работите тргнаа добро за што кроткиот либерал г. Форстер, пријател на Негрите, пред кусо време толку мило крескал. Се разбира дека со доброто одење на работите постојано преплавуваат разиграните бранови на „резервната армија“ или на „релативната пренаселеност.“ Грозните изби и соби, регистрирани во списокот (Белешка[126]), што го добил Д-р Хантер од некој агент на еден осигурителен завод, биле населени најмногу со работници што биле добро платени. Тие изјавија дека со радост би платиле за подобри живеалишта, самo кога би имало такви. Меѓутоа, тие пропаѓаа и се разболуваа заедно со фамилиите, додека кроткиот либерал Форстер, член на парламентот, лееше солзи за благодетите на слободната трговија и за профитите што ги прават благородните глави од Бредфорд што изработуваат фанелица. Во извештајот од 5 септември 1865 г. Д-р Бел, еден од лекарите за бедни во Бредфорд, ја објаснува страшната смртност кај болните од треска со живеалишните услови на болните во неговата околија:
„Во една изба од 1.500 кубни стапала живеат 10 лица ... Во Винсент Стрит, Грен Аир Пленс и во Леис се натрупани 223 куќи со 1.450 жители, а со 435 постели и 36 нужници. На секоја постела, а под постела јас разбирам секоја бовча од гнасни крпи или ракатка од струганици, средно се паѓа 3,3 лица, а напати по 4 и 6 лица. Мнозина спијат без постела на гола земја во своите алишта, млади мажи и жени, омажени и неомажени, сите измешани едни со други. Зар е потребно да се додава дека овие живеалишта повеќето се темни, влажни, нечисти и смрдливи дупки, воопшто непогодни за човечко живеалиште? Тие се центри откаде што се шири болест и смрт, а грабнуваат свои жртви и меѓу добро поставените („of good circumstances“), што дозволиле да се загнојат во нашата средина овие заразни чиреви.“[127]
По живеалишната мизерија Бристол го зазема третото место по Лондон.
„Овдека, во еден од најбогатите градови на Европа, владее најголемо изобилство од најцрна сиромаштија („blank poverty“) и живеалишна беда.“[128]
Да се вратиме сега кон еден слој од населението, на кое му е потеклото селско, но во поголемиот свој дел се занимава со индустриско производство. Тој е лесната пешадија на капиталот, што се фрла според неговите нужди де на оваа, де на онаа точка. Кога таа не е во марш, тогаш таа е на „логор“. Скитничкиот труд се употребува за разни операции при градењето, канализацијата, туланите, варниците, железниците итн. Во местата, во чие соседство ќе го постават својот логор, тие донесуваат, како подвижни легла на зараза, сипаници, тифус, колера, шарлах итн.[129] Во претпријатијата со значително вложен капитал, како што е изградбата на железници итн., самиот претприемач им доставува на своите сиромаси дрвени колиби или нешто слично, импровизирани села без никаква здравна инсталација, надвор од границите на контролата на месните власти, што е мошне профитно за господин претприемачот, зашто двојно го експлоатира работникот: како индустриски војник и како кираџија. Според тоа дали дрвената колиба има 1, 2 или 3 дупки, плаќа нејзиниот жител, земјокопачот итн. 1, 3, 4 шилинзи неделно.[130] Доста ќе биде еден пример. Во септември 1864 г., известува Д-р Сајмон, му дошла на министерот за внатрешни работи, на Сер Џopџ Греј, следнава тужба од страна на претседателот на „Nuisance Removal Committee“ [одбор за отстранување на противздравствени услови] од парохијата Севенокс:
„Сипаницата до пред некои 12 месеци наполно не ѝ беше позната на оваа парохија. Малку пред ова време се отворија работите за изградба на железницата од Луисхем за Тенбриџ. Освен тоа што се вршеа главните работи во непосредна близина на овој град, овдека исто така беше уредено и главното депо на целото претпријатие. Затоа овдека стана голем број на персоналот на работа. Бидејќи не беше можно сите тие да се сместат во котеџите, претприемачот г. Џеј заповеда да се направат на различни точки покрај линијата колиби за сместување на работниците. Овие колиби немаа ни вентилација ни нужници, а освен тоа по нужност беа преполнети, зашто секој кираџија мораше да зема други жители, колку и да беше многубројна неговата фамилија, иако секоја колиба беше само од две соби. Според лекарскиот извештај, што го примивме, тоа имало за последица што сиромавите луѓе морале да се изложуваат преку ноќта на сите маки од задушувањето, само за да се претпазат од заразното испарување на гасните устоени вирови и нужници до самите нивни прозорци. Најпосле беше испратена до нашиот комитет тужба од еден лекар, кој имал случај да ги посети овие колиби. Тој говореше со најгорчливи изрази за состојбата на овие таканаречени живеалишта и се плашеше од мошне сериозни последици во случај ако не се земат некои здравствени мерки. Приближно пред една година г. Џej зеде обврска дека ќе направи една куќа, каде што ќе треба, при појавата на некоја заразна болест, веднаш да се отстранат лицата што се кај него на работа. Тој ја повтори оваа обврска при крајот на последниот јули, но не презеде ни еден чекор за да се изведе тоа иако се појавија во овој датум разни случаи на сипаници и поради тоа имаше два смртни случаја. На 9 септември ме извести мене лекарот Келсен за нови случаи на сипаници во истите колиби и ја опиша нивната состојба како ужасна. За ваша „(на министерот)“ информација морам овдека да придадам дека нашата парохија има една изолирана куќа, таканаречена заразна куќа, во која се лекуваат парохијаните што страдаат од заразни болести. Оваа куќа сега е веќе со месеци постојано преполнета со пациенти. Во една фамилија умреа пет деца од сипаница и треска. Од 1 април до 1 септември оваа година имаше не помалку од 10 смртни случаи од сипаници, 4 во речените колиби, во изворите на зараза. Неможно е да се даде бројот на разболените, бидејќи секоја заразена фамилија се обидува колку што е можно да го скрие тоа“.[131]
Работниците во рудниците за јаглен и во други рудници припаѓаат во најдобро платените категории од британскиот пролетаријат. За каква цена ја откупуваат својата наемнина, ние понапред покажавме на друго место.[132] Овде ќе фрлам еден брз поглед врз нивните живеалишни услови. Па правило експлоататорот на рудникот, било да е тој негов сопственик или закупник, подигнува еден број котеџи за своите раце. Овие ги добиваат котеџите и јагленот за огрев „бесплатно“, т.е. последниве сочинуваат еден дел од наемнината што се дава во натура. Оние работници што не можат да се приберат на овој начин добиваат наместо тоа 4 ф. ст. годишно. Рударските околии бргу привлекуваат големо население составено од самото рударско население и занаетчии, ситни трговци итн., што се групираат околу нив. Како насекаде каде што има густа населеност, така и овде земјишната рента е висока. Затоа рударскиот претприемач се обидува да нафрли колку се може повеќе котеџи на колку што се може потесно место околу отворите на рудниците, онолку колку што е најнеопходно, за да ги настега внатре неговите раце и нивните семејства. Ако се отворат во близината нови рудници или ако проработат старите, тогаш расте и стеснувањето. При изградбата на котеџите претегнува само една гледна точка: „одрекнување“ на капиталистот од сите трошоци во готово што не се апсолутно неизбежни.
„Живеалиштата од рударските и од другите работници, што се сврзани со рудниците од Нортхумберленд и Дурхем — вели Д-р Џулијан Кантер — се можеби средно најлоши и најскапи од сите живеалишта што ги дава Англија во крупни размери, освен сличните околии во Монмаутшир. Крајно лошото се состои во тоа што големиот број луѓе ја исполнува една соба, во тесниот градежен простор каде што е нафрлена голема маса куќи, во недостиг на вода и во немање нужници, во често применуваните методи да се ѕидаат куќите една на друга или да се делат на flatѕ '(така што различните котеџи, ставени вертикално еден на друг, образуваат катови) ...' Претприемачот ја третира целата колонија, како таа само да логорува, а не како постојано да живее“.[133]
„Исполнувајќи ги инструкциите што ги добив — вели Д-р Стивенс — јас ги посетив повеќето големи рударски села од Дурхем Унија... Со сосема мали одземки, може да се каже за сите дека се изостава секое средство за да се осигури здравјето на жителите... Сите рударски работници се сврзани („bound“, израз, како и во „bondage“ [врзаност, зависност], што потекнува од времето на крепосното право) со закупците („lеѕѕее“) или со сопствениците на рудниците за 12 месеци. Ако го покажат тие некако своето незадоволство или ако на кој било начин му досадуваат на надзорникот („viewer“) тогаш овој клава знак или белешка зад нивното име во надзорничката книга и ги отпушта нив при новиот годишен договор... Мене ми се чини дека никаков дел од truck system [плаќање на работникот во стоки] не може да биде полош од оној што владее во овие густо населени околии. Работникот е присилен да прима како дел од својата наемнина една куќа заобиколена со заразни влијанија. Тој не може да си помогне само себеси. Тој е во секој поглед закрепостен („(he is, to all intents and purposes, a serf“). Прашање е воопшто дали може некој нему да му помогне освен неговиот сопственик, а овој сопственик најпрво го допрашува за совет својот биланс, та резултатот е прилична јасен. Работникот ја добива од својот сопственик и водата што ја троши. Било да е добра или лоша, било да му е доставена или не, тој мора за неа да плати, или, токму речено, да допушти да му се одбие од наемнината.“[134]
Во конфликтот со „општественото мнение“ или и со санитарната полиција, капиталот никако не се стеснува да ги „оправда“, делум понизните услови во кои тој ја поставува како функцијата, така и живеењето на работникот, со тоа дека тоа било нужно за да го експлоатира него попрофитоносно. Така е кога се одрекува тој од направите за заштита против опасните машинерии во фабриката, од средствата за вентилација и средствата за сигурност во рудниците итн. Така е овдека со живеалиштата од рударските работници.
„За извинение — вели Д-р Сајмон, здравствен службеник при Privy Сouncil, во својот официјален извештај — за извинение поради недостатно уредените куќи се посочува тоа, дека рудниците обично се експлоатираат под закуп, дека траењето на закупните договори е прекусо (во повеќето рудници за јаглен 21 година) за да има сметка рударскиот закупник да се потруди да му достави добро уредени куќи на работничкиот свет и на луѓето занаетчии итн., што ги привлекло претпријатието; но дури и тој да има обsиp да се однесе либерално кон оваа страна, сепак тој ќе биде спречен во тоа од земјопоседникот. Имено, овој има тенденција веднаш да сака вонредно висока придадена рента за привилегијата да се изгради на земјата едно прилично и удобно село за живеење на обработувачите на неговата подземна сопственост. Оваа забранувачка цена, ако не е директна забрана, секако ги плаши другите, што би сакале инаку да градат... Вредноста на ова извинение не сакам понатака да ја испитувам, ни тоа врз кого би паднале во крајна линија придадените трошоци за изградба на пристојни живеалишта, врз земјопоседниците, рудничките закупници, врз работниците или јавноста... Но пред лицето на такви срамни факти какви што ни разоткриваат приложените извештаи“ (од Д-р Хантер, Стивенс итн.) „мора да се најде некое помошно средство... Правата над земјишната сопственост така се исползуваат, што прават голема општествена неправда. Во својство на сопственик на рудник земјосопственикот повикува една индустриска колонија за да работи на неговите имоти, а после во својство на сопственик на земјишни површини им оневозможува на работниците што ги насобрал тој, да најдат пристојни живеалишта неопходни за нивниот живот. На закупникот на рудникот“ (вa капиталистичкиот експлоататор) „не му е во паричен интерес да ѝ се противи на оваа двојна трговија, бидејќи тој добро знае дека, ако се непомирливи барањата на земјовладелецот, последиците нема да паднат врз него, зошто работниците, врз кои паѓаат тие се пренеуки за да ги познаваат своите здравствени права и дека ни најодвратните живеалишта ни најгнасната вода никоrаш не дале повод за некој штрајк“.[135]
Пред да преминам кон вистинските земјоделски работници, треба уште на еден пример да покажам како дејствува кризата дури и врз најдобро платениот дел од работничката класа, врз нејзината аристократија. Да се потсетиме: 1857 година донесе една од големите кризи, со кои се завршува секогаш индустрискиот циклус. Следниот рок паѓаше во 1866 г. Поради памучниот глад таа веќе избувна порано во вистинските фабрички околии, и истера многу капитали од обичните сфери за пласирање кон големите централни седишта на паричниот пазар; затоа кризата овој пат зеде претежно финансиски карактер. Крахот на една огромна лондонска банка во мај 1866 беше сигналот на нејзиното избувнување, а по него бргу следуваа краховите на безбројни финансиски шпекулативни друштва. Една од големите лондонски гранки на производството што ја погоди катастрофата беше изградбата на железните пароброди. Магнатите од оваа гранка не само што произведувале над секоја мера по периодот на шпекулациите, туку притоа склучиле договор за грамадни доставки, шпекулирајќи со тоа што изворите на кредитите да продолжат богато да течат. Сега настапи страшна реакција што продолжува и во другите лондонски индустрии[136] сѐ до овој час, кон крајот на март 1867 г. За карактеристика на положбата на работниците го наведуваме следново место од подробниот извештај на еден кореспондент од „Morning Star“, што во почетокот на 1867 ги посетил главните седишта на страдањата.
„На исток од Лондон, во околиите Поплар, Милуол, Гринвич, Детфорд, Лаимхауз, Кениг-Таун најмалку 15.000 работници заедно со фамилиите се најдуваат во крајно мизерна положба, меѓу нив се над 3.000 квалифицирани механичари. Нивните резервни фондови се исцрпени поради шест или осуммесечна безработица... Имав голема мака додека да се пробијам кон вратата од workhouse (во Поплар), зашто тој беше опседнат од една изгладнета маса. Таа чекаше купони за леб, но времето за да се разделат уште не беше дојдено. Дворот претставува еден голем квадрат со стреи што висат наоколу по неговите ѕидови. Големи купишта од снег ја покриваат камената калдрма во средината на дворот. Овдека извесни мали места беа обградени со плот од врба, слично како трла, во кои работат луѓето во поубаво време. Во денот на мојата посета трлата беа така навеани со снег, што никој во нив не можеше да седи. Сепак луѓето беа на суво под стреите зафатени со кршење камен за улиците. Секој си имаше по еден дебел камен за седење и удираше со тешкиот чекан по замрзнатиот гранит, додека не накршеше од него 5 бушели. Тогаш тој ќе ја свршеше својата дневна работа и добиваше 3 пенси и еден билет за леб. Во другиот дел од дворот стоеше една разбоздисана мала дрвена куќарка. При отворање на вратата, ја најдовме исполнета со мажи потпрени плеќи со плеќи, за да се топлат еден со друг. Тие чепкаа парабродски opтoми и се препираа еден со друг кој може од нив со минимум храна најдолго време да работи; издржливоста беше point d'honneur [прашање на честа]. Само во овој еден workhouse добиваа поткрепа 7.000 луѓе, од кои многу стотини заслужуваа до пред 6 или 8 месеци највисоки наемнини во оваа земја за квалифициран труд. Нивниот број би бил двапати поголем, кога не би имало толку многу такви кои, откога ќе ги исцрпат наполно своите парични резерви, сепак избегнуваат од парохиската поткрепа сѐ додека имаат уште нешто што било да заложат... Оставајќи го работниот дом, заминав низ улиците, главно со еднокатни куќи, што се така многубројни во Поплар. Мојот водач беше член на комитетот за безработните. Првата куќа во која влеговме беше куќа од еден железнички работник, веќе 27 недели останат без работа. Јас го најдов човекот како седи со целото семејство во една задна соба. Во собата уште се најдуваа мебели, и таму се палеше оган. Тоа беше неопходно за да се зачуваат од мраз голите нозе на малите деца, зашто денот беше страшно студен. Во една табла спроти огнот имаше извесно количество коноп што го чепкаа жената и децата за да добијат леб од работниот дом. Мажот работеше во еден од гореопишаните дворови за еден билет за леб и 3 пенси на ден. Сега тој беше си дошол дома на ручек, мошне гладен, како што ни рече, со горчлива насмевка, а ручекот му се состоеше од неколку парчиња леб со маст и една чаша чај без млеко... Другата врата на која тропнавме ни ја отвори една жена од средна возраст, која без да каже збор, нѐ одведе во една мала одзадна соба, каде што седеше целата нејзина фамилија и молчеше со вперени очи кон огинот што се гаснеше бргу. Таква запуштеност, таква безнадежност се беше надвиснала врз овие луѓе и врз нивната мала собичка, што јас не сакам уште еднаш пак да видам некоја слична сцена. „Овие немаат ништо заработено, господине — рече жената покажувајќи на нејзините деца — ништо за 26 недели, и сите наши пари се издадени, сите пари, што ги остававме јас и татко им настрана во подобрите времиња, со пустата мисла да си осигуриме поткрепа за лоши времиња. Еве видете — извикна таа скоро диво, при што покажуваше на една банковна книшка со сите нејзини редовни потврди за внесените и извлечените пари, така што ние можевме да видиме како почнал малиот имот со првиот внос од 5 шилинзи и како тој малку по малку израснал кон 20. ф ст., а после кака се растопувал пак од фунта кон шилинг, додека последната забелешка не ја направи книшката толку безвредна како едно парче чиста книга. Оваа фамилија добиваше скуден обед еднаш на ден од работниот дом... Следната наша посета беше кај жената на еден Ирец, што работел на парабродски градилишта. Ние ја најдовме неа болна од недостиг на храна, лежеше несоблечена на еден душек одвај покриена со едно парче черга, зашто сите постели биле заложени. Кутрите деца се грижеа за неа, напротив изгледаше, оти на самите нив им е потребна мајчина грижа. Деветнаесетнеделната присилна безработица ја довела неа дотаму, што таа, додека ја раскажуваше историјата за горчливото минато, така јачеше како да ги загубила сите надежи за подобра иднина... При излегувањето од куќата дотрча кон нас еден млад човек за да нѐ моли да појдеме во неговата куќа и да видиме дали може нешто да се стари за него. Една млада жена, две убавки деца, еден пакет од заложни белешки и една угул гола соба беше сета што можеше да ни го покаже“.
За тешките последици од кризата во 1866 г. го даваме следниов извод од еден ториевски весник. Не смее да се заборави дека источниот дел од Лондон, за кој овдека станува збор, не е само седиште на работниците од градилиштата на железни параброди споменати во текстот на оваа глава, туку и центар на таканаречената „домашна работа“ што се плаќа постојано под минимумот.
„Во еден дел од метрополата вчера се одигра една ужасна сцена. Иако илјадници безработни од Ист Енд не парадираа во маси со црни траурни знамиња, сепак човечкиот порој беше доста импозантен. Да си помислиме колку страда ова население. Тоа умира од глад. Тоа е прост и ужасен факт. Такви има 40.000... Пред наши очи, во еден од кварталите на оваа чудесна метропoла, покрај грамадната акумулација на богатството што светот некогаш ја видел, баш тука заедно со тоа 40.000 умираат беспомошно од глад! Овие илјади пробиваат сега и во другите квартали, тие, отсекогаш наполу изгладнети, ни викаат в уши за нивната болка, тие викаат до небеса, тие ни прикажуваат за своите живеалишта удрени од бедата, дека им е неможно да најдат работа и дека е бесполезно да питаат. Месните обврзници на данок за бедните, и самите се доведени до границата на пауперизмот поради сѐ нови и нови барања од парохијата („Standard” од 5 април 1866).
Бидејќи меѓу англиските капиталисти влегло во мода да ја прикажуваат Белгија како рај за работниците, оти таму „слободата на трудот“, или, што е една исто, „слободата на капиталот“ не е спречувана ни од деспотизмот на тредјунионите ни од фабричките закони, поради тоа ред е да кажеме овдека неколку зборови за „среќата“ на белгиските работници. Сигурно дека никој не беше подлабоко посветен во тајните на оваа среќа отколку покојниот г. Дикпетио, генерален инспектор на белгиските затвори и добротворните институции и член на централната комисија на белгиската статистика. Да го земеме неговото дело: “Budgets économiques des classes ouvrières de la Belgique,” Bruxelles, 1855. Овдека ние најдуваме меѓу другото, едно белгиско нормално работничко семејство, чиишто годишни трошоци и приходи се пресметани според сосем точни податоци и чиишто услови за исхрана се споредени после со условите на војниците, морнарите и затворениците. Фамилијата „се состои од татко, мајка и четири деца“. Од овие шест лица „четири можат полезно да бидат на работа преку целата година“; се претпоставува „дека меѓу нив нема да има ни болни, ни работонеспособни“, ни „трошоци за религиозни, морални и интелектуални цели, освен еден мал издаток за црковното столче", ни „вноски за штедна каса или за осигурителна каса за старост“ ни „луксузни или некои други излишни издатоци“. Сепак таткото и најстариот син треба да пушат тутун, а во недела мораат да одат в крчма, за што им се даваат цели 86 сантими неделно.
„Од општата сума на наемнините што ги примаат работниците од различни гранки на производството следува... дека највисоката средна дневна наемнина е 1 фр. 56 сант. за мажи, 89 сант. за жени, 56 сант. за деца и 55 сант. за девојчиња. Според една ваква сметка приходот на фамилијата би изнесувал во најдобар случај 1.068 фр. годишно... На домаќинството што го зедовме ние како типично, му ги пресметавме заедно сите можни приходи. Туку ако пресметаме наемнина и за мајката, тогаш ние му ја одземаме на домаќинството неговата раководителка; кој ќе се грижи за куќата, кој за малите деца? Кај да готви, кој да пере, да крпи? Оваа дилема стои секој ден пред работникот“.
Според тоа буџетот на фамилијата е ваков:
Таткото | 300 работни дни по 1.56 фр. | 468 фр. |
мајката | 300 работни дни по 0.89 фр. | 267 фр. |
момчето | 300 работни дни по 0.56 фр. | 168 фр. |
девојчето | 300 работни дни по 0.55 фр. | 165 фр. |
Вкупно 1.068 фр. |
Годишните расходи на фамилијата и нејзините дефицити би изнесувале, во случај кога би имал работникот храна како:
Морнарите од флотата | 1.828 фр. | дефицит 760 фр. |
Војниците | 1.473 фр. | дефицит 405 фр. |
Затворениците | 1.112 фр. | дефицит 44 фр. |
„Се гледа дека се малку работничките фамилии што можат да се хранат дури како затворениците, а камоли нешто како војниците или морнарите. Во 1847-49 во Белгија секој еден затвореник правеше средно 63 сант. дневно трошоци, што во споредба со дневните трошоци за издршка на работникот дава разлика од 13 сант. Трошоците за управата и надзорот се израмнуваат со тоа што осуденикот не плаќа никаква кирија. Но како да се објасни тоа што еден голем број, можеме да кажеме дека големото мнозинство од работниците, може да живее во уште поскудни услови? Само со тоа што работникот прибегнува при нужда до такви средства, чијашто тајна му е позната само на работникот: со тоа што тие секојден откинуваат од порцијата; што јадат 'ржан леб место пченичен; што малку или никако не јадат месо; истото е со маслото и зачините; со таа што ја стиснуваат фамилијата на една или две собички, каде што девојчињата и момчињата спијат заедно, често на ист сламарник; со тоа што тие штедат на облеклото, на долните алишта и на средствата за чистота; со тоа што тие се одрекуваат од неделните задоволства, кусо речено, се решаваат на најтешка скудност. Еднаш веќе кога ќе се дојде до ваква крајна граница, тогаш и најмалото повишување на цените на средствата за живот, и при најмало запирање во работата или при болест се зголемува бедата на работникот и наполно го упропастува. Долговите се натрупуваат, кредитот му се откажува, алиштата, најнужните мебели се преселуваат во заложната куќа, и најпосле фамилијата моли за да се запише во списокот на бедните“.[137]
Навистина во овој „рај на капиталистите“ и по најмалата измена во цените на најнеопходните средства за живот следува измена во бројот на смртните случаи и престапите. (Види го Манифестот Maatschappij: “De Vlamingen Vooruit!”, Bruхеllеѕ 1860, стр. 15 и 16). Цела Белгија има 930.000 фамилии, од тоа, според официјалната статистика, богати (избирачи) = 450.000 лица; 390.000 фамилии од ситната средна класа во градот и селото, и поголем дел од нив постојано паѓа во пролетаријат = 1.950.000 лица. Најпосле 450.000 работнички фамилии = 2.250.000 лица, од бројот на кои примерните фамилии ја уживаа среќата што ја опиша Дикпетно. Од 450.000 работнички фамилии над 200.000 се во списокот на бедните!
Антагонистичкиот карактер на капиталистичкото производство и акумулацијата нигде не се покажуваат побрутално отколку во напредокот на англиското земјоделство (вклучно и сточарство) и во регресот на англискиот земјоделски работник. Пред да поминеме кон неговата сегашна положба, да фрлиме еден поглед наназад. Модерното земјоделство во Англија датира од средината на 18 век, иако превратот во односите на земјишната сопственост од кој произлезе измената во начинот на производството како од своја основа, е од многу поранешен датум.
Ако ги земеме податоците од Артур Јанг, еден точен набљудувач иако површен мислител, за земјоделскиот работник од 1771, тогаш ќе видиме дека последниов играл сосем жална ролја во споредба со неговиот претходник од крајот на 14 век „кога тој можел да живее во изобилство и да акумулира богатство“,[138] дури да не говориме за 15 век, „за златниот век на англиските работници од градот и селото“. Но ние не треба да одиме толку далеку назад. Во едно мошне содржајно дело од 1777 читаме:
„Крупниот закупник тукуречи се издигна до нивото на џентлеменот, додека сиромавиот земјоделски работник е смачкан скоро доземи... Неговата несреќна положба јасна се покажува од една споредба на неговите денешни услови за живот со тие од пред 40 години... Земјишните сопственици и закупниците дејствуваат рака под рака за угнетување на работниците“.[139]
Потака во подробности се докажува дека реалната наемнина на село од 1737 до 1777 паднала приближна за 1/4 или за 25%. Модерната политика — едновремено вели Д-р Ричард Пpajc — ги фаворизира вишите народни класи; последица од тоа ќе биде што порано или подоцна целото кралство ќе се состои само од џентлемени и питачи, од големци и робови“.[140]
Сепак положбата на англискиот земјоделски работник од 1770 до 1780, како во поглед на неговата прехранбена и живеалишна состојба, така и во однос на неговото самочувство, забава итн., е идеал кој никогаш попосле не се постигна. Неговата средна наемнина изразена во пинти пченица изнесуваше во 1770 до 1771 90 пинти, во времето на Идн (1797) изнесуваше уште само 65, а во 1808 г. 60.[141]
Ние веќе порано говоревме за состојбата на земјоделските работници при крајот на антијакобинската војна, кога толку многу се збогатувала земјишната аристократија, закупниците, фабрикантите, трговците, банкарите, берзанските рицари, воените лиферанти итн. Номиналната наемнина се поткренала делум поради обезвредувањето на книжните пари делум од една, независно од тоа, повишување на цената на основните средства за живот. Но вистинското движење на наемнината може да се констатира на сосем прост начин, без да се земат подробности што се овде излишни. Законот за бедните и неговата администрација беа истите за 1795 и за 1814. Ние се сеќаваме како се применуваше овој закон на село: парохиите ја дополнуваа во форма на милостиња номиналната наемнина до номиналната сума, неопходна за голото вегетирање на работникот. Односот меѓу наемнината што ја плаќа закупникот и дефицитот во наемнината што го придодава парохијата ни покажува две нешта: прво, снижувањето на наемнината под нејзиниот минимум, второ, во кој степен земјоделскиот работник е составен од наемен работник и паупер, или во кој степен е тој претворен во крепосник на својата парохија. Ние се запираме на едно грофовство, кое го претставува средниот однос на сите други грофовства. Во 1795 средната неделна наемнина во Нортамптоншир изнесуваше 7 шил. 6 пенси, годишните вкупни расходи на една фамилија од 6 лица изнесуваа 36 ф. ст. 12 шил. и 5 пенси, а нејзините вкупни приходи 29 ф. ст. и 18 шил., дефицитот што го придаваше парохијата изнесуваше: 6 ф. ст. 14 шил. и 5 пенси. Во 1814 во истото грофовство неделната наемнина изнесуваше 12 шил. и 2 пенси, годишните вкупни расходи на една фамилија од 5 лица изнесуваа 54 ф. ст. 18 шил. и 4 пенси, а нејзините вкупни приходи 36 ф. ст. и 2 шил., дефицитот што го придаваше парохијата 18 ф. ст. 6 шил. и 4 пенси,[142] 1795 дефицитот изнесуваше помалку од 1/4 од наемнината, а 1814 повеќе од половината. Само по себе се знае дека под овие околности исчезна и најмалата удобност во 1814, што Идн сѐ уште ја наоѓал во котеџите на земјоделските работници.[143] 0д тоа време наваму, меѓу сите животни што ги држел закупникот, работникот, „instrumentum vосаlе“ [орудие што говори] си останува оној што најмногу го мачат, најлошо го хранат и со кого најбрутално се постапува.
Оваа состојба на работите траеше мирно понатака сѐ додека „'swing' — востанијата[8*] од 1830 не ни разоткрија нам“ (т,е. на владеачките класи)“ при светлината на пламењето од запалените житни амбари, дека под површините на земјоделска Англија исто така диво се разгорува мизеријата и мрачното бунтовно незадоволство како и под површините на индустриска Англија“.[144]
Седлер тогаш ги крсти во Долниот дом земјоделските работници „бели робје“ („white slaves“), а некој бискуп ги повторил овие епитети во Горниот дом. Е. Г. Векфилд, најзначајниот економист од она време, вели:
„земјоделскиот работник од Јужна Англија не е никаков роб, тој не е никаков слободен човек, тој е паупер“.[145]
Времето непосредно пред укинувањето на житниот закон фрли нова светлина врз положбата на земјоделските работници. Од една страна на буржоаските агитатори им било во интерес да докажат, дека овие заштитни закони малку ги штитат вистинските производители на жито. Од друга страна индустриската буржоазија вриеше од бес против разобличувањето на состојбата во фабриките од страна на земјишните аристократи, против лицемерната симпатија на овие до коски расипани, бездушни и господски безделници за страдањата на фабричките работници и против нивната „дипломатска ревност“ за фабричкото законодавство. Има една стара англиска поговорка, дека штом ќе се фатат за коси двајца арамии, тогаш сѐ нешто полезно ќе излезе. И навистина шумноста, страсната препирка меѓу двете фракции на владеачката класа по прашањето која од нив го експлоатира работникот побесрамно, помогна и одлево и оддесно да се разјасни вистината. Гроф Шазбери, инаку лорд Ешли, беше предводник на аристократскиот филантропски поход против фабрикантите. Затоа тој беше во 1844 и 1845 омилената тема во изнајдоците на „Morning Chronicle“ за положбата на земјоделските работници. Овој весник, тогаш најзначаен либерален орган, испрати во земјоделските околии сопствени комесари, кои никако не се задоволија со општи описи и статистика, туку ги објавуваа имињата како од испитуваните работнички фамилии така и од нивните господари. Во следнава табела се дадени наемнините исплатени во три села во соседството на Бленфорд, Вимборн и Пул. Селата се сопственост на г. Бенкес и на гроф Шазбери. Треба да се забележи дека овој папа на „low-church“, оваа глава на англиските пиетисти, како и неговиот собрат Бенкес, им откинува од кучешките наемнини на работниците значителен дел под изговор на рента за куќата.
Прво село | ||||||
(a) Деца. | 2 | 3 | 2 | 2 | 6 | 3 |
(б) Број на членови од фамилијата. | 4 | 5 | 4 | 4 | 8 | 5 |
(в) Неделна наемнина на мажите. | 8 шил. | 8 шил. | 8 шил. | 8 шил. | 7 шил. | 7 шил. |
(г) Неделна наемнина на децата. | — | — | — | — | 1 шил. до 1 шил. 6 п. | 1 шил. до 2 шил. |
(д) Неделен приход на целата фамилија. | 8 шил. | 8 шил. | 8 шил. | 8 шил. | 10 шил. 6 п. | 7 шил. |
(ѓ) Неделна кирија за куќата. | 2 шил. | 1 шил. 6 п. | 1 шил. | 1 шил. | 2 шил. | 1 шил. 4 п. |
(е) Целокупна неделна наемнина по одбитокот на киријата за куќата. | 6 шил. | 6 шил. 6 п. | 7 шил. | 7 шил. | 8 шил. 6 п. | 5 шил. 8 п. |
(ж) Неделна наемнина на глава. | 1 шил. 6 п. | 1 шил. 3 1/2 п. | 1 шил. 9 п. | 1 шил. 9 п. | 1 шил. 1 3/4 п. | 1 шил. 1 1/2 п. |
Второ село | |||||
(a) Деца. | 6 | 6 | 8 | 4 | 3 |
(б) Број на членови од фамилијата. | 8 | 8 | 10 | 6 | 5 |
(в) Неделна наемнина на мажите. | 7 шил. | 7 шил. | 7 шил. | 7 шил. | 7 шил. |
(г) Неделна наемнина на децата. | 1 шил. до 1 шил. 6 п. | 1 шил. до 1 шил. 6 п. | — | — | — |
(д) Неделен приход на целата фамилија. | 10 шил. | 7 шил. | 7 шил. | 7 шил. | 7 шил. |
(ѓ) Неделна кирија за куќата. | 1 шил. 6 п. | 1 шил. 3 1/2 п. | 1 шил. 3 1/2 п. | 1 шил. 6 1/2 п. | 1 шил. 6 1/2 п. |
(е) Целокупна неделна наемнина по одбитокот на киријата за куќата. | 8 шил. 6 п. | 5 шил. 8 1/2 п. | 5 шил. 8 1/2 п. | 5 шил. 5 1/2 п. | 5 шил. 5 1/2 п. |
(ж) Неделна наемнина на глава. | 1 шил. 3/4 п. | 1 шил. 8 1/2 п. | 1 шил. 7 п. | 1 шил. 11 п. | 1 шил. 1 п. |
Трето село | |||
(a) Деца. | 4 | 3 | 0 |
(б) Број на членови од фамилијата. | 6 | 5 | 2 |
(в) Неделна наемнина на мажите. | 7 шил. | 7 шил. | 5 шил. |
(г) Неделна наемнина на децата. | — | 1 шил. до 2 шил. | 1 шил. до 2 шил. |
(д) Неделен приход на целата фамилија. | 7 шил. | 11 шил. 6 п. | 5 шил. |
(ѓ) Неделна кирија за куќата. | 1 шил. | 1 шил. 10 п. | 1 шил. |
(е) Целокупна неделна наемнина по одбитокот на киријата за куќата. | 6 шил. | 10 шил. 8 п. | 4 шил. |
(ж) Неделна наемнина на глава. | 1 шил. 3/4 п. | 2 шил. 1 1/2 п. | 2 шил.[146] |
Укинувањето на житните закони му даде на англиското земјоделство огромен тласок. Дренажни работи во огромни размери,[147] нов систем на шталска исхрана и вештачко добивање крмни растенија, воведување механички апарати за ѓубрење, нов начин на обработка на глинестите земји, зголемена употреба на минералните гноеви, примена на парната машина и на секаков вид нови работни машини итн., општо поинтензивна култура, ете со тоа се карактеризира оваа епоха. Претседателот на кралското друштво за земјоделство г. Пјузи тврди дека (релативните) стопански трошоци се смалиле со новововедените машини приближно за половината. Од друга страна, позитивниот придонес од земјата бргу се зголемил. Основен услов за новите методи беше поголемото вложување капитал на еден екер, што значи и забрзана концентрација на закупите.[148] Едновремено се зголеми и обработливата земја од 1846 до 1856 за 464.119 екери, а да не зборуваме за големите површини во источните грофовства, кои како на волшебен начин зачас се претворија од забран за зајаци и скудни пасишта во раскошни житни полиња. Ние веќе знаеме дека едновремено со тоа се смали вкупниот број на лицата што се на работа во земјоделството. Што се однесува за вистинските земјоделци од обата пола и од сите возрасти, нивниот број спадна од 1.241.269 во 1851 година на 1.163.227 во 1861 година.[149] Кога поради тоа англискиот генерален регистратор со право забележува дека: „Прирастот на закупците и на земјоделските работници од 1801 наваму не стои во никаква сразмера со прирастот на земјоделскиот производ“,[150] тогаш оваа несразмера уште повеќе важи за последниов период, кога позитивното смалување на земјоделското работничко население врвеше рака за рака со зголемувањето на обработливата површина, со поинтензивна култура, со нечуена акумулација на капиталот вложен во земјата и посветен на нејзиното обработување, со повишување на производот од земјата, што нема паралела во историјата на англиското земјоделство, со зголемување на рентата на земјопоседниците и со нараснување на богатството на капиталистичкиот закупник. Ако го земеме ова заедно со брзото и непрекинатото раширување на градскиот пазар и господството на слободната трговија, тогаш земјоделскиот работник post tot discrimina rerum [по многу скитања] најпосле беше ставен во услови кои secundum artem [согласно со теоријата] морале него да го направат безумно среќен.
Професор Роџерс, напротив, доаѓа до резултат дека денешната положба на англискиот земјоделски работник во споредба само со положбата на неговиот претходник од периодот 1770-1780, а дури и да не говориме за неговиот претходник од последната половина на 14 век и од 15 век, извонредно се влошила, што „тој пак станал крепосник“ и тоа крепосник што добива полоша храна и живеалиште.[151] Јулијан Хантер во својот епохален извештај за живеалиштата на земјоделските работници вели:
„Трошоците за суштествување на 'hind'“ (име за земјоделскиот работник што му се давало во времето на крепосната зависност) „се утврдени на колку што се може понизок износ со кој тој може да живее... Неговата наемнина и живеалиште не стојат во сразмера со профитите што се извлекуваат од него. Тој во сметките на закупникот е само нула...[152] Неговите средства за суштествување секој пат се третираат како постојано количество.[153] Што се однесува за какво и да е натамошно смалување на неговиот доход, тој може да каже: nihil habeo nihil curo [немам ништо и не се грижам за ништо]. Тој не се плаши за иднината, зашто тој и не располага со ништо, освен со тоа што му е апсолутно неопходно за неговото суштествување. Тој достигнал до точката на замрзнувањето, а оттука произлегуваат сите сметки на закупникот. Што сака нека биде, тој не учествува ни во среќата ни во несреќата“.[154]
Во 1863 г. се изврши едно официјално иследување за условите на исхраната и работата на престапниците осудени на прогонство или на општествена присилна работа. Резултатите се изнесени во две дебели Сини книги.
„Една грижлива споредба — се вели таму, меѓу другото, — меѓу исхраната на престапниците во англиските затвори и исхраната на пауперите во работните домови и исхраната на слободните земјоделски работници во истата земја неоспорнo покажува дека првите се многу подобро хранети отколку која било од двете други категории“,[155] додека „количеството труд што се сака од еден осуден на општествена присилна работа изнесува приближно една половина од количеството што го врши еден обичен земјоделски работник.“[156]
Да дадеме неколку карактеристични свидетелски искази: Џон Смит, директор на затворот во Единбург, сослушување 5056:
„Храната во англиските затвори е многу подобра отколку храната на обичните земјоделски работници.“ № 5075: „Факт е дека обичните земјоделски работници од Шкотска добиваат сосем ретко какво и да било месо“. № 3047: „Знаете ли вие каква и да било причина поради која е нужно да се хранат претставниците многу подобро („much better“) отколку обичните земјоделски работници? — Сигурно не“. № 3048: „Дали сметате вие за редно да се прават понатака експерименти, за да се приближи храната на затворениците осудени на присилна општествена работа кон храната на слободните земјоделски работници?“[157] „Земјоделскиот работник — се вели таму — би можел да каже: Јac работам тешко и немам доста да јадам. Кога бев в затвор, јас не работев толку тешко, а имав јадење во изобилство, и затоа за мене е подобро да бидам в затвор отколку да бидам на слобода“.[158]
Од таблиците што се приложени кон првата книга од извештајот, е составен следниов компаративен преглед:[158a]
Неделно количество храна | ||||
Составни делови што содржат азот |
Составни делови без азот |
Минерални составни делови |
Вкупно | |
Унци | Унци | Унци | Унци | |
Претставник во затворот во Портленд | 28.95 | 150.06 | 4.68 | 183.69 |
Морнар во кралската флота | 29.63 | 152.91 | 4.52 | 187.06 |
Војник | 25.55 | 114.49 | 3.94 | 143.98 |
Колар (работник) | 24.53 | 162.06 | 4.23 | 190.82 |
Словослагач | 21.24 | 100.83 | 3.12 | 125.19 |
Земјоделски работник | 17.73 | 118.06 | 3.29 | 139.08 |
Општиот резултат од иследувањата на лекарската комисија од 1863 г. за состојбата на исхраната на полошо хранетите народни класи веќе му е познат на читателот. Тој се сеќава дека исхраната на еден голем дел од земјоделските работнички фамилии стои подолу од минималната мера што е потребна „за одбрана од болестите од глад“. Таков е случајот во сите земјоделски околии од Корнвол, Девон, Сомерсет, Вилтс, Стафорд, Оксфорд, Геркс и Хертс.
„Храната што ја добива земјоделскиот работник — вели Д-р Сајмон — е поголема отколку што покажува просечното количество, зашто самиот тој добива многу поголем дел од средствата за живот неопходно потребни за неговиот труд, отколку другите членови од неговата фамилија; во посиромашните околии речиси сето месо или сланина. Количеството храна што ѝ се паѓа на жената, а исто така и на децата во периодот на нивното брзо растење, во многу случаи, и тоа скоро во сите грофовства, е недостатна, особено по содржината на азот“.[159]
Момците и слугинките што седат кај самиот закупник се хранат подобро. Нивниот број спадна од 288.277 во 1851 г. на 204.962 во 1861 г.
„Трудот на жените в поле — вели Д-р Смит — па макар колку тој бил штетен, под сегашниве околности е од голема полза за фамилијата, зашто тој ѝ дава средства за обување, за облекување, за плаќање на рентата за куќата, а со тоа тој и овозможува подобро да јаде“.[160]
Еден од најчудните резултати од ова иследување беше откривањето на фактот дека земјоделскиот работник во Англија многу полошо се храни отколку во другите делови на Соединетото Кралство (iѕ considerable the worst fed“), каде што покажува следнава таблица:
Неделна потрошувачка на јаглерод и азот на просечниот земјоделски работник[161]
Јаглерод | Азот | |
Англија | 46,673 | 1,594 |
Велс | 48,354 | 2,031 |
Шкотска | 48,980 | 2,348 |
Ирска | 43,366 | 2,434 |
„Секоја страна од извештајот на Д-р Хантер — вели Д-р Сајмон во својот официјален здравствен извештај — сведочи за недостатното количество и бедниот квалитет на живеалиштето од нашиот земјоделски работник. А од многу години наваму неговата состојба во овој поглед прогресивно се влошува. Сега нему му е многу потешко да најде живеалиште, и, ако го најде, тоа многу помалку одговара на неговите потреби, отколку што било тоа случај, можеби, со векови наваму. Особено во последниве 30 или 20 години злото фати бргу да расте и живеалишните услови на земјоделецот сега се жалосни во голем степен. Во оваа работа тој е наполно беспомошен, освен до колку оние, што ги збогатува неговиот труд, не ќе најдат за потребно да се потрудат да постапуваат со него со некое сожалување. Дали тој ќе најде живеалиште на земјата што ја обработува, дали тоа ќе биде човечко или свинско, дали тоа ќе биде со мала бавчичка, која толку многу го олеснува притисокот од бедата, сето тоа не зависи од неговата готовност или способност да плати соодветна кирија туку од тоа како милуваат другите да го употребуваат „правото да располагаат со својата сопственост, како што сакаат“. Некој закуп може да биде не знам колку голем, сепак нема закон што би пропишувал дека закупот мора да има определен број работнички живеалишта, а особено за пристојни живеалишта. Исто така, законот не содржи ни најмало право на работникот врз земјата на која ѝ е неговиот труд така нужен како дождот и сонцето... Една општо позната околност фрла уште еден тежок тег на тасот против него... влијанието на законот за бедните со неговите определби за населување и со облогот на данок за бедните.[162] Под негово влијание секоја парохија има паричен интерес да го ограничи бројот на земјоделските работници што се населени во неа на минимум; зашто земјоделскиот труд, наместо да му осигури на работникот што 'рга и на неговата фамилија сигурна и трајна независност, тој за несреќа го води него најчесто по подолго или покусо заобиколување, само кон пауперизам, во пауперизам што му стои на работникот низ целиот пат така блиску, што секоја болест или која било преодна безработица непосредно го присилува да бара помош од парохијата; и затоа секое заседнување на едно работничко население во некоја парохија очевидно значи зголемување на нејзиниот данок за бедните... Крупните земјопоседници[163] треба само да решат дека на нивните имоти не треба да има никакви работнички живеалишта и тие веднаш се ослободуваат од половината своја одговорност за сиромасите. До каде сакале да одат англискиот устав и законите за да го утврдат овој вид безусловна земјишна сопственост, која оспособува некој лендлорд, кој „со својата сопственост располага како што сака“, да ги третира обработувачите на земјата како странци и да ги истерува од својата територија, е прашање, чијашто дискусија не паѓа во мој домен... Оваа власт за изгонување не е гола теорија. Таа на практика се спроведува во најголема paзмepa. Таа е еден од условите што решавачки влијаат врз живеалишните услови на земјоделскиот работник... За обемот на злото може да се суди од последниов попис, според кој во последните 10 години разрушувањето куќи, и покрај зголеменото месно барање за нив напредувала во 821 различни околии во Англија, така што населението, кое во 1861 во споредба со 1851 е зголемено за 5 1/3%, било натискано во живеалиштен простор за 4 1/2% помал, и притоа ги оставаме настрана лицата што биле присилени да го загубат правото за населување (имено во парохиите каде што тие работеле)... Штом процесот на раселувањето ќе ја постигне својата цел, вели Д-р Хантер, резултатот е село за показ (show-village), каде што котеџите се сведени на мал број и каде што никој не смее да живее освен овчарот, градинарот и чуварот на дивеч, редовните слуги, што се ползуваат со вообичаеното кон нивната класа добро однесување од страна на милостивите господари.[164] Но земјата треба да се обработува, и ние гледаме дека работниците што работат на неа не живеат на имотот од земјишниот сопственик, но идат од некое отворено село, можеби 3 милји оддалечено, каде што ги примиле да седат многубројни ситни стопани на живеалишта, по растурањето на нивните котеџи во затворените села. Таму каде што работите водат кон таков резултат, котеџите, со својот беден изглед, најмногу ја покажуваат судбината на која се осудени. Тие се најдуваат на различни степени од природно распаднување. Сѐ додека се држи стреата, на работникот му е дозволено да плаќа за тоа рента, и тој често е мошне радосен што смее тоа да го прави, дури иако тој плаќа цена како за добро живеалиште. Но притоа не се вршат никакви поправки, никакви подобрувања, освен оние што може да ги врши сиромашкиот жител. И кога најпосле котеџот ќе стане сосем непогоден за живеење, тогаш тој претставува само уште еден разрушен котеџ повеќе и соодветно толку помалку данок за бедните. Додека крупните земјосопственици така го растоваруваат од себеси данокот за бедни со тоа што го раселуваат населението од земјата што ја контролираат тие, најблиските гратчиња или отворените местенца ги прифаќаат исфрлените работници; најблиските, велам, но „најблиските“ можат да бидат оддалечени 3 или 4 милји од закупничкиот имот каде што работникот има да 'рга. Така кон неговиот дневен труд му се придава, како тоа да не е ништо, нужноста да маршира 6 или 8 милји дневно за да го заслужи својот насушен леб. Сите земјоделски работи што ги вршат неговата жена и неговите деца се вршат сега под истите отежнувачки околности. И ова не е целото зло што му го причинува оддалеченоста. Во отворените села градежните шпекуланти купуваат мали парчиња земја, и ги начичкуваат колку што се може со евтини севозможни мудбаци. И во овие бедни живеалишта, кои дури и кога гледаат и на отворено поле, ги имаат најстрашните карактерни црти на најлошите градски живеалишта, се населени земјоделските работници на Англија...[165] Само од друга страна не смееме да си вообразиме дека барем работникот што седи на земјата што ја обработува најдува таму живеалиште какво што треба да биде за неговиот живот исполнет со производен труд. Дури и на кнежевските имоти неговиот котеџ е често во најжалосен вид. Има лендлордови што мислат оти за нивните работници и за фамилиите на последниве е добра некоја плевна, и сепак тие не се срамат, да извлекуваат од нивната кирија колку што се може повеќе готови пари.[166]
Работникот е беспомошен против злото, та може живеалиштето да му биде од една распадната колиба со една соба за спиење, без огниште, без нужник, без прозорци што можат да се отворат, без вода — освен од ендеците, без бавча. А нашите полициско-здравни закони (The Nuisances Removal Acts) се мртва буква. Нивното спроведување им е доверено токму на сопствениците што даваат под кирија такви дупки... Не смееме да допуштиме, исклучително посветлите сцени да нѐ заслепат за изразитата претежност на фактите што се една срамна дамка за англиската цивилизација. Навистина положбата на работите мора да е ужасна, кога, и покрај очевидната грозота на сегашните живеалишта, компетентните набљудувачки едногласно дошле кон крајниот заклучок, дека општата мизерија на живеалиштата е сѐ уште едно многу помалку тешко зло отколку голиот броен недостиг на живеалишта. Веќе од години наваму преполнетоста на живеалиштата на земјоделските работници е предмет на длабока грижа не само за лицата што се грижат за здравјето, туку за сите што се грижат за пристоен и морален живот. Зашто авторите на извештаите за ширењето на заразните болести во земјоделските околии постојано се жалат со така еднообразни изрази, што станале веќе стереотипни, на преполнетоста на живеалиштата како на причина што сосем спречува секаков обид да се задржи ширењето на епидемијата што веќе еднаш се појавила. И постојано се докажува дека, и покрај тоа што селскиот живот благотворно дејствува врз здравјето, натрупаноста на населението што така силно го забрзува раширувањето на заразните болести придонесува и за изникнување на незаразни болести. А лицата што ја разоткриле оваа состојба не ги премолчуваат ни другите зла. Дури и таму каде што нивната првобитна тема се однесува само за запазување на здравјето, тие беа тукуречи присилени да завлезат и во другата страна на предметот. Со тоа што укажуваат како често се случува да се испреплетени заедно возрасни лица од обата пола оженети и неоженети („huddled“) во тесни спални, нивните извештаи мора да предизвикаат увереност, дека под опишаните околности најгрубо се нарушуваат чувствата за срам и пристојност и скоро нужно се уништува секоја моралност...[167] На пр. во прилогот кон мојот последен извештај, Д-р Орд во својот извештај за избувнувањето на треска во селото Винг во Бакингемшир, спомнува како дошол таму некој млад човек од Вингрев што имал треска. Во првите денови на неговата болест тој спиел заедно со 9 други лица во една соба. За две недели биле фатени од треската разни лица, во текот од неколку недели треската фатила 5 од 9-те лица и едно умрело! Едновремено Д-р Харвиј, лекар од болницата во Ст. Џорџ, што го посетил Винг во време на епидемијата по приватна практика, ме известува во истата смисла: „Една млада жена болна од треска спиела ноќе во иста соба со татко ѝ, мајка ѝ, со своето вонбрачно дете, со двајца млади мажи, со браќа си, и со нејзините две сестри, секоја со по едно вонбрачно дете, сенасе 10 лица. Неколку недели пред тоа во истата соба спиеле 13 дица“.[168]
Д-р Хантер испитувал 5.375 котеџи од земјоделските работници, не само во чисто земјоделските околии, туку и во сите грофовии во Англија. Од овие 5.375 котеџи 2.195 имале само една спална (што е често и соба за седење), 2.930 само две, а 250 повеќе од 2. Сакам да дадам еден краток подбор за дванаесет грофовии.
1. Бедфордшир
Реслингоурт: Спална соба долга околу 12 стапала и 10 широка, иако многу од нив се и помали. Мала еднокатна колиба често поделена со штици во две спални соби; често има постела и во кујната висока 5 стапала и 6 цола. Кирија 3 ф. ст. Кираџиите треба сами за себе да си направат нужник, сопственикот на куќата дава само една јама. Често ако некој направи еден нужник, тогаш последниов се ползува од целото соседство. Куќата, во која седи некоја фамилија по име Ричардсон е од недостижна убавина. Нејзините малтерисани ѕидови се надуени како дамско здолниште при реверанс. Едниот крај од стреата се искривал кон надвор, а другиот кон внатре, а на последниов за несреќа има еден оџак, една крива цевка од иловица и дрво, токму како сурла од слон. Еден долг драг служи како потпирка за да го спречи паѓањето на оџакот, вратата и прозорецот во форма на ромб. Од 17 посетени куќи само 4 имаат повеќе од 1 спална соба, а и овие 4 се преполнети. Во колибите (cots) со по една соба имаше 3 возрасни со 3 деца, една брачна двојка со 6 деца итн.
Дантон: Високи куќни кирии, од 4 до 5 ф. ст., неделна наемнина на мажот 10 шил, Тие се надеваат да ја извадат киријата со тоа што целата фамилија плете слама. Колку е повисока киријата, толку поголем бројот на тие што мораат да се насоберат на едно место за да ја платат. Шест возрасни што спијат во една спална заедно со 4 деца плаќаат за тоа 3 ф. ст. и 10 шил. Најевтината куќа во Дантон, што е од надворешната страна долга 15 стапала, 10 широка, се дава под кирија за 3 ф. ст. Само една од испитуваните 14 куќи има две спални соби. Не многу далеку од селото има една куќа, пред чии надворешни ѕидови нејзините жители вршат нужда, долните 5 цола од вратата исчезнале просто поради гниење, а вечерта при заклучување остроумно клаваат неколку тули во дупката и ја покриваат со малку рогузина. Половина од прозорецот сосе стакло и черчеве исчезнал без трага. Овдека, без мебел, се прибираат 3 возрасни и 5 деца заедно. Дантон не е полош од другиот дел на Бигелсвед Јунион.
2. Беркшир.
Бинхем: во јуни 1864 живееја еден маж, жена. 4 деца во еден cot (еднокатен хотел). Едната ќерка дојде дома од работа со шарлах. Таа умре. Едно дете се разболи и умре. Кога беше повикан Д-р Xантер, мајката и една дете лежеа од тифус. Таткото и едно дете спиеја надвор, но тука се покажа тешкотија да се осигури изолација, зашто крпите од заразената куќа од тифус лежеа насобрани на куп на сретсело чекајќи перење. — Киријата за Х-овата куќа 1 шил. неделно; една спална соба за една двојка и 6 деца. Една куќа е издадена за 8 пенси (неделно), 14 стапала и 6 цола долга, 7 стапала широка, кујната 6 стапала висока, спалната саба без прозорец, без огниште и без отвор, освен во ходникот, никаква бавча. Пред кусо време овдека живееше еден маж со две возрасни ќерки со еден син што растеше; таткото и синот спиеја на постелата, девојките во ходникот. Додека фамилијата живееше овдека, секоја од ќерките имаше по едно дете, но едната отиде во работниот дом за да го роди и после се врати дома.
3. Бенингемшир.
Во 30 котеџи — на 1.000 екери земја — овдека живеат приближно 130-140 лица. Парохијата Бpeдeнxeм зафаќа 1.000 екери; во 1851 таа имала 36 куќи и население од 85 машки и 54 женски лица. Оваа полова нееднаквост се смалила во 1861, кога имало 98 од машки и 87 од женски пол, прирастот за 10 години бил 14 мажи и 33 жени. Во исто време бројот на куќите се смалил за 1.
Уинсло: Поголемиот дел од него е новоизграден во добар стил; барањето за куќи изгледа е значително, оти сосем мизерните еднокатни котеџи се издаваат за 1 шил. и 1 шил. и 3 пенси неделно.
Уотер Итон: Овдека сопствениците, со оглед на порастот на населението, разрушиле приближно 40% од постојните куќи. Еден сиромав работник, што имал да оди до неговата работа приближно 4 милји, на прашањето дали ќе може да најде котеџ поблиску, одговорил: „Не, тие проклети се чуваат за да не примат некој човек со голема фамилија како мојава“.
Тинкерс Анд: близу до Уинсло: Една спална соба во која се сместени 4 возрасни и 4 деца е долга 11 стапала, 9 стапала широка, 6 стапала и 5 цола висока на највисоката точка; една друга е долга 11 стапала и 3 цола, 9 стапала широка, 5 стапала и 10 цола висока, се сместуваат 6 лица. Секоја од овие фамилии има помалку простор отколку што е потребно за еден затвореник на гемија. Ниедна куќа нема повеќе од една спална соба, ниедна нема задна врата, а ретко некоја да има вода. Неделна кирија од 1 шил. и 4 пенси до 2 шил. Во 16 испитувани куќи само еден единствен човек заработува неделно 10 шил. Количеството воздух што го добива секое лице во споменатиов случај е толкаво колку што би било кога тоа лице би било ноќе заклучено во еден сандак од 4 кубни стапала. Секако старите колиби беа изобилни cо природна вентилација.
4. Кембриџшир.
Гемблинген им припаѓа на различни сопственици. Во него се најразбоздисаните cоt-ови, што можат негде да се најдат. Многу се плете слама. Во Гемблинген царува мртовечка омаломоштеност, безнадежно предавање на нечистотијата. Запуштеноста во неговиот центар станува мачење во периферијата на север и југ, каде што куќите се распаднуваат дел по дел. Отсутните лендлордови изобилно му ја шмукаат крвта на ова бедно седело. Кириите се мошне високи: по 8 до 9 лица се настегани во една спална соба, во два случаја 6 возрасни секој со по едно или две деца на една малечка спална соба.
5. Есекс.
Во многу парохии од ова грофовство смалувањето на лицата и на котеџите оди рака под рака. Сепак не во помалку од 22 парохии разрушувањето на куќите не го запре порастот на населението или не го предизвика неговото истерување, што насекаде станува под името: „Преселување во градови“. Во Фингрингхо, кај една парохија со 3.443 екери, имало во 1851 г. 145 куќи, во 1861 уште само 110, но народот не сакал да се сели, па дури се намножил и под тие услови. Во Рамзден Креис во 1851 седеле во 61 куќа 252 лица, во 1861 во 49 куќи се нагнеле 262 лица. Во Базилден во 1851 живееле на 1.827 екери 157 лица во 35 куќи, при крајот на деценијата живееле 180 лица во 27 куќи. Во парохиите Фингрингхо, Јужен Фарнбриџ, Ундфорд, Базилден, Рамзден Креис во 1851 живееле на 8.449 екери 1.392 лица во 316 куќи, а 1861 на истата површина 1.473 лица во 249 куќи.
6. Херфордшир.
Ова мало грофовство пострадало од „духот на изгонувањето“ повеќе од кое било друго во Англија. Во Надли најпреполнетите котеџи, најмногу со по 2 спални соби, им припаѓаат во најголемиот дел на закупниците. Самите тие нив лесно ги издаваат за 3 или 4 ф. ст. годишно, а плаќаат неделна наемнина од 9 шил.
7. Хантигдоншир.
Во Хартфорд во 1851 имало 87 куќи, нешто потоа се разрушиле 19 котеџи во оваа мала парохија од 1.720 екери; бројот на населението бил во 1831 г.: 452 лица, во 1852 г.: 832, а во 1861: 341. Испитувани се четиринаесет cot-ови од по една спална. Во еден имало една брачна двојка, 3 возрасни синови, една возрасна девојка, 4 деца, заедно 10. Една ваква соба, каде што спиеле 8 лица, била долга 12 стапала и 10 цола, широка 12 стапала и 2 цола, висока 6 стапала и 9 цола, средно земено, без да се одбијат стреите, идело приближно по 130 кубни стапала на глава. Во 14-те спални соби 34 возрасни и 33 деца. Овие котеџи ретко се со бавчичка, но мнозина од жителите можат да земат во закуп мали парчиња земја по 10 или 12 шил. за руд (1/4 екер). Овие парцели се далеку од куќите, а куќите се без нужници. Фамилијата мора или да оди на парцелата да врши нужда, или, со проштение, како што се прави овде, со него се полни едно сандаче во долапот. Штом ќе се наполни тоа, него го вадат и го испразнуваат таму каде што е потребна неговата содржина. Во Јапонија кружниот тек на животните услови се врши почисто.
8. Линколншир.
Ленгтофт: Еден човек седи овде во куќата на Врајт со жена си, мајка ѝ и со 5 деца; куќата има кујна, перална, спална соба над кујната; кујната и спалната се долги 12 стапала и 2 цола, широки 9 стапала и 5 цола; целата темелна површина е долга 21 стапало и 2 цола, широка 9 стапала и 5 цола. Спалната е еден тавански простор, ѕидовите се креваат нагоре и се составуваат како грутка шеќер, отспреди има еден тавански прозорец. Зошто седи тој овдека? Поради бавчата? Не, таа е сосем малечка. Поради киријата? Таа е висока: 1 шил. и 3 пенси неделно. Поради близоста на неговата работа? Не, таа е на 6 милји оддалечена, така што тој мора секој ден да изоди наваму и натаму 12 милји. Тој седи тука зашто овој кот се издавал, и зашто тој сакал да има еден кот сам за себе, па каде и да бил тој, по каква и да е цена и во каква сакал состојба. Следнава статистика е за 12 куќи во ЈIенгтофт со 12 спални соби, со 38 возрасни и 36 деца:
12 куќи во Ленгтофт | ||||||||||||
Куќи | Бр. 1. | Бр. 2. | Бр. 3. | Бр. 4. | Бр. 5. | Бр. 6. | Бр. 7. | Бр. 8. | Бр. 9. | Бр. 10. | Бр. 11. | Бр. 12. |
Спални. | 1 | 1 | 1 | 1 | 1 | 1 | 1 | 1 | 1 | 1 | 1 | 1 |
Возрасни. | 3 | 4 | 4 | 5 | 2 | 5 | 3 | 3 | 2 | 2 | 3 | 2 |
Деца. | 5 | 3 | 4 | 4 | 2 | 3 | 3 | 2 | 0 | 3 | 3 | 4 |
Број на лица. | 8 | 7 | 8 | 9 | 4 | 8 | 6 | 5 | 2 | .5 | 6 | 6 |
9. Кент.
Кенингтон во 1859 беше ужасно преполнет, кога се појави дифтеријата и кога парохискиот лекар почна службено испитување за положбата на сиромашните класи на народот. Тој најде дека во ова место, каде што е потребно многу труд, се разрушени разни cot-ови, но не се изградил ни еден нов. Во една околија имало 4 куќи, таканаречени „birdcages“ (птичји кафези); секоја имала 4 соби со следниве димензии во стапала и цоли:
Кујна: | 9,5 X 8,11 X 6,6 |
Перална: | 8,6 X 4,6 X 6,6 |
Спална: | 8,5 X 5,10 X 6,3 |
Спална: | 8,3 X 8,4 X 6,3 |
10. Нортемптоншир.
Бинстворт, Пикфорд и Флур: Во овие села зиме се скитаат 20-30 луѓе по улиците поради безработица. Закупниците не обработуваат секогаш достатно земја под жита и репа, а лендлордовите нашле за згодно да ги зберат сите свои делови што се даваат во закуп заедно во 2 или 3. Поради тоа безработица. Додека од една страна гладните полиња плачат за работа, дотогаш од друга страна прелаганите работници (во својата надеж) фрлаат на нив копнежливи погледи. Не е никаво чудо што тие, измачени преку летото од трескаво претерана работа, а преку зимата полуизгладнети, велат на својот дијалект дека „the parson and gentlefolks seem frit to death at them“ [попот и благородникот како да се заколнале да ги мачат да смрт].
Во Флур има примери кога во една спална од најмала размера се сместени брачни двојки со по 4, 5, 6 деца, или 3 возрасни со 5 деца, или една брачна двојка со дедо и со 6 деца болни од шарлах итн.; во 2 куќи со по 2 спални 2 фамилии со по 8 и 9 возрасни.
11. Ултшир.
Стратон: Посетени 31 куќа, 8 со по една спална соба. Пенхил во истата парохија: Еден кот се издава за 1 шил. и 3 пенси неделно, во него живеат 4 возрасни и 4 деца, освен добрите ѕидови немал ништо добро, кога ќе се почне од подот, послан со лошо исклепани камења, до гнилиот сламен покрив.
12. Уорсетшир.
Разрушувањето на куќите овдека не било така сурово; сепак бројот на лицата на една куќа се зголеми од 1851 до 1861 од 4,2 на 4,6 индивидуи.
Бадси: Овдека многу котови и бавчички. Неколку закупници ги прогласуваат cot-овите за „a great nuisance here, because they bring the poor” (големо зло, зашто тие ја привлекуваат сиромаштијата). Еден џентлемен изјавил:
„На сиромасите нема да им биде подобро од тоа; ако се направат 500 соt-ови, сите веднаш ќе се разграбат како леб. Навистина, колку повеќе се градат котови, толку се попотребни“
— куќите, според него, создаваат жители, што по природните закони вршат притисок на „средствата за живеалишта“ — Др. Хантер му одговара нему:
„Сега, овие сиромаси мора од негде да доаѓаат, а бидејќи во Бедси нема некоја особена привлечна сила, како на пр. милостиви дарови, тогаш мора да има во другите места некоја уште понеудобна сила што ги одбива оттаму и ги тера наваму. Кога би можел секој да најде еден кот и едно парченце земја близу до местото каде што работи, тогаш тој сигурно би го претпочитал тоа пред Бедси, каде што за педа земја плаќа двапати повеќе отколку што плаќа закупникот за неговата“.
Постојаното иселување во градовите, постојаното создавање „прекубројно“ население во селото со концентрација на закупите, со претворањето на нивите во пасишта, со машинеријата итн., оди рака за рака со постојаното растерување на селското население поради разрушувањето на котеџите. Колку е поретко населението во некоја околија, толку е поголемо неговото „релативно прекубројно население“, толку е поголем натискот врз средствата за вработување, толку е поголем апсолутниот вишок на селското население над неговите живеалишни средства, значи толку е поголема локалната пренаселеност во селото и заразната стегнатост на луѓето. Стегнувањето на човечкото клопче во расфрлените мали села и мали места му одговара на насилното истерување на луѓето од големите површини земја. Непрекинатото претворање на земјоделските работници во „прекубројни“, и покрај смалувањето на нивниот број заедно со зголемувањето на масата на нивниот производ, е лулката на нивниот пауперизам. Нивниот евентуален пауперизам е причина за нивното изгонување и главен извор за нивната живеалишна мизерија, кој што ја крши последната нивна способност за отпор и ги прави вистински робови на земјоделците[169] и закупниците, така што минималната наемнина се утврдува за нив како природен закон. Од друга страна селото, и покрај неговата постојана „релативна пренаселеност“, едновремено е и недостатно населено. Ова не се покажува само локално на такви точки каде што се врши брз одлив на луѓето кон градовите, рудниците, изградбите на железници итн., туку тоа се покажува насекаде, како во време на жетвата, така и напролет и налето во многубројните моменти кога ќе му потребаат на мошне грижливото и интензивно англиско земјоделство придадени раце. Земјоделските работници постојано се премногу за средните потреби на земјоделството, а постојано се премалку за неговите исклучителни вонредни или повремени потреби.[170] Затоа се најдуваат во официјалните документи противречни жалби од едни исти места за едновремениот недостиг и вишок на трудот. Временскиот или месниот недостиг на труд не предизвикува повишување на наемнината, туку ги присилува жените и децата кон земјоделска работа и постојано ја снижува возраста на работникот. А штом експлоатацијата на жените и децата ќе земе широка размера, тогаш таа од своја страна станува ново средство за создавање прекубројни машки земјоделски работници и за задржување на нивната наемнина на ниско ниво. Во источна Англија расцветува еден красен плод од овој cercle vicieux [маѓосан круг] — таканаречен gangsystem [систем на гангови или тајфи], на кој овдека ќе се вратам накусо.[171]
Системот на тајфи е раширен речиси исклучиво во Линколншир, Хентингдоншир, Кембриџшир, Нарфолкс, Сафолкс, Нотингеншир, спорадично во соседните грофовства Нортхемптон, Бедфорд, Ратленд. За пример овде го земаме Линколншир. Поголемиот дел од ова грофовство е нова земја, порано блато, или, како што е случај во споменатите други источни грофовства, земја која штотуку е откината од морето. Парната машина правела чуда при исушувањето. Каде што беше порана земјата покриена со блато и сув песок, сега се лулее бујно море од жито и се прибираат повисоки земјишни ренти. Истото важи и за вештачки добиената подводна земја, како што е на островот вештачки Аксолм и во другите парохии на утоката од реката Трент. Не само што не се правени нови котеџи онака како што настануваа нови закупи, туку и старите се разрушувани, а работниците се доведувани од отворените села, што се оддалечени со милји и распоредени на селските патишта што се извиткуваат низ падините на ридиштата. Понапред населението само таму најдувало заштита од долготрајните зимски поплави. Работниците што седат на закупите од 400 до 1.000 екери овдека се викаат „confined labourers“ (прикрепени работници) и служат исклучиво за постојан тежок полски труд што се врши со коњи. На секои 100 екери (1 екер=40,49 ари или 1.584 пруски дулуми) одвај иде средно еден котеџ. Еден закупник на подводна земја на пр. кажал пред иследната комисија:
„Мојот закуп се простира на повеќе од 320 екери, сите житно поле. Тој нема ни еден котеџ. Сега еден работник живее кај мене. Јас имам четири коњари кои живеат во околинава. Полесните работи за кои се сакаат многу раце, се вршат со тајфи.“[172]
Земјата сака многу лесна работа, како плевење од тревишта, прашење, извесни работи околу гноењето, требење од камење итн. Тоа го работат тајфи или организирани групи, кои живеат на отворени места.
Тајфата се состои од 10 до 40 или 50 лица, имено жени, млади лица од обата пола (од 13-18 години), иако децата повеќето ја напуштаат тајфата штом ќе навршат 13 години, најпосле децата од обата пола (6-13 годишни). На чело стои gangmaster [старешина], тој е секогаш некој обичен земјоделски работник, најчесто еден од таканаречените неранимајковци, развратник, превртлив, пијаница, но со извесен претприемачки дух и со фат во работата. Тој ја собира тајфата, која работи под негова команда, а не под команда на закупникот. Со последниов тој најчесто се договорува за работа на кутурица, а неговиот приход, што средно не се качува повеќе од приходот на еден обичен земјоделски работник,[173] зависи тукуречи наполно од умеењето со кое тој ќе може во најкусо време да извади од неговата тајфа колку што е можно повеќе труд. Закупниците откриле дека жените добро работат само под диктатурата на мажите, но и дека жените и децата кога веќе еднаш ќе влезат во работа, тие ја трошат својата животна сила со вистинска напрегнатост, што веќе го знаел и Фурие, а пак возрасниот машки работник толку е злобен, што настојува колку што може повеќе да си ја чува работната сила. Старешината преминува од еден имот на друг и ѝ дава работа на својата тајфа 6-8 месеци во годината. Затоа за работничката фамилија е многу подоходно и посигурно да работи кај него отколку кај поединечниот закупник, кој ги зема децата само од време на време на работа. Оваа околност толку силно го утврдува неговото влијание во отворените места, што најчесто децата можат да се земат во наем само преку негово посредништво. Индивидуалното цедење на децата, надвор од тајфата, за него е споредна заработка.
„Темните страни“ на овој систем се претераниот труд на децата и младите лица, огромните маршеви што мораат да ги прават до имотот и назад од имотот, што е оддалечен 5, 6 напати и 7 милји, и најпосле деморализирање на „тајфата“. Иако старешината, кој во некои краеви се вика „the driver“ (терач), е вооружен со еден долг стап, сепак тој него само сосем ретко го употребува, а жалби за брутално однесување се одземка. Тој е демократски цар или некој вид хамелиски ловец на стаорци.[10*] Значи, нему му е потребна популарност меѓу неговите поданици и тој нив ги приврзува за себеси со циганскиот живот што се расцветува под неговото покровителство. Во тајфата царуваат сурова необузданост, весела распуштеност и најбезочна бесрамност. Старешината најчесто исплаќа во некоја крчмa, и потоа се враќа на чело на танецот, со поревање, поткрепен одлево и оддесно од јаки машки-дудинки, а деца и млади лица се влечкаат одзади црекајќи и пеејќи потсмешливи и непристојни песни. На враќање назад на дневен ред е она што го вика Фурие „фанерогамија“ [јавно вршење на полниот акт]. Често затруднуваат тринаесет и четиринаесет годишни девојчиња од нивните едноврсни машки другари. Отворените села што ѝ даваат на тајфата контингенти стануваат Содом и Гомор[174] и даваат двојно повеќе вонбрачно родени отколку преостанатото кралство. Ние веќе порано покажавме што можеа да прават во морален поглед девојките што се воспитани во овие школи кога ќе станат омажени жени. Нивните деца, доколку опиумот не ги сотре, се родени кандидати за тајфите.
Тајфата, во нејзината штотуку опишана класична форма, се вика јавна, општа или скитничка тајфа (public, common оr tramping bang). Освен тоа има и приватни тајфи (private gangs). Овие се составени како и општата тајфа, но имаат помалку глави и работат наместо под команда на старешината, под команда на некој стар селски момок, кого закупникот не знае подобро да го употреби. Циганското расположение овдека исчезнува, но според сите свидетелски искази се влошува овде плаќањето и односката со децата.
Системот на тајфи, што од последниве години наваму постојано се шири,[175] очигледно е оти не суштествува за љубов на старешините. Тој суштествува за збогатување на крупните закупници,[176] односно на земјопоседниците.[177] За закупниците нема поостроумен метод, да го држат својот работнички персонал длабоко под нормалното ниво, а сепак за секоја вонредна работа да имаат секојпат готови придадени раце, да може со можно најмалку пари да извади колку што е можно повеќе труд[178] и за да се направат возрасните работници „прекубројни“. Од горното излагање се разбира дека, ако од една страна се признава поголема или помала безработица на селскиот работник, едновремено од друга страна се објавува системот на тајфи за „неопходен“ поради недостиг на машки работници и нивното преселување во градовите.[179] Полињата без бурен и човечкиот бурен од Линколншир итн. се два спротивни полуса на капиталистичкото производство.[180]
На крајот на овој оддел ние мораме да фрлиме уште еден поглед на Ирска. Најпрво фактите за кои се работи овдека.
Населението во Ирска порасна во 1841 на 8.222.664 лица, во 1851 се смали на 6.623.985, во 1861 г. на 5.850.309, во 1866 на 5 1/2 милиони, приближно на неговото ниво од 1801. Смалувањето почна со гладната година 1846, така што Ирска во помалку од 20 години загуби повеќе од 5/16 од своето население.[181] Нејзиното целокупно иселување од мај 1851 до јули 1865 изнесува 1.591.487 лица, а иселувањето во последниве 5 години од 1861 до 1865 изнесува повеќе од половина милион. Бројот на населените куќи се смали од 1851 до 1861 за 52.990. Од 1851 до 1861 порасна бројот на закупените имоти од 15 до 30 екери скоро за 61.000, бројот на закупените имоти над З0 екери за 109.000, додека вкупниот број на сите закупи спадна за 120.000, значи едно спаднување што се должи исклучиво на уништувањето на закупите под 15 екери, инаку речено на нивната централизација.
Смалувањето на населението природно беше придружено со едно општо смалување на масата на производот. За нашата цел е достатно да разгледаме еден период од 5 години 1861-1865, во кој се иселиле над милион лица, а апсолутниот број на народот спаднал за повеќе од 1/3 милион. (Види ја табелата А)
Број на добитокот | |||||||||||
Година | Коњи | Рогат добиток | Овци | Свињи | |||||||
Вкупен број |
помалу | Вкупен број |
помалу | повеќе | Вкупен број |
помалу | повеќе | Вкупен број |
помалу | повеќе | |
1860 | 619,811 | — | 3,606,374 | — | — | 3,542,080 | — | — | 1,271,072 | — | — |
1861 | 614,232 | 5,579 | 3,471,688 | 134,686 | — | 3,556,050 | — | 13,970 | 1,102,042 | 169,030 | — |
1862 | 602,894 | 11,338 | 3,254,890 | 216,798 | — | 3,456,132 | 99,918 | — | 1,154,324 | — | 52,282 |
1863 | 579,978 | 22,916 | 3,144,231 | 110,659 | — | 3,308,204 | 147,982 | — | 1,067,458 | 86,866 | — |
1864 | 562,158 | 17,820 | 3,262,294 | — | 118,063 | 3,366,941 | — | 58,737 | 1,058,480 | 8,978 | — |
1865 | 547,867 | 14,291 | 3,493,414 | — | 231,120 | 3,688,742 | — | 321,801 | 1,299,893 | — | 241,413 |
Од горнава табела излегува:[182]
Коњи | Рогат добиток | Овци | Свињи |
апсолутно помалу | апсолутно помалу | апсолутно повеќе | апсолутно повеќе |
71,944 | 112,960 | 146,662 | 28,8211 |
Да се свртиме сега кон земјоделството, што ги дава средствата за живот за добитокот и луѓето. Во следнава табела е пресметано cмaлувањето или зголемувањето за секоја одделна година во споредба со непосредно изминатата. Зрнестите плодови опфаќаат пченица, овес, јачмен, 'рж, грав и грашок, зеленчукот опфаќа компир, turnips [репа за добиток], цвекло и бела репа, зелки, морков, parsnips [пастернак, пашканат], vetches [граор] итн.
Зголемување или смалување на површината под ораници и ливади (односно пасишта) во екери | |||||||||
Година | Зрнести плодови |
Зелени плодови |
Ливади и детелина |
Коноп | Сета земја што служи за земјоделство и сточарство |
||||
намалено (екери) |
намалено (екери) |
зголем. (екери) |
намалено (екери) |
зголем. (екери) |
намалено (екери) |
зголем. (екери) |
намалено (екери) |
зголем. (екери) |
|
1861 | 15,701 | 36,974 | — | 47,969 | — | — | 19,271 | 81,373 | — |
1862 | 72,734 | 74,785 | — | — | 6,623 | — | 2,055 | 138,841 | — |
1863 | 144,719 | 19,358 | — | — | 7,724 | — | 63,922 | 92,431 | — |
1864 | 122,437 | 2,317 | — | — | 47,486 | — | 87,761 | — | 10,493 |
1865 | 72,450 | — | 25,241 | — | 68,970 | 50,159 | — | 28,398 | — |
1861-65 | 428,041 | 108,193 | — | — | 82,834 | — | 122,8501 | 330,350 | — |
Во 1865 година под рубриката „ливади“ влегувале уште 127.470 екери, главно поради тоа што површината под рубриката „необработена пуста земја и торфни блатишта“ се смалила за 101.543 екери. Ако ја споредиме 1865 г. со 1864 г., тогаш смалувањето во зрнестите плодови ќе биде 246.657 квартери, од кои 48.999 пченица, 166.605 овес, 29.892 јачмен итн; намалувањето во компирите, иако површината насадена со нив во 1865 порасна, изнесуваше 446.398 тони итн. (Види таб. В).
Зголемување или смалување на површината обработена земја, на производот од екер и на вкупниот производ од 1865 во споредба со 1864. |
||||||||||||
Производ | Екери обработена земја |
Производ од екер |
Вкупен производ | |||||||||
1864 | 1865 | Зголемување или смалување, 1865 |
1864 | 1865 | Зголемување или смалување, 1865 |
1864 | 1865 | Зголемување или смалување, 1865 |
||||
Пченица | 276,483 | 266,989 | — | 9,494 | 13.3 центи | 13.0 | — | 0.3 | 875,782 квартери | 826,783 квартери | — | 48,999 квартери |
Овес | 1,814,886 | 1,745,228 | — | 69,658 | 12.1 центи | 12.3 | 0.2 | — | 7,826,332 квартери | 7,659,727 квартери | — | 166,605 квартери |
Јачмен | 172,700 | 177,102 | 4,402 | — | 15.9 центи | 14.9 | — | 1.0 | 761,909 квартери | 732,017 квартери | — | 29,892 квартери |
Фулхам-јачмен | 8,894 | 10,091 | 1,197 | — | 16.4 центи | 14.8 | — | 1.6 | 15,160 квартери | 13,989 квартери | — | 1,171 квартери |
'Рж | 8.5 центи | 10.4 | 1.9 | — | 12,680 квартери | 18,314 квартери | 5,684 квартери | — | ||||
Компир | 1,039,724 | 1,066,260 | 26,536 | — | 4.1 тони | 3.6 | — | 0.5 | 4,312,388 тони | 3,865,990 тони | — | 446,398 тони |
Репа | 337,355 | 334,212 | — | 3,143 | 10.3 тони | 9.9 | — | 0.4 | 3,467,659 тони | 3,301,683 тони | — | 165,976 тони |
Цвекло | 14,073 | 14,389 | 316 | — | 10.5 тони | 13.3 | 2.8 | — | 147,284 тони | 191,937 тони | 44,653 тони | — |
Зелки | 31,821 | 33,622 | 1,801 | — | 9.3 тони | 10.4 | 1.1 | — | 297,375 тони | 350,252 тони | 52,877 тони | — |
Коноп | 301,693 | 251,433 | — | 50,260 | 34.2 стони од 14 ф. | 25.2 | — | 9.0 | 64,506 стони | 39,561 стони | — | 24,945 стони |
Сено | 1,609,569 | 1,678,493 | 68,9241 | — | 1.6 тони | 1.8 | 0.2 | — | 2,607,153 тони | 3,068,707 тони | 461,554 тони | — |
Од движењето на населението и на земјоделското производство во Ирска ние ќе преминеме кон движењето во ќесињата на нејзините лендлордови, крупни закупници и индустриски капиталисти. Тоа се изразува во смалувањето и зголемувањето на данокот на доход. За разбирање на следнава табела Г треба да се забележи дека рубриката Д (профит со одземка на профитот од закупниците) го опфаќа и таканаречениот „професионален“ профит, т.е. доходите на адвокатите, лекарите итн., а рубриките С и Е, што не се овдека посебно изброени, ги опфаќаат доходите на службениците, офицерите, државните синекуристи, државните доверители итн.
Доходи што подлежат на данок во ф. ст.[184] | ||||||
1860 | 1861 | 1862 | 1863 | 1864 | 1865 | |
Рубрика А Земјишна рента |
13,893,829 | 13,003,554 | 13,398,938 | 13,494,091 | 13,470,700 | 13,801,616 |
Рубрика Б Закупнички профит |
2,765,387 | 2,773,644 | 2,937,899 | 2,938,923 | 2,930,874 | 2,946,072 |
Рубрика Д Индустриски итн. профит |
4,891,652 | 4,836,203 | 4,858,800 | 4,846,497 | 4,546,147 | 4,850,199 |
Сите рубрики од А до E |
22,962,885 | 22,998,394 | 23,597,574 | 23,658,631 | 23,236,298 | 23,930,340 |
Под рубриката Д зголемувањето на доходот изнесуваше од 1853 до 1864 средно годишно само 0,93, додека тоа во истиот период во Велика Британија изнесуваше 4,58. Следнава табела ја покажува расподелбата на профитот (со одземка на закупничкиот профит) за 1864 и 1865 година:
Рубрика Д. Доходи од профити (над 60 ф. ст.) во Ирска[185] |
||
1864 ф.ст. |
1865 ф.ст. |
|
Вкупен годишен доход од |
4,368,610 расподелено на 17,467 лица. |
4,669,979 расподелено на 18,081 лица. |
Годишен доход над 60 а под 100 ф.ст. |
238,726 расподелено на 5,015 лица. |
222,575 расподелено на 4,703 лица. |
Од вкупниот годишен доход |
1,979,066 расподелено на 11,321 лица. |
2,028,571 расподелено на 12,184 лица. |
Остаток од вкупниот годишен доход |
2,150,818 расподелено на 1,131 лица. |
2,418,833 расподелено на 1,194 лица. |
Од тоа | ||
1,073,906 расподелено на 1,010 лица. |
1,097,927 расподелено на 1,044 лица. |
|
1,076,912 расподелено на 121 лица. |
1,320,906 расподелено на 150 лица. |
|
430,535 расподелено на 95 лица. |
584,458 расподелено на 2 лица. |
|
646,377 расподелено на 26 |
736,448 расподелено на 28 |
|
262,819 расподелено на 3 |
274,528 расподелено на 3 |
Англија, земја со развиено капиталистичко производство и претежно индустриска, би загинала кога би ѝ се пуштила крв како на Ирска. Но Ирска е сега само една земјоделска околија на Англија, одделена од неа со широк воден канал, што ѝ лиферува жито, волна, добиток, индустриски и воени регрути.
Смалувањето на населението доведе до таа што многу земји останаа необработени, мошне се намали количеството на земјоделскиот производ,[186] и покрај раширената сточарска површина, во некои нејзини гранки настана апсолутно смалување, а во други настана напредок што одвај вреди да се спомене, и што е постојано прекинуван со чекори кон назад. Сепак, со смалувањето на масата на населението, земјишната рента и закупничкиот профит постојано растат, иако последниов не така како рентата. Причината е лесно разбирлива. Од една страна, со централизацијата на закупите и со претворањето на орната земја во пасишта, голем дел од целокупниот производ се претвори во вишок производ. Вишокот на производот растеше, иако целокупниот производ, од кој тој претставува една дропка, паѓаше. Од друга страна, паричната вредност на овој вишок производ растеше уште побргу отколку неговата маса поради покачувањето на цената на месото, волната итн. на англиските пазари во последниве 20, а особено во последниве 10 години.
Растурените средства за производство, што им служат на самите производители како средство за ангажирање на работа и како средства за живот, без да се оплодуваат со присоединување на туѓ труд, не се капитал исто така како што не е стока и производот потрошен од неговиот сопствен производител. Ако се смали со масата на населението и масата на средствата за производство применета во земјоделството, тогаш расте масата на капиталот применет во него, зашто еден дел од порано растурените средства за производство се претвори сега во капитал.
Целокупниот капитал во Ирска што е вложен надвор од земјоделството, во индустријата и трговијата, се акумулираше за време на последниве две децении полека и со постојани крупни колебања. Напротив, за толку побргу се развиваше концентрацијата на неговите индивидуални составни делови. Најпосле, колку и да беше незначителен неговиот апсолутен пораст, релативно, во споредба со стопениот број на населението, тој се зголеми.
Значи овдека, пред наши очи се развива во крупни размери еден процес каков што ортодоксната економија подобар и не може да бара за доказ на нејзината догма, според која бедата произлегува од апсолутната пренаселеност и дека рамнотежата пак се воспоставува со смалувањето на населението. Ова е сосем друг, поважен експеримент отколку чумата од 14 век, која малтузијанците толку ја прославија. Патем да спомнеме: Само по себе би било педантно-наивно да се применува на производствените односи и на соодветните односи на населението од 19-от век мерката од 14-от век, но оваа наивност притоа уште не гледа, дека, ако по онаа чума и по изретчувањето на населението кое ја следеше од онаа страна на каналот, во Англија дојде ослободувањето и збогатувањето на селското население, а пак од другата страна на Каналот, во Франција, чумата по стапалки ја следеше уште поголемо поробување и зголемување на бедата.[186a]
Во 1846 гладот уништи во Ирска над еден милион луѓе, но само бедни ѓаволи. На богатството на земјата тој не му донесе никаков гибел. Дваесетгодишното иселување што дојде по тоа и што уште постојано расте не ги смали едновремено со луѓето и нивните средства за производство, како што беше на пример во Триесетгодишната војна. Ирскиот гениј изнајде сосем нов метод волшебно да одвлече еден сиромав народ на илјади милји од сцената на неговата беда. Преселниците што се заселија во Соединетите Држави испраќаа секоја година дома парични суми, средства за патување на оние што останаа таму. Секоја група, што се иселуваше оваа година, следната година повлекуваше по себеси друга група. Не само што Ирска не плаќа ништо за иселувањето, туку тоа е една од најдоходните гранки на нејзините експортни зделки. Иселувањето, најпосле, е еден систематски процес што не прави само преодна празнина во народната маса, туку од неа секоја година ишмукува повеќе луѓе отколку што може прирастот да ги надомести, така што апсолутното ниво на населението од година на година спаѓа.[186б]
Какви беа последиците за преостанатите работници во Ирска, што беа ослободени од натискот на пренаселеноста? Еве какви: релативната пренаселеност денеска е исто така голема како и пред 1846, наемнината е исто така ниска, а маките на трудот пораснаа, мизеријата на село загрозува со нова криза. Причините се прости. Револуцијата во земјоделството врвеше рака за рака со иселувањето. Производството на релативната пренаселеност одеше побргу од апсолутното смалување на населението. Еден поглед на табелата С покажува дека претворањето на ораниците во пасишта во Ирска мора да дејствува уште поостро отколку во Англија. Овдека заедно со сточарството расте и културата на крмните треви, во Ирска таа се смалува. Додека големи маси понапред обработувани ораници лежат необработени или постојано се претвораат во пасишта, дотогаш голем дел од порано исползуваната пуста земја и торфените блатишта служат за проширување на сточарството. Ситните и средните закупници — овдека притоа ги сметам сите оние што не обработуваат над 100 екери — сѐ уште сочинуваат приближно 8/10 од вкупниот број.[186в] Конкуренцијата на капиталистички воденото земјоделство нив прогресивно ги истиснува и во сосем поинаков степен отколку порано и затоа ѝ лиферува од нив постојано нови регрути на класата наемни работници. Единствената крупна индустрија на Ирска, платнарската индустрија, бара сразмерно малку возрасни мажи и, воопшто му дава работа, и покрај нејзиното раширување по поскапувањето на памукот во 1861-66, само на еден сразмерно незначителен дел од населението. Како и секоја друга крупна индустрија, и таа со постојаните колебања во својата сопствена сфера постојано произведува релативна пренаселеност, дури и при апсолутниот пораст на човечката маса што ја апсорбира таа. Мизеријата на селското население им служи за пиедестал на огромните фабрики за кошули итн., чијашто работничка војска во поголемиот дел е расеана по селата. Овдека ние пак се среќаваме со порано опишаниот систем на домашната работа, кој во ниското плаќање и претepaниот труд има свое методско средство за создавање „прекубројни.“ Најпосле, иако смалувањето на населението нема така разорни последици како во некоја земја со развиено капиталистичко производство, сепак тоа не останува без постојана реакција на внатрешниот пазар. Празнината, што ја создава овдека иселувањето, не го стеснува само месното барање на труд, туку и приходите на ситните трговци, занаетчии и општо на ситните индустријалци. Оттука излегува смалувањето на дохадите меѓу 60 и 100 ф. ст. во табелата Е.
Положбата на селските надничари во Ирска доста проѕирно е изложена во извештаите на ирските инспектори при управите за бедни (1870).[186г] Чиновници на една влада што се држи само со помош на бајонетите, и де со отворена, де со прикриена воена положба, морале да ги запазуваат сите обѕири при изразите, на кои нивните колеги во Англија не се обѕираат; но покрај сѐ тоа тие не ѝ допуштаат на својата влада да се приспива со илузии. Според нив, сѐ уште сосем ниската норма на наемнината на село, во последниве 20 години сепак се покачила за 50-60% и сега изнесува средно 6-9 шилинзи неделно. Но под ова привидно повишување се крие еден вистински пад на наемнината, бидејќи повишувањето ни еднаш не се изедначило со повишувањето на цените на неопходните средства за живот што дошло меѓувремено; тоа го докажува следниов извод од една службена сметка на еден ирски работен дом:
Средни неделни трошоци за издршка на глава | |||
Година | Храна | Облекло | Вкупно |
од 29 септ. 1848 до 29 септ. 1849 | 1 ш. 3 1/4 п. | 3 п. | 1 ш. 6 1/4 п. |
од 29 септ. 1868 до 29 септ. 1869 | 2 ш. 7 1/4 п. | 6 п. | 3 ш. 1 1/4 п. |
Значи, цената на неопходните средства за живот е приближно двапати повисока, а цената на облеклото токму двапати поскапа отколку пред дваесет години.
Дури ако ја оставиме настрана оваа несразмера, самата споредба на нормата на наемнината изразена во пари сѐ уште ни оддалеку не дава верен резултат. Пред гладот, големата маса на земјоделските наемнини се плаќаше во натура, а во пари само еден малечок дел; денеска редовно се плаќа во пари. Веќе само од тоа произлегува дека, какво сакало било движењето на вистинската наемнина, нејзината парична норма мора да расте.
„Пред гладот, земјоделскиот надничар имаше една парче земја, на кое садеше компири, ранеше свињи и домашни птици. Денеска не само што тој мора да ги купува сите средства за живот, туку нему му се зедоа и приходите од продажбата на свињи, домашни птици и јајца“.[187]
Навистина, порано селските работници се слеваа со ситните закупници и сочинуваа најчесто само ариергарда на средните и крупните закупи каде што тие најдуваа работа. Дури по катастрофата од 1846 тие почнале да образуваат еден дел од класата на чистите наемни работници, еден посебен сталеж, кој е сврзан со својот наемен господар уште само со парични односи.
Ние веќе знаеме какви беа нивните живеалишни услови во 1846. Оттогаш тие уште се влошија. Еден дел од селските надничари, кој станува од ден на ден сеѐ помал, уште живее на земјата од закупникот, во преполнети колиби, чијашто одвратност далеку го надминува најлошото што ни го даваат во овој поглед англиските земјоделски околии. И тоа важи насекаде, со одземка на неколку места во Улстер: на југ во грофовствата Корк, Лимерик, Килкени итн., на исток во Уикло, Уоксфорд, итн.; во центарот на Ирска во Кингс и Кунс Каунти, Даблин итн.; на север во Даун, Антрим, Тирон; на запад во Сланго, Роскамон, Мадо, Галуан итн. „Тоа е срамота — извикна еден од инспекторите — за религијата и за цивилизацијата на оваа земја".[187а] За да им се направат на надничарите нивните дупки за живеење посносливи, систематски им се зема парчето земја што им припаѓа од памтивек.
„Свеста за овој вид внимание, што им се прави од земјопоседниците и од нивните управници, предизвика кај земјоделските надничари соодветно чувство на антагонизам и омраза спроти оние што ги третираат нив како бесправна раса“.[187б]
Првиот акт на револуцијата во земјоделството беше тоа што во огромен размер, и како по некој лозунг даден одозгора, се разрушија колибите што се најдуваа по работните полиња. Така многу работници беа присилени да побараат заштита по селата и градовите. Таму нив ги фрлаа како ѓубре во тавански сопчиња, во дупки, мудбаци и по тремовите на најлошите квартали. Илјадници ирски фамилии кои, дури и според тврдењата на Англичани опфатени со национални предрасуди, се одликуваа со својата ретка приврзаност кон домашното огниште, со својата безгранична веселост и со чистотата на домашниот морал, така се најдоа сега ненадејно пресадени во расадникот на порокот. Мажите сега мораа да бараат работа кај соседните закупи, што ги земаа под наем само за еден ден, значи во најнесигурната форма на наемнина; притоа
„тие сега треба да прават долг пат накај закупот и назад, често искиснати како глувци, а се изложени и на други незгоди, што често водат кон ослабување, болест и со тоа кон немаштија“.[187в]
„Градовите од година на година морале да примаат работници, што важеле како вишок во земјоделските околии“,[187г] и после уште се чудат „дека градовите и селата имаат вишок работници, а во полињата владее недостиг!“[187д] Вистина е тоа дека овој недостиг се сеќава само „во време на неодложни земјоделски работи, во пролет и есен, во другото време од годината остануваат многу раце без работа“,[187ѓ] дека „по жетвата, од октомври до кон пролет, за нив нема речиси никаква работа“,[187е] и дека тие во она време кога се на работа „често губат цели дни и се изложени во секаков вид прекини во работата“.[187ж]
Овие последици од револуцијата во земјоделството, т.е. претворањето на ораниците во пасишта, примената на машинеријата, најстрогото пестење на труд итн. — уште повеќе се заоструваат од страна на примерните земјопоседници, кои наместо да ја јадат својата рента во странство, се толку милостиви, да седат во Ирска на своите имоти. За да остане ненарушено дејството на законот за барање и предлагање, ја извлекуваат овие господа,
„сега скоро сета нивна потреба за труд од своите ситни закупници, кои се на тој начин присилени да 'ргаат за своите земјопоседници за општо пониска наемнина отколку дневницата на обичниот дневничар, и без секаков обѕир на незгодите и загубите што настануваат од тоа што, тие мораат во критичното време на сеидбата или жетвата да ги заоставаат своите сопствени ниви“.[187з]
Несигурноста и нередовноста во работата, често повторуваните и долготрајните прекини во работата, т.е. сиве овие симптоми на една релативна пренаселеност фигурираат во извештаите на инспекторите на управата за бедни како исто толку тешки за ирскиот земјоделски пролетаријат најдовме слични појави. Но разликата е во тоа што во Англија, во една индустриска земја, индустриската резерва се perpyтува во селата, додека во Ирска, во една земјоделска земја, земјоделската резерва се регрутира во градовите, во прибежиштата на истераните земјоделски работници. Таму прекубројните во земјоделството се претвораат во фабрички работници; во Ирска тие се изгонети во градовите, и додека таму вршат едновремено натиск на градските наемнини, сепак си остануваат земјоделски работници и постојано се враќаат назад во селото за да бараат работа.
Службените автори на извештаите ја резимираат материјалната положба на земјоделските надничари вака:
„Иако тие живеат донекаде скромно, сепак нивната наемнина одвај им стасува да добијат храна и живеалиште за себе и за своите фамилии; за облекло ним им требаат други приходи... Атмосферата во нивните живеалишта заедно со другите лишувања, ја изложуваат оваа класа многу често на тифусот и на офтиката“.[187ѕ]
По тоа не е никакво чудо, според едногласното искажување на авторите на извештаите, дека редовите на оваа класа ги зафаќа мрачно незадоволство; дека таа сака да се врати минатото, се гнаси од сегашното, се сомнева во иднината „се подава на пакосното влијание на демагозите“, и има само една фикс-идеја да се исели во Америка. Тоа е онаа земја каде што тече мед и млеко, во која е претворен зелениот Ерин,[11*] со смалувањето на населението, со тоа големо малтусијанско средство за сѐ.
Еден пример јасно ќе ни покаже каков угоден живот водат дури и квалификуваните мануфактурни ирски работници:
„При мојата неодамнешна инспекција во северна Ирска, — вели англискиот фабрички инспектор Роберт Бејкер, — мене ме поразија усилбитe на еден квалифициран ирски работник за да им создаде воспитание на своите деца од своите многу скудни средства. Јас буквално ја предавам неговата изјава како што ја чув од неговата уста. Дека е тој една искусна фабричка рака, се докажува со тоа, ако кажам дека нему му се дава да изработува артикли за манчестерскиот пазар. Џонсон: јас сум beetler [чукач со пиралка] и работам од 6 часот наутро до 11 часот навечер од понеделник до петок; во сабота завршуваме во 6 часот навечер и имаме 3 часа за јадење и починка. Јас имам 5 деца. За овој труд добивам 10 шил. и 6 пен. неделно, мојата жена исто работи и заработува 5 шил. неделно. Најстарото девојче, дванаесетгодишно, ја гледа куќата. Таа ни е готвачка и единствена помошница. Таа ги подготвува децата за училиште. Жена ми станува заедно со мене и излегува со мене. Една девојка, што врви покрај нашата куќа ме разбудува во 5 и пол часот наутро. Ние не јадеме пред да одиме на работа. Дванаесетгодишното дете се грижи през денот за малечките. Ние појадуваме во 8 и за тоа одиме дома. Еднаш во неделата пиеме чај; инаку ние јадеме некоја каша (stirabout) напати од овесно брашно, напати од царевно, според тоа што сме можеле да добавиме. Зиме тураме малку шеќер и вода во царевното брашно. Лете вадиме неколку компири, што ги садиме сами на едно парче земја, и кога ќе се свршат, се враќаме назад кон кашата. Така врви ден и ден, во празник и во работни дни, преку целата година. По завршената дневна работа јас секојпат сум вечерта мошне уморен. Едно парче месо можеме да видиме како исклучок, сосем ретко. Три од нашите деца одат на училиште, за што ние плаќаме 1 пенс по глава неделно. Киријата на куќата ни е 9 пенси неделно, за торф и отопление нѐ фаќа најмалку 1 шил. и 6 пeнси за четиринаесет дена“.[188]
Тоа се ирските наемнини, тоа е ирскиот живот!
Навистина, мизеријата во Ирска пак е тема на денот во Англија. При крајот на 1866 и во почетокот на 1867 еден од ирските земјишни магнати, лорд Даферин, се зафати да го реши во „Тајмс“ проблемот. „Каква човечност од таков голем господин!“[12*]
Од табелата Е ние видовме дека во 1864 од 4.368.610 ф. ст. од вкупниот профит тројца профитери добиле 262.610 ф. ст., истите тројца виртуози на „одрекувањето“ во 1865 г. од 4.669.979 ф. ст. од целокупниот профит си клале во џебот, напротив, 274.448 ф. ст., во 1864 г.: 26 профитери добиле 646.377 ф. ст., во 1865 г.: 28 профитери 736.448 ф. ст., во 1864 г.: 121 профитер 1.066.912 ф. ст., во 1865 г.: 186 профитери 1.320.996 ф. ст., во 1864 г.: 1.131 профитер 2.150.818 ф. ст., приближно половината од целокупниот годишен профит, во 1865 г.: 1.194 профитери 2.418.933 ф. ст., повеќе од половината од целокупниот годишен профит. Но лавовскиот дел од годишната национална рента што го голтнува еден сѐ помал број земјишни магнати во Англија, Шкотска и Ирска е толку грамаден, што англиската државна мудрост најдува дека е на место за расподелбата на земјишната рента да не дава ист статистички материјал како за расподелбата на профитот. Лорд Даферин е еден од овие земјишни магнати. Претпоставката дека рентата и профитот некогаш би можеле да бидат „прекубројни“, или дека нивното изобилство би можело да стои во каква било врска со изобилството на народната мизерија, се разбира, тоа е една замисла што е толку „неприлична“ („irrespectable“) колку и „нездрава“ („unsound“). Тој се држи за факти. Факт е дека колку се смалува бројот на ирското население, толку ирските ренти растат, оти смалувањето на населението е „благопријатно“ за земјишните сопственици, значи и за земјата, според тоа и за народот, кој е само придаток на земјата. Така тој објавува дека е Ирска сѐ уште пренаселена и дека реката од преселници тече сѐ уште многу полека. За да биде сосем среќна, Ирска мора да отстрани најмалку уште 1/3 милион работни луѓе. Нека не се мисли дека овој, покрај другото уште и поетичен лорд, е некој лекар од школата на Санградо, што, сѐ додека не ќе забележел кај болниот оти не му е подобро, секогаш му препишувал пуштање крв, сѐ додека пациентот не ќе ја изгубел заедно со крвта и болеста. Лорд Даферин бара една ново пуштање крв само на 1/3 милион луѓе, наместо на приближно 2 милиона, без кое навистина не може да се заведе во Ерин блаженото илјадагодишно царство. Доказ за тоа може лесно да се даде.
Бројот и големината на закупите во Ирска во 1864 г. | ||
Број | Екери | |
(1) Закуп до 1 екер. | 48,653 | 25,394 |
(2) Закуп над 1 до 5 екери. | 82,037 | 288,916 |
(3) Закуп над 5 до 15 екери. | 176,368 | 1,836,310 |
(4) Закуп над 15 до 30 екери. | 136,578 | 3,051,343 |
(5) Закуп над 30 до 50 екери. | 71,961 | 2,906,274 |
(6) Закуп над 50 до 100 екери. | 54,247 | 3,983,880 |
(7) Закуп над 100 екери. | 31,927 | 8,227,807 |
(8) Вкупна површина[188а] | — | 26,319,924 |
Централизацијата од 1851 до 1861 ги уништила главно закупите од првите три категории, под 1 а не над 15 екери. Тие мораат пред сѐ да исчезнат. Тоа дава 307.058 „прекубројни“ закупници, а фамилиите, ако ги сметаме по најнискиот среден број од 4 глави, прави сѐ заедно 1.228.232 лица. Под неверојатната претпоставка дека 1/4 од нив по завршената земјоделска револуција пак ќе бидат апсорбирани, останува за иселување: 921.174 лица. Категориите 4, 5, 6, од преку 15, а не над 100 екери, како што се знае веќе одамна во Англија, се мошне премали за капиталистичкото производство на жито, а за овчарство се скоро незначителни големини. Под истите претпоставки како и погоре останува значи потака за иселување 788.761 лица, вкупно: 1.709.532. А, соmmе l’appétit vient en mangeant [бидејќи апетитот иде заедно со јадењето], очите на земјопоседниците скоро ќе откријат дека Ирска со 3 1/2 милиони сѐ уште е во мизерија, а во мизерија е затоа оти е пренаселена, значи проретчувањето на нејзиното население мора да оди уште многу потака, за да може таа со тоа да ја исполни својата вистинска мисија — да стане англиско пасиште за овци и добиток.[188б]
Овој доходен метод има, како и секое добро на овој свет, и своја лоша страна. Напоредно со акумулацијата на земјишната рента во Ирска оди и акумулацијата на Ирска во Америка. Ирецот, кого го отстранија овците и биковите, воскреснува од другата страна на океанот како Фениер.[13*] И против старата кралица на морето се крева сѐ пострашна и пострашна младата исполинска република.
Acerba fata Romanos agunt
Scelusque fraternae necis.
[Сурова судбина и злокобно братоубиство ги прогонува Римјаните — Хорациј]
Фусноти
[70] Karl Marx: „Lohnarbeit und Kapital.“ „При еднаков степен на угнетување на масите, некоја земја е толку побогата колку што има повеќе пролетери.“ (Colins, “L’Economie Politique. Source des Révolutions et des Utopies, prétendues Socialistes.” Paris 1857, том III, стр. 331.) Под „пролетер“ во економска смисла треба да се разбере исклучиво наемниот работник што го произведува „капиталот“ и што го оплодува и кој се фрла на улица штом ќе стане излишен за оплодување на „Господин Капиталот“, како што ја нарече Пекер оваа персона. „Болежливиот пролетер од првобитните шуми“ е само една мила фантазија на Рошер. Жителот на првобитната шума е сопственикот на првобитната шума и постапува со неа како со своја сопственост, наполно исто така без женирање како и орангутанот. Значи тој и не е пролетер. Тој би бил пролетер самo во тој случај, кога првобитната шума би го експлоатирала наместо тој неа. Што се однесува за неговата здравствена состојба, таа би издржала споредување, не само со модерниот пролетер туку и со сифилистичниот и шкрофулозниот „пoчитуван господин.“ Но можеби веројатно г. Вилхелм Рошер под првобитна шума ја разбира својата татковина Линебуршкото Пустополе (Heide).
[71] „As the labourers make men rich, so the more labourers there will be, the more rich men ... the labour of the poor being the mines of the rich.” (John Sellers: „Proposal for raising etc.,“ стр. 2.)
[72] В. de Mandeville: „The Fable of the Bees“, 5. изд., London 1728, Remaгks, стр. 212, 213, 328. „Умерен живот и постојан труд се патот за сиромавиот кон материјална среќа” (под тоа авторот разбира колку што се може подолг работен ден и колку што се може помалку средства за живот), „а за државата пат кон богатството“ (имено за земјопоседниците, капиталистите и нивните политички достоинственици и агенти). („An Еѕѕау on Trade and Commerce”. London 1770, стр. 54.)
[73] Идн требаше да праша чија творба се „граѓанските институции“? Од гледна точка на правните илузии тој не го гледа законот како производ на материјалните односи на производството, туку обратно, односите на производството ги гледа како производ на законот. Само со овие неколку зборови: „L’esprit des lois, c’est la propriété” [духот на законот — тоа е сопственоста] Линге го сруши Монтескиовиот илузорен „Esprit des Lois“ [дух на законот].
[74] Eden: „The State of the Poor etc.,“ том I, кн. 1, гл. 1, стр. 1, 2 и предговорот стр. ХX.
[75] Кога би сакал читателот да се потсети за Малтуса, чиј „Еѕѕау on Population“ излезе 1798 г., тогаш јас ќе потсетам дека оваа книга во нејзината прва форма не е ништо друго туку еден ученички површно и попски издекламиран плагијат на Де Фоа, Сер Џемс Стјуарт, Таунзенд, Франклин, Волес итн. и дека во него нема ни една единствена оригинална поставка.
Големата сензација што ја предизвика овој памфлет, произлегуваше исклучиво од партиски интереси. Француската револуција беше нашла во британското кралство страсни бранители; „принципот на населението“, кој пополека се беше изработил во 18 век, а после, според една голема социјална криза беше објавен под екот на труби и барабани како непогрешлив противотров против теориите на Кондорсе и други, беше воодушевено поздравен од англиската олигархија како голем истребувач на сите стремежи за натамошен човечки развиток. Малтус, прекумерно зачуден од својот успех, се предаде тогаш на тоа да ја пополни старата шема со згора-згора насобран материјал и нов да придодаде, но не откриен од Малтуса, туку само присвоен од други. — Патем да забележиме, иако Малтус беше поп на англиската црква, сепак тој го положил монашкиот завет за неженство. Тоа е имено еден од условите за „fellowship“ [членство] на протестантскиот универзитет во Кембриџ. „Ние не дозволуваме оженети луѓе да бидат членови на колегиумот. Напротив, штом некој ќе се ожени, со самото тоа престанува да биде член." (Reports of Cambridge University Commission, стр. 172.)
Оваа околност со предност го разликува Малтуса од другите протестантски попови, кои ја отфрлиле од себеси католичката наредба за неженство и ја усвоиле во таква мера заповедта „Бидете плодни и множете се“, како да е нивна специфична библиска мисија, што тие насекаде, во навистина неприлична мера, придонесуваат за размножувањето на населението, додека тие едновремено им го проповедаат на работниците „принципот на населението.“ Карактеристично е, дека економската пародија на првиот грев, Адамовото јаболко, „urgent appetite“ [силниот апетит], „the checks which tend to blunt the shafts of Cupid“ [пречка која се стреми да ги притапи купидоновите стрели], како весело вели поп Таунзенд, дека оваа скокотлива точка беше монополизирана и сега ја монополизираат господата од протестантската теологија, или подобро речено, од црквата. Со одземка на венецијанскиот монах Ортес, еден оригинален и остроумен писател, повеќето проповедници на теоријата на населението се протестантски попови. Таков е Брухнер — види: “Théorie du Système animal,” Leyde 1767, за кого целата модерна теорија за населението е исцрпена и за која сите идеи ги дал бргу заминатиот спор меѓу Кенеј и неговиот ученик, Мирабо-таткото за истата тема; потака попот Волес, попот Таунзенд, попот Малтус и неговиот ученик архипопот Т. Чалмерз, а и да не зборуваме за поситните поповски драскачи in this line [од овој правец]. Со политичката економија отпрво се занимаваа филозофи како Хобс, Лок, Хјум; трговски свет и државници, како Тома Марус, Темпл, Сили, Де Вит, Нарт, Лo, Вандерлинт, Кантијон, Франклин, а теориски и со голем успех особено лекарите како: Пети, Барбон, Мандевил, Кенеј. Уште во средината на 18 век пречесниот г. Такер, еден виден економист за своето време, се извинуваше дека се занимава со Мамон. Подоцна удри часот и за протестантските попови, и тоа со „принципот за населението“. Токму како да ја беше претчувствувал појавата на овие лоши мајстори, Пети, кој во населението гледаше темел на богатството, и кој, како и А. Смит, беше заколнат непријател на поповите, вели: „Религијата најдобро цвета таму каде што поповите најмногу се одрекуваат од земските уживања, а правото таму каде што адвокатите умираат од глад.“ Поради тоа тој им советува на протестантските попови, кога веќе не го следат апостолот Павле и кога нејќат да се „умртвуваат“ со неженство, „тогаш барем да не прават повеќе попови („not to breed more Churchmen“) отколку што можат да ги апсорбираат постојните пребенди („benefices“); т.е. ако има во Англија и Велс само 12.000 пребенди, неразумно е да се направат 24.000 попови („it will not be safe to breed 24.000 ministers“), оти ненаместените 12.000 постојано ќе се обидуваат да добијат некоја издршка, и како ќе можат тие тоа полесно да го постигнат, освен да појдат меѓу народот и да му растолкуваат, оти оние 12.000 што имаат пребенда му ја трујат душата, оти им ги изгладнуваат истите души, или им покажуваат лоши патишта да не дојдат до небо? (Petty: „A Treatise of Taxes and Contributions”. London 1667, стр. 57.) За односот на Адам Смит спрема протестантската поповштина во тоа време е карактеристично следново. Во “A Letter to A. Smith, L.L.D. On the Life, Death, and Philosophy of his Friend, David Hume. By one of the People called Christians,” 4 изд., Oxford 1784, Др. Хорн, англиски бискуп од Норвич, му држи на А. Смит проповед за тоа дека тој во едно отворено писмо до г. Стрехен „го балсамира својот пријател Давид" (т.е. Хјума), дека ѝ раскажува на публиката, оти „Хјум на неговата мртовечка постела се занимавал со Лукијан и Вист“, и дури имал дрскост да напише: „Јас секогаш го сметав Хјума, како во време на неговиот живот така и по неговата смрт, за човек толку близок кон совршениот идеал на мудар и добродетелен човек, колку што тоа допушта човечката слабост.“ Бискупот јадосано извикнува: „Зар е убаво од Вас, господине, да ни ги претставувате како сосем мудар и добродетелен карактерот и обноските на еден човек што беше исполнет со неизлечива одвратност кон сѐ што се вика религија, и кој го напрегнуваше секој нерв за да го избрише, до калку му беше во сила, дури и нејзиното име од умот на луѓето?“ (Исто, стр. 8.) „Но не губете дух, љубители на вистината, на атеизмот му е кус векот.“ (Исто, стр. 17.) Адам Смит е толку „гнасно нечесен“ („the atrocious wickеdneѕs“), што низ земјата го проповедува атеизмот (имено со неговата „Theory of moral sentiments“) ... Ние ги знаеме вашите итроштини, г. дактаре? Вие добро мислите, но овој пат правите сметка без крчмарот. На примерот од благородниот Давид Хјум вие сакате да нѐ измамите дека атеизмот е единствената поткрепа („cordial“) за некој паднат дух и единствениот лек против стравот од смртта... Само се смеете над урнатините на Вавилон и му честитате на закоравениот злосторник фараон!“ (Исто, стр. 21, 22.) Една правоверна глава, која ги посетувала предавањата на А. Смит, пишуваше по Смитовата смрт: „Пријателството со Хјум му попречи на Смит да биде добар христијанин ... Тој на зборот од Хјум сѐ му веруваше. Ако му речеше Хјум оти месечината е зелено сирење, и тоа ќе му поверуваше. Затоа тој му веруваше и тоа дека нема бог и чуда... Во своите политички принципи тој се доближуваше кон републиканизмот“. (“The Bee.” by James Anderson. 18 книги. Edinburgh 1791-93, том III, стр. 164, 165.) Попот Т. Чалмерз го подозрева А. Смит дека категоријата за „непроизводните работници ја измислил од чиста злоба баш за протестантските попови, и покрај нивниот благословен труд во лозјата господови.
[76] Белешка кон второто издание. — „Сепак границата на ангажирање на работа на индустриските, како ина земјоделските работници е истата: имено, возможноста за претприемачот да извади некој профит од производот на нивниот труд... Ако се качи нивото на наемнината толку високо што добивката нa мајсторот да падне под средниот профит, тогаш тој престанува да ги зема на работа или ги зема на работа само под услов да допуштат снижување на наемнината.“ (John Wade: „History of the Middle and Working Classes“, стр. 241.)
[77] Спореди К. Маркс: „Zur Kritik etc.,“ cтp. 166 и потака.
[77а] „Но ако се вратиме сега назад на нашето прво испитување, каде што е докажано... дека и капиталот е производ на човечкиот труд... тогаш изгледа сосем несфатлива дека човекот можел да допадне под власта на својот сопствен производ — капиталот — и нему да му се потчини; но бидејќи во дејствителноста сепак е токму така, тогаш и неволно се наметнува прашањето: како можеше работникот од господар над капиталот — како творец на капиталот — да стане роб на капиталот?“ (Von Thünen, “Der isolierte Staat”. Zweiter Teil, Zweite Abteilung. Rostock 1863, стр. 5, 6.) Заслугата на Тинен е во тоа што го поставил прашањето. Одговорот што го даде тој е просто детински.
[77б] (Кон четвртото издание. — Најновите англиски и американски „трустови“ веќе се стремат кон оваа цел, со тоа што се обидуваат барем сите крупни претпријатија на една индустриска гранка да ги соединат во едно големо акционерско друштво со практичен монопол. — Ф.Е.)
[77в] Белешка кон третото издание. — Во Марксовиот рачен егземплар на ова место отстрана на празното поле ја има следнава забелешка: „За попослежното излагање овдека треба да се забележи: ако е раширувањето само квантитативно, тогаш при поголемиот и при помалиот капитал во истата производна гранка профитот се однесува како големините на авансираните капитали. Ако квантитативното раширување дејствува квалитативно, тогаш едновремено расте и нормата на профитот за зголемениот капитал.“
[78] Пописот во Англија и Велс меѓу другото покажува:
Сите лица што се занимаваат со земјоделство (сопственици, закупници, градинари, овчари итн.) се: 1851: 2.011.447, 1861: 1.924.110, намаление 87.337; worsted manufacture [ткајачници на влачена волна] 1851: 102.714 лица, 1861: 79.242; копринени фабрики: 1851: 111.940, 1861: 101.678; печатари на катуни: 1851: 12.098, 1861: 12.556, незначителниот пораст и покрај огромното проширување на производството, значи голем сразмерен пад на бројот на работниците во работа. Шапкари: 1851: 15.957, 181: 13.814; работници на сламени и женски шапки: 1851: 20.393, 1861: 18.176; изработувачи на слад: 1851: 10.566, 1861: 10.677; свеќари: 1851: 4.949, 1861: 4.686. Ова смалување, меѓу другото, се должи и на ширењето на гасното осветление. Чешлари: 1851: 2.038, 1861: 1.478; пилари на дрва: 1851: 30.552, 1861: 31.647, мал пораст поради раширувањето на машините за сечење дрва. Изработувачи на градежни клинци: 1851: 26.940, 1961: 26.130, спаднување поради конкуренцијата на машините; работници во рудниците за калај и бакар: 1851: 31.360, 1861: 32.041. Напротив предачниците на памук и ткајачниците: 1851: 371.777, 1861: 456.646; рудници за јаглен: 1851: 183.389, 1861: 246.613. „Бројот на работниците по 1851 се зголеми главно во оние гранки, во кои машинеријата досега уште не беше применувана со успех.“ („Census of England and Wales for 1861," том III, London 1863, стр. [35] 36 [37 итн.].)
[79] Законот за прогресивното смалување на релативната големина на променливиот капитал, со неговото дејство врз положбата на класата наемни работници, е повеќе насетен отколку сфатен од неколку одлични економисти на класичната школа. Најголемата заслуга во овој однос му припаѓа на Џон Бартон, иако и тој како и сите други го меша постојаниот капитал со основниот, променливиот со обртниот. Тој вели: „Барањето труд зависи од зголемувањето на обртниот, a не на основниот капитал. Кога би било точно дека сразмерата меѓу овие два вида капитал е еднаква во сите времиња и во сите земји, тогаш тоа всушност би значело дека бројот на работниците што се на работа стои сразмерно со богатството на државата. Но ваква претпоставка не изгледа многу веројатна. Колку повеќе се развиваат техничките искуства и се шири цивилизацијата, толку повеќе основниот капитал претегнува над обртниот. Сумата на основниот капитал што се употребува за производство на едно парче од британскиот муслин најмалку е стопати, а можеби илјада пати поголeма од основниот капитал што се употребува за изработка на слично парче од индискиот муслин. А обртниот капитал сразмерно е стопати или илјада пати помал. Кога би му се придала на основниот капитал цeлaтa сума од годишните заштеди, тогаш таа не би имала никакво влијание врз барањето за труд.“ (John Barton: “Observations on the Circumstances which Influence the Condition of the Labouring Classes of Society.” London 1817, стр. 16, 17.) „Истата причина што може да го зголеми чистиот доход на земјата, во истото време може да го направи населението излишно и да ја влоши положбата на работниците.“ (Ricardo: „Principles etc.“, стр. 469). Со зголемувањето на капиталот „барањето“ (за труд) „сразмерно ќе се намалува.“ (Исто, стр. 480, забелешка). „Сумата на капиталот што е предназначена за одржување на трудот може да го изменува независно од секое колебање на целокупната сума на капиталот... додека самиот капитал станува сѐ поизобилен, големите колебања во размерот на вработувањето и големата беда можат да станат сѐ почести.“ (Richard Jones: “An Introductory Lecture on Political Economy“. London 1833, стр. 13.) „Барањето (за труд) нема да порасне ... сразмерно со акумулацијата на општиот капитал... Поради тоа секое зголемување на националниот капитал што е определен за препроизводство ќе има во текот на општествениот напредок сѐ помалку влијание врз положбата на работниците.“ (G. Ramsay: „An Essay on the Distribution of Wealth“, стр. 90, 91.)
[80] H. Merivale. “Lectures on Colonisation and Colonies”. London 1841 и 1842, св. I, стр. 146.
[81] Malthus: „Principles etc.,“ стр. 254, 319, 320. Најпосле Малтус во ова дело го открива, со помошта на Сисмонди, прекрасното тројство на капиталистичкото производство: претерано производство — пренаселеност — претерана потрошувачка, three very delicate monsters, indeed [навистина три најделикатни чудовишта]! Спореди со F. Engels: “Umrisse zu einer Kritik der Nationalökonomie,” стр. 107 и натаму.
[82] Harriet Martineau: „The Manchester Strikе,“ 1842, стр. 101.
[83] Дури и во време на памучната криза од 1863 ние најдуваме во еден памфлет на памучните предачи од Блекберн слични жалби против претераниот труд, кој поради фабричкиот закон природно падна само на возрасните машки работници. „Од возрасните работници во оваа фабрика е барано да работат по дванаесет и тринаесет часа дневно, додека стотина работници се присилени на безработица, иако се готови да работат за половина од времето само да ги додржат своите фамилии и да ги спасат своите другари од прерана смрт поради претераниот труд“. „Ние би сакале“, се вели натаму, „да прашаме дали оваа практика на прекувремена работа овозможува некои какви и да се сносни односи меѓу фабрикантите и слугите? Жртвите на претераниот труд го сеќаваат злото исто така мошне добро како и оние што се со него осудени на присилно безделничење („condemned to forced idleness“). Кога би била работата праведно расподелена, во нашата околија би имало доста работа за да влезат сите, за да бидат сите делумно земени на работа. Ние го бараме само правото кога бараме од фабрикантите насекаде да се работи само кусо време, барем додека трае сегашнава положба, наместо еден дел да работи претерано, додека другиот е присилен поради немање работа, да го влече своето суштествување од милостиња.“ (RIF, за 31 октомври 1863, стр. 8.) — Влијанието на една релативна пренаселеност врз работниците што имаат работа го сфати со својот обично непогрешлив буржоаски инстинкт авторот на книгата „Еѕѕау on Trade and Commerce.“ „Една друга причина за безделничењето („idleness“) во ова кралство е немањето работни раце во достатен број. Секогаш кога масата на трудот ќе стане недостатна поради какво била необично барање на фабрикати, ја сеќаваат работниците својата сопствена важност и сакаат да ја сетат неа и нивните господари; тоа е чудно; но овие типови толку се расипани, што во такви случаи групи од такви работници се согласуваат еден цел ден да безделничат, за да ги доведат со тоа во незгода своите мајстори.“ („Еѕѕау on Trade and Commerce.“ London 1770, стр. 27, 28.) Типовите барале, имено, повишување на наемнините.
[84] „Economist,” 21 јануари 1860.
[85] Додека во второто полугодие од 1866 во Лондон биле исфрлени од работа 80.000 до 90.000 работници, дотогаш во фабричкиот извештај за истото полугодие се вели: „Не изгледа оти е coceм точно дека барањето создава предлагање баш во моментот кога е потребно. Во однос на трудот тоа не беше случај зашто во минатата година многу машини мораа да стојат поради скудноста во раце. (RIF, за 31 октомври 1866, стр. 81.)
[85а] Говорот што го одржа при отворањето на здравствената конференција во Бирмингам на 15 јануари 1875 Џ. Чемберлен, тогашен претседател на општината, а сега (1883) министер на трговијата.
[86] Во пописот од 1861 за Англија и Велс се изброени „781 градови со 10.960.998 жители, додека во селата и селските парохии се изброени само 9.105.226... Во 1851 во пописот фигурираa 580 градови чие население приближно беше еднакво со населението од земјоделските околии околу нив. Но додека во последниве населението порасна во текот на следниве 10 години само за половина милион, дотогаш тоа порасна во 580 градови за 1,554.067. Прирастот на населението во селските парохии изнесува 6,5%, а во градовите 17,3%. Разликата во нормата на порастот се должи на преселувањето од село во градот. Три четвртини од целокупниот пораст на населението паѓа на градовите.“ („Census etc.,“ том III, стр. 11, 12.)
[87] „Изгледа оти сиромаштијата благопријатно дејствува врз расплодувањето.“ (А. Смит) [„Wealth of Nations“, кн. I, гл. 8. Изд. Wekеfield, том I, стр. 195.] Тоа е, според галантниот и остроумниот опат Галијани, дури особено мудро наредено од бога: „Господ така наредил луѓето, што исполнуваат најполезни работи, да се раѓаат во голем број. (Galiani: „Della Moneta“, стр. 78.) „Мизеријата, и да оди до своите крајни граници, до гладот и епидемијата, не го спречува порастот на населението, туку побргу има тенденција да го умножи.“ (S. Laing: „National Distress etc.“, 1844, стр. 69.) Откако го илустрира ова статистички. Ленг продолжува: „Кога би бил целиот свет во благопријатни услови, бргу би ги снемало луѓето од земјата.“ (“If the people were all in easy circumstances, the world would soon be depopulated.”)
[88] „Од ден на ден станува сѐ појасно дека односите на производството, во кои се движи буржоазијата, немаат единствен и едноставен, ами двојствен карактер; што во истите односи во кои се произведува богатството се произведува и бедата, што во истите односи во кои се развиваат производните сили, се развива и една угнетувачка сила; што тие односи го создаваат буржоаското богатство, т.е. богатството на буржоаската маса, уништувајќи го заедно со тоа непрекинато богатство на одделните членови од таа класа и создавајќи постојано сѐ поголем пролетаријат.“ (Каrl Маrх: „Misère de la Philosophie,” стр. 116.)
[89] G. Ortes: „Della Economia Nazionale libri sei 1777“, во Кустодија, Parte Moderna, том XXI, стр. 6, 9, 22, 25 итн. На истото место, стр. 32, Ортес вели: „Наместо да нафрлувам неполезни системи за усреќување на народите, ќе се ограничам на тоа да ги испитам причините на нивната несреќа.“
[90] “A Dissertation on the Poor Laws. By a Well-wisher of Mankind. (The Rev. J. Townsend) 1786, republished London 1817,” стр. 15, 39, 41. Овој „деликатен“ поп, од чија штотуку цитирана книга, како и од неговите патувања низ Шпанија, Малтус често препишува цели страници, го зајмил најголемиот дел од своите доктрини од Сер Џ. Стјуарт, кои тој сепак ги искривил. На пр. ако Стјуарт вели: „Овде, во ропството, суштествува еден насилнички метод за да ги присилува луѓето на труд (за неработниците) ... Луѓето тогаш ги присилуваа на труд „(т.е. бесплатен труд за други), зашто беа робови на други, луѓето сега се присилуваат на труд „(т.е. на бесплатен труд за други), зашто се тие робови на своите сопствени нужди,“ — но тој од тоа не извлекува заклучок, како згоениот поп, дека наемните работници треба постојано да се држат гладни. Напротив, тој сака да ги зголеми нивните потреби, и постојаното зголемување на бројот на нивните потреби да ги поттикнува на труд за „поделикатните“.
[91] Storch: "Cours d'Economie etc.”, том III, стр. 223.
[92] Sismondi: "Nouveaux Principes ets“, тoм I, стр. [78], 79, 80 [81], 85.
[93] Destutt de Tracy: „Traité de la Volonté etc.,” стр. 231.
[94] „Tenth Report of the Commissioners of H. M's Inland Revenue.“ London 1866, стр. 38.
[95] Исто.
[96] Овие броеви се достатни за споредување, но земени кака апсолутни, тие не се верни, поради тоа што секоја година се „премолчуваат“ можеби 100 милиони ф. ст. од доходот. Жалбите на членовите на комисијата „of inland rеvеnuе” [за внатрешен даночен облог], на систематските измами, особено од страна на трговците и индустријалците, се повторуваат во секој нивни извештај. На пр., во еден се вели: „Едно акционерско друштво го определило својот профит што подлежи на облог на сума од 6.000 ф. ст.; ценачот ја определил оваа сума на 88.000 ф. ст. и најпосле данокот беше платен на оваа сума. Една друга компанија даде сума од 190.000 ф. ст., но таа беше присилена да признае дека вистинската сума изнесува 250.000 ф. ст.“ (Исто стр. 42.)
[97] „Census etc.,“ том III, стр. 29. Тврдењето на Џон Брајт дека 150 земјопоседници се сопственици на половината англиска земја, а 12 од нив на половината шкотска земја досега не е демантирано.
[98] „Fourth Report etc., of Inland Revenue.“ London 1860, стр. 17.
[99] Овие се чистите приходи, значи по извесни одбитоци што се допуштаат законски.
[100] Во овој момент, март 1867, индиско-кинескиот пазар веќе пак е сосем преполнет со пратки од стока од британската памучна индустрија. Но 1866 почна снижување на наемнините на памучните работници за 5%, во 1867 поради слична операција избувна штрајк на 20.000 работници во Престон. (Тоа беше предиграта на кризата, што избувна веднаш потоа — Ф. Е.)
[101] „Census etc.,“ том III, стр. 11.
[102] Гледстон во Долниот дом, на 13 февруари 1843. “It is one of the most melancholy features in the social state of this country that we see, beyond the possibility of denial, that while there is at this moment a decrease in the consuming powers of the people, an increase of the pressure of privations and distress; there is at the same time a constant accumulation of wealth in the upper classes, an increase of the luxuriousness of their habits, and of their means of enjoyment.” („Times“ од 14 февруари 1843. – Hansard, од 13 февруари.)
[103] “From 1842 to 1852 the taxable income of the country increased by 6 per cent.... In the 8 years from 1853 to 1861 it had increased from the basis taken in 1853 by 20 per cent.! The fact is so astonishing as to be almost incredible ... this intoxicating augmentation of wealth and power ... entirely confined to classes of property ... must be of indirect benefit to the labouring population, because it cheapens the commodities of general consumption. While the rich have been growing richer, the poor have been growing less poor. At any rate, whether the extremes of poverty are less, I do not presume to say.” Гледстон во Долниот дом, 16 април 1863. „Morning Star“, 17 април.
[104] Види ги официјалните податоци во Сината книга: „Miscellaneous Statistics of the United Kingdom. Дел VI. London 1866, стр, 260-273 и натаму. Наместо статистиката на домовите за сирачиња итн. би можеле да ни послужат како доказ и декламациите на владините весници кога се застапуваат за миразот на децата од кралскиот дом. Овде никогаш не се заборава скапотијата на средствата за живот.
[105] „Think of those who are on the border of that region” (pauperism), “wages ... in others not increased ... human life is but, in nine cases out of ten, a struggle for existence.” (Gladstone, House of Commons, 7 април 1864. Верзијата кај Hansard гласи: „Again; and yet more at large, what is human life but, in the majority of cases, a struggle for existence.“ [Со други зборови: што е друго човечкиот живот во повеќето случаи освен борба за суштествување.] — Постојаните, острите противречности во буџетските говори на Гледстона од 1863 и 1864 еден англиски писател ги окарактерисува со следниов цитат од Boileau [во изданијата од 1. до 4. од Молиер]:
“Voilà l’homme en effet. Il va du blanc au noir,
Il condamne au matin ses sentiments du soir.
Importun à tout autre, à soi-même incommode,
Il change à tout moment d’esprit comme de mode.”
[Да, човек е таков. Од бело црно прави...
Тој утре ќе го колне што вечерва го слави.
За сите други тежок, и за себе е така,
и ќудот како мода го менува без мака.]
(„The Theory of Exchanges etc.“ London 1864, стр. 135.)
[106] Н. Fawcett: „The Economic Position etc.,“ стр. 67, 82. Што се однесува за сѐ поголемата зависност на работниците од дуќанџиите, тоа се последица од сѐ поголемите колебања и прекини во нивното занимање.
[107] Во Англија секогаш се смета и Велс, во Велика Британија се сметаат Англија, Велс и Шкотска, во Соединетото Кралство се сметаат овие три земји и Ирска.
[108] Своеобразна светлина на напредокот, што станал од А. Смит наваму, дава тоа што тој зборот workhouse [работен дом] напати го зема како еднаков со зборот manufactury [фабричка зграда]. На пp. во почетокот на главата за поделбата на трудот: „Овие работници што се на работа во различни гранки на истата работа, често можат да бидат собрани во еден ист работен дом.“
[109] PHR, VI, 1863, стр. 13.
[110] Исто, стр. 17.
[111] Исто, стр. 13.
[112] Исто, Appendix, стр. 232.
[113] PHR, VI, 1863, 232, 233.
[114] PHR, VI, 1863, стр. 14, 15.
[115] „Никаде правата на личноста не им се така отворено и така бесрамно жртвувани на правата на сопственоста како во живеалишни услови на работничката класа. Секој голем град е место за поднесување човечки жртви — олтар на кој секоја година се колат илјадници во слава на Молохот на лакомоста.“ (S. Laing: „National Distress,“ 1844, стр. 150.)
[116] PHR, VIII, 1866, стр. 14. Забелешка.
[117] Исто, стр. 89. Во однос на децата во овие населби др. Хантер вели: „Ние не знаеме како се воспитувани децата до пред овој век, век на тесно натискање на сирамасиrе, и ќе биде смел пророк оној што сака да претскаже што може да се очекува од децата што се воспитуваат сега, под околности на кои им нема еднакви во оваа земја, да станат членови на опасните класи, притоа седејќи до полноќ заедно со лица од сите возрасти, пијани, погани и кавгаџии.“ (Исто, стр. 56)
[118] Исто, стр. 62.
[119] „Report of the Officer of Health of St. Martin'ѕ in the Fields.“ 1865.
[120] PHR, VII, 1866, стр. 91.
[121] Исто, стр. 88.
[122] PHR, VIII, 18, стр. 89.
[123] Истo, стр. 55, 56.
[124] PHR, VIII, 1866, стр. 149.
[125] Исто, стр. 50.
[126] Список на агентот од едно друштво за осигурување на работниците во Бредфорд. (Исто, стр. 111):
Куќи | ||
Vulcan Street, No. 122 | 1 соба | 16 лица |
Lumiev Street, No. 13 | 1 соба | 11 лица |
Bower Street, No. 41 | 1 соба | 11 лица |
Portland Street. No. 112 | 1 соба | 10 лица |
Hardy Street, No. 17 | 1 соба | 10 лица |
North Street, No. 18 | 1 соба | 16 лица |
North Street, No. 17 | 1 соба | 13 лица |
Wymer Street, No. 19 | 1 соба | 8 возрасни |
Jowett Street, No. 56 | 1 соба | 12 лица |
George Street, No. 150 | 1 соба | 3 фамилии |
Rifle Court Marygate, No. 11 | 1 соба | 11 лица |
Marshall Street, No. 28 | 1 соба | 10 лица |
Marshall Street, No. 49 | 1 соба | 3 фамилии |
George Street, No. 128 | 1 соба | 18 лица |
George Street, No. 130 | 1 соба | 16 лица |
Edward Street, No. 4 | 1 соба | 17 лица |
George Street, No. 49 | 1 соба | 2 фамилии |
York Street, No. 34 | 1 соба | 2 фамилии |
Salt Pie Street (долу) | 2 соби | 26 лица |
Изби | ||
Regent Square | 1 изба | 8 лица |
Acre Street | 1 изба | 7 лица |
33 Roberts Court | 1 изба | 7 лица |
Back Pratt Street, служи и како котларска работилница | 1 изба | 7 лица |
27 Ebenezer Street | 1 изба | 6 лица |
[127] PHR, VIII, 1866, стр. 114.
[128] Исто, стр. 50.
[129] PHR, VII, 1865, стр. 18.
[130] Исто, стр. 165.
[131] PHR, VII, 1865, стр. 18, забелешка. Надгледувачот на бедните во Chapelenle Frith му соопштува на Registrar General [генерален регистратор]: „Во Девхолес во еден голем бигорлив брег се направени извесен број плитки јами. Овие пештери им служат како живеалишта на копачите и другите работници на работа при изградбата на железничката линија. Пештерите се тесни, влажни, без канали за нечистотијата и без нужници. Тие се без средства за проветрување, освен една дупка на сводот што едновремено служи и како оџак. Сипаниците беснеат, и веќе имаат причинето неколку смртни случаи (меѓу троглодитиве).“ (Исто, забелешка 2.)
[132] Подробностите изнесени на стр. 433 и потака се однесуваат особено на трудот во рудниците за јаглен. За уште полошата положба во металските рудници добросовесниот извештај на Royal Commission [кралската комисија] од 1884.
[133] PHR, VII, 1865, стр. 180, 182.
[134] Исто, стр. 515, 517.
[135] PHR, VII, 1865, стр. 16.
[136] „Масовно гладување на бедните во Лондон!“ („Wholesale starvation of the Londan Рооr”)... Во последниве денови ѕидовите во Лондон беа излепени со големи плакати со следнава чудна содржина: „Згоени волови, прегладнети луѓе! Згоените бикови ги напуштија своите стаклени палати, за да ги гојат богаташите во нивните раскошни одаи, додека прегладнетите луѓе пропаѓаат и умираат во своите мизерни дупки.“ Плакатите со овој зловесен натпис постојано се обновуваат. Штом една партија е pacпокинaтa и прелeпeна со други, веќе веднаш се појавува, на истото или на некое друго исто така отворено место, нова партија... Ова напомнува на зловесните предзнаци што го подготвија францускиот народ на настаните од 1789... Во овој момент, дури англиските работници со жените и децата умираат од глад и студ, се пласираат милиони англиски пари, производ на англискиот труд, во руски, шпански, италијански и други странски заеми. („Reynolds Newspaper“, од 20 јануари 1867.)
[137] Ducpétiaux: „Budgets économiques etc." стр. 151, 154, 155 [156].
[138] James E. Thorold Rogers (професор по политичка економија на универзитетот во Оксфорд): “A History of Agriculture and Prices in England.” Oxford, 1866, том I, стр. 90. Ова внимателно изработено дело го опфаќа во досега излезените први два тома уште само периодот од 1259-1400. Вториот том содржи само статистички материјал. Ова е прва автентична „History of prices” [историја на цените] што ја имаме за она време.
[139] “Reasons for the Late Increase of the Poor-Rates: or a comparative view of the prices of labour and provisions.” London 1777, стр. 5. 11.
[140] Dr. Richard Price: “Observations on Reversionary Payments,” 6 ed. By М. Morgan. London, 1803, том II, стр. 158, 159. На стр. 159 Прајс забележува: „Номиналната цена на работниот ден денеска е само околу 4 или во најдобар случај 5 пати поголема отколку во 1514 год. Но цената на житото е за 7 пати поголема, а на месото и облеклото околу 15 пати. Значи, цената на трудот толку многу заостанала зад зголемувањето на трошоците за издржување, што таа денеска не е ни половина од некогашната цена, ако ја споредиме со тие издатоци.
[141] Barton: „Observations etc.“, стр. 26. За крајот на 18 век спореди го Eden: „The State of the Poor.“
[142] Parry: „The Question etc.“, стр. 86.
[143] Исто, стр. 213.
[144] Laing: „National Distress,“ 1844, стр. 62.
[145] „England and America“. London 1833, том I, стр. 47.
[146] „London Economist“ од 29 март 1845, стр. 290.
[147] Земјопоседничката аристократија земаше дури и за оваа цел фондови од државната каса, се разбира, низ парламентот, со сосем низок интерес, за кој закупниците ѝ плаќаа двапати поголем.
[148] Смалувањето на бројот на средните закупници особено се гледа од рубриките на пописот:„Закупниковиот син, внук, брат, братучед, ќерка, внука, сестра, братучеда“ накусо сите членови од фамилијата на закупецот се на работа кај него. Во овие рубрики имаше во 1851: 216.851 лице, а во 1861 само 176.151. Од 1851 до 1871 бројот на закупниците со помалку од 20 екери се смали во Англија за повеќе од 900; закупите од 50 до 70 екери паднаа од 8.253 на 6.370; слично е кај сите други закупи под 100 екери. Напротив, во време на истите дваесет години бројот на крупните закупи се зголеми; тие од 300 до 500 екери пораснаа од 7.771 на 8.410, тие со повеќе од 500 екери од 2.755 на 3.914, закупите со над 1.000 екери пораснаа од 492 на 582.
[149] Бројот на овчарите порасна од 12.517 на 25.559.
[150] „Census etc.,“ том III, стр. 86.
[151] Rogers: „A History of Agriculture etc.“ том I, стр. 693. „The peasant has again become a serf“. Исто, стр. 10. Г. Роџерс ѝ припаѓа на либералната школа, тој е личен пријател на Кобден и Брајт, значи не е некој laudator temporis acti [што го фали старото добро време].[9*]
[152] PHR, VII, 1864, стр. 242. Затоа не е ништо необично издавачот на живеалиштето да му ја поткрене на работникот киријата, штом ќе чуе дека тој малку повеќе заработува, или закупникот да му ја сметне наемнината на работникот „затоа што жена му нашла работа“. (Исто.)
[153] Исто, стр. 135.
[154] Исто, стр. 134.
[155] „Report of the Commissioners... relating to Transportation and Penal Servitude,“ London 1863, стр. 42, 50.
[156] Исто, стр. 77. „Memorandum by the Lord Chief Justice.“
[157] „Report of the Commissioners etc.“ том II, Evidence.
[158] Исто, том I, Appendix, стр. 280.
[158a] Исто, стр. 274, 275.
[159] PHR, VI, 1863, стр. 238, 249, 261, 262.
[160] Исто, стр. 262.
[161] Исто, стр. 17. Англискиот земјоделски работник добива само 1/2 млеко, а леб само 1/2 од количеството што го добива ирскиот. Дека се подобри условите на исхраната на последниов забележал уште А. Јанг во почетокот на XIX век, во својот „Tour in Ireland“, Причината е просто во тоа, што сиромашниот ирски закупник е неспоредливо почовечен отколку богатиот англиски закупник. Што се однесува за Велс, спомнатото во текстот не важи за неговиот југозападен крај. „Сите тамошни лекари се согласуваат во тоа, дека зголемувањето на смртноста од туберкулозата, скрофулата итн. станува поинтензивно колку се влошува физичката состојба на населението, и сите го припишуваат ова влошување на сиромаштијата. Дневното издржување на земјоделскиот работник таму се цени на 5 пенси; во многу околии закупникот (и сам сиромав) „плаќа помалку. Еден залак солено месо, толку исушено што е тврдо како махагони и одвај се исплатува тешкиот процес на варењето, или сланина, служат за зачин на едно големо количество чорба од брашно и лук, или од јачмена каша, и тоа е секојдневниот ручек на земјоделскиот работник... Напредокот на индустријата имаше за последица што во оваа сурова и влажна клима евтиниот памук го истисна солидниот и јак домашен ткаен шајак, а „нормалниот“ чај — посилните пијалаци... По многучасовна работа по ветер и дожд, се враќа земјоделецот во својата колиба за да седне крај огнот од торф или од грутки направени од иловица и дотресоци од јаглен, од кои се креваат облаци од jaглeнa и сулфурна киселина. Ѕидовите на колибата се од кал и камен, подот е гола земја, што си била тука уште пред да се направи колибата, покривот е од еден куп несврзана, растресена слама. Секоја пукнатина е затната за да се чува топлината и во една атмосфера со ѓаволска смрдеа, со под од кал под себе често со единственото свое изводенето алиште што се исушува на неговото тело, вечера тој со жената и децата. Акушерите, присилени да поминат еден дел од ноќта во овие колиби опишуваат како им потонувале нозете во калта на подот, и како биле присилени да дупнат една дупка низ ѕидот (лесна работа!) за да си создадат еден мал приватен извор од воздух. Многубројни сведоци од различна положба покажуваат дека недостатно хранетиот („underfed“) селанец секоја ноќ е изложен на овие и на други влијанија, пакосни за здравјето, и навистина нема недостиг од докази за резултатот: тоа е ослабен и скрофулозен народ... Соопштенијата нa парохиските службеници од Кермантеншир и Кардингеншир убедливо сведочат за истата положба на работите. На тоа одозгора иде уште едно големо зло, раширување на идиотизмот. Сега уште нешто за климатските услови. Силни југозападни ветрови ја пронижуваат целата земја 8 до 9 месеци во годината. Тие носат поројни дождови, кои главно се истураат по западните падини на бреговите. Дрвјата се ретки, освен на заветните места, онаму каде што не се заштитени ветрот ги уништува. Колибите се засолнуваат на некоја рамнина крај бреговите, често и во некој теснец или каменолом; на пасиштата можат да живеат само малечкавите овци и домашниот рогат добиток... Младите луѓе се иселуваат во источните рударски околии на Гламорген и Монмаут... Кермантеншир е расадник на рударското население и негов инвалидски дом... Населението тешко го додржува својот број. Така во Кардигеншир:
1851 | 1861 | |
Машки | 45,155 | 44,446 |
Женски | 52,459 | 52,955 |
97,614 | 97,401 |
[162] Во 1865 овој закон е малку поправен. Опитот бргу ќе покаже дека ваков крпеж не помогнува.
[163] За разбирање на следново: close villages (затворени села) се викаат оние чија земја е сопственост на еден или на неколку крупни лендлордови; open villages (отворени села) се оние чија земја им припаѓа на многу ситни сопственици. Имено во последниве места можат градежните шпекуланти да ѕидаат котеџи и куќи за издавање.
[164] Едно такво село за покажување изгледа сосем згодно, но тоа е исто така нереално како и селата што ги виде Катерина II на патот за Кpим. Во последново време често и овчарот се истерува од овие show-villages. На пр. кај Маркет Харбору има една овчарница од приближно 500 екери, на која ѝ е потребен труд само од еден човек. За да се смалат долгите маршеви преку овие широки полиња, убави пасишта на Лестер и Нортемптон, му се дава на овчарот обично еден котеџ на фармата. Сега му се дава нему тринаесетти шилинг за живеалиште, кое тој мора да го бара далеку, во отвореното село.
[165] „Работничките куќи (во отворените места, кои, се разбира, се постојано преполнети) обично се ѕидани во редови со задната страна на крајната граница од парчето земја кое градежниот шпекулант го вика свое. Затоа, во нив не може да влезе ни светлина ни воздух, освен од предната страна“ (Извештај на др. Хантер во PHR, VII, 1864, стр. 135.) Многу често селскиот крчмар или дуќанџија е едновремено и издавач на живеалишта. Во овој случај земјоделскиот работник добива во него втор господар покрај закупникот. Тој едновремено мора да биде и негов клиент. „Со 10-те шилинзи што ги добива неделно, а кога ќе се плати годишно 4 ф. ст. за кирија, тој е задолжен да го купи своето modicum [малку] чај, шеќер, брашно, сапун, свеќи и пиво по цена определена од дуќанџијата.“ (Исто, стр. 134) Овие отворени села всушност се „кaзнени колонии“ на англискиот земјоделски пролетаријат. Многу котеџи се само преноќишта, низ кои врви целиот скитнички џган од околијата. Земјоделецот и неговата фамилија, кои напати секако на чуден начин и во најгнасни околности ја зачувале чесноста и чистотата на карактерот, овде просто одат по ѓаволите. Природно, меѓу знатните Шејлоци влегло во мода фарисејски да си ги креваат рамената над градежните шпекуланти и над ситните сопственици и над отворените места. Тие мошне добро знаат дека нивните „затворени села и села за покажување“ се татковината на „отворените места“ и оти овие без нив не би можеле да суштествуваат.“ Без ситните сопственици од отворените места, најголемиот дел од земјоделските работници би морал да спие под дрвјата од имотите на кои тие работат“. (Исто, стр. 135.) Системот на „отворени“ и „затворени“ села владее во гpoфовиите од цела Midland [средна] и цела источна Англија.
[166] „Издавачот на живеалишта (закупникот или лендлордот) се збогатува посредно или непосредно од трудот на еден човек, кому му плаќа по 10 шилинзи неделно и после му скинува на овој ист отепан ѓавол 4 или 5 ф. ст. годишно кирија за куќа што не вреди на отворен пазар повеќе од 20 ф. ст., но таа кирија се држи на нејзината вештачки висока цена со силата на сопственикот да каже: „Земи ја мојата куќа, или кревај си ги парталите и барај каде ќе се сместиш, а јас не ти давам потврда за работа“... Ако сака некој човек да се поправи и да оди на некоја железничка линија да поставува шини или во некој каменолом, пак истата сила ќе му рече: „Работи за мене за оваа ниска наемнина, или кревај си ги парталите по една недела од предупредувањето, земи си го со себе прасето, ако го имаш, и гледај што ќе извадиш од компирите што растат во твојата бавча“. Сепак ако поинаку му наложуваат неговите интереси, тогаш во тие случаи сопственикот (односно закупникот) често претпоставува да ја повиши киријата на живеалиштето и со тоа да го казни работникот за тоа што дезертирал од неговата служба.“ (Dr. Hunter, исто, стр. 132.)
[167] „Младите брачни двојки не се згодна поука за возрасните браќа и сестри што спијат во истата соба; и макар да не смеат примерите да се забележуваат, сепак пред нас има доста податоци што го оправдуваат тврдењето дека женскиот соучесник во злосторството на родосквернавењето го зафаќа тешко страдање, а често и смртта.“ (Dr. Hunter, исто, стр. 137.) Еден селски полициски службеник, кај многу години бил како детектив во најлошите квартови на Лондон, вели за девојките од неговото село: „Нивната груба неморалност во младата возраст, нивната распуштеност и бесрамност ја немам никогаш видено во време на мојот полициски живот во најлошите денови на Лондон... Тие живеат како свињи, возрасни момци и девојки, татковци и мајки, сите заедно спијат во една соба.“ (CEC, VI, 1867, Appendix, стр. 77, бр. 155.)
[168] PHR, VII, 1864, стр. 9-14 и натака.
[169] „Исконскиот (heaven-born) труд на „hind“ [земјоделскиот работник] му дава достоинство дури и на неговата положба. Тој не е роб, туку војник на мирот и заслужува едно место во некое живеалиште за oжeнeти луѓе, а него треба да му го даде земјопоседникот, кој од него исто така бара присилен труд како и државата од војникот. За својот труд тој не ја добива пазарната цена, како ни војникот за својот. Како и војникот, така и него го фаќаат во младите години, додека во своето незнаење го познава само своето занимање и своето најблиско родно место. Раната женидба и последиците од разни закони за населбите дејствуваат на едниот исто како што дејствува на другиот регрутацијата и воениот казнен законик.“ (Dr. Hunter во PHR, VII, 1864, стр. 132.) Напати понекој лендлорд со особено пречувствително срце, се разжалостува поради пустелијата што ја создал тој. „Сосем е жалосна работа да бидеш сам во својата земја“ — рекол грофот од Лестер, кога му го честитале довршувањето на изградбата на замокот Холкхем, „јас гледам околу мене и не виѓавам друга куќа освен мојата сопствена. Јас сум исполин од испoлинска кула и сите мои соседи сум ги изел“.
[170] Слично движење се забележува во последниве децении во Франција, според тоа колку и таму капиталистичкото производство го освојува земјоделството и го тера „прекубројното“ селско население. Исто и овдека, на изворот на „прекубројните“, се влошуваат живеалишните и други услови. За своеобразниот “prolétariat foncier” [земјиштен пролетер], кој го роди системот на ситни парцели, види го, меѓу другите, и порано цитираното дело од Колен: „L'Economie Politique“ и Karl Marx: “Der Achtzehnte Brumaire des Louis Bonaparte.” New-York 1852, стр. 56 и натаму. Во 1846 градското население во Франција изнесуваше 24,42%, а селското 75,58%, во 1861 г. градското 28,26%, а селското 71,14%. Во последниве 5 години процентуалното смалување на селскиот дел од населението е уште поголемо. Веќе во 1846 Пијер Дипон пее во своите „Ouvriers” [работници]:
Mal vêtus, logés dans des trous,
Sous les combles, dans les décombres,
Nous vivons avec les hiboux
Et les larrons, amis des ombres.
[„Лошо облечени, живееме во дупки, на тавани и во урнатини, ние живееме со бувовите и крадците и ја сакаме темнината“].
[171] Шестиот и завршниот извештај од „Children'ѕ Employment“ издаден при крајот на март 1867, зборува само за земјоделскиот gang-систем.
[172] CEC, VI, 1867, Evidence, стр. 37, бр. 173.
[173] Сепак понекои старешини на тајфи дотерале да се претворат во закупници од 500 екери или во сопственици на цел ред куќи.
[174] „Половина од девојчињата од Лудфорд се упропастени со тајфите“. [СЕС, VI, 1867, Appendix, стр. 6, бр, 32.)
[175] „Системот многу се рашири во последниве години. Во некои места тој е воведен од скоро, а во други, каде што е тој од поодамна воведен, во тајфата се вовлекуваат сѐ повеќе и сѐ помали деца“. (Исто, стр. 79 6р. 174.)
[176] „Ситните закупници не применуваат тајфов труд“. „Тие не се употребуваат на посна земја, туку на земја што носи по 2 ф. ст. до 2 ф. ст. и 10 шилинзи рента од екер.“ [СЕС, VI, 1867, стр. 17 и 14.)
[177] На еден од овие господа толку многу му биле пријатни неговите ренти, што возбудено ѝ изјавил на иследната комисија дека целата врева се дигнала само поради името на системот. Кога би се викал тој не „тајфа“ туку „младинска-индустриска земјоделска-кооперативна асоцијација за самоодржување“, тогаш сѐ би било all right [во ред].
[178] „Трудот на тајфата е поевтин од другиот труд, тоа и е причината зашто се употребува тој,“ вели еден бивш старешина на тајфа. (Исто, стр. 17 и 14.) „Системот на тајфи несомнено е најевтин за закупникот, а исто така е несомнено најгибелен за децата“, вели еден закупник. (Исто, стр. 16, бр. 3.)
[179] „Несомнено е дека многу од работите што ги вршат децата во тајфите, порано ги вршеле мажи и жени. Каде што се употребуваат жени и деца, таму сега има повеќе безработни мажи (more men are out of work) отколку понапред.“ (Исто, стр. 43, бр. 202.) Меѓу другото, напротив: „Прашањето на трудот (labour question) во многу земјоделски околии, особено во житарските, станува така сериозно поради иселувањето и поради леснотијата што ја даваат железниците за оддалечување во големите градови, што јас (ова „јас“ е селски агент на еден голем господин) сметам дека детските услуги се апсолутно неопходни.“ (Исто, стр. 80, бр. 180.) Прашањето на трудот во англиските земјоделски околии, за разлика од другиот цивилизиран свет, значи имено (the landlords' and farmers' question) (прашање на лендлордовите и фармерите): како да се овековечи на село, и покрај постојаниот сѐ поголем одлив на селаните, една достатна „релативна пренаселеност“, а со тоа и минимумот на наемнината за земјоделскиот работник.
[180] Порано цитираниот од мене „Public Health Report” во кој по повод смртноста на децата патем се зборува и за системот на тајфи, на печатот му остана познат, а со тоа и на англиската јавност. Напротив последниот извештај на „Children'ѕ Employment“ му даде на печатот добредошла „sensational” [сензационална] храна: Додека либералниот печат прашаше како можеа, сепак фините џентлемени, леди и свештениците од државната црква, од кои врие Линколншир, сиве овие крупни личности што ги испраќаат кон антиподите сопствените „мисли за поправање на карактерите на дивјаците од Јужното Море“, да допуштат пред нивните очи и на нивните имоти да им израсне ваков систем, дотогаш пофиниот печат се занимаваше исклучиво со разгледувањето на грубата расипаност на земјоделците, што се во состојба да ги продаваат своите деца во такво ропство! Меѓутоа, под проклетите услови, во кои „деликатните“ го натераа земјоделецот, би било објасниво дури и тоа кога би го изел тој и своето сопствено дете. Она што е навистина чудно е достоинствениот карактер што го дочувал тој во голема мера. Официјалните известители потврдуваат дека родителите, дури и во околиите каде што се воведени тајфтлте, се гнacaт од системот на тајфи. „Во свидетелски искази што ги насобравме ние се најдуваат многу докази дека во многу случаи родителите би му биле благодарни на некој присилен закон, што би им дал ним возможност да му се противстават на искушението и натисокот на кои се често подложени. Под заплашување оти и нив лично ќе ги отпуштат, ги тераат нив де парохискиот чиновник, де применувачот да ги испраќаат децата на работа наместо на училиште... Сето упропастено време и сила, сето страдање што му го причинува на земјоделецот и на неговата фамилија прекумерното и бесполезното уморување, секој случај во кој родителите го сведуваат моралниот пад на своите деца на преполнетоста на котеџите или на развратното влијание на системот во тајфите, породуваат во градите на работната сиромаштија чувства што лесно можат да се разберат и кои не е нужно поподробно да се опишуваат. Тие се свесни за тоа, дека ним им причинуваат многу телесни и духовни маки околностите, за кои тие во никој случај не се одговорни, за кои тие, кога би било во нивна сила, никогаш не би ја дале својата согласност, а против кои се тие бессилни да се борат.“ (Исто, стр. ХХ, бр. 82, стр. XXIII, бр. 96.)
[181] Населението на Ирска: 1801: 5.319.867 лица, 1811: 6.084.996, 1821: 6.869.544, 1831: 7.828.348, 1841: 8.222.664.
[182] Резултатот ќе биде уште понеблагопријатен, ако се вратиме уште поназад. Така имало овци во 1965: 3.688.742, но во 1856: 3.694.294, свињи во 1865: 1.299.893, но во 1858: 1.409.883.
[183] Податоците во текстот се составени по материјалот од следниве изданија; Agricultural Ѕtatistics, Ireland. General Аbstracts, Dublin, за годината 1860 и натаму, и од Agricultural Statistics, Ireland I. Tables showing the estimated average produce etc. Dublin 1866. Се знае дека оваа статистика е официјална и дека секоја година му се поднесува на парламентот.
Придаток кон второто издание: Официјалната статистика покажува за 1872 год. едно смалување на површината на обработливата земја од 134.915 екери во споредба со 1871. „Пораст“ има во (зелените) култури — репа, цвекло итн.; „смалување“ на површината и на обработливата земја под пченица за 16.000 екери, за 14.000 под овес, за 4.000 под јачмен и 'рж, 66.632 екери под компири, за 34.677 под лен и за 30.000 екери под ливади, посеани детелина, граор и репа. Земјата под културата, пченица за последниве 5 години постепено се смалува како што следува: 1868 — 285.000 екери, 1869 — 280.000 екери; 1870 — 258.000 екери; 1871 — 244.000 екери; за 1872 — 228.000 екери; За 1872 имаме зголемување во округли броеви од 2.600 коњи, 80.000 глави рогат добиток, 68.000 овци и едно намалување од 236.000 свињи.
[184] „Tenth Report of the Commissioners of Inland Revenue”, London 1866.
[185] Целокупниот годишен доход под рубриката Д отстапува овде од претходната табела поради извесна законски допуштена одбивка.
[186] Ако се смалува производот и сразмерно на екер, не смее да се заборави дека Англија индиректно ја извезуваше земјата од Ирска веќе во текот на 1 1/2 век, без да им го дава на нејзините обработувачи дури ни средството за надоместување на составните делови од земјата.
[186а] Бидејќи Ирска се смета за ветена земја на „принципот на населението“, за тоа Th. Sadler, пред да го издаде своето дело за населението, ја напиша својата прочуена книга: „Ireland, its Evils and their Remedies“, 2 изд., London 1829, во која тој, спроведувајќи ја статистиката на одделни провинции, и во секоја провинција на одделни грофовства докажува дека таму немаштина не владее, како што сака Малтус, во права сразмера спрема бројот на населението туку во обратна сразмера спрема него.
[186б] Целокупниот број на иселениците за времето од 1851 до 1874 изнесува 2.325.922.
[186в] Белешка кон второто издание. — Според една табела во Murphy „Ireland, Industrial, Political and Social,“ 1870, 94,6% од земјата ја држат закупниците од 100 екери, а 5,4% закупците над 100 екери.
[186г] “Reports from the Poor Law Inspectors on the Wages of Agricultural Labourers in Dublin,” 1870. Спор. “Agricultural labourers (Ireland). Return, etc.” 8 March, 1861, London, 1862.
[187] „Reports from the Poor Law Inspector etc.,“ стр. 29, 1.
[187а] Исто, стр. 12.
[187б] Исто, стр. 25.
[187в] Исто, стр. 25.
[187г] Исто, стр. 27.
[187д] Исто, стр. 25.
[187ѓ] „Reports from Poor Law Inspector etc.,“ стр. 1.
[187е] Исто, стр. 32.
[187ж] Исто, стр. 25.
[187з] Исто, стр. 30.
[187ѕ] „Reports from the Poor Law Inspector etc.,” стр. 21, 13.
[188] RIF, за 31 октомври 1866, стр. 96.
[188а] Вкупната површина вклучува и „торфна и пуста земја“.
[188б] Во третата книга од ова дело, во одделот за земјишната сопственост ќе покажам поподробно како одделните земјишни сопственици како и англиското законодавство планомерно го исползувале гладот и условите што ги создава тој со цел насилно да ја спроведат револуцијата во земјоделството и населението во Ирска да го сведат на мера што им одговара на лендлордовите. На истото место ќе се вратам и на односите меѓу ситните закупници и земјоделските работници. Овде само еден цитат. Насау В. Ceниор, во неговото посмртно дело: “Journals, Conversations and Essays relating to Ireland,” Два тома, London 1868, том II, стр. 282. Насау В. Ceниор меѓу другото вели: „Точно забележал Др. Г., ние имаме наш закон за бедни и тој е крупно орудие, да им ја даде на лендлордовите победата; друго орудие е иселувањето. Ниеден пријател на Ирска не може да сака да се продолжи војната (меѓу лендлордовите и ситните келтски закупници)... уште помалку да се заврши таа со победата на закупниците... Колку побргу таа (оваа војна) ќе помине, колку побргу Ирска ќе стане пасиште („grazing country“) со сразмерно мал број население, како што го бараат пасиштата, толку е подобро за сите класи.“ — Англиските закони за жито од 1815 ѝ го осигурија на Ирска монополот за слободен извоз на жито во Велика Британија. Значи тие вештачки ја помогнуваа културата на житото. Со укинувањето на законите за жито во 1846, е укинат ненадејно и овој монопол. Без оглед на сите други околности, доста беше само овој настан, за да му даде силен полет на претворањето на ирските ораници во пасишта, на концентрацијата на закупите и на изгонувањето на ситните селани. Откако ја изнафалија од 1815 до 1846 г. плодноста на ирската земја и гласно изјавуваа дека самата неа природата ја определила за култура на пченица, ненадејно англиските агрономи, економисти, политичари открија дека таа не одговара за ништо друго освен за производство на фуражни култури! Господин Леонс де Лаверњ побрза тоа истото да го повтори од онаа страна на каналот. Треба да е човек „сериозен“ како Де Лаверњ, за да поверува на такви детинштини.
Забелешки на уредникот на изданието
[1*] Во германското издание од 1947, овде ја дава следнава белешка: „Треба да се каже дека при високи цени во циркулацијата има премногу, а при ниски премалку пари; исто во 3. и 4. издание.
[2*] Во француското издание (Париз 1873) се најдува на ова место (стр. 273 и потаму) следниов додаток:
„Во времето на изникнувањето на крупната индустрија се откри во Англија еден метод за претворање на суровото железо во ковано железо со помошта на кокс. Овој процес, што се вика пудлување, кој се состои во прочистувањето на леаното железо во печки со специјална конструкција, предизвика грамадно зголемување на високите печки, примена на апарати за доставување топол воздух итн., со еден збор, предизвика такво умножување на средствата на трудот и на суровите материјали кои се применуваат од еднакво количество труд, што железото за бргу можеше да се произведува во доволно големи количества и доволно евтино за да се истисне каменот и дрвото од голем број употреби. Бидејќи железото и јагленот се големиот лост на модерната индустрија, дури не може да се процени важноста на онаа новина.
Но пудлерот, работникот што се занимава со чистењето на леаното железо, има да изведува еден рачен труд од таков вид, што големината на печката, која тој може да ја послужува, останува ограничена од неговите лични способности, и ова ограничување е тоа што го запира сега чудниот замав, во кој влезе металската индустрија по 1780 г., времето кога се откри пудлувањето.
'Факт е', вели „The Engineering“, еден орган на англиските инженери, 'факт е, дека застарениот процес на рачно пудлување одвај ако е нешто друго од остаток на варварство... Сегашниот стремеж на нашата индустрија е да се преработува на различните степени од фабрикацијата сѐ поголема маса материјал. Затоа гледаме како се креваат секоја година сѐ пограмадни високи печки, потешки парни чекани, помошни заводи за валање и сѐ погигантски инструменти, применувани во многубројни гранки на металската индустрија. Сред ова општо нараснување — нараснување на средствата за производство во однос на применетиот труд — процесот на пудлувањето остана речиси неизменет и денеска поставува неснослива граница на индустрискиот развиток ... Затоа денеска се мисли на тоа, да се замени пудлувањето во сите големи фабрики со ротациони печки, кои можат да совладаат грамадни количества материјал, каков што не е во состојба да го совлада никаков рачен труд.'
Од кога процесот на пудлување ја револуционира железната индустриja и предизвика едно силно зголемување на средствата на трудот и на количествата материјал што се преработуваат со определено количество труд, стана тој во натамошниот тек на акумулацијата економска пречка, од која се обидуваат сега да се ослободат со нови процеси, кои се способни да ги отстранат пречките, што пудлувањето ги прави на натамошното зголемување на материјалните средства за производство во однос на применуваниот труд. Тоа е историјата на сите откритија и изнајдоци, кои се јавуваат како резултат на акумулацијата, како што ние веќе покажавме при прикажувањето на развитокот на модерното производство од неговиот почеток до нашава епоха.
Во натамошниот тек на акумулацијата, значи нема само квантитативно и едновремено растење на различните материјални елементи на капиталот: развитокот на производните сили на општествениот труд, што го носи со себе овој напредок, се покажува и во квалитативните измени, во постепените измени во техничкиот состав на капиталот, чиј објективен фактор прогресивно расте во однос на субјективниот фактор, т.е. дека масата, средството на трудот и суровините сѐ повеќе и повеќе се зголемуваат во однос на сумата работни сили што е нужна за да ги употреби нив. Следствено, колку повеќе зголемувањето на капиталот го прави трудот попроизводен, толку таа го смалува барањето за труд во однос на неговата сопствена големина.“
Овој додаток не е даден во германското издание од 1958, додека од 1947 бил даден.
[3*] Во 3. издание: централизација.
[4*] Во француското издание (Париз 1873) на ова место (стр. 280) се најдува следниов пасус даден од Маркс:
Но дури од времето, кога механичката индустрија беше пуштила така длабок корен, за да врши претежно влијание врз целото национално производство; кога со нејзината помош почна надворешната трговија да ја надминува внатрешната; кога светскиот пазар сукцесивно ги освои широките области на Новиот свет, во Азија и во Австралија; најпосле, кога индустриските нации, кои стапија во конкурентска борба, достатно се намножија, дури од ова време датираат оние постојано повторувани циклуси, чии последователни фази опфаќаат години, и кои секој пат доведуваат до една општа криза, која е крај на еден циклус и излезна точка на некој нов. Досега периодичната должина на ваков циклус изнесуваше десет или единаесет години, но нема никаква основа да се смета овој број како постојан. Напротив, од законите на капиталистичкото производство, како што ги изложивме погоре, мора да се заклучи, дека овој број е изменлив, и дека периодите на циклусите постепено ќе се скусуваат.
[5*] Меѓу 1849 и 1859 Англија учествувала во многу војни: во Кримската (1853 до 1856), во војната против Кина (1856-1858 и 1859-1860) и против Персија (1856 и 1857). Покрај тоа Англија во 1849 г. го заврши освојувањето на Индија, а во годините 1857-1859 беа испратени нејзините трупи за да го задушат индиското национално ослободително востание.
[6*] При оваа формулација во руското издание на „Капиталот“ од 1960 г. стои дека таа била, според авторизираното француско издание, исправена и гласела: „во права сразмера спроти маките од трудот на активната работичка армија“, а во францускиот: „raison directe du labeur imposé“ (87). Во германското издание оваа исправка не е извршена. Ние ја задржавме првобитната формулација, иако не е погрешна ни исправената. Во старата формулација бедата на резервната армија се однесуваше за маките на трудот од самата резервна армија, што значи колку повеќе таа најдува работа и се мачи толку е помала нејзината беда и обратно — значи во обратна сразмера. Според текстот, пак од руското издание бедата на резервната армија се споредува со маките на трудот од активната армија, што значи колку таа попретерано работи толку помалку останува место за да работи резервната армија и толку нејзината беда е поголема и обратно — значи во права сразмера. всушност, поентата на реалноста е инсистирањето на капиталот кон претеран труд на активната армија (маки на трудот), а поголема беда на резервната армија. Тука е смислата и нужноста на исправката. Додека формулата колку поголеми маки на трудот од резервната армија толку помала бедата во реалноста не е соодветна со реалноста. Додека првите се борат против претераниот труд, вторите за да имаат какви било услови за работа.
[7*] Во германското издание од 1947 г. овде се додава: „треба да гласи смалуваат; печатна грешка, исправена од Маркс во рачниот егземплар од I издание.“
[8*] Движење на англиските земјоделски работници од 1830 до 1833 против примената на вршачките машини и за исплата на повисоки наемнини. Тие се обидувале да ја постигнат својата цел со заканувачки писма кои ги испраќале до фармерите и земјопоседниците од името на еден измислен „капетан Свинг“ и со палење на копите од житни снопови и со кршењето на вршачките машини.
[9*] Израз на Horacie, „Ars poetica“, стих 173.
[10*] Според средновековното предание се јавил во Hamelu (1248 г.), провинција Хановер, еден свирач кој за определена награда ги намамувал стаорците со свирење. Така го исчистил Hamelu од стаорците, но кога градот не му ја исплатил наградата со свирката ги извлекол и децата.
[11*] Старо име на Ирска.
[12*] „Каква човечност од таков голем господин!“ — Многу парафразирани зборови од Мефистофел во Гетеовиот „Фауст, „Пролог на небо“.
[13*] Фениеранци — Граѓански ирски револуционери. Првата фениерска организација настанала во 1857 г. во Ирска и во САД, во која ирските емигранти се соединиле. Програмата и дејноста на Фениер го изразувале протестот на ирските маси против англискиот колонијален јарем. Фениеранците барале национална независност за својата земја, воспоставување демократска република, претворање на селаните-закупници во сопственици на земјата која ја обработуваат итн. Нивната политичка програма мислеле да ја постигнат преку оружено востание. Нивната заговорничка дејност останала без резултат. Кон крајот на шеесеттите години фениерите биле изложени на масовни репресалии. Во 1870-тите години нивното движење се распаднало.