Сенсимонизмот

Од севкупната сенсимонистичка литература господин Грин нема ниту една единствена книга в раце. Неговите главни извори ce: пред cè толку презрениот Лоренц Штајн, потем главниот извор на Штајн, Л. Ребо 54 (поради што на стр. 260 сака господин Ребо да го земе за пример и го наречува филистер; на таа иста страница тој работата ja прикажува така како Ребо да му паднал сосем случајно в раце дури многу подоцна кога веќе раскрсти со сенсимонистите) и овде-онде Л. Блан. Ќе дадеме сега веднаш доказ за тоа.

Да го споредиме првин она што господин Грин го вели за животот на самиот Сен-Симон.

Главен извор за животот на Сен-Симон ce фрагментите од неговата автобиографија во „Оеuvres de Saint-Simon" што го издаде Оленд Родриг, и во „Organisateur 55 " од 19 мај 1830. Значи тука пред нас ce сите документи: 1. оригиналните документи, 2. Ребо кој направил изводи од нив, 3. Штајн кој го користеше Ребо, 4. белетристичкото издание на господин Грин.

Господин Грин:

„Сен-Симон учествува во ослободителната борба на Американците, a посебно не е заинтересиран за самата војна; му доаѓа идеја дека двата гигантски океана би можеле да ce соединат". Стр. 84.

Штајн, стр. 143:

„Најпрвин стапи во воена служба... и отиде во Америка со Бује... Во оваа војна, чие значење, впрочем, тој без сомнение го сфати... војната како таква, велеше, не ме интересира, туку само целта на оваа војна итн."... „Бидејќи напразно ce обидуваше вицекралот на Мексико да го заинтересира за изградбата на големиот канал за соединување на двата океана."

Ребо, стр. 77:

„Како војник на американското движење за независност служеше под Вашингтон... самата војна не ме интересираше, велеше тој; туку единствено целта на војната живо ме заинтересира, и тој интерес ми овозможи без да му ce противам да ги поднесувам неговите тешкотии".

Господин Грин го препишува само тоа дека Сен-Симон „не е посебно заинтересиран за самата војна", но ja испушта поентата, a имено неговата заинтересираност за целта на војната.

Натаму, господин Грин го испушта од предвид тоа дека Сен-Симон сакаше да го оствари својот план кај вицекралот, и со тоа тој план го сведува на чиста „идеја". Тој исто така испушта од предвид дека Сен-Симон тоа го сторил „à la paix" (во мир. — Прев.), така што Штајн ja означува само годината.

Непосредно по ова господин Грин продолжува:

„Подоцна" (кога?) „крои план за француско-холандска експедиција во англиска Индија." (Истото)

Штајн :

„Отпатува во 1785 г. во Холандија за да го скрои планот за здружена француско-холандска експедиција против англиските колонии во Индија." Стр. 143.

Штајн тука изнесува неточни податоци, a Грин точно го препишува. Според самиот Сен-Симон, војводата од La Vauguyona ja наведе Холандија да преземе заедно со Франција експедиција во англиските колонии во Индија. За самиот себеси тој го кажува само тоа дека во текот на една година ce занимавал" (poursuivi) „co остварување на тој план".

Господин Грин:

„Во Шпанија сака да го прокопа каналот од Мадрид до морето" (Истото).

Сен-Симон сака да го прокопа. каналот, каква бесмислица! Претходно му дојде идеја, сега сака. Тука Грин го фалсификува фактот не затоа што како погоре, и премногу точно ce држи за Штајна туку затоа што е и премногу површен при препишувањето.

Штајн, стр. 144:

„Враќајќи сево 1786 г. во Франција, тој веќе во следната година замина за Шпанија за на владата да и поднесе план за довршување на каналот од Мадрид до морето".

Читајќи бргу, господин Грин можеше својата погоре наведена реченица да ja извлече од онаа на Штајн затоа што кај Штајн барем привидно ce чини дека планот за изградбата и идејата за целиот проект потекнале од Сен-Симон, додека тој направил само план за отстранување на финансиските тешкотии кои изникнале при изградбата на каналот што одамна била започната.

Ребо:

„По шест години и поднесува на шпанската влада план за каналот што би требало да ja воспостави половината врска меѓу Мадрид и морето".

Истата грешка како и кај Штајн. Сен-Симон:, стр. XVII:

„Шпанската влада беше ja презела изградбата на каналот што требаше да го поврзе Мадрид со морето; овој потфат запна, бидејќи владата немаше ниту работници, ниту пари; ce договорив со гроф де Кабариус, сегашен министер за финансии, и на владата и го поднесовме следниов проект". итн.

Господин Грин:

„Во Франција тој шпекулира на националните добра".

Штајн најпрвин ja опишува положбата на Сен-Симон за време на револуцијата, па дури тогаш преминува на шпекулацијата со националните добра, стр. 144 и др. Но од каде кај господин Грин бесмислениот израз „да ce шпекулира на националните добра, наместо со националните добра? И тоа можеме да му го објасниме на читателот кога ќе му дадеме да го прочита оригиналот.

Ребо, стр. 78:

„Враќајќи ce во Париз, тој ce позанимавал со шпекулациите и шпекулирал со националните добра." („sur les domains nationaux")

Господин Грин ja составува горе наведената реченица без секаква мотивација. Воопшто не може да ce разбере зошто Сен-Симон шпекулирал со националните добра и зошто овој само по себе тривијален факт е значаен во неговиот живот. Господин Грин, имено, смета дека. е излишно да ce препише од Штајн и Ребо дека Сен-Симон сакал да образува за експериментални цели научна школа и големо индустриско претпријатие и дека сакал да ce здобие со нужен капитал со тие шпекулации. Сен-Симон, имено, со ова ги мотивира своите шпекулации (OEuvres, стр. XIX).

Господин Грин:

„Тој ce оженува за да може да и укаже гостопримство на науката, за да го проучи животот на луѓето, за психолошки да ги исцеди." (Истото).

Тука господин Грин одеднаш прескокнува еден од најважните периоди од животот на Сен-Симон, периодот на неговото изучување на природните науки и периодот на патувањата. A што значи тоа да ce ожени за да може да ù укаже на. науката гостопримство, да ce ожени за психолошки да ги исцеди луѓето (со кои не може да ce ожени) итн.? Сета работа е во следново: Сен-Симон ce оженил за да имал салон и за да можел тука да ги проучува меѓу другите и научниците.

Штајн тоа вака го изложува, стр. 149:

„Тој ce оженува во 1801... Го искористив бракот за да можам да ги проучувам научниците." (Спореди Сен-Симон, Стр. 23.)

Сега, по споредбата со оригиналот, станува разбирлива и објаснива бесмислицата на господин Грин.

„Психолошкото исцедување на луѓето" ce сведува кај Штајн и кај самиот Сен-Симон само на набљудување на научниците во општествениот живот. Сосема во врска со своите основни социјалистички погледи, Сен-Симон сакаше да го проучи влијанието на науката врз личноста на научниците и на нивното однесување во обичниот живот. Кај господин Грин тоа ce претвора во бесмислена, неопределена досетка како во некој роман.

Господин Грин:

„Тој станува сиромав" (како. зошто) .„работи како препишувач во некоја заложна куќа за плата од илјада франкови, — тој, гроф, потомок на Карло Велики; потем (кога и зошто?) „живее од милостина на еден бивш слуга, подоцна (кога и зошто?) „ce обидува да ce убие, бидува спасен и започнува нов живот, занимавајќи ce co истражувања и пропаганда. Дури сега ги пишува своите две главни дела."

„Тој станува" — „потоа" — „подоцна" — „сега" треба да ja заменат кај господин Грин хронологијата и поврзаноста на одделните моменти во животот на Сен-Симон.

Штајн, стр. 156, 157:

„Кон тоа ce јавува нов и страшен непријател, крајната беда која ce повеќе и повеќе притиска... По шест месеци мачно исчекување... му ce нуди место" — (дури и ова тире господин Грин го зема од Штајн, само што тој е толку итар па не го ставил зад зборот ломбард) „како копист во ломбард" (не, како што тоа господин Грин итро го менува, „во еден ломбард", бидејќи — како што е познато — во Париз постои само еден, јавен ломбард) „со годишна плата од илјада франкови. Чудесна мена на среќата во она време! Внукот на бележитиот дворјанин на дворецот на Луј XIV, наследникот на војводската круна и на огромниот имот, пер на Франција од раѓање и гранд на Шпанија, — копист во еден ломбард!"

Тука може да ce најде објаснението за грешката на господин Грин со ломбардот; тука, кај Штајн, тој израз е сосема на место. A за и какогоде да ce разликува од Штајн, господин Грин го наречува Сен-Симона „гроф" и „потомок на Карло Велики". Ова последново го зеде од Штајн, стр. 142, и од Ребо, стр. 77, кои ce, меѓутоа, достатно умни да кажат дека Сен-Симон самиот го извлекол своето потекло од Карло Велики. Наместо позитивните факти на Штајн, што очебијно ja покажуваат Сен-Симоновата сиромаштија за време на Реставрацијата, кај господин Грин ja наоѓаме само неговата вчудовиденост предизвикана со тоа што еден гроф и божемен потомок на Карло Велики воопшто може да пропадне.

Штајн:

„Живееше уште две години" (по обидот за самоубиство) „и работеше во тие две години можеби повеќе отколку во исто толкуте децении од својот поранешен живот.

Завршен е .Catéchisme des industriels' (господин Грин ова завршување на одамна подготвениот труд го претвора во: „Дури сега тој го пишува" итн.) „и 'Nouveau christianisme' итн." стр. 164, 165.

На стр. 169 Штајн и двава труда ги наречува „двете главни дела на неговиот живот".

Значи, господин Грин не само што ги препишуваше грешките на. Штајн, туку исфабрикува и нови од оние места во кои Штајн не е определен. За да го скрие своето препишување, тој ги извлекува само најочебијните факти, но им го одзема карактерот на факти, истргнувајќи ги како од хронолошката врска така и од нивната мотивација, изоставајќи ги дури и најнеопходните посредни членови. Имено, она што горе го цитиравме е буквално  што господин Грин ни го кажува за животот на Сен-Симон. Во овој приказ бурниот и активен живот на Сен-Симон ce претвора во редица досетки и настани кои ce многу помалку интересни отколку животот на кој и да било селанец или шпекулант во тоа време во некоја жива француска провинција. A потем, откако ja начкрта оваа биографска драсканица, тој извикува: Сиот овој, навистина цивилизиран живот!" Дури не ce стеснува на стр. 85 да рече: „Животот на Сен-Симон е огледало на самиот Сен-Симон" — како тој Сен-Симонов „живот" што ни го нацрта Грин може да биде огледало на cè друго освен на „самиот" начин на кој господин Грин ги прави книгите.

На оваа биографија ние ce запревме малку подолго, бидејќи таа е класичен пример на начинот на кој господин Грин темелно гu обработува француските социјалисти. Како што тука привидно небрежно нафрлува, изоставува, фалсификува, транспонира за да го скрие своето препишување, така подоцна ќе видиме дека господин Грин и натаму ги покажува сите симптоми на плагијатор кој е длабоко во себе вознемирен: вештачки направен неред за да го замаскира споредувањето, изоставање на реченици и зборови (кои добро не ги разбира поради незнаењето на оригиналот) од цитатите на неговите претходници, измислување и китење со неопределени фрази, перфидни напади на луѓето од кои препишува. Нешто повеќе, господин Грин е толку пребрзан во своето препишување што често ce повикува на работи за кои на читателот никогаш не им зборувал, но кои му ce сноваат во главата како читател на Штајн.

Сега ќе минеме на приказот на доктрината на Сен-Симон.

1. Lettres d'un habitant de Genève à ses contemporains („Писма на еден женевски жител до современиците". — Прев. ) 56

Господин Грин не можеше јасно да сфати кај Штајн во каква врска е планот за помошта на научниците, даден во погоре цитираниот труд со фантастичниот прилог кон брошурата. Тој зборува за овој труд како во него да станува збор главно за новата организација на општеството и вака заклучува:

„Духовната моќ е во рацете на научниците, световната — во рацете на сопствениците, избор за cè." Стр. 85. Спореди Штајн, стр. 151, Ребо, стр. 83.

Реченицата „le pouvoir de nommer les individus appelés à remplir les fonctions des chefs de l'humanité entre les mains de tout le monde" (моќ за именување на индивидуи повикани да вршат функции на водачи на човештвото во рацете на сите. — Прев.), што Ребо ja цитира од Сен-Симон (стр. 47), a која Штајн ja преведува мошне невешто, — таа реченица господин Грин ja сведува на „избор за сите" со што таа губи секаква смисла. Кај Сен-Симон станува збор за изборот на Њутновиот совет, кај господин Грин ce зборува за избор воопшто.

Бидејќи со помошта на четири-пет реченици препишани од Штајн и Ребо одамна веќе заврши со „Lettres" итн. и почна да зборува за „Nouveau christianisme", господин Грин одненадеж повторно ce враќа на „Lettres".

„Ho со апстрактната наука не ce стасува, се разбира, далеку." (Уште помалку, како што гледаме, со конкретното незнаење). „Бидејќи од гледна точка на апстрактната наука беа ce уште одделени .сопствениците и ,секој'". Стр. 87.

Господин Грин заборава дека досега зборуваше само за „избор за сите", a не за „секој". Но, кај Штајн и Ребо ги наоѓа зборовите „tout le monde" па поради тоа го приведува зборот „секој" во наводници. Натаму тој заборава дека не ja изнесол следната реченица на Штајн со која ce мотивира она „бидејќи" во неговата сопствена реченица:

„Кај него" (кај Сен-Симона) „покрај мудреците или зналците дејствуваат одделено proprietaieres (сопствениците) и tout le monde. Навистина тие и двата cè уште без вистинска граница во меѓусебниот однос... но, сепак, веќе и во магливата слика на тоа tout le monde ce крие 'ркулецот на класата, чие разбирање и подигнување стана подоцна основна тенденција на неговата теорија, classe la plus nombreuse et la plus pauvre (најмногубројна и најсиромашна класа. — Прев. ), како што во стварноста овој дел од народот тогаш постоеше само потенцијално". Стр. 154.

Штајн истакнува дека Сен-Симон веќе правел некоја, иако ce уште мошне неопределена разлика меѓу propriétaires и tout le monde. Господин Грин ова го извртува во таа смисла што излегува дека Сен-Симон воопшто уште ja прави таа разлика. Ce разбира, тоа е голема грешка на Сен-Симон и може да ce објасни само со тоа што тој во „Lettres" стои врз становиштето на апстрактната наука. За жал, меѓутоа, Сен-Симон на односното место воопшто не зборува, како што мисли господин Грин, за разликите во идниот општествен поредок. Поради претплатата тој му ce обрнува на сето човештво за кое му ce чини дека такво какво што тој го затекнува ce дели на три класи, кои не ce, како што мисли Штајн, savants (научници), propriétaires, и tout le monde, туку 1. savants и artistes и сите луѓе со либерални идеи, 2. противници на новото, т.е. propriétaires, до колку не ce приклучат на првата класа, 3. surplus de l'humanité, qui se rallie au mot: Egalité (другото човештво кое ce собира околу зборот: еднаквост. — Прев.). Овие три класи образуваат tout le monde. Спореди Сен-Симон, „Lettres", стр. 21,. 22, A, бидејќи Сен-Симон, впрочем, подоцна на едно место вели дека неговата поделба на власта е корисна за сите класи, тоа на она место каде што тој зборува за таа поделба, стр. 47, tout le monde очигледно соодветствува на она surplus кое ce собира околу паролата на еднаквоста, не исклучувајќи ги, меѓутоа, другите класи. Значи, Штајн, главно, точно ja погоди мислата, иако не го зеде предвид местото на стр. 21, 22, a господин Грин, кој воопшто не го познава оригиналот, ce закачува за безначајната грешка на Штајн за од нејзиното расудување да извлече чиста бесмислица. Веднаш ќе приведеме еден уште поочебиен пример. На стр. 94, каде што господин Грин повеќе не зборува за Сен-Симон, туку за неговата школа, неочекувано разбираме:

„Сен-Симон изговара во една од своите книги таинствени зборови : 'На жените ќе им биде дозволен пристап, тие дури и самите ќе можат да бидат назначувани.' Од ова речиси бесплодно семе из'рти цел еден огромен спектакл на еманципацијата на жената."

Ce разбира, кога Сен-Симон во некој свој труд зборува за дозволувањето на пристаи и назначувањето на жената кој знае за што, тогаш тоа ce „таинствени зборови". Но, таа тајна постои само за господин Грин. „Една од книгите" на Сен-Симон не е некоја друга туку „Lettres d'un habitant de Genève". Бидејќи тука Сен-Симон вели дека секој човек може да гласа за Њутновиот совет или за неговите секции, тој продолжува: „Les femmes seront admises a souscrire, elles pourront être nommées" (На жените ќе им биде дозволено да потпишуваат. т.е. ќе можат да бидат наименувани. — Прев.), ce разбира на некое место во советот или во неговите секции. Штајн, како што и треба, го цитираше ова место повикувајќи ce на самата книга и, притоа, ja става следнава забелешка:

„Тука итн. ce наоѓаат во зародиш сите траги на неговото подоцнежно сфаќање, па и на самата негова школа, a дури и првата мисла за еманципацијата на жените." Стр. 152.

Штајн исто така правилно истакнува во една белешка дека Оленд Родриг во своето издание од 1832 ова место од полемички причини го печатеше со големи букви како единствен доказ за тоа дека кај Сен-Симон ce споменува еманципацијата на жената. За да го прикрие своето препишување, Грин ова место од книгата во која тоа спаѓа го преместува во школата, од тоа ja прави погоре изнесената бесмислица, го претвора ,,'ркулецот" на Штајн во „семе" и детски си вообразува дека учењето за еманципацијата на жените потекнало од тоа место.

Господин Грин ризикува да го изнесе своето мислење за спротивноста која, вели, постои меѓу „Писмата на еден жител на Женева" и „Катехизисот на индустријалците" која ce состои во тоа што во „Катехизисот" го истакнува правото на travailleurs. Секако, господин Грин мораме да ja открие оваа разлика меѓу „Lettres" кои ги познава според Штајн и Ребо и „Catéchisme", кој исто така го познава од друга рака. Да го читаше самиот Сен-Симон, можеше, наместо оваа спротивност, веќе во „Lettres" да го најде своето „семе" на погледот што беше доразвиен потоа во „Catéchisme". Ha пример:

„Сите луѓе ќе работат", Lettres" стр. 61. „Ако неговиот мозок (на богатиот) не е способен за работа, тогаш тој ќе мора да работи со раце, бидејќи Њутн сигурно нема да трпи на планетава. . . никакви работници кои намерно ce бескорисни во работилницата." Стр. 64.

2. „Catéchisme politique des industriels"

Бидејќи Штајн овој труд обично го цитира како „Catéchisme des industriels", тоа господин Грин и не знае некој друг наслов. А, од господин Грин би требало да ce бара барем да го наведе точниот наслов, дотолку повеќе што таму каде за овој труд зборува ex officio (официјално) тој нему му посветува само десет реда.

Препишувајќи од Штајн дека Сен-Симон во овој свој труд сака власта да му ja даде на трудот, господин Грин продолжува:

„Светот сега за него ce дели на луѓе во невртка (Müssiggänger) и индустријалци." Стр. 85.

Господин Грин овде фалсификува. Тој му ја припишува на „Catéchisme" разликата која ja cpeќава кај Штајн само многу подоцна кога овој зборува за сенсимонистичката школа:

Штајн, стр.. 206.

„Општеството сега ce состои од луѓе во невртка и работници." (Анфантен).

Наместо оваа поделба што му ja припишува Грин, во „Catéchisme" може да ce најде поделбата на три класи: classes feudale, intermédiaire et industrielle (феудална, средна и класа на индустријалци.) во која господин Грин не можеше да навлегува без да го препише Штајн, бидејќи самиот не го прочитал „Catéchisme".

Господин Грин потоа уште еднаш повторува дека содржината на „Catéchisme" ce сведува на владеење на трудот и потем на следниов начин ja заклучува својата карактеристика на ова дело:

„Како што вели републиканизмот: cè за народот, cè преку народот, така и Сен-Симон вели: cè за индустријата, cè преку индустријата". (Истото).

Штајн, стр. 165:

„Бидејќи cè ce прави со помош на индустријата, тоа мора ce и да ce прави за неа."

Како што Штајн правилно наведува (Стр. 160, забелешката) веќе на трудот на Сен-Симон „L'industrie" од 1817 ce наоѓа мотото: „Tout par l'industrie, tout pour elle ( преку индустријата,  за неа. — Прев.). Значи, карактеристиката на „Catéchisme" што ja дава господин Грин ce состои во тоа што тој, покрај горе изнесената измама, неточно го цитира мотото на еден многу постар труд што воопшто не го познава.

Со ова германската темелност исцрпно го раскритикува „Catéchisme politique des industriels". Меѓутоа, уште овде-онде, на некои други места во оваа Гринова папазјанија (Sammelsuriums) среќаваме одделни глоси што ce однесуваат на ова. Исполнет со внатрешно задоволство од својата сопствена итрина, господин Грин поинаку ги распоредува работите што ги присобира од Штајновата карактеристика на овој труд и ги распоредува нив со храброст достојна за почит: Господин Грин, стр. 87:

„Слободната конкуренција беше нечист, конфузен поим, поим што во самиот себеси го содржеше светот на борбата и несреќата, борбата меѓу капиталот и трудот и несреќата на работниците без капитал. Сен-Симон го исчисти поимот на индустријата, го сведе него на поимот на работnикот, ги формулира правата и жалбите на четвртиот сталеж, на пролетаријатот. Мораше да го укине правото на наследство, затоа што тоа стана неправда за работникот, за индустријалецот. Токму такво значење има неговиот „Катехизис на индустријалците".

Господин Грин во врска со „Катехизисот" најде кај Штајн, стр. 169:

„Според тоа, вистинското значење на Сен-Симон е во тоа што ja предвиде оваа спротивност како неизбежна" (меѓу буржоазијата и peuple).

Тоа е оригиналот од кој господин Грин го зеде „значењето" на „Катехизисот". Штајн :

„Тој" (Сен-Симон во „Катехизисот") почнува со поимот на индустрискиот работник".

Оттука господин Грин ja изведува чудовишната бесмислица дека Сен-Симон, кој најде дека слободната конкуренција е „нечист поим", го „исчисти поимот на. индустријата и го сведе врз поимот на. работникот". На секој чекор господин Грин покажува дека поимот на господин Грин за слободната конкуренција и индустријата е мошне „нечист" и „конфузен".

Не задоволувајќи ce co оваа бесмислица, тој ce осудува директно да измами дека Сен-Симон барал укинување на правото на наследство.

Потпирајќи ce и натаму на своето сфаќање на Штајновото разбирање на „Катехизисот", тој на стр. 88 вели:

„Сен-Симон ги востанови правата на пролетаријатот, тој даде веќе нова парола: Индустријалците, работниците треба да ce кренат на првиот степен на власта. Тоа беше еднострано, но секоја борба носи со себеси едностраност: кој не е едностран не може да ce бори".

Господин Грин со својата беседничка максима за едностраноста овде и самиот еднострано го разбира Штајна, тврдејќи дека Сен-Симон сакал вистинските работници, пролетерите „да ги крене на првиот степен на власта". Спореди стр. 102 каде што за Мишел Шевалие ce вели:

„Господин Шевалие, зборува со мошне големо интересирање за индустријалците, но за учениците индустријалците веќе не ce пролетери, како што беа за учителот, тој ги збива во еден поим капиталистот, претприемачот и работникот, значи и луѓето во невртка ги вбројува во таа една категорија која би требало да ja опфати само најсиромашната и најмногубројната класа."

Кај Сен-Симон во индустријалци ce вбројуваат, покрај работниците и fabricants, négotiants (фабрикантите, трговците. — Прев. ), со еден збор, сите индустриски капиталисти на кои тој предимно и им ce обрнува. Господин Грин тоа можеше да го најде веќе на првата страница на „Катехизисот". Ho ce гледа дека тој, бидејќи и никогаш не го видел овој труд, фразира за него по она што го слушнал.

Зборувајќи за „Катехизисот", Штајн вели:

„Од.. . Сен-Симон доаѓа до историјата нa индустријата во нејзиниот однос спрема државната власт... тој е првиот кој стана свесен за тоа дека во науката за индустријата е скриен државниот момент... не може да ce одрече дека нему му тргна од рака да даде голем поттик. Бидејќи дури по него Франција има Histoire de l'économie politique" итн., стр. 165, 170.

И самиот Штајн е конфузен во најголема можна мера кога зборува за „државниот момент", во „науката за индустријата". Меѓутоа, тој покажува дека неговите претчувства биле оправдани кога додава дека историјата на државата е најтесно поврзана со историјата на модерното стопанство.

Да погледнеме како господин Грин подоцна, кога зборува за сенсимонистичката школа, ja присвојува оваа малечка одломка од Штајн.

„Сен-Симон во својот „Катехизис на индустријалците" ce обиде да ja даде историјата на индустријата, истакнувајќи го во неа државниот елемент. 3нaчи, самиот учител го расчисти патот на политичката економија". Стр. 99.

„Значи", господин Грин го претвора првин Штајновиот „државен момент" во „државен елемент" и прави од него бесмислена фраза, изоставувајќи ги притоа конкретните податоци што ce наоѓаат кај Штајн. Овој „камен (игра на зборови: Stein — семејство, „Stein" — камен) што го отфрлија градителите" стана за господин Грин навистина „камен темелник" на неговите „писма и студии". Но, наедно стана и камен на спрепнување. И нешто повеќе. Додека Штајн вели дека Сен-Симон, истакнувајќи го овој државен момент во науката за индустријата, го расчисти патот на историјата на политичката економија, господин Грин тврди дека Сен-Симон го расчистил патот на самата политичка економија. Господин Грин расудува горедолу вака: економијата постоеше веќе и пред Сен-Симон; како што вели Штајн, токму тој го истакна државниот момент во индустријата, значи, ja направи економијата државна т.е. државна економија; државната економија = политичка економија, значи Сен-Симон го расчистил патот на политичката економија. Господин Грин, без сомнение, покажува голема духовитост при дотерувањето на своите претпоставки.

Начинот на кој господин Грин ги дотерува своите претпоставки дека Сен-Симон го расчистил патот на политичката економија соодветствува на начинот според кој испаѓа дека тој му го расчистил и патот на научниот социјализам:

„Тој" (сенсимонизмот) „го содржи... научниот социјализам, бидејќи Сен-Симон целиот свој живот трагал по нова наука"! Стр. 82.

3. Nouveau christianisme 57

Ha истиов блескав начин како и досега, господин Грин дава изводи од изводите на Штајн и Ребо, белетристички украсувајќи го и немилосрдно раскинувајќи го она што кај нив е поврзано. Ќе приведеме само еден пример за да покажеме дека тој овој труд никогаш го немал в раце.

„Сен-Симон сакаше да востанови еден поглед на светот, каков што соодветствува на органските периоди на историјата кои тој категорично ги противпоставува на критичките. Почнувајќи од Лутер ние живееме, според неговото мислење, во критичкиот период, a тој сакаше да го заснове почетокот на новиот органски период. Оттука „Новото христијанство". Стр. 88.

Сен-Симон никаде и никогаш органските периоди на историјата не ги противпостави на критичките. Господин Грин едноставно тука лаже. Дури Базар ja направи оваа поделба. Господин Грин нашол кај Штајн и Ребо дека во „Ново христијанство" Сен-Симон и оддава признание на Лутеровата критика, но смета дека неговата позитивна, догматска доктрина има недостатоци. Господин Грин ja помешува оваа реченица со своите спомени црпени од тие исти извори за сенсимонистичката школа и од тоа го фабрикува своето погоре изнесено тврдење.

Откако на опишаниот начин ги скрпи неколкуте белетристички фрази за животот и делата на Сен-Симон користејќи ce co Штајн и неговиот патоводител Ребо, господин Грин завршува со следниов восклик::

„И овој Сен-Симон, филистрите на моралот, господин Ребо и по него целата толпа негови германски подражаватели, мислеа дека е неминовно да го земат под своја заштита, претскажувајќи со својата вообичаена мудрост дека таков човек, таков живот не може да ce мери со обични мерила! Речете, не ce ли вашите мерила од дрво? Речете ja вистината ќе ни биде пријатно да слушнеме дека тие ce направени од цврст даб. Дајте ги ваму, ќе ги земеме со благодарност како скапоцен дар, нема да ги изгориме, чувај боже! Сакаме со нив да ги измериме грбовите на филистрите". Стр. 89.

Ете со такви белетристички дрски фрази сака господин Грин да ja докаже својата надмоќ над своите обрасци.

4. Сенсимонистичката школа

Бидејќи господин Грин за сенсимонистите прочитал толку колку што и за самиот Сен-Симон, т.е. ништо, требаше барем да направи добри изводи од Штајн и Ребо, да го набљудува хронолошкиот редослед, поврзано да го изложи текот на настаните и да ги спомене неопходните моменти. Наместо тоа, тој, поттикнат на тоа од својата нечиста совест, го прави спротивното, прави колку што е можно поголема збрка, ги изоставува најнеопходните работи и создава уште поголема конфузија отколку во својот приказ на Сен-Симон. Тука мораме да бидеме уште пократки, бидејќи инаку би морале да напишеме исто таква дебела книга каква што е книгата на господин Грин за да го истакнеме секој негов плагијат и секоја негова грешка.

За периодот од смртта на Сен-Симон до јулската револуција за тој најважен период од теоретскиот развиток на сенсимонизмот, не научивме ништо. За господин Грин најзначајниот дел на сенсимонизмот, критиката на постојните околности исто така отпаѓа. Навистина и тешко е за сево ова нешто да ce рече без да ce познаваат самите извори — списанијата.

Господин Грин го започнува својот курс за сенсимонистите со следнава реченица:

„Секому според неговата способност, на секоја способност според нејзините дела, така гласи практичната догма на сенсимонизмот".

Како што Ребо, стр. 96 оваа реченица ja прикажува како преодна точка од Сен-Симон кон сенсимонистите, така постапува и господин Грин, па продолжува:

„Од овој последен збор на Сен-Симон непосредно излегува: на сите луѓе да им ce обезбеди најслободен развиток на нивните таленти."

Господин Грин сакал во нешто да ce разликува од Рe6o. Ребо ja врзува оваа „практична догма" за „Ново христијанство". Господин Грин смета дека е тоа досетка на Ребо и без да ce притеснува на местото од „Ново христијанство" го става последнот збор на Сен-Симон. Тој не знаеше дека Ребо едноставно дал буквален извод од „Doctrine de Saint-Simon", Exposition, première année стр. 70.

Господин Грин не умее себеси добро да си објасни од каде тука, кај Ребо, по неколкуте изводи за религиозната хиерархија на сенсимонизмот, одеднаш упаѓа „практична догма". Додека оваа реченица може да упатува на нова хиерархија дури ако ce сфати поврзана со религиозните идеи на „Ново христијанство", додека, значи, таа без овие идеи во краен случај изискува само профана класификација на општеството, дотогаш господин Грин си вообразува дека единствено од таа реченица потекнува хиерархијата. Тој на стр. 91 вели :

„Секому според неговите способности — тоа значи од католичката хиерархија да ce направи закон на општествениот поредок. На секоја способност според нејзините дела — тоа значи да ce претвори уште и работилницата во сакристија, a целиот граѓански живот во царство на поповите."

Кај Ребо во горе споменатиот извод од „Експозицијата" тој го наоѓа следново место:

„Ќе ce појави вистинската вселенска црква... вселенската црква го владее како она што е световно така и она што е духовно... Науката е света, индустријата е света... и секое добро е црквено добро, a секој позив е духовна функција, еден степен во општествената хиерархија. — Секому според неговите способности, на секоја способност според нејзините дела."

Требаше, очигледно, господин Грин само да го сврте ова место, само да ги претвори претходните реченици во заклучоци од завршната реченица, па да ja изведе својата сосем неразбирлива реченица.

Одразот на сенсимонизмот на Грин е така „заплеткан и збркан" што тој на стр. 90 најпрвин од „практичната догма" создава „духовен пролетаријат", од духовниот пролетаријат „хиерархија на духовите", a од оваа хиерархија на духовите врв на хиерархијата. Да ja прочиташе макар само „Експозицијата" ќе видеше дека религиозното сфаќање на „Ново христијанство" во врска со прашањето како да ce утврди capacité (способност. — Прев.), неизбежно доведува до постоењето на хиерархијата и до нејзиниот врв.

Со таа една реченица: „A chacun selon sa capacité, à chaque capacité selon ses oeuvres" (секому според неговите способности, на секоја способност според нејзините дела. — Прев.) гocподин Грин го заврши целокупниот свој приказ и критика на „Експозицијата" од 1828/29. Освен тоа, тој речиси ниту еднаш не ги споменува „Le Producteur" 58 и „L'Organisateur". Toj го прелистува Ребо и во поглавјето „Трета епоха на сенсимонизмот", стр. 126, Штајн, стр. 205, наоѓа:

„... и по неколку дни излезе „Globe" co поднасловот „Весник за учењето на Сен-Симон" при што ова негово учење беше резимирано на неговата прва страница на следниов начин:

 

  Религија  
Наука   Индустрија
  Сеопфатна асоцијација  

Од горе посочената реченица господин Грин непосредно прескока на 1831 година, преработувајќи го Ребо на следниов начин (стр. 91):

„Сенсимонистите ja поставија следнава шема на својот систем, чие формулирање му припаѓа главно на Базар:

  Религија  
Наука   Индустрија
  Општа асоцијација  

Господин Грин испушта три реченици што исто така стојат на насловната страница на весникот „Le Globe" 59 и сите ce однесуваат на практичните социјални реформи. Тие можат да ce најдат како кај Штајн, така и кај Робе. Тој тоа го прави за оваа обична „фирма" на весникот да може да ja претвори во „шема" на системот. Премолчува дека тој стоел на насловната страница на весникот „Le Globe", и сега низ осакатениот наслов на овој весник може да го подложи на критика целиот сенсимонизам со мудрата забелешка дека религијата стои на врвот. Впрочем, кај Штајн можеше да најде дека во „Le Globe" ова воопшто не е случај. „Le Globe" ги содржи најподробните и најзначајни критики на постојните, особено англиските околности — за што господин Грин, ce разбира, ниту можеше да знае.

Тешко е да ce рече од каде му на господин Грин новата, но значајна вест дека „формулирањето на оваа шема" од четири зборови „му припаѓа главно на Базар".

Од јануари 1831 г. господин Грин скока сега назад на октомври 1830 година:

„Во периодот на Базар (од каде тој период?) „наскоро по јулската револуција, сенсимонистите го изнесоа во форма на адреса краткото, но сеопфатното верују во домот на пратениците, откако господата Дипен и Моген од трибините беа ги обвиниле дека проповедаат заедница на добрата и жените."

Сега следува таа адреса и господин Грин кон неа ja дава следнава забелешка:

„Колку е сето тоа разумно и одмерено. Базар го редактираше тој документ доставен до домот." Стр. 92—94.

Што ce однесува до оваа завршна забелешка, Штајн, пред cè на стр. 205, вели:

„Судејќи според неговата форма и однесување, ни за миг не ce колебаме да му го (овој документ) припишеме понапред на Базар, отколку на Анфантен."

A Ребо на стр. 123 вели:

„Според целата своја форма, според мошне умерениот тон на овој документ лесно може да ce види дека тој настанал понапред по иницијатива на господин Базар, отколку на неговиот колега."

Генијалната смелост на господин Грин ja преобразува претпоставката на Ребо, дека Базар понапред, отколку Анфантен ja дал иницијативата за оваа адреса, во категорично тврдење дека тој само ja редактирал. Преодот кон овој документ е превод од Ребо, стр. 122:

„Господата Дипен и Моген укажаа од трибините на една секта која проповеда заедница на добрата и жените".

Господин Грин само го испушта датумот што го даде Ребо, па наместо тоа вели: „кратко време по јулската револуција". Хронологијата воопшто не ce вклопува во манирот на господин Грин да ce еманципира од своите претходници. Тој тука ce разликува од Штајн со тоа што во текстот го внесува она што кај Штајн е во забелешката, со тоа што го изостава воведниот пасус од адресата, со тоа што fond de production (производен капитал) го преводи со „неподвижен имот", a classement social des individus (општественото класифицирање на индивидуите) со „општествен поредок на единките".

Потем следуваат неколку набрзина напишани белешки за историјата на сенсимонистичката школа кои ce на среќа составени според Штајн, Ребо и Л. Блан на истиот оној пластичен уметнички начин како и разгледаниот погоре живот на Сен-Симон. Му оставаме на читателот самиот тоа да го провери во книгата.

На читателот му соопштивме ce што господин Грик знаеше да рече за сенсимонизмот од периодот на Базар, т.е. од смртта на Сен-Симон до првиот раскол. Тој може сега да го исфрли својот белетристичко-критички адут наречувајќи го Базар „лош дијалектичар" и продолжувајќи на следниов начин:

„Но, такви ce републиканците, Катон или Базар — тие умеат само да умрат; ако не ce заколат со кама, тогаш оставаат другите да им го скршат срцето." Стр. 95

„Неколку месеци по овој спор срцето" (на Базар) „му ce скрши". Штајн, стр. 210.

Колку е точна забелешката на господин Грин, докажуваат републиканците какви што ce: Левасер, Карно, Барер, Бијо-Варен, Буонароти, Тест, д'Аржансон итн. итн.

Натаму следуваат неколку банални фрази за Анфантен. Притоа, ние обрнуваме внимание на следново откритие на господин Грин:

„Зар оваа историска појава најпосле јасно не покажува дека религијата не е ништо друго туку сензуализам, дека материјализмот може смело да претендира на истото потекло како и самата света догма?" Стр. 97.

Господин Грин самозадоволно ce загледува околу себеси: „Дали веќе некој мислел за тоа? Тој никогаш не би „мислел за тоа за на тоа да не мислеле" веќе „Hallische Jahrbücher" кога стануваше збор за романтичарите. 60 Впрочем, човек би можел да ce понадева дека од тоа време господин Грин отишол натаму во таа своја размисла.

Како што веќе видовме, господин Грин не знае ништо за целата економска критика што ja дадоа сенсимонистите. Меѓутоа, тој го користи Анфантена да рече некој збор и за економските консеквенции на Сен-Симон за кои веќе погоре предеше приказни. Тој, имено, наоѓа кај Ребо стр. 129 и следните и кај Штајн, стр. 206, изводи од „Политичката економија" на Анфантен, но и тука фалсификува на тој начин што укинувањето на даноците на најнужните животни потреби, кои Ребо и Штајн, според Анфантен, правилно ги прикажуваат како консеквенција на предлогот за правото на наследство, го претвора во мерка независна од тие предлози, мерка која има исто значење како и тие мерки. Тој ja докажува својата оригиналност и со тоа што го фалсификува хронолошкиот ред, што зборува прво за свештеникот Анфантен и за Менилмонтан 61, a потем за економистот Анфантен, додека неговите претходници економијата на Анфантен во периодот на Базар ja обработуваат истовремено со весникот „Le Globe" за кој таа и е пишувана.62 Додека тој тука периодот на Базар го внесува во периодот на Менилмонтан, подоцна, кога зборува за економијата и за М. Шевалие, тој пак го внесува периодот на Менилмонтан. Повод за тоа му дава книгата „Le livre nouveau" 63 и, како и обично, тој претпоставката на Ребо дека М. Шевалие е автор на овој труд ja претвора во категоричко тврдење.

Сега господин Грин го прикажа сенсимонизмот „во сета негова целина" (стр. 82). Го одржа своето ветување „дека нема критички да го проследува низ неговата литература" (истото) и затоа крајно некритички ce заплете во сосема друга „литература", во Штајн и Ребо. Во надомест за тоа ни дава некои објаснувања за економските предавања на М. Шевалие од 1841/42, кога овој веќе одамна престана да биде сенсимонист. Господин Грин, имено, во времето кога пишуваше за сенсимонизмот ja имаше пред себе критиката на овие предавања во „Revue des deux Mondes" која знаеше да ja искористи на ист начин на кој дотогаш ги користеше Штајн и Ребо. Ќе приведеме само еден доказ за неговиот критички увид во работата:

„Тука тој тврди дека не ce произведува достатно. Тие зборови ce сосема достојни на старата економска школа со нејзината 'рѓосана едноставност... Cè додека политичката економија не види дека производството е зависно од потрошувачката, дотогаш оваа таканаречена наука нема да има успех." Стр. 102.

Гледаме колку високо стои господин Грин над секое економско дело со своите фрази за потрошувачката и производството кои ги наследи од „вистинскиот социјализам". Да не зборуваме за тоа дека тој може кај секој економист да најде оти понудата зависи од побарувачката, т.е. производството од потрошувачката; во Франција постои дури и една одделна школа, школата на Сисмонди, која настојува производството да го доведе во зависност од потрошувачката на начин различен од оној на кој и без тоа го прави слободната конкуренција, школа која ce наоѓа во најрешавачка спротивност со економистите што ги напаѓа господин Грин. Впрочем, дури подоцна ќе видиме дека господин Грин успешно лихвари со доверениот му капитал — со единството на производството и потрошувачката.

За досадата што господин Грин ja предизвика кај читателот со своите разводнети, фалсификувани фрази израсипани од извадоци на Штајн и Ребо, тој го наградува него со следниов свој хуманистичко-усвитен и социјалистички расцветан огномет:

Целиот сенсимонизам како општествен систем не беше ништо друго туку пороен дожд од мисли што еден благодетен облак го излеал над Франција" (порано, на стр. 82, 83 „светлосна маса, но уште како светлосен хаос" (!) „а не како средено светло"!). „Тој беше една театарска претстава со наедно најпотресно и највесело дејствие. Писателот умре уште пред изведбата, едниот режисер за време на претставата; другите режисери и сите актери ги соблекле своите костими, ги наденале своите граѓански облеки, ce растуриле по куќите и ce направиле како ништо да не ce случило. Беше тоа претстава интересна, на крајот малку збркана, некои автори шаржираа и тоа беше cè". Стр. 104.

Како точно ги оцени Хајне своите подражаватели.„Посеав заби од ламја, a жнеев болви".