Карл Маркс Фридрих Енгелс

Германска идеологија


Б. ВИСТИНСКАТА БАЗА НА ИДЕОЛОГИЈАТА

1. Општењето и производната сила

Најголемата поделба на материјалниот и духовниот труд претставува одделување на градот од селото. Спротивноста меѓу градот и селото почнува паралелно со преминот од варварството кон цивилизацијата, од племенската организација кон државата, од локалната ограниченост кон нацијата и се провлекува низ сета историја на цивилизацијата се до денешен ден (Anti-cornlaw league) (Лига против законот за житото. — Прев.) Заедно со градот се појавува и нужноста од администрација, полиција, даноци итн. со еден збор од општинска организација, а со тоа и од политиката воопшто. Овде за првпат се појави поделбата на населението на две големи класи која се засновува директно врз поделбата на трудот и врз орудијата за производство. Веќе самиот град претставува факт на концентрацијата на населението, на орудијата за производство, капиталот, уживањата, потребите, додека во селото се забележува токму спротивниот факт, изолираност и расцепканост. Спротивноста меѓу градот и селото може да постои само во рамките на приватната сопственост. Таа спротивност претставува најцелосен израз на подреденоста на индивидуата врз поделбата на трудот и на една нејзе натрапена дејност, подреденост која едниот го претвора во ограничено градско животно, а другиот во ограничено селско животно, така што секојдневно одново ја раѓа спротивноста меѓу нивните интереси. Трудот овде повторно е она најглавното, сила над индивидуите и додека таа постои мора да постои и приватната сопственост. Укинувањето на спротивноста меѓу градот и селото претставува еден од првите услови на заедницата, услов кој, повторно, зависи од множество материјални претпоставки и кој не може да се оствари само со волјата што може да се види веќе на прв поглед (Овие услови треба уште поблизу да се опишат). Одделувањето на градот од селото може да се сфати и како одделување на капиталот и земјишната сопственост, како почеток на постоењето и развитокот на капиталот независен од земјишната сопственост, како почеток на сопственоста чија основа единствено е во трудот и размената.

Во градовите што средниот век не ги доби во наследство од поранешната историја во готов вид, а кои одново беа образувани од ослободените крепосници, единствената сопственост на секоја индивидуа — до колку не се смета малиот капитал што тој го донесол со себеси и кој речиси целиот се состоел речиси исклучиво од најнеопходните занаетчиски алати — беше неговиот посебен труд. Конкуренцијата на крепосниците кои постојано бегаа по градовите, непрекинатата војна на селото против градот, а со тоа и нужноста од постоење на една организирана градска воена сила, поврзаноста на заедничката сопственост за еден определен труд, нужноста од постоење на заеднички згради за продажба на нивната стока во времето кога занаетчиите беа истовремено и commergants (трговци. — Прев.), и со тоа поврзаната забрана на пристап на надворешни лица во таа зграда, меѓусебната спротивност на интересите на одделните занаети, нужноста од заштита на занаетот изучен со мака, и феудалната организација на целата земја, — ете такви беа приликите за обединување на работниците од секој одделен занает во цехови. Овде ние не мораме поподробно да навлегуваме во многубројните модификации на еснафската организација кои беа последица од подоцнежниот историски развиток. До бегството на крепосниците во градовите доаѓаше непрекинато во текот на целиот среден век. Тие крепосници што на село ги прогонуваа нивните господари, доаѓаа во градовите единечно каде што наидуваа на организираната општина против која беа немоќни и во рамките на која тие мораа да заземат положба која ce определуваше од нуждата на нивниот труд и од интересите на нивните организирани градски конкуренти. Тие работници кои доаѓаа единечно никогаш не можеле да станат сила, бидејќи до колку нивниот труд беше цеховски и изискуваше учење, цеховските мајстори ги потчинуваа на себеси и ги организираа сообразно со својот интерес; или до колку за нивниот труд не беше нужно да ce учи и отаде тој не беше цеховски, туку надничарски, тие никогаш не успеаја да ce организираат и останаа неорганизиран плебс. Нуждата на градовите од надничарска работа го создаде плебсот.

Тие градови беа вистински „сојузи", настанати од непосредните потреби, од грижата за заштита на сопственоста и од зголемувањето на средствата за производство и на средствата за заштита на одделните членови. Плебсот во тие градови беше лишен од секоја моќ, бидејќи ce состоеше од индивидуи кои си беа туѓи едни на други и кои доаѓаа во градовите единечно и неорганизирано стоеја наспроти една организирана, војнички подготвена сила која ревносно ги контролираше. Калфите и чираците беа во секој занает организирани онака како што најдобро им соодветствуваше на интересите на мајсторите; [тие, пак, беа меѓусебно поделени на тој начин што калфите на различните мајстори беа едни наспроти други во еден ист занает]; нивниот патријархален однос спрема мајсторите им даваше на мајсторите двократна моќ, од една страна, во нивното директно влијание врз целиот живот на калфите, a потем и поради тоа што за калфите кои работеа кај истиот мајстор тој однос беше вистинска врска која нив меѓусебно ги поврзуваше наспроти калфите на другите мајстори и ги одделуваше од нив; и најпосле, калфите за постојниот поредок ги врзуваше веќе и самата нивна заинтересираност и самите тие да станат мајстори. Отаде, додека плебсот барем креваше бунтови против целиот градски поредок, кои, впрочем, не доведоа до никаков резултат поради немоќта на тој плебс, калфите даваа само незабележлив отпор во рамките на одделните цехови, отпор нераскинливо поврзан со самата егзистенција на цеховската организација. Сите големи востанија на средниот век потекнуваа од селото, но и тие поради распокинатоста и примитивизмот на селаните кој е последица на таа распокинатост, немаа успех.

Капиталот во тие градови беше природно настанат капитал кој ce состоеше од стан, занаетчиски алат и природно здобиените, наследени клиенти, и поради неразвиеното општење и недоволниот промет тој како нереализиран мораше да ce пренесува во наследство од таткото врз синот. Тој капитал не беше, како што е случајот со модерниот, капитал кој ce проценува во пари, кај кои не е важно во кои предмети лежат, туку тоа беше капитал непосредно поврзан со определениот труд на сопствениците, сосема неделив од тој труд и до толку сталешки капитал.

Поделбата на трудот и во градовите меѓу одделните цехови беше уште понезначителна, a во самите цехови меѓу одделни работници таа воопшто не беше реализирана. Секој работник мораше да биде подготвен за цела редица работи, мораше да знае да работи cè што можеше да ce работи со неговиот алат; ограниченото општење и слабата меѓусебна поврзаност на одделните градови, недостатниот број жители и ограниченоста на потребите, ja оневозможуваше натамошната поделба на трудот, та отаде секој кој сакаше да стане мајстор мораше во целост да го овладее својот занает. Поради тоа кај средновековните занаетчии може да ce најде и заинтересираност за нивната специјална работа и за завладување со таа вештина, заинтересираност која можеше да достигне определен степен на уметничкиот вкус. Отаде и секој средновековен занаетчија сосем и ce предаваше на својата работа, спрема неа ce однесуваше со ропска потчинетост која му беше пријатна, и и' беше многу повеќе потчинет отколку што е тоа кај современиот работник, кој рамнодушно ce однесува спрема својата работа.

Следниот чекор во поделбата на трудот беше одделувањето на производството од општењето, образувањето на одделна класа трговци — одделување кое е пренесено заедно со градовите наследени од поранешните историски времиња (меѓу другото и со Евреите) набргу ce појави во новоформираните градови. Со ова ce создаде можноста да ce воспостават трговски врски кои ги надминуваат рамките на најблиската околина, можност чие остварување зависеше од постојните средства за комуникација, од состојбата на јавната безбедност надвор од градот каква што ja условувале политичките околности (како што е познато во целиот среден век трговците ce движеле во вооружени каравани), и од примитивните или развиените потреби на подрачјата пристапни за општење, што беше условено од соодветниот степен на културата.

Паралелно со воспоставувањето на општењето во една одделна класа, паралелно со ширењето на трговијата која трговците ja пренесуваа надвор од границите на најблиската градска околина, ce појавува и заемното дејство меѓу производството и општењето. Градовите стапуваат во меѓусебна врска, [излегуваат од својата изолираност,] новите алати ce пренесуваат од еден град во друг и поделбата меѓу производството и општењето набргу предизвикува нова поделба на производството меѓу одделните градови од кои секој набргу почнува да користи предимно една гранка од индустријата. Постепено почнува да исчезнува првобитната локална ограниченост.

Само од развитокот на општењето зависи дали за натамошниот развиток ќе ce зачуваат производните сили, a особено откритијата до кои ce дојде во некои локални рамки. Cè додека не постои општење кое ги преминува границите нa непосредното соседство, секое откритие мора да ce прави одделно во секое место и достатен е едноставниот случај, како што ce упаѓањата на варварските народи или дури обичните војни, па да ja принудат земјата со развиени производни сили и потреби ce да почне одново. Во почетокот на историскиот развиток секое откритие морало да ce прави одново секој ден и во секое место независно од другите места. Колку развиените производни сили, дури и во условите на сразмерно многу развиена трговија, ce малку заштитени од своето целосно пропаѓање, докажуваат Феникијците [и сликањето на стакло во средниот век] чии откритија во својот најголем дел за долго беа изгубени поради потиснувањето на оваа нација од трговијата, поради освојувањата на Александар и поради сломот кој дојде како последица на тоа. Ист случајот, на пр., и со сликањето на стакло во средниот век. Дури кога општењето стана општење во светски размери и кога крупната индустрија му стана основа, дури кога сите нации ce вовлечени во конкурентска борба, дури тогаш е обезбедено зачувувањето на создадените производни сили.

Првата последица од поделбата на трудот меѓу различните градови беше настанувањето на мануфактурата, производни гранки кои ги надминаа рамките на цеховската организација. Историска претпоставка на првиот расцут на мануфактурата во Италија, a подоцна и во Фландрија, беше општењето со нациите надвор од земјата. Во другите земји — на пр. во Англија и Франција — мануфактурите ce ограничуваа на почетокот на внатрешниот пазар. Освен наведените претпоставки, мануфактурите претпоставуваа и веќе посилна концентрација на населението, особено на село, и на капиталот кој почнуваше да ce натрупува во рацете на поединци делумно во цеховите наспроти цеховските закони, a делумно кај трговците.

Оној труд кој од самиот почеток изискуваше машина, макар и во најпримитивна форма, ce покажа многу бргу како најспособен за натамошен развиток. Ткаењето со кое дотогаш патем ce занимаваа селаните во селата за да си ja подготват потребната облека, беше првиот труд кој, благодарение на распространувањето на општењето, доби поттик за својот натамошен развиток. Ткаењето беше првата и остана најглавната мануфактура. Побарувачката на материјали за облека, која растеше паралелно со порастот на населението, акумулацијата и мобилизацијата на природно настанатиот капитал која започна благодарение на забрзаниот промет, потребата од луксузни предмети, предизвикана со ова и воопшто стимулирана со постепеното ширење на општењето — сево ова му даде на ткаењето поттик и во квантитативна н во квалитативна смисла, поттик што го извлече од дотогашната форма на производство. Покрај селаните кои ткаеја за свои потреби и кои продолжија со оваа работа cè до денес, ce појави во градовите нова класа на ткајачи чии ткаенини биле определени за целокупниот домашен пазар, a во поголем дел и за странскиот пазар.

Ткајачката работа која во повеќето случаи бараше само малку умеење и набргу ce распадна на голем број гранки, со сета своја природа и ce противеше на цеховската природа. Поради тоа ткајачкиот занает во повеќето случаи ce одвиваше без цеховска организација во селата и паланките кои постепено ce развиваа во градови, бргу станувајќи најразвиени градови во секоја земја.

Со појавата на мануфактурата ослободена од цеховските пранги ce изменија и односите на сопственост. Првиот чекор од природно настанатиот сталешки капитал ja овозможи појавата на трговците чиј капитал во почетокот беше подвижен, капитал во модерна смисла, до колку за тоа воопшто може да станува збор во тогашните околности. Вториот чекор е направен со појавата на мануфактурата која, од своја страна, ja мобилизира масата од природно настанатиот капитал и воопшто ja наголеми масата на подвижниот капитал во споредба со масата на природно настанатиот капитал.

Мануфактурата наедно стана и засолниште на селаните од цеховите кои не ги примале или слабо ги плаќале, како што порано цеховските градови им служеле на селаните за засолништа од земјоделците.

Едновремено со почетоците на мануфактурата почна и периодот на скитничењето, предизвикан од отстранувањето на феудалните дружини, од распуштањето на војските кои беа собирани од секакви збиралишта и им служеа на кралевите за борба против нивните вазали, од усовршувањето на земјоделството и од претворањето на големи пространства обработлива земја во пасишта. Одовде веќе ce гледа дека ова скитничење било непосредно поврзано со распаѓањето на феудализмот. Веќе во XIII век имаше одделни такви периоди, но како општа и трајна појава скитничењето ce јавува дури кон крајот на XV и во почетокот на XVI век. Овие скитници кои ги имало во толкав голем број што само англискиот владетел Хенри VIII наредил да ce обесат 72.000, можело да бидат принудени да работат само со најголема мака, дури кога биле на тоа натерани од крајна нужда и дури откако ќе ce совладал нивниот долготраен отпор. Брзиот расцут на мануфактурата, особено во Англија, постепено ги апсорбираше.

Со појавата на мануфактурата различните нации почнуваат да cи конкурираат, влегуваат во трговска борба која е водена во вид на војни, на заштитни царини и прохибиции, додека порано нациите, до колку биле меѓусебно поврзани, воделе меѓу себеси мирна размена. Трговијата од тој час доби политичко значење.

Со појавата на мануфактурата ce измени истовремено и односот на работникот спрема работодавецот. Во цеховите меѓу калфите и мајсторот постоеле патријархални односи; a во мануфактурата овие односи беа заменети од паричните односи и меѓу работниците и капиталистот, додека во селата и во малите градови тие односи продолжија да имаат патријархален карактер, во големите, во вистинските мануфактурни градови уште многу рано тие ja загубија секоја трага.

Мануфактурата и воопшто напредокот на производството добија огромен подем со ширењето на општењето до кое дојде со откривањето на Америка и на морскиот пат за Источна Индија. Новите оттаму увезени производи, особено големите количества злато и сребро што влегоа во промет, кои целосно го изменија меѓусебниот однос на класите и на феудалната земјишна сопственост и на работниците им зададоа силен удар, авантуристичките походи, колонизацијата и пред cè прераснувањето на пазарите во светски пазар, што сега стана можно и од ден на денcè поизразито, — сето тоа отвори нова фаза на историскиот развиток за која овде воопшто не треба натаму да ce зборува. Со колонизацијата на новооткриените земји трговската борба меѓу нациите доби нова храна и во согласност со тоа стана поширока и пожестока.

Ширењето на трговијата и мануфактурата ja забрза акумулацијата на подвижниот капитал, додека во цеховите кои беа недостатно стимулирани за проширување на производството, природно настанатиот капитал остануваше стабилен или дури ce намалуваше. Трговијата и мануфактурата ja создадоа крупната буржоазија, во цеховите ce концентрира ситната буржоазија, која сега, за разлика од порано, веќе не владееше во градовите, туку мораше да ce покори пред власта на крупните трговци и сопствениците на мануфактурите. Отаде и пропаѓањето на цеховите штом дојдоа во допир со мануфактурата.

Во епохата за која зборувавме, односите меѓу нациите заземаат две различни форми. Во почетокот малото количество злато и сребро во прометот доведе до забрана на извозот на тие метали; a индустријата која стана неопходна поради вработувањето на cè поголемиот број градско население и која во повеќето случаи беше увезена од странство, не можеше да биде без привилегии, кои, ce разбира, можеа да ce даваат во борбата не само против внатрешната, туку, главно, против странската конкуренција. Со помошта на тие првобитни прохибиции локалната цеховска привилегија ce прошири врз целата нација. Царините ce развија од давачките што феудалците им ги наметнуваа на трговците кои минуваа низ нивното подрачје, како откуп да не бидат ограбени, од давачките кои подоцна ги наметнуваа и градовите и кои во времето на никнувањето на модерните држави беа за државната благајна најлесно средство да добие пари.

Појавата на американското злато и сребро на европските пазари, постепениот развиток на индустријата, брзиот подем на трговијата и со тоа условениот расцут на нецеховската буржоазија и на парите, им дадоа на тие мерки друго значење. Државата која од ден на ден cè помалку можеше без пари, од фискални причини ja зачува забраната на извозот на злато и сребро; буржуите, за кои овие количества пари повторно фрлени на пазарот станаа главен предмет за accaparement (приграбување. — Прев.), беа целосно задоволни; дотогашните привилегии станаа извор на приход за владата и ce продаваа за пари; во царинското законодавство ce појавија извозни царини кои имаа чисто фискална цел, додека за развитокот на индустријата претставуваа само пречка.

Вториот период настапи од средината на седумнаесеттиот век и траеше скоро до крајот на осумнаесеттиот. Трговијата и бродарството ce развиваа побргу отколку мануфактурата која играла второстепена улога, колониите стануваа големи потрошувачи, одделните нации го делеа во долготрајни борби светскиот пазар кој ce отвораше. Овој период започнува со законите за морепловството и колонијалните монополи. Конкуренцијата меѓу нациите е отстранувана во колку што е можно поголема мера со тарифи, прохибиции, договори; а, во крајна линија, конкурентската борба ce водеше и решаваше со војни (особено поморски). Најмоќната нација на море, Англија, ja зачува превласта во трговијата и мануфактурата. Веќе тука постои концентрација на една земја.

Мануфактурата постојано беше заштитувана со заштитни царини на домашниот пазар, со монополи на колонијалниот пазар, a на надворешниот во најголема можна мера со диференцијални царини. Стимулирана е обработката на материјалот произведен во самата земја (волна и платно во Англија, свила во Франција), забрануван е извозот на суровина произведена во самата земја (волната во Англија), a ce занемаруваше или ce забрануваше извозот на (обработката) на увозните суровини (памукот во Англија). Онаа нација што доминираше во поморската трговија и која беше најголема колонијална сила си обезбеди себеси, ce разбира, и — во квантитативна и во квалитативна смисла — најинтензивен развиток на мануфактурата. Мануфактурата воопшто не можеше да опстане без заштита, бидејќи и најмалата промена во другите земји можеше да доведе до тоа таа да го изгуби својот пазар и да биде упропастена; таа можеше лесно да биде воведена во која било земја во колку-толку поволни услови и токму поради тоа беше лесно да биде уништена. Истовремено, благодарение на начинот на кој таа беше вршена, особено во XVIII век на село, таа во таква мера ce слеа со условите за живот на голем број индивидуи, што ниту една земја не ce осмелувала нејзиното постоење да го доведе во прашање дозволувајќи слободна конкуренција. Токму затоа мануфактурата, до колку успее да ги извезува своите производи, сосем зависи од ширењето или ограничувањето на трговијата и има сразмерно многу малку обратно дејство врз неа. Со тоа ce објаснува нејзиното второстепено значење, a исто така и влијанието на трговците во XVIII век. Трговците, a особено сопствениците на бродови, најмногу настојуваа, пред cè, на државната заштита и на монополите, сопствениците на мануфактурите, навистина, бараа и добиваа заштита, но политичкото значење секогаш им го отстапуваа на трговците. Трговските градови, особено поморските градови, достигнаа извесен степен на цивилизираност и добија крупнобуржоаски карактер, додека во фабричките градови и натаму остана најголемата малограѓанштина. Сп. Ејкин итн. Осумнаесеттиот век беше век на трговијата. Пинто тоа децидирано и го вели: „Le commerce fait la marotte du siècle" (Трговијата е манија на овој век) И: „depuis quelque temps il n'est plus question que de commerce, de navigation et de marine" (од пред извесно време ce зборува уште само за трговија, морепловство и морнарица. — Прев.).

Иако движењето на капиталот беше значително забрзано, сепак тоа и натаму остана сразмерно бавно. Раздробувањето на светскиот пазар на одделни делови од кои секој дел го експлоатираше одделна нација, отфрлањето на конкуренцијата меѓу нациите, неопитноста на самото производство и неразвиеноста на паричниот систем кој одвај го беше минал првиот степен на развиток, — многу го сопираше прометот. Последица на тоа беше цеховскиот, гнасно-ситничарски дух кој cè уште им беше својствен на сите трговци и на целокупниот начин на трговија. Во споредба со сопствениците на мануфактурите, a особено со занаетчиите, тие, секако, беа големи граѓани, буржуи, a во споредба со трговците и индустријалците од периодот што доаѓаше останаа малограѓани. Сп. А. Смит. 21

Овој период ce карактеризира и со укинувањето на забраната на извоз на злато и сребро, со појавата на менувачниците, на банките, државните долгови, книжните пари, со шпекулацијата со акциите и државните хартии, со ажиотаж (фр. берзанско лихварење - АА) на сите стоки и со развитокот на паричниот систем воопшто. Капиталот повторно загуби многу од својот првобитен природен карактер со кој cè уште е поврзан.

Концентрацијата на трговијата и мануфактурата во една земја, во Англија, концентрација која во XVII век незапирливо ce развиваше, го создаде за оваа земја постепено нејзиниот светски пазар, a co тоа и побарувачката за мануфактурните производи на оваа земја која веќе не можеше да ce задоволи со дотогашните индустриски производни сили. Оваа побарувачка која ги надрасна производните сили претставуваше движечка сила која доведе до третиот период во развитокот на приватната сопственост, почнувајќи од средниот век, создавајќи ja крупната индустрија — примената на природните елементарни сили за индустриски цели, машинското производство и најшироката поделба на трудот. Другите услови на таа нова фаза — слободата на конкуренцијата во границите на земјата, создавањето на теоретската механика (механиката која беше завршена од Њутн, беше воопшто најпопуларната наука во Франција и Англија во XVIII век) итн. — веќе постоеја во Англија. (Слободата на конкуренцијата во границите на земјата беше нужно насекаде да се извојува со револуција — во 1640 и 1688 г. во Англија, во 1789 во Франција). Набргу конкуренцијата ja натера секоја земја која сакаше да ja зачува својата историска улога, да ги заштити своите мануфактури со нови царински мерки (старите царини веќе не можеа да помогнат во борбата против крупната индустрија и набргу потем да ja воведе крупната индустрија во условите на заштитни царини. Крупната индустрија, наспроти тие заштитни средства, ja направи конкуренцијата универзална (таа е слобода на трговијата во практика, a заштитната царина е во неа само палијатив, отпор во рамките на слободата на трговијата), ги воспостави средствата за комуникација и модерниот светски пазар [создавајќи брз промет и концентрација на капиталот], ja потчини трговијата, го претвори целиот капитал во индустриски капитал и на тој начин создаде брз промет (развиениот паричен систем) и централизација на капиталот. Со универзалната конкуренција таа ги принуди сите индивидуи докрај да ja напрегнат сета своја енергија. Таму каде што беше можно, таа ги уништи идеологијата, религијата, моралот итн., a таму каде што тоа не можеше да го стори ги претвори нив во очигледна лага. Таа тукушто ja создаде светската историја со тоа што секоја цивилизирана нација и секоја индивидуа во неа во задоволувањето на нејзините потреби ja направи зависна од целиот свет и со тоа што ja отстрани дотогашната спонтано настаната исклучителност на одделните нации. Таа му потчини природна наука на капиталот и на поделбата на трудот и и' одзеде и последните траги на нејзиниот природен карактер. Таа ja уништи воопшто спонтаноста, доколку тоа во рамките на трудот е можно, и ги преобрна сите спонтано настанати односи во парични односи. Таа наместо спонтано настанатите градови создаде модерни, големи индустриски градови кои настанаа преку ноќ. Каде и да навлезеше, го уништи занаетчиството и воопшто сите поранешни степени во развитокот на индустријата. Таа ja приврши победата на градот над селото. [Нејзината прва претпоставка е автоматскиот систем. Нејзиниот развиток создаде маса производни сили за кои приватната сопственост] (Во заградениов текст е извршена реконструкција, бидејќи ракописот е оштетен. — Ред.) ce претвори во пранги исто како што цехот беше за мануфактурата, a ситната селска работилница за занаетот во периодот на неговиот развиток. Во условите на приватната сопственост овие производни сили ce развиваат само еднострано со тоа што за мнозинството стануваат разурнувачки сили, a множество производни сили воопшто не можат да најдат примена во приватната сопственост. Крупната индустрија воопшто насекаде создаде исти односи меѓу класите на општеството и со тоа ги уништи особеностите на одделните националности. И најпосле, додека буржоазијата на секоја нација уште ги чува своите посебни национални интереси, крупната индустрија создаде класа која во сите нации има ист интерес и кај која националноста е веќе уништена, класа која ce откина од сиот стар свет и која истовремено му ce спротивстави. Крупната индустрија му го направи на работникот не само неподнослив односот спрема капиталистот, туку и самиот труд.

Ce разбира, крупната индустрија [во сите земји] не постои развиена на, еднакво рамниште во сите места на една земја. Меѓутоа, ова не го забавува класното движење на пролетаријатот, бидејќи на чело на тоа движење стапуваат пролетерите создадени од крупната индустрија, повлекувајќи ja по себе другата маса, бидејќи работниците исклучени од крупната индустрија оваа индустрија ги доведува до уште потешки услови за живот, отколку работниците од самата крупна индустрија. Исто така оние земји во кои е развиена крупната индустрија влијаат plus ou moins (повеќе или помалку. — Прев) врз неиндустриската земја, до колку овие благодарејќи му на светското општење ce вовлечени во универзалната конкурентска борба.

Тие различни форми ce исто така форми на организацијата на трудот, a co тоа и на приватната сопственост. Во секој период доаѓаше до обединување на постојните производни сили, до колку, ce разбира, потребите го правеа тоа обединување неопходно.

*

Противречноста меѓу производните сили и формите на општење, која, како што видовме, повеќе пати веќе ce појавила во историјата, а, притоа, сепак не ги загрози нејзините основи, нужно секогаш ce распламтувала во револуција, добивајќи притоа како тоталитет на колизиите, истовремено и различни споредни форми, како што ce колизиите на различни класи, противречноста на свеста, идејната борба итн., политичката борба итн. Ако ce набљудува од едно ограничено становиште, можно е да ce извлече една од тие споредни форми и да ce набљудува како основа на тие револуции, a тоа е до толку полесно да ce стори што индивидуите од кои потекнуваат револуциите си создаваат себеси илузии за сопствената дејност. во зависност од својот степен на образование и од степенот на историскиот развиток.

Отаде, според нашево сфаќање, изворот на сите колизии во историјата ce наоѓа во противречноста меѓу производните сили и формите на општење. Впрочем, за во некоја земја таа противречност да доведе до колизија не мора во самата таа земја да ce заостри докрај. Конкуренцијата со индустриски развиените земји, предизвикана од ширењето на меѓународното општење, е достатна во земјите со помалку развиена индустрија да создаде слична противречност (на пр., латентниот пролетаријат во Германија ce појави благодарение на конкуренцијата на англиската индустрија).

*

Конкуренцијата меѓусебно ги изолира индивидуите, не само буржуите, туку уште повеќе и пролетерите, и покрај тоа што ги зближува. Отаде, ќе протече многу време пред индивидуите да станат способни да ce обединат, a и да не зборуваме за тоа дека за ова обединување, до колку тоа треба да биде пошироко од чисто локалното, крупната индустрија треба допрва да создаде потребни средства: Крупни индустриски градови и евтини и брзи комуникации; отаде секоја организирана сила, спротивставена на тие изолирани индивидуи кои живеат во вакви односи што секојдневно ja репродуцираат таа изолација, е можно да ce победи дури по долги борби. Да ce сака спротивното би значело истото како и да ce сака конкуренцијата да не постои во таа определена историска епоха, или пак индивидуите да ги елиминираат оние односи над кои немаат никаква контрола поради тоа што ce изолирани.

*

Градењето куќи. Кај дивјаците само по себе е разбирливо секое семејство да има своја сопствена пештера или колиба, како што кај номадите постои одделен шатор за секое семејство. Натамошниот развиток на приватната сопственост го прави уште понеопходно ова одделно домаќинство. Кај земјоделските народи заедничкото домаќинство е исто толку неможно колку што и заедничката обработка на земјата. Голем чекор напред беше изградбата на градовите. Но во сите досегашни периоди од укинувањето на одделното стопанство кое не може да ce оддели од укинувањето на приватната сопственост, не беше можно веќе и поради тоа што за тоа не постоеја материјални услови. Воспоставувањето заедничко домаќинство претпоставува развиток на машини, користење природни сили и многу други производни сили, на пр., водоводот, гасното осветлување, парното греење итн., укинување на спротивноста меѓу градот и селото. Без овие услови заедничкото стопанство не би можело од своја страна да биде нова производна сила, би било лишено од секоја материјална основа, засновано врз чиста теоретска база, т.е. би било чиста фантазија и би довело само до манастирско стопанство. — Она што било можно ce покажува во слевањето во градовите и во изградбата на заеднички згради за одделни определени цели (затвори, касарни итн.). Само по себе е разбирливо дека укинувањето на одделеното стопанство не може да ce оддели од укинувањето на семејството.

(Становиштето на кое често ce наидува кај свети Макс дека секој станува cè што е, благодарение на државата, во основата е идентично на становиштето дека буржујот е само образец на родот на буржуите, ова становиште претпоставува дека класата на буржуите постоела уште пред постоењето на индивидуите која неа ja сочинуваат) [Прапостоењето на класата кај филозофите.].

Граѓаните на секој град беа во средниот век принудени да ce обединуваат против селското благородништво за да ja зачуваат својата кожа; ширењето на трговијата и воспоставувањето на комуникациите доведоа до тоа некои градови да ги запознаат другите кои во борбата со истиот противник ги бранеа истите интереси. [што доведе до обединувањето на поголем број градови чија основа лежи во идентичноста на интересите во однос на феудалците]. Од многуте локални граѓански групи на поделените градови постепено настана граѓанската класа. Условите за живот на одделните граѓани, благодарение [на обединувањето на оние поделените во заеднички услови на егзистенцијата на една класа] и на тоа што претставуваа спротивност на постојните односи и, благодарение на начинот на работа условена со тоа, станаа истовремено услови кои за сите нив беа заеднички и од секој поединец независни. Граѓаните ги создадоа тие услови до колку ce ослободуваа од феудалните спојници, a создадени ce co овие услови до колку биле условени од нивната спротивност спрема феудализмот кој го затекоа. Со воспоставувањето врска меѓу одделните градови, тие заеднички услови ce развија во класни услови. Истиве услови, истава спротивност, истиве интереси, ce на ce, исто така насекаде нужно создаваа исти обичаи. Самата буржоазија ce развива постепено и дури паралелно со своите услови, a во зависност од поделбата та трудот ce распаѓа повторно на различни фракции, и, најпосле, сите имашливи класи кои пред неа постоеја ги апсорбира [Таа најпрвин ги апсорбира оние гранки на трудот што непосредно и припаѓаат на државата, потем сите = (повеќе или помалку) идеолошки сталежи] во онаа мера во која сета постојна сопственост ce преобразува во индустриски или трговски капитал (додека мнозинството од затечената класа без имот и еден дел од дотогаш имашливите класи ги преобразува во нова класа, пролетаријатот). Одделните индивидуи прават класа само до толку до колку мораат заеднички да водат борба против некоја друга класа; инаку, тие заемно ce однесуваат меѓу себеси непријателски, како конкуренти. Од друга, пак, страна, класата ce осамостојува во однос на индивидуите, така што тие наидуваат на веќе однапред определените услови на својот живот; класата им ja определува општествената положба, a co тоа и нивниот личен развиток; тие и ce потчинуваат. Оваа појава претставува исто што и подредување на одделните индивидуи на поделбата на трудот и таа може да ce отстрани само со укинување на приватната сопственост и на самиот труд. Веќе повеќе пати укажувавме на тоа дека ова подредување на индивидуите на класата ce преобразува истовремено во подредување на семожните претстави итн.

Ако филозофски ce набљудува овој развиток на индивидуите во заедничките услови за егзистенција на историската редица сталежи и класи и под општите претпоставки што им ce натурени со тоа, — тогаш е секако лесно да ce вообрази дека во тие индивидуи ce развил родот или човекот, или дека тие го развиле човекот — вообразба што претставува силна шлаканица за историјата. Во таквиот случај овие различни сталежи и класи можат да ce разберат како спецификација на општиот израз, како подвид на родот, како фази во развитокот на човекот.

Ова подредување на индивидуите на определени класи може да ce укине дури откако ќе ce формира класата која веќе не ќе мора да застапува никаков посебен класен интерес наспроти владејачката класа.

*

Преобразбата на личните сили (односи) во предметни преку поделба на трудот не може да ce укине на тој начин што човекот ќе ja отфрли од себеси општата претстава за тоа, туку само на тој начин што индивидуите повторно ќе ги подредат на себеси овие предметни сили и ќе ja укинат поделбата на трудот. Без заедницата и со неа условениот целосно слободен развиток на индивидуата тоа не е можно. Дури во заедницата постојат за секоја индивидуа средства со чија помош таа може сестрано да ги развива своите способности; значи, дури во заедницата е можна личната слобода. Во досегашните сурогати на заедницата, во државата итн., личната слобода постоеше само за оние индивидуи што ce развиваа во условите на владејачката класа и само до колку тие биле индивидуи на таа класа. Привидната заедница во која досега ce обединуваа индивидуите, бидејќи претставуваше здружување на една класа против друга, за подвластената класа не беше само наполно илузорна заедница, туку и нова пранга. Во вистинската заедница индивидуите во своето здружување и со своето здружување ja добиваат и својата слобода.

Индивидуите секогаш тргнуваа од себеси, ce разбира, од себеси во рамките на дадените историски услови и односи, a не од „чистите" индивидуи во онаа смисла во која ja сфаќаат идеолозите. Но, во текот на историскиот развиток и токму благодарение на осамостојувањето на општествените односи, кое е неизбежно во рамките на поделбата на трудот, ce појавува разлика во животите на сите индивидуи, до колку нивниот живот е личен и до колку е потчинет на која и да било гранка на трудот и на условите кои ce во врска со неа. (Ова не треба да ce разбере во таа смисла што, на пр. рентиерот, капиталистот итн. престануваат да бидат личности, туку дека нивната личност е определена и условена од сосем определени класни односи, a разликата ce покажува дури во спротивноста спрема некоја друга класа, a за нив самите дури тогаш кога тие ќе банкротираат). Во сталежот (а уште повеќе во племето) тоа е ce уште прикриено, на пр., благородникот останува секогаш благородник, неблагородникот (roturier) останува секогаш неблагородник, без оглед на неговите други услови, — својство неразделно поврзано со неговата индивидуалност. Разликувањето на личната индивидуа од класната индивидуа, карактерот на случајноста што ги имаат условите на животот за индивидуата, ce јавуваат дури паралелно со појавата на класата која и самата е производ на буржоазијата. Дури конкуренцијата и борбата меѓу индивидуите го paѓa и развива тој карактер на случајност како таков. Отаде и ce мисли дека индивидуите под власта на буржоазијата ce послободни отколку порано, бидејќи за нив нивните услови за живот имаат карактер на случајни, додека во стварноста тие, ce разбира, ce неслободни бидејќи повеќе и ce потчинети на предметната власт. Разликата во однос на сталежот ce покажува особено во спротивноста на буржоазијата спрема пролетаријатот. Кога сталежот на граѓаните, на корпорацијата итн., ce крена против селското благородништво, неговите услови за живот, подвижната сопственост и занаетчиската работа, кои во латентна состојба постоеја уште пред нивното одделување од феудалната структура, ce јавија како нешто позитивно кое е спротивставено на феудалната земјишна сопственост поради што најпрвин повторно зеде своевидна феудална форма. Ce разбира, дека избеганите крепосници ce однесуваа спрема сето дотогашно крепосништво како спрема појава која е случајна за нивната личност. Но во тоа тие го правеа само она што го прави секоја класа која ce ослободува од своите пранги, a потем тие не ce ослободуваа како класа туку единечно. Натаму, тие не ja минуваа границата на сталешкиот систем, туку само формираа нов сталеж задржувајќи го и на новата положба својот дотогашен начин на работа развивајќи го натаму, ослободувајќи го од дотогашните негови пранги кои повеќе не соодветствуваа на веќе достигнатиот степен во неговиот развиток.

Напротив, кај пролетерите нивниот сопствен услов за живот е трудот, a co тоа и сите услови од постоењето на денешното општество станаа за нив нешто случајно, над што пролетерите, секој од нив, немаат контрола и над што никаква општествена организација не може да им даде контрола. Противречноста меѓу [. . . .] (ракописот оштетен. — Ред.) личноста на одделниот пролетер и трудот, тој нему наметнат услов на живот, му станува сега видлива за него, особено затоа што тој е жртва веќе од својата рана младост и затоа што нема можност во рамките на својата класа да добие услови кои ќе му овозможат да мине во друга класа.

NB. Не треба да ce заборави дека веќе неопходноста на крепосниците да постојат и неможноста да постои крупното стопанство што доведе до поделбата allotments (парцели. — Прев.) на крепосниците, мошне бргу ги сведе обврските на крепосниците спрема феудалците просечно на такви давачки во натура и кулукување што тие на крепосникот му овозможија акумулација на приватната сопственост и на тој начин му го олеснуваа бегството од поседот на неговиот господар, му отвораа шанси да напредува како граѓанин, a создаваа и диференцијација меѓу крепосниците, така што избеганите крепосници беа веќе половина граѓани. Притоа, исто така, е јасно дека оние селани-крепосници кои беа способни за некој занает имаа најголеми шанси да ce здобијат со подвижна сопственост.

Значи, додека избеганите крепосници сакаа само слободно да ги развиваат своите постојни услови за егзистенција и да ce афирмираат други да ги признаат, поради што во крајна линија достасаа до слободниот труд, пролетерите мораат, за да бидат признаени како личности, да го укинат својот дотогашен услов за егзистенција кој е истовремено и услов за егзистенција на целокупното дотогашно општество — трудот. Тие, поради тоа, ce во директна спротивност со формата во која индивидуите на општеството го наоѓаа досега својот целосен израз — со државата и мораат да ja урнат неа за да бидат признаени како личности.

*

Од целокупното досегашно изложување произлегува дека [индивидуите кои ce ослободуваа во секоја историска епоха натаму ги развиваа само сопствените веќе постојни ним дадени услови за егзистенција] и дека заедничкиот однос во кој стапуваа индивидуите на една класа, кој беше условен од нивните заеднички интереси во однос на некој трет, секогаш беше заедницата на која тие индивидуи и припаѓаа само како просечни индивидуи, само до колку живееја во условите за егзистенција на својата класа — однос во кој тие не учествуваа како индивидуи, туку како членови на класата. Напротив, кај заедницата на револуционерните пролетери кои ги ставаат под своја контрола условите за својата егзистенција и условите за егзистенцијата на сите членови на општеството, случајот е сосем обратен: во неа индивидуите учествуваат како личности. Токму со здружувањето на индивидуите (ce разбира, под претпоставка да постојат денешните развиени производни сили) ce ставаат под нивна контрола условите на слободниот развиток и движење на индивидуите, услови што дотогаш беа оставени на случајот и кои станаа нешто самостојно во однос на поединечните индивидуи токму со нивното подвојување како индивидуи, со нивното нужно здружување, што е условено од поделбата на трудот, и благодарение на нивното подвојување стана за нив туѓа врска. Досегашното здружување беше само (не во никој случај произволно, како што тоа ce претпоставува во на пр. „Contrat social" 22 туку нужна) спогодба (спореди го на пр. формирањето на северно-американските држави и јужно-американските републики) за тие услови во кои потем на индивидуите им беше дадена можност да ja користат таа случајност. Тоа право во рамките на определени услови непречено да ce користи случајноста е наречувано досега лична слобода. — Ce разбира, тие услови за егзистенција ce само во тој час постојните производни сили и формите на општење.