Устав на Социјалистичка Република Македонија од 1974


Глава XVII

Давање свечена изјава

Член 438

Свечена изјава при стапувањето на должност даваат претседателот и членовите на Претседателството на Социјалистичка Република Македонија и претседателот и судиите на Уставниот суд на Македонија.

Текстот на свечената изјава гласи:

„Изјавувам дека ќе се борам за заштита на суверенитетот и интегритетот на земјата и за остварување на власта на работничката класа и на сите работни луѓе, дека ќе се залагам за остварување на братството и единството и рамноправноста на народите и народностите, за развиток на социјалистичкото самоуправно општество и за остварување на заедничките интереси на работните луѓе и граѓаните на Социјалистичка Република Македонија и на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и дека ќе се придржувам за Уставот на Социјалистичка Република Македонија и Уставот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и законите и совесно и одговорно ќе ја вршам својата должност".

Претседателот и потпретседателите на Собранието на Социјалистичка Република Македонија и претседателите на соборите, претседателот и членовите на Извршниот совет, претседателот и судиите на Врховниот суд на Македонија, републичките секретари и другите републички функционери што ги избира или именува Собранието на Социјалистичка Република Македонија, при стапувањето на должност, даваат свечена изјава во текст што го утврдува Собранието на Социјалистичка Република Македонија.