Напишано: 1936
Извор: Матеја Матевски (ур.), „Десет века на шпанската поезија: антологија“, Македонска академија на науките и уметностите, Скопје, 2004, 525-526 стр.
Техничка обработка: Здравко Савески
Онлајн верзија: ноември 2017
„Земи си пример и гледај ме ти“
Лопе де Вега
Животот што те мачи,
уплавот што ти тежи,
сомнежот што те свил,
земи си пример и гледај ме ти,
зашто никогаш уморен не бев,
ни в уплав ни в сомнеж сум бил.
– Се исправам и гледам:
крв на десната страна.
И на левата, крв.
Тешко е да те следам.
Но пред мене си ти.
Си земам пример и поглед сум впил,
зашто црвена славо, те изгубам ли тебе,
јас ќе сум, црвена славо, тој што се изгубил
Архива за Шпанската граѓанска војна и револуција