Салваторе Енгел-Ди Мауро

Антикомунизмот и стотиците милиони жртви на капитализмот


Првпат објавено: Capitalism Nature Socialism, Vol. 32, Issue 1, 4 May 2021;
Превод: Томислав Захов (од англиски)
Техничка обработка: Томислав Захов
Онлајн верзија: декември 2023


„Капиталистичкото производство, ако го разгледуваме поединечно и ако не ги земаме предвид процесот на циркулација и ексцесите на конкуренцијата, се однесува крајно штедливо со реализираниот и опредметениот труд во стоките. Спротивно на ова, тоа е, во далеку поголема мера од секој друг начин на производство, растурник на луѓе, на жив труд, не само растурник на месо и крв, туку и на нерви и мозок. Всушност само со најстрашното расточување на индивидуалниот развиток се обезбедува и спроведува развитокот на човештвото воопшто во историската епоха, која непосредно `и претходи на епохата од свесно преуредување на човечкото општество.“ (Маркс, Капиталот, том 3, Скопје, 1976, стр. 87.)

Во Соединетите Американски Држави и Канада, како и во земјите-членки на Европската унија (ЕУ), антикомунизмот е во застрашувачки пораст. Неговата главна палка е истовремено фиктивното и клеветничко тврдење дека комунизмот предизвикал сто милиони жртви, привлечна парола сензационализирана преку пропагандна книга од 1997 година насловена како Црната книга на комунизмот (отсега натаму ЦКК)[1]. Тој соодветствува на поновата кампања за мразење на Кина, каде што Комунистичката партија на Кина намерно се поврзува со комунизмот. Оваа неодамнешна, веќе видена, реакција може делумно да ги одразува стравувањата на владејачката класа за зголемената популарност на изворните социјалистички идеи. Ова може да биде позитивен знак. За жал, дури и некои кои се идентификуваат како социјалисти се фаќаат на вообичаената мамка со тоа што упорно негираат какво било потекло од комунизмот. Или, уште полошо, тие самите прифаќаат и користат антикомунистичка реторика.

Овие десничарски и левичарски напади врз комунизмот го потхрануваат враќањето на антикомунизмот во правните рамки на либералните демократии и ги загрозуваат политичките перспективи и личната безбедност на социјалистите од која било провениенција. Антикомунизмот треба да биде исто толку неприфатлив и енергично оспоруван како неукото изедначување на анархизмот со хаос и тероризам.

За да се избегнат недоразбирањата, ставот овде е дека државниот социјализам мора да биде строго критикуван. Може дури и целосно да се отфрли, под услов да се дадат практични алтернативи, а не само да се критикува. Наместо тоа, антикомунизмот постигнува малку повеќе од зајакнување на капиталистичката идеологија и го попречува напредокот на кој било социјалистички проект или политика. Второ, не е демократијата во прашање, туку либералната демократија, една од политичките манифестации на капитализмот.

Освен организирање на контра-движење, кое не е можно со помош на академско списание, постојат важни критики кои можат да се упатат во врска со дефектните дискурси на антикомунизмот кои моментално циркулираат во главните капиталистички земји. Еден од најважните начини на кои интелектуалците од левицата можат да се спротивстават на напорите за дискредитирање на социјализмот е со цитирање на вистински докази, особено кога се шират чудни бројки на жртви во врска со државниот социјализам. Да се оценува државниот социјализам не е целта на статијата, но најмалку што може да се каже е дека има повеќе државно-социјалистички форми, некои одвратни, а некои инспиративни. Меѓу првите примери се СССР под сталинистичката фракција на болшевиците, Северна Кореја под династијата Ким и Албанија под Хоџа. Меѓу инспиративните примери се Куба, Виетнам и Југославија, каде што беа направени големи исчекори од непристојните општествени услови. Дополнително, сите државно-социјалистички системи суштински се променија со текот на времето, во најголем дел на крајот подобрувајќи ја состојбата на повеќето работници со законски права како општа здравствена заштита, гарантирано вработување и домување, општа описменетост и бесплатно образование и политики кои ги поткопуваат патријархалните односи и расизмот. Тие општествени придобивки, за кои тешко се добиени, се сериозно разорени дури и укинати во сите поранешни државно-социјалистички земји. Сепак, тие се историски достигнувања врз кои може да се изградат подобри социјалистички иднини, користејќи критичко и историско разбирање за да се спречи институционална дегенерација, политичка репресија и општа социјална штета.

Овие тврдења се секако дискутабилни, особено во едно вакво списание. Алтернативните или спротивставените ставови и толкувања се и биле добредојдени, дури и ако сегашниот автор критикувал некои од нив. Критиката е добра кога е во солидарност со социјалистичките револуции, но таа мора јасно да биде артикулирана на начини кои не даваат кредибилитет или поддршка на напорите за дискредитирање на социјализмот.

Дека сите такви квалификации треба да се изразат сведочи распространетата и длабоко вкоренета антикомунистичка предрасуда која, кога доаѓа од левицата, завршува со цементирање на буржоаската идеологија каде што сталинизмот ги претставува сите социјалистички струи и е дисциплинирачкиот стап против кооперативизмот, анархо-комунизмот, болшевизмот, советничкиот комунизам, маоизмот, автономизмот и секоја друга социјалистичка струја. Буржоаското тотализирачко сведување на социјализмот на сталинизам и целосното отфрлање на државниот социјализам од страна на многу левичари се комбинираат за да го маскираат огромниот смртоносен ужас односно капитализмот, вклучително и неговата либерално-демократска варијанта.

Во оваа дискусија сакам да го свртам вниманието на фактот дека, од времето на Руската револуција, капиталистичките институции предизвикале близу 158 милиони смртни случаи само преку војна, при што либерално-демократските видови на капитализам придонесуваат со најмалку 56 милиони од тие смртни случаи. Овој монструозен импакт, без преседан во историјата на човештвото, несомнено достигнува уште стотици милиони смртни случаи кога вековните геноциди и ропските системи се земаат предвид и кога се бројат и убиствата во домот, на работа, во затворите и на улиците (вклучително и од полицијата). Бидејќи студиите за нивото на морбидитет поврзан со капиталистичките односи се ретки и ограничени, смртните случаи поврзани со војна обезбедуваат веројатно помалку критикувана група бројки за да се спротивстават на антикомунистичките клевети.

Клевети, декларации и закони против комунизмот

Ако станува збор само за справување со вообичаениот евтин трик со мамки, екстремните тврдења би биле релативно едноставни за отфрлање. Проблемот е што евтиниот трик е широко прифатен како факт во Соединетите Држави и неколку други либерални демократии, чијашто империјална раширеност е глобална. Квази-интелектуалците не можат лесно да се игнорираат или оспорат кога се вооружени со целата тежина на владејачките институции и воените бази во повеќе од сто земји. Веќе со децении, во земји како Индонезија, Иран, Турција и Украина, некој може да биде уапсен и осуден на затвор – или за прикажување комунистички симболи или за ширење комунистичка литература. Се чини дека либералните демократии се обидуваат да ги имитираат овие земји.

Споредувањето на фаталноста на општествените системи не дава морален компас и, политички, се завршува во ќорсокак. Убиството е ужасно и неговото систематско спречување мора да биде цврста основа на секоја форма на социјализам. Сепак, клеветата за „сто милиони жртви“ ги поткрепува новоиздадените закони, резолуции и декларации кои ги таргетираат сите комунисти. Покрај веќе кажаното, клеветата е всадена во свеста на јавноста преку мас-медиумите и поткрепена со енергична поддршка од интелектуалните слуги на капитализмот. Антирасистите треба да имаат причина да бидат загрижени, особено во Соединетите Држави. Како што покажа Џералд Хорн, црнечките комунисти биле дискриминирачки повеќе репресирани (Horne 1986). Расно маргинализираните активисти се секогаш таргетирани, без оглед на политичкото убедување и заедницата на потекло, како дел од моралниот апсолутизам што го карактеризира колонијалниот систем на доселениците (Kovel 1997). Потребно е само малку напор за да се прошири таквото законодавство засновано на клевета на крајот на сите социјалисти.

Соединетите Држави и неколку од нивните неодамна стекнати сателити (како Унгарија и Полска) ја промовираат лагата за „сто милиони жртви на комунизмот“ со голема самоуверена помпа. Во Северна Америка и Европа се поставуваат статуи и се одржуваат церемонии за комеморација на жртвите не на режимите кои постоеле, туку на самата идеја на комунизмот. Во Соединетите Држави, од 1993 година (Public Law 103–199, Section 905), антикомунистичката меморијализација стана дури и законска обврска што треба да се совпадне со годишнината на Руската револуција. На 19 септември 2019 година, Европскиот парламент донесе резолуција со која се осудува комунизмот, поистоветувајќи го со тоталитаризмот, вклучително и нацизмот (European Parliament 2019). Оваа тактика се прошири на слична резолуција од 2009 година, усвоена по прогласувањето во 2008 година за Ден на сеќавање на жртвите на „сталинизмот“ и нацизмот (Ден на црната лента … можеби црна како фашистичките црнокошуљаши!). Поддршка за таквата акција не дојде само од вообичаените десничари, туку и од Зелено-европската слободна алијанса. Оваа акција е дел од една долга кампања на оцрнување и замолчување на комунистите преку очигледно лажни изедначувања и на моменти безобразни фалсификации на историјата и чисто лицемерие, со оглед на историското потпомагање на нацизмот од либералните демократии и повоената заштита на повеќето нацисти (Rockhill 2020). Таквата институционална антикомунистичка реторика и измамничките годишнини сега се соединети со камената трајност на новите јавни споменици.

Надвор од институционалната левица, како Зелено-европската слободна алијанса, самонаречените социјалисти генерално се трудат да се дистанцираат од комунизмот или од видот на социјализам чиј репрезент е боливарската влада. Шпанската социјалистичка работничка партија (PSOE) активно учествува во санкциите против венецуелскиот народ[2] и нема сомневања околу Денот на црната лента. Дел од крилото Сандерс на американската Демократска партија експлицитно се поврзува со белата, капиталистичка скандинавска социјалдемократија, наместо со „авторитарната“ Куба, иако, по негова заслуга, Сандерс ги пофали многуте достигнувања на Кубанската револуција (за што беше жестоко критикуван во капиталистичките мас-медиуми).

Меѓутоа, пораките честопати се подмолни со тоа што се пренесуваат како индиректни факти. Во една неодамнешна статија во The Nation, главен левичарски неделник во Соединетите Држави, тврдењето за „геноцид“ со општата глад во Украина во 1930-тите – главното обвинение околу стоте милиони жртви – претставува предговор за критиката упатена кон научниците кои, наводно, како Лисенко, помагале и потпомагале спроведување на смртоносни политики против широките народни маси. Пример би била убиствената небрежност на американската администрација на Трамп во однос на пандемијата на COVID-19 (Gonsalves 2020). Ноправдана алузија на лажното тврдење за стоте милиони жртви е комбинирана со привидно добра аналогија и тенденциозна споредба. Лисенкоизмот и Сталин немаат сличност со негирањето на пандемијата и Трамп. Кариеристичкото полтронство на американските научници кон власта нема сличност со резултатите од политичките борби кои завршија со назадување на генетиката во СССР и кои го поткопаа легитимниот социјалистички отпор кон еугенетиката во 1930-тите (Roll-Hansen 2005). Во меѓувреме, фокусот под претекст врз Сталинов СССР е тенденциозниот дел од аналогијата. Тоа треба да предизвика загриженост кај левичарите, особено кога е маскирана со многу омилената метафора меѓу белите националисти. Освен ако авторот е навистина без познавања, реакционерната политика е јасна. Не би требало да биде премногу тешко да се разбере прво измамата мотивирана од кариеризам, која пробива во сите науки во Соединетите Држави – без разлика дали е во облик на еугенетика, малтузијанска теорија на пренаселеност или еколошки детерминизам – и која е историски соучесник во реални, документирани геноциди. Овие се многу полегитимни аналогии што може да се направат со актуелната квази-наука поврзана со пандемијата во служба на моќните. Очигледно има многу работа што треба да се направи барем во мејнстрим или институционалната левица во побивањето на обвинението за „стоте милиони жртви“ во сите негови манифестации.

Не е важно што веројатно повеќето од жртвите би биле комунисти или други видови левичарски антикапиталисти. Не е важно што BBC шири големи историски неточности, непоткрепени тврдења и директни измислици, на кои се заснова обвинението (на пример, Ghodsee 2014; види исто така Cheng and Zhan 2018; Getty and Naumov 1999). Неколку автори на BBC, со свој камен по глава, признаа дека зад неверојатното тврдење стои квази-научност, недолго по објавувањето на книгата (Аronson 2003; Chemin 1997). Овој вид клевета не е ништо ново. Таа е дел од поширокиот идеолошки арсенал распореден за легитимирање и зајакнување на капиталистичкото владеење, особено во либералните демократии. Слично неодржлив аргумент за Народна Република Кина беше изнесен од академик нарачан од Сенатот на Соединетите Држави во 1980-тите (Bernstein 1985).

Одговор на антикомунистичката клевета преку броење на жртвите на капиталистичките војни

Типично, левичарите одговараат на обвинувањата упатени кон „комунизмот“ дискутирајќи околу точноста на цитираните статистики и логиката на предложените аргументи. Како што Chomsky (2016) умешно тврди, користејќи ги наодите од Амартија Сен, можеме да го примениме истиот пристап на новинарите од BBC за да

„заклучиме дека во Индија демократскиот капиталистички „експеримент“ по 1947 година предизвика повеќе смртни случаи отколку во целата историја на „колосалниот, целосно неуспешен ... експеримент“ на комунизмот насекаде по 1917 година: над сто милиони смртни случаи до 1979 година, десетици милиони повеќе оттогаш, само во Индија.“

Овде треба да го завршиме одговорот, но можеме и треба да одиме уште подалеку и да ги обвиниме капиталистите за сите смртни случаи поврзани со колонијализмот, империјализмот, меѓукапиталистичките војни, периодите на општа глад и прераните смртни случаи поради индустриски несреќи, несреќи на работното место и несоодветна здравствена заштита во сите земји надвор од „комунистичкиот блок“. Кога се прави ова, бројката за жртвите на капитализмот несомнено се движи до нивоа кои лесно ги надминуваат тие митски сто милиони. Билансот на смртни случаи поради политиките на слободниот пазар е запрепастувачки, вклучувајќи ги и таквите ужаси како намерното труење на локалните жители во Минимата (Јапонија) и од неодамна во Флинт (Мичиген, Соединетите Држави), како и „инцидентот“ во Бопал (Индија), најлошата индустриска несреќа досега. Сепак, пребарувањето и стекнувањето на сите грозни информации би барало години посветено проучување, заедно со дарежливо финансирање. Задачата би била монументална колку и огромната капиталистичка деструктивност (за потемелен извештај заснован на неколку регионални студии на случаи, види Leech 2012).

Земајќи информации од Чомски, би сакал да им пружам шанса на поддржувачите на измамата за „стоте милиони жртви“ да ја вкусат сопствената методологија со испитување само на смртните случаи како последица на војните предизвикани од капитализмот. Го земам предвид периодот 1914–1992 година, или од почетокот на Првата светска војна, за која Руската револуција е тесно поврзана, до раните 1990-ти, кога речиси и да не остана ниту една „комунистичка“ земја. Секако, оттогаш ниту една социјалистичка држава не била вклучена во „сеопфатна војна“. Податоците се главно од Wikipedia (2020) и други извори за она што не е пријавено на Википедија, како што е антикомунистичкиот геноцид во Индонезија (Bevins 2020). Во не малку случаи, периодот на конфликт се протега надвор од користените историски интервали. Не беше можно да се лоцираат соодветни податоци кои ќе одговараат на периодизацијата компатибилна со компаративната анализа спроведена во оваа уредничка статија. Меѓутоа, вкупните смртни случаи од конфликтите што ги преминуваат избраните историски интервали имаат мало влијание врз билансите на смртни случаи од војната по општествен систем (капитализам или „комунизам“). Ваквите несовпаѓања имаат уште помало влијание врз вкупните збирови од 1914 до 2020 година, што е главната основа на аргументот презентиран овде.

Следејќи ја склоноста на антикомунистите кон напумпани бројки (настрана од обвинувањето против оние што се историски жртви на агресија), безобразно и намерно ќе одам на највисоките вкупни смртности, дури и само демонстративно, и ќе бидам исто опуштен околу логиката на вината. Како и да е, ќе стане очигледно дека дури и ограничувањето на дискусијата на многу полесно достапните податоци за смртните случаи како последица на војната (користејќи ги дури и статистички порестриктивните проценки) дава многу причини да се смета дека капитализмот е многу посмртоносен од кој било номинален „комунизам“, и по неколку редоследи на големина. Мора да се признае, оваа ограничена интелектуална вежба има заслуга во обезбедувањето на грубо потценување на смртноста на капитализмот. Со други зборови, ако капитализмот само преку војување предизвикува повеќе смрт отколку кој било ужас направен од наводниот „комунизам“, следи дека капитализмот мора да биде главниот фокус на интерес.

Освен што статистиката за смртните случаи како последица на војна е полесно и пошироко достапна, фокусирањето на војната исто така има смисла, бидејќи капитализмот е суштински склон кон војување. Не треба премногу време за да се разбере зошто. Насилниот конфликт е на крајот она што се случува кога владејачките економски групи постојано се борат да зграпчат ресурси и да извлечат работна сила од угнетените класи. Капиталистичките владејачки класи се впуштаат во непрекинато маневрирање за да се надитрат едни со други и да ги поразат владејачките економски групи некаде на друго место заради бескрајно акумулирање економска моќ над остатокот од општеството. Војната е главен начин да се добие превласт во бескрајната конкуренција потребна за бескрајно акумулирање на капитал.

Билансот на смртни случаи на капиталистичките војни

За брза споредба со вкупната бројка од „сто милиони жртви на комунизмот“ од сите причини, може да се започне со Првата светска војна. Околу 23 милиони смртни случаи беа директно предизвикани од претежно либерално-демократските режими кои војуваа едни со други. Потоа, меѓу седум и 12 милиони луѓе загинаа во Руската граѓанска војна, во текот на годините 1917–1923 (Mawdsley 2009). Ова целосно им се припишува на капиталистичките режими, бидејќи тие интервенираа за да ја уништат Револуцијата (приврзаниците на царот уште порано се обидоа со воен удар, веројатно со тоа забрзувајќи ја Револуцијата). Царистичките сили (Белата армија) залудно се обидуваа повторно да ја наметнат диктатурата на Романов, додека странските влади, вклучително и Соединетите Држави, испратија голема воена помош и извршија инвазија со десетици илјади војници за поддршка на никаквеците од Белата армија. За време на оваа класна војна, геноцидот на турската држава (1919-1923) резултираше со најмалку четвртина милион мртви, главно Ерменци. Од раните 1920-ти до 1930-тите, италијанската влада уби речиси 400 000 луѓе во Етиопија (1923-1936) и 80 000 во Киренаика (главно во 1930-тите). Во Јужна Америка, војната во Чако од 1932 до 1935 година (помеѓу Боливија и Парагвај) предизвика веројатно 130 000 смртни случаи. Шпанската граѓанска војна (1936–1939), целосно измислена и поддржана од капиталистичките режими од сите видови (либерални до авторитарни), е причина за меѓу четвртина милион и милион смртни случаи, со голема неизвесност поради сузбивањето на информациите од диктатурата на Франко (1939–1975), поддржан за време на целото негово владеење од либералните демократии. Од друга страна, 70 до 85 милиони луѓе загинаа во Втората светска војна, војна целосно повторно предизвикана од капиталистите и нивните државни и фашистички сојузници. Многу големи бизниси (Фиат, Круп, Фолксваген, Форд, БМВ, итн.) исто така ги поддржаа и профитираа од фашистичките и нацистичките режими кои поттикнуваа војни. И ова не изненадува. Тие диктатури беа засновани на одбрана на приватната сопственост, приватизација на јавниот имот (против општиот тренд во тоа време), разбивање на синдикатите и прогон и убиства на левичари од секаков вид. Дивидендата за многу капиталисти беше зголемување на профитот и поголема контрола на пазарот (Bel 2006; De Grand 1995, 40-46).

Дека огромното мнозинство на луѓе убиени во тој холокауст живееле во Источна Азија и Централна и Источна Европа е толку важно што не може доволно да се нагласи. Тие биле убиени најмногу од јапонските, германските и италијанските империјалисти и нивните локални сојузници. Се разбира, многу демократските, слободољубиви Соединети Држави успеаја масовно да убијат 200 000 јапонски цивили за неколку дена со две атомски бомби. Се` на се`, само СССР и Кина претрпеа 26,6 и 20 милиони смртни случаи, соодветно. Ова е повеќе од половина од вкупните жртви од Втората светска војна, но сепак во либералните демократии јавноста е постојано „бомбардирана“ со слики и наративи на белите западноевропејци за тоа како тие се главните жртви. Толку многу се заматени видиците што луѓето во демократиите на слободниот пазар се поттикнати да ги развиваат уште од детството.

Само што почнавме со ова морничаво броење и веќе се дојде до приближно сто и еден милион жртви на капитализмот, земајќи ја порестриктивната геометриска средина. Овде се користи геометриска средина за да се споредат проценките на смртните случаи, бидејќи тие може значително да се разликуваат. Станува збор за сто и дваесет милиони ако се земе лабав пристап кон бројките што го фаворизираат антикомунистите (Табела 1). Со други зборови, за само три децении (1914–1945) капитализмот убил повеќе отколку сите облици на наводни убиства за околу 75 години постоење на „комунизмот“. Како конзервативна проценка, масовните убиства од страна на либералните демократии само за време на Првата светска војна и Руската граѓанска војна резултирале со повеќе од 30 милиони смртни случаи. Настрана од сите други видови на смртни случаи генерирани од капиталистите, оваа статистика ги исклучува сите геноциди само една деценија пред Првата светска војна, извршени од либералните или слободно-пазарните демократии како Франција, Германија, Велика Британија, Италија и Соединетите Американски Држави.

Табела 1. Смртни случаи поради војна кои се припишуваат на капитализмот, 1914–1945 година (некои од војните се во тек).
Војни Датуми Максимум пријавени Геометриска средина***
Прва светска војна 1914-1918 30 000 000 23 568 559
Руската граѓанска војна 1917-1922 9 000 000 6 708 204
Ирачко-курдски конфликт 1918+** 320 100 210 784
Курдски востанија во Турција 1921+** 100 000 100 000
Втората италијанско-сенусијска војна 1923-1932 40 000 40 000
Војната за Чако 1932-1935 130 000 100 000
Втората италијанско-етиописка војна 1935-1936 278 350 278 350
Шпанската граѓанска војна 1936-1939 1 000 000 707 107
Втората светска војна 1939-1945 85 000 000 69 069 811
Вкупно 125 868 450 100 782 815
од кои вклучуваат либерални демократии* 39 000 000 30 276 763
*Предизвикани од или на друг начин со директно вклучување на либералните демократии.
**Актуелен конфликт.
***Геометриската средина е просек што се користи за да се направат различни збирови на податоци поспоредливи, во овој случај поради широки проценки по конфликт. Геометриската средина наликува на пошироко користениот аритметички просек, освен што вредностите се множат наместо да се додаваат и коренот на добиениот производ се зема според вкупниот број случаи.

Капиталистичките војни, се разбира, тешко дека завршуваат со Втората светска војна (Табела 2). Од 1946 до 1962 година францускиот колонијален режим бил одговорен за околу 400 000 смртни случаи во Југоисточна Азија, 35 000 во Мадагаскар и околу 750 000 во Алжир. Еден непријавен конфликт како последица на британската колонијална власт во 1947 година предизвика меѓу 200 000 и милион и пол смртни случаи во она што стана Индија и Пакистан (Brass 2003, 75). Во 1948 година, со изговор за задушување на бунт, американската марионетска диктатура во Јужна Кореја уби 60 000 луѓе на островот Чеџу или околу една третина од неговите жители. Помеѓу 1948 и 1958 година, војната на „конзервативците“ против „либералите“ во Колумбија („La Violencia“) резултираше со околу 200 000 смртни случаи. Војната од 1946 до 1949 година против грчките левичари (не само комунистите) доведе до 158 000 смртни случаи, со директна поддршка на Велика Британија. Кореја стана место на американска наезда и агресивност, помогната од Австралија, Канада, Франција, Нов Зеланд и Велика Британија, што доведе до војна со три милиони смртни случаи. Ако некој капиталистички апологет сака да инсистира дека се виновни СССР и НР Кина, можеме да ја поделиме смртноста и да укажеме дека либерално-демократските влади се одговорни за еден и пол милион смртни случаи. Во истиот период, 1950-тите, британската влада уби десетици илјади луѓе од етничката група Кикују, главно преку систематско убивање во концентрациони логори (Anderson 2005; Elkin 2005). Потоа, постојат актуелни војни, како што се турската држава против курдските заедници (од 1921 година, околу 100 000 убиени), меѓу Индија и Пакистан околу Кашмир (од 1947 година има 93 808 смртни случаи) и во Нагаланд (од 1954 година, околу 34 000 мртви). Од 1955 до 1975 година, американската воена интервенција и политичкото мешање во Виетнам предизвика повеќе од три милиони смртни случаи, плус уште сто илјади барем во Лаос (вреди секогаш да се потсетиме: таа е најбомбардираната земја во историјата; Boland 2017) и 150 000 во Камбоџа со напади со тепих-бомбардирање (овозможувајќи им на Црвените Кмери да дојдат на власт).

Табела 2. Смртни случаи поради војна кои се припишуваат на капитализмот, 1945–1992 година (многу од војните се протегаат по 1992 година).
Војни Датуми Максимум пријавени Геометриска средина
Првата војна во Индокина* 1946–1954 400 000 400 000
Грчката граѓанска војна* 1946–1949 158,000 158,000
Поделба на Индија 1946–1947 1 500 000 464 398**
Малагашко востание* 1947–1948 89 000 35 000
Конфликт за Кашмир* 1947+*** 110 000 93 808
La Violencia (Колумбија)* 1948–1958 194 700 193 697
Внатрешни конфликти во Мјанмар 1948+*** 250 000 180 278
Арапско-израелски војни 1948+*** 116 074 116 074
Анексија на Хајдарабад* 1948 242 212 84 116
Масакрот во Чеџу 1948–1949 30 000 30 000
Корејската војна* 1950–1953 4 500 000 3 000 000
Алжирската војна* 1954–1962 1 500 000 724 569
Конфликт во Нагаланд* 1954+*** 34 000 34 000
Војна на САД против Виетнам* 1955–1975 4 300 000 3,144,837
Првата суданска граѓанска војна 1955–1972 500 000 500 000
Криза во Конго* 1960–1965 100 000 100 000
Геноцид во Гватемала* 1960+**** 200 000 200 000
Анголска војна за независност 1961–1974 102 991 92 452
Граѓанската војна во Северен Јемен 1962–1970 200 000 141 421
Војна за независност на Мозамбик 1964–1974 88 500 74 965
Бунт во североисточна Индија* 1964+*** 25 000 25 000
Граѓанската војна во Колумбија* 1964+*** 220 000 220 000
Индонезиски геноцид* 1965–1966 1 000 000 1 000 000
Нигериска граѓанска војна 1967–1970 3 000 000 1 732 051
Конфликт на Моро 1969+**** 120 000 120 000
Ослободителната војна на Бангладеш 1971 3 000 000 3 000 000
Граѓанската војна во Етиопија 1974–1991 1 500 000 866 025
Геноцид во Источен Тимор 1975+**** 300 000 212 132
Граѓанската војна во Ангола 1975+**** 504 158 504 158
Либанската граѓанска војна* 1975–1990 150 000 134 164
Бунт во Лаос* 1975+**** 100 000 100 000
Иранско-ирачка војна 1980–1988 1 100 000 564 041
Војна во Уганда 1981–1986 500 000 223 607
Втора суданска граѓанска војна 1983+**** 2 000 000 1 414 214
Граѓанската војна во Шри Ланка 1983+**** 100 000 89 443
Граѓанската војна во Сомалија 1986+*** 500 000 387 298
Божјата армија на отпорот 1987+*** 500 000 223 607
Нагорнокарабашки судир* 1988+**** 38 000 38 000
Војна на САД против Ирак (Прва Заливска војна)* 1990–1991 40 456 32 091
Граѓанската војна во Алжир 1991+**** 200 000 93 808
Босанската војна* 1991–1995 104 732 100 903
Обид за пуч во Ирак во 1991 год.* 1991 235 000 141 333
Војни со 1000–25.000 смртни случаи повеќекратни 146 902 146 902
Вкупно 31 999 725 22 246 796
од кои вклучуваат либерални демократии* 15 241 100 10 825 543
*Предизвикани од или на друг начин со директно вклучување на либералните демократии.
** Пресметано од проценките пријавени во Brass (Citation2003, 75; fn 7) и во записот на Википедија „Поделба на Индија“. (https://en.wikipedia.org/wiki/Partition_of_India#Independence,_population_transfer,_and_violence; accessed 27 December 2020).
***Актуелен конфликт.
****Официјалните заклучоци за конфликтите се протегаат по 1992 година. Тие датираат од 1996 година за геноцидот во Гватемала, 2019 година за конфликтот во Моро; 1999 година за геноцидот во Источен Тимор; 2002 година за граѓанската војна во Ангола; 2007 година за бунтот во Лаос; 2005 година за Суданската граѓанска војна; 2009 година за Граѓанската војна во Шри Ланка; 1994 година за војната во Нагорно-Карабах (продолжена и завршена во 2020 година и одново започната во 2023 година); 2002 година за граѓанската војна во Алжир.

Од 1960 до 1996 година, воените диктатори од Гватемала спроведоа геноцидна кампања против заедниците на Маите што резултираше со веројатно повеќе од 200 000 смртни случаи (Burt 2016; Snyder 2019 година). Помеѓу 1965 и 1966 година, индонезиската војска, поддржана од Соединетите Држави и нивните сојузници, уби околу милион луѓе кои се сметаа за комунистички или комунистички симпатизери, вклучително и со тортура и егзекуции во концентрациони логори (Bevins 2020). Во Нигерија, речиси два милиони загинаа во војната во Бијафра од 1967 до 1970 година. Војната за воспоставување независен Бангладеш (1971) резултираше со три милиони мртви, а Либанската граѓанска војна од 1975 до 2000 година резултираше со уште 150 000 убиени. Индонезиската војска, со поддршка на Соединетите Држави и нивните сојузници, ја нападна Папуа во 1962 година и оттогаш убиствата продолжуваат со несмалено темпо, предизвикувајќи досега 150 000 смртни случаи (Célérier 2019). Во 1975 година, истата воена диктатура, повторно поддржана од Соединетите Држави и нивните сојузници, го нападна Источен Тимор и, до 1999 година, изврши истребување на приближно една петтина од народот на Источен Тимор, приближно ист дел од геноцидот во Камбоџа (Jardine 1999; Sidell 1981).

Повеќе војни од 1970-тите до 1992 година резултираа со милиони и повеќе мртви, при што повеќе од 140 000 луѓе ги загубија животите во бројните конфликти со 1000–25 000 жртви. Горенаведениот список на десетици случаи на масовно колење заедно го дава вкупниот број на уште најмалку 30,5 милиони смртни случаи како последица на војна (22,3 милиони според порестриктивните стандарди) помеѓу 1945 и 1992 година. Без да ги броиме војните за воспоставување и проширување на израелската држава и бројните војни кои доведоа до помалку од 25 000 смртни случаи, заслугата на либералните демократии за смртните случаи поврзани со војна изнесува конзервативна бројка од близу 11 милиони убиени луѓе, или повеќе од 15 милиони според помалку строго сметање.

Споредба на капиталистичките и наводно „комунистичките“ смртни случаи од војна и пошироко

Сите војни кои дури и во најмала мера може да се припишат на номинално социјалистичките држави („комунизмот“) или на комунистичките бунтовници (Табела 3) предизвикале околу шест милиони смртни случаи (или 7,4 милиони, ако некој претпочита полабави проценки). Ова ги вклучува проценетите три милиони жртви на геноцидот на Црвените Кмери (1975-1979) поддржани од Соединетите Држави и НР Кина кој беше окончан со интервенција на најнезгодно предводената виетнамска влада на Комунистичката партија. Со други зборови, користејќи конзервативни проценки, од 1945 година до „распуштањето на комунизмот“, капиталистичката војна, главно во нејзината либерално-демократска наметка (ако се вклучуваат и прокси војните, како што мора), убила најмалку три пати повеќе од војните на „тоталитарниот комунизам“. Покрај тоа, само либерално-демократските влади убиле најмалку двојно повеќе од „комунистичките“ влади во истиот период.

Табела 3. Сите смртни случаи поради војна кои се припишуваат на наводниот „комунизам“ (неколку од конфликтите се во тек).
Војни Датуми Максимум пријавени Геометриска средина
Унгарски бунт 1956 3722 3722
Кубанска револуција 1959 5000 5000
Маоистичко востание во Индија 1967+* 13 812 13 812
Колумбиски конфликт 1964+* 220 000 220 000
Бунт на Новата народна армија 1969+* 43 000 35 917
Граѓанската војна во Етиопија 1974–1991 1 500 000 866 025
Геноцид во Камбоџа 1975–1979 3 000 000 3 000 000
Граѓанската војна во Ангола 1975–2002 504 158 504 158
Курдско-турски конфликт 1978+* 45 000 45 000
Советско-авганистанска војна 1979–1989 2 000 000 1 095 445
Внатрешен конфликт во Перу 1980+* 70 000 70 000
Ујгурско-кинески конфликт 1960+* 1000 1000
Вкупно 7 405 692 5 935 044
*Актуелен конфликт.

Сумирајќи (Табела 4), вкупниот проценет број на жртви на капиталистички војни од 1914 до 1992 година изнесува околу 158 милиони ако се користи полабава проценка (околу 123 милиони, порестриктивно). Споредете ја оваа бројка не само со преувеличеното тврдење за „сто милиони жртви на комунизмот“, кое ја вклучува секоја можна причина што може да се замисли, а не само војување – тогаш станува прилично јасно колку капитализмот е посмртоносен. Оваа проценка дава бројка од околу 1,6-2 милиони луѓе убиени од капиталистички војни секоја година. Од друга страна, наводно, „комунистички“ инспирираните војни убивале нешто помалку од сто илјади годишно (дури и кога се преувеличуваат бројките). Всушност, дури и кога се користат делумно измислените „сто милиони жртви на комунизмот“, бројката од 1,3 милиони жртви годишно (100 милиони поделени со 78 години) сè уште резултира со помалку смртни случаи отколку во случајот со капиталистичките војни. Да повториме, целта овде не е да се релативизира бруталноста на државните социјалистички режими, туку да се стават во поширока, компаративна рамка. Поентата е да се спротивстави на антикомунистичката пропаганда. Оние кои мислат дека либералната демократија е мирољубива и најдобриот од сите можни светови можеби ќе сакаат да ја преиспитаат својата позиција. Војната на либералните демократии беше пет до шест пати поубиствена од онаа на номинално „комунистичките“ политики.

Табела 4. Споредба на смртни случаи поврзани со војна помеѓу капитализмот, неговата либерална демократска варијанта и наводниот „комунизам“, 1914–2020 година.
Систем Датуми Години Максимум пријавени Геометриска средина Смртни случаи во војна годишно
Максимум пријавени Геометриска средина
Капитализам 1914-1992 78 157 868 175 123 029 611 2 023 951 1 577 303
од кои вклучуваат
либерални демократии
54 241 100 30 276 763 500 000 388 164
„Комунизам“ 1914-1992 78 7 405 692 5 935 044 94 945 76 090
Капитализам 1992-2020 28 11 282 808 8 002 219 402 957 285 794
од кои вклучуваат
либерални демократии
2 032 603 1 029 372 169 384 85 781

Од распадот на „комунизмот“, најмалку осум милиони повеќе жртви (и многу повеќе) се додадени на ужасниот биланс на капиталистичките војни, околу 285 000–400 000 годишно, при што либералните демократии сочинуваат повеќе од една третина (Табели 4 и 5). Во рок од три децении по „падот на комунизмот“, капиталистичката војна уби повеќе луѓе од историските вкупни смртни случаи поврзани со војна во однос на „комунизмот“. Да повториме, сето ова ги исклучува смртните случаи предизвикани од капитализмот поради глад, индустриски катастрофи и многу друго што капиталистичките апологети претпочитаат да останат заборавени, недоволно пријавени или никогаш нашироко препознаени.

Табела 5. Смртни случаи поради војна кои му се припишуваат на капитализмот од 1992 година.
Војни Датуми Максимум пријавени Геометриска средина
Граѓанската војна во Сиера Леоне 1991–2002 300 000 122 474
Граѓанската војна во Бурунди 1993–2005 300 000 300 000
Геноцид во Руанда 1994 800 000 800 000
Првата војна во Конго 1996–1997 800 000 447 214
Втората војна во Конго 1998-2003 5 400 000 3 674 235
Итуриски конфликт 1999–2003 60 000 60 000
Анти-терористичка војна на САД/НАТО* 2001+** 1 260 000 585 423
Војната на САД во Авганистан* 2001+** 61 603 53 949
Војната на САД во Ирак* 2003–2011 461 000 190 000
Војна во Дарфур 2003+** 300 000 300 000
Конфликт во Киву 2004+** 100 000 100 000
Војна во северозападен Пакистан 2004–2017 78 946 60 165
Војна против мексиканските нарко-картели* 2006+** 250 000 200 000
Бунт на Боко Харам 2009+** 51 567 51 567
Сириската граѓанска војна 2011+** 570 000 570 000
Ирачката граѓанска војна 2014–2017 200 000 197 500
Јеменската граѓанска војна 2015+** 91 600 91 600
Војни со 1000–25 000 смртни случаи повеќекратни 198 092 198 092
Вкупно од 1992 год. 11 282 808 8 002 219
од кои вклучуваат либерални демократии* 2 032 603 1 029 372
*Предизвикани од или на друг начин со директно вклучување на либералните демократии.
**Актуелен конфликт.

Но, зошто едноставно да не престанеме да кажуваме работи што не се важни и да не го искористиме бројот на загинати од „Шпанскиот“ или „Канзас“ грип (Barry 2004) како одговор на антикомунистичките демагози? Користејќи ја истата напумпана логика, бројката веќе би била околу сто милиони смртни случаи само во овој период, што е еднакво на „стоте милиони жртви на комунизмот“ за само неколку години. Впрочем, бидејќи комунистите се обвинети дека предизвикале масовни смртни случаи преку нивните политики, исто толку лесно можеме да ги обвиниме либерално-демократските капиталисти за нивниот неуспех во спречувањето на ширењето на грипот и за негрижа во однос на основната здравствена заштита. Всушност, небрежноста би била потценување. Планираниот капиталистички холокауст и намерните милитаристички политики предизвикаа таква морничава бројка на смртност. Дури и ако се потпреме на поновите пресметани проценки според кои вкупните смртни случаи изнесуваат 50 милиони (Humphreys 2018), либерално-демократскиот капитализам може недвосмислено да се обвини барем за периодот на историски ненадминатата годишна стапка на масовен морталитет. Во сегашната ситуација со пандемијата на COVID-19, се чини дека работите не се многу променети во овој поглед во рамките на либералните демократии.

Спротивставување на антикомунизмот заради изградба на еколошки одржлива, бескласна иднина без држава

Ако ова се гледа како намерно тенденциозна нумеричка вежба, секако е многу помалку тоа отколку да се тврди „сто милиони“ мртви од „комунизмот“, како што тврдат антикомунистите. За разлика од нив, јас ги користам постоечките податоци во градењето на овој аргумент. Многу постудиозното и подетално побивање и проценка од горенаведените академици е за пофалба и треба да биде задолжително четиво особено за секој поддржувач на либералната демократија, а не само за самодекларираните левичари. Но, кога станува збор за секојдневните политички дискусии, оваа научна тактика изгледа поефикасна со цел да допре до другите левичари и можеби релативно малкумина кои не се емотивно приврзани за капиталистичкиот статус кво или за поекстремно фанатичните светогледи (на пр. нацизам) и кои имаат време да истражат некое прашање и се посветуваат на расудување во врска со истото.

Проблемот е во тоа што главните мас-медиуми и условите и параметрите на дебата (на пр. нееднакво време за емитување или текстуален простор, краток извадок од аргументи кој ги фаворизира оние што ги поддржуваат доминантните идеологии итн.) се цврсто во рацете на оние чии интереси треба да ја скршат секоја форма на социјализам, вклучително и особено комунизмот. За социјалистите од која било провениенција (вклучувам анархисти во оваа смисла) да ја надминат оваа страшна бариера, присвојувањето на мас-медиумите (што исто така значи и ширење) е задолжително. Под сегашни околности, само неколку државни медиуми во маргинализираните земји (на пр. Куба, Венецуела) нудат можности да стигнат до мнозинството на една земја, и со аргументи што ја разоткриваат капиталистичката пропаганда што го зајакнува она што треба да биде домашна вистина за ужасите на капитализмот и слободно-пазарните (либерални) демократии. Ова е причина повеќе зошто левичарите мора да престанат и да се откажат од засилување на антикомунистичката пропаганда, без оглед на тоа што тие мислат за номинално социјалистичките држави како СССР.

Како што е наведено погоре, постојат многу начини да се сруши антикомунизмот. На пример, припишувањето на масовни смртни случаи на идеологија (комунизам) е форма на фетишизам што ќе ги ослободи оние што ги извршиле ужасите. На крајот на краиштата, земјите-членки на НАТО не многу одамна бомбардираа други земји до смрт во име на човековите права, како во Ирак и Југославија. Да се нарече идеологијата на човековите права одговорна за тие дела на масовни убиства изгледа прилично несоодветно ако постои заинтересираност да се изнесат убијците пред лицето на правдата за злосторствата што ги направиле.

Друга опција за спротивставување на антикомунизмот е со укажување дека комунизмот, ако некој е сериозен околу суштината на политичката филозофија, има за цел да постигне бескласно, бездржавно егалитарно општество. Тоа значи дека антикомунистите сакаат нешто друго (што треба да го кажат) или спротивното, класно, државно, нееднакво општество.

Друга стратегија може да биде да се истакне дека системите наречени „комунистички“ никогаш не биле комунистички. И, се разбира, тие не беа. Тие не можеа да бидат. Барем по 1860-тите, социјалистите, вклучително и анархистите, се бореа за постигнување на општествен поредок без класи и без држава. Тоа е наречено комунизам или анархизам, крајна цел која вклучува широко различни методи и со одредени разлики во суштината на бескласноста и бездржавноста. Сепак, „комунистичка држава“ во смисла на овој историски контекст е оксиморон. Левичарите, од сите провениенции, треба да бидат свесни и чувствителни за овој основен аспект на социјалистичките истории и на основните мотивации на комунистичките движења. Ова е исто така основниот факт дека владите на чело со комунистичките партии ги именуваа своите земји народни демократии или социјалистички држави, меѓу другите идентификатори кои не полагаа никакви претензии за никакво достигнување на комунизмот за време на нивното постоење. Ако ништо друго, оние кои се држат до традиционалните сфаќања за државниот социјализам се тие кои треба да дадат некакво објаснување.

Од друга страна, повеќето луѓе во земјите како Австралија, Соединетите Држави, Јапонија и Канада, или во рамките на ЕУ, навистина тврдат дека се демократии. Поради тоа, тие треба да преземат одговорност за сите смртни случаи предизвикани од нивниот ценет систем. Можеби еден ден ќе бидат натерани да го сторат тоа или, уште подобро, конечно ќе разберат преку своите длабоко погрешни методи. Засега, ова изгледа многу малку веројатно. Заради акумулација на капиталот, владее нетрпеливост меѓу владејачките класи во текот на децениите на стотици илјади смртни случаи годишно поради загадувањето на воздухот од согорување на фосилни горива и последичната интензивирана климатска катастрофа (Campbell-Lendrum and Prüss-Ustün Citation 2019; Haines and Ebi Citation 2019; WHO Citation 2016). Капиталистите и нивните политички извршители во последно време ја потврдуваат супериорната вредност на профитите и нивната политичко-економска власт над здравјето на мнозинството луѓе. Околу два милиони луѓе починаа од СОVID-19 ширум светот досега. Ова директно им се припишува на бизнисите кои бараат профитабилност во тропските шуми и ги изложуваат работниците на зоонозни болести, додека го загрозуваат јавното здравје и немилосрдно ги разоруваат и ги спречуваат одредбите за здравствена заштита речиси насекаде (Wallace 2020).

Ова се примери на редовни, нормални капиталистички односи, кои вклучуваат постојани подготовки за водење војна за да се одржи или обезбеди непречена акумулација на капитал. Бројот на загинати во војните на капитализмот досега надминува 150 милиони од 1914 година. Војните што ги водат либерално-демократските влади – самоназначените модели на права и слободи – се сами одговорни за најмалку 54 милиони смртни случаи во периодот 1914-1992, и повеќе од два милиони повеќе оттогаш. Сè уште не им се гледа крај на неограничените масовни убиства на слободно-пазарните демократии. Сепак, ова се груби потценувања на неспоредливата убиственост на капитализмот.

Левичарите кои се спротивставуваат на комунизмот тешко дека ќе зададат и најмал удар на капиталистичката машина за убивање репродуцирајќи ја антикомунистичката пропаганда. Тоа само помага да се засили заканата од растечкото антикомунистичко законодавство и фашистичките улични акции против левицата. Очигледно е дека укажувањето на многу посмртоносната природа на капитализмот, најубиствениот систем во историјата на човештвото, не ја исклучува критиката на социјалистичките држави. Но, критиката на државниот социјализам е обичен софизам кога придонесува за зајакнување на капиталистичката идеологија. Тогаш, свесно да се реорганизираме и да се избориме за еколошки одржливи бескласни егалитаристички цели пред капиталистите да го уништат поголемиот дел од човештвото и другите суштества со нов светски холокауст или едноставно со водење на нивните редовни конфликти.

Користена литература

Anderson, David. 2005. Histories of the Hanged: Britain’s Dirty War in Kenya and the End of Empire. London: Weidenfeld and Nicolson.

Aronson, Ronald. 2003. “Communism’s Posthumous Trial.” History and Theory 42: 222–245.

Barry, John M. 2004. “The Site of Origin of the 1918 Influenza Pandemic and Its Public Health Implications.” Journal of Translational Medicine 2 (1): 3.

Bel, Germá. 2006. “Against the Mainstream: Nazi Privatization in 1930s Germany.” Social Science Research Network. Accessed December 21, 2020.

Bernstein, Thomas P. 1985. “Review: Deaths in China due to Communism: Propaganda versus Reality by Stephen Rosskamm Shalom.” The China Quarterly 104: 718–720.

Bevins, Vincent. 2020. The Jakarta Method. Washington’s anti-Communist Crusade & the Mass Murder Program that Shaped Our World. New York: Public Affairs.

Boland, Rosita. 2017. “Death from Below in the World’s Most Bombed Country.” The Irish Times, May 13.

Brass, Paul R. 2003. “The Partition of India and Retributive Genocide in the Punjab, 1946–47: Means, Methods, and Purposes 1.” Journal of Genocide Research 5 (1): 71–101.

Burt, Jo Marie. 2016. “From Heaven to Hell in Ten Days: The Genocide Trial in Guatemala.” Journal of Genocide Research 18 (2-3): 143–169.

Campbell-Lendrum, Diarmid, and Annette Prüss-Ustün. 2019. “Climate Change, Air Pollution and Noncommunicable Diseases.” Bulletin of the World Health Organization 97 (2): 160–161.

Célérier, Philippe Pataud. 2019. “Nettoyage Ethnique en Papouasie” [Ethnic Cleansing in Papua]. Le Monde Diplomatique, December 17.

Chemin, Ariane. 1997. “Les Divisions d'une Équipe d'Historiens du Communisme” [Divisions within a Research Team of Historians of Communism]. Le Monde, October 31.

Cheng, Enfu, and Zhihua Zhan. 2018. “A Study of Unnantural Deaths during the Difficult Three Year Period in China, 1959–1961.” Science & Society 82 (2): 171–202.

Chomsky, Noam. 2016. “Counting the Bodies.” Spectrezine 9.

De Grand, Alexander J. 1995. Fascist Italy and Nazi Germany: The “Fascist” Style of Rule. London: Routledge.

Elkins, Caroline. 2005. Britain’s Gulag: The Brutal End of Empire in Kenya. London: Jonathan Cape.

European Parliament. 2019. “European Parliament Resolution of 19 September 2019 on the Importance of European Remembrance for the Future of Europe.”

Getty, J. Arch, and Oleg V. Naumov. 1999. The Road to Terror: Stalin and the Self-Destruction of the Bolsheviks, 1932–1939. Translated by Benjamin Sher. New Haven: Yale University Press.

Ghodsee, Kirsten. 2014. “A Tale of ‘Two Totalitarianisms’: The Crisis of Capitalism and the Historical Memory of Communism.” History of the Present: A Journal of Critical History 4 (2): 115–142.

Gonsalves, Gregg. 2020. “The New Lysenkoism in Washington.” The Nation, July 19. Accessed July 20, 2020.

Haines, Andy, and Kristie Ebi. 2019. “The Imperative for Climate Action to Protect Health.” New England Journal of Medicine 380: 263–273.

Horne, Gerald. 1986. Black and Red. W.E.B. Du Bois and the Afro-American Response to the Cold War, 1944–1963. Albany: SUNY Press.

Humphreys, Margaret. 2018. “The Influenza of 1918. Evolutionary Perspectives in a Historical Context.” Evolution, Medicine, and Public Health 2018: 219–229.

Jardine, Matthew. 1999. East Timor: Genocide in Paradise. Monroe, ME: Odonian Press.

Kovel, Joel. 1997. Red Hunting in the Promised Land: Anticommunism and the Making of America. London: Cassell.

Leech, Garry. 2012. Capitalism: A Structural Genocide. London: Zed Books.

Marx, Karl. (1975) 1892. “Capital. A Critique of Political Economy. Volume III. Book Three. The Process of Capitalist Production as a Whole, edited by Friedrich Engels, translated by Ernest Untermann.” In Volume 37 of the Collected Works of Marx and Engels, edited by Tatyana Andrushchenko, and Izora Kazmina. Moscow: Progress Publishers.

Mawdsley, Evan. 2009. The Russian Civil War. New York: Simon & Schuster.

Rockhill, Gabriel. 2020. “Liberalism and Fascism: Partners in Crime.” Counterpunch, October 14. Accessed December 7, 2020.

Roll-Hansen, Nils. 2005. “The Lysenko Effect: Undermining the Autonomy of Science.” Endeavour 29 (4): 143–147.

Sidell, Scott. 1981. “The United States and Genocide in East Timor.” Journal of Contemporary Asia 11 (1): 44–61.

Snyder, Joshua R. 2019. “Should Transitional Justice Promote Forgiveness? Insights from Guatemala’s Recovery of Historical Memory Project.” Journal for Peace and Justice Studies 29 (1): 3–23.

Wallace, Rob. 2020. Dead Epidemiologists: On the Origins of COVID-19. New York: Monthly Review Press.

WHO. 2016. Ambient Air Pollution: A Global Assessment of Exposure and Burden of Disease. Geneva: World Health Organization.

Wikipedia. 2020. “List of Wars by Death Toll.” Accessed May 18, 2020.


Забелешки

[1] Le livre noir du Capitalisme (Црната книга на капитализмот) е француска книга од 1998 година објавена како реакција на Црната книга на комунизмот (1997). За разлика од претходното дело, примарна цел на Le livre noir du Capitalisme не е да припише одреден биланс на жртви на политичкиот систем за кој станува збор. Наместо тоа, книгата содржи серија независни есеи од различни автори кои секој ја изразува својата критика за различните аспекти на капитализмот. Опфатените теми се движат од африканската трговија со робови до ефектите од глобализацијата. Додаток дава нецелосен список на билансот на загинати во 20 век што уредникот Жиљ Перо му го припишува на капиталистичкиот систем. Списокот вклучува одреден број на жртви кои ги покриваат двете светски војни, колонијалните војни, антикомунистичките кампањи, репресии и масовни убиства, етнички конфликти и жртви на глад или неухранетост, доаѓајќи до нецелосниот вкупен број на сто милиони смртни случаи кои му се припишуваат на капитализмот во 20-тиот век. (Заб. на прев.)

[2] Економистите Марк Вајсброт и Џефри Закс пресметале дека санкциите на Соединетите Држави резултирале со смрт на 40.000 венецуелски цивили помеѓу 2017 и 2018 година. Види Mark Weisbrot and Jeffrey Sachs, Economic Sanctions as Collective Punishment: The Case of Venezuela (April 2019). (Заб. на прев.)