Жорж Гасто

Злосторствата на анти-комунизмот


Извор: Црна книга на анти-комунизмот и контра-револуцијата [Petite Contribution au livre noir de l’anticommunisme et de la contre-revolution]. Жорж Гасто (ур.). Eдиција Делга, Париз, 2017.
Превод: Томислав Захов (од француски)
Онлајн верзија: ноември 2024


Злосторствата на антикомунизмот и контрареволуцијата може да се сфатат во широка или потесна смисла. Во широка смисла, затоа што антикомунизмот е трајното идеолошко оружје кое им дозволува на капиталистичкиот режим и неговите сателити (феудалните режими кои постојат само по неговата волја) секојдневно да практикуваат експлоатација на милијарди луѓе, империјалистички грабеж на ресурси, еколошки катастрофи, апсурдна трка во вооружување, империјалистички војни. Ова е, исто така, причината зошто антикомунизмот му претходеше на комунизмот, буржоаските класи што мавтаа со страшилото на „дистрибутерите“ долго пред Манифестот од 1848 година и револуцијата од октомври 1917 година. Во тој случај списокот на злосторствата на антикомунизмот би бил бесконечен и во суштина невидлив, бидејќи како можеме да го измериме неживотот на кој секојдневно се осудуваат жртвите на капиталот, како што беа жртвите на феудализмот и ропството на подеднакво невидлив начин? Овде даваме само прв, многу нецелосен пристап кон злосторствата на антикомунизмот stricto sensu, т.е. оние коишто директно или индиректно ги таргетираа комунистите, марксистите и нивните вистински или наводни симпатизери.

Во Франција

1) „Заговорот на еднаквите“ на Бабеф и Буонароти по антиробеспјеристичкиот државен удар во Термидор; Директориумот го задуши заговорот на Бабеф со зацртаната цел да се уништат на Јакобинците и левото крило на буржоаската револуција. Тоа беше Бонапарта кој беше одговорен за ликвидацијата на „Клубот на Пантеонот“ на Бабеф. (245 заговорници oсудени на смрт и последователно 24 јакобинци убиени заради иницирање бунт во војската.) Од почетокот, судбината на антикомунизмот беше поврзана со онаа на контрареволуцијата, во овој случај буржоаската контрареволуција, со атентатот на Републиката, бонапартистичката диктатура и крвожедниот империјализам на Наполеон Први – безмилосниот угнетувач на пролетаријатот.[1]

2) 1848. Жестока репресија од страна на Луј Ежен Кавењак[2], во име на десничарското мнозинство на Втората република, врз републиканските работници кои бараа право на работа во јуни 1848, а потоа, самоуништување на Втората република и воспоставување на Втората Империја. (5.000 работници убиени и 11.000 уапсени.)

3) „Крвава недела“ за уништување на Париската комуна (1871). (Версајците погубиле 20.000 обични жители пред стрелачките одреди за една недела[3]. 43.000 заробени комунарски војници биле затворени[4].)

4) Масакрот во Фурми (1891). (Девет лица убиени и 35 повредени[5].)

5) Убиство на Жорес и војната од 1914-18. (11.500 мртви и 13.000 ранети на ден за три и пол години[6]. Проценките се движат од околу 15 до 22 милиони смртни случаи[7].)

6) 1920: илјадници отпуштања по штрајкови[8].

7) 1939: Декретот на Албер Серол. Забрана на PCF. Комунистичките водачи земени како заложници. Уништување на демократијата и режимот на Петен (илјадници застрелани[9]).

8) 1948: Армијата пука во рударите кои штрајкуваат. (Убиени 6 рудари[10], а повеќе од 3.000 завршија невработени на улица[11]. На затворски казни се осудени 1.342 рудари[12].)

9) 1950-тите: голем број кратења на правата на работниците[13].

10) Алжирска војна против алжирскиот народ, Алжирската комунистичка партија, весникот Alger républicain; стрелани се комунистичките активисти Морис Оден, Анри Мајо, Фернан Ивтон... (1.000–3.000 убиени или исчезнати[14].)

11) Војна во Индокина, антикомунистичка и колонијална. (Француската армија беше одговорна за 60.000 до 250.000 цивилни жртви[15].)

12) Октомври 1961 година: масакр на демонстрантите на Фронтот за национално ослободување на Алжир во Париз. Стотици трупови на Алжирци фрлени во Сена од полицијата на Папон. (100–300 убиени[16].)

13) Февруари 1962: Де Гол и Папон повторно извршија масакр, овој пат против комунистите кои демонстрираа против нападите на фашистичката Organisation armée secrète: масакр на метро станицата Шарон. Потоа, активистите Пјер Овернеј, Пјер Метр, Лусиен Барбие, Марк Ланвeн... ќе бидат убиени од полицијата или фашистичките активисти. (9-мина убиени[17]. Повеќе од 250 повредени[18].)

14) Годините на Валери Жискар д’Естен: репресија на челичарите. (Отпуштање на 22.000 челичари за околу 18 месеци концентрирани во индустриските области на Лорен, Валансиен, Денен и Три-Сен-Леже[19].)

15) Митеран: затворање на Confédération Générale du Travail-Billancourt[20] и рушење на бастионите на PCF: рудниците, индустријата за челик, лозарството во Лангедок, текстилните фабрики во северна Франција...

16) Моментално: репресија на класниот синдикализам.

Во светот

Чиле: фашизмот во 1930-тите, потоа под Пиноче (илјадници политички убиства како оној на Виктор Хара). (Владата уапсила околу 130.000 луѓе во период од три години[21]. Најмногу 3.000 убиени[22].)

Турција: репресија на комунистичките партии и нивните активисти, како што е поетот Назим Хикмет, од ПКК. (Вкупниот биланс на загинати во 1970-тите се проценува на 5.000,[23] од кои 2.109 биле левичарски[24], со речиси десет атентати дневно. Во 1978 година имало 3.319 фашистички напади, во кои биле убиени 831, а ранети 3.121.[25])

Ирак: бесење на раководството на PCI. (Вкупниот број на убиени комунисти не е познат, но секако беше десетици.[26])

Иран: масакр на партијата Тудех и илјадници комунисти од страна на шахот и неговата Национална разузнавачка и безбедносна организација (САВАК), потоа од страна на Хомеини. (18.000 убиени од Мухамед Реза Пахлеви[27] и најмалку 30.000 убиени од Хомеини.[28])

Авганистан: провокација нa САД кои ги вооружуваат фундаменталистичките исламистички борци за да предизвикаат интервенција од страна на СССР (акција цинично признаена од нив отпосле); брза егзекуција на Мохамед Наџибула и илјадници комунисти. Воспоставување на средновековен талибански режим од страна на САД.

Гватемала: илјадници загинаа за време на пучот организиран од ЦИА против Работничката партија на Гватемала во 1950-тите[29].

Куба: Инвазијата во Заливот на свињите (176 убиени[30]), бројни напади врз народот и Фидел Кастро, атентат на Че, блокада[31].

Италија: Мусолински фашизам, потоа „стратегија на тензија“, војна против црвените милитанти од страна на фашистичките организации за време на „oловните години“ (428 убиени[32]), бомбардирање на железничката станица во Болоња (црвениот град)[33].

Германија: репресија на спартакистите (130–180 убиени[34]) од страна на (Социјалдемократската партија на Германија) и Слободните корпуси, убиство на Луксембург и Либкнехт. Нацизам. Истребувачка војна против СССР[35]. Реколонизација на Демократска Република Германија.

Унгарија: уништување на комунистите и Бела Кун во 1919 година: контрареволуционерен пуч со поддршка на фашистичките сили (најмалку 6.000 жртви[36]).

Уругвај[37], Парагвај[38]...: фашистички диктатури. Симбол во Уругвај: Хорхе Арисменди, комунистички математичар.

Аргентина: диктатура на полковниците (22.000–30.000 убиени[39]).

Бразил: Одреди на смртта, пуч против Жуселино Кубичек. Страшни антикомунистички репресии во 1930-тите (најмалку 120 мртви[40]) и 1940-тите против црвените селани на Луис Карлос Престес.

Финска: Масакр на 100.000 комунисти по Руската револуција од 1917 година[41]. Манерхајмова диктатура.

Југославија: Распад диктиран од омразата кон СФРЈ[42].

Соединетите Американски Држави: Макартизам[43], лов на вештерки (Анџела Дејвис...) глобален антикомунизам. Екстремизам: вртоглава трка во вооружување, злосторства на ЦИА[44], интервенционизам. Слоган: „Подобро мртви отколку црвени“.

Полска: актуелен лов на вештерки.

Балтички држави: актуелна рехабилитација на нацистите.

Албанија: Лов по комунисти. Организирано ограбување на луѓето со огромна измама (систем на „пирамидални синџири“) формирана од банките со благослов на државата.

Чешка: „Закон за лустрација“ и лов на црвени.

Романија: Убиство на Чаушеску. Лов на вештерки. Масовна сиромаштија.

Русија: Царска репресија[45]. Граѓанска војна на белите[46] поддржана од 17 странски експедициски сили. Контрареволуција и масовна сиромаштија.

Индија[47], Пакистан, Бангладеш: антикомунистичка репресија.

Кина: Шангајски масакр (1927) од 5,000[48]–10,000[49] убиени.

Индокина, потоа Виетнам: Затворот Кондао[50]. Колонијални војни[51].

Камбоџа: Поддршка на Западот за Лон Нол и Црвените Кмери на Пол Пот[52]. (По пучот на Лон Нол во 1970 год. неколку стотици смртни случаи и илјадници апсења. Дополнителни 70.000 Камбоџанци со виетнамско потекло биле масакрирани со соучесништво на владата на Лон Нол за време на војната.[53])

Филипини: диктатура на Маркос[54].

Индонезија: Џиновски антикомунистички масакр (стотици илјади мртви[55]). Диктатура на Сухарто.

Либан: Убиство на комунистичките лидери.

Судан: Диктатура на Нимири, бесење на Абдал-Халик Махџуб (генерален секретар на КП).

Египет: репресија на Комунистичката партија на Египет под Насер и потоа.

Португалија: диктатура на Антонио де Оливеира Салазар[56].

Никарагва: Герилска војна на фашистичките Контраши финансирани од САД (Афера Иран-Контра). Илјадници смртни случаи во редовите на Сандинистичкиот фронт за национално ослободување: Граѓанска војна против Фронтот за национално ослободување „Фарабундо Марти“[57].

Колумбија: Илјадници убиства на лидери на Патриотскиот сојуз на Колумбија, синдикалци...[58]

Мексико: Постојана војна против црвените селани од Оахака и Чиапас[59].

Ирска: егзекуција на Џејмс Коноли по Великденското востание од април 1916 год.

Јужна Африка: Убиство на Крис Хани, генерален секретар на КП.

Конго: Убиство на Патрис Лумумба, диктатура на Мобуту Сесе Секо.

Непал: Антикомунистичка репресија[60].

Етиопија: Крајот на режимот на Менгисту Хајле Маријам ја втурна земјата во хаос и ја предаде на сомалиската и американската армија[61].

Шпанија: Иако граѓанската војна заврши во 1939 година, масовните убиства ќе продолжат до 1947 година, за време на периодот на Белиот терор, што доведе до истребување на 160.000-400.000 либерали, социјалисти од различни провениенции, протестанти, интелектуалци, хомосексуалци, масони, Евреи и Баскијци, каталонски, андалузиски и галициски националисти[62].


Фусноти

[1] Philippe Buonarroti, History of Babeuf's Conspiracy for Equality (1836).

[2] На 23 јуни, Извршната комисија го постави Кавењак задолжен за задушување на вооружениот работнички бунт во источен Париз, кој ќе стане познат како Јунски денови. До 24 јуни, бунтовниците претставуваа таква закана што Националното собрание му даде диктаторски овластувања на Кавењак и го распушти Извршниот комитет. Види Pierre Milza, Napoléon III, Éd. Perrin, collection Tempus, Paris, 2006, p. 177.

[3] Lissagaray, Prosper-Olivier (2000) [1876]. Histoire de la Commune de 1871, p. 383. Paris: La Decouverte/Poche.

[4] Milza, Pierre (2009). L'année terrible: La Commune (mars–juin 1871), pp. 431–432. Paris: Perrin.

[5] Владините трупи пукаа врз мирните демонстрации на работниците кои тврдеа „C'est les huit heures qu'il nous faut!“ (тоа е осумчасовниот ден што ни треба). Види Danielle Tartakowsky, 1er mai 1891 : la fusillade de Fourmies, Histoire par l'image.

[6] Jean Ziegler, Le livre noir du capitalisme. Pantin, France: Le temps des cerises, 1998, 427 pp.

[7] "World War I - Killed, wounded, and missing". Britannica.com.

[8] Shorter, Edward; Tilly, Charles (1974). Strikes in France 1830-1968.

[9] Louis Poulhès, L'État contre les communistes (1938-1944), éditions Atlande, 2021.

[10] Pierre Outeryck, „La grève des mineurs de 1948“, Cahiers de l'institut d'histoire sociale, n°108,‎ décembre 2008.

[11] Georges Tyrakowski, „La Grande grève des mineurs de 1948“, Mineur de fond, 2016.

[12] „La révolte du Pays noir“, Le Parisien, 1er novembre 2014.

[13] CIA, Report, French Labor Unrest in 1950 and Its Implications for the Attainment of US Objectives in Western Europe, March 8, 1950, Secret, CREST.

[14] Benjamin Stora et Mohammed Harbi (dir.), La guerre d'Algérie : 1954-2004, la fin de l'amnésie, Paris, Robert Laffont, 2004, 728 p.

[15] Valentino, Benjamin (2005). Final Solutions: Mass Killing and Genocide in the 20th Century. Cornell University Press. p. 83.

[16] Einaudi, Jean-Luc (1991). La bataille de Paris: 17 octobre 1961. Seuil.

[17] Dewerpe, Alain (2006). Charonne, 8 février 1962: Anthropologie historique d'un massacre d'État. Folio histoire. Vol. 141. Gallimard.

[18] Eugénie Barbezat (7 February 2015). "Ne pas oublier le massacre de Charonne". L'Humanité.

[19] Jean Grellier et Alain Bocquet, Rapport de l'Assemblée Nationale, 10 juillet 2013, p. 15-18.

[20] Billancourt: reflet des luttes sociales et de la politique patronale et gouvernementale des cinquante dernières années, Cercle Léon Trotsky, n°51, објавено 22/05/1992.

[21] Collins, Stephen (16 December 2000). "Now open – Pinochet's torture chambers". The Daily Telegraph.

[22] The Valech Report, The National Commission on Political Imprisonment and Torture Report, November 2004.

[23] Gil, Ata. "La Turquie à marche forcée," Le Monde diplomatique, February 1981.

[24] Devrimci Yol Savunması (Defense of the Revolutionary Path). Ankara, January 1989, p. 118-119.

[25] Searchlight, No.47 (May 1979), pg. 6. Цитирано од (Herman & Brodhead 1986, p. 50)

[26] Tareekh al-Iraq - Sheikh Qasim al Nuami, Pages 65-66.

[27] Shojaedin Shafa, Genayat va Mohafaat, Londres, 1983, p. 21.

[28] "Blood-soaked secrets with Iran's 1998 Prison Massacres are ongoing crimes against humanity". Amnesty International. 4 December 2018.

[29] Се проценува дека од 140.000 до 200.000 луѓе биле убиени или насилно „исчезнати“ за време на конфликтот, вклучувајќи 40.000 до 50.000 исчезнувања. Види Briggs, Billy (2 February 2007). "Billy Briggs on the atrocities of Guatemala's civil war". The Guardian. London.

[30] Fernandez, Jose Ramon (2001). Playa Girón/Bay of Pigs: Washington's First Military Defeat in the Americas. Pathfinder.

[31] Не постојат цврсти податоци за тоа колку Кубанци загинале поради ембаргото, но кубанските власти не бираат зборови кога ги прашуваат за бројот на жртвите. „Тоа не е само блокада, тоа е чин на геноцид“, изјавил за Ал Џезира д-р Антонио Гонзалес Фернандез, директор на одделот за меѓународни односи при Министерството за здравство. Ричард Гарфилд и Сара Сантана го испитуваат влијанието на американското ембарго врз здравјето во Куба. Според нив, поради недостигот на лекови дошло до 48% зголемување на смртните случаи од туберкулоза од 1992 до 1993 година. И од 1989 до 1993 година, овие состојби биле исто така поврзани со 67% зголемување на смртните случаи поради заразни и паразитски болести и 77% зголемување на смртните случаи поради грип и пневмонија. Вкупната смртност на 1000 жители се зголемила од 6,4 во 1989 година на 7,2 во 1994 година. Зголемувањето речиси целосно се должело на порастот на смртноста од 15% кај оние на возраст од 65 години и постари, што претставува 7500 прекумерни смртни случаи. Види Richard Garfield and Sarah Santana, The Impact of the Economic Crisis and the US Embargo on Health in Cuba, American Journal of Public Health, Јаnuary, 1997, Vol. 87, No. 1.

[32] "Anni di piombo, le vittime dimenticate dallo Stato". Lettera43. March 16, 2014.

[33] 85 убиени и над 200 повредени. Види ""Fifth Man" Paolo Bellini Found Guilty of the 1980 Bologna Massacre". Searchlight Magazine.

[34] Jones, Mark (2016). Founding Weimar: Violence and the German Revolution of 1918–1919. Cambridge: Cambridge University Press.

[35] Историчарот Виктор Земсков проценува дека има околу 3,9 милиони мртви од 6,2 милиони заробени, вклучително и 200.000 убиени како воени соработници. Види Земсков, Виктор (2013). К вопросу об общей численности советских военнопленных и масштабах их смертности (1941–1945 гг.) [За прашањето за вкупниот број советски воени затвореници и обемот на нивната смртност (1941–1945)]. Russian History. 93 (47): 103–112.

[36] Robert O. Paxton, The anatomy of fascism, 2004.

[37] Повеќе од 5000 луѓе беа уапсени поради политички причини, а речиси 10% од Уругвајците емигрираа од земјата. Речиси 20% од населението беа уапсени на пократки или подолги периоди. Познато е дека околу 180 Уругвајци биле убиени за време на 12-годишната воена диктатура од 1973 до 1985 година. Види "New find in Uruguay 'missing' dig". BBC News. December 3, 2005.

[38] За време на режимот на Алфредо Штроснер, се проценува дека од 3.000 до 4.000 луѓе биле убиени, уште 400 до 500 „исчезнале“, а илјадници други биле затворени и мачени. Режимот беше одговорен за прогонство на 20.814 Парагвајци. Види Donald Bloxham and A. Dirk Moses, eds. The Oxford Handbook of Genocide Studies. Oxford University Press, 2013. pp. 493-494.

[39] Се проценува дека меѓу 22.000 и 30.000 луѓе биле убиени или исчезнати за време на Валканата војна, од кои многу било невозможно формално да се документираат поради природата на државниот тероризам, сепак, аргентинското воено разузнавање во тоа време проценило дека 22.000 луѓе биле убиени или исчезнати до 1978 година. Види Blakeley, Ruth (2009). State Terrorism and Neoliberalism: The North in the South. Routledge. pp. 96–97.

[40] "Irrompe em Natal e Recife um movimento extremista". Correio da Manhã. Rio de Janeiro.

[41] Jacques Serieys, Finlande 30 avril 1918 Ouvriers et métayers massacrés par les Gardes blancs et soldats allemands (Tampere, Helsinki, Vyborg), 8 mai 2024.

[42] Според Меѓународниот центар за транзициска правда, југословенските војни резултирале со смрт на 140.000 луѓе, додека Фондот за хуманитарно право проценува најмалку 130.000 жртви.

[43] Бројот на затвореници се мери во стотици, а околу десет или дванаесет илјади останале без работа. Види Schrecker, Ellen (1998). Many Are the Crimes: McCarthyism in America. Little, Brown.

[44] Association for Responsible Dissent (ARDIS) проценува дека до 1987 година, 6 милиони луѓе загинале како резултат на тајните операции на ЦИА. (Coleman McCarthy, "The Consequences of Covert Tactics" Washington Post, December 13, 1987.) Поранешниот функционер на Стејт департментот Вилијам Блум правилно го нарекува ова „американски холокауст“.

[45] Комунистите делумно ја обвиниле Охрана за настанот на крвавата недела од јануари 1905 година, кога царските трупи убиле стотици невооружени демонстранти кои марширале за време на демонстрациите. Монтираните судења и вонсудските егзекуции го намалиле членството на револуционерните групи од 100.000 на 10.000 до 1910 година. Види Salisbury, Harrison E. (1981). Black Night White Snow. Da Capo Press. pp. 122–123.

[46] Околу 10 милиони луѓе загинале како резултат на Граѓанската војна во Русија, а огромното мнозинство од нив биле цивилни жртви. Види "Russian Civil War – Foreign intervention". Britannica.

[47] 4.515 убиени и 16.394 уапсени. Види "Yearly Fatalities". South Asia Terrorism Portal.

[48] Carter, Peter (1976). Mao. Oxford University Press. p. 62.

[49] Ryan, Tom (2016). Purnell, Ingrid; Plozza, Shivaun (eds.). China Rising: The Revolutionary Experience. Collingwood: History Teachers' Association of Victoria. p. 77.

[50] Затворот Кондао беше мрачен казнено-поправен дом што го користеа француските колонијалисти за да ги потиснат политичките дисиденти. Над 20.000 Виетнамци беа затворени овде во период подолг од 100 години.

[51] Бенџамин Валентино проценува дека Французите се одговорни за 60.000 до 250.000 цивилни жртви во Првата индокинеска војна. Проценките за жртвите варираат, при што еден извор сугерира до 3,8 милиони насилни воени смртни случаи во Виетнам од 1955 до 2002 година. Проценките за смртни случаи на цивили предизвикани од американското бомбардирање на Северен Виетнам се движат од 30.000 до 182.000.

[52] Западот не може да давал поддршка на Црвените Кмери бидејќи за време на Граѓанската војна во Камбоџа, Западот давал поддршка на режимот на Лон Нол, поддржан од американската воздушна сила, против Црвените Кмери и Северен Виетнам. Лон Нол избегал од Камбоџа во 1975 година непосредно пред преземањето на власта од страна на Црвените Кмери. Ефикасноста на американското бомбардирање на Црвените Кмери и бројот на загинати цивили од Камбоџа е спорна. Со ограничени податоци, опсегот на смртни случаи во Камбоџа предизвикани од американското бомбардирање може да биде помеѓу 30.000 и 150.000 камбоџански цивили и борци на Црвените Кмери. (Owen, Taylor; Kiernan, Ben (October 2006). "Bombs Over Cambodia". The Walrus: 62–69; Valentino, Benjamin (2005). Final Solutions: Mass Killing and Genocide in the 20th Century. Cornell University Press. p. 84.) Седмото воздухопловство на САД тврдеше дека бомбардирањето го спречило падот на Пном Пен во 1973 година со убиство на 16.000 од 25.500 борци на Црвените Кмери кои го опсадувале градот. (Etcheson, Craig (1984). The Rise and Demise of Democratic Kampuchea. Westview. p. 118.) Се тврди дека интервенцијата на САД во Камбоџа придонела за конечно преземање на власта од страна на Црвените Кмери, која пораснала од 4.000 во 1970 година на 70.000 во 1975 година. Северно виетнамската офанзива во Камбоџа во 1970 година беше започната на експлицитно барање на Црвените Кмери по преговорите со Нуон Чеа. (Dmitry Mosyakov, "The Khmer Rouge and the Vietnamese Communists: A History of Their Relations as Told in the Soviet Archives," in Susan E. Cook, ed., Genocide in Cambodia and Rwanda (Yale Genocide Studies Program Monograph Series No. 1, 2004), p54ff.) Во април-мај 1970 година, многу северно виетнамски сили влегоа во Камбоџа како одговор на повикот за помош упатен до Виетнам не од Пол Пот, туку од неговиот заменик Нуон Чеа. Нгујен Ко Тач се сеќава: „Нуон Чеа побара помош и за десет дена ослободивме пет провинции на Камбоџа“.

[53] Sliwinski, Marek (1995). Le Génocide Khmer Rouge: Une Analyse Démographique. Paris: L'Harmattan. pp. 42–43, 48.

[54] Историчарите веруваат дека диктатурата на Маркос била обележана со 3.257 познати вонсудски убиства, 35.000 документирани мачења, 737 „исчезнати“ и 70.000 затворања. Види Robles, Raissa (2016). Marcos Martial Law: Never Again. Filipinos for a Better Philippines.

[55] Веројатно помеѓу 500.000 (минимална проценка) и 3 милиони. Види Jean-Louis Margolin, Indonésie 1965 : un massacre oublié, Revue internationale de politique comparée, 2001.

[56] Историчарите велат дека 60 луѓе загинале во затворите од политички причини за време на речиси 40-годишниот режим на Салазар. Види Bilefsky, Dan (23 July 2007). Nostalgia for António de Oliveira Salazar divides the Portuguese. The New York Times.

[57] Војната на Контрашите однесе 30.000 животи во Никарагва. Види Thomas Walker, Nicaragua: Living in the Shadow of the Eagle, 4th Ed. (Westview Press, 2003).

[58] Точниот број на жртвите не е јасен. Обично е прифатена бројка на убиени околу 2.000 до 3.000 нејзини членови (највисоките неофицијални и непотврдени проценки, членови на ФАРК и мал број аналитичари, зборуваат за 5.000 или повеќе).

[59] Социјалните тензии, вооружените конфликти и паравоените инциденти се зголемија, што кулминираше со убиството на 45 луѓе во селото Актеал во 1997 година од страна на милиција против Запатиста, поврзана со мексиканската влада. Види "Government apologizes for its role in Acteal massacre of 1997". Mexico News Daily. 2020-09-04.

[60] Над 8.200 Непалци убиени од владините сили од 1996 до 2005 година. Види Ed Douglas. "Inside Nepal's Revolution". National Geographic Magazine, p. 54, November 2005.

[61] До март 2022 година, дури 500.000 луѓе загинаа како резултат на насилство и глад. Види "The World's Deadliest War Isn't in Ukraine, But in Ethiopia". The Washington Post. 23 March 2022.

[62] Payne, Stanley (2012). The Spanish Civil War. New York: Cambridge University Press.