Карл Маркс
Капиталот (том 1)

Предговор кон француското издание


До граѓанинот Морис Ла Шатр

Уважен граѓанине!

Го имате моето одобрување за Вашата идеја да гo издадете преводот на „Капиталот“ во периодични книшки. Во оваа форма делото ќe биде достапно за работничката класа, а овој обѕир за мене е поважен од сите други.

Таа е убавата страна од Вашиот медал, но еве ја и опачината. Аналитичкиот метод со кој се послужив и кој уште не беше применуван на економските проблеми, прилично им гo отежнува на читателите читањето на првите глави, та треба да се плашиме дека француската публика, севезден нестрплива за да дојде до резултат, жедна да ја запознае поврзаноста на општите принципи со прашањата што непосредно ја интересираат, ќe се заплаши да продолжи, бидејќи нема веднаш сѐ да најде во почетокот.

Тоа е незгода против која ништо не можам, освен однапред, за секој случај, да предупредам за тоа и да го вооружам читателот што ја бара вистината. Кон науката нема широк пат, и само оние имаат изглед оти ќe се искачат на нејзините светли височини што не се плашат од умор при качувањето по нејзините стрмни патчиња.

Примете ја, уважен граѓанине, увереноста за мојата приврзаност.

Лондон, 18 март 1872 година

Карл Маркс


Содржина

Маркс-Енгелсова интернет архива

марксистичка интернет архива