Француската и англиската аристократија по својата историска положба беше повикана да пишува памфлети против современото буржоаско општество. Во француската Јулска револуција од 1830 година, во англиското движење за парламентарна реформа, таа уште еднаш му подлегна на омразениот скороевец. За некаква сериозна политичка борба повеќе не можеше ни збор да има. Нејзе ? преостануваше да ce бори само на литературно поле. Но и во областа на литературата старите фрази од времето на реставрацијата станаа веќе невозможни.[1] За да предизвика симпатии, аристократијата мораше привидно да ги испушти од предвид своите интереси и да го формулира своето обвинение против буржоазијата уште единствено во интерес на експлоатираната работничка класа. Така таа си доставуваше задоволство со тоа што смееше да пее пасквили на сметка на својот господар и да му шепоти на увото повеќе или помалку зловешти пророштва.
На тој начин изникна феудалистичкиот социјализам, наполу жалопојка, наполу пасквил, наполу одглас на минатото, наполу заплашување на иднината, погодувајќи ја понекојпат буржоазијата в срце со својата горчлива, духовита и парателна осуда, но секогаш дејствувајќи комично со целосната неспособност да го сфати текот на современата историја.
Аристократијата мавташе со пролетерската питачка торба како со знаме, за да го собере околу себе народот. Но секогаш, кога тој ќе тргнеше по неа, ќе ги видеше на нејзиниот задник старите феудални грбови и ќе ce разбегаше со силен и непочитувачки кикот.
Оваа претстава ја приредија еден дел од француските легитимисти „Млада Англија“.
Кога феудалците докажуваат дека нивниот начин на експлоатација бил поинаков од буржоаската експлоатација, го забораваат само тоа дека тие експлоатираа под сосем различни и сега веќе преживеани околности и услови. Кога докажуваат дека под нивното владеење го немало современиот пролетаријат, тие го забораваат само тоа дека токму современата буржоазија беше неизбежен плод на нивниот општествен поредок.
Инаку, тие така малку го кријат реакционерниот карактер на својата критика, што нивното главно обвинување против буржоазијата токму во тоа и ce состои дека под нејзиниот режим ce развива класата што ќе го фрли во воздух целиот стар општествен поредок.
Тие многу повеќе ? префрлаат на буржоазијата за тоа што таа го создава револуционерниот пролетаријат отколку за тоа што создава пролетаријат воопшто.
Поради тоа во политичката практика тие учествуваат во сите насилни мерки против работничката класа, a во обичниот живот ce задоволуваат со тоа, спротивно на сите свои надуени фрази, да ги собираат златните јаболка и по трговски да ја заменуваат верноста, љубовта и честа за волна, цвекло и ракија.[2]
Како што попот секогаш одел рака за рака со феудалецот, така исто и поповскиот социјализам оди со феудалистичкиот.
Нема ништо полесно отколку социјалистички да ce пребојадиса христијанскиот аскетизам. Зар не грмеше и христијанството против приватната сопственост, против бракот, против државата? Зар тоа не проповедаше дека тие треба да ce заменат со добротворство и просјачење, со безбрачност и умртвување на плотта, со манастирски живот и со црква? Христијанскиот социјализам е само света водица со која попот ја благословува озлобеноста на аристократот.
Феудалната аристократија не е единствената класа урната од буржоазијата, на која условите на животот ? ce пресушија и исчезнаа во современото буржоаско општество. Средновековното малограѓанско население и ситниот селански сталеж беа претходници на современата буржоазија. Во земјите што ce индустриски и трговски помалку развиени, оваа класа вегетира и понатаму покрај буржоазијата што ce развива.
Во земјите каде што ce разви современата цивилизација ce формира едно ново малограѓанство, кое ce колеба меѓу пролетаријатот и буржоазијата и кое постојано одново ce формира како дополнителен дел на буржоаското општество, но конкуренцијата постојано ги фрла во пролетаријатот неговите членови, и тие почнуваат веќе да гледаат дека со развитокот на крупната индустрија ce приближува денот кога тој слој наполно ќе исчезне како самостоен дел на современото општество и кога во трговијата, мануфактурата и селското стопанство ќе биде заменет со надзорници и слуги.
Во такви земји како што е Франција, каде што селанството составува многу повеќе од половината на сето население, беше природно што писателите кои истапуваат за пролетаријатот, a против буржоазијата, во својата критика на буржоаскиот режим го применуваа мерилото на малограѓанинот и на ситниот селанец и застанаа на страната на работниците од становиштето на малограѓанството. Така ce создаде малограѓанскиот социјализам. Сисмонди е на челото на таа литература не само за Франција, ами и за Англија.
Овој социјализам ги анализира противречностите во современите производствени односи со крајна остроумност. Тој ги откри лицемерните украсувања на економистите. Непобитно го докажа разурнувачкото дејство на машините и на поделбата на трудот, концентрацијата на капиталот и на земјишниот посед, претераното производство и кризите, неизбежното пропаѓање на малите граѓани и селани, бедата на пролетаријатот, анархијата во производството, вопијуштата неправда во поделбата на богатството, истребувачката индустриска војна меѓу нациите, распаѓањето на старите обичаи, на старите семејни односи, на старите народности.
Но по својата позитивна содржина, овој социјализам сака или одново да ги воспостави старите средства за производство и промет, a со нив и старите сопственички односи и старото општество, или сака современите средства за производство и промет насилно да ги втера пак во рамките на старите сопственички односи, кои тие ги разбија и мораа да ги разбијат. Во обата случаја тој е едновремено и реакционерен и утопистички.
Еснафство во индустријата и патријархално селско стопанство — тоа е неговиот последен збор.
Во својот понатамошен развиток овој правец западна во кукавички мамурлак.
Социјалистичката и комунистичката литература на Франција, која изникна под притисокот на владејачката буржоазија и која е литературен израз на борбата против таа власт беше пренесена во Германија во такво време кога буржоазијата тукушто ја беше започнала својата борба против феудалниот апсолутизам.
Германските филозофи, полуфилозофи и префинети мозоци жедно ce фатија за таа литература, само што при тоа заборавија дека со пренесувањето на тие списи од Франција во Германија не беа истовремено тука пренесени и француските услови на животот. Во германските услови француската литература изгуби секакво непосредно практично значење и доби чисто литературен изглед. Таа мораше да изгледа просто како итро размислување во вистинското општество за остварувањето на човековата сушност. Така барањата на првата Француска револуција имаа за германските филозофи од XVIII век смисла само како барања на „практичниот разум“ воопшто, a пројавите на волјата на револуционерната француска буржоазија во нивните очи значеа закони на чистата волја, на волјата каква што таа мора да биде, на вистински човечката волја.
Сета работа на германските литератори ce состоеше исклучиво во тоа да ги доведат во склад новите француски идеи со својата стара филозофска совест или, подобро кажано, да ги присвојат француските идеи од своето филозофско становиште.
Ова присвојување ce изврши на ист начин на каков воопшто ce присвојува некој туѓ јазик, то ест со преведување.
Познато е како калуѓерите ги испишуваа невкусните католички житија на светци преку ракописите на класичните дела на старото паганско време. Германските литератори постапија со профаната француска литература обратно. Тие своите филозофски глупости ги напишаа под францускиот оригинал. Така, на пример, под француската критика на паричните односи тие напишаа „отуѓување на човечката сушност“, под француската критика на буржоаската држава тие пишуваа „укинување на власта на апстрактно-општото“ итн.
Ова потклавање на своите филозофски фрази под француската мисла тие го крстија со имињата „филозофија на делото“, „вистински социјализам“, „германска наука на социјализмот“, „филозофско образложување на социјализмот“ итн.
Така француската социјалистичко-комунистичка литература беше наполно скопена. Па бидејќи во рацете на Германецот таа престана да биде израз на борбата на една класа против друга, Германецот беше убеден дека ce издигнал над „француската едностраност“, дека тој наместо вистинските потреби ја застапувал потребата за вистината, a наместо интересите на пролетаријатот — интересите на човечката сушност, на човекот што не припаѓа кон никаква класа, дури и воопшто ни кон стварноста, ами само во магленото небо на филозофската фантазија.
Овој германски социјализам, кој своите беспомошни школски вежбања ги сметаше за толку сериозни и важни и така панаѓурски ги раструби, сепак малку по малку ја изгуби својата педантска невиност.
Борбата на германската, особено на пруската буржоазија против феудалците и апсолутното кралство, со еден збор, либералното движење стана посериозно.
На „вистинскиот“ социјализам му ce претстави на таков начин саканиот случај да му ги спротивстави на политичкото движење социјалистичките барања, да ги фрли традиционалните анатеми против либерализмот, против претставничката држава, против буржоаската конкуренција, буржоаската слобода на печатот, буржоасково право, буржоаската слобода и еднаквост, и на народната маса да и држи проповеди како во тоа буржоаско движење нема ништо да добие, ами напротив ризикува ce да изгуби. Германскиот социјализам заборави благовремено дека француската критика, на која недуховит одглас беше тој, го имаше за претпоставка современата буржоаско општество со соодветните материјални животни услови и со соодветниот политички поредок, a сите тие претпоставки требаше во Германија допрва да ce извојуваат.
На германските апсолутистички влади, со нивната свита од попови, учители, селански јункери и бирократи, тој им послужи како нагласено страшило против застрашувачкото издигање на буржоазијата.
Тој беше сладникаво дополнување кон жестоките расправии, со камшици и куршуми од пушка, со кои тие исти влади ги смируваа востанијата на германските работници.
Додека „вистинскиот“ социјализам на тој начин стана оружје во рацете на владите против германската буржоазија, тој и непосредно застапуваше еден реакционерен интерес, интересот на германското малограѓанско население. Малограѓанството, кое е наследено од XVI век и кое оттогаш постојано одново ce јавува во различни форми, ја составува во Германија вистинската општествена основа на суштествувачкиот поредок.
Неговото одржување е одржување на суштествувачкиот поредок во Германија. Од индустриската и политичката власт на буржоазијата тоа со страв го чека своето сигурно пропаѓање, од една страна, поради концентрација на капиталот, a од друга страна поради раѓањето на револуционерниот пролетаријат. Нему му ce чинеше дека „вистинскиот“ социјализам ќе отепа со еден куршум два зајака. Тој ce рашири како епидемија.
Исткаен од спекулативна пајажина, накитен со чудесни цвеќиња на красноречивоста, натопен со умилните солзи на сентименталната љубов, тој мистичен превез во кој германските социјалисти ги завиткаа своите неколку слаби „вечни вистини“ само го зголемуваше врвежот на нивната стока кај таа публика.
Од своја страна германскиот социјализам cè повеќе увидуваше дека неговиот позив е да биде високопарен застапник на оваа малограѓанштина.
Тој ја прогласи германската нација за нормална нација, a германскиот малограѓанин за нормален човек. На секоја негова нискост тој и придаваше некаква скриена, виша социјалистичка смисла, што ја претворува неа во нешто што и е наполно спротивно. Доследен до крај, тој отворено истапи против „грубо деструктивниот“ правец на комунизмот и објави дека во својата беспристрасност тој е над секоја класна, борба. Освен мошне малку исклучоци, cè што циркулира во Германија како божем социјалистички и комунистички списи спаѓа во областа на оваа валкана литература што ги растројува нервите.[3]
Еден дел од буржоазијата сака да ја отстрани социјалната беда за да го осигури опстанокот на буржоаското општество.
Тука влегуваат економистите, филантропите, хуманитаристите, поправачите на положбата на работничката класа, организаторите на добротворството, укинувачите на мачењето на животните, творците на трезвењачките друштва, таванџиските реформатори од сите можни видови. Овој буржоаски социјализам ce разработи дури во цели системи.
За пример ќе ја приведеме „Филозофија на бедата“ од Прудон.
Социјалистичките буржуи ги сакаат животните услови на современото општество, но без борбите и опасностите што произлегуваат нужно од нив. Тие го сакаат современото општество со одземање на оние елементи што го револуционизираат и разоруваат него. Тие ја сакаат буржоазијата без пролетаријатот. Светот во кој владее, ce разбира, буржоазијата го замислува како најдобар свет. Буржоаскиот социјализам ја изградуваше оваа утешна претстава во полусистем или во цел систем. Кога тој го повикува пролетаријатот да ги оствари неговите системи за да влезе во нов Ерусалим, тогаш тој всушност го бара од него само тоа да остане во денешното општество, но да ce ослободи од целата омраза за него.
Другата, помалку систематска но затоа попрактична форма на тој социјализам ce стремеше на работничката класа да ? го згади секое револуционерно движење, докажувајќи дека нејзе не може да ? биде полезна оваа или онаа политичка измена, ами само измената на материјалните услови на животот, на економските односи. Но под измена на материјалните услови на животот овој социјализам никако не подразбира укинување на буржоаските производствени односи, кое е можно само по револуционерен пат, ами само административни подобрувања што можат да ce извршат врз почвата на овие производствени односи, кои, значи, во однос на капиталот и наемниот труд не менуваат ништо или, пак, во најдобриот случај ? ги смалуваат на буржоазијата трошоците на нејзиното владеење и го упростуваат нејзиното државно стопанство.
Изразот што најмногу му одговара на буржоаскиот социјализам го достигнува тој дури таму каде што станува гола говорничка фигура.
Слободна трговија! — во интерес на работничката класа; заштитни царини! — во интерес на работничката класа; реформирани затвори! — во интерес на работничката класа — тоа е последниот, единствено искрен збор на буржоаскиот социјализам.
Социјализмот на буржоазијата ce состои имено во тврдењето дека буржуите ce буржуи — во интерес на работничката класа.
Ние овде не говориме за таа литература што во сите големи современи револуции ги изразуваше барањата на пролетаријатот (списите на Бабеф итн.).
Првите обиди на пролетаријатот, во времето на општата вознемиреност, во периодот на уривањето на феудалното општество, да ги спроведе непосредно своите сопствени класни интереси, нужно ce разбиваа од неразвиеноста на самиот пролетаријат, како и од несуштествувањето на материјални услови за неговото ослободување, бидејќи тие услови ce имено производ дури на буржоаската епоха. Револуционерната литература што ги придружуваше тие први движења на пролетаријатот е по својата содржина нужно реакционерна. Таа проповеда општ аскетизам и грубо израмнување.
Вистинските социјалистички и комунистички системи, системите на Сен Симон, Фурие, Овен итн. с e појавуваат во првиот неразвиен период на борбата помеѓу пролетаријатот и буржоазијата, кој ние погоре го прикажуваме (види: Буржуи и пролетери).
Пронајдувачите на овие системи ја гледаа навистина спротивноста на класите, како и дејството на разурнувачките елементи во самото владејачко општество. Но тие не гледаа на страната на пролетаријатот никаква историска самодејност, никакво нему својствено политичко движење.
Бидејќи развитокот на класните спротивности оди рака за рака со развитокот на индустријата, тие не наоѓаат ни материјални услови за ослободувањето на пролетаријатот и бараат некоја социјална наука, социјални закони за да ги создадат тие услови.
На местото на општествената дејност мора да стапи нивната лична пронајдувачка дејност, на местото на историските услови фантастични услови, на местото на постепено вршената организација на пролетаријатот во класа — организација на општеството според нивниот измислен рецепт. Понатамошната светска историја ce сведува за нив на пропаганда и практично остварување на нивните општествени планови.
Тие ce навистина свесни дека во своите планови ги застапуваат, главно, интересите на работничката класа како класа што најмногу страда. Пролетаријатот и суштествува за нив само како класа што најмногу страда.
Но неразвиената форма на класната борба и нивната сопствена животна положба ги доведуваат до тоа тие да си мислат дека стојат високо над таа класна спротивност. Тие сакаат да ја поправат положбата на сите членови на општеството, дури и на најимашливите. Затоа тие постојано апелираат кон целото општество без разлика, па дури и повеќе кон владејачката класа. Достатно е само да ce разбере нивниот систем, па да ce признае за најдобар можен план на најдоброто можно општество.
Поради тоа тие отфрлаат секаква политичка, особено секаква револуционерна акција, тие сакаат да ја постигнат својата цел по мирен пат, да ce обидуваат со ситни и, ce разбира, неуспешни обиди, и со дејството на примерот да му го пробијат патот на неговото општествено евангелие.
Ова фантастично сликање на идното општество изникнува во времето кога пролетаријатот е уште крајно неразвиен, кога, значи, и самиот уште фантастично си ја сфаќа својата сопствена положба, изникнува од неговите први стремежи кон општа преобразба на општеството што ја претчувствува.
Но социјалистичките и комунистичките списи содржат и критички елементи. Тие напаѓаат врз сите основи на постојното општество. Затоа тие дадоа вонредно скапоцен материјал за просветувањето на работниците. Нивните позитивни поставки за идното општество, на пример укинувањето на спротивноста меѓу градот и селото, на семејството, на приватната печалба, на наемниот труд, прогласувањето на општествена хармонија, претворувањето на државата во проста управа над производството — сите овие нивни поставки го изразуваат само отстранувањето на класната спротивност, која имено тукушто почнува да ce развива, која тие ја познаваат само во нејзината нова бесформена неопределеност. Затоа и самите тие поставки имаат ce уште само утопистичка смисла.
Значењето на критичко-утопистичкиот социјализам и комунизам стои во обратен однос спрема историскиот развиток. Колку класната борба повеќе ce развива и добива cè поопределена форма, толку повеќе тоа фантастично издигање над неа, тоа фантастично негирање нејзино, губи секаква практична вредност, секакво теоретско оправдување. Поради тоа, ако творците на овие системи беа во многу нешто револуционерни нивните ученици претставуваат секогаш реакционерни секти. Тие цврсто ce држат за старите погледи на своите учители, не гледајќи на понатамошниот историски развиток на пролетаријатот. Затоа тие доследно гледаат пак да ја затапат класната борба и да ги помируваат спротивностите. Тие ce уште си сонуваат за обиди да ги остварат своите општествени утопии, за организирање на одделни фаланстери, за основање на „homme“ колонии, за подигање на некаква малечка Икарија[4] — џебно издание на нов Ерусалим — a за изградувањето на сите тие воздушни кули, принудени ce да апелираат кон добротворните срца и кон ќесето на буржоазијата. Тие постепено паѓаат во категоријата на горе опишаните реакционерни или конзервативни социјалисти и ce разликуваат од нив уште само со подобро систематизираната педантерија, со фантастичната вера во чудесното дејство на својата социјална наука.
Ете зошто тие со огорченост истапуваат против секакво политичко движење на работниците, кое можело да настане, според нивното мислење, од слепото неверување во новото евангелие.
Овенистите во Англија, фуриеристите во Франција реагираат — првите против чартистите, вторите против реформистите.
Забелешки
[1] Не се мисли на Англиската реставрација од 1660-1689, туку на Француската реставрација од 1814-1830 (Енгелсова забелешка кон англиското издание од 1888).
[2] Ова пред сè се однесува на Германија, каде земјишното благородништво и јункерите најголемиот дел од своите имоти го експлоатираат за своја сметка преку свои управители, а покрај тоа се крупни производители на шеќер од репка и ракија од компир. Побогатите англиски аристократи сè уште не стигнале дотаму, но и тие знаат како опаѓачката рента може да се надомести со давање на своето име на повеќе или помалку сомнителни основачи на акционерски друштва (Енгелсова забелешка кон англиското издание од 1888).
[3] Револуционерната бура од 1848 го збриша целиот овој правец и му ја одзеде волјата на неговите носители и понатаму да се занимаваат со социјализам. Главен претставник и класичен тип на тој правец е г-ин Карл Грин (Енгелсова забелешка кон германското издание од 1890).
[4] Фаланстер - ознака за социјалистичките колонии по планот на Шарл Фурие; Икарија - име на колонијата кое Кабе му го даде на својата утопија, а подоцна на својата комунистичка колонија во Америка (Енгелсова забелешка кон англиското издание од 1888).
"Homme" колонии е име кое им го даде Овен на своите комунистички примерни друштва. Фаланстер беше име на општествените палати кои ги планираше Фурие. Икарија беше името на утописката фантастична земја, чии комунистички установи ги опиша Кабе (Енгелсова забелешка кон германското издание од 1890).