Владимир Илич Ленин

Државата и револуцијата


ГЛАВА VI

ВУЛГАРИЗИРАЊЕТО НА МАРКСИЗМОТ ОД СТРАНА НА ОПОРТУНИСТИТЕ


Прашањето за односот на државата кон социјалната револуција и на социјалната револуција кон државата мошне малку ги занимаваше највидните теоретичари и публицисти на Втората интернационала (1889—1914 година) посветија малку внимание, како и воопшто прашањето за револуцијата. Но најкарактеристично во тој процес на постепен растеж на опортунизмот, што доведе до крах на Втората интернационала во 1914 година, е тоа што тие, дури и тогаш кога непосредно се доближуваа до тоа прашање, гледаа да го избегнат или игнорираат.

Општо земено, може да се каже дека од заобиколноста по прашањето за односот на пролетерската револуција кон државата, заобиколност што му беше од полза на опортунизмот и што го потхрануваше него произлезе изопачувањето на марксизмот и неговото полно вулгаризирање.

За да го окарактеризираме, макар и накратко, тој жалосен процес, ќе ги земеме највидните теоретичари на марксизмот, Плеханов и Кауцки.

1. ПОЛЕМИКАТА НА ПЛЕХАНОВ СО АНАРХИСТИТЕ

Плеханов му посвети на прашањето за односот на анархизмот кон социјализмот специјална брошура: „Анархизмот и социјализмот", која излезе на германски во 1894 година.

Плеханов беше вешт да ја третира таа тема, заобиколувајќи го сосем најактуелното и политички најсуштествено во борбата против анархизмот, а имено односот на револуцијата кон државата и прашањето за државата воопшто! Во неговата брошура, се истакнуваат два дела: едниот — историско-литературен, со драгоцен материјал од историјата на идеите на Штирнер, Прудон и други. Другиот дел: филистерски, со несолени расудувања за тоа дека анархистот не можеш да го разликуваш од бандитот.

Поврзувањето на тие две теми е презанимливо и прекарактеристично за целата дејност на Плеханов спроти револуцијата и во текот на револуционерниот период во Русија: од 1905—1917 година Плеханов се покажа како полудоктринер и полуфилистер, кој во политиката се влече на опашката на буржоазијата.

Ние видовме како Маркс и Енгелс, полемизирајќи со анархистите, најопстојно ги објаснува своите погледи за односот на револуцијата кон државата. Издавајќи ја во 1891 година „Критиката на Готската програма" од Маркс, Енгелс пишуваше:... „ ние (т.е. Енгелс и Маркс) тогаш — од Хашкиот конгрес на (Првата) Интернационала тукушто беа поминале две години[94]— се наоѓавме во разгорот на борбата против Бакунин и неговите анархисти".[95]

Анархистите се обидуваа да ја прогласат токму Париската комуна, така да се каже, за „своја", која го потврдува нивното учење, при што тие апсолутно не ги разбраа поуките од Комуната и Марксовата анализа на тие поуки. Ама ништо што да е барем донекаде блиско до вистината, по конкретните политички прашања: треба ли да се разбие старата државна машина? и со што да се замени таа? — анархизмот не даде.

Но да се говори за „анархизмот и социјализмот", заобиколувајќи го целото прашање за државата, не забележувајќи го целиот развиток на марксизмот пред и по Комуната, тоа значеше неминовно урнисување во опортунизам. Зашто на опортунизмот токму тоа најмногу и му треба — тие две прашања што еве сега ги споменавме да не се поставуваат никако. Тоа е веќе победа на опортунизмот.

2. ПОЛЕМИКАТА НА КАУЦКИ СО ОПОРТУНИСТИТЕ

Во руската литература има преведено, несомнено, неизмерно повеќе дела на Кауцки одошто на кој и да било друг. Не тукутака се шегуваат некои германски социјалдемократи дека Кауцки повеќе го читаат во Русија одошто во Германија (да кажеме во заграда, во таа шега има многу повеќе длабока и историска содржина отколку што подозираат оние што ја направија, а имено: руските работници покажувајќи во 1905 година необично силно, невидено барање на најдобрите дела од најдобрата во светот социјалдемократска литература, и добивајќи огромна количина преводи и изданија на тие дела, невидена во другите земји, брзо го пренесоа, така да се каже, врз младата почва на нашето пролетерско движење огромното искуство на соседната, понапредната земја).

Освен со своето популарно излагање на марксизмот, Кауцки е кај нас особено познат и со својата полемика против опортунистите, на чело со Бернштајн. Но има еден факт, речиси непознат, и него не смееме да го заобиколиме, ако сме си ја поставиле задачата да испитаме како се урниса Кауцки во неверојатно срамната беспомошност и заштита на социјалшовинизмот во времето на најголемата криза од 1914—1915 година. А тоа е токму фактот што пред своето истапување против највидните претставници на опортунизмот во Франција (Милеран и Жорес) и во Германија (Бернштајн) Кауцки пројави многу големи колебања. Марксистичка „Зарл", која излегуваше од 1901 до 1902 година во Штутгарт и која ги бранеше револуционерно-пролетерските погледи, беше принудена да полемизира со Кауцки, да ја нарекува „каучукова" неговата половична, заобиколна, спрема опортунистите помирлива резолуција на Парискиот меѓународен социјалистички конгрес во 1900 година.[96]  Во германската литература беа објавени писмата на Кауцки, во кои се пројавуваат исто такви негови колебања, пред тој да го започне походот против Бернштајн.

Туку, неизмерно повеќе значење има околноста што ние во самата негова полемика со опортунистите, во начинот како тој го поставува прашањето и како го разгледува него, забележуваме сега, кога ја изучуваме историјата на најновото предавство на марксизмот од страна на Кауцки, систематско скршнување кон опортунизмот токму по прашањето за државата.

Да го земеме првото поголемо дело на Кауцки против опортунизмот, неговата книга „Бернштајн и социјалдемократската програма". Кауцки подробно го побива Бернштајн. Но еве што е карактеристично.

Бернштајн во своите херостратски прочуени „Претпоставки на социјализмот" го обвинува марксизмот за „бланкизам" (обвинение што оттогаш илјада пати го повторија опортунистите и либералните буржуи во Русија против претставниците на револуционерниот марксизам, болшевиците). При тоа Бернштајн се задржува специјално на Марксовата „Граѓанска војна во Франција" и се обидува — како што видовме, сосем неуспешно да го идентификува Марксовото гледиште за поуките од Комуната со гледиштето на Прудон. Особено внимание кај Бернштајн предизвикува оној заклучок што Маркс го подвлекол во предговорот кон „Комунистички манифест" од 1872 година и кој гласи: „работничката класа не може просто да ја земе во свои раце готовата државна машина и да ја пушти во движење за свои сопствени цели"[97]

На Бернштајн толку му се „свидела" таа реченица што тој ја повторува неа не помалку од трипати во својата книга, толкувајќи ја во најизопачена, опортунистичка смисла.

Маркс, како што видовме, сака да каже дека работничката класа мора да ја разбие, да ја скрши, да ја дигне во воздух (sprengung, дигање во воздух — израз употребен од Енгелс) целата државна машина. А кај Бернштајн излегува дека со овие зборови Маркс ја претпазувал работничката класа од прекумерна револуционерност при заземањето на власта.

Погрубо и побезобразно изопачување на Марксовата мисла не може ни да се замисли.

А како постапи Кауцки во своето многу подробно побивање на бернштајнијадата?[98]

Тој ја одбегна анализата на целата длабочина на изопачувањето на марксизмот од страна на опортунизмот во таа точка. Тој го приведе цитираниот погоре извадок од предговорот на Енгелс кон Марксовата „Граѓанска војна", велејќи дека, според Маркс, работничката класа не може просто да ја завладее готовата државна машина, но воопшто може да ја завладее неа, и толку. За тоа дека Бернштајн му припиша на Маркс мисла што е директно спротивна на она што Маркс навистина го мислел, дека Маркс од 1852 година го издигаше како задача на пролетерската револуција „разбивањето" на државната машина,[99] за сето тоа кај Кауцки нема ни збор.

Излезе така што најсуштествената разлика помеѓу марксизмот и опортунизмот по прашањето за задачите на пролетерската револуција остана кај Кауцки замачкана!

„Решението на прашањето за проблемот на пролетерската диктатура — пишуваше Кауцки „против" Бернштајн — ние сосем спокојно можеме да и го оставиме на иднината" (стр. 172 на германското издание).

Тоа не е полемика" против Бернштајн, ами, во суштината, отстапка пред Бернштајн, предавање на своите позиции на опортунизмот, зашто на опортунистите засега ништо друго и не им треба, освен „сосем спокојно да и се остават на иднината" сите основни прашања за задачите на пролетерската револуција.

Маркс и Енгелс од 1852 до 1891 година, во текот на 40 години, го учеа пролетаријатот дека тој мора да ја разбие државната машина. А Кауцки во 1899 година, пред лицето на полното предавство на марксизмот од страна на опортунистите во таа точка, го заменува прашањето за тоа дали е потребно да се разбие таа машина со прашањето за конкретните форми на разбивањето, и се спасува под сенката на „неоспорната" и (бесплодна) филистерска вистина дека конкретните форми ние не можеме да ги знаеме однапред!!

Меѓу Маркс и Кауцки има цела бездна во нивниот однос кон задачата на пролетерската партија да ја подготвува работничката класа за револуција.

Да го земеме следното, позрело дело на Кауцки, посветено во голема мера исто така на побивањето на грешките на опортунизмот. Тоа е неговата брошура за „Социјалната револуција". Авторот го зел овдека како своја специјална тема прашањето за „пролетерската револуција" и за „пролетерскиот режим". Авторот дава мошне многу работи извонредно драгоцени, но го заобиколил токму прашањето за државата. Во брошурата се говори насекаде за завојување на државната власт, и само толку, т.е. избрана е таква формулација што им прави отстапка на опортунистите, зашто допушта освојување на власта без разрешување на државната машина. Токму она што Маркс во 1872 година го прогласи за „застарено" во програмата на „Комунистички манифест"[100], Кауцки во 1902 година го оживува.

Во германското издание реченицата започнува со Решението за проблемот ..." — Рсд.

Во брошурата им е посветен посебен параграф на „Формите и оружјето на социјалната револуција". Тука се зборува и за масовен политички штрајк, и за граѓанска војна, и за такви „средства на силата на современата голема држава, како што се бирократијата и армијата", но за поуките што работниците ги извлекоа од Комуната нема ниту глас. Јасно, Енгелс не напразно ги предупредуваше, особено германските социјалисти, да се чуваат од „суеверната почит" спрема државата.

Кауцки ја излага работата вака: победоносниот пролетаријат „ќе ја оствари демократската програма", и ги изнесува нејзините параграфи. За тоа што ново даде годината 1871 по прашањето за замената на буржоаската демократија со пролетерска демократија нема ниту глас. Кауцки се извлекува со вакви „солидно" звучни баналности:

„Само по себе е очигледно дека ние нема да дојдеме на власт при сегашните услови. Самата револуција претпоставува долготрајна и длабоко зафатна борба што веќе ќе успее да ја измени нашата сегашна политичка и социјална структура".

Несомнено е дека тоа „само по себе е очигледно", како и вистината дека коњите јадат зоб и дека Волга се влива во Касписко Море. Жално е само што со помошта на празна и бомбастична фраза за „длабоко зафатената" борба се заобиколува прашањето што е насушно за револуционерниот пролетаријат: во што се изразува „длабочината" на неговата револуција во однос на државата, во однос на демократијата, за разлика од понапрежните, непролетерски револуции?

Заобиколувајќи го тоа прашање, Кауцки на дело му прави отстапка на опортунизмот по оваа најсуштествена точка, објавувајќи му на зборови страшна војна, подвлекувајќи го значењето на „идејата за револуцијата" (многу ли чини таа „идеја", ако се плашиме да ги пропагираме пред работниците конкретните поуки од; револуцијата?) или велејќи „револуционерен идеализам пред се", или прогласувајќи дека англиските работници се сега „одвај ли нешто повеќе од ситни буржуи".

„Во социјалистичкото општество — пишува Кауцки — можат да суштествуваат наспоредно.. . најразлични форми на претпријатија: бирократско(??), синдикално,. задружно, индивидуално" ... „Има, на пример, претпријатија што не можат да минат без бирократска (??) организација — такви се железниците. Тука демократската организација може да добие ваков изглед: работниците избираат делегати што образуваат нешто како парламент, и тој парламент го утврдува планот на работата, и надгледува како управува бирократскиот апарат. Други претпријатија можат да им се предадат на работничките синдикати за тие да раководат со нив, а трети пак можат да бидат организирани на задружни начела" (стр. 148 и 115 на рускиот превод, женевското издание од 1903 год.)

Тоа расудување е погрешно, тоа е чекор назад во споредба со она што го објаснуваа Маркс и Енгелс во седумдесеттите години на минатиот век врз примерот на поуките од Комуната.

Железниците апсолутно со ништо не се разликуваат, од гледна точка на божем неопходната „бирократска" организација, од воопшто сите претпријатија на крупната машинска индустрија, од која било фабрика, голем магазин, или крупно капиталистичко земјоделско претпријатие. Во сите такви претпријатија техниката налага најстрога дисциплина, најголема точност при вршењето на својот дел од работата, зашто инаку заплашува опасноста да се запре целата работа или да се расипе механизмот, да се расипе производот. Во сите такви претпријатија работниците, се разбира, „ќе избираат делегати што образуваат нешто како парламент".

Но тука е и целата работа што тоа „нешто како парламент" нема да биде парламент во смисла на буржоаско-парламентарните установи. Тука е и целата работа што тоа „нешто како парламент" нема само „да го утврдува планот на работата и да надгледува како управува бирократскиот апарат", како што си замислува Кауцки, чија мисла не излегува надвор од рамките на буржоаскиот парламентаризам. Во социјалистичкото општество „нештото како парламент" од работнички депутати, се разбира „ќе го утврдува планот на работата и ќе надгледува како управува" „апаратот", но самиот тој апарат нема да биде „бирократски". Работниците, штом ќе ја освојат политичката власт, ќе го разбијат стариот бирократски апарат, ќе го сринат до темел, нема да остават од него ни камен на камен, ќе го заменат со нов, што ќе се состои од истите тие работници и службеници против чие претворување во бирократи веднаш ќе бидат преземени мерки, кои подробно ги проанализираа Маркс и Енгелс: 1) не само изборност но и отповикливост во секое време; 2) плата не повисока од платата на работникот; 3) незабавно преминување кон тоа — сите да ги вршат функциите на контролата и надзорот, сите за определено време да стануваат „бирократи" и поради тоа никој да не може да стане „бирократ".

Кауцки апсолутно не размислува за зборовите на Маркс: „Комуната беше не парламентарно, но работно тело, извршно и законодавно во исто време".[101]

Кауцки апсолутно не ја разбрал разликата меѓу буржоаскиот парламентаризам, кој ја соединува демократијата (не за народот) со бирократизмот (против народот), и пролетерскиот демократизам, кој веднаш ќе преземе мерки за да го потсече уште в корен бирократизмот и кој ќе биде во состојба да ги доведе тие мерки до крај, до полното уништување на бирократизмот, до полнота воведување на демократија за народот.

Кауцки ја покажува тука онаа „суеверна почит" спрема државата, „суеверна вера" во бирократизмот.

Да преминеме кон последното и најдобро дело на Кауцки против опортунистите, кон неговата брошура „Патот кон власта" (изгледа дека не е издадена на руски, зашто излезе во разгорот на реакцијата кај нас, во 1909 година).[102] Таа брошура е голем чекор напред, зашто во неа се говори не за револуционерната програма воопшто, како во брошурата од 1899 година против Бернштајн, не за задачите на социјалната револуција, без оглед на времето на нејзиното избувнување, како во брошурата „Социјалната револуција" од 1902 година, но за конкретните услови што не тераат да признаеме дека „ерата на револуцијата" настапува.

Авторот јасно укажува на заострувањето на класните противречности воопшто и на империјализмот, кој има особено голеадо значење во тој поглед. По „револуционерниот период од 1789—1871 година" за Западна Европа, од 1905 гoдина почнува сличен период за Исток. Светската војна се надига со заплашителна брзина. „Пролетаријатот веќе не може уште да зборува за предвремена револуција". „Ние навлеговме во револуционерен период". „Револуционерната ера започнува".

Тие изјави се сосем јасни. Оваа брошура на Кауцки треба да послужи како мерило за споредување на тоа: што ветуваше да биде германската социјалдемократија пред империјалистичката војна и колку ниско падна таа (а со неа и самиот Кауцки) при избувнувањето на војната. „Сегашнава ситуација — пишуваше Кауцки во разгледуванава брошура — ја носи со себе таа опасност што нас (т.е. германската социјалдемократија) лесно може да не земат за поумерени отколку што навистина сме". Се покажа дека навистина германската социјалдемократска партија е неспоредливо поумерена и поопортунистичка отколку што изгледаше!

Толку покарактеристично е што и при таква определеност на изјавите на Кауцки за веќе започнатата ера на револуцијата, тој и во брошурата, посветена, според неговите сопствени зборови, на разгледувањето на прашањето имено за „политичката револуција", пак така сосем го заобиколил прашањето за држдвата.

Од сите тие заобиколувања на прашањето, премолчувања, замачкувања и се доби неизбежно она полно преминување кан опортунизмот за кое сега ќе говориме.

Германската социјалдемократија, во лицето на Кауцки, како да изјавуваше: јас си останувам при револуционерните погледи (1899 година). Јас ја признавам лосебно неизбежноста на социјалната револуција на пролетаријатот (1902 година). Јас го признавам настапувањето на новата ера на револуцијата (1909 година). Но јас сепак се враќам назад од она што го говореше Маркс уште во 1852 година, штом се поставува прашањето за задачите на пролетерската револуција во однос на државата (1912 година).

Токму така беше поставено прашањето во полемиката на Кауцки со Панекук.

3. ПОЛЕМИКАТА НА КАУЦКИ СО ПАНЕКУК

Панекук истапи против Кауцки „ како еден од претставниците на онаа „лево-радикална" струја на која и припаѓаа Роза Луксембург, Карл Радек и други и која, бранејќи ја револуционерната тактика, беше единствена во уверението дека Кауцки преминува врз позициите на „центарот", кој се колеба беспринципно меѓу марксизмот и опортунизмот. Точноста на тоа мислење наполно ја докажа војната, кога „центристичката" струја (неточно викана марксистичка) или „кауцкијанството" се покажа наполно во сета своја одвратна мизерија.

Во статијата „Масовните акции и револуцијата" (Neue Zeit, 1912, Vol.XXX, 2), во која го засега прашањето за државата, Панекук ја окарактеризира позицијата на Кауцки како позиција на „пасивниот радикализам", како „теорија на пасивното чекање". „Кауцки не сака да го види процесот на револуцијата" (стр. 616). Поставувајќи го така прашањето, Панекук се приближува до темата што нас не интересира — за задачите на пролетерската револуција во однос на државата.

„Борбата на пролетаријатот — пишуваше тој — не е просто борба против буржоазијата за државната власт, но борба противе државната власт... Содржината на пролетерската револуција е унишгувањетоуништувањето на средствата на државната сила и нивното истуркување (буквално: распуштање, Auflosung) со средствата на силата на пролетаријатот . .. Борбата престанува дури тогаш кога, како нејзин конечен резултат, ќе настапи полното уништување на државната организација. Организацијата на мнозинството ја докажува својата надмоќност со тоа што ја уништува организацијата на владеачкотовладејачкото малцинство" (стр. 548).

Формулацијата во која Панекук ги облекол своите мисли страда од многу големи недостатоци. Но мислата е сепак јасна, и интересно е како нејзе ја побиваше Кауцки.

„Досега — пишуваше тој — спротивноста меѓу социјалдемократите и анархистите се состоеше во тоа што првите сакаа да ја освојат државната власт, а вторите — да ја разрушат. Панекук го сака и едното и другото" (стр. 724).

Иако излагањето на Панекук страда од нејасност и од недостаток на конкретноет (не говорејќи овде за другите недостатоци на неговата статија што не се однесуваат на разгледуванава тема), Кауцки ја зел токму принципелната суштина на работата што ја истакнал Панекук и по основното принципиелно прашање сосем ја напуштил позицијата на марксизмот, наполно преминал кон опортунизмот. Разликата меѓу социјалдемократите и анархистите кај него е сосем неправилно определена, марксизмот е крајно искривен и вулгаризиран.

Разликата меѓу марксистите и анархистите се состои во тоа што 1) првите, поставувајќи си го за цел полното уништување на државата, ја признаваат таа цел за остварлива дури по унивдтувањетоуништувањето на класите од страна на социјалистичката револуција, како резултат од воспоставувањето на срцијализмотсоцијализмот, кој води кон одумирање на државата; вторите го сакаат полното уништување на државата од денеска до утре, не разбирајќи ги условите за остварувањето на нејзиното уништување. 2) Првите сметаат за потребно пролетаријатот, откако ќе ја освои политичката власт, наполно да ја разруши старата државна машина, за менувајќи ја со нова, која ќе биде организација на вооружените работници, по типот на Комуната; вторите, држејќи се за разрушувањето на државната машина, сосем нејасно си замислуваат со што ќе ја замени нејзе пролетаријатот и како тој ќе се ползува од револуционерната власт; анархистите дури и го отфрлат искористувањето на државната власт од страна на пролетаријатот, неговата револуционерна диктатура. 3) Првите бараат да се подготви пролетаријатот за револуцијата со помошта на искористувањето на современата држава; анархистите го отфрлаат тоа.

Во тој спор против Кауцки марксизмот е претставен имено од Панекук, зашто токму Маркс учеше дека пролетаријатот не може просто да ја освои државната вЛаствласт во смисла на преминувањето на стариот државен апарат. во нови раце, но мора да го разбие, да го скрши тој апарат. да го замени него со нов.

Кауцки преминува од марксизмот кај опортунистите, зашто кај него сосем исчезнува токму тоа разрбшување на државната машина, кое е сосем неприемливо за опортунистите, и останува за нив вратниче во смисла на толкување на „освојувањето" како просто придобивање на мнозинството.

За да го прикрие своето изопачување на марксизмот, Кауцки постапува како талмудист: тој зема „цитат" откај самиот Маркс. Во 1850 година Маркс пишуваше за потребата од „решителна централизација на силата во рацете на државната власт".[103] И Кауцки праша триумфирајќи: не сака ли Панекук да го разруши „централизмот?"

Тоа е веќе просто фокус, сличен на Бернштајновиот обид да го изедначи марксизмот со прудонизмот во сфаќањето за федерацијата, иако се работеше за централизам.

„Цитатот" што го зел Кауцки не е ни за ваму ни за таму. Централизмот е можен и со старата и со новата државна машина. Ако работниците ги обединат доброволно своите вооружени сили, тогаш тоа ќе биде централизам, но тој ќе се засновува врз „полното разрушување" на државниот централистички апарат, на постојаната војска, на полицијата, на бирократијата. Кауцки постапува сосем измамнички, заобиколувајќи ги прекрасно познатите расудувања на Маркс и Енгелс за Комуната и измолкнувајќи цитат што не се однесува на ова прашање.

.....Можеби Панекук сака да ги уништи државните функции на чиновниците? — продолжува Кауцки. — Но ние не можеме без чиновници ни во партиската ни во синдикалната организација, а и да не говориме веќе за државната управа. Нашата програма бара не уништување на државните чиновници, но избирање на чиновниците од страна на народот... Не станува сега овде збор за тоа каков вид ќе по прими апаратот на управата на „идната држава", но за тоа дали нашата политичка борба ја уништува (буквално: ја распушта, auflost) државната власт пред да смг ја освоиле (курзивот е на Кауцки). Кое министерство со неговите чиновници би можело да биде уништено?" Се набројуваат министерствата — на просветата, на правосудството, на финансиите, военото. „Не, ниедно од сегашните министерства нема да биде отстрането со нашата политичка борба против владата ... Јас повторувам за да се одбегне недоразбирањето: збор станува не за тоа каква форма ќе придаде на „државата на иднината" победоносната социјалдемократија, но за тоа како нашата опозиција ќе ја измени сегашната држава" (стр. 725).

Ова е очигледно испаколичуваше. Панекук го цоставуваше прашањето токму за револуцијата. Тоа е и во насловот на неговата статија и во цитираните места јасно кажано. Прескокнувајќи на прашањето за опозицијата", Кауцки на местото на револуционерното гледиште подметнува опортунистичко. Кај него излегува вака: сега опозиција — а по освојувањето на власта — ќе видиме. Револуцијата исчезнува! Тоа е токму она што им требаше на опортунистите.

Станува збор не за опозицијата и не за политичката борба воопшто, но токму за револуцијата. Револуцијата се состои во тоа што пролетаријатот го разрушува „апаратот на управата" и целиот државен апарат, заменувајќи го со нов, што се состои од вооружени работници. Кауцки пројавува „суеверна почит" кон „министерствата", но зошто тие да не можат да бидат заменети, да речеме, со комисии од специјалисти при полновласните и сесилни совети на работнички и војнички депутати?

Суштината на работата никако не е во тоа, ќе останат ли „министерствата", ќе има ли „комисии од специјалисти" или некакви други установи, тоа воопшто и не е важно. Суштината на работата е во тоа, ќе се зачува ли старата државна машина (сврзана со илјадници нишки со буржоазијата и целата прокисната со рутина и скаменетост), или таа ќе биде разрушена и заменета со нова. Револуцијата треба да се состои ве во тоа што новата класа да командува, да управува со помошта на старата државна машина, ами во тоа што таа да ја разбие оваа машина и да командува, да управува со помошта на новата машина, — таа основна мисла на маркзизмот Кауцки ја замачкува или пак апсолутно не ја разбрал неа.

Неговото прашање за чиновниците покажува јасно дека тој не ги разбрал поуките од Комуната и учењето на Маркс. „Ние не можеме без чиновници ни во партиската ни во синдикалната организација" ...

Ние не можеме без чиновници при капитализмот, при господството на буржоазијата. Пролетаријатот е угнетен, работните маси се поробени од капитализмот. При капитализмот демократизмот е стеснет, притиснат, скастрен, осакатен од околностите на наемното ропство, на нуждата и мизеријата на масите. Поради тоа, и само поради тоа во нашите политички и синдикални организации службениците се расипуваат (или кажано поточно, имаат тенденција да бидат расипани) од капиталистичките околности и покажуваат тенденција кон претворување во бирократи, т.е. во привилегирани лица отцепени од масите, во лица што стојат над масите.

Во тоа е суштината на бирократизмот, и додека не се експроприрани капиталистите, додека не е турната буржоазијата, дотогаш е неизбежна извесна „бирократизација" дури и на пролетерските службеници.

Кај Кауцки излегува вака: штом ќе останат изборните службеници, ќе останат, значи, и чиновниците при социјализмот, ќе остане бирократијата! Токму тоа не е е точно. Токму на примерот од Комуната Маркс покажа дека при социјализмот службениците престануваат да бидат „бирократи", престануваат да бидат чиновници, престануваат сразмерно со воведувањето, освен на изборноста, уште и на отповикливоста во секое време, па и уште со сведувањето на платата на просечното работничко ниво, па и со замената на парламентарните установи со „работни", т.е. со такви што издаваат закони и ги спроведуваат нив во живот.

Навистински, сета аргументација на Кауцки против Панекук, а особено сјајниот доказ на Кауцки дека ние не можеме без чиновници ни во партиските ни во синдикалните организации, покажува дека Кауцки ги повторува старите „аргументи" на Бернштајн против марксизмот воопшто. Во својата ренегатска книга „Претпоставките на социјализмот" Бернштајн војува против идеите на „примитивната" демократија, против она што тој го нарекува „доктринерски демократизам": врзани мандати, службеници што не примаат плата, бессилно централно претставничко тело итн. За да ја докаже неодржливоста на „примитивниот" демократизам, Бернштајн се повикува на искуството ка англиските тредјуниони, како што него го толг куваат сопрузите Веб.[105] За седумдесет години од својот развиток тредјунионите, кои се развивале божем „во полна слобода" (стр. 137 од герм. изд.) се увериле имено во непригодноста на примитивниот демократизам и го замениле со обичниот демократизам: парламентаризам соединет со бирократизам.

Навистински пак, тредјунионите се развиваа не „во полна слобода", но во полно капиталистичко ропство при кое. се разбира, „не може да се мине" без ред отстапки на зацареното зло, насилба, неправда, исклучување на сиромаштијата од работите на „вишата" управа. При социјализмот многу нешто од „примитивната" демократија неизбежно ќе оживее, зашто за првпат во историјата на цивилизираните општества масата на населението се издига до самостојно учество не само во гласањето и во изборите, туку и во секојдневното управување. При социјализмот сите ќе управуваат по ред и брзо ќе свикнат кон тоа никој да не управува.

Маркс со својот генијален критичко-аналитички ум го догледа во практичките мерки на Комуната оној прелом од кој се плашат и не сакаат да го признаат опортунистите од страв, од несакање да прекинат неповратно со буржоазијата, и кој не сакаат да го видат анархистите или од прибрзаност, или од неразбирање на условите на масовните социјални промени воопшто. „Не треба ни да се мисли за разрешување на старата државна машина, кај можеме да минеме без министерства и без чиновници" — расудува опортунистот, целиот прокиснат со филистерство и кој, всушност, не само што не верува во револуцијата, во творечката сила на револуцијата, туку смртно се плаши од неа (како што се плашат од неа нашите меншевици и есери).

„Треба да се мисли само за разрушувањето на старата државна машина; нема потреба да се приучуваат конкретните поуки од понапрежните пролетерски револуции и да се анализира со што и како да се замени она што се разрушува", — расудува анархистот (најдобриот од анархистите, се разбира, а не некој таков кој, како господата Кропоткиновци и комп.. се влече по буржоазијата); и поради тоа анархистот доаѓа до тактика на очајот, а не на безмилосно смелата револуционерна работа над конкретните задачи, работа што во исто време се сообразува со практичките услови на движењето на масите.

Маркс не учи да ги одбегнуваме и двете грешки, не учи на беззаветна смелост во разрушувањето на целата стара државна машина и во исто време не учи да го поставуваме прашањето конкретно: Комуната можеше за неколку недели да почне да изградува нова, пролетерска државна машина, спроведувајќи ги вака и вака укажаните мерки за поголем демократизам и за искоренување на бирократизмот. Да се учиме од комунарите на револуционерна смелост, да гледаме во нивните практички мерки набележување на практички насушните и незабавно можни мерки и тогаш, врвејќи по таков пат, ние ќе дојдеме до полното уништување на бирократизмот.

Можноста за такво уништување е осигурена со тоа што социјализмот ќе го скрати работниот ден, ќе ги издигне масите за нов живот, ќе го постави мнозинстеото од населението во услови што ќе им дозволуваат на сите без исклучок да ги вршат „државните функции", а тоа доведува до полно одумирање на државата воопшто.

... „Задачата на масовниот штрајк — продолжува Кауцки — никогаш не може да се состои во тоа да се разруши државнага власт, но само во тоа да се натера владата на попуштаи>е по некое определено прашаље или да се замени владата, непријателска на пролетаријатот, со влада што ќе му излегува нему во пресрет (entgegenkommende)... Но никогаш и при никакви услови тоа" (т.е. победата на пролетаријатот над непријателската влада) „не може да води кон разрушување на државната власт,. но само кон извесно поместување (verschiebung) на односите на силите внатре во државната власт.. . И при тоа, целта на нашата политичка борба си останува како и досега: освојуван.е на државната власт со придобивање на мнозинството во парламентот и претворување на парламентот во господар над владата" (стр. 726, 727, 732).

Тоа е веќе најчист и највулгарен опортунизам, откажување од револуцијата на дело при нејзиното признавање на зборови. Мислата на Кауцки не оди подалеку од „владата што ќе му излегува во пресрет на пролетаријатот" — чекор назад кон филистерството во споредба со 1847 година, кога „Комунистички манифест" ја објави „организацијата на пролетаријатот во владеачка класа".[106]

Кауцки ќе мора да го остварува своето омилено „единство" со Шајдемановци, Плехановци, Вандервелдовци, кои ее сите согласни да се борат за влада „што Ке му излегува во пресрет на пролетаријатот".

А ние ке раскинеме со тие предавници на социјализмот и ќе се бориме за разрушуваше на сета стара државна машина, така што самиот вооружен пролетаријат да биде влада. Тоа се „две големи разлики". Кауцки ќе мора да биде во пријатното друштво на Легиновци и Давидовци, на Плехановци, Потресовци, Церетелиевци, Черновци, кои се наполно согласни да се борат за „поместување на односите на силите внатре во државната власт", за „придобивање на мнозинството во парламентот и за семоќ на парламентот над владата" — една иајблагородна цел во која се е приемливо за опортунистите, се си останува во рамките на буржоаската парламентарна република.

А ние ќе раскинеме со опортунистите; и сиот свесен пролетаријат ќе биде со нас во борбата не за „поместување на односите на силите", но за туркање на буржоазијата, за разрушување на буржоаскиот парламентаризам, за демократска република од типот на Комуната или за република на советите на работнички и војнички депутати, за револуционерна диктатура на пролетаријатот.

Уште подесно од Кауцки стојат во меѓународниот социјализам таквите струи како што се „Социјалистички месечник"1 во Германија (Легин, Давид, Колб и многу други, сметајќи ги тука и скандинавците Стаунинг и Бранѓинг), жоресиетите[107] и Вандервелд во Франција и Белгија, Турати, Тревес и други претставници на десното крило на италијанската партија[108] фабијанците и „независенците" („независната работничката партија", која на дело секогаш била во зависност од либералите) во Англија[109] и други такви. Сите тие господа, играјќи огромна, многу често главна улога во парламентарната работа. и во партиската публициетика, отворено ја одрекуваат диктатурата на пролетаријатот, спроведуваат неприкриен опорту«изам. За тие господа „диктатурата" на пролетаријатот и „противречи" на демократијата!! Тие, всушност, со ништо сериозно не се разликуваат од ситнобуржоаските демократи.

Земајќи ја предвид таа околност, ние имаме право да го направиме заклучокот дека Втората интернационала со огромното мнозинство од своите официјални претставници наполно западна во опортунизмот. Искуството од Комуната не само што беше заборавено, т}гку и изопачено. На работничките маси не само што не им се сугерираше дека се ближи времето кога тие ќе треба да станат и да ја разбијат старата државна машина, заменувајќи ја со нова и претворувајќи го на тој начин своето политичко владеење во база на социјалистичкото преустројство на општеството, — на масите им се сугерираше обратното, и „освојувањето на власта" се претставуваше така што се оставаа илјади отворени вратничиња за опортунизмот.

Изопачувањето и премолчувањето на прашањето за односот на, пролетерската револуција кон државата не можеше да не изигра огромна улога тогаш кога државите со воениот апарат, засилен поради империјалистичкото натпреварување, се претворија во воени чудовишта што истребуваат милиони луѓе за да се реши спорот: Англија или Германија, овој или оној финансиски капитал да владее над светот.*


ПОГОВОР КОН ПРВОТО ИЗДАНИЕ

Оваа брошура е напишана во август и септември 1917 година. Јас бев го оставил планот на следната, седма глава: „Искуството од руските револуции од 1905 и 1917 година". Но освен насловот јас не успеав да напишам ниту ред од таа глава: „ми попречи" политичката криза, предвечерината на Октомвриската револуција во 1917 година. Од таква „пречка" можеме само да се радуваме. Но вториот дел на брошурата (посветен на „Искуството од руските револуции од 1905 и 1917 година") ќе треба, можеби, да се одложи за подолго време; попријатно и пополезно е да се спроведува „искуството од револуцијата", одошто да се пишува за него.

Петроград 30 ноември 1917 година

Авторот

* Во ракописот понатаму следува:

„ГЛАВА VII

Искуството од руските револуции во 1905 и 1917 година

Темата на која се укажува во насловот на оваа глава е така неопфатно голема што за неа може и треба да се пишуваат цели томови. Во оваа брошура ќе мораме да се ограничиме, се разбира, само на најглавните поуки од искуството што се однесуваат непосредно на задачите на пролетаријатот во однос на државната власт". (Тука ракописот се прекинува.) — Ред.



Содржина

Ленинова архива