Владимир Илич Ленин

Државата и револуцијата


БЕЛЕШКИ

[A] Книгата „Државата и револуцијата. Учењето на марксизмот за државата и задачите на пролетаријатот во револуцијата“ Ленин ја напишал во илегалност (во Разлив и Хелсинки) во август и септември 1917 година. Ова дело е резултат од огромната научно-истражувачка работа што Ленин ја извршил во релативно кус рок, главно во јануари и февруари 1917 година. Прашањето за карактерот на пролетерската државна власт, според зборовите на Н. К. Круиска, посебно го интересирало Ленина во последните години во емиграција. Мислата за потребата од теоретска обработка на прашањето за државата Ленин го искажал во втората половина од 1916 година во писмото до А. Г. Шљапников: „... На дневниот ред сега е не само продолжувањсто на линијата што ја утврдивме (против царизмот и др.) во резолуциите за брошурата ... туку и за чистењето на линијата од се поголеми бесмислици и збрки во поглед на негирањето на демократијата (тука спаѓаат разоружувањето, негирањето па самоопределувањето, теоретски неправилното негирање на одбраната на татковината 'воопшто', несигурноста по прашањето за ролјата и значењето на државата воопшто и сл.)".

Антимарксистичките полуанархистички сфаќања за државата и диктатурата на пролетаријатот во втората половина на 1916 година ги застапувал во низа статии Н. И. Бухарин. Во декември 1916 година во написот „Младинската интернационала" Ленин ја подложил на остра критика позицијата на Бухарин и ветил дека ќе напише опширна статија за односот на марксизмот спрема државата.

Во есента 1916 година и во почетокот на 1917 година, како што изјавува Н. К. Крупска, Ленин во потполност се посветил иа теоретска работа. Живеејќи во тоа време во Цирих, тој интензивно работел во библиотеката, ги проучувал делата на К. Маркс и Ф. Енгелс за проблемот на државата. На четврти (17 февруари) 1917 година Ленин и пишува на А. М. Колонтај дека речиси подготвил материјал за прашањето за односот на марксизмот спрема државата. Белешките се пишувани со ситен стиснат ракопис во тетратка со сини корици со натпис „Марксизмот и државата". Таму биле собрани цитати од Марксовите и Енгелсовите дела, а исто така и изводи од книги и статии на К. Кауцки, А. Панекук и Е. Бернштајн со Ленинови критички забелешки, заклучоци и воопштувања.

На трети (16) април 1917 г. Ленин се вратил од Швајцарија во Русија. Зафатен со практична револуционерна дејност не можел да ја продолжи започнатата работа, но мислата за тоа не го напуштала Ленина. Во јуни 1917 година Ленин составил список на книги што му биле потребни за работа по прашањето за односот на марксизмот спрема државата, и упатил прашање до Петроградската јавна библиотека за режимот на работењето во неа. По јулските настани во 1917 година, криејќи се од органите на Привремената влада, Ленин бил во можност да започне со работа на книгата „Државата и револуцијата“. Молел да му ја испратат во Разлив „сината тетратка", во крајот на јули — во почетокот на август во списокот на работите што му биле потребни барал да му го испратат Енгелсовиот труд „Анти-Диринг", а малку подоцна молел да му помогнат да се изнајдат заради итна работа книгите на К.. Маркс „Беда на филозофијата" и „Манифестот на Комуиистичката партија" на германски и руски јазик.

Со доаѓањето во Хелсинки Ленин непосредно пристапил кон пишувањето на „Државата и револуцијата“.

Работејќи на оваа книга В. И. Ленин ни најмалку не го искористил сиот материјал што е содржан во ракописот „Марксизмот и државата". Во споредба со подготвителните материјали Ленин кон ставот 4 од глава I на книгага Државата и револуцијата го додал Енгелсовиот цитат од „Анти-Диринг" за улогата на насилството, а кон став 2 од глава VI цитат од брошурата на Кауцки „Социјалната револуција" и други, кои ги нема во тетратката „Марксизмот и државата".

Интересна е следната белешка на страна 10 од ракописот на книгата Државата и револуцијата, напишана, како што се чини, пред добивањето на Енгелсовото дело: „Да се најде во 'Анти-Диринг' и да се преведе од германоки она место (ми се чини на крај на една од главите на „Теорија на насилството"), каде се вели дека Диринг само со издивнување и кукање ја допушта мислата за насилна револуција, додека секоја насилна револуцнја игра најголелема ролја превоспитувајќи ги масите, вонредно издигајќи ја нивната самосвест, самопочитување итн. Кога го добил примерокот на „Анти-Диринг" Ленин ја заменил оваа белешка со цитатот што го барал.

Според планот книгата „Државата и револуцијата“ требало да се состои од седум глави, но последната, седма глава, „Опитот од руските револуции 1905 и 1917 година" не била напишана. Запазени се само подробно обработени планови за оваа глава и планот за „Резимето". Во писмото до издавачот на книгата Ленин пишувал дека ако тој „премногу задоцни со завршувањето на оваа, VII, глава или ако таа прекумерно набабри тогаш, првите шест глави треба да се издадат посебно како прв дел (Плановите, конспектите и белешките за книгата Државата и револуцијата).

На тринаесетти (26 септември) 1917 година Ленин преку Н. Крупска склучил договор со претставникот на издавачкото претпријатие „Живот и знаење" В. Д. Броч-Бруевич за издавањето иа седум книги, меѓу кои била и книгата „Државата и револуцијата“.

На првата страница од ракописот како автор е означен Ф. Ф. Ивановски. Под тој псевдоним Ленин имал намера да ја издаде книгата за да не биде запленета од Привремената влада. Бидејќи книгата Државата и револуцијата излегла во 1918 година, тој псевдоним веќе не бил потребен и делото е отпечатено под познатот публицистички псевдоним на Владимир Илич „В. Илјин (Н. Ленин)" во тираж од 30.700 примероци. За широката популарност на ова Лениново дело придонело објавувањето во весникот „Правда" од 17 (30) декември 1917 година на предговорот кон книгата и на ставот 1 и 2 од првата глава. Книгата ја печателе и издавачки претпријатија во внатрешноста.

Второто издание па книгата „Државата и револуцијата“ било остварено во 1919 година. Авторот во втората глава внел нов став „Марксовото поставање на прашањето во 1852 година".

Лениновата книга Државата и револуцијата имала голема побарувачка во СССР и во странство. Од 1918 до 1961 година е отпечатена во СССР 195 пати во тираж од 6.592 илјади примероци на 46 јазици на народите на СССР. Вон СССР, според нецелосни податоци, оваа Ленинова книга излегла на 35 јазици.

[1] Фабијанци — членови на Фабијанското друштво, англиска реформистичка оргаиизација, основана во 1884 година. Ова име друштвото го добило според името на Фабиј Максим, римски војсководач од III век пред новата ера, наречен „кунктатор" поради тактиката на исчекување, избегнување на решителните битки во војната против Ханибала. Членовите на Фабијанското друштво биле претежно претставници на интелигенцијата — научници, книженници, политичари, (С и Б. Веб, Б. Шо, Р. Макдоналд и др.). Тие ја негирале нужноста од класна борба на пролетаријатот и социјалистичката револуција, и тврделе дека преминот од капитализам кон социјализам е единствено можен преку ситни реформи и постапни преобразби на општеството. Фабијанското друштво во 1900 година пристапило кон Лабуристичката партија. „Фабијанскиот социјализам" е еден од изворите на идеологијата на лабуристите. Во време на Првата светска војна фабијанците го застапувале ставот на социјалпатриотизмот.

[2] Види: Ф. Енгелс, „Потеклото на семејството, приватната сопственост и на државата“.

[3] Види: Карл Маркс, „Критика на Хегеловата филозофија на државното право“ и „Прилог кон Критиката на Хегеловата филозофија на правото. Увод“ — Карл Маркс и Фридрих Енгелс.

[4] Види: Ф. Енгелс, цитирано дело.

[5] Ibid..

[6] Ibid.

[7] Ibid.

[8] Ibid.

[9] Ibid.

[10] Ibid.

[11] Ibid.

[12] Ibid.

[13] Ibid.

[14] Види: Фридрих Енгелс, „Анти-Диринг“.

[15] Карл Маркс, „Критика на Готската програма“; Фридрих Енгелс, „Анти-Диринг“; Писмо од Ф. Енгелс до А. Бебел, 18—28 март 1875.

[16] Види: Карл Маркс, „Капитал“, том I, кн. I.

[17] Триесетгодишната војна 1618—1648 година — европска воjна, настаната како последица на заострувањето на противречностите меѓу различни групации европски држави и која добила вид на борба меѓу протестантите и католиците. Војната започнала со востание во Чешка против угнетувањето од страна на Хабсбуршката монархија и офанзивата на католичката реакција. Европските држави, кои потем стапиле во војна, создале два табора. Папата, шпанските и австриските Хабсбурзи и католичките кнезови на Германија, здружени под знамето на католицизмот, истапиле против протестантските земји: Чешка, Данска, Шведека, Холандската Република и низа германски држави кои ја усвоиле реформацијата. Протестантските држави ги поддржувале француските кралови, противници на Хабсбурзите. Германија станала главно поприште на таа борба, објект на воено пљачкосување и завојувачки претензии од завојуваните страни. Војната што во првиот стадиум имала карактер на отпор на реакционерните сили на феудално-апсолутистичка Европа се претворила, особено од 1635 година во низа упаѓања на странските завојувачи во Германија, кои меѓусебе биле соперници. Војната е завршена во 1648 година со склучувањето на Вестфалскиот мир, што ја зацврстил политичката расцепканост на Германија.

[18] Фридрих Енгелс, „Анти-Диринг“.

[19] Види К. Маркс, „Беда на филозофијата“.

[20] Види К. Маркс и Ф. Енгелс, „Манифест на Комунистичката партија“.

[21] Види Карл Маркс „Критика на Готската програма“. Писмо од Ф. Енгелс до А. Бебел од 18 до 28 март 1875.

[22] Види.К. Маркс, „Беда на филозофијата“.

[23] К. Маркс и Ф. Енгелс, „Манифест на Комунистичката партија“.

[24] Во трудот „Марксизмот и државата" постои ваква Ленинова белешка: „Да се пронајде и да се провери дали Маркс и Енгелс пред 1871 година говореле за 'диктатура на пролетаријатот'? Ми се чини дека не говореле". Работејќи на книгата Државата и револуцијата, Ленин, се чини, не успеал да го разјасни тоа прашање. За писмото од К. Маркс до И. Вајдемаер Ленин очигледно сознал подоцна, кога книгата веќе била излезена. На последната страница од примерокот на првото издание на книгата Државата и револуцијата, кој му припаѓа на В. И. Ленин, е напишано на германски јазик: „Neue Zeit" (XXV, т. 2, стр. 164) 1906—1907, бр. 31 (2. V. 1907); Ф. Меринг: „Нови материјали за биографијата на К. Маркс и Ф. Енгелс, од писмото на Маркс до Вајдемаер од 5 март 1852", а потем следува извод од ова писмо, каде се говори за диктатурата на пролетаријатот.

Соодветното дополнување Ленин го внел во второто издание на книгата „Државата и револуцијата", што излегло во 1919 година.

[25] Во крајот на XIX и почетокот на XX век владејачките кругови на буржоазијата во низа земји, во стремежот да го разбијат работничкото движење, и со безначајни по пуштања да го одделат пролетаријатот од револуционерната борба, ги ангажирале да учествуваат во реакционерните буржоаски влади некои лидери на социјалистичките партии — реформисти. Во Англија во 1892 година во парламентот бил избран Џон Бернс. Во Франција во 1899 година во буржоаската влада на Р. Валдек Русо влегол социјалистот Александар Етјен Милеран, кој и помагал на буржоазијата да ја спроведува својата политика („милеранизам"). Учеството на Милеран во реакционерната буржоаска влада му нанело голема штета на француското работничко движење. Ленин го окарактеризирал милеранизмот како ренегатство, ревизионизам, „практично бернштајнијанство". Во Италија во почетокот на XX век најотворени приврзаници за соработка со владата биле Леонида Бисолати, Иваное Бономи, и други, кои во 1912 година биле исклучени од Социјалистичката партија.

Во време на Првата светска војна десничарско-опортунистичките лидери на социјалдемократските партии во низа земји преминале на позициите на социјалпатриотизмот, влегле во буржоаските влади на своите земји, истапувајќи како носители на нивната полнтика.

[26] К. Маркс, „Осумнаесетти бример на Луј Бонапарта“.

[27] Во текот на втората буржоаско-демократска револуција во Русија, на 27 февруари (12 март) 1917 година, бил соборен апсолутизмот и формирана буржоаска Привремена влада. Карактеристика на Привремената влада В. И. Ленин дал во „Скица за тезите на 4 (17) март 1917 година", во „Писмата од далеку".

[черносотинци] Черносотниците или „црните сто“ се монархистички банди, организирани од царската полиција да се справи со револуционерното движење. Тие вршеле убиства на револуционери, ги напаѓале прогресивните интелектуалци и организирале погроми против Евреите.

[28] К. Маркс, „Осумнаесетти бример на Луј Бонапарта“. Предговор од Ф. Енгелс кон третото германско издание.

[29] Писмо од К. Маркс до Ј. Вајдемаер од 5 март 1852.

[30] Поставката за различните форми на диктатурата на пролетаријатот Ленин ја изнел за првпат уште во 1916 година во статијата „За карикатурата на марксизмот и за `империјалистичкиот економизам`", насочена против опортунистичките гледања на Пјатаков. Таа статија е објавена дури во 1924 година по Октомвриската револуција. Анализирајќи го текот на историскиот развиток во услови на империјализмот, Ленин пишувал: „Сите нации ќе дојдат во социјализам, тоа е неизбежно, но нема сите да дојдат сосем подеднакво, секоја ќе внесе своевидност во оваа или онаа форма на демократијата, во ова или она специфично одбележје на диктатурата на пролетаријатот, во ова или она темпо на социјалистичкнте преобразби на различни области од општествениот живот. Нема ништо посиромашно теоретски и посмешно практично одошто 'во име иа историскиот материјализам' да си се слика на себеси иднииата во тој однос со монотона сивкава боја: тоа би било суздаљска мачканица — и ништо повеќе".

[31] Во предвид е „Втората адреса на Генералниот совет на Меѓународното работничко здружение за француско-пруската војна", што ја напишал Маркс меѓу 6 и 9 септември 1870 година во Лондон.

[32] Во предвид е ставот на Г. В. Плеханов во статиите „Нашиот став" и „Уште еднаш за нашиот став" (Писмо до другарот XX), објавени во ноември и декември 1905 во списанието „Дневник Социал — Демократа", бр. 3 и 4.

[33] „јуришаат на небото“ Види писмо од К. Маркс до Л. Кугелман од 12 април 1871 година

[34] Карл Маркс и Фридрих Енгелс, „Манифест на Комунистичката партија“, Предговор кон германското издание од 1872.

[35] Види К. Маркс, „Граѓанската војна во Франција“.

[36] Писмо од К. Маркс до Л. Кугелман од 12 април 1871 година.

[37] К. Маркс и Ф. Енгелс, „Манифест на Комунистичката партија“.

[38] К. Маркс, „Граѓанскита војна во Франција“.

[39] Ibid.

[40] Ibid.

[41] Ibid.

[42] Жирондисти — политичка групација на буржоазијата од времето на француската буржоаска револуција од крајот на XVIII век. Жирондистите ги изразувале интересите на умерената буржоазија, се колебале меѓу револуцијата и контрареволуцијата, оделе по патот нз спогодување со монархијата.

[43] К. Маркс, „Граѓанската војна во Франција“.

[44] Ibid.

[45] Ф Енгелс, „За станбеното прашање“.

[46] Ibid.

[47] Ibid.

[48] Бланкизам — политичко сфаќање и насока во револуционерното движење, наречени по францускиот револуционер Луј.Огист Бланки (1805—1881). Социјалистичката мисла на Бланки се развива под влијание на револуционерните традиции на бабевизмот и Сен Симон. Тргнувајќи од тоа дека идеал треба да биде комунистичко општество како завршна етапа на општествениот развиток, според Бланки и бланкизмот треба најпрвин да се ликвидира буржоаското владеење преку вооружено востание, да се воспостави револуционерна диктатура, која ќе овозможи национализација на големите поседи, контрола над индустријата, укинување на државните долгови, воведување прогресивни даноци и даноци врз наследство, додека на село би требало да се поткрепува создавањето на доброволни производствени сојузи. Со своите сфаќања Бланки посебно влијаел на револуционерната тактика на своето време. Според неговата доктрина, револуционерната борба првенствено се сведува на политнчка акција, а заговорничката работа и вооруженото востание претставуваат основни методи на борбата за остварување целите на социјализмот. Бланкизмот како политичко движење се опира врз заговорничка организација на свесно малцинство интелектуалци, запоставајќи ја ролјата на работничката класа, пролетаријатот и револуционерното движење на широките народни маси во борбата за социјализам. Некои идеи на бланкизмот ги застапувал во Русија П. Н. Ткачов (1844—1885), еден од идеолозите на револуционерното народништво.

[49] Ф. Енгелс, „За.станбеното прашање“.

[50] Прудонизам — учење и насока во социјалистичкото движење, наречени според името на основачот, францускиот анархист, П. Прудон (1808—1865). Критикувајќи ја крупната капиталистичка сопственост од ситнобуржоаско становиште, Прудон мечтаел за овековечување на ситната приватна сопственост и предлагал основање на „народна" и прометна банка со чија помош работниците би можеле да се здобијат, со сопствени средства за производство, да станат занаетчии и да обезбедат „праведен" пласман на своите производи. Заземал негативен став спрема класната борба, пролетерската револуција и диктатурата на пролетаријатот, тргнувајќи од анархистички позиции, ја негирал нужноста од државата. Маркс и Енгелс се бореле против Прудоновите обиди своите гледања да и ги наметне на Првата интернационала. Маркс во својот труд „Беда на филозофијата“ го критикувал прудонизмот.

Ленин го наречувал прудонизмот „тапоглавост на малограѓанин и филистер", кој не е кадарен да го прифати гледиштето на работничката класа.

[51] Во предвид е статијата на К. Маркс „Политичкиот индиферентизам" и статијата на Ф. Енгелс „За авторитетот".

[52] Karl Магх, "Der politische Indifferentismus", — Кагl Магх — Fridrich Engels, Werke, Веrlin.

[53] Ф. Енгелс, „За авторитетот“.

[54] Ibid.

[55] Писмо од Ф. Енгелс до А. Бебел од 18—28 март 1875.

[56] Писмо од К. Маркс до Бракe.

[57] Во предвид е делото на К. Маркс „Беда на филозофијата“.

[58] Писмо од Ф. Енгелс до А. Бебел од 18—28 март 1875 година.

[59] Фридрих Енгелс, „Критика на нацртот на Ерфуртската програма“.

[60] Ibid.

[61] Ibid.

[62] Вонредниот закон против социјалистите го донела во 1878 година Бизмарковата влада. Со тој закон биле забранети сите организации на Социјалдемократската партија, масовните работнички организации, работничкиот печат, била запленета социјалистичката литература. За време на делувањето на Вонредниот закон биле распуштени околу 350 социјалдемократски организации, околу 900 социјалдемократи биле истерани од Германија, а 1500 фрлени во затвори; стотици весници, списанија и други изданија биле забранети. Прогонувањата и репресалиите не ја разбиле Социјалдемократската партија, чија работа била реорганизирана во согласност со условите на илегално постоење: во странство е издаван централниот орган на Партијата "Der Sozialdemokrat" и редовно (1880, 1883 и 1887) се одржувани партиски конгреси; во Германија, во илегалност, брзо се обновувани социјалдемократски организации и групи, на чие чело се наоѓал илегален ЦК. Работејќи во илегалност партијата ги користела легалните можности за зацврстување на врските со масите, нејзиното влијание постојано раснело: бројот на гласовите доверени на социјалдемократите на изборите за Рајхстагот се зголемил од 1878 до 1890 година повеќе од трипати. Голема помош на германските социјалдемократи им давале К. Маркс и Ф. Енгелс. Во 1890 година, под притисок на масовното и се посилно работничко движење, Вонредниот закон против социјалистите е укинат.

[63] Фридрих Енгелс, „Критика на нацртот на Ерфуртската програма“.

[64] Ibid.

[65] Ibid.

[66] Ibid.

[67] Ibid.

[68] Види К. Маркс „Граѓанската војна во Франција“. Увод од Ф. Енгелс.

[69] Ibid.

[70] Види ја забелешката [9].

[71] Види К. Маркс, „Граѓанската војна во Франција“. Увод од Ф. Енгелс.

[72] Los-von — Kirsche-Bewegung (движење за одделување од црквата) или Kirschenaustrittsbewegung (движење за напуштање на црквата) примило масовни размери во Германија спроти Првата светска војна. Во јануари 1914 со статијата на Паул Гере „Kirschenaustrittsbewegung und Sozialdemokratie" („Движењето за напушташе на црквата и социјалдемократијата"), што е објавено во списанието „Die Neue Zeit" започнала дискусија за односот на германската социјалдемократија спрема ова движење. Во текот на дискусијата претставниците на германската социјалдемократија не се спротивставиле па концепциите на Гере, кој тврдел дека партијата треба да биде неутрална спрема движењето за напуштање на црквата и да им забрани на своите членови во име на партијата да водат антирелигиозна и антицрквена пропаганда. Ленин обрнал внимание на оваа дискусија работејќи на книгата „Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот''.

[73] Види К. Маркс, „Граѓанската војна во Франција“. Увод од Ф Енгелс.

[74] Бројките што ги наведува Ленин се однесуваат на книжните пари од втората половина на 1917 година. Рубљата (книжна банкнота) во време на Првата светска војна во Русија била значително девалвирана.

[75] Види К. Маркс, „Граѓанската војна во Франција“. Увод од Ф. Енгелс.

[7б] Ibid.

[77] Ласаловци — приврзаници и следбеници на германскиот социјалист П. Ласал (1824—1864), членови на Општиот германски работнички сојуз (ОГРС), основан на Конгресот на работиичките здружеиија во Лајпциг 1863 година, како противтежа на буржоаските прогресисти, кои настојувале да го подредат работничкото движење на своето влијание. Првиот претседател на ОГРС бил Ласал, кој ги формулирал програмата и основите на тактиката на Сојузот. Според Ласала, историјата е внатрешен, неминовен и непрекинлив процес на движење на разумот и слободата, т.е. идејата. Во капиталистичкото општество тоа е идејата на работничкиот сталеж. Потполниот развиток на оваа идеја може да се оствари во државата. Политичкото ослободување на работничката класа е можно да се оствари единствено со воведувањето на општо избирачко право а кога ќе се оствари тоа, економското ослободување може да се постигне со организирање на производителни задруги, со помош на државен капитал. Поради тоа Ласал преговарал со Бизмарка. Економската борба со други средства е залудна, бидејќи во капиталистичкото општество владее „железниот закон на наемнината", според кој работникот добива само просечен минимум наемнина затоа што секогаш има премногу работници. Ласализмот се однесувал негативно спрема селанството, сметајќи го за реакционерна класа. Начелно ги признавал класните борби, но е против револуцијата и секое насилство. Сметал дека партијата треба да се движи само во рамките на буржоаски реформи, дека не треба да издига револуционерни барања, за да не се заплаши буржоазијата. Врз основа на овие идеи, се изведувал заклучокот за неспособноста на работничката класа да изврши социјалистичка револуција, дека работничката класа може да се ослободи единствено со помош на буржоазијата, која треба да ја придобие за своите идеи. Маркс и Енгелс во множество трудови ги критикувале теоријата, тактиката и организационите принципи на ласаловците како опортунистичка струја во германското работничко движење.

[78] Види Фридрих Енгелс, „Чланци о меѓународним темама (1871—1875)“.

[77] Види ја забелешката 30.

[80] Спор. К. Маркс „Граѓанската војна во Франција“. Увод од Ф. Енгелс.

[81] Види Карл Маркс, „Критика на Готската програма“.

[82] Види Ф. Енгелс, Писмо до А. Бебел од 18—28 март 1875.

[83] Види Карл Маркс, „Критика на Готската програма“.

[84] Ibid..

[85] Спор. К. Маркс и Ф. Енгелс: „Манифестот на Комунистичката партија“.

[86] Види К. Маркс, „Граѓанската војна во Франција“.

[87] Види Ф. Енгелс, Писмо до А. Бебел од 18—28 март 1875.

[88] Види Карл Маркс, „Критика на Готската програма“.

[89] Ibid.

[90] Ibid.

[91] Ibid.

[92] Шајлок — личност од Шекспировата комедија Венецијанскиот трговец, суров и бездушен лихвар, кој безмилосно бара од телото на својот должник, „венецијанскиот трговец" Антонио, да се отсече парче месо, ако не му го врати земениот заем во кажаниот рок.

[93] Во ракописот на книгата „Државата и револуцијата“, што се чува во Централниот партиски архив на Институтот за марксизмот-ленинизмот при ЦК КПСС, ја нема оваа белешка. На стр. 68 од ракописот стои следнава забелешка: „Види вметнувањето — белешката на стр. 58". Се чини дека страната со вметнатиот текст, на која се повикува Ленин, е изгубена.

[94] Хашкиот конгрес на Првата интернационала е одржан на 2—7 септември 1872 година. На него присуствувале 65 делегати од 15 национални организации. Подготвувајќи го конгресот Маркс и Енгелс извршиле обемна работа за сплотувањето на пролетерските револуционерни сили. По предлог од Маркс и Енгелс бил усвоен дневниот ред и одредено времето на свикувањето на конгресот. На дневниот ред се наоѓале две основни прашања: 1) за правата на Генералниот совет и 2) за политичката дејност на пролетаријатот.

Конгресот усвоил резолуција за проширување на ополномоштијата на Генералниот совет, за дејноста на тајната „Алијанса на социјалистичката демократија" и друго. Поголем дел од тие резолуции ги напишале Маркс и Енгелс. Во основата на другите се поставени нивни предлози.

Во заклучокот на Конгресот по второто прашање е речено дека „освојувањето на политичката власт е станато голема обврска на пролетаријатот", а пак „за да се обезбеди победата на социјалната револуција и да се постигне нејзината конечна цел — уништувањето на класите" — е неопходно пролетаријатот да се организира како политичка партија.

На конгресот и е довршена долгогодишната борба од Маркса и Енгелса и нивните приврзаници против сите видови ситнобуржоаско секташтво. Лидерите на анархистите М. А. Бакунин, Д. Гијом и други биле исклучени од Интернационалата.

[95] Спор. Карл Маркс, „Критика на Готската програма“. Предговор од Фридрих Енгелс.

[96] Петтиот меѓународен конгрес на Втората интернационала е одржан од 23 до 27 септември 1900 година во Париз (учествувале 791 делегат). Социјалдемократите на Русија биле застанувани од 24 делегати, поделени на мнозинство, што го предводувал Б. Н. Кричевски, и малцинство, што го предводувал Плеханов. Конгресот усвоил резолуција за борба за законско воведување на осумчасовен работен ден и минимална надница и ги потврдил решенијата на претходните конгреси за празнувањето па 1 мај. Зазел решителен став против империјалистичката и колонијалистичката политика и против милитаризмот. Препорачал жива политичка дејност, но во резолуцијата сосема е заобиколено прашањето за масовните акции, за сојузниците на работничката класа и за револуционерната ситуација и др. На Конгресот имало обиди во неговите документи да се внесат сфаќања на бернштајновци и реформисти, спрема кое Конгресот зазел благ или неодреден став. Голема полемика била водена за освојувањето на политичката власт и за сојузот со буржоаските партии, што било поврзано со „случајот Милеран" (т.н. милеранизам — вид. ја забелешката [25], т.е. со влегувањето на францускиот социјалист Милеран во владата на Валдек — Русо (чиј член бил и генералот Галифе, еден од крвниците на Париската комуна). По предлог на Кауцки, Конгресот прифатил помирлива резолуција, со која како исклучителна и привремена мерка може да се прифати влегувањето на социјалист во буржоаска влада, под услов тој во владата да делува како ополномоштеник на Партијата. Плеханов, Акселрод, Засулич и Д. Кољцов гласале за резолуцијата на Ж. Гед, која го осудувала милеранизмот.

Конгресот донел решение за основање на Меѓународното социјалистичко биро или секретаријат, во кое би биле претставници на сите социјалистички партии, исто така е решено седиштето на бирото да биде во Брисел.

[97] Види К. Маркс, „Граѓанската војна во Франција“. К. Маркс и Ф. Енгелс, „Манифест на Комунистичката партија“. Предговор кон германското издание од 1872.

[98] Бернштајнијанство, „бернштајнијада" — име на концепцијата на Е. Бернштајн и неговите следбеници од крајот на XIX и првите десетолетија на XX век. Учењето на Е. Бернштајн, еден од раководителите на II интернационала, по своите резултати и практичните општествено-политички последици претставува прв поразвиен и поцелосен обид на ревизија на марксизмот и сврзаниот со неа реформизам во историјата на работничкото движење.

[99] Види К. Маркс, „Осумнаесетти бример на Луј Бонапарта“.

[100] Види К. Маркс и Ф. Енгелс, „Манифест на Комунистичката партија“. Предговор кон германското издание од 1872.

[101] Види К. Маркс, „Граѓанската војна во Франција“.

[102] На руски јазик брошурата на К. Кауцки „Der Weg zur Macht. Politische Betrachtungen uber das Hineinvachsen in die Revolution“. Берлин, 1909. („Пат кон власта. Политички размислувања за враснување во револуцијата“, Берлин, 1909) излегла дури во 1918 година.

[103] Види К. Маркс и Ф. Енгелс, „Адреса од Централната управа до Сојузот на комунистите“.

[104] Биди К. Маркс, „Граѓанската војна во Франција“.

[105] Во предвид е книгата на С. Б. Веб, „Теорија и практика на англискиот тредјунионизам“.

[106] Види К. Маркс и Ф. Енгелс, „Манифестот на Комунистичката партија“.

[107] Жоресисти — приврзаници на истакнатиот лидер на француското и меѓународното социјалистичко движење Ж. Жорес, кој се борел за демократија, народни слободи, мир, против империјалистичкиот јарем и освојувачките војни. Жоресистите сметале дека социјализмот нема да победи преку класна борба на пролетаријатот против буржоазијата, туку благодарејќи на „процутот на демократската идеја". Тие проповедале класен мир меѓу угнетувачите и угнетуваните, сметале дека развитокот на кооперацијата ќе придонесе за постепено преминување во социјализам во услови на капитализмот. Во 1902 г. жоресистите ја формирале Француската социјалистичка партија, која заземала реформистички став. Во 1905. таа се обединила со гедистичката Социјалистичка партија на Франција во Француска социјалистичка партија. Ленин остро ги критикувал погледите на Жорес и жоресистите. Жоресовата борба за мир, против блиска опасност од војната, предизвикала омраза од империјалистичката буржоазија спрема него. Спроти Првата светска војна Жореса го убиле платеници на реакцијата.

[108] Италијанската социјалистичка партија е основана 1892 година. Од моментот на основањето во неа е водена огорчена идејна борба меѓу две ориентации, опортунистичката и револуционерната, кои се разидувале по прашањата за партиската политика и тактика. На конгресот во Реџо Емилија, 1912 година, под притисок на левичарите, од Партијата се исклучени најотворените реформисти — приврзаници на војната и соработка со владата и буржоазијата (Бономи, Бисолати и други). Од почетокот на светската империјалистичка војна (до влегувањето на Италија во војната) Италијанската социјалистичка партија се изјаснувала против војната истакнувајќи ја паролата: „Против војната, за неутралност!" Во декември 1914 г. од неа е исклучена група ренегати (Мусолини и други) кои ја бранеле империјалистичката политика на буржоазијата и истапувале за војна. Заедно со швајцарските социјалисти, италијанските социјалисти одржале конференција во Лугано (1914), активно учествувале на меѓународните социјалистички конференции во Цимервалд (1915) и Кинтал (1916), на кои се приближиле до централистичкото мнозинство. Во мај 1915 г., по влегувањето на Италија во војна на страна на Антантата, Италијанската социјалистичка партија се откажала од борба против империјалистичката војна и ја истакнала паролата: „Да не се влегува во војна, но и да не се саботира таа".

[109] Независната работничка партија на Англија ја основале во 1893 раководителите на „новите тредјуниони". Партијата е основана во услови на оживување на класната борба и на јакнење на движењето за независност на работничката класа на Англија од буржоаските партии. Во партијата, покрај „новите тредјунионисти" влегле и претставниците на старите синдикати, интелигенцијата и ситната буржоазија, кои се наоѓале под влијание на фабијанците. Партијата се заложувала за колективно управување со средствата за производство, расподелбата и размената, за воведување осумчасовен работен ден, забрана за работа на децата, воведување на социјално осигурување и помош за време на невработеноста. Ф. Енгелс го поздравил создавањето на Независната работничка партија и изразил надеж дека таа ќе ги избегне секташките грешки на социјалдемократската федерација и ќе стане масовна работничка партија. Од самиот почеток партијата се ориентирала на парламентарни форми и на соработка со либералите.


Содржина

Ленинова архива