Ајде бре работници

(песна од Тетово)[1]


Испеана: помеѓу 1936 и 1939
Извор: Трпко Стаматовски, цит. сп. Владимир Картов, „КПЈ во Македонија и Шпанската граѓанска војна“ во „Историја“, 1986, бр. 1, 115 стр. Трпко Стаматовски, Сеќавања, АИНИ, Скопје, к. ХХХIII/24, документ 226.
Техничка обработка: Здравко Савески
Онлајн верзија: јуни 2023



Ајде бре работници
Да одиме во Шпанија
Таму се бие бој ужасен
Бој за слобода.
Мила Шпанијо
Земјо херојска
Твојата борба
Твојата храброст
е без крај.

 


Забелешка

[1] Оваа песна често пати јавно се пеела во Тетово за време на акциите за собирање материјална помош и испраќање доброволци во Шпанија. Авторот на песната е непознат.



Архива за Шпанската граѓанска војна и револуција
Тематска архива за поезија и проза | марксистичка интернет архива