Напишано: 1936 или почеток на 1937
Извор: Волче Наумчески „Стихови (1939-1941)“, „Студентски збор“, Скопје, 1979, 13-14 стр.
Препев/превод: Волче Наумчески, од српски јазик
Техничка обработка: Здравко Савески
Онлајн верзија: октомври 2014
Шпанијо мила, Шпанијо драга,
Секогаш будна си била, будна си и сега;
Твојата крв жива отсекогаш врие,
Не мирува, игра, се смее на смртта.
Во овој момент
Црвени реки и потоци чиста крв и живи човечки меса
Се разнесуваат.
Тиранот беснее, станува против слободата на работниот народ.
Тој сака, тој има желба семето на слободата во заблуда да го фрли
и со лага и со измама гнасна
Правото добиено со крв
Да го одземе.
Но не!
Шпанијо, слободо, ти си будна!
Твоите синови храбри гинат под тенковите,
Под воздушните лавови, под црната темнина, во рововите –
Тука тие телата свои ги оставаат засипани со земја.
Од топовските гранати и машинските пушки
Нивните тела се растргнати на сите страни:
Некаде глава, некаде нозе, некаде тупаница уште се стега
– мртва се заканува...
Тука е борбата, тука е куќата – гробот длабок,
Каде што животот на мнозина се гасне.
Но крвта, Шпанијо, о драга Шпанијо,
Ти како вечен симбол ја носиш
За слобода, за уривање на ропството, ти Шпанијо, ти слободо!
Архива за Шпанската граѓанска војна и револуција