Под изразот „самоуправен општ акт" во овој устав се подразбираат општествените договори, самоуправните спогодби со кои на општ начин се уредуваат самоуправните односи и другите општи акти на организациите на здружениот труд и на другите самоуправни организации и заедници.
За спроведување на овој устав и за обезбедување премин кон неговата примена ќе се донесе посебен уставен закон.
Уставниот закон за спроведување на Уставот на Социјалистичка Република Македонија го донесуваат, сите собори на Собранието.
Предлогот на уставниот закон се усвојува со две третинско мнозинство во секој собор на Собранието сходно со одредбите на точката 2, став 4 до 8 на Уставниот амандман IX на Уставот на Социјалистичка Република Македонија.
Уставниот закон се прогласува и влегува во сила едновремено со Уставот на Социјалистичка Република Македонија.
Овој устав влегува во сила со денот на прогласувањето.