Први Мај одбележан во Битолско[1]

(1898)


Првпат објавено: „Народъ: органъ на Работническата социалъ-демократическа партия“, бр. 26, 30 април 1898.
Извор: Орде Ивановски, Владо Ивановски, Вељо Брезовски „Работничкото и комунистичкото движење во Македонија“, „Наша книга“, Скопје, 1970, 28 стр.
Техничка обработка: Драган Трајковиќ, Здравко Савески
Онлајн верзија: ноември 2015



Од Битолско добивме едно писмо од 19 ов. м. [април, стар стил] со кое ни се јавува дека и таму неколку наши другари го отпразнувале празникот на трудот во едно село, каде што утрото се собрале во една убава месност крај селото и таму организирале еден скромен банкет. Еден од празнувачите говорел за историското значење на празникот, за борбата на работниците за осумчасовен работен ден, за економско и политичкото ропство и друго. Празнувачите ја изјавуваат својата братска солидарност со интернационалата и ги поздравуваат сите работници под знамето на социјалдемократската партија. Тие пожелуваат исто така полна солидарност во борбата со капитализмот.

Нашиот топол поздрав на сознателните борци во обесправена и потлачена Македонија.

Весник „Народ“, број 26 од 30 април 1898



Забелешки на транскриберот

[1] Оваа вест е објавена без наслов, во рубриката „Дневни новини“. Насловот е даден од страна на транскриберот.