Проглас
од ЦК на Комунистичката партија на Македонија
до македонскиот народ


Напишано: 4 август 1944
Извор: „Социјалистичка зора: орган на Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија“, Скопје, јули-август 1949, 85-91 стр.
Техничка обработка: Здравко Савески
Онлајн верзија: јуни 2018


МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ!
Твојата тешка тригодишна народно-ослободителна борба против фашиските окупатори cе круниса со голем и славен успех:

На 2 август оваа година — на Илинден — во историскиот манастир Св. Прохор Пчињски, се одржа првото заседание на Антифашиското собрание на народното ослободуење на Македонија, кое прокламира слободна и равноправна федерална држава Македонија во слободна, демократска и федеративна Југославија. 122 претставители од сите краишта на Македонија, кој по најтешките денови на фашиското ропство е покажаја својата верност на своето народно-ослободително дело, беа полноправни и вистински толкователи на твојата суверена волја. Жртвите кои ги даде во денешната борба против германо-бугарските окупатори и маките кој ги преживе под црното фашиско иго искупени се. Идеите на Делчев, Сандански и други остварени се.

Оживотворувајќи историските одлуки на II заседание на Антифашиското веќе на народното ослободуење на Југославија од 29 ноември 1943 година, со кои македонскиот народ биде признат како слободен и равноправен со другите народи во Југославија и Македонија како слободна, равноправна, федерална единица во демократска и федеративна Југославија — Антифашиското собрание на народното ослободуење на Македонија се конституиса во врховно, законодавно и извршно претставителство на македонскиот народ.

Изградени од коските на илјадници твој најарни синови и ќерки, цементирани со скапата крв на твојте првоборци Орце Николов, Кузман Јосифовски, Страшо Пинџур, Цветан Димов, Мирче Ацев и други, се удрија неразрушивите темели на македонската држава.

МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ!
Твојата најголема придобивка во досегашната борба против фашиските окупатори — Антифашиското собрание на народното ослободуење на Македонија — беше постигната благодарејќи на твојата цврста волја, да, на поканата од Комунистичката партија на Југославија за борба против фашиските окупатори, се дигнеш на вооружена борба против германо-бугарските звоеватели и нивните домашни слуги. Она беше овозможена и затоа, што ти во таја борба стоеше рамо до рамо со братските народи на Југославија, без чија борба и помоќ твојте усилија ќе беа осамени и како некогаш пропаднати. Ти можеше да го оствариш твоето прво Антифашиско собрание на народното ослободуење на Македонија, затоа што во борбата против фашиските окупатори успеја да основеш и изградиш своја Народно-ослободителна војска на Македонија, која на дело, со оражје, ја покажа твојата волја за изгонуење на окупаторите од македонската земја, волја за слободен живот со слободните народи на Југославија. Твоето Антифашиско собрание на народното ослободуење на Македонија можеше да стане навистина твое право претставителство и затоа што низ борбата против фашиските окупатори ги соедини својте родољубиви сили и го оствари народното единство во цврст народно-ослободителен фронт.

МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ!
Во својата тригодишна народно-ослободителна борба ти го оствари своето единство, својата војска, ги удри темелите на федерална македонска држава. Со участието на целокупниот македонски народ против фашиските окупатори во Југославија, Бугарија и Грција, ќе го оствариш и соединението на сите краишта на Македонија разделени од страна на балканските империјалисти 1913 и 1918 год. Атлантската повелба и договорот во Техеран, во лицето на големите сили, Англија, Советскиот Сојуз и Америка ти гарантират правото на самоопределуење, спечалено низ борбата против германските окупатори и нивните слуги.

А во сакањето на полно соединение на македонскиот народ денес зад тебе стојат и сите останати народи на Југославија, стоји Антифашиското веќе на народното ослободуење на Југославија и јуначката младина — народно-ослободителна војска на Југославија.

МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ!
Во деновите, кога црните фашиски канџи на Хитлерова Германија се стегаја околу народите на Југославија за да ги избришат од земјиното лице, Комунистичката партија на Југославија верна на својата предана и безрезервна служба на народот ги повика сите народи на Југославија во општа народна борба против фашиските окупатори а за слобода и национална независност. Она застана на чело на таа борба, внесе во неја свој драгоцен борбен опит, ги прати во највисокиот огин на борбата својте најдоблесни членови, даде илјадници скапи жртви и стана организатор и раководител на својата народно ослободителна борба на народите на Југославија. Под нејзиното херојско знаме народите на Југославија ја остварија новата, слободна, демократска и федеративна Југославија.

Комунистичката партија на Македонија, која е во состав на јуначката Комунистичка партија на Југославија на чело со Тито, беше од првите денови организатор и раководител на борбата што нашиот народ ја водеше против големо-бугарските окупатори и нивните берлински господари. Нашата Комунистичка партија на Македонија стално му го покажуеше на македонскиот народ правиот и единиот пат за извојуење национална слобода и равноправие. Прилагајќи и од себе сите сили, давајќи снаги и жртви во таја неравна борба, Комунистичката партија на Македонија си го изврши својот долг кои македонскиот народ.

МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ!
Радоста која е доживехме на овогодишниот Идинден, остварувајќи го првото македонско народно собрание e голема. Ама она е толку јака и затоа, што овие денови победоносната Црвена армија незадржимо напредуе кон Берлин — за да го забоде одмастителниот, праведниот нож во срцето на фашиската крвава ѕвер и да објави на цел свет, дека нејзините штикови нема повеќе да допуштат одново да дигне глава проклетото Хитлерово племе. Сојузничките англо-американски војски превземат се пошироки и појаки офанзиви во Италија и Франција, марширајќи убрзанo кон границите на Хитлерова Германија. 3аедно со победоносните советско-англо-американски војски и нашата јуначка Народно-ослободителна војска на Југославија отпочнува последна офанзива за ослободуење на нашата славна татковина — Демократска федеративна Југославија.

Се наоѓаме пред блискиот свршеток на војната во Европа, пред блиската победа над фашизмот, пред блиската слобода на сите поробени народи.

Во тие судбоносни моменти македонскиот народ мора да биде на својот пост. Повеќе од секогаш македонскиот народ треба да знае оти неговата иднина колку и да e сврзана со докончуењето на битката, која е видат и големите народи, толку исто е сврзана и со неговото сопствено участие во таја борба со неговите сопствени снаги, који ги внесува во неја. Старите крвници на македонскиот народ Ванчо Михајлов и Станишев, а покрај нив и Чкатров, Ѓузелов и Китинчев коват злодејна завера против македонскиот народ, неговата народно-ослободителна борба и тешко спечалени придобивки во таа борба. Гледајќи е скората пропаст на фашиска Бугарија, они се готват да со помошта на германската војска и некакви свои вооружани јадра од кои есапат да организират војни единици — ја превземат власта во Македонија во свој крвави раце. Злоупотребувајќи ги праведните сакања на македонскиот народ за слободен и самостален живот, они му токмат "автономија и независимост", подобно на несреќната Павелиќева Хрватска. И Недиќ со својте издајнички четнички банди се токми да ја превземе власта во Македонија. За есап на Хитлер он сака одново да го спрегне македонскиот народ во големосрпско ропство.

За да би ги избегнал бескорисните жртви, македонскиот народ мора да ги земе уште веднаш сите мерки, како би оневозможил на тија издајнички банди пак да го фрлат во нови страданија и потреси.

МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ!
РОДОЉУБИ И РОДОЉУПКИ НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА!
Имајќи ги пред очите новите перспективи, кој пред македонскиот народ се отворуват со создавањето на Антифашиското собрание на народното ослободување на Македонија и изградуењето на македонската држава, како и застрашеност од нови провокации спрема народно-ослободителното дело на нашиот народ, Комунистичката партија на Македонија во овие одлучни моменти кога се решава судбата на целиот свет — се обрнува до својот народ и му ги покажуе задачите кои стоат пред него.

Македонскиот народ ТРЕБА БЕЗДРУГО И ВЕДНАШ да го спроведе до крај и што повеќе го зацврсти своето единство, собирајќи се целиот во одборите на Народно-ослободителниот фронт на Македонија. Народно-ослободителниот фронт на Македонија е масовна политичка организација на целиот македонски народ, без оглед на вера, народност, политичка припадност. Во одборите на Народно-ослободителниот фронт на Македонија, по сите села и градови низ Македонија, треба да се соберат сите чесни родољуби и родољупки од сите демократски партии и групи, како и тие, кој се надвор од политички партии. Народно-ослободителниот фронт на Македонија треба да стане цврста поткрепа на нашата нова држава, на нашата народна демократска власт, на која со сигурност ќе се опре нашето прво Антифашиско собрание на народното ослободуење на Македонија.

Ете првата задача, за чие исполнение не треба да жалиме ни сили ни жртви.

Македонскиот народ ТРЕБА БЕ3ДРУГО И ВЕДНАШ да ги мобилизира сите свој сили за Народно-ослободителната војска на Македонија, да ги стоструко зголеми нејзините редови, да ја разрасне во ДИВИЗИИ и КОРПУСИ. Македонската држава треба да има силна Народно-ослободителна војска, која ќе го изгони окупаторот и ќе ги сочува скапо платените придобивки на денешната борба.

Ете втората задача, за чие исполнение не треба да жалите ни сили ни жртви.

Македонскиот народ ТРЕБА БЕЗДРУГО И ВЕДНАШ да ги впрегне сите сили за изградуење на НАРОДНО ДЕМОКРАТСКАТА ВЛАСТ во цела Македонија. Народно-ослободителните одбори, органите на народно-демократската власт, на нашата држава, треба да никнат во сите села и градови на ослободени и напола ослободени краишта на Македонија.

Ете третата задача, за чие исполнение не треба да жалиме ни сили ни жртви.

РАБОТНИЦИ И СЕЛАНИ!
Од првите денови на народно-ослободителната борба на македонскиот народ вие стоевте во нејзините први редови и дадовте во неја скапи жртви. Со тоа вие го постигнавте правото да вашите истински претставители работници и селани — ве застапуват во македонското народно собрание и зимат раководни места. Тука е гаранцијата дека новата македонска држава и вие и вашите деца ќе заживеете слободен и поарен живот.

Комунистичката партија на Македонија ве повикува да уште посмело ја закрепите народно ослободителната борба — да ги дадете сите свој сили за изградуењето на првата национална македонска држава.

ЧЕСНА МАКЕДОНСКА ИНТЕЛИГЕЦИЈО!
Првата македонска држава рачуна на твојте делотворни раце. Комунистичката партија на Македонија те повикува ди ги дадеш сите свој знанија и способности за доброто и благото на нашата прва суверена Македонија. Уште посмело пристапи во борбата и биди горда што можеш да учествуеш во изградуењето на првата след Самоила македонска држава.

МАКЕДОНСКА МЛАДИНО!
Твоето одушевление и пожртвуваност те направија најснажен опирач на народно-ослободителната борба, смел и вреден градител на иднината на слободна Македонија. Комунистичката партија на Македонија те повикува да ги собереш уште појако својте редови и со младински полет да земеш участие во последен бој и во изградуењето на македонската држава, во која се остваруваат твојте идеали за среќен и равноправен младински живот.

МАКЕДОНСКИ МАЈКИ, ЖЕНИ И СЕСТРИ!
Вековната друштвена обесправеност на жената укината е во новата македонска држава. Комунистичката партија на Македонија ве повикува уште повеќе да земете участие во народно-ослободителната борба и во изградуењето на суверена Македонија, среќна татковина на сите македонски жени.

АЛБАНЦИ, ТУРЦИ, ВЛАСИ И ЕВРЕИ!
Новата македонска држава e и ваша држава. Она е заснована на принципите на братството меѓу сите народности, кој живеат на македонската земја. Во нејзините темели е созидано борбеното единство, исковано меѓу вас и Македонците во денешната народно-ослободителна борба против фашиските окупатори. Но за таја ваша нова татковина — македонската држава во демократска и федеративна Југославија — вие треба уште многу да допринесете. Во прв ред вие не смеете да дозволите на фашиските окупатори да ве прават џелати над нашите браќа кои веќе три години лејат крв за своја и ваша слобода.

Стапујте во народно-ослободителната војска на Македонија која е и ваша војска. Знајте дека колку денес се борите толку утре ќе имате права. Народот на Македонија зар секого утре ќе праша каде бил и кому служел.

ВОЈНИЦИ НА НАРОДНО-ОСЛОБОДИТЕЛНАТА ВОЈСКА НА МАКЕДОНИЈА
ПАРТИЗАНИ БОРЦИ, ОФИЦЕРИ И ПОЛИТИЧКИ КОМЕСАРИ!
Со вашата крв беше ослободена и чувана македонската земја, на која се собра нашето прво Антифашиско собрание на народното ослободуење на Македонија. Со вашата крв таја слободна македонска земја се раширува секидневно и овозможуе на народно-демократската власт да ја изградува првата македонска држава.

Комунистичката партија на Македонија ве повикува да уште појако и поусилено удрите по фашиските окупатори, да борејќи се низ Македонија ги разраснете својте бригади во дивизии и корпуси; да појдете во последен, одлучен бој за ослободуењето на Македонија.

КОМУНИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА!
Држете го и натака високо славното знаме на Комунистичката партија на Југославија! Како што бевте први во извојуењето на денешните придобивки на народно-ослободителната борба на македонскиот народ, така исто бидете први и во сочување на тија придобивки во изградуењето на слободната федерална држава Македонија во демократска и федеративна Југославија.

МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ!
Пред три години ти го потчу гласот на Комунистичката партија на Југославија и стапи во одлучна борба против фашиските окупатори. Обавестувајќи ти го сторуењето на Антифашиското собрание на народното ослободуење на Македонија Комунистичката партија на Македонија те повикува да смело тргнеш кон остваруењето на денешните задачи, кој стоат пред тебе.

Нека НАРОДНО-ОСЛОБОДИТЕЛНИОТ ФРОНТ НА МАКЕДОНИЈА преку својте одбори израсне во моќен фронт на соединетиот македонски народ!

Нека пушките на МАКЕДОНСКИТЕ ДИВИЗИИ И КОРПУСИ утре загрмат низ цела Македонија за да ја ослободат и сочуваат новата, слободна, федерална македонска држава.

Нека НАРОДНО ДЕМОКРАТСКАТА ВЛАСТ НА HИШATA МАКЕДОНСКА ДРЖАВА се рашири низ цела Македонија за да ги покаже пред целиот македонски народ благодетите на новата суверена власт на Македонија!

Да е жива слободна Македонија во демократска и федеративна Југославија!
Да е живо првото Антифашиско собрание на народното ослободуење на Македонија!
Да е живо борбеното братство на сите народи на Југославија!
Да е жива нашата славна Комунистичка партија на Југославија!
Да е жив генијалниот стратег на нашата Партија Јосип Броз-Тито!
Да е жива Комунистичката партија на Македонија!
Да е жив Народно-ослободителниот фронт на Македонија!
Да е жива нашата јуначка Народно-ослободителна војска на Македонија!

4 август 1944 година

Централен комитет на Комунистичката партија на Македонија



Архива на Народноослободителната борба

Македонска тематска архива

марксистичка интернет архива