Напишано: 11 септември 1943
Извор: Народен музеј и Завод за заштита на спомениците на културата Oxpид: Збиpкa поединечни документи. „Историја“, IV, 1968, I, стр. 90-93. „Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, Скопје, 1981, II том, 533-534 стр.
Техничка обработка: Здравко Савески
Онлајн верзија: април 2020
11 септември 1943 г.
Смрт на фашизмот — слобода на народот!
Објава Бр. 1
1) Денес на 11—IX—1943 год.[1] градот Кичево се превзеде од Македонско-албанската Народноослободителна војска и партизанските одреди.
2) От денес и натака, овој град ћe биди во рацете на Мак.-Алб. Н.О.В. и П.О. Уредувањето и редот на градот ћe ce спроведува от страна на разни народни комисији, назначени од Штабот на I-та Оперативна зона;[2] на сите страни на градот ћe се воспостават стражи и патроли вооружени кои ћe го вардат спокојствието и редот.
3) Секој грађанин требе да ги слуша наредбите и директивите издадени од овија комисији и патроли.
4) Народот требе да биди мирен и срећен, зашто градот Кичево се навођа во рацете на партизаните, синовите на овој народ.
5) Сите дућани и локали требе да се отворат за да се задоволат нуждите на народот.
6) На секој локал ћe се клајат албански и македонски знамиња.
7) Строго се забранува пукање со пушка, фрлање бoмби и каков билo друг експлозивен материјал.
8) Сите тија елементи, који поради каква било причина, рашират тенденциозни новини, со цел да се створи кај народот страф и паника, требе да имајат пред вид да, штом разбери Командата на Штабот на Зоната, нифните дејствија ќе се казнат строго от страната на Народниот Суд.
9) Народот требе да се обносува арно со Македонско-Албанската Народноослободителна војска и партизанските одреди, оти таја е вистинска народна војска, која се бореше до сега и ќе се бори до крај за слободата и благостанието на народот.
10) Највисоката власт во местото ќе биде Македонско-Албанскиот Народноослободителен комитет, кој ќе биде во тесна врска со Штабот на I-та Оперативна зона. Овој комитет е привремен и ќе функционира се дури не се избере нов комитет на демократски начин и слободни гласови.
11) Сите јавни установи от денес ја губат својата сила, пошто беа назначени от фашизмот.
12) Сите чиновници да не ја напуштајат службата дури не ги предадат надлештвата на Командата, сосе материјалот који им беше остаен на расположуење.
13) Народно-ослободителниот комитет на местото, ќе установи нова, привремена власт која ќе биде составена от Албанци и Македонци, соработувајќи со Штабот на 1-та Оперативна зона.
14) Секоја одмазда (асми) се казнува со смрт, одмаздителот ќе се осуди пред Народниот Суд и неговата пресуда ћe се изврши на мecтo.
15) Арамијите на народните имоти, било тоа за најмалка работа, се осудувујат со стрелање на место.
16) Тој, кој не се покорува на горните наредби ћe се смета како народен издајник и како таков ћe се казни најстрого.
Политичкиот комесар на Штабот на I-та Оперативна зона Јелисије Поповски — Марко, с.р.
Командантот на Штабот на I-та Оперативна зона Хамди Дема, с.р.
Забелешки на редакцијата на изданието
[1] Кичево е ослободено на 11 септември 1943 година. Тој датум го обележува неговото прво ослободување од власта на окупаторот.
[2] Не е познато какви комисии се формирани.