Соопштение за акциите и борбите
на одредите во Првата оперативна зона[1]


Напишано: август 1943
Извор: „Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, Скопје, 1981, II том, 484-485 стр. Архив на Македонија. – Ф. НОБ. К. 16, арх. ор. 717.
Техничка обработка: Здравко Савески
Онлајн верзија: август 2020


Македонија

Акцији и дејност во I-та оперативна зона
на народно-ослободителната војска и партизанските одреди
на Македонија[2]

... Во разгрштајнето на воружената Народно-ослободителна борба на Македонскиот народ голем чекор е сторен што е во борбата искалено борбеното единство и братство на Македонското и Албанското население. Како корона на ова единство е формирането на смешаниот одред Македоно-Албански.[3] Овој одред на 4. VIII си го здоби и својето крштеније.

Одредот напагја на карабинеријата при електричната централа во село Вруток (7 км. од Гостивар). После силниот напад на партизаните окупаторот е натеран на предавајне. Пленети се 1 маршал,[4] 2 бригадира, и 5 карабинера, како и: 1 пушкомитралез, 7 пушки, 15 бомби, 7 револвера, чебиња, храни и разен друг материјал.

На 4.VIII. нападната е една колона на пат Маврово – Гостивар. Разбиени се 3 камиона и 1 блиндиран аутомобил со окупациони полицаји и војска. Бројот на убиени и ранети е голем.

... успешно изведени акцији одредот е удвоен со масовиот прилив на доброволци Македонци и Албанци.[5]

Македонските и албанските партизани со вооружената борба против окупаторот го кој братството на Македонското и Албанското население. Во село Равен (арнаути) партизаните Македонци и Албанци носени се на раци от Арнаутите со извикувајне: „да живее братството на Македонците и Албанците.“


Забелешки на редакцијата на изданието

[1] Донесуваме дел од летокот што се однесува на формирањето и акциите на I-от мешан македонско-албански одред.

[2] Документот е без дата и потпис. Според содржината произлегува дека е од август 1943 година и е издаден од Штабот на I-та оперативна зона.

[3] Формиран во почетокот на август 1943 година.

[4] Подофицер.

[5] Оштетено во оригиналот.


Архива на Народноослободителната борба

Македонска тематска архива

марксистичка интернет архива