Напишано: 1964
Извор: Невен Радически, „Положбата
на приврзаниците на резолуцијата на Информативното биро во
СР Македонија според известието на Управата за државна безбедност од
1964 година“, Гласник ИНИ, Скопје, 2016, бр. 1, 291-294 стр.
Обработка на документот и забелешки: Невен Радически
Техничка обработка: Здравко Савески
Онлајн верзија: јануари 2017
РСВР – СРМ [Републички секретаријат за внатрешни
работи на СРМ]
УПРАВА ЗА ДРЖАВНА БЕЗБЕДНОСТ
Евиденција: 23/1
29.I.1964 г.
Скопје
На барање од Сојузниот секретаријат за внатрешни работи, правена е анализа на положбата сред бившите приврженици на Резолуцијата на информбирото.
Од евиденцијата на овој Секретаријат и извршената анкета, добиена е поблиска слика за положбата во овие средини.
Улогата на нашата земја и СКЈ во формирањето на новиот – антисталинистички курс во меѓународното работничко движење, допринесе да добар дел од овие средини наполно раскрсти со старите разбирања. Процесот на диференцирање, кој сеуште трае, укажува на фактот да оваа категорија сѐ помалку преставува потенционална снага на реакцијата.
Анализата која е правена може да послужи за поблиско согледување и убрзување на тој процес.
На територијата на СРМ имаме вкупно 2604 бивши приврзеници на РИБ. Према степенот на пројавената активност тие беа разврстени во четири категории. Во I категорија имаме 975 лица, во II категорија 408 лица, во III категорија 692 и во IV категорија 14. Покрај овие 96 приврзеници на РИБ не беа категорисани.
Во моментот на изјаснувањето за ИБ-е овие беа по занимање: службеници 1249, работници 287, припадници на ЈНА 184, студенти 187, земјоделци 167, занаетчии 158, службеници на внатрешни работи 76 / УДБ-а 19 и од останали служби на ресорот 57/, слободни професии / уметници, лекари, инжињери и др. / 69, ученици 62, професионални партиско – политички работници 18 и тн. Од горните 176 лица имаа факултетско образование.
Од вкупниот број приврженици на РИБ, 1190 се учесници во НОБ / 67 носители на “Споменица 1941 год.“, 153 учесници од 1941 год. без споменица, 134 учесници од 1942 година, 180 од 1943 год., 594 од 1944 год. и 48 од 1945 год./. Инаку во времето на изјаснувањето 147 лица беа партиски функционери и тоа: секретари на основни организации 49, членови на Месни комитети 14, членови на Општински комитети 24 и членови на Околиски комитети 58. Треба да се истакне дека за ИБ-е се изјаснија и 93 соработници на овој ресор.
Према бившите приврженици на РИБ беа превземени следните мерки: судено од редовните судови 90, судено од војни судови 124, казнето со општествено корисна работа 546, кането со заштитна мерка 3, казнето по ОЗОП[2] 2, хапсено па пуштено на слобода без изречување на казна 448, сменето од одговорни функции а не е хапсено 26, не казнети по Кривичниот закон а исфрлени од КПЈ 301, исфрлено од ЈНА 21 и пензионисано од ЈНА 6 лица.
Треба посебно да се истакне дека за раслојувањето на овие средини покрај влијанието на оние фактори за кои беше во почетокот збор во многу допринесе политиката на СКЈ према овие лица. Голем број од нив се вкључени во нашиот општествен живот. Искључок прават релативно малиот број екстремни непријателски елементи од овие средини. Само во СКЈ повторно се примени 492 лица, додека е бројот на оние кои се активно вкључени во друштвено – политичките организации и разни здруженија далеку поголем. Добар дел од овие, вторите, сеуште не се членови на СКЈ од причина што се воздржуваат да поднесат молби за прием од страв да не бидат одбиени и што некои основни организации на СКЈ пројавуваат претерана скепса и неповерење према нив. Запазено е да такво неповерење сеуште се често манифестира и е една од причините за неприхваќање на позитивни лица од овие средини. Дури има и случаеви на неприхваќање и одбивање на молби од страна на поединци кои со своето држање и активност заслужуваат да бидат членови на СКЈ. Ова се коси со препораките на надлежните политички органи кои се дадени на организациите на СКЈ.
Инаку према бившите приврженици на РИБ не се правени никакви други ограничувања. Како и према останалите граѓани односот на надлежните органи е бил исти во поглед на решавањето на нивните барања. Така на пример во врска со запослувањето не се правени никакви пречки, освен во случаевите кога се работеше за прием на поединци на раководни места или места осетливи за безбедноста на земјата. Оваков однос се имало према лица кои и понатаму манифестираа непријателски однос према политиката на нашата Влада и Сојузот на комунистите.
Нашата служба во повеќе случаи е интервенирала преко надлежните фактори во комуните да поединци од овие средини бидат запослени и прихватени. Напред изнесената политика на правилниот однос према бившите приврженици на РИБ се огледува и во фактот да се скоро сите тие материјално обезбедени, т.е. запослени, да го регулирале учеството во НОБ и ги користат правата и привилегиите во врска со тоа /боречки пензии, признавање на одговарајуќата стручна спрема и сл./. Така, од вкупно 2604 бивши информбираши само 16 не се запослени и бараат работа, т.е. 2349 се запослени на работни места кои одговараат на нивните квалификации, а само 6 на пониски работни места. Карактеристично е да приличен број ИБ-еовци се навоѓаат на повисоки работни места за разлика од оние кои ги имаа во времето на изјаснувањето што е резултат на здобивање со повисоки квалификации. Така на пример порано имаа факултетско образование 176, а денес 193, или порано меѓу нив имаше 6 адвокати, а денеска се 10, судии 28, новинари од 19 бројката е качена на 29, директори на привредни и други организации сега се 69, професори 68, наставници и учители 79 и тн.
Станбената положба на овие лица е следната: 2123 ги задржаа поранешните станови, 215 добија нови станови, додека само 17 се без нужен смештај.
Како што е наведено, во склад со постоечките законски прописи решавани се и останалите нивни барања. На пример, пензионисани се 198 лица и тоа по основ: старосен 82, инвалиден 13 и боречки 94. Само на 2 лица кои поднеле барање за пензија не им е удоволено како треба.
Материјалната ситурианост на овие лица покрај останалото може да се види и од податоците за нивните месечни примања: со примања од 10 до 20 илјади динари се 389 лица, од 20 до 30 илјади динари 796 лица, од 30 до 40 илјади динари 615, од 40 до 50 илјади динари 373, од 50 до 60 илјади 247, од 60 до 70 илјади 89, од 70 до 80 илјади 27, од 80 до 90 илјади динари 38 лица.
Карактеристично е податокот да се 480 ИБ-еовци поднесувале барање за патување во странство од кои 444 добија пасоши, а само 36 се одбиени.
Ваквата политика на СКЈ, правилниот однос на органите на власта према нивните барања, пружените можности за нивно материјално обезбедување допринесоа да се голем број бивши приврзеници на РИБ правилно ориентираат и завземат позитивен став према нашето друштвено уредување. Меѓутоа еден сосем мал број екстремни непријателски расположени информбираши и денеска стои на исти позиции т.е. ги подржуваат сталинистичките ставови на кинеското и албанското раководство. Треба да се подвлече дека влијанието на овие елементи е незначително на останалите бивши приврженици на РИБ и дека се нивната активност одвива единствено во кругот на истомисленици и тоа воглавном во форма на индивидуални истапи и коментари. Искључок прави обидот на еден информбираш кој е два пати казнуван со општествено корисна работа. Тој во Битола има формирано илегална организација “Македонска работничка партија“ во која обухватил 7 лица и која требало да се бори за ослободување на Егејска и Пиринска Македонија во оквир на самостојна социјалистичка Македонија.[3]
На крајот уште еднаш треба да се истакне да со мали искључоци
нема
поголеми проблеми врзани за вклучување во општествениот живот и
материјално обезбедување на бившите приврженици на РИБ. Во врска со
нивниот прием во СКЈ би требало да се даде овластување на општинските
комитети да можат да одлучуваат во врска со тоа а не како што е
досегашната пракса да одлуките ги донесуваат околиските т.е. градски
комитети на СКЈ.
Доставено:
15 примероци на ИК на ЦК на СКМ
Забелешки
[1] Резолуција на Информативното биро.
[2] Веројатно станува збор за акроним кој се однесува на Основниот закон за прекршоци, а кој е изведен од српскиот јазик (Основни закон о прекршајима).
[3] Не можевме да откриеме подетални информации кои би го расветлиле идентитетот на горенаведената личност, ниту пак такви кои би откриле нешто повеќе за Македонската работничка партија, односно за идентитетот и за активностите на другите членови на илегалната политичка организација.