Градска и Универзитетска конференција на СКМ - Скопје

За што се бори Сојузот на комунистите на Скопскиот универзитет[*]


Својата општествена улога и функција во денешните услови Универзитетот целосно ја остварува поаѓајќи од неколку основни премиси:

Една од битните карактеристики на современиот свет е мошне динамичниот развој на науката и брзата примена на нејзините резултати во производните процеси и општествената практика.

Битно е промената и улогата на високообразовните кадри. Нивната функција не е веќе во следењето на општествената свест и одржувањето на нивото на веќе достигнати технолошки резултати, туку во постојано интензивирање на процесите и забрзаното движење напред.

Во атмосферата на барањата за интензивирање на развојните процеси во сите домени на животот, барање што произлегува од духот и содржината на стопанската и општествена реформа што е во полн разгор сè повеќе се наметнува убедувањето дека Универзитетот претставува еден од решавачките фактори за разрешување на средината во која дејствува.

Нема никакво сомневање дека се наоѓаме во разгорот на битката за едно доследно дебирократизирано, демократско, самоуправно социјалистичко општество и дека Универзитетот како средиште на научната свест и мисла може да го пружи својот полн, целисходен и креативен удел, само чувствувајќи се и однесувајќи се како интегрален дел на општествениот организам.

Во условите на реформата, во условите кога Универзитетот ги истражува изворите на своето финансирање, наспроти носителите на репродукцијата, неопходно е создавањето на нови односи што ќе произлегуваат од согледувањето дека врската со научните сознанија и достигања претставува гарант за нејзиниот оптимален и интензивен развој, дека Универзитетот покрај тој однос не само што го открива изворот на финансирањето, туку одговара и наоѓа примена на своите постигнати резултати и се потврдува во својата јавна и општествена незаменливост и функција.

Универзитетот ја остварува целосно својата општествена функција развивајќи ја научната валоризација на достигањата и потребите, но водејќи сметка за комплетните можности и потенцијали во средината во која дејствува. Во тој поглед Универзитетот ги синтетизира целокупните општествено-економски односи и достигнатиот степен на сознанијата на една средина. Во условите кога натамошното афирмирање на потенцијалите на нацијата претставува снажен комплементарен придонес во општите развојни текови, остварувањето на улогата на Универзитетот за нас се појавува и во една специфична и битна идејна светлина.

Во борбата за едно ново демократско и самоуправувачко општество, Универзитетот се вклучува и преку снажната афирмација на националните вредности, подвргнувајќи ги на строга научна селекција и на тој начин збогатувајќи го фондот на универзалните општочовечки постигања.

Дејствувањето на СК на Универзитетот во новите услови

Само низ промените на начините и формите на новата организациона поставеност на СК на Универзитетот не може да се оствари револуционерната суштина на денешната реорганизација на битието на СК, ако основниот, фундаментален постулат на реорганизацијата се состои во целосното интегрирање на СК во самоуправните општествени односи, т.е. во превозмогнувањето на СК од сила која владее во името на работничката класа, во авангардна идејно-политичка сила која создава услови за непосредно одлучување на слободните асоцијации на непосредните производители и како активистичка револуционерна сила, се бори поправо за обезбедување на тие услови. Промените во начините и формите на остварувањето на новата улога на СК, и посебно новата улога на СК на Универзитетот, императивно налагаат и радикални промени во внатрешните односи на СК на Универзитетот. Токму затоа, СК на Универзитетот ќе мора да поведе решителна борба против конзервативниот, чиновничкиот дух во СК, против рутинерската практика, против интерноста, против етатистичкиот менталитет на помалите групи на Универзитетот што се создаваат или според факултетската хиерархија или според интимните односи, против расправите и договарањата кои се водат во затворен круг, за да може СК на Универзитетот во оваа борба со застарените конзервативни и догматски концепции и становишта да обезбеди отворен демократски слободен дијалог како внатре во СК, така и но поширока смисла - дијалог со работничката класа за остварување на нејзините историски интереси.

СК на Универзитетот, затоа, остварувајќи ја својата авангардна улога во силата на уверувањето, аргументот и доследноста, во рамноправна демократска расправа како меѓу своите членови така и со факторите вон СК, ќе се бори во средиштето на неговата идеолошка-политичка битка да влезат најзначајните прашања од развитокот на Универзитетот и неговата трансформација во еден модерен и современ Универзитет, но истовремено, имајќи го во предвид фактот дека Универзитетот претставува најеминентен собир на научни работници и стручњаци од најразличните подрачја, во средиштето на своето идеолошко-политичко реализирање ќе ги постави и сестраните и разновидни политички иницијативи на сите нивои и подрачја надвор од Универзитетот за да може на тој начин одговорно и научно квалификувано да оствари и значајно делување како врз општата политика на СКМ, така и врз општата развојна политика на Републиката.

Тргнувајќи од оваа платформа, СК на Универзитетот ќе ги анимира како поединечните, индивидуалните, така и колективните, заеднички напори на сите креативни научни сили на Универзитетот, за подигање на повисоко теориско ниво на политиката на СК, за научно осмислување на нашите општествени и економски процеси и движења, ангажирајќи се при тоа посебно на формирањето на политиката на СК за високото школство и истапувајќи секогаш активно и борбено во сите и по сите прашања не само од интерес непосредно за Универзитет, туку и по прашањата што се од општ интерес за градот и Републиката.

Со тоа што поинаку отколку досега ќе се структуира, со тоа што развојот на организациите на СК на Универзитетот сè повеќе се грижат во насока на интегрирање на СК на Универзитетот во една органска целина, со тоа што ќе пледира за поинтензивна соработка и со тоа што ќе покрене поинтензивни комуникации во својата и надвор од својата средина, СК на Универзитетот во започнатите процеси на демократизацијата на врските со вонуниверзитетските, градски и републички, ќе се бори за рамноправно, за потполна демократска атмосфера во секој дијалог и дискусија на сите нивои, признавајќи го и почитувајќи го при тоа и првото неслагање и утврдувајќи ги сите демократски норми на вистина демократскиот политички живот.

Демократизирањето на односите на Сојузот на комунистите наложија потреба од квалитетно нова улога на членот на СК. Сега во средиштето на активноста на СК на Универзитетот не се наоѓа пред сè партискиот форум, туку тој — членот на СК, една творечка и самостојна личност со високо развиена марксистичка култура. Кој не е ниту смее да биде само реализатор или посредник, туку активен креатор и остварувач на критиката на СК.

Во оваа смисла СК на Универзитетот ќе се бори против онаа веќе застарена и надмината претстава за профилот на човекот на СК, која, негдегоде на Универзитетот е сè уште присутна, а според која членот на СК е или пасивен посматрач, или само грижлив интерпретатор, или само ревносен регистратор на одредени соодветни мисли, становиште, концепција, а најмногу творечки и самостоен, револуционерно активен и ангажиран идејно-политички субјект, кој е свесен дека Универзитетот претставува најзначајна, најмоќна и најсеопфатна интелектуална концепција на нацијата, која токму за тоа мора да има и такво соодветно и моќно и повеќекратно влијание како спрема политиката на СК, така и спрема сите денешни фундаментални општествено-економски процеси и движења во Републиката било до иднината на нивните социјалистички перспективи.

Ставајќи го во отворена политичка борба тежиштето на членот на СК на Универзитетот, како и вистински одговорен за остварување за платформата на СК на Универзитетот, комунистите на Универзитетот ќе се борат за селекција во своите редови од оние свои членови кои не ќе можат или не ќе сакаат да бидат активни чинители во остварувањето на новата авангардна идејно-политичка усмерувачка улога на реорганизацијата на СК на Универзитетот.

Во процесите на надминувањето на старите облици низ кои се остваруваше на Универзитетот, СК е свесен дека не можат како единствен начин и како доминантна форма во реализирањето на својата идејно-политичка улога да бидат само состаноците. Свесен за сиромаштвото на состаноците во некои организации на Универзитетот, СК ќе се бори за радикален пресврт на оваа насока и на местото на досегашните монотони и често воопштени состаноци ќе го претпостави она квалифицирано и авторитетно разгледување. Нашата активност не би смеела да се вреднува според бројот на одржаните состаноци. Тоа значи дека во нашата понатамошна активност треба да одиме кон такви собири на комунистите од Универзитетот кои ќе бидат проблемски, ефикасни. Отаде во денешните современи услови СК на Универзитетот ја напушта старата концепција за договарање од состанок на состанок, туку за интензивирање на катадневната конкретна активност и ангажираност на членот на СК на Универзитетот. Всушност, борбата за демократизација на односите внатре во СК значи, создавање на услови во кои членот на СК на Универзитетот да биде активен член во креирањето на политиката во сите подрачја и на сите нивои. Само низ зголемена активна партиципација на секој член во градењето на ставовите на СК на Универзитетот, само низ слободната демократска борба на мислења ќе се гради идејно-политичко единства што ќе ја наголемува одговорноста на секој член во неговото сопствено и општо дело на СК на Универзитетот. Ќе се врши диференцијацијата на СК врз основа на афирмацијата низ самоуправните тела на оние ставови и одлуки кои ќе мораме да ги вреднуваме не според формалниот механизам како што тие се остварени и реализирање, туку според нивниот социјалистички дух и содржина, според нивната насоченост кон понатамошните перспективи на социјализмот.

Со реорганизацијата на СК на Универзитетот, со интегрирањето на СК и самоуправните општествени односи, носителот на акцијата на СК значи, не може да биде повеќе само форумско тело, туку непосредно, самостојниот член на СК кој ако сака да биде уверлив и сугестивен во политичката борба мора да настојува со познавањето на сите современи процеси и движења во нашето самоуправно општество и посебно со познавање на проблематиката на Универзитетот. На тој начин ќе биде во состојба со силата на знаењето и аргументите да се изборува во самоуправните тела за прифаќање на ставовите на СК на Универзитетот. Меѓутоа, ако секој член на СК е самостоен во непосредното индивидуално дејствување во самоуправните форми, тоа не значи дека не поврзуваат општите ставови на СК на Универзитетот кои се донесени врз принципот на согласноста на мнозинството. Затоа СК на Универзитетот ќе се бори да стане за сите членови на СК на Универзитетот општо уверување дека не може да има слобода без одговорност бидејќи нема одговорност без слобода.

III

Сојузот на комунистите на Универзитетот и остварувањето на идејните основи на образовниот процес и научната дејност

Универзитетот во својот досегашен развиток на планот на наставно-образовниот процес и развивањето на научната дејност има постигнато крупни резултати.

Меѓутоа, денес пред Универзитетот се поставуваат многу пошироки и покомплексни барања.

Нема сомнение дека доминантен белег на нашето време ни дава секојдневната научна и технолошка револуција која радикално го напоменува општествениот статус на современата наука. Со супремацијата на науката во сите области на животот, таа не е повеќе во класична смисла само надградбата, туку истовремено суперструктива и структура на економскиот и социјалниот прогрес кој без неа денес е незамислив. Како и фундаменталната егзактна така и хуманистичката наука не е повеќе само некаков пасивен придружник на општествено-економскиот развиток, туку битна негова основа и сигурна негова антиципација. Тоа е токму онаа битна димензија којашто го оквалификува еден современ и модерен Универзитет денес како база и авангарда на развојните процеси на една нација во сите подрачја на нејзиниот живот.

Останува тенденцијата на современиот свет кон која СК на Универзитетот треба да го прилагоди своето делување е брза и целосна замена на рутинерскиот — со творечкиот труд. Оспорувањето на таа тенденција е можно само преку креативното засновување на образовниот систем. Гледано од тој аспект во современите услови се менува улогата на високошколските кадри во таа смисла што нивната улога не е само одржувањето на достигнатите технолошки процеси и на постојната општествена свест, туку во перманентното и забрзаното движење напред. Но за таков вид на работата потребно е да се извршат потребни подготовки уште во текот на студиите. Тоа секако претставува не само воведување на студентите во техниката и методологијата на истражувачката работа, туку и адаптирање на целокупната организација и методика на образовниот процес и кон овие барања. Креативната личност може да се формира и афирмиpa само во тие и такви услови во кои тежиштето на образовниот процес не е во пасивното примање на знаењата, туку во активното усвојување на новите сознанија. Нужен услов во формирање на висококвалификуваниот стручњак е интензивирањето на научно-истражувачката дејност во наставно-научните работни единици на Универзитетот. Само рамноправниот третман на педагошката и научната работа како составни делови на единствен процес може да обезбеди напредок на Универзитетот во целина, како и формирање на креативна личност. Научно-истражувачката работа, доколку е програмски усмерена и целисходно организирана, може мошне ефикасно да придонесе во решавањето на некои актуелни програми на Универзитетот, како што се на пример: неговото потесно програмско поврзување со соодветните работни организации, а со тоа поврзана циркулација на кадрите, подобрувањето на материјалната положба и афирмација на системот на распределбата, потполно користење на својот научно-истражувачки потенцијал, врска со општеството и светот итн.

СК на Универзитетот во современите услови треба исцело да се залага за таков развој на политика на Универзитетските институции чие дејство е единство на наставата, научната и стручната работа. Наставно-образовниот процес, меѓутоа, на факултетите сè уште го носи печатот на класичните школи. Регистарот на наставните и педагошките дејности е доста сиромашен. Отсуствува активна и творечка координација на сите фактори на Универзитетот на планот на збогатувањето и ускладувањето на наставниот програм. Недоволно развиениот систем врши притисок да се формира и одржува еден наставен процес којшто одамна е напуштен во практиката и како таков заостанува врз современиот развиток во светот. Во оваа смисла потребни се посебни напори за позабрзано развивање на научните и стручните дисциплини, перманентно усмерување на наставата кон најновите достигања и нејзиното интензивирање.

СК на Универзитетот ќе се залага за една ангажирана научна и современа настава на нашиот Универзитет. Во таа смисла неговата идејна платформа ја сочинува Марксовата конхуманизациiа на животот да придонесува за непрекинливото менување и преобразување на светот. Во таа насока СК на Универзитетот како авангардна идејно-политичка сила секогаш ќе се залага таквите идејни основи на нашата наука и настава да бидат сè повеќе доминантни, владеечки и да добиваат сè поширока подршка.

Иако сме свесни дека категоријата и дејноста во нејзината догматска, дневно-политичка смисла е надмината, бидејќи СК нема идеолошки монопол во наставата и науката, тој е носител на слободата на научното и уметничкото творештво и за тоа се бори против секаков вид на монопол врз науката и наставата. Поради тоа СК на Универзитетот не може да ја прифати концепцијата која сè повеќе се забаштунува на нашиот Универзитет и кон која комунистите од Универзитетот повеќе не можат да бидат индиферентни, а според која за Универзитетот е битно да одгледа стручно само по себе и за себе, а не истовремено и креативна слободна личност на социјалистичкото самоуправувачко општество.

Затоа СК на Универзитетот ќе се ангажира на нашиот Универзитет да се изградуваат такви личности кои усвојувајќи ги стручните знаења, истовремено изградуваат цврсти прогресивни уверувања базирани врз материјалистичкиот марксистички поглед на светот.

Една од слабостите на досегашната практика на нашиот Универзитет е недоволната грижа за научен подмладок и неговото позабрзано и поефикасно оспособување за работата на Универзитетските установи. Иако постојат соодветни механизми за избор на млади научни работници, сепак не би можело да се рече дека на факултетите доаѓаат најспособни кадри. СК на овој план ќе се заложи за изградување поадекватни критериуми во изборот, фрлајќи го тежиштето на борбата против оние негативни искуства кои сè повеќе стануваа доминантни, како што е: отсуството на селекцијата на постојните млади научни кадри кои не се афирмирале како такви; инертности во напредувањето во повисоки звања и оттука несоодветноста на звањата со стварните постигнати резултати; недостигот од прилив на млади и способни талентирани луѓе поради фамилијарноста во нивниот избор, така што чест е случајот наместо способниот да се избере послушниот, лојалниот асистент; присутната појава на поодделни факултети, односно катедри да не се избираат асистенти т.е. да не се врши подновувањето. СК на Универзитетот смета дека сите овие негативни искуства можат да ја оневозможат побрзата изградба на нашиот Универзитет, да ги спречат и запрат процесите тој да израсне во едно навистина врвно и авторитетно жариште на научниот и културниот живот на нашата нација, зашто онаа наука која е без свој остварен научен подмладок е без вистински перспективи.

Еден од најактуелните проблеми на денешниот развиток на нашиот Универзитет е обезбедување на поорганизирана соработка меѓу Универзитетот — стопанството и вонстопанските дејности во Републиката и градот. Колку поинтензивно Универзитетот ќе се поврзува со нив врз база на запознавањето и проучувањето на актуелните проблеми од нашиот развиток, толку поинтензивно тие ќе се одразуваат врз стимулирањето и унапредувањето на научната мисла на Универзитетот и нејзината примена во нашата практика. Сегашната ситуација во која се наоѓа овој проблем ја карактеризира неговата почетно зародишна фаза, така што може да се рече дека не постои перманентно отворена циркулација како во размената, така и во апликацијата на научните искуства на релацијата Универзитетот-стопанство и вонстопанските дејности.

Едно од централните прашања на кое ќе се ангажира СК на Универзитетот се состои во тоа да се утврдат и разграничат објективните тешкотии од субјективните недостатоци. Тие повеќе не можат да се мешаат: поради објективните слабости да се заташкуваат објективните и субјективните недостатоци, да се објаснуваат само со објективните слабости. Во оваа смисла СК на Универзитетот ќе се бори за осмислување на сите објективни пречки кои го оневозможуваат озбилниот развиток на науката на нашиот Универзитет, обидувајќи се да се избори за радикална пресвртница во областа на материјално-економската и финансиската состојба на Универзитетот, бидејќи неговите материјални основи бележат застој наспроти неговите потреби. СК на Универзитетот ќе укажува перманентно на новите и сè поприродните извори на финансирање на Универзитетот со неговото вклучување во стопанството како база за својот научен и за општествениот развиток, при тоа, Универзитетот не може да се претвори, на што често вулгарно се инсистира, само во некој вид сервис на нашето стопанство. Во современата ситуација на продирот на научно-техничката револуција и во сите пори на нашиот живот, Универзитетот, токму како утечиште на нашата врвна наука, ќе стагнира и не ќе може да ја оствари својата современа функција без фундаментални истражувања кои секогаш, а посебно во моментот, не ќе можат да најдат соодветна апликација во практиката на нашето стопанство, зашто ќе донесуваат ововременска корист. Затоа СК на Универзитетот ќе се ангажира да стане општо во нашата научна и културна средина и свеста и уверувањето дека финансирањето на науката, одделно на науката на Универзитетот, не може да се сведе на тесно прагматистичките и утилитаристичките барања науката да добие толку средства колкав што е во секојдневната практика квантумот на нејзините услови дадени на стопанството, бидејќи тоа може да ја загрози перспективата и во понатамошниот растеж на нашата современа наука.

Екстензификацијата на високото школство, кај нас предизвикана од доминантниот развој на нашето општество и на науката, како и брзата примена на нејзините резултати, несомнено имаше позитивни ефекти врз стопанскиот и општествениот развиток на СРМ. Меѓутоа, паралелно со позитивните резултати екстензификацијата имаше и негативни последици. Тие негативности произлегуваат од недоволната материјална и кадровска фаза на таков развој на високото школство и недостатното реално согледување на потребите од кадри за поодделни профили, СК на Универзитетот во новосортираните услови со текови на општествената и стопанската реформа исцело ќе се заложи за порационална, поекономична, а со тоа поефикасна организација и создавање на адекватна структура на високошколскиот образовен систем, самоуправувањето да стане вистинско движење согласно со општествено-економските потребни и развојни можности. Тој се залага за раздужување на интеграционите процеси на Универзитетот и неговите институции зашто и макро-планот на постојаната мрежа на високошколските установи на Републиката е сè уште мошне разгранета и не секогаш доволно рационална и дека се создадени услови за нејзино преиспитување и рационализација. Посебно внимание треба да се посвети на прашањето за создавање крупни и единствени кадри на сродни научно-наставни дисциплини материјално и кадровски ојакнати и способни да развиваат наставна и научна активност согласно на барањата и потребите што ги наметнува современиот општествено-економски развиток на нашата земја и во светот, а воедно на меѓууниверзитетската соработка со останатите универзитетски центри во нашата земја. Еден модерен Универзитет може денес ефикасно да ја остварува својата општествена функција само тогаш ако во своите институции содржината и организацијата на својата научно-наставна поставеност ја прилагоди на тенденциите на современите општествени движења, ако се сврти кон својата средина со нејзините развојни можности и потреби, ако ја концентрира и рационализира својата дејност.

IV

Сојузот на комунистите — интегрален дел на самоуправниот систем на Универзитетот

Самоуправувањето на Универзитетот последниве години е во постојанен подем, самоуправните односи почнуваат да бидат доминантни во остварувањето на улогата на Универзитетот и делувањето на факултетите и Универзитетот во целина. Веќе подолго време СК на Универзитетот особено внимание му посветуваше на адекватното вклучување на сите заинтересирани во механизмот на самоуправувањето. Но, објективно, донесувањето на одлуките остана исклучиво на нивото на органите на управувањето. Во нивното донесување само повремено помасовно е вклучена целата работна заедница и другите заинтересирани. Тоа понатаму може да доведе до тоа овој механизам да почне да функционира рутинерски, доколку од влијанието врз одлучувањето се оддалечуваат заинтересираните како во работната заедница, така и во неа. Влијанието врз механизмот на управувањето од страна е сосема смело, ако не и исклучено. Затоа денес основен проблем е превозмогнување на состојбата на стриктната институционализација на самоуправните односи со ангажирање на сите заинтересирани.

Во постојниот систем на самоуправување на факултетите не дојде до непосреден израз специфичноста на интересите, обврските и одговорноста на одделни делови на работната заедница. Денес во тоа лежи еден од основните недостатоци на системот на самоуправувањето. Сè уште односот меѓу двата дела на работната заедница — наставничкиот и таканаречената администрација, се манифестира, пред сè, како однос на конкуренција и води до чести напнатости и конфликтни ситуации. Потребно е несомнено да се изгради поадекватен систем на самоуправување, систем којшто ќе биде повеќе богат со посебни облици, ќе биде пред сè, израз на поделбата на работата и одговорностите внатре во работната заедница. Секако, тоа ќе мора да води кон поголеми компетентности и јасно дефинирана одговорност.

Во самоуправувањето со општите работи на факултетот, т.е. на самоуправувањето во целина, СК на Универзитетот смета дека мора да се надмине состојбата на доминацијата на определени делови и од работната заедница и другите заинтересирани за работата на факултетот, односно Универзитетот. Во донесувањето на одлуките СК на Универзитетот, се бори да бидат на адекватен начин ангажирани сите заинтересирани чии интереси се, или ќе бидат тангирани со соодветна одлука. Зашто само тогаш и на тој начин одлуката може да биде демократска и самоуправна.

Досега најчесто одлуките ги донесуваа органите на самоуправувањето во кое е обезбедена доминација на работната заедница, со евентуално помало или поголемо влијание и на заинтересираните однадвор.

Вистинскиот проблем, меѓутоа, не е само во јакнењето на самоуправната позиција и самоуправните права на работната заедница, туку во јакнењето на самоуправувањето на факултетите на Универзитетот воопшто, зашто учеството на општествената заедница во управувањето денес е бесзначајно ангажирањето на претставниците на јавноста во органите на самоуправувањето, тоа е повеќе формално и формализирано отколку вистинско и ефективно. Најчесто претставниците на јавноста се така избирани што сосема малку ја претставуваат вистинската заинтересирана јавност за работите на факултетите. Затоа нивниот интерес за работата на факултетите понекогаш, ако не и редовно, е многу површен. Уште помалку во процесот на управувањето со факултетите е ангажирана заинтересираната јавност кога се работи за одлуки што ги тангираат нивните интереси, кога е збор за работи кои по својата природа бараат влијание на општествената заедница.

Оспособувањето на самоуправниот механизам на Универзитетот претставува една квалитетна нова спрега помеѓу сите заинтересирани фактори што на него делуваа, но и еден квалитетно нов однос кон заедницата. Се чини дека постојните форми на вклучување на претставници што би го изразувале и застапувале тој поширок интерес не задоволуваат и дека треба да се оценат како недоволно функционални. СК на Универзитетот смета дека заслужува внимание да се испита идејата во самоуправните органи, како претставници на заедницата, да бидат вклучени, пред сè, луѓе кои самите минале низ Универзитетот, кои се заинтересирани за неговата проблематика и се во положба да одржуваат врска со него. Се чини дека нивното учество во самоуправните тела ќе допринесе делегираните членови да бидат во состојба не само упатено да ја следат неговата проблематика, туку целисходно и мериторно да ја оценуваат општествената оправданост и неговата дејност на еден повисок степен од развитокот, во потребите и барањата што секојдневно ги проширува и модифицира живиот развиток и практика на Универзитетот. На тој начин ќе се дојде до пооптимална заинтересираност на сите членови на самоуправниот механизам и би се избегнала положбата поедини делегирани членови своето самоуправно право да го остваруваат со незаинтересираност или да го сведуваат на пасивна солидарност со останатите.

Наставата е централна активност на факултетите, но поистоветувањето на грижата за неа само со Наставничкиот совет, денес повеќе не може да се смета за демократска. Проблемите на наставата на повеќето факултети не беа воопшто, или беа само периферно вклучени и во активноста на советите, а уште помалку со нив се бавеа и другите заинтересирани вон факултетот. Но, изгледа со неа на еден задоволителен начин не се бавеа ни самите наставнички совети. Тоа треба да биде уште една сфера во која ќе се шири самоуправувањето и самоуправните односи.

Значаен фактор за развитокот на самоуправувањето на Универзитетот е и материјалната основа на самоуправувањето. Современата состојба сè уште ја карактеризира не само недоволната база на основните дејности на факултетите, туку и застарениот начин на формирање на вкупниот приход меѓу субјективистичко проценување на потребите во кои факултетите имаат недоволно влијание. Во глобалната распределба добивањето на средствата на факултетите доминираат квантитативните мерила, интерција [инерција?] и на овој или оној начин стекнатите позиции на поодделни факултети. Влијанието на работната заедница на факултетите врз формирањето на доходот е неопходно како услов за правилната внатрешна распределба и за самоуправувањето воопшто. Суштествено е во овој однос финансиските и материјалните потреби на наставата мораат да бидат проучени, реалната цена на школувањето мора да биде научна определена, а последниците од ваквата или онаква распределба стручно да се утврдат.

Сојузот на комунистите на Универзитетот не може и не смее да се дистанцира ад самоуправниот механизам. Тој мора да биде најнепосредно ангажиран во утврдувањето на развојот на факултетите и Универзитетот, успешно да учествува во расправањето и разрешувањето на основните прашања на работата и односите на Универзитетите во целина.

Што сè уште го чини и оневозможува побрзиот подем на самоуправниот развиток на Универзитетот?

Во прв ред тоа е сè уште неадекватно или на некои факултети потполно отсуство на студентот во системот на самоуправувањето. Иако со нормативните акти на нашиот Универзитет редовно е и обезбедено е неотуѓивото право на студентот и самоуправувањето, фактичката состојба, меѓутоа, е таква што реално студентите се надвор од одлучувањето на Универзитетот. Затоа СК на Универзитетот ќе се бори за рамноправност во самоуправното одлучување на сите постојни општествени групи на Универзитетот; студентите, наставниците и особено против традиционалистичкото сведување на студентот само на пасивен и послужен објект којшто некој го обиколува. Во вакви услови студентот на Универзитетот има минимални услови да живее еден самостоен, полноправен, богат и креативно општествен живот. Осиромашувањето на самоуправувањето на Универзитетот, што сè заедно, ја намалува и отапува неговата одговорност од процесите и движењата што постојат и се реализираат на Универзитетот, бидејќи тие како да се одвиваат надвор од него и независно од него. Токму поради тоа СК на Универзитетот ќе се бори за интензивно не само формално, туку и одговорно вклучување на студентите во самоуправните процеси на Универзитетот за да се изградува и обликува студентот како слободно и општествено одговорно и ангажирана личност на млад интелектуалец - самоуправувач.

Отсуството на значајни теоретски анализи на самоуправувањето на Универзитетот како на самоуправувањето воопшто, отсуство на практичната акција на СК за критичките осмислувања на малограѓанскиот и квази-либералниот менталитет, за кои самоуправното демократско општество божем води исто така една од појавите што го кочи развитокот на самоуправувањето на Универзитетот.

Кочница на автентичното остварување и изразување на самоуправувањето на Универзитетот е секако и формализирањето на самоуправувањето. Сојузот на комунистите на Универзитетот затоа се бори против афтархичните тенденции, против обидот на наметнување на ненормални групи, против мешањето во самоуправните одлуки, против тенденциите едни да решаваат други да спроведуваат, против однапред донесените одлуки и против организираниот притисок на било која и било каква група. СК нема идеолошки монопол на самоуправните одлуки, но тој ја сконцентрира својата идејно-политичката акција во средиштето на самоуправните тела за да се избори за социјалистички карактер на досегашните самоуправни одлуки.

Една од пречките за остварување на самоуправувањето, исто така е и реализацијата на политиката на личен доход на Универзитетот и за доследното спроведување на принципот на наградување на наставникот и помошно-наставниот и научниот кадар според квалитетот и реалната валоризација на нивниот труд. На овој план сè уште суштински не е надминат системот на плати, додека системот на личен доход, односно наградување на вложениот труд, мошне споро се афирмира. Од правилното разрешување на принципот на распределбата според трудот, зависи интензитетот на ангажирањето на наставниот кадар во интензивирањето и осовременувањето на нивниот интерес и целосно нивно ангажирање на овој план.

Во таа смисла СК на Универзитет во своето политичко дејствување треба да настојува да се надминат и последните остатоци од административно-буџетскиот систем на распределба на средствата наменети за организација на образовно-воспитните услови. Потребно е да се примени [промени?] механицистичкото, и помалку или повеќе линеарното зголемување на вкупните средства од година во година без, при тоа, да се води сметка за карактерот и спецификите на поодделните факултети. Во утврдувањето вистината на вкупните средства во иднина би требало да се наголеми улогата на факултетите на тој начин што тие, врз база на опстојни анализи, би ја утврдувале горната граница на вистината на вкупните средства.

V

Сојузот на комунистите на Универзитетот и младите

Грижата за младите, нивното воспитување и изградување е една од најзначајните задачи на СК на Универзитетот. Сојузот на младината и Сојузот на студентите во своите статути го декларираа СК како сила од чие идејно водство се наоѓа единственото младинско движење. Но вакво декларирање никако не значи дека треба да постои некој „патерналистички” или „покровителски” однос на СК на Универзитетот спрема ССЈ.

Но она што е позначајно од односот на ниво на раководството (УК CКM — УО ССЈ) е односот на СК спрема своите помлади членови воопшто. Зближувањето на СК и ССЈ нема никако да се постигне со никакво отварање на организацијата на СК по организацијата на СЈЈ или обратно, туку тоа единство ќе се оствари со поголемо вклучување на младите во редовите на СК, а кои истовремено делуваат и во ССЈ. При тоа, СК на Универзитетот ќе се ангажира да се преиспитаат критериумите за прием на младите во редовите на СК на ниво на факултетските конференции каде што фактички треба да се бие битка за ставови и креирање на политиката на СК, каде младите можат да се изградат во социјалистички дух, следејќи го меѓу другото личниот пример на постарите комунисти. Основно во овој момент е да се префрли вниманието од организационите форми на делување на СК врз секој поединец, а тоа внимание особено да се ангажира кон младиот човек на СК кој поинаку се осмелува и реализира во студентската организација и таму отворено и бескомпромисно се бори за ставовите на СК.

СК ќе се бори да се надмине присутното сфаќање дека младиот човек со стапувањето во редовите на СК треба да го напушти критичкиот однос кон својата средина, незадоволството и сомневањата и да се трансформира во послушен и пасивен член. СК е токму местото каде младиот човек треба да ги изнесува своите дилеми, сомневања и недоумици. СК на Универзитетот ќе се ангажира да се напушти мислењето на конзервативната таканаречена „строга педагогија” дека студентите се пасивни објекти на науката и знаењето. Тие со право го истакнуваат незадоволството дека наставата е во поголема мера експанзивна, дека се учи од белешки, нема отворен дијалог меѓу професорите и студентите за побогати и напредни создавања, дека владее една взаемна толеранција и се почитува таканаречениот академски мир. На тој начин се стеснува можноста од Универзитетот да излегуваат сестрано слободни самоуправувачки личности способно активни и креативно да се вклучат во сите современи општествени процеси и движења. Самоуправувањето на студентот не му е потребно како некоја формална или помодерска опсесија. Преку него, тој ја гледа можноста одговорно и ефикасно да се избори: за современа, редовна и развиена настава, за повисок студентски стандард, за правилно и некорумпирано делење на стипендии и кредити, за активно учество во формирањето на критериумите во нивно добивање. Иако, вербално, многумина се изјаснуваа за поголема самоуправувачка ангажираност на студентите, СК на Универзитетот смета дека колебањата и заострувањето на оваа област произлегуваат од она што се уште не се разјаснети ниту пак утврдени отсекот и границите во кои се остваруваа самоуправните права на студентите.

Освен тоа СК на Универзитетот смета дека студентот не само што не е активно вклучен во самоуправната практика на Универзитетот, туку и надвор од него, во соодветните самоуправни тела и форуми во градот каде што инаку интересот на студентите е евидентно присутен.

СК на Универзитетот смета дека во материјалната положба на студентите се забележува постојано паѓање бројот на стипендиите, нестабилност на изворите за кредитирања, недоволно стимулативност на системот на кредитирање, недостаток на услови за општествен, културно-забавен и рекреативен живот на студентите.

Согледувајќи ја нерешената материјална положба на студентите како една од причините за ненавремено завршување на студиите, потоа извесната социјална диференцијација која се рефлектира и низ структурата на студентите (сè помалку се студенти од работнички и земјоделски семејства, односно од семејства со понизок доход), СК на Универзитетот се заложува: за рационализација на високошколскиот систем на образование, за понатамошен развиток на кредитирањето, за стабилизирање на изворите на средствата за кредитирање на студентите, за пронаоѓање нови форми на здружување на средствата на работните организации на база на заеднички интереси заради формирање на фондови за кредитирање на студентите, за развивање на принципот на стимулативност во кредитите, за учество на студентите во формирањето на критериумите за доделување кредити и стипендии, за надминување на фамилијарноста пред нивното делење, учество и на студентите во самоуправните форми каде се расправа оваа проблематика, зашто тоа е гаранција за најисправно доделување на стипендиите...

***

СК на Универзитетот во борбата за еден слободен самостоен универзитет, во битката за нови социјалистички самоуправни односи на Универзитетот не нуди декларации, ниту готови решенија, туку отворена политичка борба за остварување на самоуправните социјалистички перспективи на нашето општество и на нашиот Универзитет во него.


Забелешки

[*] Платформата под овој наслов е усвоена на заедничка седница на Градската и Универзитетската конференција на СКМ - Скопје одржана на 4. VI. 1968 год. Препечатено од в. „Студентски збор” — специјален прилог — јули 1968.


Студентската 1968 година: Содржина

Македонска тематска архива

марксистичка интернет архива