„Тука, спонтанираме!”
„Да се биде студент е лесно; да се остане? тоа значи штрајк!”
„Сонот е реалност!”
„Господе, се сомневам дека сте левичарски интелектуалец!”
„Да се мисли заедно - не. Да се дејствува заедно — да!”
„Анархија — тоа сум јас!”
„Милионери од сите земји обединете се, ветерот го скршнува правецот!”
„Фрлете еден цајкан под вашиот мотор!”
„Живејте без минато!”
„Да се претерува, тоа значи да почнува да се измислува!”
„Нашата надеж може да произлезе само од оние што очајуваат!”
„Те љубам!!! О! кажете го тоа со коцки од калдрмата!!!!!”
„Правото на живот не се бара, тоа се освојува!”
„Да не допуштиме да нè лажат политиканти со нивната кална демагогија. Да сметаме само на нас самите. Социјализмот без слобода е само една касарна.” (Бакуњин)
„Агресор не е оној што се бунтува, туку оној што потврдува!”
„Секој реформизам се карактеризира со утопизмот на својата стратегија и со опортунизмот на својата тактика.”
„Во револуцијата постојат два вида на луѓе: оние што ја прават и оние што ја користат”. (Наполеон)
„Луѓето што се плашат ќе останат со нас ако бидеме силни!”
„Конзерватизмот е синоним на трулост и грдост!”
„Да ги отвориме вратите на азилите, затворите и другите факултети!”
„Барате самоуправување? Почнете со само-сопственост!”
„Да се биде слободен во 1968, тоа значи да се партиципира!”
„Барикадата ја затвора улицата, но го отвора патот!”
„Имам нешто да кажам, но не знам што!”
„Видов дека во историјата имаат право да се бунтуваат оние коишто се готови да го ризикуваат својот живот!” (Ж. Вале).
„Еден човек не е глуп или интелигентен: тој е слободен или не!”
„Како е тажно да се сака „камен”!”
„Во иднина ќе има само две категории на луѓе: телиња и револуционери!”
„Секоја власт расипува. Апсолутната власт расипува апсолутно!”
„Политиката не се прави невино!” (Сен Жист).
„Политиката се прави на улица!”
„Рим . . . Берлин . . . Мадрид . . . Варшава . . . Париз!”
„Секој учител е поучуван. Секој поучуван е учител!”
„Револуцијата мора да се изврши во луѓето пред да се оствари во работите!”
„Ризикувам!
„Измислете нови сексуални перверзии!”
„Ние ќе уништиме однадвор, тие ќе уништат одвнатре!”
„Соединетите Американски Држави ќе ги победат маринците!”
„Конкурс за најглуп профо. Потпишете ги ако смеете прашањата за испит!”
„Не се десолидаризирајте. Нема да има доволно гробари за капитализмот!”
„Ослободете се од Сорбона (со тоа што ќе ја изгорите)!”
„Забрането е да се забранува. Слободата започнува со една забрана: забрана да се штети на слободата на другите!”
„Да нема испити!”
„Уметноста е мртва. Ни Годар не може да ја спаси!”
„Убијте ги бирократите. Доста акти, зборови!”
„Еден револуционерен викенд е бескрајно покрвав отколку еден месец на перманентна револуција!”
„Ако постои потреба да се прибегне на сила не останувајте во средина!”
„Не ме ослободувај, јас ќе се погрижам за тоа!”
„Не постои зло ако вашата совест и совеста на другите не каже дека постои зло!” (Марсел Мос).
„Сорбона ќе биде Сталинград на Сорбона!”
„Барикадата е најсигурна индикација на револуционерниот замав!” (Торез, во јуни 1931.).
„Духот преминува поголем пат, но срцето оди подалеку!” (Кинеска поговорка).
„Подобро страшен крај отколку страв без крај. Тоа е полицискиот тестамент на секоја класа во агонија.” (Маркс).
„Хераклит се враќа. Долу Парменид. Социјализам и слобода!”
„Ако мислам дека ништо не треба да се промени, јас сум глупак. Ако не сакам да мислам, јас сум кукавица. Ако мислам дека ми е во интерес ништо да не се промени јас сум никаквец. Ако сум глупак, никаквец, кукавица ... јас сум за Де Гол!”
„Мандаринот е во вас!”
„Солзите на филистрите се нектар на боговите!”
„Ако го имате срцето на лева страна немојте да го имате портфелот на десна!”
„Слободите не се даваат, тие се освојуваат.” (Шарл Мора)
„Мисла која стагнира е мисла која трули!”
„Ни робот ни роб!”
„Синдикатите се јавни куќи!”
„Ние сме сите германски Евреи!”
„Строгоста кон големите луѓе е знак на силните народи!” (Плутарх)
„Секс. Тоа е добро, рекол Мао, но не премногу често!”
„Тешко е она што може веднаш да се направи; невозможно е она што бара малку повеќе време!” (Џ. Сантајана)
„Да живее Де Гол!” (еден мазохистички Француз)
„Да се биде богат дали тоа значи да се биде задоволен со своето сиромаштво?”
„Економијата е ранета, нека цркне!”
„Државата има долга историја, таа е полна со крв!” (Клемансо)
„Сè почнува со мистика, а завршува со политика!” (Пеги)
„Старата кртица на историјата изгледа дека многу добро рие на Сорбона!” (Телеграма од Маркс, 13 мај 1968)
„Бидете реалисти, барајте го невозможното!”
„Побеснете!”
„Не ви го ускратуваме правото да ја имате интелигенцијата, ви го ускратуваме правото да ја употребите!”
„Не помага варосување, структурата е гнила!”
„Кога националното собрание ќе стане буржоаски театар сите буржоаски театри треба да станат национални собранија!”
„Предрасудоците се колци на цивилизацијата!” (Жид)
„Златното доба беше каде што златото не царуваше!”
„Златното тело [теле?] секогаш е од кал!”
„Прегни ја твојата љубов без да ја испушташ својата пушка!”
„Треба да се носи во себе хаос за да може во светот да се роди една блескава ѕвезда!” (Ниче)
„Целата власт на работничките совети!”
„Оружјето на критиката минува низ критиката на оружјето!”
„Ако сакаш да бидеш среќен, обеси го твојот сопственик!”
„Борбата е татко на сите работи!” (Хераклит)
„На факултетите 6% синови на работници. Во воспитните домови 90%!”
„Црна ноќ за да се дресираат белите!”
„Новото општество треба да се засновува на отсуство на секаков егоизам, на секаква еголатрија. Нашиот пат ќе стане еден долг марш на Братство!”
„Долу социјалистичкиот реализам. Да живее надреализмот!”
„Богот е скандал, уносен скандал!” (Бодлер)
„Слободата на другиот ја проширува мојата до бескрај!” (Бакуњин)
„Тажно е да се рече, но не мислам дека може да се победи без црни и црвени знамиња. Но треба тие да се уништат — после тоа!” (Жан Жене)
„Лесни заработувачки, тешки тенкови!”
„Нема слобода за непријателите на слободата!”
„Имаме предисториска левица!”
„Да го препуштиме стравот од црвеното на рогатиот добиток!”
„Забрането е да не се лепат плакати!”
„Генералната волја против волјата на генералот!”
„Револтот и само револтот ја создава светлината и таа светлина може да оди само по три патишта: поезијата, слободата и љубовта!” (Андре Бретон)
„Силувајте ја вашата Алма Матер!”
„Дигнете го во воздух вашиот мозок!”
„Клодел е мјузикхол за архибискупи!” (А. Де Монтерлан)
„Човекот не е ни добриот дивјак на Русо, ни перверзниот човек на Ларошфуко. Тој е бунтовен кога го угнетуваат, тој е мирен кога е слободен!”
„Секој комунист мора да ја совлада оваа вистина: власта е на врвот од пушката!” (Мал)
„Ни господар ни бог. Бог, тоа сум јас!”
„Ги сметам моите желби за реалност затоа што верувам во реалноста. Културата е како мармалада: колку помалку го имаме, повеќе го размачкуваме!”
„Народот, единствено народот е моторна сила на историјата, творец на светската историја!” (Мао Це Тунг)
„Тоа не е револуција, Величество, тоа е мутација!”
„Куќата гори, бабата се чешла!” (Романска поговорка)
„Луѓето кои работат се досадуваат кога не работат. Луѓето кои не работат никогаш не се досадуваат!”
„Социјалните предности, тоа е смрт!”
„Деканите нека декануваат, цајканите цајкануваат, а револуционерите нека прават револуција!”
Забелешки
[*] Од збирката „Ѕидовите го имаат зборот”, издавач ЧУ - Париз, 1968 година.