Карел Хемала

За што се борат чехословачките студенти и младина[*]


Во своето истапување сакам да изнесам неколку забелешки кон проблемите произлезени од минатиот и сегашен политички развиток во Чехословачка.

Како и секаде во светот, така и кај нас се расправа за тоа дали сегашната младина е политична или аполитична. Во исто време се проучуваат основните фактори што влијаат врз политичноста на младината. Треба отворено да се рече, дека погледите на специјалистите по ова прашање се мошне различни. Така и моево објаснување ќе биде свртено кон многуте противречни резултати и заклучоци од истражувањата и актуелните согледувања. Инаку и не може да биде, зашто секоја држава минала низ сопствен историски развиток и има сопствени економски, културни, општествени и политички услови, коишто вршат влијание врз мислата и погледите на луѓето, а вбројувајќи ја тука и младината.

Од социјален аспект за младината е карактеристично што таа се подготвува за идни професии и постепено се вклопува во општествените производни процеси. Процесот за социјалната оспособеност сè уште не е завршен. Во тоа е содржана универзалноста на младинската проблематика во сите социјално-економски формации. Младиот човек создава услови за своето постоење, ја бара својата иднина и сака да ја разбере вистината што го опкружува, да ја осознае и со својата дејност да се ангажира на ред. Исто така со прашањето на својата иднина младиот човек одлучува и во конкретно-историските услови. Неговата одлука не зависи само од неговите лични, индивидуални особини и способности, туку и од општествените фактори што влијаат врз разните индивидуи. Тие општествени фактори се формираат од државни, семејни, политички и др. органи. Многуте од овие фактори и услови младината ги смета за недостатни, застарени, лоши, како сопирачка; таа се обидува својот живот да го гради онака како што самата го замислува. Во сегашниот момент младината ги открива суштествените односи на општеството спрема неа и почнува да формира свој однос спрема општеството и ја открива својата вистинска улога во тоа општество. Определен дел на младината е во сфаќањата идентичен со состојбата што во општеството постои, другиот дел не се согласува, но не знае на каков начин своето спротивставување да го манифестира, така што помалиот дел на младината се прашува како да го измени она што не ѝ одговара или да го подржи она што смета дека е правилно, модерно, прогресивно. На таков начин тие реагираат против суштествените морални норми на општеството, создаваат свој сопствен свет, сопствен однос кон трудот, културата, односно против извесни личности од областа на уметноста, од политичкиот и економски живот. Својот поглед загрижено го свртуваат кон политичките настани во својата земја и зад границата, за кои ќе разберат од радиото, печатот, телевизијата. Сево ова, може да се вклучи во разбирањето на факторите — на политичноста на младината.

Треба еднакво сериозно да се разбере дека политичката активност на младината зависи и од различните средини на младината, од личноста на секој млад човек одделно. Така определените студентски и младински организации, покрај другите се јавуваат младината колку што e можно подобро да ја вклопат во активниот политички живот и ги обединат нејзините погледи и барања, и истовремено создаваат услови и простор за усмерување на личните погледи и модели на идната организација на општеството. Социјалистичкото општество во тие односи има предност, зашто младината ги признава основните принципи на социјализмот. Ова го потврдуваат и резултатите од испитувањата на социолозите, остварени неодамна, кај нас во Чехословачка.

Во дејноста на прогресивните младински организации во социјалистичките земји треба да биде надминат моментот на слепа подршка и согласување со системот и неговите главни цели. Оваа теза беше неправилно разбрана од страна на нашите политичари од порано. Нивна претпоставка беше дека социјализмот создава идеални услови за сите млади, дека општествените интереси се секогаш идентични со интересите на групите и интересите на одделни луѓе. Од устите на старото поколение мошне често можело да се слушне зошто младината толку пројавува незадоволство: „Ние на младината ѝ обезбедивме неопходни материјални услови за живот, значително подобри одошто ние ги имавме, а тие се незадоволни. Што всушност бараат?”

Што тогаш бараше младината?!

Сакаше, така да се рече, произнесување на претставниците на државните и политички власти за сите проблеми на стварноста. Сакаше да ги знае вистинските причини на недостатоците и противречностите во државниот, политичкиот и општествениот живот кај нас.

Младината потемпераментно сакаше поголеми слободи според своите погледи и погледите на другите луѓе, сакаше поголема демократичност во општествениот живот воопшто и надоврзување со демократијата во минатото на нашата Република. Тие не можеа да ги разберат многуте диспропорции во народното стопанство и нивните причини. Студентите беа мошне возбудени од ниското ниво на образованието и паѓањето на заработувачката. Младите луѓе имаа потреба од објаснувања. Официјалната политика во многу случаи не можеше да даде објаснување, не сакаше или не знаеше. Без оглед на поводите и колку и да било тоа неугодно, младината почна да бара објаснување самата. Кон возрасните, кои се мачеа со фрази или нејасни аргументи да ги задоволат, тие се однесуваа со недоверба. Критиката на младите луѓе беше насочена на вистински начин за постигање на општествените цели на автентичниот социјализам, против бавните и нецелосни отстранувања на недостатоците. Младината ги критикуваше повторувањата на грешките, што почнаа да се јавуваат во економиката. Тие грешки потоа беа причини за политичките проблеми.

Критиката на младината им беше непријатна на главните личности кои се занимаваа со општествените и политичките одговорни места. Тие често, не разбирајќи го значењето на критиките, се грижеа за присилно замолчување од позицијата на сила, што конечно во многу случаи успеваа. Старото поколение треба да знае дека младото поколение се јавува со сила, којашто треба во интерес на социјалниот систем да се искористи. Да се искористи но не за тоа да се обезбеди статус кво, туку во интерес на прогресот. Да се искористи младината, значи да ѝ се даде простор. А да ѝ се даде простор, значи треба да се смета на тоа дека таа може да направи грешки. Дотолку повеќе доколку имаме младина како пластична маса, во којашто може да се втисне постоечкиот систем заедно со сите негови недостатоци.

Од почетокот на педесеттите години, па сè до јануари 1968 година, често политичноста се идентификуваше со политичката адаптација, со политичкото прилагодување, со конформизмот. Практичниот однос или активниот политички однос кон стварноста се разбираа сосема упростено. Затоа многуте млади луѓе сосема формално се идентификуваа со нашата, но редица случаи, противречна стварност. А токму таквиот однос често се означуваше за активен политички однос.

Обратно пак, реалниот скептицизам, карактеристичен за студентите, кои секогаш биле огниште за нови идеи и погледи, невообичаени за зачмаената политика — се сметаше за негативен. Активниот интерес кон општествените настани подоцна предизвикал неповерие и сомневање кај младината, за потем тоа да се пренесе и на оние млади луѓе кои имале вистински интерес.

Може да се докаже дека интересот за политичките настани се зголемува соодветно со степенот на образованието и обемот на општествено одговорните работи. А да по време, токму со огромно неповерие се изразуваше односот кон младите луѓе. Најчесто од сè имаше закани на активистите коишто cо своите погледи и мислења цврсто застанале, закани токму на оние кои го раздвижиле активниот интерес кон општествениот живот. Младите луѓе од тој тип мислат посамостојно, но повеќе од сè — се сомневаат. Меѓутоа, меѓу таквите луѓе природно се јавува значително идеолошко колебање и нездрав скептицизам. Мнозина стручњаци сметаат дека со развитокот на општеството еднакво расте и улогата на студентската младина, а подоцна на младата интелигенција.

Сметам дека голем број политички грешки на раководството на ЦК ЧСМ [Чехословачкиот Сојуз на младина] биле резултат на несфаќањето на повеќето факти. Тие кон своите решенија и активност настапувале соодветно со официјалната политичка линија на земјата. Не реагирале навреме на многуте забелешки од страна на членовите на ЧСМ и научните работници, истражувачите на структурата на општеството, неговите интереси и развиток.

Таа Сојузна младинска организација мошне малку даваше неопходен простор за погледите на младите и не можела да ги заштити нивните интереси. Секогаш цврсто истапувала против конкретните определувања на младите луѓе, дури и ги осудувала студентите за нивното активно движење во барањето на своите права, за острата критика на безделничење во економиката, против формализмот и бирократизмот во разните државни установи.

Наведените моменти биле повеќекратни грешки во дејноста на ЧСМ. Јануарскиот пленум на ЦК КПЧ даде импулс кон продлабочување на демократијата во Чехословачка и ги нагласил хуманите принципи на социјалистичкото општество. Тоа го покажуваат повеќето преземени мерки: од промената на раководството на ЦК ЧСМ до поквалитетното организирање на младинските и студентски организации кај нас. Мислам дека таа нова структура на младинските организации ќе биде посоодветна на потребите за диференцирана дејност на младите. Може да се рече, дека правиот политички развиток на Чехословачка, што започна со Јануарскиот пленум на ЦК КПЧ, во значителна мерка ја поттикна младината кон позитивна политичка активност. Оттука може да се извлече заклучок, дека активноста на младите луѓе зависи од условите што ги создава дадениот општествен поредок. Исто така, до тогаш не сме виделе младината попредано, барем нејзиниот најголем дел, со своето однесување, со своите погледи и политичка активност да го помага совладувањето на социјалистичките деформации од изминатите години, а со тоа помагајќи го и создавањето на условите за политичка активност на многу пошироките слоеви на младите. Впрочем, ние реалистите и во сегашново време остануваме реалисти. Вистинската политичка активност останува во одреден слој на младина. Таа ќе биде вистинскиот лик на тој дел на младината, на кои општествените проблеми е им бидат поблиски, вистинските вредности попотребни, на оној дел кој ќе смогне да ги разбере и сфати односите помеѓу интересите на општеството и своите, кој со својот интелект ќе биде способен да проникне во суштината на политичките проблеми.

Доколку такви млади прогресивни луѓе бидат колку што e можно повеќе, неопходно ќе биде кон тоа да ги прилагодат своите напори сите младински организации во сите земји. Тоа е од интерес на сите млади, тоа е од интерес на целиот свет.

Уверен сум дека во прилог на тоа ние — чехословачките студенти и младинци, ќе ги усмериме нашите напори, нашата активност.


Забелешки

[*] Текстот е излагање на авторот кој како член на делегацијата на ЧССР [Чехословачката Социјалистичка Република] учествуваше во работата на форумот „Младина и политика” на IX светски фестивал на младината и студентите, во Софија 1968 г.


Студентската 1968 година: Содржина

Чехословачка тематска архива

марксистичка интернет архива