На Загрепскиот универзитет

Исклучени од СК двајца професори и еден студент


Извор: „Политика“, Белград, 10 јуни 1968, 6 стр.
Техничка обработка и превод: Здравко Савески
Онлајн верзија: март 2018


Загреб, 9 јуни (Танјуг)

Претседателството и Комитетот на Сојузот на комунистите на Загрепскиот универзитет одржаа завчера седница на која е дадена оценка на настаните кои се одвиваа овие денови на Загрепскиот универзитет и се расправаше за степенот на одговорност на поедини членови на СК во врска со овие настани.

По повеќечасовна дискусија едногласно е донесена одлука, како главни носители и организатори на последните настани, од членството на Сојузот на комунистите да се исклучат професорите на Загрепскиот универзитет Младен Чалдаревиќ и Гајо Петровиќ и студентот Шиме Враниќ. Чалдаревиќ и Петровиќ присуствуваа на седницата, изнесувајќи на неа во подолги излагања гледања и ставови околу настаните на Загрепскиот универзитет, додека Враниќ, веднаш по преминувањето на дневниот ред, соопшти дека не сака да присуствува на седницата.

Во оценката на последните настани на Загрепскиот универзитет се потсетува дека ова не е првпат Чалдаревиќ, Петровиќ и Враниќ да раскинуваат со Сојузот на комунистите кога станува збор за суштинските прашања на политиката, програмата и работата на Сојузот на комунистите. Тие тоа го правеа и прават преку своето делување преку списанието „Праксис“ (Петровиќ), а Чалдаревиќ и со својата улога во подготовката и донесувањето на „Декларацијата“. Шиме Враниќ, се кажува во оценката на Комитетот, со своите истапувања на Факултетот за политички науки покажа темелно разидување со СК.


Статии во „Политика“ за настаните во 1968 година

Архива на Гајо Петровиќ

Југословенска тематска архива

марксистичка интернет архива