Ганчо Хаџи Панзов

Сирени


Извор: Кирил Ќамилов, „Поетот-борец Ганчо Хаџипанзов“ во „Културен живот“, бр. 7, септември 1964, 31 стр.
Препев: Кирил Ќамилов, од француски јазик
Техничка обработка: Здравко Савески
Онлајн верзија: мај 2015



Пејте сирени на мојата фабрика
пејте за моите раце
Пејте за моите синови
за мојата и нивната тага
Пејте сирени и фабрики
пејте фабрики направени од челик
од челик и од алова крв
фабрики од мојата украдена младост

Пеј фабрико за бесонијата
пеј за Велс и за градови без ѕвона
градови што заборавиле да викаат на бунт
Фабрико на робовласници
од Чикаго до арсеналите на Тулон
и железарите на Есен, и од Порторико и Pont à Muson
Пејте сирени од заливот на мојата обречена татковина
Пејте соништа мои
соништа мои обесправени
фантастично искривени
карикатури на една историја
историја пишана и непишана на еден народ
Историја од крв и мака

                        ***

Денес е празник на фабриките
пејте жолти песочници на соништа
од Инка и Бабилон, Вавилонот на Ботев – Париз
И затоа запрете жолчни каравани
Денес е празникот на фабриките
Против „Циклистите-пистолероси“
И ноќните рации во Париз.
Пејте ситени во квартовите на безработните
од Јауа и Занзибар
и од гладна Гранада


Архива на Ганчо Хаџи Панзов

Тематска архива за поезија и проза

марксистичка интернет архива