Бертолт Брехт

Испрашување на добриот човек


Напишано: 1935
Извор: Движење за социјална правда „Ленка“
Техничка обработка: Здравко Савески
Онлајн верзија: мај 2018



Истапи напред: разбравме,
Добар човек си.
Но за што ти служи добрината?
Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажуваш
Прав си, збориш тоа што мислиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.
Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го превидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушај нè:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ќе те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ќе те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ќе те стреламе
Потоа ќе те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја.



Архива на Бертолт Брехт

Тематска архива за поезија и проза

марксистичка интернет архива